build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Скопје - Бунарџик

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 23>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 28-May-2008 at 01:01
Originally posted by pbanks

Еве ја француската фирма која треба да инвестира во Бунарџик. Нам ни останува само да се надеваме дека не е предизборен филм Cheers

 
 
Во владиниот тим што денеска ќе присуствува на потпишувањето во Париз, освен премиерот Груевски, се и заменик-претседателот на Владата за економски прашања Зоран Ставрески, министерот за финансии Трајко Славески и министерот за странски инвестиции Веле Самак
 
И ја сум малце скептичен околу тајмингот со оваа работа али ваљда не иде грујо до париз на шопинг Dunno. Мада сомнително е што цел државен врв иде у париз а не обратно Nuts 
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 28-May-2008 at 14:04
Ова или го "чуваа" за избориве или има нешто што не знаеме.....некако премногу брзо се случи, па кај нас вакви работи обично се најавуваат со години....ај само нека биде не се бунам. Cheers
 
 
Француската компанија „Монтипе“ во Бунарџик ќе гради фабрика за автомобилски делови

Париз, 28 мај (МИА) - Во слободната економска зона Бунарџик до крајот на годинава ќе почне да се гради фабрика за производство на автомобилски делови. Станува збор за прва француска гринфилд инвестиција вредна 60 милиони евра што денеска и официјално ја договорија премиерот Никола Груевски и извршниот директор на компанијата „Монтипе“ Марк Мајус.

Груевски и Мајус потпишаа Меморандум за соработка во гратчето Лењвил, 70 километри од Париз, каде што се наоѓа седиштето на компанијата, јави известувачот на МИА.

- Во првата фаза од реализацијата на проектот ќе се вработат 500 лица, а за три до четири години оваа бројка ќе биде двојно поголема. Двојно ќе се зголеми и инвестицијата, изјави Груевски по потпишувањето на Меморандумот. Од тоа, како што посочи, индиректна корист ќе имаат и други македонски компании. 

Тој напомена дека од извозот на производите годишно ќе се реализираат 70 до 100 милиони евра, а за пет години во Македонија ќе останат 200 милиони евра дополнителна вредност.

Добрите економски услови, даночните олеснувања и стручниот кадар се клучните причини поради кои „Монтипе“ одлучила да инвестира во Македонија.

- Изградбата на фабриката треба да заврши идната година по што ќе почнеме со производството на прототипи. Од 2010, пак, ќе стартува и комерцијалната продажба на автомобилските делови, рече Мајус.

Фабриката во Бунарџик, со примена на современа технологија ќе прави цилиндри за мотори за возилата „форд“, а ќе се пласираат на германскиот, на британскиот и на други пазари.

Инвестицијата се реализира година ипол по преговорите што ги почна ресорниот министер Веле Самак. Според него, ова е трета странска инвестиција од областа на автомобилската индустрија во Македонија и освен што ќе отори нови вработувања, ќе придонесе за привлекување други странски инвеститори.

Компанијата „Монтипе“ е формирана во 1894 година, а од 1966 котира на Париската берза. Освен во Франција има фабрики и во Шпанија, САД, Канада, Шведска, Германија, Италија, Британија, Ирска и Мексико. Од неодамна „Монтипе“ отвори фабрика и во Бугарија.мч/са/14:17

 
 
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 28-May-2008 at 14:09
Ova bunardzik stvarno ja svrsi rabotava so fabrikive.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 18-Jul-2008 at 13:07
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=992DD70DAF6594458A309321BEFB2E65

Доцнат ли големите ветени странски инвестиции?

Џонсон Мети“, „Монтипе“, „Искра“ се само дел од брендовите кои беа главни адути на премиерот Никола Груевски

Нина Нинеска-Фиданоска

Доцни ли стартот на помпезно најавуваните странски инвестиции во Македонија, а пред се' на реномираните компании чии влез во земјава властите го најавуваа на голема врата, особено во предизборниот период? Британската „Џонсон Мети“, француската „Монтипе“, словенечката „Искра“ се само дел од познатите брендови кои беа главни адути на премиерот Никола Груевски, најавувани како речиси сигурни играчи кои наскоро ќе ги видиме на инвестиционата карта на Македонија. Но досега, барем пред очите на јавноста, не се случи старт на некоја од овие инвестиции.

Во Владата се децидни дека нема никакво доцнење на влезот на потенцијалните странски инвеститори, туку напротив, сите активности или разговори со нив се одвивале со предвидената динамика.

Британската „Џонсон Мети“ требаше да почне да гради фабрика за катализатори на Бунарџик уште во април годинава. Но проектот задоцни, па одделни експерти на шега коментираа дека темелите на фабриката не стасаа да бидат удрени пред изборите. Проблемот беше што се' уште не беше склучен договорот за закуп на земјиштето со Владата.

Во владината Агенција за технолошко-индустриски и развојни зони вчера сите официјални лица беа на состанок, па никој не можеше да одговори дали е веќе склучен договорот за закуп на земјиштето со „Џонсон Мети“, кој и онака доцнеше, како и дали е почнато да се гради.

Информациите на директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо, пак, се дека на земјиштето се почнати некои активности. „Имам информации дека почнаа одредени активности. Знам и дека компанијата веќе има одредено проект-менаџер, кој во Македонија е веќе два-три месеца, а имаат избрано и градежна фирма што ќе биде задолжена за изградбата“, вели директорот на Агенцијата за странски инвестиции, кој сепак се оградува дека не е директно надлежен за овие прашања, па можеби има нецелосни информации.

Сепак, она што е изненадувачки е зошто изостана јавно соопштение дека е потпишан договорот за закуп, како и јавен старт на активностите за градба, и покрај тоа што оваа фирма претходно одржа неколку пресови и презентации на кои ја најави реализацијата на проектот.

Инаку, „Џонсон Мети“ имаше намера да закупи вкупно 13,8 хектари од земјиштето на економската зона „Бунарџик“. Според последните најави, објектот треба да биде готов до крајот на ноември годинава, а производството на катализатори да почне во мај 2009 година. Како што стојат сега работите, се' ќе биде пролонгирано најмалку за три месеци. Вкупната инвестиција на „Џонсон Мети“ се проценува на 150 милиони евра, од кои во првата фаза 55 милиони евра, а втората се најавува дури по три години. Се проценува дека ќе бидат вработени околу 700 лица.

Со француската „Монтипе“, пак, точно на 28 мај или на два дена пред изборите, премиерот Никола Груевски лично, во присуство на неколку владини министри, потпиша Меморандум за соработка со извршниот директор на компанијата“, Марк Мајус. „Монтипе“ најави дека до крајот на годинава ќе ја почне изградбата на фабриката за производство на глави на автомобилски мотори во „Бунарџик“. Фабриката би требало да биде готова идната година, по што ќе почне производството на прототип. Владата вети дека „Монтипе“ ќе вложи 60 милиони евра и во првата фаза ќе вработи 500 лица. Во контекст на „Монтипе“ треба да се спомене и зачудувачката неодамнешна реакција на министерот Веле Самак, кој му се налути на францускиот амбасадор Бернард Валеро, зошто тој изјавил оти долго време работел на овој проект, а заслугата била всушност на Самак!

До каде е инвестицијата на „Монтипе“, според информациите на Мизо, Французите по меморандумот уште еднаш дошле во земјава, барајќи поволна парцела за изградба на фабриката. Но, договор се' уште не е потпшшан, што значи, не е дефинитивна одлуката дека ќе се гради во Македонија. „Причините се што Владата се' уште е техничка и не може да се потпише еден толку значаен договор во такви услови. Исто така, не може да се очекува дека веднаш по Меморандумот ќе се почне со градба. До крајот на годината има уште 5,5 месеци, време во кое ќе се направат дополнителни анализи и подготовки“, изјави Мизо.

Некаде пред изборите беше потпишан и Меморандум за разбирање со словенечка „Искра“, која најави дека ќе гради фабрика за производство на електронски делови во „Бунарџик“. Премиерот Никола Груевски и генералниот директор на „Искра“, Душан Шешок, ги ставија потписите на Меморандумот. Компанијата имала намера најдоцна до јануари в година да почне со изградба на фабриката.

Во врска со „Искра“, пак, Мизо вели дека нашите власти се во многу чести контакти, како и дека во разговорите е стигнато до многу детали околу инвестицијата. „Разговорите се движат дури и со побрза динамика отколку што се очекуваше“, вели Мизо.

Инаку, директорот на Агенцијата потенцира дека не е намален интересот на потенцијалните инвестиции по 2 април, кога земјава не доби покана за НАТО. „Ништо не е сменето. Оттогаш сме имале најмалку 20 посети на компании, а некои од нив можеби и многу скоро ќе ги објават намерите за инвестирање“, вели Мизо. Последните податоци за странски инвестиции се заклучно со април, до кога според бројките на НБМ, во земјава влегле инвестиции од 164 милиони евра.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 04-Sep-2008 at 22:11
ЕВН почна со изградбата на трафостаница во “Бунарџик“

ЕВН Македонија денеска почна со изградба на високонапонска 110 киловолтна трансформаторска станица во технолошко индустриската развојна зона “Бунарџик”. Оваа инвестицијата е вредна 4 милиони евра.

Заменик претседателот на управниот одбор на ЕВН, Хајнц Грасман, денес по повод поставувањето на камен темелникот на новата трафостаница изјави:

“Со реализација на овие инвестиции ЕВН ќе обезбеди квалитетно и сигурно снабдување со електрична енергија на сите постојни и идни индустриски капацитети во слободната економска зона Бунарџик со што придонесува кон индустрискиот развој на Македонија, како и за создавање на неопходните предуслови за привлекување на директни странски инвестиции и отворање нови работни места“.

Со изградбата на оваа трафостаница ќе се зголеми сигурноста и квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на населението во регионот, кое гравитира кон слободната економска зона, каде припаѓаат населените места Илинден, Белимбегово, Арачиново Мралино, Марино, Миладиновци. На свеченоста присуствуваше и министерот за привлекување на странски инвестиции Веле Самак, кој рече дека Бунарџик до пред две години беше пропаднат проект, а дека денеска претставува иднина за Македонија.

“Овој момент на поставувањето на камен темелник на еден ваков важен објект за енергетскиот капацитет на оваа економска зона ќе стане толку чест дури и досаден во наредните две до три години низ цела Македонија” изјави Самак, додавајќи дека очекува годинава да се заврши проектот.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=38883&kategorija=2
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 04-Sep-2008 at 23:09
Ај на се надоврземе...

Самак: Ќе има толку многу инвестиции што ќе ни здодеат

За влез во „Бунарџик“ биле заинтересирани уште две компании, подготвени да вложат 100 милиони евра

Маја Томиќ


„Во наредните две години во Македонија ќе има толку многу странски инвестиции што таквите настани ќе станат дури и здодевни“, вчера изјави оптимистички министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак на ставањето на темелите на новата трафостаница на ЕВН - ЕСМ во зоната „Бунарџик“. Тој додаде дека во изминатите две години „Бунарџик“ беше ливада на заборавени ветувања и на скршени соништа, а таа сега прераснува во модерен индустриски парк, какви што наскоро ќе никнат и во повеќе други градови во земјата. Новите технолошко индустриски зони треба да отворат неколку илјади работни места. Самак рече дека ако се реализираат сите заложби и проекти на Владата на кои се работи интензивно во последните месеци, „Бунарџик“ наскоро целосно ќе се пополни со странски компании и во него ќе работат една-две илјади лица во следните три-четири години.

„До крајот на годината, најверојатно, ќе се финализираат преговорите за влез на две нови компании, една данска и една американско-тајландска фирма, кои се подготвени да инвестираат околу 100 милиони евра. Станува збор за компании кои се занимаваат со производство на компјутери и на индустриски пумпи“, најави Самак, потсетувајќи дека во „Бунарџик“ веќе работи американската „Џонсон контролс“, за британската „Џонсон Мети“ работите се во завршна фаза за ставање на темелите и нема никакви пречки за реализација на инвестицијата, потпишан е меморандум за разбирање со француската „Монтипе“, а наскоро инвестиции во зоната ќе има и од словенечка „Искра“ и од италијанската „Технохоз“.

Инаку, вчера во „Бунарџик“ ЕВН - ЕСМ ја започна изградбата на високонапонската 110-киловолтна трафостаница. Инвестицијата е вредна 4 милиони евра, а опремата е од реномирани светски производители. Трафостаницата ќе биде автоматизирана и со неа ќе може да се управува далечински.

„Со реализација на овие инвестиции, ’ЕВН Македонија‘ ќе обезбеди сигурно и квалитетно снабдување со струја на сите постојани како и идни индустриски капацитети во ’Бунарџик‘. Со тоа компанијата придонесува за индустрискиот развој на земјата, како и за создавање предуслови за привлекување странски инвестиции и за отворање работни места“, изјави Карл Хајнц Грасман, заменик-претседател на УО на ЕВН - ЕСМ, при вчерашното ставање на камен темелникот на трафостаницата.

Тој додаде дека компанијата, како во изминатиот период, така и отсега, ќе се придржува до договорот за инвестиции во дистрибутивната мрежа.

„Досегашните инвестиции се најголемите во последните десет години. Ако не можеме да го докажеме тоа поинаку и ако не успееме да се договориме со Владата, тогаш ќе одлучува Арбитражниот суд во Лондон“, рече Грасман.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=E97E7B41A3C2D04E882DCB8D9739C2A6


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 15-Sep-2008 at 09:58

„Орланди“ ќе гради фабрика во Бунарџик

Индустрискиот гигант „Орланди“ од италијанскиот град Бреша ќе гради фабрика за производство на приклучни уреди за камиони и земјоделски машини во слободната економска зона „Бунарџик“.

Премиерот Никола Груевски и сопствениците на компанијата, јави известувачот на МИА од Бреша, денеска ќе потпишат меморандум со кој првично е предвидена изградба на производствен погон со 120 вработени, а во втората фаза проширување на производството со дополнителни линии и вкупно 500 вработени.

„Орланди“ кој пред неполни три месеци најави дека сака да го прошири своето производство во Македонија, пред се поради атрактивните бизнис услови и ниските даночни стапки, во новата фабрика во скопски „Бунарџик“ ќе инвестира околу 10 милиони евра.

Ова, како што изјави директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо кој заедно со министерот за финансии Трајко Славески го придружуваат премиерот Груевски во Италија, е прва посериозна италијанска инвестиција во Македонија.

Во рамките на работната посета на Италија македонскиот премиер во Бари завчера присуствуваше на отворањето на еден од најголемите саеми во Европа на кој учествуваат најрелевантните бизнис-лидери од европскиот и медитеранскиот регион.

Саемот го отвори италијанскиот премиер Силвио Берлускони кој во својот говор, меѓу другото, го потенцираше македонско - италијанското пријателство и притоа истакна дека Македонија е дестинација за инвестиции на италијанските компании.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=97612
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 16-Sep-2008 at 01:12
Во Бунарџик ќе се произведуваат и делови за камиони и трактори


Десетте милиони евра што Орланди ќе ги инвестира во Македонија се и прва инвестиција во производствен погон на оваа компанија надвор од Италија. Македонија ја одбрале како дестинација поради добрата бизнис клима и ниските даночни стапки, како и условите што ги нуди за инвестирање на економската зона Бунарџик


Италијанскиот гигант за производство на приклучни уреди за камионската и индустријата за земјоделски машини, Орланди, ќе инвестира десет милиони евра, со тоа што ќе изгради фабрика со 120 вработени во скопската економска зона Бунарџик. Премиерот Никола Груевски, придружуван од министерот за финансии, Трајко Славевски и директорот на Агенција за инвестиции, Виктор Мизо, дојдоа во Бреша, за лично во просториите на компанијата да го потпишат меморандумот за разбирање.

Десетте милиони евра што Орланди ќе ги инвестира во Македонија, се и прва инвестиција во производствен погон на оваа компанија надвор од Италија. Македонија ја одбрале како дестинација поради добрата бизнис клима и ниските даночни стапки, како и условите што ги нуди за инвестирање на економската зона Бунарџик.

Стартот на изградбата на фабриката ќе почне на почетокот на 2009. Имаат веќе изготвен проект и очекуваат веќе во 2010 да го промовираат првиот производ од погоните во Македонија.
Орланди е една од трите компании со вакво производство во светот.
- Пред да ја изградиме фабриката сакаме да инвестираме во обука на македонските кадри во Италија. Ова е прва наша инвестиција надвор од Италија. Производството кое очекуваме да почне во 2010 ќе биде наменето целосно за извоз во Италија, а потоа и на пазарот во Европа и светот. Ние сме задоволни од условите во Македонија и очекуваме поддршка од Владата за реализација на овој проект, изјави сопственикот на компанијата, Жанпјетро Машелини.

Орланди е гигант во индустријата за возила, кој произведува суштински елементи за товарните возила и земјоделските машини. Од тој пазар покрива околу 70 проценти. Произведува за Ивеко, Мерцедес, Волво, Сканија. 65 проценти од производите се наменети за индустријата на камиони, а 35 за механзацијата во земјоделската индустрија.

Производството од македонските погони, во кои за почеток ќе работат 120 луѓе, ќе биде за европскиот пазар. Годишно се очекува извоз од 10 милиони евра.

Премиерот Николоа Груевски вели дека за Македонија е од исклучителна важност проектот Орланди, бидејќи станува збор за сериозна семејна компанија, која ќе биде одлична препорака за останатите инвеститори.
- Оваа компанија ќе биде успешна препорака за сите други инвеститори. Очекуваме уште италијански инвестиции. Очекуваме за околу една година да почнат со производство. До тогаш ќе вршат обука и тренинг на вработените, кои од Македонија ќе ги донесат во Италија. Ова е и првиот посериозен одговор кој го направија нашите економски промотори, вели Груевски.

По оваа компанија, Орланди најавува отворање и на уште една фабрика во Бунарџик. Станува збор за погон за производство на контејнери со специфични системи за функционирање.
Бреша е трет индустриски центар во Северна Италија по Милано и Торино. За оваа прва директна италијанска инвестиција најмногу заслуга има македонскиот економски промотор во Италија, Димче Николовски. Тој го направил првиот чекор со сопственикот, на кој пак му биле потребни само три месеци за да ја донесе одлука за инвестирање во Бунарџик.

http://vecer.com.mk/?ItemID=CE48CECD98A9924FAB41140C5B5D0E1A
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 26-Sep-2008 at 08:07
Груевски ќе потпише меморандум со “Бортекник Отомотив“

Премиерот Никола Груевски  денес во Истанбул, Турција ќе потпише меморандум за соработка со компанијата “Бортекник Отомотив“.
Со потпишувањето на меморандумот за соработка, реномираната турска компанија во Македонија ќе инвестира 20 милиони евра во технолошката индустриска развојна зона Скопје 1.

Турската компанија планира изгради фабрика во технолошка индустриска развојна зона Скопје 1 во најкус временски период, а со производство на алуминиумски профили за автомобилската индустрија и за примена во градежништвото планира да започне  веќе во средината на наредната година. Според планираното, извозот ќе изнесува сто милиони долари годишно.

Со оваа инвестиција во земјава за почеток ќе се овозможат 100 вработувања, а во наредните две до три години планирани се уште дополнителни 200 вработувања.
Инвестицијата на компанијата Бортекник Отомотив е прва голема турска инвестиција во Технолошка индустриска развојна зона Скопје 1.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=40816&kategorija=2



Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 26-Sep-2008 at 08:08
Горе доле Бунарџик е на патот да стане регионален центар за автомобилска индустрија.


Edited by lslcrew - 26-Sep-2008 at 08:09
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 26-Sep-2008 at 11:49
Дај боже, но да не заборавиме тековниот статус е само 1 фабрика (Џонсон Контролс). Сите други се со потпишани меморандуми, во фаза на преговори и слично а ниту еден камен темелник не е удрен, а да не збориме за готов објект. Мислам дека полека не навлекуваат во некоја еуфорија, колку добро ни оди, а реално на терен нема ништо.
Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 26-Sep-2008 at 17:11
pa ako dobro gi sledis rabotite, mozes da pretpostavis deka ne se raboti za lagi. Makedonija e na dnoto ekonomski vo Evropa. Znaci sekoj sto ke dojde ovde ke plakja minimalni sumi za rabotnicite. Na primer, karikiram, namesto vo Germanija da dade 2000 evra mesecno po rabotnik, ke dojde ovde i ke dade 250, ostanatite ke gi stavi vo dzep. Osven toa vladata nudi povolnosti, i spored mene, uspesno se reklamira, pa od tamu se site ovie najavi za investicii. Znaci, uveren sum, deka ne se raboti za lagi. No eve neka se raboti za laga. Koja korist bi ja imala vladata za takvi lagi vo ova vreme, postizborno, vo koe imaat prosto mnozinstvo vo parlamentot i ogromna podrska od narodot??? Normalno, zdraviot razum veli nikakva. Na primer, takvite potezi bi gi cuvale za slednite izbori.... Osven toa, seriozna kompanija gi razgleduva site aspekti okolu edna golema investicija, pa taka za kompletno "skeniranje" na podracjeto kade saka da dojde, nosenjeto na odluka, se toa odzema vreme, zatoa ne se slucuva se odednas. No sepak, mislam deka za 2-3 godini Bunardzik ke ima pozamasen broj na fabriki, mozam da se kladam... Uste eden biten podatok za mene, 3/4 od bankarskiot sistem vo Makedonija vekje e vo stranski race. Sto mislite zosto gi kupija strancite??? Rastot na bankarskiot sektor i stranskite investicii vo toj sektor vo edna mala ekonomija kako nasata se dobar pokazatel za ekonomski rast vo bliska idnina i glaven dvigatel na istata
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 26-Sep-2008 at 21:13
Originally posted by dacito

pa ako dobro gi sledis rabotite, mozes da pretpostavis deka ne se raboti za lagi. Makedonija e na dnoto ekonomski vo Evropa. Znaci sekoj sto ke dojde ovde ke plakja minimalni sumi za rabotnicite. Na primer, karikiram, namesto vo Germanija da dade 2000 evra mesecno po rabotnik, ke dojde ovde i ke dade 250, ostanatite ke gi stavi vo dzep. Osven toa vladata nudi povolnosti, i spored mene, uspesno se reklamira, pa od tamu se site ovie najavi za investicii. Znaci, uveren sum, deka ne se raboti za lagi. No eve neka se raboti za laga. Koja korist bi ja imala vladata za takvi lagi vo ova vreme, postizborno, vo koe imaat prosto mnozinstvo vo parlamentot i ogromna podrska od narodot??? Normalno, zdraviot razum veli nikakva. Na primer, takvite potezi bi gi cuvale za slednite izbori.... Osven toa, seriozna kompanija gi razgleduva site aspekti okolu edna golema investicija, pa taka za kompletno "skeniranje" na podracjeto kade saka da dojde, nosenjeto na odluka, se toa odzema vreme, zatoa ne se slucuva se odednas. No sepak, mislam deka za 2-3 godini Bunardzik ke ima pozamasen broj na fabriki, mozam da se kladam... Uste eden biten podatok za mene, 3/4 od bankarskiot sistem vo Makedonija vekje e vo stranski race. Sto mislite zosto gi kupija strancite??? Rastot na bankarskiot sektor i stranskite investicii vo toj sektor vo edna mala ekonomija kako nasata se dobar pokazatel za ekonomski rast vo bliska idnina i glaven dvigatel na istata


Се согласувам со делови од твојот пост, но да не заборавиме во Македонија сме, се изнаслушавме лесни прикаски последниве 15 години и за Ауди, и за милијарди на Циле и се сеќаваме на еден куп неуспешни приватизации, и гледаме колку време сите големи светски брендови не заобиколуваат. А кога сме кај банките освен SOCIETE GENERALE која ја купи Охридска другите се незначително мали по Европски мерки банки. Значи сеуште не сум воопшто убеден дека автомобислакта индустрија процветала во Македонија. А за ПР-от и маркетингот на владата немој да ме подбуцнуваш само, па нашиве медиуми 50% од рекламите им го препуштија навладата и тоа се постизборно. Значи простор за реклами и тоа како има.
Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 26-Sep-2008 at 23:58
NBG(National Bank of Greece vo Stopanska), Milestone(koja ja kupi Kumanovska investiciona banka, i koja po novo ke se vika Stater Bank), Staerska Banka(koja ja prevzede Invest banka),  NLB Tutunska(clenka na NLB grupacijata), Societe General(koja ja kupi Ohridska), i red drugi pomali brendovi, mislam deka se sosema, sosema dovolni za Makedonija. Forata, sega zasega, e sto sme vo pocetna faza na razvojot pa seuste ima mn stroga politika od NBRM sprema bankite, sto znaci bankite imaat mn mal prostor za manevar, no ke si dojde vremeto... Inacu ne ja spomnuvaj Audi, mislam deka so toa debelo mesas babi i zabi. Pa da ne zaboravime, toa bese, 90 i nekoja, golema razlika megju toa sto se slucuvase togas i ona sto se slucuva togas. Kako prvo lugjeto na vlast koi bea togas, unistituvacite na Makedonskata ekonomija, namerno ja izbrkaa Audi, namerno ja izbrkaa i ING(mn renomirana Holandska banka, so ogromna mokj) koga dojde so namera da ja kupi Komercijalna. Denes lugjeto na vlast se grizat mn za toa da donesat nekogo da investira vo Makedonija, ne da go izbrkaat. I vtoro, moras da gi sledis prirodnite tekovi. Tie velat deka Makedonija neminovno ke odi napred na ekonomski plan, neminovno ke se razviva, i toa se slucuva, moram da zabelezam, na moe golemo zadovolstvo
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 27-Sep-2008 at 00:27
NBG, NLB i Milestone како што претходно спомнав се мали евентуални средно големи европски банки. Далеку од тоа дека е лошо, но погледни ја состојбата во соседството (па дури и во Косово) и ќе сретнеш далеку помоќни имиња. Нејсе, тоа не е најважно. Не е спорно дека одиме напред, работата е дека сеуште нема буквално ниту еднагринфилд инвестиција во Бунарџик (освен ЏК, кој сакале или не сакале е од времето на Бучко), а ние веќе се гледаме како автомобилски џин. Патетично, баш исто како и Ауди, но несакам да туркам понатака, добива политичка димензија. А кафанските муабети од типот во Германија е плата 2000ЕУР во Македонија 250 па сега ќе се истепаат инвеститори, остави ги за кафана. Тука треба поиздржани аргументи. Колку од таа армија невработени се квалификувани? Колку од тие квалифкуваните ќе работат за 250ЕУР, и колку тие го чинат работодавецот, а колку реално сработуваат и на крајот ако се оди само по таа логика секогаш ќе биде поисплатливо да инвестираат во Индија или пакистан, каде што платите се 50ЕУР. Но не е секогаш така. На крај за да не звучам песимистички, се радувам на раздвиженоста што ја внесе владата, но досега освен парада и новински текстови малку гледам реали резултати. Им давам фора до пролет барем 3 од овие фабрики да почнат да се градат.

PS. Еве и линк од топ 20 банки по остварен пофит во 2006, за 2007 и сега најновата 2008 не успеав да ја најдам бесплатно од The Banker
http://www.banksdaily.com/topbanks_europe.html


Edited by UrbanFreak - 27-Sep-2008 at 00:39
Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 27-Sep-2008 at 02:34
Kafanski muabet e bas tvojot: "kfalifikuvana rabotna raka". Bas zvuci kako izlitena fraza... primer Slovacka. zemjata vo momentov proizveduva najmnogu avtomobili po zitel vo svetot, bese ex komunisticka zemja, so poprilicno propadnata ekonomija, silen procut dozivea periodot pred vlezot vo EU i po vlezot. mnogu Germanski, pa i drugi, avto fabriki se preselija tamu. Zosto??? Zosto srednite skoli i fakultetite za masinstvo vo Slovacka imale extra programi i producirale extra kvalitetni kadri??? Kako rabotnikot od bivsata komunisticka zemja Slovacka naednas stana kfalifikuvan da raboti vo visoko razvienite Germanski fabriki???
primer Polska i Romanija. zemji so najgolemi investicii vo poslednite godini vo Evropa. Zosto? Zatoa sto imaat mnogu kfalifikuvana rabotna raka. Pa ti se molam, kako moze do vcera tie zemji od ex komunisticki naednas da imaat tolku mnogu kfalifikuvan kadar za rabota vo kapitalisticki fabriki?!?!? Epa, mnogu lesno moze, zatoa sto e obuka, zatoa sto ne e golem problem, toa se uci. Za mnogu od tie tamu ne treba niti poseben fakultet, niti posebna sredna skola, samo nekolkumesecen kurs od fabrikata i ete ti manje vise kfalifikuvan kadar, sto ke ja turka rabotata na pocetok, a so tek na vreme, ke steknuva iskustvo i ke stanuva se podobar.

Zapomni, kapitalot saka plodna pocva za da moze da se oplodi i politicka i pravna sigurnost. E na nasata pocva vo momentov ima mnogu moznosti kaj da se sadi i e plodna zosto dolgi godini e nenasejana.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 27-Sep-2008 at 03:39
Прво за АУДИ. Ауди бараше гаранции од тогашната влада дека ќе продаде 10000 возила во Македонија на годишно ниво. А во тоа време беше смешно да се зборува за ваква бројка нови автомобили во Македонија, а па камоли за ауди. Во спротивно бараа владата да им покрива трошоци. Како и да е од таа тогашна влада што све глупости не излегоа, но да го оставиме тоа зад нас. Што се однесува до квалификувана работна рака, Македонија до скоро, последен податок што знам е дека имаше 8% факултетско образовано население што е многу пониско од европски просек. И не е само тоа фактор, јас како што знам најголем број од инвеститорите се жалат на неефикасното судство. Инаку Македонија има најповолна даночна политика за странски инвестиции, и во регионов, па и пошироко.

п.с. Дацито, користи кирилица!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 27-Sep-2008 at 05:08
Originally posted by lslcrew

Прво за АУДИ. Ауди бараше гаранции од тогашната влада дека ќе продаде 10000 возила во Македонија на годишно ниво. А во тоа време беше смешно да се зборува за ваква бројка нови автомобили во Македонија, а па камоли за ауди. Во спротивно бараа владата да им покрива трошоци


А ова као проверена информација, или од тие спомнатите кафанските муабети... Roll%20eyes
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 27-Sep-2008 at 10:36
Ова од ТВ го слушнав. Мислам дека беше на емисијата "во центар" што идеше на канал5, ланската сезона. Изгледа беше една од првите емисии во сезоната. Зборуваа повеќе луѓе што биле инволвирани во ова со АУДИ и кажаа доста работи.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 27-Sep-2008 at 10:41
dacito а да олабавевме со политички контекст? Мислам јасна е твојата преференца и нормално тоа е твое лично право и нема ништо лошо во тоа но да разговараме тука од аспект на Македонија пред се. Значи муабети за некои издајци, уништувачи vs. грижливи патриоти не. Нормално истото важи и vice versa.

Е сега на темата. мислам дека никој тука не е против новите фабрики и напротив сите навиваме Бунарџик што побргу де се изгради. Факт е дека ова што денеска се случува барем за мене е нешто ново. Никогаш во минатото не сме биле ни до фаза на меморандуими а никогаш и немало таков вариетет во инвестициите како денеска. Факт е дека економијата е раздвижена и тоа е за поздравување.
Но тоа не значи дека секој ден треба да славиме за тоа што до читаме во весници а да бидеме слепи за тоа што (не) се случува на терен. Повеќето инвестиции се скоро најавени па рано е да се носи суд но случајот Џонсон Мети е навистина симптоматичен (иако скоро имаше вест дека почнале да градат независно што не ги собрале уште сите документи но заборавив да ја постирам тука).

Значи дај боже цела скепса која ние скептичните оправдано ја имаме да ја снема до пролетоска кога многу работи треба да се појасни. Јас барем навивам за тоа.

Што се однесува до "кафанските муабети". Многу лесно ги прогласи за такви тврдењата на УрбанФрик. Квалитетот на нашата работна сила е мизерен. Незнам колку имаш искуство со менаџирање луѓе или воопшто работно искуство но со таков проблем секојдневно се соочуваат и многу мали претпријатија кои треба да екипираат 5-10 луѓе максимум а каму ли на една фабрика на која и требаат 200-300-500 луѓе.
Не е тоа така едноставно ... Работите во Словачка, Бугарија, Романија итн се многу поразлични од кај нас независно што биле комунистички земји. Тоа готово и да не игра улога во целава дискусија.

Нема ништо страшно да се зборува за нашите маани за да се подобриме. Ако ставиме глава во песок и викаме дека сме најдобри ништо не сме направиле.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 23>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.