build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана опрема

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 20212223>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14157
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 08-Jul-2017 at 18:25
За врзување велосипеди - Барнаул, Сибир, Русија. Колку едноставна идеја, само треба да се биде креативен.



Edited by Џоле - 08-Jul-2017 at 18:25
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 16-Jan-2018 at 12:59
Во некое паркче во Кисела Вода-превземено од фејсбук

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14157
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 14-Jul-2018 at 09:56
Нова урбана опрема во Градскиот парк
      
Екипи на Град Скопје деновиве поставуваат нови клупи и корпи за отпадоци во Градскиот парк.



Во наредниот период, нова урбана опрема ќе биде поставена на повеќе локации во Град Скопје.









https://skopjeinfo.mk/foto-nova-urbana-oprema-vo-gradskiot-park
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 16-Jul-2018 at 09:53
Дали навистина имало потреба да ги напикаат клупите во дрвцињата на првите две слики? Ниту ќе можат да ги режат сега, ниту некој ќе може да се потпри со грбот бидејќи со главата во дрвото ќе заврши...
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 16-Jul-2018 at 11:02

многу веројатно резултат бидејќи немаат отсек Пејсажен Урбанизам или бар Пејсажен Архитект како законска норма, та следствено немаат ни Пејсажен Проект а конечно импровизираат со умешноста на ЈП Паркови и Зеленило визави нивните општински урбанисти ...

јасно тука ко и во архитектирата имаме недероченост околу авторското дело на архитектот т.е. во која мера ако не приватно тогаш јавно нарачателот може и смее да си игра со проектот и дали за тоа треба согласност и од архитектот, во случајов пејсажниот кој очигледно го нема, но добро е бар што имаме ваква катедра на Земјоделски та за сега некој ко мене кој почнал на неа а токму заради вакви и слични аршини се откажал може да укаже на одредена недоносеност, а можеби конечно работите ќе се придвижат на поарно доколку добиеме и засебен факултет за Пејсажна Архитектира освен сега само смер на ЗФ како Градинарство и Цвеќарство со недоволно соодветен предмет Хортикултура како би рекле навистина некој е Пејсажен Архитект 100% та и системски да не се опуштаме кој и дали може да интервенира, а тоа да е системска норма ете бар во општините ...

решение за горниот калабалак, дури и ко импровизација јасно е пресадување на борчињата разиграно повнатре за клупите да не се натискани ко во двор на јапонски механичар, а за ваков парк неопходна е и симболика во однос елементите освен симетрии и складност, иако може да се каже дека фракталнава урбанистичко-импровизирачка интервенција има свој шмек, но би требало во тој случај клупите да се накосо свртени и да се пушти за ногарите поплочен испуст во тревникот та да има некаков претоп за муабетот да биде колку толку течен а не противречен ...


Edited by Zelenikovo - 16-Jul-2018 at 11:06
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14157
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 12-Nov-2018 at 21:04
Куќичката на Јованче и Марика во паркот во Топанско поле

Нова детска едукативна инсталација со наслов „Приказна за Јованче и Марика, барајќи го патот до домот ја наоѓаат чоколадната куќичка“ е поставена во парк во Топанско поле, во општината Чаир.

Поставена од Град Скопје, главната цел на овој проект е преку облагородување на јавниот простор да се поттикне детската фантазија и игра и да се влијае врз развивање на детската креативност. Автор на идејното решение е Филип Петровски.



https://www.radiomof.mk/foto-kukjichkata-na-jovanche-i-marika-vo-parkot-vo-topansko-pole/#prettyPhoto
За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 13-Nov-2018 at 05:45

Браво За Идејата, минималистичка до душа, а на местото кај Грмушките можат да додат и Лулашки ... исто чакалот можеле да го посолат ододколу во ниво со ивичњакот, чунки деца се шетаат а не трчаат та е вака, а убаво би било наместо бетонот да одеа со гумен под ако не дрвен декинг ... бидејќи детско катче можеле да си поиграат и со формата на пристапната патека можеби шахофски чакал полиња посреди заоблен пристап повеќестрано, можеби контракконус ко што се лижавчината ... конечно ќе беше скроз одлепено ако врз зградите во позадина лебдеа Јованче&Мариче во инфлантибл-хелиум-скулптури, а и со минимал инвентивност ќе бидат оригинални [1] ...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 13-Nov-2018 at 08:22
Нови канти за отпадоци низ центарот на градот(од фб)





Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 17-Sep-2019 at 12:21
ПОСТАВЕНО ПРВОТО „СОЛАРНО ДРВО ВО КАРПОШ

На кејот на реката Вардар, во непосредна близина на „Алпинистичката карпа“, е поставено првото „соларно дрво“ во Карпош. Станува збор за инсталација преку која, со обновлива енергија, граѓаните ќе можат да ги полнат своите електронски апарти, односно своите мобилни телефони, лаптопи, таблети и електрични тротинети.(од фб на о.Карпош)







Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4009
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #430 Posted: 17-Sep-2019 at 12:40
Прекрасно!!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14157
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #431 Posted: 03-Apr-2020 at 12:25
Нови клупи на неодамна реновираниот дел на плоштад Македонија.

За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #432 Posted: 21-May-2020 at 12:41
ГРАД СКОПЈЕ ОТСТРАНУВА 240 РЕКЛАМНИ ОБЈЕКТИ ОД ЈАВНИОТ ПРОСТОР

Од сегашните 680 билборди, ќе останат 560, а ќе се отстранат и сите 120 ситилајти од јавните површини во Скопје. #ЈавенПростор

Градот Скопје од рекламните објекти досега остваруваше приходи од околу 100.000 евра месечно, а по акцијата ќе остварува приходи од околу 80.000 евра месечно, што е за 20 отсто намалување на приходите од оваа ставка, но со крајна цел - ослободување на #ЈавенПростор за граѓаните.

(...)



twitter.com
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #433 Posted: 19-Jun-2020 at 15:05
Нови чешми за пиење вода во Аеродром

Се поставуваат нови чешми за пиење вода на 30 локации низ општината. Новите чешми се со посовремен дизајн, со горен и долен сливник, со временски потисен вентил (тастер) и со автоматска деактивација до 10 секунди. Со поставувањето на новите чешми ќе се постигне значителна заштеда на вода.









https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #434 Posted: 11-Jul-2020 at 17:14
Урбана опрема и нејзино (не)одржување од примерот во Скопје

Скопје но генерално и цела Македонија, има проблеми со одржувањето на урбаната опрема. Проблемот лежи во тоа што немаме стратегија како со истото треба да се менаџира.

При изведувањето на јавна површина, без разлика дали се работи за плоштад, пјацета или тротоар, ситауцијата е иста. Особено кај посебно дизајнираните простори, т.е простори во кои се применува опрема која се изведува специјално според проектот, или пак се набавува надвор од земјава, никогаш не го замаме в предвид нејзиното одржување.
Тоа значи дека при изведба на проект и при набавка на урбаната опрема, градот треба да обезбеди најмалку 20% повеќе од истите. Но бркајќи ги тесните буџети едвај се обезбедува точниот број потребен за изведба, додека за поправки и замена воопшто не се размислува.
Тоа значи дека при изведба на проект и при набавка на урбаната опрема, градот треба да обезбеди најмалку 20% повеќе од истите. Но бркајќи ги тесните буџети едвај се обезбедува точниот број потребен за изведба, додека за поправки и замена воопшто не се размислува.













https://marh.mk/urbana-oprema-i-nejzino-neodrzuvanje
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #435 Posted: 26-Jul-2020 at 11:27
Паметни клупи на кејот на Луда Мара и во градскиот парк во Кавадарци



Паметни клупи се поставени на кејот на реката Луда Мара и во градскиот парк во Кавадарци.

Клупите се опремени со соларни панели за производство на електрична енергија, со приклучоци за полнење на батериите на сите типови на мобилни телефони, безжичен бесплатен интернет.

-Проектот за поставување на паметни клупи е во завршна фаза. Поставени се две од предвидените пет клупи. Во наредната фаза ќе се постават паметни клупи во Паркот на револуцијата, СЦ Јасмин и на просторот кај споменикот 12 Ваташки младинци.

Дополнително, ќе се постават уште три клупи кои се обезбедени како донација. Проектот е со финансиска вредност од 280.000 денари а изведувач е фирмата „Метал Апостолов”, информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев

https://nezavisen.mk/pametni-klupi-na-kejot-na-luda-mara-i-vo-gradskiot-park-vo-kavadarci/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #436 Posted: 31-Jul-2020 at 14:24
Поставуваме нова урбана опрема на повеќе локации низ Аеродром.
Деновиве во Ново Лисиче старите клупи и канти за отпадоци ги заменивме со нови, модерно дизајнирани и попрактични.









https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #437 Posted: 06-Nov-2020 at 17:42
Book benches in Bulgaria



https://www.facebook.com/theeamaazingworld/photos
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #438 Posted: 27-May-2021 at 14:17
Дел од фонтаните во Аеродром, комплетно ќе бидат отстранети

Во паркот во населбата Мичурин целосно е отстранета фонтаната и на нејзиното место изградено е ново детско игралиште.Фонтаната во паркот Бојмија пак, неодамна е целосна реконструирана

Хортикултурно уредување, целосна реконструкција или пак комплетна дислокација. Ова се начините на кои Општина Аеродром ги преуредува веќе постоечките фонтани и просторот околу нив.

Имено, како што објаснуваат од оваа скопска општина, ваквото преуредување на фонтаниете се реализира, исклучиво поради барање на жителите но и поради скапото одржување на старите фонтани кои веќе одамна ја изгубиле својата убавина и функционалност.

Најголеми реакции од јавноста имаше поради хортикултурното уредување на фонтаната која се наоѓа зад ТЦ „Бисер“. Имено, фонтаната беше наполнета со земја и во неа беа засадени цвеќиња и зимзелени дрвца. Општината, ваквата своја одлука ја правдаше со скапото одржување на фонтаната.

-Се одлучивме за ваквиот чекор поради барањето од граѓаните од тој дел на општината. Во наредниот период хортикултурно ќе ги уредиме и другите нефункционални фонтани, кои за аеродромци ќе претставуваат вистинско зелено катче каде што ќе можат да уживаат во пролетните и летните денови – истакна градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Од Општината објаснуваат и дека, по барање на граѓаните во проектната документација се предвидува отстранување и на фонтаната зад ТЦ „Бисер“, а новиот проект подразбира хортикултурно уредување и поставување нова урбана опрема на местото на старата и дотраена фонтана.

Инаку, оваа фонтана не е единствената на која општинските служби од Аеродром интервенираа. Од општината тврдат дека, на барање на граѓаните во паркот во населбата Мичурин целосно е отстранета фонтаната поради како што велат нефункционалност и на нејзиното место во рамките на целосната реконструкција на овој парк изградено е сосема ново детско игралиште со современи реквизити за безбедна игра на децата.

– За разлика од Мичурин, жителите на Острово пак, побараа целосно да се реновира фонтаната во паркот Бојмија. Во неодамнешната целосна реконструкција на овој парк беше обновена оваа фонтана. Таму поставивме модерен и софистициран систем со иноксни прстени, различен тип на млазници, дел од нив се со вертикално прскање, дел со пена, некои се со водена прашина, како и осветлување на фонтаната со цела нова машинска инсталација и синхронизирање на светлото и течењето. Ова е придружено со нова електрика и нов систем за довод на вода, како и целосна реконструкција на бунарот за вода, кој беше во запуштена состојба – објаснуваат од Општина Аеродром.

Кога станува збор пак за уредување на просторот кој се наоѓа зад ТЦ „Капитол“, од Општина Аеродром велат дека од нивна страна веќе е изработен проект за со кој се предвидува изградба на детско игралиште на местото на постојната дотраена и нефункционална фонтана.

-Општина Аеродром редовно врши реконструкција и санација на постојните фонтани. Неодамна се изврши пролетна подготовка на сите фонтани. Се отстранија оштетените плочки и други дотраени делови од фонтаните и се заменија со нови, мозаични плочки, а се постави и нова хидроизолација. Се уредија фонтаните во Паркот на езерата и паркот „Авионче“, како и фонтаната „Печурка“ кај игралиштето во Ново Лисиче, како и во паркот Јане Сандански – заклучуваат од Општина Аеродром.

Просторот зад ТЦ „Бисер” ќе добие нов лик
Советот на Општина Аеродром на последната седница го изгласа ребалансот на буџетот за 2021 година, со кој се пренаменија средства за проекти од интерес на граѓаните на Аеродром, информираат од Општината.

– Преку ребалансот се издвоени средства за уредување на просторот зад ТЦ „Бисер“, кој ќе прерасне во современ сквер со повеќе содржини. Исто така, овозможени се и средства за изградба на управна општинска зграда, за која неодамна беше избрано идејно решение – наведуваат од Општината.

Како што соопштија оттаму, оваа година, во насока на заштита на животната средина, за жителите на Аеродром се обезбедени средства за субвенции за велосипеди. Општината ќе доделува и еднократна парична награда за најдобар ученик на генерацијата од секое основно училиште во Општина Аеродром за учебната 2020/2021 година.

https://www.slobodenpecat.mk/del-od-fontanite-vo-aerodrom-kompletno-ke-bidat-otstraneti/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #439 Posted: 01-Jul-2021 at 12:16
ГРАДСКА ФОНТАНА "БЕСКОНЕЧНОСТ" во ДЕЛЧЕВО.





https://www.facebook.com/gpaarchitecture




Edited by stef4o - 02-Sep-2021 at 14:29
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1768
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #440 Posted: 01-Jul-2021 at 16:39
На какви глупости трошат пари општиниве, тоа страшна работа!! Па како да нема други проблеми во Делчево, па до ова дојде?! Да не збориме дека оваква фонтана, како и секоја друг фонтана или динамички елементи произведуваат оперативни трошоци што општина како Аеродром неможеше да ги издржи, а не па Делчево. Ама ајде, они си знаат.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 20212223>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.344 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.