build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Скопје - Бунарџик

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 28-Apr-2009 at 00:22
за овие прв пат слушам,но со оглед на тоа кога е објавена веста,би требало досега да почнат со производство

[13.01.2009]

"TEKNOHOSE" ЈА КУПИ ФАБРИКАТА ВО ТИРЗ СКОПЈЕ

Италијанската компанија "TeknoHose" купи фабрика во Технолошката индустриска развојна зона Скопје и во во рок од шест месеци ќе отпочнат со производство на армирани гумени црева кои се користат во автомобилската индустрија и градежништвото.

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 28-Apr-2009 at 00:30
Previous
http://www.f.e.z.bunardzik.com.mk/vesti.asp
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 03-May-2009 at 21:58
Џонсон Мети Cheers

1

2

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 27-May-2009 at 17:00

„Монтипе“ се откажа од инвестицијата во „Бунарџик“

Избледоа потпишаните меморандуми, а нема ниту трага ниту глас од странските инвеститори

Соња Маџовска

Уште една бомбастично најавена инвестиција, на француската фирма „Монтипе“, го замрзнува својот влез во Македонија, а изговор е кризата. Ова вчера го соопшти директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо, во Охрид. „Монтипе“ требаше да гради фабрика за производство на резервни делови за автомобилската индустрија во индустриската зона „Бунарџик“, но поради слабата побарувачка за нивни производи моментно не им е исплатливо да инвестираат во нова фабрика.

„’Монтипе‘ има потпишано меморандум за разбирање, но поради светската криза, како и поради намалената побарувачка за нивни производи и целосниот пад на производството на автомобили на светско ниво, тие ја ставија во мирување инвестицијата во Македонија “, изјави вчера Мизо. Одложувањето на инвестицијата на „Монтипе“ тој ја оправдува со внатрешните проблеми, со кои се соочува компанијата, поради што таа отпушта работници и тешко оти ќе се реши да инвестира во нови производства.

Слободната економска зона кај Скопје остана речиси празна, и покрај најавите од Владата дека во неа повеќе нема да има место за градење. Власта полека, но срамежливо прво ги одложува, а потоа на одредено време и ги замрзнува инвестициите, кои помпезно ги најавуваше и за нив потпишуваше меморандуми.

Мизо вчера, во изјава за „Утрински весник“, соопшти дека до крајот на јуни се очекува да почне изградбата на фабриката за производство на ЛЦД- монитори, заедничка инвестиција на јужнокорејската „Тривју“ и кинеската фирма „Хаер“. За оваа инвестиција директорот на Агенцијата, во март најави дека ќе стартува од мај, за на крај да се презакаже за јуни.

И за „Џонсон мети“ постојано се пролонгираат роковите за старт на производството во фабриката за катализатори. Од Агенцијата, исто така, тоа беше најавувано за мај, но вчера Мизо изјави дека дури кон крајот на летово „Џонсон мети“официјално ќе почне со производство. Засега нема ништо и од планираната инвестиција на словенечката фирма „Искра“.

Со ребалансот на Буџетот нема ниту проекција колку странски инвестиции се очекува годинава да влезат во земјава.

Според официјалните податоци на Народна банка на Македонија, пак, во првите два месеца од годинава, заедно со реинвестираната добивка, се забележани инвестиции од 53 милиони евра. Кои се овие инвестиции, никој не открива. Или можеби станува збор само за реинвестирана добивка на фирмите кои веќе се присутни во земјава?

Експертите ги загрижува и паѓањето на рејтингот на Македонија, објавен од страна на агенциите „Стандард и Пурс“ и „Фич“, што дополнително може да предизвика повлекување на инвеститорите, кои сега земјава ќе ја гледаат како ризична инвестициона дестинација. Според нив, Македонија тешко ќе закрепне по овој пад на рејтингот и ќе ни требаат години повторно да дојдеме до инвестициски рејтинг. Во такви услови ’Фич‘ не може да им препорача на инвеститорите дека вложувањето во земјава има позитивни предзнаци, туку напротив, станува уште поризично.

И во последниот квартален извештај на централната банка се вели дека нивото на странски инвестиции почнало драстично да опаѓа уште од крајот на минатата година. „За разлика од зголемената инвестициона активност на државата, влијанието на светската криза се одрази со значајно намалување на директни странски инвестиции, кои во последниот квартал од 2008 година беа за 55 отсто пониски во однос на истиот период од 2007 година“, се вели во извештајот на НБМ. (С.М.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=24348EE22E38404FAAE8D80E20B49B9B
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 04-Jun-2009 at 21:43

Хаиер и Тривју основаа заедничка фирма во Македонија

Кинеската компанија Хаиер и корејската Тривју основаа заедничка фирма во Македонија, чија основна цел, според податоците од Централниот регистар ќе биде производство на електронски составни делови. Новата фирма Тривју Хит ДОО Скопје е основана со основачки влог од 5 илјади евра. Станува збор за фирма преку која ќе се реализира најавената инвестиција на корејската фирма Тривју во слободната економска зона Бунарџик во изградба на фабрика за електронски делови. Неодамна претставници на двете компании беа во Македонија, кога биле договорени и техничките детали околу изградбата на фабриката во Бунарџик. Во новата фабрика која треба да почне да се гради многу брзо освен ЛЦД монитори и електронска опрема ќе се произведуваат и десктоп и лаптоп компјутери. Станува збор за инвестиција од 4 милиони евра, со која треба да се отворат околу 100 нови работни места. Инаку, корејската Тривју е една од водечките производители на ЛЦД монитори во светот, додека кинеската Хаиер и е позната на македонската јавност како компанија преку која македонската влада ги увезе сите компјутери за да го реализира проектот “компјутер за секое дете”.



http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=17722
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 09-Jun-2009 at 03:05
Нешто од по интернет ископано. Џонсон Мети...


  
www.llb.com.mk


Edited by lslcrew - 09-Jun-2009 at 03:06
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 13-Jul-2009 at 12:25

Џон­сон Ме­ти стар­ту­ва од сеп­тем­ври

Ле­то­во во фаб­ри­ка­та ќе се нап­ра­ват кон­тро­ли за ква­ли­тет на про­из­во­ди­те

Фаб­ри­ка­та за ка­та­ли­за­то­ри на "Џон­сон Ме­ти" во "Бу­нар­џик" од сеп­тем­ври ќе стра­ту­ва со про­из­водс­тво­то, нај­а­ву­ва ге­не­рал­ни­от ди­рек­тор на прет­став­ниш­тво­то во Скоп­је Џас­тин Тар­кер. Ле­то­во во фаб­ри­ка­та ќе се нап­ра­ват кон­тро­ли за ква­ли­тет на про­из­во­ди­те, кои ако да­дат ус­пеш­ни ре­зул­та­ти од есен ќе стар­ту­ва и ре­дов­но­то про­из­вод­ство.
"Обеб­зе­див­ме па­зар за на­ше­то про­из­вод­ство, од­нос­но, од сеп­тем­ври има­ме на­рач­ки, но пр­во мо­ра­ме да ги по­ми­не­ме овие фа­зи на кон­тор­ла на про­из­во­ди­те", об­јас­ну­ва ге­не­рал­ни­от ди­рек­тор Тар­кер.
Џон­сон Ме­ти те­ме­ли­те на фаб­ри­ка­та во Бу­нар­џик ги пос­та­ви ла­ни во сеп­тем­ври, но гло­бал­на­та еко­ном­ска кри­за, ко­ја сил­но ја по­го­ди ав­то­мо­бил­ска­та ин­дус­три­ја, ин­ди­рек­тно вли­ја­е­ше и на стар­тот на про­из­водс­тво­то на ка­та­ли­за­то­ри­те во Тех­но­лош­ко ин­дус­трис­ка­та раз­вој­на зо­на Скоп­је, по­поз­на­та ка­ко Бу­нар­џик.
Џон­сон Ме­ти из­ми­на­ти­ве ед­на до две го­ди­ни по­ве­ќе­па­ти ја од­дло­жи ин­вес­ти­ци­ја­та без не­кои кон­крет­ни при­чи­ни и об­раз­ло­же­ни­ја. Спо­ред то­гаш­ни­те из­ја­ви на ме­наџ­мен­тот, про­ек­тот се од­ви­ва­ше со нор­мал­на ди­на­ми­ка.
До­го­во­рот за за­куп на зем­јиш­те­то во еко­ном­ска­та зо­на е на пер­и­од од 50 го­ди­ни со мож­ност за про­дол­жу­ва­ње на уш­те 20 го­ди­ни, до­де­ка це­на­та на за­ку­пот за око­лу 13 хек­та­ри е сим­бо­лич­на и на­ме­не­та за одр­жу­ва­ње на зо­на­та.
Џон­сон Ме­ти во фаб­ри­ка­та за ка­та­ли­за­то­ри тре­ба да ин­вес­ти­ра 55 ми­ли­о­ни ев­ра, иа­ко вкуп­на­та ин­вес­ти­ци­ја фаб­ри­ка­та, пр­вич­но се нај­а­ву­ва­ше де­ка ова ќе би­де нај­го­ле­ма­та фаб­ри­ка на "Џон­сон Ме­ти" во Ев­ро­па, тре­ба да дос­тиг­не око­лу 150 ми­ли­о­ни ев­ра. Се про­це­ну­ва де­ка ќе би­дат вра­бо­те­ни око­лу 700 ли­ца. (Т. Ј.)


http://vest.com.mk/?ItemID=106A45BB1D0E2A479AA37AC0817B81B0

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 23-Jul-2009 at 12:14

Џонсон Мети ќе почне да произведува во август


Британската компанија за производство на катализатори Џонсон Мети основа компанија во Македонија, а од крајот на август најверојатно ќе почне со производство во слободната економска зона Бунарџик

Според Централниот регистар, новата фирма за производство, трговија и услуги-Џонсон Мети е основана во Скопје, со седиште во технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик. Во уписот за основање не е наведено кој ќе биде директор на Џонсон Мети во Скопје.
Џонсон Мети темелите на фабриката во Бунарџик ги удри во септември лани. Но, поради негативните ефекти кои глобалната финансиска криза и ги нанесе на автомобилската индустрија во светски рамки, почетокот на работењето во Македонија беше неколку пати беше одложен. Владата потпиша Меморандум за соработка со Џонсон Мети пред повеќе од две години, во март 2007 г. Првичните вложувања на Британците во изградба на фабриката за катализатори во Бунарџик тежат 50 милиони евра, а во следните неколку години вкупната инвестиција треба да достигне 150 милиони евра. Според првичните најави во фабриката треба да бидат вработени 700 луѓе. Џонсон Мети има договор за закуп на 13,8 хектари земјиште во Бунарџик, кои му се дадени на користење за период од 50 години, со можност за продолжување од 25 години.
Џонсон Мети е британска компанија од областа на хемиската индустрија. Постои од 1770 година, а покрај тоа што произведува катализатори за автомобилската индустрија, компанијата ги има и следните оддели: Скапоцени метали, Фини хемикалии и Процесна технологија. Годишниот обрт на Џонсон Мети е околу 7,5 милијарди евра, а компанијата има 7.700 вработени во 40 земји од светот.

http://forum.com.mk/_tools/article/6138/view
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 13-Sep-2009 at 22:14
Хаиер и Тривју доаѓаат во Македонија

Еден од најголемите кинески производители на компјутери Хаиер и една од топ десетте компании за ЛЦД монитори, јужнокорејската Тривју во заедничка инвестиција ќе ја почнат неделава изградбата на новата фабрика во слободната економска зона Бунарџик крај Скопје


Најголемиот кинески производител на компјутери Хаиер и една од топ десетте компании за ЛЦД монитори, јужнокорејската Тривју во заедничка инвестиција ќе ја почнат неделава изградбата на новата фабрика во земјава. Фабриката за висока технологија ќе биде лоцирана во слободната економска зона Бунарџик крај Скопје. Овие информации пристигнуваат од далечната Кина каде македонскиот премиер Никола Груевски деновиве учествуваше на состанокот на Светскиот економски форум во кинескиот град Далиан.

Според најавите на Груевски, Хаиер е најголемиот производител на компјутери во Кина, но и еден од најголемите светски производители. Што се однесува пак на компанијата Тривју, таа е една од најголемите јужнокорејски компании за производство на монитори, телевизори и ЛЦД телевизори. Во Слободната економска зона во Бунарџик веќе работи Џонсон Контролс, а Џонсон Мети започна со пробно производство на катализатори.

Премиерот од Кина информаше дека фабриката прво ќе почне со производство на ЛЦД монитори и телевизори, а потоа и на компјутери.
-Тоа е многу добра препорака за кинеските компании кога нивниот најголем производител на компјутери Хаиер ја избрал токму Македонија за европска дестинација, бидејќи тие нема да произведуваат само за Македонија, нашата земја ќе биде како база од каде што ќе се произведува за целокупниот европски пазар, изјави Премиерот од Далиан за Сител. Тој не криеше дека е задоволен што кинеските бизнисмени ја избрале токму нашата земја за ваква крупна инвестиција.

Инаку на летниот состанок на Светскиот економски форум во Далиан беа собрани водечки компании од светот. Токму поради тоа економскиот тим на владата на Груевски го искористи за средби, презентации и убедување дека Македонија е добар избор за инвестиции. Тимот им укажа на светските бизнисмени за ниските даночни стапки и ослободувањата кои Македонија ги дава за инвестиции во економска зона.

Македонскиот премиер во Далиан ја посети и Зоната за висока технологија, каде работат дури 2.300 компании меѓу кои е и "Хуалу-Панасоник електро-информатика ЛТД".
Во Далиан годинава тема на разговор била и светската економска криза и како таа се рефлектирала на различните аспекти на економијата и општеството. Македонскиот премиер зборуваше за влијанијата врз работната сила порачувајќи дека решението за невработеноста можат да бидат крупни инвестиции во енергетиката и еколошкиот развој.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=06AC0C1C59A3684EB394A68CDC13DE56
Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 14-Sep-2009 at 09:09
Македонскиот премиер во Далиан ја посети и Зоната за висока технологија, каде работат дури 2.300 компании меѓу кои е и "Хуалу-Панасоник електро-информатика ЛТД".


2300 компании?!??!!? Nuts ние иаме каде каде појаки бројки: 2-накај-3-фабрики-и-многу-000000-од-минатото Rollin
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 14-Sep-2009 at 09:10
Чекај чекај малку. Кина колку што знам и два региона што се индустриски зони, амам индустрискиве зони се масивни и се псебни федерални единици од што се огромни.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 16-Sep-2009 at 09:12
Се надевам набрзо ќе бидат изградени и ќе почнат со работа Cheers

Хајер и Тривју почнуваат со изградба на фабрика во Македонија

Коментари (0)   
16.09.2009 09:57
Никола Груевски
 

Најголемиот кинески производител на компјутери Хајер и една од најголемите јужно-корејски компании за производство на ЛЦД екрани Тривју денеска започнуваат со изградба на фабрика во Македонија.

Камен темелникот за изградба на фабрика за производство на ЛЦД телевизори и монитори ќе биде поставен денеска во слободната економска зона Бунарџиќ, кај Скопје, а на свеченоста ќе присуствува премиерот Никола Груевски.

Владата пред речиси една година потпиша Меморандум за разбирање со Тривју, според кој погонот требаше да почне да се гради пролетта. Тогаш се споменуваше инвестиција вредна четири милиони евра.

Тривју во март годинава склучи договор за заедничка инвестиција во Македонија со кинескиот Хајер.

Кинеско-јужнокорејската инвестиција викендот ја најави премиерот Груевски, кој учествуваше на Светскиот економски форум во кинескиот град Далијан, додавајќи дека производството ќе биде наменето за европскиот пазар.

Тоа што Македонија е избрана за дестинација за инвестирање е добра препорака за кинеските компании бидејќи Хајер е најголем производител на компјутери на кинескиот пазар, а Тривју една од најголемите јужнокорејски фирми за ЛЦД екрани, рече Груевски.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 16-Sep-2009 at 09:15
Cheers
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 16-Sep-2009 at 09:18
Ваквата индустрија пред десетина години беше маинстрим индустрија во чешка, полска и тој блок земји кога поголемите компании го запоседнуваа европскиот пазар за технологија. Ова време кај нас ќе се гради таква фабрика, што е добар сигнал. Сепак мислам дека земјите во развој секогаш биле попривлечни од оние што се високо развиените или па од оние што се скроз неразвиени.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 16-Sep-2009 at 11:27
Еве некој полурендер од МИА за ова Тривју фабриката.


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 13-Jan-2010 at 00:51
Чисто да ја евидентираме агонијата.

Каде исчезнаа и Веле Самак и инвестициите


„Бунарџик“ уште чека на напливот на странски фирми, што веќе требаше да се случи 

Маја Томиќ 


Каде се инвестициите во земјава кои требаше да ги има толку многу што дури ќе ни станат здодевни? Овие оптимистички изјави ги даде министерот за странски инвестиции, Веле Самак, уште во почетокот на септември 2008 година, кога во зоната „Бунарџик“ се ставаа темелите на новата трафостаница на ЕВН. Тој тогаш додаде и дека во 2006 и 2007 година „Бунарџик“ бил ливада на заборавени ветувања и на скршени соништа, но дека таа ќе прерасне во модерен индустриски парк, какви што наскоро ќе никнат и во повеќе други градови во земјата. На сите тие места ќе се вработат неколку илјади лица. 

Самак рече и дека ако се реализираат сите заложби и проекти на Владата, на кои се работи интензивно, „Бунарџик“ многу брзо целосно ќе се пополни со странски компании и во него за две-три години, ќе се вработат една-две илјади лица. За до крајот на 2008 година, пак, Самак рече дека ќе се финализираат преговорите за влез на уште две нови компании, чии имиња не ги кажа, едната била данска, а едната американско-тајландска фирма, кои биле подготвени во „Бунарџик“ да инвестираат околу 100 милиони евра. Тоа биле компании за производство на компјутери и на индустриски пумпи.

Меѓутоа, една и пол година подоцна, министерот Веле Самак никако го нема во јавноста. Веќе неколку месеци наназад тој не излегол со никаква изјава во која би не' информирал зошто не се остварија владините најави за инвестициите и има ли некои нови најави за вложувања во земјава. „Утрински весник“ вчера го праша министерот која е причината за молкот од неговиот ресор, но до затворањето на весникот не добивме одговор. 

Неодамна, Самак само демантираше еден медиум во кој беше речено дека фирмите почнале да се откажуваат од „Бунарџик“ и дека освен американската „Џонсон контролс“ и британската „Џонсон Мети“, засега нема абер од другите најавени инвестиции. Тој изјави дека ниту една фирма која планирала или донела одлука да гради фабрика во „Бунарџик“ се нема откажано, иако поради ланската економска криза и финансиските проблеми на компаниите, многу од нив решиле да ги одложат инвестициите за некои подобри времиња.

Да се потсетиме, во изминатите две години повеќе фирми пројавија интерес, а некои потпишаа и меморандуми за разбирање со Владата, токму за инвестирање во „Бунарџик“. Придонес на тоа беа повеќето организирани, владини бизнис-посети на европски земји, како и на САД, особено во текот на 2008 година. Инаку, станува збор за француска „Монтипе“, словенечката „Искра“, италијанската „Орланди“, турските „Шише џам“ и „Отомотив“, како и „Техно Хозе“, „Еурохормонес“, до последната најавена инвестиција на кинеско-корејската „Тривју - Хаиер“... 

Поконкретно, „Монтипе“ пролетта 2008 година најави дека до крајот на таа година ќе ја започне градбата на фабриката за делови за автомобили. „Отомотив“ есента 2009 година најави дека кон средината на 2009 година ќе започне со инвестицијата од 20 милиони евра за производство на алуминиум, а „Тривју - Хаиер“ првично најави почеток на инвестицијата за лани пролетта, за потоа минатата есен да каже дека до крајот на мај годинава ќе стави темели на објектот во „Бунарџик“. Претставници на компанијата, заедно со владиниот врв, во август лани во „Бунарџик“ официјално ја промовираа оваа нова инвестиција, вредна 9 милиони евра. Владата со компанијата се' уште нема потпишано договор за закуп на земјиштето, како и договор за инвестиции, што е основа за другата документација за да може да се започне со градбата. Премиерот Никола Груевски, по тој повод изјави дека „Тривју- Хаиер“ ќе биде новиот сосед на „Џонсон контролс“ и „Џонсон Мети“ и дека таа инвестиција е уште една сатисфакција за Владата, бидејќи доаѓа во време на економска криза, но е и поттик за неа, да продолжи со привлекувањето странски инвестиции. Инаку, „Тривју- Хаиер“ треба да произведува ЛЦД-телевизори, монитори и компјутери. Но, досега тие не стартуваа со изградба на најавената фабрика.

Според последните податоци на Народна банка, во септември минатата година странските директни инвестиции изнесуваат 103,4 милиони евра и тие бележат пад во однос на август од 2,8 милиони евра. 

Стопирањето на инвестициите во „Бунарџик“, повеќе од сигурно, е еден од главните фактори за падот на вредноста на вкупните инвестиции, бидејќи станува збор за повеќе стотици милиони евра. Падот од 2,8 милиони евра за само еден месец, според Централната банка, покажал дека странските фирми одлеале пари од земјава, давајќи кредити во нивните мајки-фирми. Според НБМ, поради малиот прилив на инвестиции и одливот на средства, во земјава лани во септември имало процес на дезинвестирање. 

Инаку, во цела 2008 година во земјава влегле вкупно 400 милиони евра странски директни инвестиции, при што најмногу пари легнале во банкарскиот сектор. 

Најновите податоци за износот на инвестициите од странство за цела 2009 година, НБМ треба да ги објави наскоро. Со оглед на ниските инвестиции во деветте месеци, не би требало да се очекува дека тие ќе бидат на задоволително ниво.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EEA39031FE472F44A6BADDFB62559A8A
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 11-Apr-2010 at 19:27
Стартуваа градежните активности на новата технолошка зона
Понеделник, 29 Март 2010 11:19

Во саботата свечено беше одбележано стартувањето на градежните активности на новата индустриско-технолошка равзојна зона. На свечената церемонија присуствуваше и претседателот на Владата, м-р Никола Груевски.

Според површината, новата технолошка зона во Штип ќе биде најголема во Македонија со површина од 206 хектари.

Според директорот на технолошко-развојни зони, Марјан Јованов, на локацијата ќе можат да се изградат 50 фабрики со што ќе се овозможи вработување на над 10.000 лица.

Економската слободна зона треба да биде готова за една година а во неа ќе бидат инвестирани околу 7 милиони евра.

Со планот на Владата предвидена е изградба на 11 вакви технолошко-индустриски зони низ Македонија.

tehnoloska_zona-otvoranje-27032010-2tehnoloska_zona-otvoranje-27032010-3tehnoloska_zona-otvoranje-27032010-4tehnoloska_zona-otvoranje-27032010-5tehnoloska_zona-otvoranje-27032010-6tehnoloska_zona-otvoranje-27032010-7tehnoloska_zona-otvoranje-27032010-8tehnoloska_zona-otvoranje-27032010-9tehnoloska_zona-otvoranje-27032010-10

http://www.stip.gov.mk

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 12-Apr-2010 at 12:16

Отворена нова индустриска зона - Скопје 2

Мишко Иванов Коментари (1)   
12.04.2010 12:34
 

 

Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, денеска со поставување на камен темелник ќе го означи почетокот на изградбата на инфраструктурата на технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2.

Основач е владата, ќе се гради на земјиште во сопственост на владата со вкупна површина од 95 хектари, на локалитетот Бунарџик.

На свеченоста се очекува да присуствува и премиерот Никола Груевски, како и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриска развојна зона, Марјан Јованов. Треба да пристигне и Архиепископот г.г Стефан.                                                                                                                                         http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=121963 

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 14-Apr-2010 at 06:14

Владата најголем инвеститор во „Бунарџик“

За две години Владата инвестирала најмалку 25 милиони евра во инфраструктура во сите македонски слободни економски зони, во кои наместо странски брендови, царуваат „шарените крави на големата ливада“

Владата е најголемиот инвеститор во слободните економски зони во земјава, покажуваат пресметките. Но, освен владините инвестициите во инфраструктурата и помпезните панделки и нови лопати, зоните останаа празни, без фабрики. Само за две од вкупно 11 години, колку што „Бунарџик 1“ постои, но само на хартија, инвестирани се речиси 25 милиони евра во слободните економски зони во земјава. Истовремено, милиони евра се исцицани од буџетот за водоснабдување, електрификација, гасификација, фекална и атмосферска канализација, проектни документи, геолошки елаборати, улиците, придружни објекти, огради, сообраќајници, терминал за товарни возила нивелација на парцели... се' тоа за пречек на странските инвеститори кои никаде ги нема. Нема информации колку чинела експропријација на земјиштето и други придружни работи за слободните економски зони во земјава. За сето тоа време вкупно две странски компании инвестираа во „Бунарџик 1“. По крахот со инвеститорите нема информации кои странски компании Владата планира да ги смести во „Бунарџик 2“, чија изградба почна завчера. Најавено е дека зоната може да издржи изградба на 20 фабрики, кои би вработиле околу 5.000 луѓе. За 95 хектари слободна економска зона ќе се потрошат 3,5 милиони евра од буџетот, а слична е цената и на најавените нови зони во Штип и во Тетово.

За Марјан Јовановски од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, не е веќе ова познатата ливада со шарени крави: завршена е експропријацијата на земјиштето и изградена е сообраќајна мрежа во должина од 7 километри. Единствено ги нема инвеститорите. Факт е дека странските брендови не сакаат да чујат за земјава и покрај големите бенефиции што им ги нуди Владата во слободните зони. Во „Бунарџик 1“ се најавуваа француски „Монтипе“, словенечка „Искра“, италијански „Орланди“, турски „Шишеџам“ и редица други, но сите се откажаа. Како последен грандиозен проект што власта бомбастично го најавуваше беше јужнокорејско-кинеската инвестиција на „Хаер и Тривју“, но засега нема ништо од тоа. Премиерот Никола Груевски објасни дека Корејците го пренасочувале производството од ЛЦД во ЛЕД-монитори, па затоа доцнеле. Тој и министерот без ресор Веле Самак веруваат дека следува голем инвестициски циклус во земјава, па затоа се гради нова зона иако првата зјае празна.

- Полека кризата ќе се намалува, ќе заминува и сакаме подготвени да го дочекаме тој период по една година и да имаме доволен простор за располагање, да не се случи некој да не можеме да го прифатиме само зашто нема изградено инфраструктура во зоната - изјави завчера премиерот Груевски.

За експертите, најавата за нов инвестициски циклус кој ќе ја „снајде“ земјава е само нов крах на Владата за да се прикријат ефектите од првиот циклус, кој не успеа.

- Го поздравуваме почетокот на изградбата. Мислиме дека тоа е вистински потег во вистинско време, имајќи предвид дека Владата очекува инвеститорски бум. Бумот почна со поставувањето на Веле Самак и Глигор Ташковиќ како министри за привлекување странски инвестиции. Потоа, визијата за инвестиции од 8 милијарди евра од март лани и најавата за инвестициски бум од 2011 година на премиерот Никола Груевски. Тоа реално не' доведува во опасност да немаме доволно капацитети и инфраструктура да ги примиме сите инвеститори. Под вакви околности прашање е дали и „Бунарџик 2“ ќе биде доволен за да ги смести сите странски инвеститори што доаѓаат. Уште сега треба да се размислува да се продолжи визионерството кон изградба на „Бунарџик 3“ - изјави економскиот аналитичар Ден Дончев.

Според него, треба сериозна анализа зошто и како земјите привлекуваат странски инвестиции. За него е погрешно да се промовира евтината работна рака како предност.

- Ако е така, тогаш зошто Сингапур и Хонг Конг го привлекуваат најголемиот дел од инвестициите во Азија кога најевтина работна рака има во Северна Кореја и во Лаос. Клучни се продуктивноста на работната сила, капацитетот за иновација и реалното образование на вработените. Ние заостануваме во овие три категории - Дончев.

Немањето стабилна политичка клима и бизнис-клима за него се основните проблеми што ги одвлекуваат странските инвеститори.

- По 20 години независност немаме стабилна политичка клима и некои од главните политички прашања се' уште се нерешени. Тоа не овозможува перцепција за стабилен поврат на капиталот што се инвестира. Инвеститорите сметаат оти е неисплатливо да се инвестира во земјава. А, перцепцијата за бизнисот е побитна од реалноста. Потребно е да изградиме стабилен имиџ, кој е побитен од 1.000 реклами. Само еден збор од менаџер на докажана меѓународна компанија ќе направи непроценлива штета споредено со добивката од рекламите - вели тој.

Според него, бизнис-климата се' уште е лоша бидејќи постојат големи бирократски процедури, премногу сложени законски прописи кои го отежнуваат бизнисот, економијата е нелиберализирана и не е лесно да се води бизнис. Тој смета дека „прво треба да ги решиме овие проблеми, а потоа да ги вознемируваме кравите на ливадите околу Скопје“.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1C8B06C117905C49AAB85183C2939443
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 14-Apr-2010 at 12:54
Британската компанија „Џонсон Мети“ денеска ја отвора својата фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона „Бунарџик“. Стартот на производството официјално ќе го означи премиерот Никола Груевски.

Почетната инвестиција во фабриката е 34 милиони британски фунти. Ќе се користи светска технологија за производство на катализатори за контрола на емисии на гасови за возила на лесни и тешки дизел горива. Капацитетот на фабриката е 4 милиони единици годишно, a производството е наменето за европскиот пазар. Досега во фабриката се вработени 128 лица, со тенденција тој број, како и инвестициите да се зголемуваат.

Британската компанија „Џонсон Мети“ годишно остварува 12 милијарди долари приход и има 10.000 вработени во 50 земји.

По „Џонсон контролс“, ова е втора фабрика во економската зона Бунарџик. Се работи на реализација и на корејско-кинеската инвестицијата за производство на ЛЦД монитори.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122037

Одлична вест! Иако мислев дека веќе подолго време оваа фабрика работи.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.230 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.