build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Трамвај Скопје ( Лесна железница / LRT )

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4344454647 59>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #881 Posted: 14-Sep-2012 at 12:15
Originally posted by Cloverstack




Еве ги и моите замисли за шинскиот превоз во Скопје.







Clover многу интересна замисла, особено идејата за розевата линија кон новите населби е многу интересна и потребна. Интересно е да се забележат разликите и сличностите во нашите замисли, што се разбира е добро за увидување на приоритетните траси, но и создавање на нови идеи.

Прво ќе се насочам кон критиките, односно деталите со кои не се согласувам:

1) Мислам дека линиите 1 (Црвена) и 2 (Плава) се најприоритетни, мислам дека и ти (а и повеќето тука) ќе се согласиш со тоа. Ги опслужуваат убедливо најфрекфрентните и густо населени точки во градот и се сечат во самиот центар. Овие две линии заслужуваат најголема можна автономност на своите траси, ебз оглед на комплицираните и скапи решенија. Затоа мислам дека не е најдобро овие две линии да се растегнуваат до предградијата, каде автономна ЛРТ траса е прашање колку е изводлива и потребна. Така на пример не сметам дека е добро линијата 1 да се прдолжи се до Дексион, туку да завршува на жел. ст. Ѓорче Петров. Ова го велам затоа што улицата Ѓорче Петров е многу тесна и фрекфрентна. Таа заради големината на населбата низ која поминува и другите населби кои ги поврзува ќе остане фрекфрентна дури и по изградбатана Јужниот булевар кон Матка и пробивот на Илинденска до Обиколницата. Ако ништо друго, жителите крај улицата ќе ги паркираат возилата на коловозите и ЛРТ линијата 1 би била драстично загрозена. Затоа мислам дека подобро решение е пуштање на трамвајска линија од Дескион или Сарај кон Студентските домови Гоце Делчев преку ул. Алфред Цибовски, а која ќе има трансфер на ЛРТ линијата 1 некаде околу Порта Влае. На ЛРТ 1 секако ќе имаме мали интервали (околу 5 минути во шпицовите најмалку), така што трансферот од трамвај на ЛРТ би бил брз и едноставен, без притоа да се загорзуваат интервалите на ЛРТ 1, како и нејзиното севкупно функционирање.
Истото важи и за источниот крак кон Зелениково, но тука ќе се осврнам на еден друг проблем кој го породува ова продолжување, а важи и за она кон Ѓорче Петров. Имено деловите на ЛРТ линијата 1 до Ново Лисиче и по Ново Лисиче се сосема различни, Првиот опслужуваат многу густи населен регион со многу интензивен сообраќај, додека Вториот би опслужувал ниско населени зони, кои бараат многу помал интервал на движење. Втор момент е што доколку линијата ЛРТ 1 е многу продолжена, тоа би захтевало зголемен број на воила за нејзиното функционирање, што се разбира е скапо. Оваа линија заслужува нови, големи и пространи возила, за кои минимум треба да платиме по 3 милиони евра парчето. Затоа, слично како во случајот со кракот кон Дексион, предлагам скратување на линијата до Ново Лисиче и пуштање на друг вид превоз кон приградските населби (дури во овој случај трамвај не е потребен, може да се помине и со тролејбус/автобус). Повторно малиот интервал помеѓу возилата на ЛРТ 1 овозможува брз и едноставен трансфер без чекање.
Сето ова може да се каже и за продолжувањето на линијата ЛРТ 2 кон Обиколницата, но тука и јас се мислам што е најпогодното решение. Сепак мислам дека населбата Бутел не е толку голема, за да мора ЛРТ 2 да поминува низ неа, туку би било доволно (па и повеќе од тоа) тука да се пробие трамвај, кој по станицата Скопје Север (каде ќе има трансфер на градската железница и линијата ЛРТ 2 која би завршувала таму), би продолжувала кон новиот тунел под Калето и стигнувала некаде во Центар. Со тоа жителите на Бутел ќе имаат врска со целиот систем, П+Р паркингот продолжува да постои, но ниските интервали и надеждноста на линијата ЛРТ 2 нема да се доведува во прашање. А ќе се согласиш со мене дека трасите на ЛРТ 2 пред и по Скопје Север се многу различни по важност.

2) Второто нешто кое мислам дека би функционирало пооптимално доколку се смени е мешањето на ЛРТ и коридорите на приградската железница во една линија. Ова особено важи за Зелената линија. Пределот западно од железничката станица Скопје е далеку погусто населен и поважен, отколку на исток од неа. Првиот бара многу помали интервали и тотална беспрекорност во функционирањето на линијата. Кон Аеродромот е пак сосема спротивно, бидејќи регионот е пред се индустриски и би имал два шпица дневно и далеку помал сообраќај во остатокот на денот (пред се генериран од нас. Илинден, Аеродромот и Хиподром). Затоа тука интервалот би можел комотно да биде на 15 минути во шпиц и 30 минути во остатокот на денот.
Мислам дека попогодно решение е да се разделат овие две линии, при што западниот радиус би се опслужувал како класична ЛРТ 3 линија, која наместо кон железничката би одела до Кисела вода, а источниот радиус да си биде (при)градска железница. Во подалечна иднина, би можело и да се изгради една мала железничка станица во строгиот центар на Скопје (каде што е старата жел. ст.), каде би застанувале возовите на (при)градската железница (и) експресните возови, а би го користеле истиот железнички коридор по Јужниот булевар. Една рампа само треба да се додаде како приклучок кон постоечката железничка, како и да се изгради подземен терминал во Центар. Но, ова е само една идеа за во далечна иднина.

3) Ми фалат трансфери во крајните делови на линиите. Тука пред се мислам на трансфер помеѓу црната и црвената линија крај жел.ст. Ѓорче Петров. Но, доколку веќе ги пуштаме црвената и розевата линија на исток, тогаш би било супер овие 2 линии да се сечат на некоја железничка станица околу ОХИС со црната линија. Со овие периферни трансферни станици се скратуваат голем дел од парувањата во шинскиот систем без потреба да се оди на друг вид превоз, како и се растоварува центарот од трансферни патници.

4) Мислам дека розевата линија нема потреба да се означува како ЛРТ иако би имала карактеристики на таква во голем дел од трасата. Во новите населби може да се пушти булевар со големо средишно зеленило, низ кое понатаму непречено би поминувал трамвај. Понатаму, тунелот и мостот под Калето се идеални за премостување на Бит Пазар и неговите гужви, со што трамваите директно од северните делови на градот стигнуваат во центарот. Јас во мојот предлог твојата розева линија (која е инаку одлична идеа и право отворање на очи), ја заменив со трамвајска иако истата ќе биде делумно или целосно независна во голем дел од трасата, но ја поставив да минува низ Рекорд (откако улицата ќе се затвори за автомобили), со што цтрогиот центар добива уште една линија која оди низ него, наместо периферно кај Јужен булевар како што предлагаш ти.

5) Мислам дека на верзијава и фалат доста повеќе П+Р паркинзи, како и терминали за приградскиот па и локален превоз. Така освен овие 3 терминала кои си ги навел и кои беспорно се најважните, во мојот план додавам уште неколку, заедно со терминали каде приградските и локалните линии би завршувале, без воопшто да навлагаат во градот.


Направив една упростена верзија на твојот план чисто заради споредба:



А еве го и мојот план, во кој се користат дел од дадените идеи на Кловер. Најновата верзија прави јасна дистинкција помеѓу ЛРТ линиите (А, B, C), трамвајските линии (кои не исклучуваат ЛРТ сегменти), тоа се 1, 2 и 3, како и тролејбуските линии кои се таму заради постоењето на Северниот булевар (4 и 5). Тука се и линиите на приградската железница (R1, R2 i R3).





Би ги издвоил само промените, дел од кои се опишани и погоре;

Трамвај 1: Бутел - Ск. Север - тунел под Калето - Илинденска - СРЦ Борис Трајковски
Трамвај 2: Злокуќани - тунел под Калето - Рекорд - 11ти Октомври - Кисела Вода
Трамвај 3: Сарај/Дексион - ул. Ѓорче Петров - Порт Влае - ул. Алфред Цибовски - Тафталиџе
Тролејбус 4: Маџари - Северен булевар - Ново Лисиче - Кисела Вода
Тролејбис 5: Хиподром - Северен булевар - Бит Пазар - СРЦ Борис Трајковски - Тафталиџе

(При)градска железница R1: Волково - жел. ст. Ск. Север - жел. ст. Хиподром - ТРИЗ Бунарџик - Аеродром Скопје
(При)градска железница R2: Волково - жел. ст. Ск. Север - жел. ст. Скопје-Централна - жел. ст. Драчево
(При)градска железница R3) Аеродром Скопје - ТРИЗ Бунарџик - жел. ст. Хиподром - жел. ст. Скопје-Централна - жел. ст. Драчево.

Со ваквиот тип и комбинација на линии на (при)градската железница се овозможува директен транспорт од било која станица до било која друга станица без преседнување.

Мислам дека овој план е оптимален за Скопје. Ниту е предимензиниран, нуди многу трансфери и врски помеѓу линиите (кои со воведување на електронска наплата со важност од 90 минути како во другите европски градови нема да претставува никкаов проблем, особено ако се имаат во предвид малите интервали на движење по главните линии A, B, C) и опфаќа најголем број на населби. Исто така е димензиониран рационално - секоја насеба ја опслужува со за истат потребниот интервал и капацитет.



П.С. Каде се другите да се вклучат во дискусијава, зарем толку малку ги интересира најважниот прокет во нивниот град?!

Edited by Andrej_LJ - 14-Sep-2012 at 12:17
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1547
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #882 Posted: 14-Sep-2012 at 12:19


Strucna javnost? Sto bese toa?
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #883 Posted: 15-Sep-2012 at 02:29
Еееј, Коце, види види Bash
 
Претпоставувам дека ќе биде добра комбинација со неодамна нарачаниот пајтон, веќе имаме двокатни автобуси во ретро стил, зошто не и трамвај каков што наводно се користел пред 100 години во Скопје ?
 
http://www.vest.com.mk/?ItemID=749F083871B5634EBC71D56BF7311A1F&arc=1
 
Ка­ко е до­не­сен пр­ви­от трам­вај во Скоп­је
 
СКОП­СКИ ЛЕ­ГЕН­ДИ
 
17.08.2012, 14:34
 
Пи­шу­ва Да­ни­ло Ко­цев­ски
 
Пр­ви­от трам­вај во Скоп­је го до­не­ле бра­ќа­та Ша­бан-па­ша, поз­на­ти до­на­то­ри и ед­ни од нај­бо­га­ти­те лу­ѓе во гра­дот од вто­ра­та по­ло­ви­на на 19 и по­че­то­кот на 20 век. Иа­ко до­се­га се мис­ле­ше де­ка пр­ви­от трам­вај бил до­не­сен на по­че­то­кот од ми­на­ти­от век, се­пак, тој да­тум тре­ба да се по­мес­ти мно­гу по­на­зад. Спо­ред не­кои но­ви соз­на­ни­ја, пр­ви­от трам­вај фун­кци­о­ни­рал во гра­дот уш­те во да­леч­на­та 1884 го­ди­на, со што Скоп­је се вбро­ју­ва во свет­ски­те гра­до­ви кои мно­гу ра­но го ко­рис­те­ле трам­ва­јот ка­ко ја­вен пре­воз. Ако се има пред­вид де­ка во Ви­е­на пр­ви­от трам­вај влечен од коњи и со шпе­ди­тер­ски тр­ка­ла бил во­ве­ден во 1864 год., то­гаш ста­ну­ва јас­но де­ка Скоп­је не за­ос­та­ну­ва­ло мно­гу зад поз­на­ти­те гра­до­ви.
 

 
Кои би­ле бра­ќа­та Ша­бан-па­ша и ка­ко се слу­чи­ло тие да го до­не­сат пр­ви­от трам­вај во Скоп­је? Во за­пи­си­те се спо­ме­ну­ва­ат не­кол­ку­ми­на од бра­ќа­та, и тоа: Ша­бан-па­ша, Ре­џеп Емин, Ос­ман Емин, Су­леј­ман Емин и Бе­ќир Емин. Во тие за­пи­си се ве­ли де­ка "пр­ви­от трам­вај кој ги во­зел скоп­ја­ни, уш­те во 1884 год., од Ви­е­на го на­ба­вил не­ко­гаш­ни­от скоп­ски бо­га­таш Ре­џеп Емин". Нај­ста­ри­от од нив, Ша­бан-па­ша, бил гла­ва на фа­ми­ли­ја­та. Бра­ќа­та се за­ни­ма­ва­ле со мел­нич­ка ин­дус­три­ја, нај­пр­вин има­ле во­де­ни­ца на прос­то­рот под Ка­ле­то, кај де­неш­на Елек­тро­дис­три­бу­ци­ја и спорт­ски­от цен­тар "Ка­ле", а по­тоа по­се­ду­ва­ле и мо­дер­на мел­ни­ца. Ту­ка те­чел еден крак од ре­ка­та Вар­дар и поз­на­ти­от јаз. Бра­ќа­та ни­ко­гаш не го де­ле­ле ме­ѓу­себ­но имо­тот и се­ко­гаш ра­бо­те­ле слож­но ка­ко ед­на зад­ру­га. Ко­га не­кој ќе по­чи­нел, дру­ги­те го про­дол­жу­ва­ле биз­ни­сот со сво­и­те де­ца.
Еве ги и окол­нос­ти­те за тоа ка­ко дош­ло до ку­пу­ва­ње на трам­ва­јот од Ви­е­на. Ед­ни­от од бра­ќа­та, Су­леј­ман, теш­ко се раз­бо­лел и не­го­ви­от брат Ре­џеп Емин го од­вел во Ви­е­на, на ле­ку­ва­ње. Та­му го ви­де­ле трам­ва­јот и Ре­џеп ре­шил да го ку­пи. Од ед­на стра­на, да да­де при­до­нес за сво­јот град, а, од дру­га стра­на, тоа би­ла пос­лед­на жел­ба на не­го­ви­от брат, кој бо­ле­ду­вал од не­из­ле­чи­ва бо­лест. Ко­га се по­ја­вил на ули­ци­те на Скоп­је, трам­ва­јот пре­диз­ви­кал сен­за­ци­ја. Еве дел од се­ќа­ва­ња­та за тој трам­вај: "Во го­ди­на­та 1884, на са­ми­от ден Бај­рам, Ре­џеп-па­ша го пуш­ти во про­мет сво­јот трам­вај, и са­мо за три де­на за­ра­бо­ти ог­ром­ни па­ри. На­ро­дот ка­ко луд тр­ча­ше да се во­зи со трам­ва­јот. Ко­њот мо­ра­ше да се ме­ну­ва два па­ти днев­но, би­деј­ќи по­ба­ру­вач­ка­та бе­ше го­ле­ма". Но нас­ко­ро про­ра­бо­те­ле за­вис­та и љу­бо­мо­ра­та. То­гаш­ни­от прет­се­да­тел на Скоп­ска­та оп­шти­на, Ре­шад-бег, по­са­кал са­ми­от тој и Оп­шти­на­та да има­ат трам­вај. Сопс­тве­ни­кот Ре­џеп-па­ша се на­лу­тил, го от­прег­нал ко­њот и го ста­вил трам­ва­јот во де­по­то кај во­де­ни­ца­та пок­рај Вар­дар, под Ка­ле­то.
До пред вој­на­та од 1912 го­ди­на, во Скоп­је има­ло по­ве­ќе трам­ваи во сопс­тве­ност на оп­шти­на­та. Тие, ис­то та­ка, се дви­же­ле со по­мош на коњ­и, но оде­ле по ши­ни. Ре­ла­ци­ја­та би­ла од Ка­ме­ни­от мост (Таш ќуп­ри­ја) до Ис­ла­ха­не (Ида­ди­ја). Скоп­ја­ни го обо­жу­ва­ле трам­ва­јот, им би­ло при­јат­но да се во­зат со не­го. Ва­го­нет­ки­те би­ле во раз­лич­ни бои, а внат­реш­нос­та об­ло­же­на со цр­вен плиш. Се слу­чу­ва­ле ин­те­рес­ни, па ду­ри и ко­мич­ни си­ту­а­ции. Уп­ра­ву­ва­чот на трам­ва­јот или кон­дук­те­рот се­дел нап­ред на плат­фор­ма­та и чес­то си пра­вел му­а­бет со ми­ну­ва­чи­те што ги поз­на­вал. За­пи­рал ка­де што ќе по­са­ка за да за­па­ли ци­га­ра, би­деј­ќи не­ма­ло кла­сич­ни пос­тој­ки. А ко­га ќе се из­мо­рел ко­њот, лег­ну­вал сре­де па­тот да се од­мо­ри. Ако трам­ва­јот бил из­ле­зен од ши­ни­те, си­те по­ма­га­ле да го вра­тат на ко­ло­се­кот. Ед­но вре­ме, скоп­ја­ни тол­ку мно­гу аз­ди­са­ле, што по­ба­ра­ле од оп­шти­на­та да се от­во­ри би­фе во трам­ва­јот за да мо­жат да се на­пи­јат ка­фе или не­кој друг пи­ја­лак. Оп­шти­на­та не им ја ис­пол­ни­ла жел­ба­та.
Во 1912 год., од­бор­ни­ци­те од Скоп­ска­та оп­шти­на одр­жа­ле та­ен сос­та­нок. Ре­ши­ле да се уки­не трам­ва­јот, би­деј­ќи не бил мо­де­рен. Во Ви­е­на, ве­ќе во 1903 год., би­ле во­ве­де­ни трам­ваи на елек­три­чен по­гон. Од­лу­ка­та би­ла спро­ве­де­на, иа­ко мно­гу­ми­на по­доц­на за­жа­ли­ле за тоа. Се­пак, би­ле не­оп­ход­ни но­ви­ни во со­об­ра­ќа­јот. Се чи­ни де­ка дел од ста­ри­те ва­го­нет­ки би­ле упот­ре­бу­ва­ни по­доц­на за пре­воз на служ­бе­ни­ци­те до ка­ме­но­ло­мот во Ки­се­ла Во­да. Ин­те­ре­сен е по­да­то­кот де­ка пр­ви­от ку­пен скоп­ски трам­вај дол­го вре­ме пос­то­ел во де­по­то под Ка­ле­то. Чу­ва­рот на мел­ни­ца­та го прет­во­рил во ку­ќич­ка и го оп­ре­мил со ме­бел. Во пер­и­о­дот ме­ѓу две­те вој­ни, сe уш­те би­ле жи­ви не­кои од бра­ќа­та, Ос­ман Емин и Бе­ќир Емин, кој имал ви­со­ка фун­кци­ја, бил бан­ски пра­те­ник. Ша­бан-па­ша по­чи­нал во 1914 год., а не­го­ви­от син Му­ха­мед Ша­бан- па­ша пов­ре­ме­но се ја­ву­вал во пе­ча­тот за да го од­бра­ни спо­ме­нот за не­го и за пр­ви­от трам­вај. Ете, по­ми­наа точ­но сто го­ди­ни от­ка­ко е уки­нат трам­ва­јот, а Скоп­је сe уш­те че­ка да би­де во­ве­ден овој тип мо­де­рен пре­воз.



Edited by Dexter26 - 15-Sep-2012 at 02:30
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #884 Posted: 15-Sep-2012 at 10:58
Данило Коцески треба да ги добие највисоките одликувања на град Скопје.неговата работа не се доплаќа ни со злато
Back to Top
lion View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 13-Sep-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote lion Quote  Post ReplyReply #885 Posted: 17-Sep-2012 at 13:48

Скопје добива трамвај- изградбата почнува до година

12 километарската трамвајска линија во Скопје ќе почне да се гради од следната година.


Тендерската документација е веќе завршена, според градоначалникот Трајановски овој месец Град Скопје планира да распише тендер, а до крајот на годината да се избере концесионерот што ќе стопанисува со трамвајот. Истиот концесионер ќе има обврска да ја изгради инфраструктурата низ градот и да ги набави трамвај вагоните.

Заинтересирани компании според Трајановски веќе постојат, се оствариле и средби со неколку од нив за да им се доближат условите од тендерската постапка. Проектот би чинел околу 150 милиони евра, изградбата би траеле две до три години.
Со овој проект, со набавката на новите едноподни и двокатни автобуси, земјава станува лидер во регионот во вложување во јавниот транспорт, изјави претседателот на меѓународната организација за јавен транспорт на конференцијата што денеска се одржа во Скопје, а каде свои искуства во вложување во јавниот превоз дадоа администрацијата од неколку главни градови од регионот.


http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=96492


Edited by lion - 17-Sep-2012 at 13:49
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #886 Posted: 17-Sep-2012 at 13:56
Originally posted by lion

Скопје добива трамвај- изградбата почнува до година

12 километарската трамвајска линија во Скопје ќе почне да се гради од следната година.


Тендерската документација е веќе завршена, според градоначалникот Трајановски овој месец Град Скопје планира да распише тендер, а до крајот на годината да се избере концесионерот што ќе стопанисува со трамвајот. Истиот концесионер ќе има обврска да ја изгради инфраструктурата низ градот и да ги набави трамвај вагоните.

Заинтересирани компании според Трајановски веќе постојат, се оствариле и средби со неколку од нив за да им се доближат условите од тендерската постапка. Проектот би чинел околу 150 милиони евра, изградбата би траеле две до три години.
Со овој проект, со набавката на новите едноподни и двокатни автобуси, земјава станува лидер во регионот во вложување во јавниот транспорт, изјави претседателот на меѓународната организација за јавен транспорт на конференцијата што денеска се одржа во Скопје, а каде свои искуства во вложување во јавниот превоз дадоа администрацијата од неколку главни градови од регионот.


http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=96492


Неееее Ohno
Не ја бидува оваа дебилна држава со овој замрен, незаинтересиран и мизерно простачки народ со грешни очекувања и приоритети. После толку децении чекање, сега без никаква јавна расправа или стручни мислења се прави пат за криминално и штето концесионирање на трамвајскиот превоз. Се оствари ли оваа идиотска замисла, Скопје засекогаш ќе си ја запешати судбината!



Со овој проект, со набавката на новите едноподни и двокатни автобуси, земјава станува лидер во регионот во вложување во јавниот транспорт
Хаха поредната тура комплетни дезинформации, која секако овцата народ со леснотија ќе ја проголта! Него среќа што во се сме лидери и што Солун кој гради метро за милјарди и Софија што веќе има 33 километри метро не се на по 200 километри и не се во регионов. Под регионов овие сигурно мислат на Скопје, Приштина, Врање, Ниш и Ќустендил!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #887 Posted: 17-Sep-2012 at 14:59
Предлагам итна и по можност што помасовна мобилизација на форумашите на оваа тема. Спремен сум да одвојам голема количина на време и нерви за да им покажеме на властиве дека навистина за вакви крупни и далекусежни одлуки треба да има поширока јавна и стручна расправа, а не да се прави се под маса и тајно. Мислам дека прво би требало ние да се подготвиме како тим, потоа да привлечеме што поголема маса на подржници за на крајот да можеме да спороведеме некаква кампања во медиумите. Затоа предлагам агенда од неколку чекори и идеи:

-изработка на Вики страници за следните поими на македонски јазик: трамвај, брз трамвај, ЛРТ, лесно метро и најважно Трамвај во Скопје (со вкл. англиска верзија). Ова е прилично лесно за изработка бидејќи материјали има повеќе од доволно на интернет. Јас веќе ја работам страницата за брз трамвај, а следна е МК и АНГ верзија за Трамвај во Скопје. Секако, огромна помош би била доколку има ентузијасти кои се желни да помогнат.

-изработка на фејсбук страница, која би содржела многу, но обопштена информација за разграничувањето на поимите, предлогот даден од градот, неговите слаби страни и можните решенија предлагани од нас (се разбира тие решенија не мора да се едно и конкретно, туку различни идеи). Предлагам страницата да биде направена на лесен и достапен начин и за обичниот, неинформиран читател, но и да содржи експертна информација за заинтересираните.

-изработка на веб страница за презентација на нашите идеи и решенија. Колку чини хостингот на една страна на нет и како би можеле да ги собереме овие пари? Јас лично сум спремен да донирам одреден дел од потребната сума.

-кога би се завршил овој дел би предложил регистрација во повеќе наши форуми со цел популаризирање на идеите и иницијативата. Секако мислам дека ќе добиеме помош и од меѓународните форуми како SSC, gtsofia и beobuild!

-ова е по желба и преценка на билд, но лично мислам дека е крајно време билд да излезе со серија критички настроени статии кон ова прашање. Сепак билд е медиум, кој не би требало само да одразува настани, туку и да налага и креира мислења и ставови. Белким сме најстручните луѓе во државава по оваа тематика (освен експертите кои или немаат појма или се кријат по дупки).

-повторно по желба на бил, мислам дека би било одлично доклоку се искористат веќе постојните контакти со дел од новинарите од медиумите, за пласирање на идеи и предлози. Под ова не мислам толку на конкретен предлог, кој би се измислил подоцна во текот на една расправа, туку на укажување на слабостите и умопомрачителни последици за Скопје доколку се изгради класичен трамвај. Пред се треба да се бориме за смена на концепциите (класичен спрема брз трамвај/ЛРТ), а трасите и особеностите би се изјаснувале подоцна.

-на крај, по завршување на широката мобилизација на заинтересираните, мислам дека е време да се обратиме до што поголем број на медиуми (јас лично сум спремен под име и презиме да пишувам текстови или да учествувам во Скајп или живи емисии доколку има потреба, дај Боже), во форма на колумни и критички текстови.

Навистина има многу работа и малку време, но мислам дека во овој случај целта ги оправдува средствата и вложениот напор. Крајно време е да престанеме да матиме слама и си црткаме предлози, затоа што како што тргнало, ниту прибложно од тоа нема да видиме. Потребна ми е помош од ентузијасти кои сакаат да се инволвираат и да помогнат во изработката на сето ова. Секако повеќе од добредојдени се и секакви идеи, стручна и графичка помош!

Сите заинтересирани нека пишат тука или на лична порака! Се надевам дека поголем број луѓе ќе откликнат на иницијативава и тоа што побргу
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #888 Posted: 17-Sep-2012 at 15:23
Распишувањето на тендерот за избор на концесионер кој ќе ја гради трамвајската мрежа и кој ќе стопанисува со трамвајот од мај / јуни 2012 го одложија за септември 2012.
 
Ова е добра вест, бидејќи значи дека воопшто не сме мрднале од мртва точка во текот на целото лето 2012, а дај Боже, можеби никој нема да конкурира на тендерот или можеби поради грешки и бирократски процедури, истиот нема да заврши успешно заклучно со 31 декември 2012.
 
А во 2013 треба да се одржат наредните редовни локални избори, а ако добро помнам, во изборна година се стопираат јавните набавки се додека не поминат изборите, нека ме поправи некој доколку грешам.
 
А дури и да заврши успешно тендерот и да биде избран концесионер, останува фактот дека и претходната градска администрација на град Скопје од периодот 2005-2009 најави дека изградбата на трамвајската мрежа треба да започне во 2009 година, но по менувањето на градската администрација после редовните локални избори 2009, ништо не бидна од планираната изгадба на трамвајската мрежа.
 
Истото може да се случи и во 2013, остануваме да се надеваме дека ќе биде така, дај Боже.
 
2 до 3 години градење на трамвајска мрежа, со кој памет ?
 
Андреј, колку време би траела изградбата на подземна железница долга 12 километри со таа тунелно пробивната машина која ја спомна порано, а колку време траела изградбата на класична трамвајска мрежа во Бугарија или Словенија или било кои други европски држави, имаш ли информација ?
 
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/skopje-ke-dobie-tramvaj-izgradbata-startuva-do-godina
 

Скопје ќе добие трамвај - изградбата стартува до година

 
17.09.2012 - 15:28
 
Македонската метропола конечно ќе добие трамвај. 12 километарската трамвајска линија во Скопје ќе почне да се гради од следната година.
 

 
Тендерската документација е веќе завршена, според градоначалникот Трајановски овој месец Град Скопје планира да распише тендер, а до крајот на годината да се избере концесионерот што ќе стопанисува со трамвајот. Истиот концесионер ќе има обврска да ја изгради инфраструктурата низ градот и да ги набави трамвај вагоните.
 
Заинтересирани компании според Трајановски веќе постојат, се оствариле и средби со неколку од нив за да им се доближат условите од тендерската постапка. Проектот би чинел околу 150 милиони евра, изградбата би траеле две до три години.
 
Со овој проект, со набавката на новите едноподни и двокатни автобуси, земјава станува лидер во регионот во вложување во јавниот транспорт, изјави претседателот на меѓународната организација за јавен транспорт на конференцијата што денеска се одржа во Скопје, а каде свои искуства во вложување во јавниот превоз дадоа администрацијата од неколку главни градови од регионот.

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #889 Posted: 17-Sep-2012 at 15:36
@Dexter26
Роковите од 2-3 години се премногу ако станува збор за класичен трамвај кој би минувал долж третата лента. Тоа е јасно како ден. Доколку не се гради обичен, класичен трамвај, туку брз трамвај кој вклучува посериозни конструктивни решенија, тогаш мислам дека периодот помеѓу 2 и 4 години е сосема реален. На пример за обични ровови или кат енд кавер методата како што би требало да биде долж Партизанска, мислам дека реално брзо темпо е 24-30 месеци, додека при изградбата на многу сложни објекти како тунелите по Калето и Плоштадот, реалните рокови се помеѓу 40 и 48 месеци (лична моја проценка).
ТБМ, односно тунелно пробивната машина не му е потребна на Скопје бидејќи нема да гради ни лесно ни тешко метро, додека тунелите најавени под Калето и пл. Македонија се многу поголеми бидејќи вклучуваат и автомобилски сообраќај и подземни станици. Освен овие два дела, се друго во Скопје може да се оствари преку кат енд кавер (ископај и закопај метода), со Миланскиот метод или одноставно без тунели со помош на ровови или ескади. Се разбира и регулирани раскрсници на едно ниво со предност за брзите трамваи не се надвор од игра, особено во Аеродром.

Она што мене ме загрижува не се роковите, туку целиот концепт: класичен наместо брз трамвај, кој поминува на третата лента наместо во средината на булеварите, разместеноста на трасите и станиците, како и апсолутната монополна позиција на концесионерот. Не заборавајте дека онаму каде што минува трамвајот (кој ако биде класичен ќе има ужасно низок и недоволен капацитет и брзина) нема да смеат да се движат градските автобуси, за присилно да се обезбеди поголем профит за концесионерот!

Ohno
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 336
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #890 Posted: 17-Sep-2012 at 16:08
Доколку собирав по 1 денар за секоjа вест дека трамваjот ќе биде изграден во наредните година дена, сега ќе бев богаташ
ಠ_ಠ
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #891 Posted: 17-Sep-2012 at 16:26
дури и навистина да почне реализацијата на овој проект, воопшто не му се радувам, поради истите причини кои ги наведе и Андреј, особено после сите анализи направени на форумов
битно Скопје ќе биде лидер во инвестициите во транспортот Nuts


Edited by zabegan - 17-Sep-2012 at 16:35
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1656
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #892 Posted: 17-Sep-2012 at 16:33
Дали ова му е потребно на Скопје?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #893 Posted: 17-Sep-2012 at 21:44
Еве како го замислувам јас брзиот трамвај на Скопје. Примери во светот има многу, при тоа од доста помали градови од нашиов. Еве дел од нив:

Краков, Полска (поп. 760 000):

[tubе]NUqCNs6tulE[/tubе]
http://www.youtube.com/watch?v=NUqCNs6tulE

[tubе]3eXoRcdsGjs&feature=related[/tubе]
http://www.youtube.com/watch?v=3eXoRcdsGjs&feature=related

Познан, Полска (поп. 550 000):


[tubе]HL3mFWCpSJU&feature=related[/tubе]
http://www.youtube.com/watch?v=HL3mFWCpSJU

[tubе]XfrmByoygSg[/tubе]
http://www.youtube.com/watch?v=XfrmByoygSg

Севиља, Шпанија (поп. 700 000)

[tubе]wgmnw-QPqEU&feature=related[/tubе]
http://www.youtube.com/watch?v=wgmnw-QPqEU&feature=related

Прага, Чешка (поп. 1 260 000):

[tubе]xKOQBZL48_o[/tubе]
http://www.youtube.com/watch?v=xKOQBZL48_o

[tubе]W4mDsFDvetw&feature=relmfu[/tubе]
http://www.youtube.com/watch?v=W4mDsFDvetw&feature=relmfu


Edited by Andrej_LJ - 17-Sep-2012 at 21:59
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1051
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #894 Posted: 17-Sep-2012 at 21:56
Се некакви историски проекти во Скопје
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #895 Posted: 18-Sep-2012 at 01:19
Страницата на Википедија за Брз трамвајски транспорт е завршена и моментално е на одобрување. Со задоволство можам да изјавам дека ја имаме најдобрата статија на оваа тема во цела Вики на наш јазик. За утре остануваат Трамвајски превоз во Скопје и Брз трамвајски превоз во Скопје, каде ќе вклучам дел од нашите замисли и решенија презентирани на форумот. Ако има некој предлози или замерки, нека сега да ги каже.

Исто така бидејќи сум нов на Вики (ова ми беше прва статија), може ли некој да ми помогне со две работи?
-колку време треба да се одобри дадена статија?
-како се постираат наши сопствени слики на Вики (не превземени од некои други Вики страници на други јазици)?

Cheers

Иако не забележувам било каков ентузијазам околу моите предлози, јас сум навистина мотивиран и мислам колку што ќе ми се можностите ова да го туркам сериозно.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #896 Posted: 18-Sep-2012 at 07:52
Андреј... зошто да не составиме еден pdf од идеите за трамвај по линијата која е предвидена во овој проект.

Јас мислам дека сите се согласуваат за тоа како треба да се изведе, токму тој дел од трасата.

Можно е некако да се изведе „полу-професионално“ за да се пласира некаква идеа во јавноста.

Се разбира сето ова да е коректно и без пристрастни коментари и заклучоци. Едноставно да се даде некое можно решение.

Како ви стои ова?
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #897 Posted: 18-Sep-2012 at 09:04
Луѓе, ја читам темава и жалам што не можам поактивно да ви се приклучам на оваа иницијатива поради презафатеност. Технички каде што може, сметајте на подршка.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #898 Posted: 18-Sep-2012 at 10:18
Originally posted by theMac3donian

Андреј... зошто да не составиме еден pdf од идеите за трамвај по линијата која е предвидена во овој проект.

Јас мислам дека сите се согласуваат за тоа како треба да се изведе, токму тој дел од трасата.

Можно е некако да се изведе „полу-професионално“ за да се пласира некаква идеа во јавноста.

Се разбира сето ова да е коректно и без пристрастни коментари и заклучоци. Едноставно да се даде некое можно решение.

Како ви стои ова?


Апсолутно идеата е добра! Ти знаеш ли да составиш еден таков пдф фајл и да го презентираш тука? Направи го онака како што мислиш дека треба да биде, затоа што мислам дека не ми е сосема јасно дали мислиш да дадеме неколку идеи или една финална, збирна од сите наши?
И сепак треба да се има во предвид дека не сме сосема обединети околу тоа каде трасата треба да биде денивелирана, каде да почнува и завршува итн. Но сепак мислам дека сме едногласни околу тоа дека тунелот под пл. Македонија мора да се изгради и дека траата треба да е во средишното зеленило, а не на трета лента.

@pbanks
супер! Повеќе од доволно е да се знае дека ја имаме поддршката и дека барем тука на форумов сме едногласни дека треба да се дејствува и да се надеваме дека има простор да се измени нешто! Сепак крајно време е властиве да се одучат од својата безобразна лежерност и да мислат дека се што ќе намислат можат најлесно да ни го пробутаат!

Edited by Andrej_LJ - 18-Sep-2012 at 10:21
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #899 Posted: 18-Sep-2012 at 11:50
Momci, sekoja cest za inicijativite, entuzijazmot i ljubovta kon proektive sto gi turkate.
Prasanje:

Zosto e neophodno tunelot za tramvaj do odi pod plostad?

Ne e li poisplatlivo (finansiski) do odi kade sto e sega planirana novava ulica pod kej? Sto ke se izgubi so toa osven nekolu minuti plus za transport.
Vnimavajte deka tuka rabotata ne e ista kako so ulicata. Tramvajot si ima svoja trasa i nema da se pravi metez. Sto znaci on ke si fura i se' sto ke se izgubi se nekolku minuti za da stigne do drugata strana. A so toa ke se napravi i celava rabota izvodliva.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 784
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #900 Posted: 18-Sep-2012 at 12:11
Дефинтивно е добра иницијативата на андреј. Моја мала забелешка и размислување е дека ако сакате да постигнеме ефект не треба веднаш да се бомбардира населението со наши предлози за траси и да се внимава да не се внесе во текстовите премногу емоционалнта позиција која ја имаме против класичниот трамвај. Текстовите и треба повеќе да бидат поедукативни односно аналитички и систематски да се претставата позитивните и негативните страни на различните системи како и тоа каков ефект би имале тие при нивна интеграција со постојните јавни системи за сообраќај, односно кои би имале предност и кои не, како од аспект на време на патување така и од  долгорочен економски аспект (пренасочување на приватен кон јавен транспорт) и да не заборавиме еколошки аспект.
Дефинитивно тие што имаат малку повеќе време и знаење можат да ги искористата социјалните мрежи за едукација на населнието. Нормално ќе теба да се изведата скратена и верзија со лесноразбирливи зборови за полесен достап до поголем број на луѓе и подетална верзија која ќе служи за тие што ќе се заинтересираат подетално. Од мое искуство ако се сака да се едуцира поширокото население потребно е текстот да биде што пократок по конкретен и првично да ги наведува клучните точки кои се про и контра едно односно друго решение за шински јавен систем во Скопје.
Јас ќе се трудам напишаните текстов што е можно подобро да ги изанализирам и да дадам мислења и забелешки како тие би се направиле попристапни до ношироката публика од аспект на разбирливост и јасност.


Edited by mirakuliks - 18-Sep-2012 at 12:13
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4344454647 59>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.