build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана опрема

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 212223
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 01-Jul-2021 at 22:31
глеј само на кој простор треба да ја стават, грди бекатонки обраснати со трева од неодржување
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15014
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 16-Aug-2021 at 10:52
Уличните часовници – декор во просторот или потреба



Традиционалното постоење на уличните часовници во метрополата
Градските булевари речиси две години се збогатени со часовници, чија намена колку е естетска, толку и треба да им служи на граѓаните да се информираат за точното време. Сепак, некои од часовниците претставуваат само инсталација во просторот, бидејќи не функционираат, односно не го покажуваат точното време и залудно стојат на крстосниците и булеварите.

НЕИСПРАВНИ ЧАСОВНИЦИ

Иако во денешно време ретко кој носи часовник или, пак, ги користи поставените улични часовници на булеварите во градот, сепак низ улиците на Скопје уште во 2002 година беа поставени часовници, чија намена очигледно е да покажуваат колку е часот.
Сепак, некои од овие часовници воопшто не функционираат, односно не го покажуваат точниот час и стојат само како украсни детали на булеварите.
Иако сега сите имаат мобилни телефони, сепак, граѓаните велат дека кога веќе ги има, потребно е да ја вршат својата функција.
– Часовникот што е поставен на крстосницата кај Момин Поток, на семафорите кон Ѓорче, веќе неколку месеци воопшто не работи. Факт е дека денес никој не ги ниту забележува, бидејќи секој има часовник на својот мобилен телефон, сепак, кога веќе постојат, треба и да работат, инаку која е нивната потреба да стојат така? – вели Вики Митевска.
Голем дел од граѓаните воопшто не ни ги забележале часовниците, велат дека знаат дека во Скопје се поставени, но велат дека и да ги виделе, воопшто не им обрнале внимание.
– Немам потреба да барам часовник низ градот, па затоа не ни знам дека ги има. Знам и сум забележал дека има, но воопшто не сум им обрнал внимание, бидејќи немам потреба од нив – вели Александар Митревски.

ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЧАСОВНИЦИТЕ ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЌЕ СЕ ПОТРОШАТ 2,8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Во моментов во Скопје се поставени 16 градски часовници на градските булевари.
Градските власти велат дека часовниците редовно се сервисираат и одржуваат, а покрај одржувањето, на нив се врши и корекција при сезонските менувања на сметањето на времето.
– За реализација на овие активности, Град Скопје секоја година избира фирма што е задолжена за нивно одржување. Во 2021 година е спроведена јавна набавка, каде што е избрана компанијата „Магнус инженеринг“, а оваа година тендерот беше целосен за одржување на јавното осветлување и градските часовници. Конкретно за одржувањето на градските часовници, за 24 месеци Град Скопје ќе издвои 2,8 милиони денари – информираат од Град Скопје.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/уличните-часовници-декор-во-просторо/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15014
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 02-Sep-2021 at 14:31
Originally posted by stef4o

ГРАДСКА ФОНТАНА "БЕСКОНЕЧНОСТ" во ДЕЛЧЕВО.





https://www.facebook.com/gpaarchitecture



Започна изградбата на атрактивната фонтана во Делчево (ФОТО)



Фонтаната е проектирана во формата бесконечност и одраз на модерно и современо Делчево. Идејното решение за фонтаната е уште еден несекојдневен производ на делчевската архитектонска фирма ГП „Архитекти“ и дипл.инж.арх.

Гоце Попов, чиј потпис стои и на архитектонското решение на новиот градски пазар во Делчево. Со ова идејно решение, се внесува живост, динамика, естетика и го оплеменува околниот простор, а со тоа ја реобликува и новата градска слика и го привлекува вниманието на минувачите и посетителите.

По начинот на функционирање, фонтаната е замислена да биде со затворен систем, односно предвидено е да врти една иста количина на вода од приближно 7м3 и да ја филтрира преку своја филтер– централа. Гледана во основа, димензиите на фонтаната се 4 метри ширина и 6 метри должина не сметајќи ја подземната помошна просторија. Висината на металната структура е 350 см, висината на базисот 45 см . Вкупната висина на целата фонтана е 395 см.

Паричните средства за реализација на овој Договор се обезбедени од донации и од Буџетот на Општина Делчево за 2021 година. Вредноста на Договорот изнесува 2.616.296,00 денари без вклучен ДДВ, односно 3.087.229,00 денари со вклучен ДДВ.

Инаку, за Делчево ова е прва фонтана од ваков вид и заедно со втората фонтана планирана од другата страна на Брегалница, пред Спомен-домот АСНОМ, како и другите планирани објекти во ова подрачје, ќе даде нов белег на градот и визуелна доминација во централното градско подрачје.

https://pogled.mk/zapochna-izgradbata-na-atraktivnata-fontana-vo-delchevo-foto/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15014
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 02-Sep-2021 at 14:33
Започна изградбата на атрактивната фонтана
Со изведување земјени работи и подготовка на теренот, започна изградбата на првата од двете планирани фонтани во централното градско подрачје.
Економскиот оператор одбран во тендерска постапка има обврска работите да ги заврши во рок од 6 месеци.







https://www.facebook.com/GoranTrajkovskiZaDelcevo/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15014
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 28-Nov-2021 at 16:01
Модерните клупи со птичји измет, никој не ги чисти со недели!



Шеталиштето на кејот „13 Ноември“ никогаш не било поубаво, похумано и толку достапно, ниту повеќе полно со луѓе, граѓани, скопјани, кои сега конечно можат да уживаат во широчината на овие простори, изјави Петре Шилегов, ексградоначалникот на Град Скопје при промоцијата на новиот реконструиран кеј кон крајот на јули годинава.

За таа цел поставени се нови модерни клупи за седење, нови корпи за отпад, нови жардинери за дрворедот што целосно ги ослободуваат корењата на дрвата како и канделабри, рефлектори за осветлување.

Но, четири месеци подоцна, шеталиштето доби нов естетски изглед. За тоа се погрижија птиците кои преспиваат во крошните на дрвјата. Поголем број од клупите и просторот околу нив се уништени од птичји измет. Така стојат со недели и никој од службите за одржување на јавните површини не се ни обидува да ги исчисти.

Од фотографиите што ги направивме се гледа дека клупите, чија основна намена им е да служат за седнување, никој повеќе не ги користи затоа што се нечисти и гадни. Откако деновиве заврна, сега се шири и непријатна миризба.

Сакаме да ги поттикнеме локалните власти да се фатат за работа и да ја средат оваа јавна површина бидејќи никаде вака не личи една метропола во централното градско подрачје.

https://www.vecer.press/модерните-клупи-со-птичји-измет-никој/
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 28-Nov-2021 at 16:15
Ццццц...
Back to Top
Bezveza View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 12-Jul-2021
Online Status: Offline
Posts: 28
  Quote Bezveza Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 29-Nov-2021 at 21:56
Природна работа
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 462
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 30-Nov-2021 at 09:25
Еве заврна, дождот ќе ги среди
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15014
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 24-Jan-2022 at 18:08
Фонтаната „Лотос“ пак ќе работи, за реконструкција ќе се потрошат 2,5 милиони денари



Пред 15-ина години се уреди платото околу фонтаната со нови плочки, но нејзината обнова сѐ уште чека.

ЈП „Водовод и канализација“ планира годинава да ја реконструира фонтаната „Лотос“ на влезот во Градски парк. Фонтаната, која е една од најстарите во градот и е дел од спомените на скопјани, е изградена пред половина век, поточно пуштена е во употреба во мај во далечната 1971 година, со гламурозна свеченост на која присуствувале многу значајни личности.

На местото каде што денеска се наоѓа фонтаната, пред нејзината изградба имало мочуриште, полно со убави бели цветови, кои биле инспирација за архитектката Мирјана Милановиќ-Волињец, фонтаната да ја проектира во форма на лотосов цвет.

Пред 15-ина години се уреди платото околу фонтаната со нови плочки, но нејзината обнова сѐ уште чека. Сега ЈП „Водовод и канализација“ реконструкцијата на фонтаната ја вметнало во Инвестициската програма за 2022 година, во која се вели дека за оваа намена, за електро и машински инсталации се планирани 2,5 милиони денари.

Покрај реконструкцијата на „Лотос“, јавното претпријатие до Советот на Град Скопје понуди програма во која се планира годинава да се довршат започнатите проекти од 2021 година, но и нови инвестиции. Вкупниот износ на планирани средства за инвестициски вложувања за 2022 година се околу 650 милиони денари.

Во програмата се наведува дека ќе се реконструира и доизградува водоводната мрежа, ќе се реконструираат и санираат шахтите и ќе се изведува антикорозивна и термичка заштита на цевки за да се продолжи векот на траење на цевководите.

Во рамките на Стратегијата за намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем на град Скопје, се планира инсталација на зонски мерачи на проток, со кои ќе се воспостават зони на потрошувачка каде што ќе се контролираат загубите на вода и ќе се создадат услови за рано откривање на дефектите.

Претпријатието ќе продолжи и со набавката на водомери со далечинско отчитување, за што ќе се вложат 38 милиони денари, но ќе се вложува и во специјални возила за третирање на канализациската мрежа.

Поради зголемена потреба за третирање на затнатите канализациски линии, во 2022 година се планира набавка на возило со опрема за видеоинспекција на канализациските линии со помал профил до 250 мм, а проценетата вредност е околу 7 милиони денари – се вели во Инвестициската програма, каде што се наведува и дека ќе се набави возило со опрема за третирање на затната канализација, во вредност од 8 милиони денари.

Секторот за санитарна контрола во 2022 година планира проширување на опсегот на акредитација во согласност со Правилникот за посебните барања за безбедност на природната минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода. Лабораториите и одделението за санитарна контрола, како што се наведува во програмата за 2022 година, вршат секојдневен мониторинг на квалитетот на водата за пиење од 58 мерни места, кои се одредени според бројот на жители на градот, како и контрола на површинските и комуналните отпадни води. Поради тоа, како што се вели, потребно е доопремување на лабораториите, па за осовременување на опремата се планирани 1.645.000 денари и уште 5,5 милиони за набавка на мебел за лабораториите изработен по стандарди за лабораториска намена.

ЈП „Водовод и канализација“ годинава планира да вложува и во сите други сегменти што се дел од активностите на претпријатието, какви што се прочистување отпадни води, осовременување на техниката и механизацијата и во други области од неговото работење.

https://www.slobodenpecat.mk/fontanata-lotos-pak-kje-raboti-za-rekonstrukcija-kje-se-potroshat-25-milioni-denari/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 212223

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.