build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Трамвај Скопје ( Лесна железница / LRT )

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4243444546 59>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Online
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #861 Posted: 21-Aug-2012 at 21:46

   Без разлика колку и да е скапо, според мене целиот сегмент од првата линија Градежен факултет - Транспортен Центар и сегментот од втората линија Клинички Центар - Северен Булевар би го извел под земја. Ова ми се чини како единствено решение, бидејќи ако трасата овде во пренатрупаниот центар се вкрстува со булеварите во центар, ние наместо да го забрзаме, ќе го забавиме јавниот превоз. Можете ли само да си го замислите тој сообраќаен колапс? Ако на ова се додаде фактот дека нашите импровизатори не би оделе по средината на булеварите, туку отстрана, подземното решение на овие сегменти е неизбежно.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #862 Posted: 21-Aug-2012 at 21:51

Андреј... но и по твојата траса ќе треба да се оди со тунел...

Како и да е... Мојата замисла беше друга....

Раскрсницата кај Мавровка може да се направи како оние кои се градат во Софија...

Раскрсницата кај НБРМ и така е замислена како клучка... 

Кај Црвен Крст може да се оди со денивелација на самата трамвајска траса... 

од таму па се до Нова Македонија нема никаков сериозен проблем.... А кај Нова Македонија на ескада би правела лак кон Водњанска... 

Ама неможеме вака на форум.... многу е... незнам... не можеме да се разбереме убаво...

мора да се собереме еднаш со скици и планови и да продискутираме убаво....




Edited by FoSsiL - 21-Aug-2012 at 21:52
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Block View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 18-Dec-2011
Location: Карпошово
Online Status: Offline
Posts: 377
  Quote Block Quote  Post ReplyReply #863 Posted: 21-Aug-2012 at 22:16
Како планирате трамвај кога нема место?
Местото што остана на просторот каде беше оградата и централното зеленило сега има бетонски блокови и голем слој на земја.

Што само прикажува колку краткорочно се прават нештата.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #864 Posted: 21-Aug-2012 at 22:36

A? За кај збориш?

Ако е за Кочо Рацин... е голема работа... ќе ги бутнеме... ќе скратиме по една лента од двете страни и ете ти трамвај... со вишок место за станици... а и било каде... и по Партизанска... и по Питу... како мислевте инаку вие... под земја? Можеби... во некој друг град... во некоја друга држава...

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #865 Posted: 21-Aug-2012 at 22:47
Originally posted by phenomenon


   Без разлика колку и да е скапо, според мене целиот сегмент од првата линија Градежен факултет - Транспортен Центар и сегментот од втората линија Клинички Центар - Северен Булевар би го извел под земја. Ова ми се чини како единствено решение, бидејќи ако трасата овде во пренатрупаниот центар се вкрстува со булеварите во центар, ние наместо да го забрзаме, ќе го забавиме јавниот превоз. Можете ли само да си го замислите тој сообраќаен колапс? Ако на ова се додаде фактот дека нашите импровизатори не би оделе по средината на булеварите, туку отстрана, подземното решение на овие сегменти е неизбежно.


Потпис од А до Ш!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 784
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #866 Posted: 22-Aug-2012 at 13:06
Za prvata linija od mostot obedineti nacii do ruzveltova bez problem moze da se izvede po principot iskopaj i pokrij po poshirinata na peshachkiot i velosipedskiot koridor, a iskreno ne gledam prichina i zoshto ne pod samata partizanska i onaka dolgorochno kje se rekonstruira celiot bulevar. So ogled deka ova ke bide najoptovarenata trasa od najgolema vazhnost e da nema nikakov konflikt so peshachkiot ili patniot soobrakjaj.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #867 Posted: 23-Aug-2012 at 02:38
Еве ги и моите замисли за шинскиот превоз во Скопје. Можам да кажам дека идеите прилично ми еволуираа од времето кога ги дадов првите предлози:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=50&PID=11690#11690

... а таа еволуција мислам дека е значителен помак во позитивен правец, благодарение на идеите кои во меѓувреме беа презентирани на форумов и навистина плодните дискусии кои се надоврзаа на нив.



Инаку јас засега се држев исклучиво до шинскиот превоз, а за тролејбускиот и автобускиот превоз мислам дека најдобро би било да се надоврземе откако би искристализирале некој пошироко прифатен модел за шинските коридори. Исто така мислам дека на Скопје не му е потребен класичен трамвај дури ни на споредни линии - едноставно не го гледам бенефитот кој што може да го има над тролејбуси и автобуси. Во мојов план сите линии се ЛРТ или градско-приградска железница.

Планирањето на вакви големи инфраструктурни зафати секако дека треба да биде со долгорочен поглед и затоа во планов ги вклучив и двете поголеми населби кои веројатно ќе почнат да се оформуваат во догледна иднина (касарната Илинден и Зајчев Рид).

Исто така држам до тоа дека постоечките железнички коридори (секако надградени и прилагодени) треба максимално да се вклопат во јавниот превоз на градот.



Црната линија според планов што ви го презентирам би била со перформанси на градско-приградска железница. Мапата беше премала да ја вцртам цела траса, но се надевам е очигледно дека е целосно во склоп на постоечка пруга и се протега од Волково, па се до Зелениково (преку транспортниот центар). Под услов да се обезбеди адекватен возен парк, оваа линија може да се активира уште утре. Сум забележал дека драчевчани ионака ги користат возовите на МЖ кои поминуваат од Драчево за да стигнат до централното градско подрачје, односно како форма на градски јавен превоз. Со оформување на целата линија, верувам дека би привлекла многу повеќе патници од разни делови на градот и без проблем би била економична, ако ништо друго со 2-3 помали шински возила во сообраќај.

Зелената линија исто така не можев да ја вцртам целата, но мислам јасно е дека на исток ја ги опфаќа населбата и индустриската зона Илинден, ТИРЗ Скопје и завршува кај аеродромот (со изградба на она фамозно мало парче пруга кое недостасува за негово поврзување: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=488). Таа исто така воглавно ја користи постоечката железничка мрежа, а во останатиот дел би ја ползувала денивелираната траса на јужниот булевар. Сметам дека треба да биде ЛРТ линија, иако има одредени околности кои донекаде би фаворизирале градско-приградска железница. Меѓутоа ако се погледне целата траса, се доаѓа до заклучок дека во најголем дел има солидна густина на население и економска активност околу нејзе, а и оние простори со помала густина многу бргу се згустнуваат. Во секој случај, меѓустаничното растојание може значително да варира на различни сегменти од оваа линија, тоа не го гледам како некој хендикеп. Исто така во голема мерка може да служи како „засилување“ на линијата долж булеварот Александар Македонски, за која низ дискусиите излегоа прилично аргументи дека не би било логично да биде ЛРТ линија, туку тролејбуска. Доколку станиците на тој сегмент на зелената линија се поретки, тогаш не би била баш некое големо засилување.

Црвената линија ја знаеме сите, нема што премногу да се објаснува, а и за опсегот на денивелација имаме прилично апсолвирано и мислам дека генерално имаме изградено нешто приближно до консензус околу тоа прашање.

Сината линија произлегува од идеите на Андреј, но во оваа верзија на северниот дел трасата е поинаква - во рамките на овој конкретен план, мислам дека вака е пооптимално трасирана. За деталите околу трасата и денивелацијата во централното градско подрачје, генерално би се држел до идеите кои ги даде Андреј.

Розевата линија би почекала додека се изградат и се згустнат двете нови населби (касарната Илинден и Зајчев Рид), но мора на време да се мисли кога се прават урбанистичките планови, да се вцртаат и да се остават слободни најлогичните траси за шински превоз низ овие реони. Инаку оваа линија би користела еден заеднички сегмент со зелената линија и би го користела планираниот мост кај „жабарот“ и тунел кај калето. За внатрешноста на Кисела Вода мислам дека не би било крај на свет доколку во меѓувреме би се потпрела на тролејбуски и автобуски превоз.







Edited by Cloverstack - 23-Aug-2012 at 02:53
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #868 Posted: 23-Aug-2012 at 17:22

И мене ми се допаѓа твојот предлог... 

Има доста сличности со мојот...

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #869 Posted: 23-Aug-2012 at 18:13
за планирање на градските траси има време, во моментов е потребно да се искористи она што веќе (половично) постои, т.е. црната и зелената линија, кои скромно покриваат голем дел од градот и може да бидат поткрепа и основа додека не се развие озбилно ЛРТ-то кај нас
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #870 Posted: 23-Aug-2012 at 21:05
Originally posted by zabegan

за планирање на градските траси има време
Не би рекол, времето веќе одамна не има прегазено, секое понатамошно одложување е погубно.


Originally posted by zabegan

во моментов е потребно да се искористи она што веќе (половично) постои, т.е. црната и зелената линија, кои скромно покриваат голем дел од градот
За жал, зелената линија не може да се реализира без да оди во пакет со јужниот булевар. Всушност би можело да се направи и некаква привремена импровизација каде што во меѓувреме би се направила површинска траса, но мислам дека таква опција е крајно нерационална и неисплатлива.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #871 Posted: 23-Aug-2012 at 21:45

Ја ова веќе не го можам.... ме оптеретува многу...

Можеме што сакаме да цртаме.... колку е изводливо кај нас.... малку... 

Неможам да се замарам веќе... Нека прават што ќе прават...

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #872 Posted: 24-Aug-2012 at 00:28

Го повлекувам.... Неможам, зависник сум...

Туку... Сте размислувале ли Линија 1 во поголем дел да оди под земја... би било поскапо... ама... можеби би се исплатило ако се имплементираат повеќе линии врз истата инфраструктура... Незнам...

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #873 Posted: 25-Aug-2012 at 17:30
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by zabegan

за планирање на градските траси има време
Не би рекол, времето веќе одамна не има прегазено, секое понатамошно одложување е погубно.


Originally posted by zabegan

во моментов е потребно да се искористи она што веќе (половично) постои, т.е. црната и зелената линија, кои скромно покриваат голем дел од градот
За жал, зелената линија не може да се реализира без да оди во пакет со јужниот булевар. Всушност би можело да се направи и некаква привремена импровизација каде што во меѓувреме би се направила површинска траса, но мислам дека таква опција е крајно нерационална и неисплатлива.
сакав да кажам дека Скопје има толку многу недостатоци да пополнува во уличната инфраструктура, за да дојде ЛРТ-то на ред... затоа викам дека има време
потребно е градов да изврши коплетна масивна реконструкција и доизградба на булеварите, за да се даде основа за шински траси
ете и сам потврдуваш дека инфраструктурата за ЛРТ зависи од идната изградба на булеварите, како што е Јужен... и до тогаш ќе ја немаме зелената траса

а за тоа дека шинскиот превоз веќе одамана го има пропуштено своето време во градов, се согласувам
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #874 Posted: 01-Sep-2012 at 03:34

Еве што имам јас...

Неможам многу да објаснувам, видете, ќе ви биде мислам доволно јасно...

Можам само да кажам дека процесот на реализација според мене би требало да биде ваков:

- 1

- 1-А

- 2

- 2-А

- 3

- 3-А (која и немора да биде шинска и може да биде со помал капацитет на возилата, но за тоа потоа)



Edited by FoSsiL - 01-Sep-2012 at 03:43
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #875 Posted: 01-Sep-2012 at 04:17

А да.... и уште ова.... ја заборавив да ја претставам Линија 1-А, односно врската до аеродромот Александар Велики...

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #876 Posted: 06-Sep-2012 at 23:26



1a - интересна идеја

2а - кога веќе предлагаш ЛРТ линија долж булеварот Александар Велики, нели мислиш дека е подобро да биде малку продолжена кон исток да опфати повеќе население, особено што најнезгодниот сегмент (од изведбен аспект) е веќе опфатен и кон исток би било полесно да се изведе

3 - со оглед дека поминува од кај „рекорд“, би било добро да кажеш и како го замислуваш „рекорд“ во иднина кога од таму би се протнала оваа траса (дали како подземна или надземна улица, дали како двосмерна или едносмерна, дали како пешачка зона...), а исто така дали дел од овој ЛРТ коридор го замислуваш како денивелиран

3a - мислам дека нема никаков резон скапо и од изведбен аспект незгодно продолжување на трасата од другата страна на Вардар, само за да се опфатат неколку објекти долж улицата Скупи... тој кластер таму реално нема и нема да има ни од далеку доволна „тежина“ за да оправда таква екстензија на линијата, а прашање е и колку може улицата Скупи без поголеми компликации да прими ЛРТ траса сега кога таму се начичкаа објекти и приватни имоти што многу би го отежнале евентуалното проширување на коридорот... доколку веќе се премостува Вардар на тоа место, мислам дека попаметно би било да има екстензија на линијата 3а директно во идната населба Зајчев рид, се разбира кога за тоа ќе дојде време

Една поголема слабост на планот би рекол дека е неповрзаноста на Ѓорче Петров. Со оглед дека ионака си вцртал линија 1 и линија 1а, мислам дека идеално би се надоврзало на мрежата една од овие линии (пофреквентната) да продолжува накај Ѓорче.

Сакам уште да те прашам дали предвидуваш (со оглед дека во планов не спомнуваш) некаква форма на градско-приградска железница или нешто слично со што повеќе би се искористила постојната железничка мрежа?

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #877 Posted: 07-Sep-2012 at 07:20

1-A.... Да, и јас така мислам, и затоа ја туркам веќе некое време во секој мој предлог....

2-А... Па, не велам не, секој километар плус трамвај не би требало да е нешто лошо, но и немора да значи... Мое мислење е дека во блиска иднина не би постоела реална потреба од тоа, поради тоа што мислам дека густината на население од таму па натаму е помала и дека користеноста би била исто така помала, но исто така ќе навлезе премногу во ‘‘пред-автопатот‘‘, односно источниот влез на Скопје, и не би сакал таму да се сече со или да навлегува во сообраќајните ленти од истиот, поради тоа што таму се развиваат високи брзини... Замислата ми беше... 2-А да завршува каде што завршува, а една станица пред тоа, односно некаде кај што се одделува Благоја Стефковски, кај бензиската да постои некоја трансферна станица, каде што сите градски и приградски автобуски линии од тој регион би се собирале тука, а патниците би се префрлале на трамвајот. Исто така тука би постоел и буферен паркинг. Но во никој случај, не ја исклучувам можноста да се продолжи до Хиподром, на пр...

3.... Не, 3-ката ја сметам за нешто најблиско на обичниот трамвај... како што ги нумерирав, така е и степенот на независност на трасите... Друга работа е тоа што, ако сообраќајниот коридор за моторни возила би одел под земја кај Рекорд, не би ни имало потреба, а не верувам и некој посебен простор и трамвајската траса да се бутне под земја.... или дури ако се затвори центарот и остане само како пешачка...  Односно, ако постои било каква одвоеност на трасата со сообраќајната инфраструктура, тоа би било спореден продукт на веќе потребните измени во самата сообраќајна инфраструктура, или пак мали модификации и приспособување на истата во однос на трамвајската траса... Но, да го тргнеме тоа на страна, сега за сега... Јас мислам дека трамвајската траса не би претставувала никаков голем проблем на идната пешачка улица кај Рекорд, со оглед на тоа што би била добро нивелирана, би била добро обезбедена и би се движела по средина... Исто така... периодот на пристигнување на трамваите би бил некои 10-15 минути... со што воопшто нема да биде гужва од трамваи таму, за да биде некоја пречка за пешаците... Единствена работа е можеби малку поголема претпазливост додека таму има трамваи... Мислам дека го имам некаде претставено на форумов... во форма на модел... организирањето на овој простор... но сега можеби би претрпел и измени, со оглед на тоа што таму не би била потребна автобуска лента... доколку би поминувал трамвај... Вакви примери има доста во светот... мене ми текнува во моментов на Загреб... Но во Загреб малце работите се поинакви и таму има доста голема гужва од трамваи и тоа може малку да изгледа непријатно... за разлика од тука, каде што би постоела една трамвајска линија и евентуално една под-линија... 

3-А.... Да, сега откако размислив подобро, се согласувам дека нема потреба трамвајската траса да оди до таму... Би било најдобро да завршува кај СРЦ Борис Трајковски, во близина на истиот.... каде што би постоел доволен простор за транферна станица со автобускиот превоз, но и буферен паркинг... Со тоа што, тука би гравитирале автобуските линии од Бардовци, Злокуќани и евентуално Визбегово... 

За поврзаноста на Ѓорче Петров... Хмм... вака... Прва причина што ме натера да не го направам тоа иако го размислував е тоа што во тој дел трасава ќе мора да оди како обичен трамвај... дури и тогаш, мислам дека просторот не е многу голем за да собере се таму... со оглед дека ова е единствениот западен влез на Скопје, и мислам дека не треба да се оптеретува со трамвајска траса... Друга работа што ме натера да размислувам е... дали е поисплатливо тука да минува трамвај или пак автобус или тролејбус... Се одлучив за овие другите две... Но пак ќе речам.... тоа не значи дека доколку би имале потреба од ширење на трамвајската мрежа во иднина, овој крак би бил изоставен... Прво да го направиме она што е неопходно и фундаментално за трамвајската мрежа, а потоа ќе ја надградуваме... 

За градско-приградската железница.... но и за секундарниот градски превоз (автобуси, тролејбуси).... Да... имам некои решенија.... и ќе гледам најскоро да ги презентирам...

.............................................................................................................................

Е сега нешто независно од ова горе....

Мислам дека треба да се отвори дискусија за тоа колку идниот трамвај би бил исплатлив, воопшто, земајќи ги во предвид политиките на државата во однос на индивидуалните возила, но и на менталитетот на народот...

Пред некој ден имав една дискусија дома, која ме натера да мислам дека, доколку ова оди само изгради и ништо повеќе.... нема да функционира... затоа што ни автобускиот превоз во Скопје иако изгледа дека е преоптоварен, не е така... Едноставно луѓето не го користат.... во еден автобус 80% се или средношколци или пензионери, и евентуално процентот на возрасни и вработени луѓе да е поголем во периоди на почеток и завршеток на работна смена... Но измеѓу, незнам колку сте приметиле, но автобусите се половина и повеќе празни... 

Што ме наведе да мислам.... како е можно тоа да се случува тука, а во други држави по светов.... дури и директори да го користат јавниот превоз... на што секако ќе биде одговор нашиот менталитет... но мислам дека и на релативно лесната и ефтина можност да се поседува автомобил, наместо тоа да биде некој вид на луксуз... како што мислам дека е и по светов... 

Сакам да кажам... сум за воведување на нови даноци и давачки, кои користењето на личните возила би го намалило, а би го зголемила користењето на јавниот... од друга страна, поголемиот дел од тие пари би оделе директно во јавното сообраќајно претпријатие со што нејзината ликвидност и способност за инвестиции би се зголемила... 

Но од друга страна пак, круцијално е уште од старт е неопходно за вакво нешто да функционира, квалитетен и брз јавен градски, приградски и меѓуградски превоз... 

Незнам... ова го оставам како отворена тема за дискусија.... и сега за сега не би кажувал повеќе.... понатаму ќе гледам да склопам подобро оформено гледиште... со споредби итн...



Edited by FoSsiL - 07-Sep-2012 at 08:37
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #878 Posted: 14-Sep-2012 at 01:41
Добро како што гледам нема ама баш никаква најава за очекуваниот тендер, поминаа скоро 4 месеци, почна ова полека да паѓа во заборав...се ми се чини дека ги чекаат локалните избори па да може да го вметнат ова во програмата (така нели ќе има нешто плус и поголема ќе биде програмата)Big%20smile
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #879 Posted: 14-Sep-2012 at 01:55
Previous
 
Добра вест е тоа што нема ништо ново, колку повеќе одолговлекуваат, толку поголеми се шансите планираниот класичен трамвај да не стане реалност.
 
Како за промена, задоволни треба да бидеме бидејќи воопшто не се започнати било какви активности околу изградбата на било каква класична трамвајска мрежа, за разлика од досегашната пракса кога бевме задоволни бидејќи конечно почнало нешто да се гради.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3401
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #880 Posted: 14-Sep-2012 at 10:06
Originally posted by Dexter26

Previous
 
Добра вест е тоа што нема ништо ново, колку повеќе одолговлекуваат, толку поголеми се шансите планираниот класичен трамвај да не стане реалност.
 
Како за промена, задоволни треба да бидеме бидејќи воопшто не се започнати било какви активности околу изградбата на било каква класична трамвајска мрежа, за разлика од досегашната пракса кога бевме задоволни бидејќи конечно почнало нешто да се гради.


Во потполност се согласувам со тебе, единствено што сметам дека не е во ред е молчењето од стручната јавност на оваа тема, треба да се дебатира во јавноста кој вид на алтернативен превоз му е потребен на Скопје. За да можат домашните експерти да влијаат на процесот, треба самите да се вклучат во осмислувањето на проектот трамвај. Нам ни се случува тие само да критикуваат после секоја изнесена идеја.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4243444546 59>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.