build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Скопје - Бунарџик

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 14-Apr-2010 at 17:17
Не дека гледам црно ан работите, но што е толку одлично? 128-те вработени ли? Или веќе 12 годишните ветувања од страна на секоја влада за економски бум и зона покрај Скопје со 20 000 високо стручни вработувања? Што фактички би овозможило егзистенција на најмалку 40 000 души. Крајно време е народот да престане да се задоволува со трошки, а да ги подигне очекувањата во таа мизерна земја, тотално слепо црево на Европа и на Балканот!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 05-May-2010 at 17:43
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 15-May-2010 at 12:24

Италијанската „Текнохозе“ ќе инвестира во Бунарџик

Италијанската компанија „Текнохозе“ ќе инвестира во производствен капацитет во слободната зона Скопје 1- Бунарџик

За таа цел во вторник Антонио Витило, сопственик на компанијата, и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Марјан Јованов ќе потпишат договор за закуп на земјиште во слободната економска зона. Според неофицијалните информации, „Текнохозе“ ќе произведува армирани гумени црева, кои се употребуваат во автомобилската индустрија и во градежништвото. Инвестицијата на италијанската компанија беше најавувана од вицепремиерот Зоран Ставрески уште во јануари минатата година. Според тогашните најави, италијанската фабрика требаше да почне со производство во период од шест месеци.

Потпишувањето договор за закуп на земјиште ќе биде во рамките на италијанско-македонскиот бизнис-форум, кој идната недела ќе се одржи во Скопје. На форумот ќе присуствува заменик-министерот за економија во Владата на Италија, Адолфо Урсо, и ќе учествуваат 35 италијански и 60 македонски компании.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=515101031375&id=10&prilog=0&setIzdanie=21984
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 18-May-2010 at 17:58
Ќе тргне инвестицијата чим овој паднал. За среќа!

„Текно Хозе“ ќе инвестира 10 милиони евра во Бунарџик

Александар Момировски Коментари (5)   
18.05.2010 13:50
 

 

По две години откако ја купија празната тајванска хала во Бунарџик денеска потпишаа договор за закуп на земјиштето во слободната економска зона.

Италијанците од „Текно Хозе“ конечно ги открија своите бизнис планови за инвестиции во Македонија. Велат дека се повлекле поради кризата, но сега ветија дека догодина ќе почнат со производството.

„Нормално тоа ќе зависи од тоа кога ќе успееме да ја прилагодиме халата за нашите потреби, меѓутоа можам да ви гарантирам дека во текот на следната година, ние веќе ќе произведуваме“, изјави Антонио Витило - „Текно Хозе“.

„Се работи за површина од два хектара, кое е земјиште кое се оценува под објектот кој го купија во крајот на 2008 година“, рече Марјан Јованов - Дирекција за слободни економски зони.

Во својата прва инвестиција на странски пазар „Текно Хозе“ се обврза дека за пет години во Македонија ќе инвестира 10 милиони евра и ќе вработи 150 луѓе. Во Бунарџик ќе произведува цевки и спојки за висок притисок пред се за рускиот пазар. Дојде да инвестира, но за малку ќе настрадаше.

Главниот менаџер на „Текно Хозе“ денеска падна од бината на италијанско-македонскиот бизнис форум, но за среќа се се заврши добро.

Италија и Македонија денеска потпишаа договор засилена економска соработка и меѓусебни инвестиции, а групи од десетици бизнисмени од двете земји во текот на денот остварија меѓусебни средби.

 

 

Makfax: Италијански инвеститор падна од бина во Скопје

Првиот италијански инвеститор, кој се реши да гради фабрика во Македонија, вредна десет милиони евра, доживеа непријатност денеска во Скопје, откако падна од бината при потпишувањето на договорот.

Незгодата се случи за време на Македонско-италијански бизнис форум во Скопје, на кој присуствуваа македонскиот министерот за економија Фатмир Бесими и италијанскиот заменик-министер за економија, Адолфо Урсо заедно претставници на триесетина италијански и над 90 македонски компании.

Претставникот на италијанската групација ВИТИЛО, Антонио Витило во еден миг го снема од бината, при потпишувањето на Декларација за зајакнување на регионалната соработка во значајни области.

Витило се повлече чекор наназад, најверојатно да направи повеќе простор, но незнаеше дека стои на крајот од бината, која беше висока околу еден метар.

За среќа, италијанскиот бизнисмен мина без повреди и во манир на вистински италијански шармер веднаш се крена на нозе и со насмевка на лицето се врати на бината, каде што потпиша договор за инвестирање во Македонија.

Компанијата, која што ја застапува господинот Витило, наскоро ќе отвори фабрика во Македонија, во која што е предвидено во првите пет години да инвестира најмалку десет милиони евра.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123283
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 29-Jun-2010 at 16:32

Три вју ги пробива роковите- наместо багери, рамно поле на Бунарџик

Дали е пред пропаѓање инвестицијата на јужнокорејската Три вју? Утре истекува рокот кога оваа компанија заедно со кинеската Хајер требаше да почне со изградба на фабрика за ЛЦД монитори на Бунарџик.

Неофицијално дознаваме дека договорот со оваа компанија е потпишан на 30 септември лани. Согласно законот за технолошки зони во наредните 9 месеци требало да стартува изградбата. Што значи рокот е 30 јуни годинава.

Но на терен ништо не се гради. Три вју има потпишано само договор за закуп на земјиштето.

- Сето она што е врз основа на договорот со таа или со било која друга компанија ќе се постапи врз основа на сите тие договорни процеси. И ако постои некакво прекршување соодветно ќе се постапи, досега немало прекршување, вели Виктор Мизо, директор на Агенцијата за странски инвестиции.

Влезот на јужнокорејско- кинеската компанија лани го најави Владата заедно со кинескиот амбасадор во земјава. Првично требаше да се вложат 9 милиони евра, да се вработат 300 луѓе, а изградбата на фабриката се најавуваше дека ќе заврши до мај годинава.

И додека грин филд инвестициите тешко се реализираат, се промовира нова инвестиција од Бугарија во услужната дејност. Софика груп нуди сервис за опслужување на компаниите преку кол центар, организирање кампањи и други услуги. Најавува влог од 7 милиони евра и нови 100 вработени.

29.06.2010, 16:27
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=62206
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 29-Jun-2010 at 16:40
abe premierov nas neviden baksuz e Big%20smile kaj kje frli lopata znaj deka tamu samo treva niknuva 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 29-Jun-2010 at 17:03
Нишката е индустриски објекти и зони. Кој каде фрлал лопата не е предмет на расправа, а најмалку дали тоа се покажувале како успешни инвестиции или не. Во секое нормално општество, фирми нови се раѓаат и стари пропаѓаат. Така да, да не го почнуваме тој муабет ќе замолам.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 29-Jun-2010 at 17:08
pa i tuka zboruvame za industriski objekti i zoni.tocno e toa deka novi firmi se ragjaat i propagjaat ama kaj nas toa ne e slucaj.KAJ NAS SAMO PROPAGJAAT
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 29-Jun-2010 at 17:11
лсл, проблемот овде е што повеќепати најавуваната инвестиција сеуште ја нема, а не дали таа ќе биде исплатлива за инвеститорот. Нема ама баш ништо спорно некој да искоментира за нереализирањето на политичките ветувања и најавените инвестиции, се разбира доколку тие коментари се без гола политичко-партиска заднина, но таквите тенденции во дискусиите секако треба да ги избегнуваат сите.
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 29-Jun-2010 at 20:27

Пропаѓа Кинеско-Корејската инвестиција во Бунарџик?

Александар Момировски  
29.06.2010 18:57
 

Пропаѓа Кинеско-Корејската инвестиција во Бунарџик. Утре е последниот ден кога Хајер и Тривју требаше да почнат да ја градат фабриката за компјутери и ЛЦД монитори во слободната економска зона.

Дека рокот истекува, за А1 потврдија и од дирекцијата за слободни зони. Од таму велат дека инвеститорот со кој е потпишан договорот требал да почне со градба во рок од девет месеци од денот на потпишувањето на договорот за закуп на локација во Бунарџик. Последниот ден истекува на 30 јуни.

Првиот човек на Агенцијата за привлекување странски инвестиции вели дека Владата ќе постапува по договорот, иако не обелодени детали за тоа дали Хаjер и Тривју ќе добијат друга шанса.

„Сето она што е врз основа на договорот кој постои со таа или било која компанија, ќе се постапи врз основа на сите тие договорни процеси и ако постои некакво прекршување, соодветно ќе се постапи. До сега, немало прекршување“, вели Виктор Мизо, директор на Агенција за странски инвестиции.

 

Според македонските закони во ваков случај кога не се испочитувани роковите за почеток на изградба договорот треба да биде раскинат, а земјиштето повторно се враќа во рацете на државата. Влезот на Хајер и Тривју во Бунарџик со инвестиција од девет милиони евра и вработувања на повеќе од 100 луѓе, беше најавен на голема врата. Гостите беа пречекани на највисоко владино ниво. Еве што тогаш изјави еден од странските менаџери.

„Самото лоцирање на активностите овде во Македонија ќе ни овозможи непречен влез до европскиот пазар, за разлика од локацијата Азија. Исто така конкурентната цена на работната сила во РМ беше еден од решавачките фактори да ја пренесеме нашата активност и овде“, рече Џон Шен, потпретседател на Тривју, во септември 2009-та.

Слободните економските зони беа еден од главните адути за привлекување инвеститори. Во овие локации каде важат бесцарински правила и даночни ослободувања засега работат само две компании.

Празните зони се правдаат со економската криза и дома и во странство. Неодамна Владата фрли лопата на уште една зона во Скопје и на уште една во Тетово.

 
Браво за владата тооооо !!!
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 01-Jul-2010 at 14:52
cccc

Рокот за изградбата на фабриката во Бунарџик е пробиен

Александар Момировски Коментари (3)   
30.06.2010 15:57
Виктор Мизо

 

Рокот е пробиен, инвеститорите ги нема, а Владата допрва ќе одлучува што ќе преземе по пропаѓањето на Кинеско - Корејската инвестиција на Бунарџик. На последниот ден кога Хаер и Тривју требаа да ги постават темелите на фабриката за компјутери и ЛЦД монитори, на Бунарџик ниту трага ниту глас од нив.

Наместо фабрика, празна ливада. Овде беше планирано да се гради производствениот погон на Хаер и Тривју. Наместо тоа двете компании и се приклучија на непопуларната група инвеститори кои се откажаа од Бунарџик.

Македонските закони предвидуваат раскинување на договорот веднаш штом ќе истечат роковите, но официјалниот став на Владата е дека ќе чека заедничка информација за случајот од Агенцијата за странски инвестиции и дирекцијата за слободни економски зони. Врз основа на тие информации ќе одлучи што понатаму.

Сепак неофицијално се дознава дека пред две недели во Владата биле претставници на кинеската Хаер кои кажале дека од нивна страна се уште има интерес, но инвестицијата виси поради нарушени односи со нивните јужнокорејски партнери од Тривју.

Првиот човек на Агенцијата за странски инвестиции вчера најави дека ќе се постапува според прописите.

„Сето она што е врз основа на договорот кој постои со таа или било која компанија, ќе се постапи врз основа на сите тие договорни процеси и ако постои некакво прекршување, соодветно ќе се постапи“, рече Виктор Мизо, директор на Агенција за странски инвестиции.

Ако се реализираше влезот на Хаер и Тривју ќе беше една од ретките инвестиции од далечниот исток во Македонија. Кинеско-Корејската инвестиција во земјава беше најавена на голема врата. Лани во септември гостите беа пречекани на највисоко владино ниво.

Со договорот со Владата за закуп на локација во Бунарџик ветија инвестиција од девет милиони евра и вработување на повеќе од 100 луѓе. Наместо тоа оставија само трева и грмушки.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124809
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 01-Jul-2010 at 15:38
Да имавме некој дефицит во градежно земјиште за индустриски објекти, и да има некоја гужва и тепачка за слободна маркица, па да разберам да треба инстантно да се реагира и да се раскине договорот. Ама нема потреба од брзање уште прв ден, има простор да бидеме пофлексибилни.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 17-Jul-2010 at 16:57
ВЛАДАТА СЕ МИСЛИ ЗА ДОГОВОРОТ СО ЈУЖНОКОРЕЈСКИОТ КОНЗОРЦИУМ
„Хајер“ останува, „Тривју“ си оди?

Рада И. Маневска

Владата се уште не решила што ќе прави со договорот потпишан со кинеско-јужнокорејскиот конзорциум „Хајер и Тривју“ за изградба на фабрика за компјутери и за ЛЦД во „Бунарџик“, истечен на крајот на минатиот месец. Сепак, се надева дека инвестицијата нема да пропадне бидејќи кинескиот производител на компјутери „Хајер“ најавил дека нема да се откаже од инвестицијата.
- Прво треба да се заврши процедурата за веќе потпишаниот договор со конзорциумот, па потоа да се види што ќе се прави со еден од инвеститорите. Владата се уште не решила што ќе прави со договорот што истече минатиот месец – вели Виктор Мизо, директорот на Агенцијата за странски инвестиции
Од Владата објаснуваат дека причината за пробивањето на рокот на изградба на фабриката била што еден од инвеститорите, јужнокорејскиот производител на ЛСД „Тривју“ имал финансиски проблеми, додека Кинезите биле заинтересирани сами да градат во „Бунарџик“.
Владата сега се мисли дали да му даде втора шанса на кинескиот производител на компјутери „Хајер“ и да ја спаси најавената инвестиција.
Стручњаците толкуваат дека според нашето, но и меѓународното законодавство, не може да се поништи договорот ако еден од инвеститорите сака да ја реализира инвестицијата.
- Доколку инвеститорот што не сака се повлече од најавената инвестиција е сериозен во намерата и при тоа нема суштински промени во постојниот договор тогаш Владата и инвеститорот само треба да се договорат за новите рокови на почеток и на крај на инвестицијата - вели професорот Осман Кадриу.
Според него, состојбата битно би се променила ако Владата или инвеститорот бараат да се вметнат нови содржини во договорот. Тогаш ќе треба да потпишат нов договор.
Но, вели тој, треба да се има резерва во сериозноста на инвеститорот.
- Досегашната практика покажа дека странските инвеститори, главно, се повлекуваат поради правната несигурност и другите проблеми што ги имаат во државава, кои ги спречуваат брзо да ја реализираат инвестицијата - објаснува Кадриу.
Аналитичарите коментираат дека одливот на инвестициите се должи на тоа што во Македонија покрај продолжената криза, постои и нееднаков третман на инвеститорите. Во Владата, пак, објаснуваат дека такви движења биле разбирливи во година на економско заздравување, каква што е оваа, но дека ќе има крупни инвестиции во наредниот период.
Нема од каде да дојдат нови инвестиции, а главната причина за намалената активност на компаниите е економската криза и состојбата во Грција, оцени деновиве и Виенскиот економски институти. Тој прогнозира дека годинава во државава нема да дојдат повеќе од 150 милиони евра странски инвестиции.


Инвестиции само во најава


Податоците на Народна банка на Македонија говорат дека во првиот четири месеци од годинава во државава се остварени 20 милиони евра помалку инвестиции од лани. До април годинава се остварени 70 милиони евра странски инвестиции, а лани во истиот период биле остварени 90 милиони евра.
Трендот на одложување на инвестициите почна уште минатата година. Францускиот „Монтипе“ ја одложи градбата на фабриката во „Бунарџик“, хрватски „ Агрокор“ не почна да гради, нема ништо и од изградбата на „Сончев град“ на Водно, а ТАВ само ги презеде аеродромите и се уште ништо не инвестира. Турската „Шише џам“ неколкупати го одложува почетокот на градбата на фабриката, а италијанската компанија „Текнохозе“, потпиша договор за закуп на земјиште во слободната зона „Бунарџик“, но од инвестицијата нема трага.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=2071&ArticleID=144772
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 19-Jul-2010 at 17:40
Triview се повлекува од инвестицијата во Бунарџик, Haier самостојно ќе го реализира проектот

Скопје, 19 јули 2010 (МИА) - Јужнокорејската компанија Triview се повлекува од заедничкиот проект со кинеската компанија Haier за изградба на фабрика за производство на ЛДЦ телевизори и монитори во скопската технолошко-индустриска зона Бунарџик. Групацијата Haier соопшти дека има намера самостојно да продолжи со проектот. 

- Поради глобалната финансиска криза и прашања поврзани со Triview International, заедничкиот проект на Triview и Hit (Haier Information Techonogy), за инвестирање во Техничко-индустриската развојна зона Скопје 1 не е повеќе оперативен. Би сакале сепак да ви соопштиме дека Haier има цврста намера самостојно да го реализира инвестицискиот проект кој беше во фаза на планирање речиси две години, и во моментот е во финалната фаза – започнување на проектните активности, се наведува во писменото соопштение од Haier Group.

Од Haier им се заблагодаруваат на Владата, нејзините институции и на „Инвестирајте во Македонија“ за сета помош дадена во овој период и нагласуваат дека неуспехот да се реализира потпишаниот договор за заедничка компанија на ниту еден начин не е грешка на македонските институции.

На 16 септември лани во Бунарџик беше поставен камен-темелник за изградба на фабрика за производство на ЛДЦ телевизори и монитори, која требаше да биде заедничка инвестиција на Triview и Haier во вредност од девет милиони евра. Со производство фабриката требаше да почне во мај годинава.

„Haier“ е најголем производител на компјутери во Кина и еден од најголемите во светот, додека Triview е меѓу најголемите јужнокорејски компании за производство на монитори, телевизори и ЛЦД телевизори. бак/са/16:36

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=75614032&lId=1&pmId=504
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 27-Sep-2010 at 12:31
Со „Хаиер“ допрва ќе се преговара за фабриката

Во октомври доаѓа преговарачкиот тим на компанијата, а неизвесно е кога ќе стартува проектот

Маја Томиќ


Дали има шанси последната најавена инвестиција на „Хаиер“ во зоната „Бунарџик“ да се реализира или, пак, и таа ќе остане во купчето веќе подзаборавени странски компании што закочија во фазата на меморандуми за инвестирање. Откако во јули годинава кинеската „Хаиер“ го раскина партнерството со јужнокорејската „Тривју“ за инвестирање во „Бунарџик“, од компанијата информираа дека продолжуваат сами, односно дека не се откажуваат од проектот.

Ниту тогаш ниту во изминатите два месеца не беше кажано нешто поконкретно, кога и како се стартува со реализација на инвестиција, а не се пласираа ни некои нови информации. Се' уште не се знае колкаво земјиште ќе биде земено под закуп, дали истото или некое друго и кога ќе се стават темелите и ќе почне производството.

Од Агенцијата за странски инвестиции информираат дека кон средината на октомври главниот човек на тимот што е одговорен за оваа инвестиција треба да дојде на преговори со Владата. Од тие преговори, велат во Агенцијата, потоа требало да произлезе нешто поконкретно. Кинезите ќе дошле и порано, велат од оваа институција, но не можеле затоа што во Кина не се работело неколку дена поради државен празник.

Значи, останува неизвесноста и околу реализацијата на вложувањето, иако од Агенцијата се децидни дека проектот нема да пропадне, затоа што досега такво нешто не било посочено од „Хаиер“.

Инаку, во почетокот на јули „Тривју“ се повлече од заедничкиот проект со „Хаиер“ за изградба на фабрика за производство на ЛЦД-телевизори и монитори во „Бунарџик“. Во писменото соопштение беше кажано дека причината за тоа е глобалната криза, но дека „Хаиер“ има цврста намера самостојно да го реализира инвестицискиот проект што беше во фаза на планирање околу две години и сега се наоѓал во финална фаза, односно започнување на активностите. За новонастанатата состојба со неуспехот на договорот како виновни не беа посочени македонската Влада и институциите.

Инаку, лани на 16 септември во „Бунарџик“ беше направена промоција на почетокот на заедничка инвестиција на двете компании, а вредноста се проценуваше на девет милиони евра. Беше најавен брз старт на ставање на темелите и почеток на производството во мај годинава, а притоа директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо, изјави дека целата потребна документација за оваа инвестиција ќе биде завршена за три недели, а потоа ќе биде удрен и камен-темелникот.

Владата претходно, есента 2008 година, имаше потпишано меморандум за разбирање со „Тривју“, а кон средината на март 2009 година „Тривју“ и „Хаиер“ склучија меѓусебен договор за заедничка инвестиција во „Бунарџик“.

Инаку, според претходната верзија на инвестицијата на „Хаиер“ и на „Тривју“, требаше да се закупат 7.300 квадратни метри од „Бунарџик“ и да се вработат за почеток околу 100 лица.

„Хаиер“ важи за најголемиот производител на компјутери на кинескиот и на светскиот пазар.

http://www.time.mk/read/NONE/a1907c5bef/index.html


„Текнохосе“ се подготвува за „Бунарџик“

Италијанската компанија „Текнохосе“ која треба да гради фабрика за армирани гумени цевки во Бунарџик тврди дека нема да има поголеми одложувања во реализацијата на инвестицијата, иако и по четири месеци од потпишувањето на договорот за закуп на земјиштето на терен се уште не се почнати градежни активности. Според првичните најави на Италијанците, производството на автомобилските делови во технолошката зона треба да почне од наредната година, но на терен се уште не е почнато со пренамената на зградата што пред две години ја купија од Тајванците. Од фирмата велат дека во изминатите месеци работеле на проектот за реконструкција на објектот кој е завршен. Во тек бил избор на градежни компании кои ќе ја градат фабриката, а во наредните неколку недели ќе почнеле и со избор на работници. -Не планираме некои посебни одложувања на процесот. Почетокот на активностите најмногу ќе зависи од времето на реконструкција на зградата и од обуката на персоналот во Италија - вели Селена Панесе од „Текнохозе“. Италијанците по двегодишно одложување на инвестицијата, договор за закуп на земјиштето потпишаа годинава, во мај. Според Законот за слободните економски зони, Владата еднострано го раскинува договорот доколку инвеститорот во наредните девет месеци од денот на потпишувањето не почне со градба. Инаку, инвестицијата на „Текнохосе“ се проценува на девет милиони евра и треба да обезбеди вработување за 150 луѓе.

С. М.

http://www.time.mk/read/NONE/f89d7397ba/index.html




Edited by Мартин - 27-Sep-2010 at 12:32
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 21-Jan-2011 at 14:32

„Петрохемикал комершал“ доаѓа во Бунарџик


Иранската компанија „Петрохемикал комершал“ (ПСС) доби зелено светло од македонската влада да инвестира во слободната економска зона Бунарџик

 
 
%20  

Во слободната зона место колку сакаш

По прелиминарните преговори во декември, кои се држеа во тајност, иранско-британскиот конгломерат деновиве добил сигнал да подготви детален бизнис-план и акциска програма за планираната инвестиција, дознаваме од доверливи извори. Се очекува наскоро нивна делегација да допатува во нашата земја и да биде потпишан меморандумот за разбирање. Инвестицијата се проценува на над 100 милиони и евра и како што вели Колин Џефри, претседател на Советот на странски инвеститори, тоа ќе биде најголема странска инвестиција досега.

Од Владата не излегуваат со детали, нагласувајќи дека додека не се потпише меморандум за разбирање и компанијата не донесе конечна одлука, не е коректно да се креираат какви било очекувања. Нашите сознанија покажуваат дека се работи за една од најголемите компании на Блискиот Исток, чија дејност е маркетинг и продажба на петрохемиски производи. Компанијата има девет странски претставништва во Англија, Германија, Кина, Сингапур, Индија, ОАЕ, Јужна Кореја, Турција и соработка со над 30 агенти во целиот свет. Клучните области на дејствување се производство и трговија со хемикалии, полимери, вештачки ѓубрива и со течни гасови. Во однос на инвестицијата во Македонија, предвидувањата се таа да се реализира во неколку сегменти - дел во слободната економска зона Бунарџик и дел надвор од неа.

Она што се знае е дека инвестицијата во Бунарџик ќе биде двојно поголема од онаа на „Џонсон Мети“ и директно поврзана со автомобилската индустрија. Надвор од Бунарџик, Иранците понудиле голем проект во агросекторот, за производство на храна, тврдат нашите извори. Доаѓањето на „Џонсон Мети“ од страна на економските експерти беше оценето како стратегиски важна инвестиција, заради предвидувањата дека до 2013 година компанијата може да обезбеди извоз од четири до пет милијарди долари, што ќе го стопи трговскиот дефицит. Слични се очекувањата и од доаѓањето на Иранците.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12111952409&id=10&setIzdanie=22186
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 21-Jan-2011 at 18:35
dzonson meti -izvoz od 4 do 5 milijardi pa nasiot dbp e 6 milijardi samo ne veruvam deka imaat kapacitet i deka kje dostignat izvoz vo milijardi.ima li nekoj informacii kolku izvoz ostvaruva dzonson meti?
Back to Top
Stefano View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 28-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Stefano Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 22-Jan-2011 at 14:31
Само за информација компанијата не е сеуште ниту во топ 100 компании, а бројките од 4-5 милијарди долари извоз се сеуште на жалост само научна фантастика, доколку прават таков извоз јас би им ја отстапил цела МК на концесија а не само Бунарџик, во прилог информација од Капитал, извор http://www.kapital.com.mk

Во последното издание на неделникот Капитал излезе специјално издание Топ 100 извозници во Македонија. Фени Индустри, производителот на феро никел е најголемиот извозник од Македонија, со извоз од над 500 милони долари.

Фени, учествува со над 15% во вкупниот македонски извоз. На 5-тото место се наоѓа уште една кавадаречка компанија, станува збор за ИГМ Трејд, со извоз од над 60 милиони долари.

Најголем број на фирми во топ 100 извозници се со седиште во Скопје, вкупно 40 додека Кавадарци учествува со 3 компании, освен Фени Индустри и ИГМ Трејд во лисата на 20-тото место се наоѓа и Алајанс Уан која се занимава со тутунска индустрија.

Уште еден интересен податок, компаниите со седиште во Скопје(вкупно 40) прават 50% од вкупниот извоз на Македнија, додека компаниите од Кавадарци 33%. Останатите 17 посто го прават компаниите од останатите градови низ Македонија.




Edited by Stefano - 22-Jan-2011 at 14:33
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 22-Jan-2011 at 17:01
stefano daj link za top 100 kompanii
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 168
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 22-Jan-2011 at 18:54
Ne veruvam deka listata ja ima online. Toa bese pecateno izdanie na Kapital kade sto bea rangirani top 100 makedonski kompanii spored istrazuvanjeto na Deloitte za Top 100 Adria. Kapital samo gi imaat izvadeno makedonskite kompanii od posirokoto istrazuvanje na Deloitte koi gi imaat javno objaveno samo prvite 100 vo Jadranskiot region. Eve gi Adria top 100: http://www.deloitte.com/assets/Dcom-Croatia/Local%20Assets/Documents/2010/Adria_Top_100_Ranking_2010_EN.pdf
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.164 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.