build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Скопје - Бунарџик

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 23-Dec-2008 at 22:31
Економија
Словенечка Искра ја одложи инвестицијата во Бунарџик

Искра ја одложи инвестицијата во Бунарџик. Најголемиот словенечки концерн за електро и електронска индустрија кој требаше да стартува со производството во септември се уште се мисли дали да гради фабрика во зоната, дознава Канал 5.

Компанијата побарала пролонгирање на рокот. По четири месеци ќе донесат конечна одлука, вреди ли, во време на глобална економска криза, да се инвестира во Македонија.

Одложувањето во дирекцијата за економски зони го правдале со откажување на договорите со американски компании кои ги сторнирале нарачките поради кризата.

Од истата причина и француски Монтипе ја откажа изградбата на фабрика за производство на алуминиумски глави за мотори.

Засега во економската зона работи фабриката на Џонсон Контролс, а во изградба е производствениот капацитет на Британците од Џонсон Мети.

Неофицијално влез во зоната обезбеди Еуро Хормонес, компанија со седиште во Валандово, зад која стои странски капитал, тврдат владини извори. Инвестицијата тежи 10 милиони евра. На 6 илјади метри квадратни компанијата планира да гради фабрика за производство на медицински производи и да вработи 100 тина работници.


(23.12.2008) Маја%20Дамјановска
Автор: Маја Дамјановска


http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=43364&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 24-Dec-2008 at 12:28
Владата молчешкум доделила 6.000 квадрати во Бунарџик
Економија
Фабрика за производство на фармацевтски производи ќе никне во слободната зона „Скопје“ поранешен Бунарџик, дознава „Нова Македонија“. Без вообичаената помпа кога станува збор за инвестициите, Владата неодамна на фирмата „Еуро хормонес“, регистрирана во Валандово, и доделила повеќе од 6.000 квадратни метри во слободната зона „Скопје“, по цена од 0,1 евро за квадрат.

„Еуро хормонес“ го добила земјиштето на долготраен закуп за период од 50 години, со можност за продолжување за уште 25 години. Фирмата за првите пет години ќе треба да плати по околу 615 евра годишно, а според владината одлука, по истекот на првите пет години, закупнината за земјиштето ќе се одредува за секоја година посебно, со можност за зголемување во зависност од инфлациската стапка во Македонија. Сепак максималната граница за зголемување за закупнината не може да надмине 15 отсто на годишно ниво.

Марјан Јованов, директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, потврдува дека фирмата „Еуро хормонес“ добила земјиште во слободната зона „Скопје“.

- Се работи за компанија формирана од англиски, словенечки и словачки инвеститори. Во зоната ќе градат капацитет за производство на фармацевтски производи, а инвестицијата се проценува на околу 10 милиони евра. Изградбата ќе почне веднаш - вели Јованов.

Според него, целокупното производство од фабриката ќе оди за извоз.

Никола Чурлиновски, градоначалник на Валандово, вели дека пред извесен период македонски инвеститори регистрирале фирма во Валандово за да градат капацитет за производство на фармацевтски производи, меѓутоа потоа се премислиле.

Во Бирото за лекови велат дека за изградба на фабрика за фармацевтски производи е потребна дозвола, која се издава дури откако ќе завршат градежните работи. Илчо Захариев, директор на Бирото за лекови, вели дека петчлена комисија, во која членуваат пет лица обучени во Лондон со меѓународни сертификати, утврдува дали во одредена фабрика се запазени стандардите пропишани од Светската здравствена организација.

- Се работи за стандарди што се напишани на 10.000 страници. Инспекторите мора да внимаваат на сите можни безбедносни и еколошки детали. Во овој случај сигурно ќе ангажираме и независен меѓународен експерт - вели Захариев.


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=272&ArticleID=14355
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 25-Dec-2008 at 09:52
smeshna cena za iznajmuvanje 615e,barem da zaokruzele na 620e,pa za taa cena nema ni stan za pod kirija vo centar...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 25-Dec-2008 at 09:58
Па добро тоа е симболична цена само колку да не биде без ич! И да беше безпари ќе беше ОК, со оглед на тоа што ваквите објекти ја потрепуваат економијата и поттикнуваат извоз, вработувања, и го заслужуваат беспари просторот!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 05-Feb-2009 at 23:13
МИНИСТЕРОТ ВЕЛЕ САМАК ПРИЗНАВА
Странците се откажуваат од Бунарџик
Четири странски компании, кои годинава планирале да градат свои фабрики во зоната, целосно ги откажале своите инвестиции во Македонија, а две од нив како поповолни за вложување ги одбрале Србија и Турција

Слободната економска зона Бунарџик кај Скопје остана речиси празна, и покрај најавите од Владата дека во неа повеќе нема да има место за градење. Министерот за странски инвестиции Веле Самак признава дека четири странски компании, кои годинава планирале да градат свои фабрики во зоната, целосно ги откажале своите инвестиции во Македонија. Тој не ги открива нивните имиња, но објаснува дека се работело за реномирани западноевропски производители. На две од нив Македонија, според Самак, им била топ 2 дестинација за инвестирање, но поради рецесијата, одлучиле да не го прошируваат бизнисот во ниту една земја, па ниту во Македонија. Другите две компании, од која едната е "Грудхост" од Данска, иако ги разгледувале условите за инвестирање во Македонија, одлучиле бизнисот да го шират во други земји. Како поповолни за вложување ги одбрале Србија и Турција, вели министерот за странски инвестиции Веле Самак.
Пред точно половина година, на свеченоста за поставување камен темелник за нова трафостаница во Бунарџик, министерот Самак изјави дека за шест месеци во зоната веќе нема да има место за нови инвеститори. Тогаш тој рече дека до пред две години Бунарџик потсетувала на "скршени соништа, на ливадата на заборавени ветувања", а сега е големо градилиште.
Денес, по половина година од изјавата на Самак, во Бунарџик се е по старо. Единствено целосно изградена е фабриката на "Џонсон контролс", а во изградба е само објектот на "Џонсон Мети".
Самак вели дека останатите тројца инвеститори кои беа најавени пред половина година не си заминале, туку накратко ја одложиле изградбата на фабриките.
"Во Бунарџик остануваат француски 'Монтипе', словенечка 'Искра' и италијанскиот производител 'Група Орланди'. Овие инвеститори не се откажуваат, само го продолжуваат рокот за влегување во Македонија. 'Монтипе', според најавите, со инвестицијата ќе доцни околу два месеца. Слична најава има и од останатите два инвеститори", вели Самак.
Според министерот, за овој неуспех на долгонајавуваниот инвестициски бум во Македонија е виновна Волстрит.
"Се случи ретка и драстична промена во светската економија. По падот на Волстрит, не постои никаква можност за финансирање на проекти. Многу компании се повлекуваат од нови инвестирања, некои одлучуваат да ги одложат проектите на некое време. Посебно Европа е многу осетлива бидејќи се уште нема стимулативни мерки за инвеститорите", тврди Самак.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=163116&idg=9&idb=2591&rubrika=Makedonija
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 06-Feb-2009 at 10:38
PreviousКако што и тогаш пред 5-6 месеци кажав, премногу лесно се возбудуваме и понесуваме од разноразни најави и политички говори. Тогаш некои не убедуваа дека нема пак да се случи милијардата на Циле, Ауди и слично. Прво се скока па се вика ОП. Ни се наметна слика дека сме РАЈ за инвестирање во Европа, па уште и дека немало слободни парцели во Бунарџик, дека уште 5-6 зони ќе сме правеле и што ти ја знам што. Од преголемите мечтаења и „сигурните“ зделки ги губиме, сериозни инвеститори како ЕВН ги третираме крајно несериозно, поништуваме тендери, се расфрламе со промашени кампањи. Bash
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 06-Feb-2009 at 11:16

Originally posted by UrbanFreak

Од преголемите мечтаења и „сигурните“ зделки ги губиме, сериозни инвеститори како ЕВН ги третираме крајно несериозно, поништуваме тендери, се расфрламе со промашени кампањи. Bash

ниедна кампања не е промашена кампања, уште повеќе што досега не ни постоела некаква, освен по црните хроники низ светот! 

патем некој како EVN што те цеди не е сигурен инвеститор туку сигурен експлоататор. инаку реално бевме тргнати на добар пат, но кој ни е крив што навреме не понудивме реално привлечни услови, а и не почнавме агресивна кампањи за инвестирање во МКД нешто што е многу нормална работа во светот, вака таман се залетавме и статива, светска криза дрн дрн јариња...

а реално проблемот не е ни во дискутабилните најави за инвестициски бум или нереализираните гринфилд инвестиции, ниту во светската криза или пак предвременото скокање, туку во нашата фантазија дека спасот ни е во слободните економски зони! ова треба да биде само дел од стопанството, но за да се исправиме на здрави нозе крајно време е да се свртиме кон интензивно земјоделие и силна прехрамбена индустрија, но на готови производи, а не само суровина или полупроизвод. после некој ни е крив што бугарите продаваат ајвар со македонски пиперки, исто мора да се поработи на менаџирање и форсирање на органското производство на храна, и МКД да се етаблира како здрав и сигурен извор на храна бар за европа, но тоа значи нафурување исто онолку колку што се нафуравме за овозможување простор, расчистување терен и кревање џева за странските инвестиции...

да нема забуна поентата ми е дека премногу се имаме улежано и полагаме исклучиво надеж на влез на некаков странски капитал, не дека истиот не е добредојден, но не треба толку да се палиме на истиот, па сетне и во најмала неволја да се фрлиме во целосен очај и паника.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 06-Feb-2009 at 11:22
Originally posted by beTon

ниедна кампања не е промашена кампања, уште повеќе што досега не ни постоела некаква, освен по црните хроники низ светот! 

патем некој како EVN што те цеди не е сигурен инвеститор туку сигурен експлоататор. инаку реално бевме тргнати на добар пат, но кој ни е крив што навреме не понудивме реално привлечни услови, а и не почнавме агресивна кампањи за инвестирање во МКД нешто што е многу нормална работа во светот, вака таман се залетавме и статива, светска криза дрн дрн јариња...

а реално проблемот не е ни во дискутабилните најави за инвестициски бум или нереализираните гринфилд инвестиции, ниту во светската криза или пак предвременото скокање, туку во нашата фантазија дека спасот ни е во слободните економски зони! ова треба да биде само дел од стопанството, но за да се исправиме на здрави нозе крајно време е да се свртиме кон интензивно земјоделие и силна прехрамбена индустрија, но на готови производи, а не само суровина или полупроизвод. после некој ни е крив што бугарите продаваат ајвар со македонски пиперки, исто мора да се поработи на менаџирање и форсирање на органското производство на храна, и МКД да се етаблира како здрав и сигурен извор на храна бар за европа, но тоа значи нафурување исто онолку колку што се нафуравме за овозможување простор, расчистување терен и кревање џева за странските инвестиции...

да нема забуна поентата ми е дека премногу се имаме улежано и полагаме исклучиво надеж на влез на некаков странски капитал, не дека истиот не е добредојден, но не треба толку да се палиме на истиот, па сетне и во најмала неволја да се фрлиме во целосен очај и паника.



Кампањата е промашена доколку не е поткрепена со факти на терен. Инвеститорите не влегуваат заради шарени флаери и веб сајтови туку заради поволни услови и долгорочна перспектива кои ќе гарантираат профит за нив. Колку е од тоа исполнето можеме многу да дебатираме особено по последните неколку пропаднати тендери.

А навистина незнам зошто ЕВН е експлоататор? Па зар треба да ја дели струјата бесплатно? Незнам дали ЕВН ги исполнил сите очекувања но мислам дека во најмала рака не заслужува да биде постојана мета и да се дискредитира. Телеком на пример тоа си го заслужи и те како своевремено...
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 06-Feb-2009 at 11:36

евн е инвеститор кој директно не експлоатира нас исто како и маџар телеком или телеком словенија, а сосем друго е гринфилд инвестиција која ние ја експлоатираме.

инаку кампањата си е на место, само што во многу лошо време ја почнавме ова требаше да се случува во девеесетите а не денес сред волку негативни индикатори како невлегување во отан сојузот(што мислам дека е позитивно гледано како оаза на мирот, но не и економски) или непредвидливиот удар на издишаниот светски економски балон...

инаку тендерите пропаѓаат намерно колку и тоа да изгледа лошо во нечии очи, бар онаму каде станува збор за сигурна инвестиција, но сето тоа нема врска со економските зони односно со условите и погодностите за инвестирање, туку попрво со начинот на ескивирање од одредени ситуации кои верувај подобро така да се ескивираат него на крај да пукне тиквата уште пред да созрее, па критиките за степенот на демократија и транспарентност во земјава да биднат далеку поголеми него како тоа што би можело да биде во случајов!             

Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 06-Feb-2009 at 11:44

@beTon

хмммм од каде да почнам....

 

ниедна кампања не е промашена кампања, уште повеќе што досега не ни постоела некаква, освен по црните хроники низ светот! 

Изгледа јас и ти не живееме во иста држава????

Како прво, кампањите кои одат по сите можни ТВ станици и весници и кои се финансираат од парите кои јас и мојата компанија ги уплаќаме во илјадници евра во најголемиот дел 99% имаат само една цел: ЗГОЛЕМЕН РЕЈТИНГ НА ВЛАДАТА и ништо повеќе. Ќе дадам и примери:

-       Рекламите во кои оди текст долг километар и во кои 100 пати се споменува што направила владата и на крај завршуваат со клишето: Влада на РМ, Претседател на РМ ....

-       Кампањата Инвест ин Мацедониа, која не чинеше 10тици милиони а не донесе ништо

-       Ти си Македонија – незнам ни што е поентата на оваа реклама

-       Спотот кој трае пола саат за Александар и неговата војска

-       Фашизоидниот спот со молитвата на Македоноидот

-       .......Ред други да не добие постот политичка конотација

Значи извини, тоа се и мои пари и јас не сакам да се трошат безмилосно на овој начин.

 

 

патем некој како EVN што те цеди не е сигурен инвеститор туку сигурен експлоататор.

Тоа дали е ЕВН експлоататор или инвеститор е прашање од филозофска природа. Реалноста е дека Владата на РМ (точно претходната не оваа) го продаде ЕСМ на ЕВН. Тука постојат низа правни и финансиски процедури кои го прават ЕВН 100% легитимен странски инвеститор во РМ. Истиот тој ЕВН е водечка компанија во енергетскиот сектор во Австрија, и тоа како влијателен во Централно-Европските бизнис кругови. Ниските удари од типот јавно препукување на премиер со нив, поради лична суета, прави штета што 10 кампањи Инвест ин Мацедониа, нема да можат да ја исправат.

Патем кога сме кај енергертскиот сектор да не заборавиме и на последните разочарувачки изјави од РВЕ, за несериозноста при тендерската постапка за изградба на Чебрен и Галиште (http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=104032)

 

 

а реално проблемот не е ни во дискутабилните најави за инвестициски бум или нереализираните гринфилд инвестиции, ниту во светската криза или пак предвременото скокање, туку во нашата фантазија дека спасот ни е во слободните економски зони!

 

Со овој дел 100% се сложувам. Позитивна клима за бизнис се создава подеднакво за сите без дискриминација дали се домашни или странски инвеститори. Позитивната бизнис клима подразбира брзи и експедитивни институции на ситемот (Катастри, Министерства, Локална самоуправа, судство) кои секогаш во најкраток рок и најпрофесинално ќе одговорат на потребите на секој во Македонија, не само поединечно на одредени 2-3 инвеститори. Позитивна бизнис клима ќе има кога владата ќе ја намали јавната потрошувачка на несуштинските проекти (од типот споменици, цркви, музеи, партиски вработувања...). Максималистичкиот буџет и макслималистичкиот трговски дефицит мора од некаде да се покрие. Знаеш ли од каде? Од сите нас како поединци, и од сите компании во Македонија. Тоа е големо оптеретување, и кога веќе го плаќаме сите, тие пари треба да одат онаму каде што е напотребно. Изградба на инфраструктурни проекти, зајакнување вистинско на институциите на системот, суштинско а не декларативно подобрување во образовниот систем.

 

Целата економска политика до сега ни се сведуваше 99% на бркање странски инвестиции кои требаше да одговорат на овие проблеми. Но нив ги нема и сега наместо да се фатиме од корен да ги поправиме грешките ние се вртиме на бркање вештерки и подигање на национализми.

 

Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 06-Feb-2009 at 12:01

Заборавив како една од најпромашените кампањи да ја споменам Македонија - Земја на информатичари.... Ако самите се фалиме дека имаме развиено информатичко општество, а праксата покажува нешто сосема различно, колку врме ќе им треба на странските инвеститори кои би дошле во Македонија да ја согледаат вистината? Уште на аеродром лагите од типот Македонија прва земја во светото 100% покриена со безжичен интернет ќе им станат јасни, кога нема да можат дури чекаат авион да се закачат на нити една мрежа. Кога ќе поднесат пријава за регистрација на компанијата, ќе мора уште во 3 други институции истите податоци пак да ги приложат, бидејќи ние, земјата на информатичарите така добар информационен систем сме направиле да секоја институција работи сама за себе без никаква размена на податоците. Кога ќе отиде во Катастар и кога ќе побара планови за парцелата на која што ќе сака да гради, земјата на информатичари ќе му понуди прашњави авионски снимања од 1973 и ќе му ги понуди на инвеститорот, а за податоци кој е сопственикот на таа парцела ќе го упати да си земе бројче од катастар и да пополни барање за издавање на Имотен Лист. Кога пак ќе ја купи пацрелата дополнително нашата земја на информатичари ќе му каже дека се појавил некој со постапка за денационализација и дека наковата сопственост е дискутабилна и ќе го упати во судскиот систем да чека разврска 5 години. Ех, а кога и тоа ќе го расчисти, ќе започне вистинската голгота за промена на ДУП-ови, па добивање на градежни дозволи, па потплата на корумпирани чиновници, градоначалници, директори, министри.... И на крај дури и тоа кога ќе се заврши, инвеститорот од земјата на информатичарите ќе попие некој пазарен или трудов инспектор (пратен од конкуренцијата) и ќе ја добие најбалналната казна (или ќе плати рекет кај инспекторот да не го закача другпат).

Ова е РАЈОТ за инвестирање и ова е ЗЕМЈАТА НА ИНФОРМАТИЧАРИ.Ohno



Edited by UrbanFreak - 06-Feb-2009 at 12:04
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 06-Feb-2009 at 12:33

види рецептов со кампањиве е америчкиот, патем на тоа ја научија денешнава власт самите амери кои ги советуваа како да ги водат самите изборни кампањи, а можеби и ги советуваат како сега да ги водат истите вон или пред изборно. факт е дека рекламните кампањите како појава се доста силно средство за туркање на некоја идеја, но колку, како и дали таа идеја ќе се протурка тоа е друга работа. она со фискалните мислам дека беше најуспешна досега а воедно и најквалитетно и најкреативно направена, јасно треба и услови за истата да заживее пример фискални каси и редовни контроли, истои другите кампањи имаат ефект но дека истиот треба да донесе пресфртот тоа ниту е логично ниту пак возможно освен ако не станува збор за нешто навистина практично и корисно, односно образовните и економските кампањи за да имаат ефект мора да бидат долгорочни а не само инцидентни испади, затоа треба на овие кампањи да се гледа повеќе како нешто нормално него како на нешто ненормално, единствено треба транспарентност околу трошењето за средства на истите и постојано да се анализира кој модалитет на кампања ќе донесе најголем ефект односно која комбинација на промовирање ќе биде нај исплатлива.

јасно мора работа и мора да се зголемува капацитетот на државава на сите нивоа, но мора и напоредно да се работи на ликувањето односно шарените фустани народски гледано во однос на кампањите. 

интересно е колку само до вчера немавме никакви долгорочни стратегии во ниедна област така и со маркетингот, се само краткорочни испади од привремен карактер, но сега работите малку се променија иако треба навистина време да натераш некого прво да го сврти погледот на твоите крпчиња а дури сетне да ги купи, и повторно ако во меѓувреме истиот тој не банкротил!

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 07-Feb-2009 at 01:42
Малку на позитивната страна

И според мои "инсајдерски" информации инвестицијата на TriView ќе си тера како што беше предвидено независно од светската криза. Нормално кај нас никогаш ништо не е сигурно до самиот крај но ете сепак малку охрабрувачки вести.

Корејската TriView отвори фирма во Македонија

По најавите за инвестирање во Македонија, корејската фирма TriView (www.triviewltd.co.uk) отвори фирма во земјата. Основна дејност на новотворената фирма е произвдоство на електроника за широка потрошувачка.
Пред неколку месеци делегација од Кореја беше во Македонија за да го потпише Договор за сиработка со Владата според кој корејската ТriView треба во Македонија да инвестира над 4 милиони евра во изградба на фабрика за произвдотсво на ЛЦД телевизори.

Според плановите Корејците планираат во слободната економска зона Бунарџик да закупат 2,5 хектари земјиште, на кое оваа пролет треба да почне изградбата фабриката која годишно треба да произведува над 60.000 ЛЦД телевизори од марката Hasep, во вкупна вредност од 40 милиони долари, наменети за европските пазари.Во фабриката ќе бидат вработени од 60 до 100 луѓе во првата фаза.
Компанијата ТriView е меѓу десетте водечки компании во светот за производство на најсовремени ЛЦД телевизори.



http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=15157
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 07-Feb-2009 at 17:37

Светла точка ! Thumbs%20UpСамо напред, дај боже ситуацијата да ми ги демантира сомнежите.

Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 09-Mar-2009 at 19:15

ЛЦД монитори и компјутери ќе се произведуваат во Бунарџик



   
09.03.2009 19:05
Фабрика ќе никне во Бунарџик

 

Јужнокорејската компанија „Тривју“ и кинеската „Хаиер компјутерс“ се договорија заеднички да инвестираат во слободната економска зона.

Во април ќе почнат да градат фабрика во која ќе вработат околу 200 лица, а со производството планираат да стартуваат кон крајот на 2009 година.

Според првичните бизнис проекции, во фабриката годишно ќе се произведуваат неколку стотици илјади телевизори и компјутери во вредност поголема од 40 милиони евра.

Во истовреме се планира изградба на истражувачко развоен центар за интегрирани „Ај-ти“ решенија за големи проекти во регионот.

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 09-Mar-2009 at 19:17
Previous
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=105515
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 09-Mar-2009 at 20:36
Иако на почеток беше дочекана со голема резерва,зонава полека почна да си ги покажува квалитетите.

Во услови на светска економка криза,во услови на тоа дека скоро сите држави во регионов се влезени во NATO или EU,не прави многу неконкурентни.

Се надевам дека времето на инвестиции во зонава допрва доаѓа.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 09-Mar-2009 at 21:24

не знам како ова не сме го евидентирале,од официалната страна на зоната е

[11.11.2008]

"Intel" ќе инвестира во Македонија

Американскиот гигант во информатичката технологија "Intel" ќе инвестира во образованието во Македонија, за што синоќа во Сан Франциско Владата на Република Македонија и компанијата потпишаа Меморандум за разбирање.
Со овој Меморандум треба да имаме поддршка од "Intel" со одредени инвестиции во образованието, изјави премиерот Груевски по потпишувањето на документот со претседателот на Управниот одбор на компанијата на кого македонската владина делегација која престојува во САД му ги презентира можностите за инвестирање во Македонија.
Раководството на "Intel", јави известувачот на МИА, било запознаено со инвестициските можности од секаков аспект, пред се даночен, но и за тоа дека македонската Влада инвестира многу во ИТ образованието, при што биле посочени детали во врска со зголемувањето на квотите на студенти по информатичка технологија, како и за отворањето нов информатички универзитет кој од октомври 2009 година ќе почне да работи само на англиски јазик.
- Сите овие инвестиции во образованието упатуваат на тоа дека големите мултинационални компании, особено оние од ИТ бизнисот, можат во иднина да сметаат на Македонија како одлична бизнис дестинација, истакна премиерот Груевски, додавајќи дека за компаниите е важно не само да им се овозможат ниски даноци или брза регистрација, туку да им се понуди и добар кадар, и по квалитет и по квантитет.
Тој изрази благодарност до американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер кој, како што рече, со неговото доаѓање со владината делегација на оваа работна посета на САД дава поддршка во овие наши напори да привлечеме компании да дојдат во нашата држава, да отворат нови работни места и да се продлабочат економските релации помеѓу Америка и Македонија.
Македонската владина делегација, во чиј состав се и вицепремиерот задолжен за економски прашања Зоран Ставрески, министрите за економија, за странски инвестиции и за информатичко општество, Фатмир Бесими, Веле Самак и Иво Ивановски, и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо, во Сан Франциско имаше средби и со раководствата на американските гиганти  "Hewlеtt Packard", "Oracle" и "Sun Microsystems".
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 21-Apr-2009 at 23:46

Иако веста има песимистички наслов,не е толку лоша!


Лопатите не заиграа во Бунарџик за „Тривју“

Во Владата велат дека до крајот на месецов ги очекуваат претставниците на корејската компанија за да го потпишат конечниот договор по што во најкраток можен период ќе почнат
со инвестицијата

Корејската компанија „Тривју“, која како што најави во предизборието, месецов требаше да ги удри лопатите на фабриката за ЛЦД-екрани во технолошко-индустриската развојна зона „Бунарџик“, се' уште не почнала со активности на терен. Во Владата велат дека до крајот на месецов ги очекуваат претставниците на корејската компанија за да го потпишат финалниот договор по што во најкраток можен период ќе почнат да ја реализираат инвестицијата.

- Се' оди според планот и очекуваме набрзо по потпишувањето на договорот да почне изградбата на фабриката. Подготвителниот процес не трае два-три дена, тоа е долг процес. Нивните подготовки се во тек, регистрирана е фирма во земјава и до крајот на месецов ги очекуваме претставниците на компанијата да го потпишеме финалниот договор - изјави Виктор Мизо, директор на Агенцијата за странски инвестиции

Според информациите од „Тривју“, со заедничко вложување со кинеската фирма „Хајер компјутерс“, кон крајот на оваа година ќе почне производството на телевизори, монитори и десктоп и лаптоп-компјутери, кои ќе бидат наменети за европскиот пазар. Според најавите, почетното производство е планирано да изнесува околу 200.000 ЛЦД-телевизори годишно врз основа на работа на една смена, а максималниот капацитет е 400.000- 500.000 апарати. Планирани се околу 200 вработувања при полн капацитет на производство.

Ова и влезот на турската компанија ТАВ, која треба да ги преземе скопскиот и охридскиот аеродром и да изгради нов во Штип, се единствени најавени големи инвестиција во земјава што треба да се реализираат годинава. Сите други инвеститори со кои владата потпиша бизнис-меморандуми, поради економската криза ги одложија инвестициите за подобри времиња. Најмногу од овие инвестиции беа најавени лани како резултат на владината кампања „Инвестирајте во Македонија“, со која државава беше рекламирана како нов деловен рај во Европа, кој на стопанствениците им нуди најниски даноци.

Неизвесна е инвестицијата на францускиот производител на автомобилски делови „Монтипе“ во „Бунарџик“ поради кризата во автоиндустријата. Французите најавија вложување од 60 милиони евра. Хрватски „Агрокор“ објави дека ја одлага за в година почетната инвестиција од 40 милиони евра, која во следните шест години требаше да се зголеми за уште 100 милиони евра во откупни центри за овошје и за зеленчук, како и синџир супермаркети. Не се остварија ниту плановите за инвестиции на словенечка „Искра“ и на турска „Боротекник отомотив“.

Закочена е и изградбата на Сончев град на јужните падини на Водно. Овој проект е вреден околу 100 милиони евра. Израелскиот инвеститор плати 3,6 милиони евра за локацијата, но се соочува со бирократски проблеми во процедурата за добивање на потребните дозволи.Инвестицијата на турската групација за амбалажни стакла „Шишеџам“ ќе се реализира в година. Турската компанија ќе гради фабрика за производство на стакло во индустриската зона „Бунарџик“, со што ќе инвестира 45 милиони евра.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=53681F251A896E4F9CD754D5A6F7D334

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 28-Apr-2009 at 00:03

„Џонсон Мети“ наскоро стартува со пробно производство во „Бунарџик“

Деновиве се очекуваат претставници на „Тривју“ и на „Хаер“ со кои Владата ќе потпишува договори за закуп и бенефиции

Маја Томиќ

Англиската „Џонсон Мети“ многу скоро ќе стартува со пробно производство, а ова лето од фабриката во зоната „Бунарџик“ се очекува да започне и редовното производство на катализатори за автомобили, наменето за странски пазари. Ова за „Утрински“ го изјави вчера Виктор Мизо, директорот на Агенцијата за странски инвестиции. Тој додаде дека објектот што го гради „Џонсон Мети“ е во завршна фаза, машините се донесени и поставени и многу скоро ќе има тестирање, за по неколку месец да започне редовниот процес на производство кое ќе се извезува во повеќе европски земји. Вкупната инвестиција на „Џонсон Мети“ се проценува на 150 милиони евра, од кои во првата фаза ќе се потрошат 55 милиони евра, а втората фаза „Џонсон Мети“ ја најави за по две години. Се проценува дека ќе бидат вработени околу 700 лица. Инаку, „Џонсон Мети“ има договор за закуп на 13,8 хектари од „Бунарџик“, дадено на користење од 50 години, со можност за продолжување од 25 години.

Уште една странска инвестиција наскоро се очекува во „Бунарџик“, а тоа е заедничката инвестиција на корејската „Тривју“ и на кинеската „Хаер“, кои според Мизо треба деновиве да испратат свои претставници во Македонија и да се потпишат договорите за закуп на земјиштето и за бенефиции за користење на зоната, согласно со Законот за слободни индустриски зони, со кои ќе се утврди динамиката на реализација на инвестицијата.

Инаку, компаниите неодамна склучија договор за заедничка инвестиција во „Бунарџик“. Минатата есен Владата потпиша меморандум за разбирање со „Тривју“, со кој компанијата најави инвестиција од 4 милиони евра. Како дополнителна поволност Владата ја оцени одлуката на компанијата да влезе во заедничка инвестиција со „Хаер“. Двете компании веќе имаат готов проект за производство на ЛЦД-монитори и опрема, и десктоп и лаптоп-компјутери. Планот е годишно да се произведуваат од 400 до 500 илјади парчиња.

Во зоната „Бунарџик“ моментално функционира само со една активна инвестиција, на американската „Џонсон контролс“, која стартуваше во почетокот на 2008 година.

Списокот на заинтересирани компании за „Бунарџик“ е голем, а на него се и словенечка „Искра“, која поради кризата, на крајот на 2008 ја одложи инвестицијата за неколку месеци. Фабриката требаше да произведува електроматеријали. Од истите причини и француската „Монтипе“, со која Владата непосредно пред вонредните парламентарни избори лани во Париз потпиша меморандум за разбирање, ја одложи за неколку месеци изградбата на фабрика за производство на алуминиумски глави за мотори. Таа инвестицијата беше околу 60 милиони евра.

Доколку се реализира барем дел од очекуваните инвестиции во „Бунарџик“ годинава, тие би можеле да ја подобрат лошата слика за директните странски инвестиции. Според податоците на Народна банка на Македонија, во јануари годинава имало 26,5 милиони евра директни инвестиции, што е помалку од истиот месец лани, 30,7 милиони евра. Досега голем број компании со Владата имаат потпишано само меморандуми за разбирање.

Како што неодамна за „Утрински“ изјави Веле Самак, министер за странски инвестиции, од почетокот на годинава досега, меморандуми за инвестиција се потпишани со: „Шише џам“, „Техно Хосе“, „Три вју“, „Хаиер“ и „Еурохормонес“. Според Самак, се подготвува инфраструктурата за француската „Монтипе“, кои од втората половина на годинава треба да започне со градба на објектот.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=97FDD87AF2B88A42AF8652208C13F69C

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 2.675 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.