build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбана опрема
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана опрема

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 202122
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12749
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 08-Jul-2017 at 18:25
За врзување велосипеди - Барнаул, Сибир, Русија. Колку едноставна идеја, само треба да се биде креативен.



Edited by Џоле - 08-Jul-2017 at 18:25
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4372
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 16-Jan-2018 at 12:59
Во некое паркче во Кисела Вода-превземено од фејсбук

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12749
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 14-Jul-2018 at 09:56
Нова урбана опрема во Градскиот парк
      
Екипи на Град Скопје деновиве поставуваат нови клупи и корпи за отпадоци во Градскиот парк.



Во наредниот период, нова урбана опрема ќе биде поставена на повеќе локации во Град Скопје.









https://skopjeinfo.mk/foto-nova-urbana-oprema-vo-gradskiot-park
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 799
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 16-Jul-2018 at 09:53
Дали навистина имало потреба да ги напикаат клупите во дрвцињата на првите две слики? Ниту ќе можат да ги режат сега, ниту некој ќе може да се потпри со грбот бидејќи со главата во дрвото ќе заврши...
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1215
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 16-Jul-2018 at 11:02

многу веројатно резултат бидејќи немаат отсек Пејсажен Урбанизам или бар Пејсажен Архитект како законска норма, та следствено немаат ни Пејсажен Проект а конечно импровизираат со умешноста на ЈП Паркови и Зеленило визави нивните општински урбанисти ...

јасно тука ко и во архитектирата имаме недероченост околу авторското дело на архитектот т.е. во која мера ако не приватно тогаш јавно нарачателот може и смее да си игра со проектот и дали за тоа треба согласност и од архитектот, во случајов пејсажниот кој очигледно го нема, но добро е бар што имаме ваква катедра на Земјоделски та за сега некој ко мене кој почнал на неа а токму заради вакви и слични аршини се откажал може да укаже на одредена недоносеност, а можеби конечно работите ќе се придвижат на поарно доколку добиеме и засебен факултет за Пејсажна Архитектира освен сега само смер на ЗФ како Градинарство и Цвеќарство со недоволно соодветен предмет Хортикултура како би рекле навистина некој е Пејсажен Архитект 100% та и системски да не се опуштаме кој и дали може да интервенира, а тоа да е системска норма ете бар во општините ...

решение за горниот калабалак, дури и ко импровизација јасно е пресадување на борчињата разиграно повнатре за клупите да не се натискани ко во двор на јапонски механичар, а за ваков парк неопходна е и симболика во однос елементите освен симетрии и складност, иако може да се каже дека фракталнава урбанистичко-импровизирачка интервенција има свој шмек, но би требало во тој случај клупите да се накосо свртени и да се пушти за ногарите поплочен испуст во тревникот та да има некаков претоп за муабетот да биде колку толку течен а не противречен ...


Edited by Zelenikovo - 16-Jul-2018 at 11:06
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12749
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 12-Nov-2018 at 21:04
Куќичката на Јованче и Марика во паркот во Топанско поле

Нова детска едукативна инсталација со наслов „Приказна за Јованче и Марика, барајќи го патот до домот ја наоѓаат чоколадната куќичка“ е поставена во парк во Топанско поле, во општината Чаир.

Поставена од Град Скопје, главната цел на овој проект е преку облагородување на јавниот простор да се поттикне детската фантазија и игра и да се влијае врз развивање на детската креативност. Автор на идејното решение е Филип Петровски.



https://www.radiomof.mk/foto-kukjichkata-na-jovanche-i-marika-vo-parkot-vo-topansko-pole/#prettyPhoto
За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1215
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 13-Nov-2018 at 05:45

Браво За Идејата, минималистичка до душа, а на местото кај Грмушките можат да додат и Лулашки ... исто чакалот можеле да го посолат ододколу во ниво со ивичњакот, чунки деца се шетаат а не трчаат та е вака, а убаво би било наместо бетонот да одеа со гумен под ако не дрвен декинг ... бидејќи детско катче можеле да си поиграат и со формата на пристапната патека можеби шахофски чакал полиња посреди заоблен пристап повеќестрано, можеби контракконус ко што се лижавчината ... конечно ќе беше скроз одлепено ако врз зградите во позадина лебдеа Јованче&Мариче во инфлантибл-хелиум-скулптури, а и со минимал инвентивност ќе бидат оригинални [1] ...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4372
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 13-Nov-2018 at 08:22
Нови канти за отпадоци низ центарот на градот(од фб)





Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4372
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 17-Sep-2019 at 12:21
ПОСТАВЕНО ПРВОТО „СОЛАРНО ДРВО ВО КАРПОШ

На кејот на реката Вардар, во непосредна близина на „Алпинистичката карпа“, е поставено првото „соларно дрво“ во Карпош. Станува збор за инсталација преку која, со обновлива енергија, граѓаните ќе можат да ги полнат своите електронски апарти, односно своите мобилни телефони, лаптопи, таблети и електрични тротинети.(од фб на о.Карпош)







Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 3864
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #430 Posted: 17-Sep-2019 at 12:40
Прекрасно!!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12749
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #431 Posted: 03-Apr-2020 at 12:25
Нови клупи на неодамна реновираниот дел на плоштад Македонија.

За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1808
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #432 Posted: 21-May-2020 at 12:41
ГРАД СКОПЈЕ ОТСТРАНУВА 240 РЕКЛАМНИ ОБЈЕКТИ ОД ЈАВНИОТ ПРОСТОР

Од сегашните 680 билборди, ќе останат 560, а ќе се отстранат и сите 120 ситилајти од јавните површини во Скопје. #ЈавенПростор

Градот Скопје од рекламните објекти досега остваруваше приходи од околу 100.000 евра месечно, а по акцијата ќе остварува приходи од околу 80.000 евра месечно, што е за 20 отсто намалување на приходите од оваа ставка, но со крајна цел - ослободување на #ЈавенПростор за граѓаните.

(...)



twitter.com
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 202122

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.