build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics RSS Feed: ТИРЗ Скопје - Бунарџик
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Скопје - Бунарџик

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 23>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 08-Oct-2008 at 20:14
Влегувањето на Џонсон контролс беше проследено со голема владина фама и се наметнамислење дека стипендистите ќе бидат цареви у државава и ќе имаат неприкосновен животен стандард и штотијазнам што уште повеќе. Ја сакав да се пријавам но директорот кај мене у школо ми рече дека немам право пошто можело да се пријават само по двајца од секое школо. И тогаш сакав да се пријавам настрана од школото, на своја рака идректно во џонсон контролс, ама ништо не напраив. И потоа тие што ги избраа ги тестираа тамо незнам за што све не, а што познавам неколку фаци се работи за тешки шупаци (чест на исклучоци). Не дека сега плукам по тие, него знам една фаца што 3 години ја студира прва година! Инаку ваквите стипендии занаат да бидат нож со две оштрици понекогаш.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4980
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 08-Oct-2008 at 21:54


не разбрав дали на крајот некако се отплаќа стипендијата (преку плати или нешто), инаку знам дека вработувањето е задолжително (ако завршиш) иначе као за првите стипендисти немало проблем ако пишат квадрат слаба генерација биле, ама новите мора редовни да се... како и да е, џонсон контролс не придонесва кон едукацијата на никој начин, cé е исто... освен шо има еден кабинет со 10 нефункционални компјутери за стипендистите и пари... кога како

p.s. кога разбраја дека сум се откажал (откако им пишав јас имејл еден месец после то со телефонскиот повик) ми врати одма гуштеров лично (така беше адресата) мејл од МНОГУ параграфи како јас и таквите ко мене ја уништуват иднината на нашата перспективна држава и дека од таквите заебанти ко мене пропаѓа државата и слични муабети шо би ми ги кажал дедоми... додуша во право беше до негде

Edited by гитардемон - 08-Oct-2008 at 21:57
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 08-Oct-2008 at 22:17
а добро не ми е јасно што очекувате Џонстон Контролс одма да ви купи стан, кола и сл?

За луќе кои сеуште студираат или само што завршиле факултет, стипендирање и пракса од типот кој го нуди Џонсон Контролс е бесценета. Дај боже и другите македонски фирми да размислуваа слично и малку да ја мобилизираа и насочуваа свежата работна сила која излегува од универзитетите. Условите воопшто и не се лоши од ова што го читам а и од она што го знам, јас ви гарантирам дека на запад (Америка) младите многу покрваво ги заработуваат првите години стаж што понатаму им носи и голем бенефит.

Незнам што зборувал Гуштеров во тој меил, можби лупетал или бил навредлив но факт е дека младите македонци мора да си избијат од глава дека нешто во животот доаѓа лесно. ЗАвршување факултет е само почетокот а кај нас тоа е како да си го фатил господ за му*а (цензура ала ЛСЛ )
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 08-Oct-2008 at 23:06
Види Џуро ја кога воопшто планирав да се пријавам очекував праведно определување кој ќе биде стипендист. Праведноста мора да се спроведе прво од страна на Џонсон контролс, а пред се од школите. Јас имам прво место и трето место на државно ниво во информатика, а не добив воопшто можност да бидам стипендиран зашто некои шупаци од кај мене у школо имале 5-ка биологија (ја имав 2-ка), а со тоа имале бољи просек од мене. Лошо беше тоа што од страна на џонсон се даде предност на по n-ученици (n=2,3,...) од секое школо, а со тоа обесправија доста јаки ученици. Ете тоа очекувам пред се. Воопшто не очекувам кола ниту стан (фала му на господ тоа го имам обезбедено од моите родители), не очекувам ниту 200 мочани долари, не ми треба тоа, него ми треба стручно внимание. Има студенти на кои не им се потребни дополнителни средства, туку ментор. Јас да сум стипендист би сакал пред се да ми обезбедат ментор (може на 20-души еден). Тоа многу повеќе ќе даде резултат него да ми дадат 200 евра на година. Разбирам дека не е случај тоа со секого, нормално во државава на повеќето би им требале средства. Значи кај нас фирмите сеуште не знаат како се стипендира, односно не знаат што уште значи стипендија. Сеуште под стипендија се подразбира кеш за курцање по кафичи. Тоа не е стимулација ниту субвенција. Тоа има спосебен збор и е стипендија. Што не значи дека мора да биде пари.

А второ очекувам кога децата од идните генерации ќе победат на државен натпревар, за тој список да се заинтересираат фирмите, а не да се интересираат за внуците на комшијата.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 08-Oct-2008 at 23:14


Ова ти е муабет на место.... НО... Неможеш да го кривиш тука ЏЦ. Тука само доаѓа до израз нивото, погрешниот систем на вреднување и погрешниот организационен систем во нашето образование.

ЏЦ неможе да направи ревизија по школите да ги открие најдобрите, туку тој (или било кој друг работодавач) ќе смета на кредибилитетот на образовните институции кои сигурно не случајно ги одбрал и на нивната способност да му го понудат најдоброто.

Значи... повторно се враќаме на проблемите во образованието.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 08-Oct-2008 at 23:28
....една од многуте болни точки на нешто општество кое го обесправува и дискредитира граѓанинот, како и судство и уште многу други!!!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 08-Oct-2008 at 23:36
Originally posted by гитардемон


јас бев стипендист кај овие шупаците се запознав и се откажав по три дена... како шо разбрав стипендијата ја дале по 4 месеци, изнесува 200 долари месецот, и плус има некој вид на пракса секое лето работиш (без плата) во некоја фабрика на џонсон контролс низ европа т.е. учиш да работиш таму... тие дознаа дека сум се откажал од стипендијата т.е. дека не пратам настава по 6 месеци кога се јавија дома кај мене пошто не сум бил достапен на мобилен да ме известат за некојси митинг со гуштеров, и мајками им рече: "ами тој веќе 6 месеци не е скопје"... замислете колку се сериозни сега тие и нивните стипендии... иначе за да одиш на интервју за стипендијата треба препорака од педагог/директор во твоето средно школо, кое шо пак треба да биди на листата на џонсон контролс на 15 најдобри школи во македонија... ме интервјуираше една тетка од бразил и беше многу фина, и многу интересни прашања ми постави, изгледаше дека си ја знај работата... ама оттаму па натака на факултет професорите не ни знаат кои се тие стипендистите кои шо треба да бидат "посебно третирани"


...

p.s. кога разбраја дека сум се откажал (откако им пишав јас имејл еден месец после то со телефонскиот повик) ми врати одма гуштеров лично (така беше адресата) мејл од МНОГУ параграфи како јас и таквите ко мене ја уништуват иднината на нашата перспективна држава и дека од таквите заебанти ко мене пропаѓа државата и слични муабети шо би ми ги кажал дедоми... додуша во право беше до негде


Гитардемон, си направил голема грешка што си се откажал од ваква шанса - вака како што кажуваш, јас не гледам ниту една причина да се откажам од стипендијата(ако не ги сметаме неистрајноста и мрзеливоста). Јас не знам што точно рекол Гуштеров, но мислам дека човек со неговото искуство и успех многу добро знае што зборел кога ти го пишал тој мејл.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4980
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 10-Oct-2008 at 13:04
најдов многу подобра стипендија (=многу повеќе пари + платена храна + платени книги + платена школарина) секако не во македонија... мислиш дека згрешив? цела работа што се жалев за стипендијата на џонсон контролс е шо се изведва крајно непрофесионално македонскиот дел (сите странци се гледаше дека се професионалци) а македонците во проектот врска немаја шо работат... инаку ме мрзеше да студирам електро, признавам
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 10-Oct-2008 at 13:08
Originally posted by гитардемон

најдов многу подобра стипендија (=многу повеќе пари + платена храна + платени книги + платена школарина) секако не во македонија... мислиш дека згрешив? цела работа што се жалев за стипендијата на џонсон контролс е шо се изведва крајно непрофесионално македонскиот дел (сите странци се гледаше дека се професионалци) а македонците во проектот врска немаја шо работат... инаку ме мрзеше да студирам електро, признавам


И да и не... Најубаво е кога квалитетните луѓе остануваат во Македонија Cheers
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4980
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 10-Oct-2008 at 13:13
за то дека сум квалитетен фала (ако мислеше на мене) ама најдобро е кога се образуваат надвор (со ова образование шо го има во македонија) а ги применуват научените работи во македонија. сега сум во право
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 24-Oct-2008 at 10:50
Француски „Монтупет“ ќе инвестира 50 милиони евра во Македонија

Француската компанија „Монтупет“, производител на цилиндри за автомобили, вчера и официјално потврди дека ќе инвестира околу 50 милиони евра во Македонија.

Од кабинетот на министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак претставниците на француската компанија најавија изградба на фабрика што ќе има 500 вработени, а објектот ќе се гради во слободната економска зона Бунарџик.

- Одлуката за инвестирање во Македонија е донесена врз основа на добриот прием и поддршка што ги добивме од македонските власти, како и потенцијалот што го нуди Македонија за квалификуван кадар - истакна Дидиер Срозет, извршен директор на „Монтупет“.

Компанијата е формирана во 1894 година и оттогаш е лидер на пазарот во произведување цилиндри за автомобили. Во листата на нејзини купувачи се вбројуваат „Рено“, „Форд“, „Волво“, „Сааб“, „Ауди“ и многу други автомобилски компании.

Предвидено е изградбата на фабриката да почне во почетокот на пролетта идната година.

Претставниците на „Монтупет“ нагласија дека, и покрај глобалната економска криза и моменталната нестабилна состојба на пазарот, тие ќе продолжат да ги реализираат плановите на компанијата.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=215&ArticleID=9872

Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 25-Oct-2008 at 11:40
Ма браво, одлично... Ајде скептици, јавете се Rollin
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 25-Oct-2008 at 12:25

Originally posted by dacito

Ма браво, одлично... Ајде скептици, јавете се Rollin

ма здраво! еве една скепса, што ако веќе заглавените автомобилски гиганти(светска рецесија) им ги откажат сојузот и нарачките на мускетариве од монтипе, што мислите каде прво ќе стават катанец на пролет онаму каде се разработени или онаму каде сеуште и не почнале Question еве да не звучам толку песимистички ќе речам онаму каде се веќе разработени, бидејќи како тука што имаат услови а и најлезет ефтино вино и ракија нема никаде да најдат, па уште и кога платата е 300/400 евра па тоа веќе ни во азија не се наоѓа а комоли во европа LOL

нема врска се си е ок браво за дилот, за инвестицијата, нека се множат како печурки по дожд, па од питомо маче да се сториме во економски лав, доста само тигри од србија и пантери од бугарија, па редно време е и ние да се разбудиме Thumbs%20Up

Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 25-Oct-2008 at 14:19
Originally posted by dacito

Ма браво, одлично... Ајде скептици, јавете се Rollin


Еве јас, како еден од „скептиците“ се јавувам. Повторно ќе кажам, додека не видиме почеток на активностите со градба на објектите не верувам 100% на ваквите новински текстови. Најлесно е да се вивнеме во еуфорија дека нема празни плацеви на Бунарџик, без воопшто да ја погледнеме реалноста. Реалноста во овој момент е исполнетост на Бунарџик од под 10%. Се останато е јак ПР и политички муабет.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 06-Nov-2008 at 13:15
„Џонсон Мети“ потпиша договор со Владата

Коментари (0)   
06.11.2008 12:33
Зоран Ставревски

 

Реализацијата на инвестицијата на „Џонсон Мети“ во Македонија оди според утврдената динамика и се очекува изградбата на фабриката за катализатори во технолошко-индустриската зона Скопје да заврши во март наредната година.

Ова го соопштија вицепремиерот за економски прашања Зоран Ставрески и извршниот директор на „Џонсон Мети“ Лари Пентс по денешната средба во Владата на Република Македонија на која е потпишан договорот за закуп на простор во технолошко-индустриската зона Скопје за период од 50 години со можност за продолжување на уште 20 години. Цената на закупнината, информира вицепремиерот Ставрески е законски утврдена, и таа е на ниво да може да се одржува зоната, а целта на Владата е да се донесат инвеститори.

Фабриката ќе се изгради на површина од 13 хектари, а работите ќе ги изведува турска компанија регистрирана во Македонија. Изградбата треба да заврши во март 2009 година, а производството наменето за пазарот ќе стартува јули 2009 година. Од март, како што истакна Пентс, ќе се врши тестирање на производите дали одговараат на квалитетот што го бара „Џонсон Мети“.

Вицепремиерот Ставрески истакна дека е важно тоа што и покрај финансиската криза во светот „Џонсон Мети“ и Владата остануваат посветени на реализацијата на оваа инвестиција согласно утврдената динамика.

Тој смета дека позитивното искуство од спроведувањето на овој проект ќе биде поттик „Џонсон Мети“ да размисли за проширување на својот бизнис.

„Се надеваме дека врз основа на позитивното искуство од првата фаза „Џонсон Мети“ ќе размисли евентуално за проширување на капацитетот во Македонија, но за тоа е прерано да се зборува. Важно е да почне со производство во првата фаза и искуството од оваа прва инвестиција во Македонија да биде позитивно“, истакна вицепремиерот Ставрески.

За Македонија, како што рече Ставрески, од оваа инвестиција не е толку значаен износот, туку отворањето на нови работни места и новата технологија што е услов за подобрување на конкурентноста и извозот, како и тоа што ваквите инвестиции даваат придонес кон она што се стремиме трансформација на македонската економија.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=99797

Новинариве се цареви за ширење дезинформации...

Џонсон контролс е за катализатори, а џонсосн мети е за каиши, арбегови и седишта и секаква друга галантерија. Нема везе џонсон си е џонсон.



Edited by lslcrew - 06-Nov-2008 at 13:24
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 06-Nov-2008 at 13:19


Ова е одлична вест. Заборавив да ви кажам дека пред 3 недели кога проаѓав по тој пат видов дека на парцелата зад ЏК нешто се градеше. И тоа солидно се градеше веќе беше дигнат скелетот на објектот. Колку што знам тоа е парцелата на ЏМ така да рокот Март 2009 и не е нереален доколку претпоставките ми се на место.

Cheers
Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 06-Nov-2008 at 15:11
Ви викам бидете стрпливи, ќе не биде, вие не LOL Таман земавме замав, светот падна у рецесија DohНо добро, се надеваме дека сите ветени инвестиции ќе се остварат и иако инвестициите во светот во иднина ќе се намалуваат, сепак тие кај нас ќе растат

Браво за веста, само напред
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 06-Nov-2008 at 15:37
Originally posted by dacito

Ви викам бидете стрпливи, ќе не биде, вие не LOL Таман земавме замав, светот падна у рецесија DohНо добро, се надеваме дека сите ветени инвестиции ќе се остварат и иако инвестициите во светот во иднина ќе се намалуваат, сепак тие кај нас ќе растат

Браво за веста, само напред


абе никој не вика дека нема да не биде, нити викаме дека нема да бидат најавените инвестиции. Ама додека не почне реализација (уште подобро додека не заврши) не може да сме 100% сигурни иако може 100% да се надеваме. Не за друго има и милион други субјективни причини, може владата да дава 100% од себе и да има најдобри намери но се случуваат ситуации како светскава криза каде парите се скапи и на никого не му е до инвестиции. Незнам зошто гледаш толку негативно на претпазливоста и воздржаноста на некои форумаши а зошто толку ја цениш еуфоријата околу овие работи. Сите сме ЗА овие инвестиции тука нема ништо спорно.


Edited by pbanks - 06-Nov-2008 at 15:38
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 06-Nov-2008 at 19:04
Originally posted by lslcrew

Џонсон контролс е за катализатори, а џонсосн мети е за каиши, арбегови и седишта и секаква друга галантерија. Нема везе џонсон си е џонсон.


Си ги побркал, токму обратно. Добро си е напишано во текстот.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 06-Nov-2008 at 20:10
Се извинувам околу побркувањето на лончињата.

Еве рендер од џонсон мети:


На прв поглед ми делува како фин индустриски објект. Немам забелешки.


Edited by lslcrew - 06-Nov-2008 at 20:10
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 23>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.500 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.