build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбана опрема
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана опрема

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 192021
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4185
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #401 Posted: 19-Oct-2015 at 17:20
БАРОКНИТЕ ТРАФИКИ НИКАКО ДА ПРОРАБОТАТ



Ако во законскиот рок од шест години објектите не почнат со работа, тогаш Министерството за транспорт има право да ја одземе дозволата

Tрафиките во барокен стил одамна се поставени на неколку локации во Скопје, но никако да профункционираат. Некои од нив ќе бидат сендвичарници, во други ќе се продаваат весници и слично. Нивните сопственици, инаку приватни инвеститори кои на јавна лицитација за отуѓување на земјиштето ги купија локациите на кои се поставени објектите, имаат рок од шест години за да ги оспособат за работа и да ги отворат. Од Министерството за транспорт и врски велат дека одобрението за градба го издава Општината Центар, но оти ако за шест години не ги изградат објектите за работа, тогаш Министерството има право да им ја одземе дозволата за работа и одново да објави оглас.

Идејното решение за изгледот на барокните трафики беше на Град Скопје. Од таму велат дека Градот само спроведе постапка за избор на идејни решенија за киосците и нема повеќе ништо со тој проект.

Инаку, барокните трафики се поставени на седум локации. Една има на улица „Македонија“ кај споменикот на Мајка Тереза, една во паркот „Жена-борец“, на автобуската постојка кај зградата на „Тифани“, една кај хотелот „Холидеј ин“, една во паркот спроти МНТ и една кај кафулето „Кастен рат“.

Како што пишуваше „Утрински весник“, во ДУП „Мал ринг“ има 20 локации за вакви објекти. Министерството за транспорт и врски пред две години продаде неколку парцели со површина од осум квадратни метри, на кои ќе бидат поставени киосците. Парцелата на улица „Македонија“ ја купи Селим Муше за сума од 391.003 денари. Нему му припадна и парцелата на кејот на Вардар до „Холидеј ин“ за која плати 330.800 денари, додека фирмата „Супрема ДОО“ ја доби парцелата во паркот „Жена- борец“ кај ТЦ „Соравија“ за 6.600 денари за квадратен метар.

http://utrinski.mk/default.asp?ItemID=56E48D4846457A43A7C817EF6B3DBC23
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10396
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #402 Posted: 01-Nov-2015 at 14:01
„Пакомак“ му донираше на Град Скопје 80 контејнери со форма на ѕвоно

Во рециклажниот двор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена” во Карпош денеска беа презентирани новите 80 пластични контејнери, кои беа дадени на користење на Град Скопје како донација од ДОО „Пакомак“.



http://www.mkd.mk/makedonija/skopje/pakomak-mu-donirashe-na-grad-skopje-80-kontejneri-so-forma-na-dzvono-foto
За сè има вторпат
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #403 Posted: 02-Nov-2015 at 00:58
За кој народ се овие контејнери? Зарем не знаеме што се случи со веќе постоечките обележани само за пластика? Прво нека воведат образование може и вечерно за постарите генерации па после искуство па на крај користење.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4185
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #404 Posted: 13-Nov-2015 at 10:09
БАРОКНИТЕ СЕНДВИЧАРНИЦИ СЕ ИЗНАЈМУВААТ

Дел од газдите што ги купија сендвичарниците на јавна лицитација во Министерството за транспорт и врски, ги нудат објектите за изнајмување, за да стопанисуваат со нив други фирми

Барокните сендвичарници се нудат за изнајмување. Дел од газдите што ги купија киосците на јавна лицитација во Министерството за транспорт и врски, ги изнајмуваат објектите, за да стопанисуваат со нив други фирми. На сендвичарницата поставена на плочникот на автобуската станица во близина на зградата Тифани, деновиве е поставен оглас дека таа се изнајмува.
"Нема зошто да ве интересира зошто го изнајмувам објектот ниту, пак, колкава е киријата. Тоа право го имам, во договорот кој го склучив со Министерството за транспорт и врски не е забрането да го рентам на други фирми", ни рече кусо во телефонскиот разговор сопственикот на сендвичарницата кај Тифани.



Од Министерството за транспорт и врски не кажуваат дали сопствениците на објектите имаат право да ги изнјамуваат. Оттаму не добивме ниту одговор која фирма е сопственик на сендвичарницата ниту за која цена е продадена.
Локациите за барокните сендвичарници беа продадени пред две години. Годинава, дел од сендвичарниците се појавија на улиците, но со месеци стојат празни.
Според проектот, една трафика треба да има кај автобуската станица кај Поштата, една ќе се наоѓа после зградата Тифани, и по една ќе има на улица Македонија, кај Спомен-куќата на Мајка Тереза, на аголот пред Собранието на РМ, на тротоарот кај Жена парк, и на Кејот на Вардар, кај хотел "Холидеј ин".
Автор на идејното решение е архитектот Жарко Чаушевски.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=AE911E0EAC173B43A65C9F8F3A22949D
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6957
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #405 Posted: 13-Nov-2015 at 13:32
значи кај нас единствен бизнис кој може да се развие очигледно е киријата... само докажува каков народ живее тука
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4185
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #406 Posted: 13-Nov-2015 at 16:48
Некој си направил проста математика
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Online
Posts: 431
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #407 Posted: 21-Nov-2015 at 17:42
Интерактивни соларни пейки с интернет - Бургас










Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1029
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #408 Posted: 20-Dec-2015 at 18:19
Карши Пеко
20151214_130013 by Ani.build, on Flickr
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
CenterCityKid View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #409 Posted: 22-Dec-2015 at 11:27

Treba posebna kategorija za prostotilakot na gradeznicite. Ako pravat edna rabota, mora naokolu da se unisti sve drugo.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4629
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #410 Posted: 28-Jan-2016 at 01:36
Некако ко да забегале канделабриве...



Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10396
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #411 Posted: 28-Jan-2016 at 02:54


Ааааа, решиле да излезат на чист воздух
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6957
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #412 Posted: 29-Jan-2016 at 02:16
а што се случи со осветлувањето што бше на самиот ѕид?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #413 Posted: 13-Mar-2016 at 03:11
Варде - урбани цвеќиња, се отвараат кога некој е под нив. Ова би било одличен проект да се имплементира низ МК, кога врне или е многу жешко, луѓето може да застанат под.

“Warde” – A set of giant urban flowers installed in an open market square in the
centre of Jerusalem, that bloom and react to the pedestrians and transportation
in the public space.

видео



Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10396
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #414 Posted: 09-Apr-2016 at 08:24
БАРОКНИ КИОСЦИ ЌЕ СЕ ПОСТАВАТ НИЗ ЦЕЛО СКОПЈЕ

Барокни сендвичарници нема да има само во центарот на градот. Слични на нив ќе се поставуваат низ цело Скопје. Нови, вкупно 20 сендвичарници сега ќе поставува Град Скопје, додека првите киосци беа проект на Министерството за транспорт и врски.

Градските власти распишаа оглас за доделување право и издавање одобрение за поставување урбана опрема – монтажно-демонтажни објекти по пат на усно наддавање. Бараат заинтересирани за поставување на опремата во период од 15 години. Во огласот е наведено дека закупците на просторот ќе можат да вршат дејност „ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на храна како главна дејност“. Основен критериум за избор ќе биде највисокиот понуден износ, при што почетната цена на јавниот оглас не може да биде помала од 15 денари дневно за квадратен метар. Колкава е површината на локациите за урбаната опрема, дали сите планирани 20 киосци се идентични или има различни квадратури, во огласот не е појаснето.

„Генерално, станува збор за киосци слични на тие што ги поставуваше Министерството за транспорт и врски. Ние нудиме 20 локации низ цело Скопје. И во овој случај изгледот на опремата е дефиниран, односно станува збор за стилски објекти“, велат од Одделението за уредување градежно земјиште на Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека микролокациите за поставување на монтажно-демонтажните објекти се утврдени со градската Програма за поставување урбана опрема.

Право на учество на огласот имаат сите домашни и странски физички и правни лица кои се регистрирани за вршење дејност „ресторани и останати објекти за подготовка и послужување храна како главна дејност“. Постапката ќе се смета за успешна и во случај ако за една од локациите предмет на јавниот оглас се пријави еден учесник.

Инаку, скопјани веќе една година гледаат барокни сендвичарници низ центар, но ниту една од нив не работи. Кога ќе проработат, никој не кажува. На некои од нив дури се поставени огласи дека се изнајмуваат. Сопственикот кој ја издаваше сендвичарницата кај „Тифани“, неколкупати истакна дека според договорот склучен со Министерството за транспорт и врски, има право да ги дава објектите под кирија. Но, се' додека не се отворат, киосците ќе стојат како украс на проектот „Скопје 2014“.

Локациите за барокните сендвичарници беа продадени пред околу три години, на јавно наддавање во Министерството за транспорт. Според проектот, една трафика треба да има кај автобуската станица кај Поштата, една по зградата „Тифани“, и по една на улица „Македонија“ кај Спомен-куќата на Мајка Тереза, на аголот пред Собранието на РМ, на тротоарот кај паркот „Жена борец“ и на кејот кај „Холидеј ин“. Автор на идејното решение е архитектот Жарко Чаушевски.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=DEDD4BF0A72A9F49B9D9A6561C5B313F
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6957
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #415 Posted: 09-Apr-2016 at 20:49
таман повеќе луѓе да може да лапаат кириичка... сепак е демократија, не е фер десет души само да го имаат тој бизнис...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4185
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #416 Posted: 04-Aug-2016 at 17:38
Првиот фитнес парк во Штип во завршна фаза

Од вчера, поставени се справите и реквизитите во првиот фитнес парк кој заеднички го прават Општина Штип и Агенцијата за млади и спорт.



Вредноста на проектот е над 25.000 евра а средствата се обезбедени преку Агенцијата за млади и спорт.

„Обврска на Општината и ЈП Стипион е да го уреди просторот околу фитнес паркот, а во следна фаза предвидена е конструкција на скејт парк и кошаркарско игралиште“, изјави Драган Ристов, Советник за односи со јавност.



Фитнес паркот се наоѓа до пешачката патека зад Исарот која беше конструирана во 2014 година. Овој дел од патеката е предвидено да биде соодветна спортско-рекреативна зона.

http://www.porta3.mk/prviot-fitnes-park-vo-shtip-vo-zavrshna-faza/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10396
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #417 Posted: 24-Mar-2017 at 19:27
Еко билбордот што впива ПМ честички во Центар. Наводно, еден ваков абсорбира ПМ честички што ги испуштаат околу 410 возила (коли) во текот на еден ден.

За сè има вторпат
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 348
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #418 Posted: 25-Mar-2017 at 21:29
Не знам од каде им е проектот ама мене ми изгледа идентичен со овој од Дрезден

I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1029
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #419 Posted: 25-Mar-2017 at 23:09
CityTree се германска фирма која се занмава со поставување на овие дрва. Еве им го вебсајтот: greencitysolutions.de
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 440
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #420 Posted: 21-Apr-2017 at 16:53
Нова фонтана на местото на старата во Битола

Старата беше урната ланската година, а до скоро не можеше да се добие информација што точно се гради.












Тера ТВ

Edited by hcitrS - 21-Apr-2017 at 16:57
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 192021

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.