build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана опрема

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 22>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7240
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 04-Jul-2011 at 00:45
браво за картиве Applause

Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 04-Jul-2011 at 10:46
Мапите се супер само треба градскиве власти да ги одржуваат,бидејки и претходно во градски парк имаше вакви мапи кој по неколку дена беа цел на вандализам.

Back to Top
Tuvok View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote Tuvok Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 04-Jul-2011 at 22:27
Може сум грешка, ама нели би требало север да е горе а југ долу а на нашиве мапи е тоа обратно ?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7240
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 05-Jul-2011 at 17:43
Originally posted by Tuvok

Може сум грешка, ама нели би требало север да е горе а југ долу а на нашиве мапи е тоа обратно ?
мислам дека нема врска тоа, битно е само да се обележани страните

инаку, вчера приметив нешто кај картиве, не сакам да испадне дека цепидлачам, ама куќиштата во кои се наоѓаат фаќаат кондензација и влага општо, а картите се утоп мокри, во некои случаи и шарени, кога се осветлени навечер Crazy
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 27-Jul-2011 at 23:10
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
antiuser View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote antiuser Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 28-Jul-2011 at 21:44
Previous
Кој збореше дека цветните корпи,нема да се расцветаат.. ?
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3869
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 13-Aug-2011 at 14:20
     

Украсни фонтани наспроти Градежен факултет


Четири фонтани ги заменија трафиките наспроти Градежен факултет. По нивната дислокација, автобуската постојка на булеварот Партизански одреди добива нов лик

 
 
%20  
- Трите фонтани ќе имаат украсна цел, додека четвртата ќе служи и за пиење вода. Покрај нив ќе бидат поставени и клупи, жардиниери, канти за отпадоци, а ќе биде направено и ново хортикултурно уредување - изјави Јовица Ацковски, портпарол на општината Центар. На терен веќе се поставени бехатон-плочки и направена е водоводната инсталација. Според најавите на локалната самоуправа, оваа локација треба да го добие конечниот лик за 15 дена.
 
   

  Фотографија: Филип Поповски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81311848302&id=14&prilog=0&setIzdanie=22355
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 13-Aug-2011 at 14:37
sproti Arhitektonski fakultet
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 13-Aug-2011 at 14:42
Од кога почнаа габиониве да ги прават и фонтани? Интересно изгледа, градежниците како на терен ќе се осеќаат.

Edited by lslcrew - 13-Aug-2011 at 14:43
Back to Top
4skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Feb-2011
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote 4skopje Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 18-Aug-2011 at 17:04


Za site pesimisti sto ne veruvaa i za site optimisti sto veruvaa deka cveketo ke cveta !
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 18-Aug-2011 at 18:42
Кошничките беа извадени па после тоа беа ставени овие со расцветано цвеќе. Факт е дека ова не е првично поставеното цвеќе, туку ново кое е веќе расцветано. Како и да е преубваво изгледаат.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 18-Aug-2011 at 19:06
па и оние поред собрание се закопани со се саксија,кога малку цветовите ќе почнат да угинуваат,малку ја тргаат земјата,ги вадат цвеќината и ставаат нови.Исти или различни,со тоа што таму не преоблем да се менуваат,ама овие на улица на бандерите ако се сменат е незнаење,расипништво и што све не,а мое мислење е дека негативните кометари на оваа тема произлегуваат од анимозитетот кон целиот овој проект за Скопје од некои од `стручната јавност`
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 20-Aug-2011 at 10:13
Систем капка по капка за цветните кошници


Обновените цветни кошници поставени на канделабрите низ централното градско подрачје добија и автоматски систем за наводнување со тајмер



Раскошните петунии во различни бои може да се забележат на Мостот на револуцијата кај МАНУ, на булеварот Кочо Рацин и на улицата 11 Октомври покрај паркот „Жена-борец“. Досега се заменети стотина кошници, а во наредниот период ќе бидат обновени и другите. Општината Центар во пролетните месеци постави 1.000 кошници со цвеќе на канделабрите, но во топлиот период тие беа извадени.     
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=819111734414&id=14&setIzdanie=22361
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7240
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 21-Aug-2011 at 21:34
Originally posted by gjoko

па и оние поред собрание се закопани со се саксија,кога малку цветовите ќе почнат да угинуваат,малку ја тргаат земјата,ги вадат цвеќината и ставаат нови.Исти или различни,со тоа што таму не преоблем да се менуваат,ама овие на улица на бандерите ако се сменат е незнаење,расипништво и што све не,а мое мислење е дека негативните кометари на оваа тема произлегуваат од анимозитетот кон целиот овој проект за Скопје од некои од `стручната јавност`
и мене ме иритираат коментари од јавноста кои гравитираат околу тотално споредна работа кои често се неиздржани, најмногу тоа што се генерализира групата што е против нешто, околу тие коментари...
мене ми смета фактот што никој тука досега не научи што е тоа приоритет, треба да се соочиме со фактот дека Скопје, иако можеби е најзелен град во регионов, зеленилото во него е неверојатно патетично, како воопшто да не се наоѓа во урбана средина, а е многу позабележително и впечатливо од некои ситни кошнички... наместо да се среди тоа, ние се нафаќаме на проект кој најпрво не е бесплатен, потежок е за одржување и функционирање, а нема голем ефект... а плус тоа, треба да се радуваме на цела таа ситуација, згора да се радуваме и што воопшто цвеќето процветало

да не продолжам да го тапам и понатаму, поентата ми е што инвестираме во нови појави и изуми, а се што е претходно направено е буквално скапано, диво, руинирано и нечисто, а многу повеќе учествува во впечатокот кој се дава на минувачите и меѓудругото, треба да соработува со корпиве
се додека не го надминеме ова, ќе бидам против вакви проекти, па макар и да бидат прекрасни
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 29-Aug-2011 at 01:58
Текстов го постирам тука зашто ги разгледува говорниците од аспект на урбана опрема и нивниот изглед, а не од аспект на услуги и затоа не е во телекомуникации нишката.

Барокот ги заобиколува телефонските говорници

Се подготвува проект за обнова на јавните телефони во Скопје, но локалните власти нема да се мешаат во изборот на нивниот дизајн, па така тие можеби нема да имаат старински изглед како клупите, канделабрите или другите елементи од урбаната опрема




Од септември ќе почнат да се обновуваат јавните говорници

Јавните телефонски говорници ќе почнат да се обновуваат во септември, а за тоа ќе потпишат договор Агенцијата за електронски комуникации и „Македонски телеком“. Деталите сé уште не се познати, но веројатно ќе се постават современи уреди, кои, освен телефонирањето, ќе нудат и дополнителни услуги, како пристап на Интернет, што е вообичаено во европските земји. Старите и дотраени кабини ќе се заменат, а можно е дизајнот на новите да не се вклопи во архитектонските стилови на новите згради во центарот на Скопје, односно тие да отскокнуваат, за разлика од клупите, канделабрите и другите елементи од урбаната опрема. Локалните власти велат дека нема да се мешаат во изборот на изгледот, бидејќи никој не го побарал тоа од нив.

Договорот меѓу „Македонски телеком“ и Агенцијата за електронски комуникации се подготвува, а тој, како што нагласуваат од АЕК, ќе ги опфати и говорниците.

- Телекомот го доби тендерот за универзалната услуга, а дел од тоа е и обновата на говорниците, односно компанијата ќе има обврска да ги оспособи расипаните уреди. Од нив ќе зависи каков ќе биде дизајнот и дали ќе функционираат на парички или на картички - вели Марјан Пејовски, одговорен за односи со јавноста во АЕК.

Според нив, говорниците се потребни и покрај тоа што речиси не се користат, затоа што најголемиот дел граѓани имаат мобилни телефони.

- Користењето телефонски говорници се намалува, што е и неминовно. Сепак ќе мора да останат оние што се наоѓаат на фреквентни места, како што се автопатиштата и аеродромите, потоа во установите како што се болници и затвори, како и специјални говорници за лица со посебни потреби - велат од агенцијата.
Од телекомот чекаат да го потпишат договорот, па тогаш да пристапат кон обновата на говорниците. Но сé уште не се знае на кој начин ќе го реализираат проектот и како ќе изгледаат јавните говорници.

- Во наредниот период „Македонски телеком“ почнува голем процес на модернизација на својата мрежа, при што се разгледуваат повеќе можни решенија за да се одреди оптималниот начин за надградба и на телефонските говорници. Тендерот за даватели на универзална услуга пред еден месец заврши, ние сме избрани, но чекаме да го потпишеме договорот, па потоа да почнеме со реализација на проектот. Од идниот месец би требало да почнеме со подготовките - соопшти Верче Георгиевска-Рупиќ, портпаролка на телекомот.

Сé уште не се знае дали говорниците во центарот на градот ќе бидат во некој старински стил, како и новите згради. Надлежните од градот велат дека бидејќи не добиле иницијатива од операторите, засега нема да учествуваат во изборот на дизајнот.

- Градот нема изворни надлежности за поставување телефонски говорници и, доколку надлежните компании што се занимаваат со фиксна телефонија иницираат поставување говорници на јавни површини, со задоволство ќе се разгледа иницијативата. Во моментов нема иницијативи од операторите за фиксна телефонија, па така не може да се коментира сé што би било предмет на разгледување - соопшти Неделчо Крстевски, портпарол на градот.

Најпознатите стилизирани телефонски говорници се црвените британски кабини дизајнирани во 1930-тите години. Една имаше и во Скопје, пред пабот „Лондон“ на централниот плоштад, но беше отстранета кога соседниот угостителски објект го презеде просторот. Познати се и бразилските говорници наречени „големо уво“ поради својот дизајн, бидејќи висат над главата на корисникот.



http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82611945497&id=14&prilog=0&setIzdanie=22366
Back to Top
antiuser View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote antiuser Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 29-Aug-2011 at 13:54
Previous
Има некој што сеуште користи јавни говорници ?
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 29-Aug-2011 at 19:47
^
Никогаш не знаеш кога ќе ти затреба ... Но според мене треба да ги направат да работат на железни парички а не на картици...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 29-Aug-2011 at 19:50
Originally posted by HugoGoulding

^
Никогаш не знаеш кога ќе ти затреба ... Но според мене треба да ги направат да работат на железни парички а не на картици...


железни парички повлекуваат празнење на автоматите а веројатно и нивно демолирање (Скопје има повеќе питачи во моментов од било кога) што веројатно ги наметнува картичките како најдобра опција.
Back to Top
milena View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 184
  Quote milena Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 29-Aug-2011 at 21:15
Vo Turcija na govornicite ne mozes na red da dojdes, funkcioniraat so isto tempo kako i porano.
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 30-Aug-2011 at 17:36
За вандалите решение се камери и обезбедување или осигурување. А нефункционирањето на моделот со картички е евидентен. Јас незнам дали воопшто се продаваат такви картички сеуште?!
Многу би било поедноставно ога би работеле на монети и кога освен како говорници би се користеле и за други намени ...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 22>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.