build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Природни убавини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Матка

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Petar View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 269
  Quote Petar Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 11-Jun-2012 at 16:03
Dobri sliki!
Doteraj gi samo malce na White Balance i Contrast
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 12-Jun-2012 at 00:28
еве јас нешто пак чачкав околу сликите

By gjokomkd at 2012-06-11[/IMG]
By gjokomkd at 2012-06-11[/IMG]
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 17-Jun-2012 at 13:47
Матка во срцето

По патот долг 138 километри, пробивајќи се низ карпите и "дивината" на кичевскиот предел и секако Порече, својот мир, својата "бонаца" реката Треска ја наоѓа во мреѓието на кањонот на Матка. Велам, мреѓието, и заради многулетноста и заради дивоста, но пред сè заради духовноста.

Си реков: Матка е тука, блиску е, нема да ни треба многу пат и брзо ќе завршиме работа.
Планот беше да ги посетиме сите цркви и светилишта, да скокнеме до Врело, да се напиеме кафе во планинарскиот дом, да го посетиме ловиштето, да... и сето тоа во еден ден.
Не, драги мои. Тоа Матка не го дозволува. Нè влечкаше од место до место, ни го забавуваше чекорот, нè заморуваше... сè со цел да не брзаме, да не итаме, да не протрчаме низ неа, туку да застанеме и да се замислиме, на пример, зошто старите древни храмови се изградени високо во карпите, зошто ,змиското грозје испушта портокалова боја или, пак, зошто во пропастите и пештерите се крие толку многу мистичност. Не, Матка не ни дозволи да ја потцениме.

На само 15 километри југозападно од Скопје, во долниот тек на реката Треска е создаден објект на - ПРИРОДАТА. Како и да го погледнете: геолошки, геоморфолошки или хидролошки, останувате без здив. Ова величествено дело на природата, со висина на страните од 1.000 метри, со стрмни засеци над 250 метри, е создадено со вертикалната ерозија на реката Треска во текот на "Господ само знае" долгата геолошка историја...
Авантурата започнува на едно километар-два над селото Матка. Тргнуваме кон црквата "Св. Спас", сместена на планински рид висок околу 600 метри. Се искачуваме во еден молк. Здивот го чувавме за оној миг кога ќе стигнеме на целта, да се има сила длабоко да се наполнат белите дробови.

Стигнуваме до еднокорабната црквичка "Св. Спас". Ѕиркаме низ прозорчето, но не успеавме да го најдеме клучот и да влеземе во неа. Пишаните документи раскажуваат дека станува збор за средновековна градба (доцен 14 век), која најверојатно е градена врз култен објект поврзан со силниот култ кон свети Спас, што месното население го поистоветува со оваа црква...
На десетина чекори подолу забележуваме дрвен знак на кој со рака е напишано "Св. Ѓорѓија". На одбележаниот простор оставени тули. Нечија желба... или намера?! Но ние ја бараме "Света Троица" или
"Св. арангел Михаил". Знаев дека е тука. Но каде ли беше? Вртиме во круг, барајќи ја локацијата и одеднаш - еве ја!

Повеќе камени архитектонски делови, кои според историчарите и тополошките карактеристики датираат од раноримскиот и доцниот антички период. Една убава "сцена". И повторно во едни вакви мигови, како и секогаш – го допирам каменот, небаре ќе ми ја раскаже приказната стара десетина векови... Но, верувајте, тоа секогаш се случува. Под тој студен допир извира топлина што ве потсетува и на вечноста и на смртноста. Ве прави мали како зрнце песок и ве воздигнува со можност да оставите трага, своја сопствена. Дел од себе и од својата енергија.

Сонцето веќе силно пече. Минуваме по еден тесен карпест рид наречен Аргачине. Се искачуваме, а јас ништо не успевам да забележам. Да, Марковиот град тешко се уочува. Доколку не го познавате теренот или немате некој да ве води, тешко дека ќе го забележите. Знаеле предците каде да ја направат својата тврдина. Да ги штити од злото, од непријателот, од небрежникот. Тогаш и денес.
Но кој бил владетелот или газдата на Марков град? Постојат две можности: во средниот век се претпоставува дека бил утврден манастирски комплекс со црква и конаци, но исто така е можно да било феудална тврдина со благородничка црква. Тука, записите велат, живеел Бојко, благородник, господарот на Матка.


Од благородничката црква денес... многу траги. "Света Недела" е мала еднокорабна црква. Се забележува дека имала широки ѕидови изработени од кршен и делкан камен-варовник, со користење и на тули и тегули. Живописот е видлив, но сепак и тешко се распознава. Народот сепак си го сака ова место. Беа оставени свеќи, темјан и масло, дури имаше и кибрит, да запалите свеќа. Ваше е дали ќе оставите нешто од себе. Историјата, пак, сè уште не го одгатнала прашањето кој е ктиторот?

"По волјата на Бог отец седржител и со помошта на синот единороден и со содејствието на сепресветиот дух се создаде и се исписа овој свет и божествен храм, во име на светиот славен врвен апостол Христов прозвани Андреј"... Ова е дел од натписот што се наоѓа веднаш над западната влезна врата од убавиот и полн со легенди манастир "Св. Андреј", сместен во срцето на Матка. И не можело да се пронајде поубаво место во овој дел на "светот", во ова мало парче чудесно по душата што ја дава за секој што со отворено срце влегува во него. Денес, можеби е лесно да се дојде до него. Со автомобил за час, но ме замисли како ли било во 1389 година, кога вториот син на Волкашин, Андреаш, го изградил! Како во старо време се "ползело" дотука? Кога часови требало за да се пристигне, а уште згора и товар да се носи!

Црквата е можеби со мала градба и можеби фреските не се импозантни по својата големина. Но затоа двата циклуса свесно избрани светителски фигури раскажуваат и раскажуваат. Само доколку сакате да слушате.
Но нас, времето нè газеше. Чамецот веќе беше подготвен да нè вози кон Врело.

Се возиме со чамецот, нестрпливо осврнувајќи се ту лево ту десно. Мислев, ќе ги видам, во својата природа, во нивниот извонреден лет... да, белоглавите орли. Но, толку малку останаа. Не ги видов. Барем не тој ден. Но ги видовме високите гнезда сместени во карпите. По некои триесетина минути стигнавме до Врело, една мистично убава подводна пештера за која ќе речам "Господ знае само колку е длабоко". Досега се истражени 500 метри хоризонтално и 212 метри вертикално... длабоко, навистина длабоко "сино"... Меѓу најдлабоките во Европа. Но статистиката тука и не е важна. Важна е приказната, а таа вели дека не смеете да живеете во градот Скопје и да заборавите на ова место, па едно десетина години и да не отидете да го видите. Толку од близината или, пак, од небрежноста. А во пештерата Врело, која патем е целосно приспособена за туризам, ќе ги сретнете и колониите лилјаци и барем ќе им објасните на своите деца дека тоа не се грозни животинчиња туку, напротив, многу корисни ендемски суштества. Ќе ја чуете и приказната за "руското езеро", бидејќи во него зиме првпат се избањал рускиот амбасадор во Македонија. Не знам дали е точно, но приказната е шармантна.

Приказната тука ја завршувам. Исполнив само еден дел од зацртаното. Не, Матка не може да се види во еден ден. Затоа е и убава. Приказната секогаш продолжува... За Матка-мајката родителка, за "Св. Богородица" - храмот на денешниот женски манастир изграден во 14 век, за манастирот "Св. Јован Златоуст", за Марковата Нога, за Градец, за...

А дали знаете дека во кањонот на Матка е зачувано и извонредно богатство на автохтона флора и вегетација со истакнати реликти и ендемити. Во пукнатините на карбонатните карпи се среќава и наталиевата рамонда, едно растение што се користи за компресирање на храната за астронаути.

Ех, оваа моја чудесна земја!

http://www.istrazijamakedonija.com.mk/matka.aspx
Back to Top
Ines View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Oct-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ines Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 03-Oct-2012 at 08:31
Matka vo esen






Edited by Ines - 03-Oct-2012 at 09:04
Back to Top
Ines View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Oct-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ines Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 03-Oct-2012 at 08:35



Edited by Ines - 03-Oct-2012 at 09:05
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 30-Dec-2012 at 13:14
Фото-репортажа: Пештерите на Матка
29.12.2012 - 13:46:52
    
Врело, најпознатата од десетината пештери во кањонот Матка, која беше номинирана во изборот за едно од седумте светски чуда, досега е истражувана неколку пати. Според теоријата на научниците се претпоставува дека „Врело“ е длабока 330 метри, односно дека е најдлабока подводна пештера во светот.

Тесниот кањон на долниот тек на реката Треска, сместен 15 километри северозападно од Скопје опфаќа 5.000 хектари од прекрасното езеро Матка, стрмни планински падини, возбудливи пештери и живописни средновековни манастири. Благодарение на својата исклучително добра положба во близина на Скопје, кањонот Матка го привлекува локалното население, но и туристите од целиот свет. Тука се наоѓаат и десет пештери, од кои најкратката е долга 20 метри, а најдолгата е долга 193 метри и ја сметаат за најдолга пештера во Европа. Кањонот Матка го одликуваат и две стрмни карпи кои се високи околу 35 метри и се вистински предизвик за алпинистите.
Ендемски видови растенија и животни
Матка е седиште на бројни и разновидни билки и животни, меѓу кои некои се и единствени во регионот на Балканот. Во кањонот има 1000 растителни видови, од кои 20 се локални, како и разни видови пеперутки кои не можат да се најдат на друго место во Европа. Исто така, тука живеат и два вида на пајаци и пет вида шкорпии кои се уште не се видени на други места. Сепак, најпознат животински вид во Матка се пеперутките. Според мислењето на експертите, тука се наоѓаат 119 дневни и 140 ноќни видови, од кои многу се ендемски. Во кањонот живеат и лешинари, како и белоглавиот орел, кои се заштитени со закон за да се зачуваат од истребување.
Возејќи се со бротче низ кањонот можетеда уживате во величенственото опкружување, во мирисот на билките и црцорењето на бројните птици кои овде живеат.


Пештерска убавина
Од десетина пештери во спелеолошкиот парк „Јовица Гроздановски“, Врело е единствената пештера која во моментов функционира како туристичка атракција. Нејзината непосредна близина до езерото Матка ја прави најпогодна за туристичко искористување. Двете пештерски езера и неколкуте убави и големи пештерски галерии, ја прават Врело интересна за посетителите. Вистинската убавина може да се долови однатре, кадешто се сретнуваат прекрасни пештерски украси. На средината на пештерата се наоѓа огромен сталагмит во вид на шишарка. Во моментов до Врело може да се стигне единствено со чамец, тргнувајќи од пред платото на црквата Св. Андреа.
Дотаму има шест километри. Пештерата Врелосе наоѓа 50 метри над езерото. Таа е целосно туристички уредена со патеки кои се наменети за движење на посетителите.
Пештерата е поделена на три сали, познати како: концертна сала, сала на сталактити и сала на езерата.Салата на сталактитите и концертната сала ги дели импозантниот сталагмит од два метри во облик на шишарка. Во салата на езерата се наоѓаат две езера со смарагдно зелена боја над кои висат бројни сталактити.
Најдлабока пештера
Од 2012 година Врело важи за петта најдлабока пештера во светот, прва на Балканот и втора во Европа. Се верува дека е многу подлабока од 212 метри, бидејќи на таа длабочина воопшто не се гледал крајот. Имено, меѓународен тим нуркачи и спелеолози го истражуваат подводниот терен веќе неколку години.Врело почнува со хоризонтален дел од 450 метри и завршува во собата позната под името „зона на самракот“.
Од тука пештерата се спушта во утробата на планината. На околу 120 метри длабочина тунелот се дели во два правци. Во првиот обид, истражувачите на пештерата стигнале на точка од околу 140 метри, преминувајќи ја така длабочината од 100 метри која претходно ја освоил белгискиот нуркач Марк Вандермулен. Во следните обиди стигнале и до 190 метри длабочина. На таа длабочина се наоѓа платформа од која пештерата продолжува да се спушта. Италијанецот Луиџи Казати, Белгиецот Марк Вандермулен и македонските нуркачи од клубот „Врело“, годинава се обидоа да го урнат рекордот од 212 метри во длабочина, поставен од Казати пред две години.
Во своето прво нуркање во 2010 година, во десниот крак од подводната пештера „Врело“, Италијанецот Казати се симна до длабочина од 212 метри и претпоставуваше дека токму оттаму кракот повторно се дели на уште две нови продолженија. Притоа, не забележал дека има крај, што значи дека „Врело“ продолжува и понатаму во длабочина. Истата година, Казати, прво нуркаше во левиот крак, кој лани не беше испитан и дојде до неговиот крај, но утврди дека тој продолжува во хоризонтала. Влезот во Врело се наоѓа на околу 1,5 километар од браната Матка. Исто така, постои надземен дел над влезот во пештерата под назив Сува, во кој се наоѓаат сталактити и сталагмити.

Актуелната длабочина не е дефинирана, но се претпоставува дека е преку 500 метри и со тоа Врело се смета за најдлабока подводна пештера во Европа. Пештерата е номинирана на натпреварот за нови седум светски чуда кадешто стаса до полуфинале.
Според Италијанецот Касати, сите пештери се различни, имаат сопствена морфологија, но Врело е една прекрасна, бесконечно длабока и величенствена пештера, една од најубавите, ако не и најубава на Балканот.
Иако во Матка има најмалку десет пештери со различни величини, според мислењето на вљубениците во пештери, токму Врело би можела да стане главна туристичка атракција која една мала земја како Македонија би можела да ја понуди.
Пештера Убава
Покрај Врело, меѓу пештерите во Матка, најпознати се пештерите познати како Убава и Крштална.
Според спелеолозите, пештерата Убава е вистинска убавица затоа што изобилува со најразлични видови на спелеолошки украси.

Се наоѓа на 100 метри над пештерата Врело и до неа се стигнува по 30-минутно пешачење по планинарска патека. Пештерата е делумно туристички уредена со тоа што во неа добивате поголемо авантуристичко доживување. По влегувањето во пештерата се движите низ ходник се до централната сала, од која лево и десно се одвојуваат белата сала и црвената сала кои своите имиња ги добиле по прекрасните чисти нијанси, со кои се природно обоени украсите во нив.Имено, двете галерии во пештерата изобилуваат со огромен број на пештерски украси. Особено импресивна е глетката на „шумата“ од сталагмити. Таваницата на пештерата е вистински дожд од сталактити, а посебно воодушевуваат столбовите близнаци кои се високи околу 6 метри и се со бела кристална боја. По ѕидовите на пештерата се среќаваат и неколку драперии и лепези.
Под светлата на батериите , во црвената сала се доживуваат импресивни глетки од вистинскиот дожд од сталактити .
Во белата сала пак, можат да се видат Близнаците со кристално бела боја. Во оваа сала може да се видат и безброј каскади исполнети со вода.
Пештера Крштална
Во склоп на спелеолошкиот Парк „Јовица Гроздановски“ се наоѓа и пештерата „Крштална“. Таа се наоѓа на 100 метри над езерото и е со вертикален отвор. „Крштална“ спаѓа меѓу понудите за похрабрите. Имено, за да се влезе во неа потребно е да се спуштите во внатрешноста со помош на јаже или пак со помош на специјални скалички.
Единствено во оваа пештера можат да се видат специфичните украси-хелактити, кои растат во спротивност од земјината тежа.Всушност, станува збор за сталактити кои се формирале во спротивност од земјината тежа, односно, се јавуваат во искривена и извиткана форма.

Овој спелеолошки објект е и зимско престојувалиште на колонија лилјаци. Токму поради нив, пештерата Крштална е ставена под посебна заштита. Пештерата завршува со езеро кое е поврзано со надворешното езеро Матка.
Посетата на овој објект ќе ви обезбеди вистинска и незаборавна авантура.Првото крштевање, односно првото вертикално спуштање по јаже на секој почетник-спелеолог се прави токму во оваа пештера, по што и го добила името Крштална.
http://www.skopjeinfo.mk/gradot/944895372/foto-reportaza-pesterite-na-matka
Back to Top
damjan4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Sep-2010
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote damjan4o Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 21-Feb-2013 at 15:43
превземено од фејсбук страната: City of Skopje


Edited by damjan4o - 21-Feb-2013 at 15:47
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 25-Mar-2013 at 09:48
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 13-May-2013 at 14:44
Видео за планинарење и алпинизам на Матка



Edited by Џоле - 13-May-2013 at 14:45
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 13-May-2013 at 16:29
некој од `овие` е сигурно тој што вчера го вадеа со хеликоптер

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 13-May-2013 at 17:13
Можно е Колку што дознав, еден планинар паднал од 8 метри височина во бездна, па него го спасувале со хеликоптер.
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 13-May-2013 at 17:59
овие гi сликав на 13.4 со фул зум(5x)
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 15-May-2013 at 22:52


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 23-May-2013 at 17:28
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 23-May-2013 at 17:32
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 05-Jun-2013 at 20:37
 
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 12-Sep-2013 at 10:36
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 06-Mar-2014 at 00:39

МЕТРОПОЛА

Датум: 05.03.2014, 17:32
ИЗБРАН ПРОЕКТАНТ ЗА ВИСЕЧКИОТ МОСТ НА МАТКА

Проектот за висечки мост преку езерото Матка, заедно со варијанти за идејни решенија, ќе го работи фирмата „Чакар партнерс“. Град Скопје за проектот ќе плати околу еден милион денари (16.000 евра). Договорот е склучен, а рокот за изработка на основниот проект, со вклучена ревизија и инфраструктура на идниот објект е три месеци.

Висечкиот пешачки мост ќе овозможи да се поврзе брегот на вештачкото езеро Матка со пештерите Врело, Kрштална и Убава, кои се наоѓаат од другата страна на езерото. Инаку, до пештерите се стасува само со кајче.

Освен мост, на Матка ќе се гради и патека во должина од четири километри.

http://dnevnik.mk/?ItemID=340ECA1B25F6774F8FED9350F35AD145
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 14-Apr-2014 at 23:13


Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 14-Jun-2014 at 06:08
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.