build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Трамвај Скопје ( Лесна железница / LRT )

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5354555657 60>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #1081 Posted: 29-Oct-2014 at 04:37
Ете го повторно циркузот баш како и што постирав кога претходно беше пролонгиран рокот,Коце вака ќе си ја тера до крај на мандат...да не беше трагично ќе беше комично....


Повторно пролонгиран терминот за понуди за скопскиот трамвај


Тендерот за изградба на трамвај во Скопје ќе наполни една година. По септемвриското пролонгирање на рокот, Градот Скопје деновиве го определи 28 јануари 2015 година како краен датум за доставување на понудите од компаниите што се заинтересирани за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и трансфер на трамвајот во главниот град. Ова е четврто поместување на датумот за испраќање на понудите, по првичното одложување на почетокот на мај, како и почетокот на септември и почетокот на ноември како дополнителни рокови. Кон крајот на јануари 2015 година ќе бидат познати имињата на компаниите што пројавиле интерес за реализација на скопскиот трамвај.





Освен крајниот рок, не се променети други сегменти од веќе распишаниот тендер за воспоставување на јавно – приватно партнерство. Компанијата што ќе биде избрана, предвидено е да управува со трамвајскиот систем во период од 35 години. За изградба на трамвајската линија 1, со должина од 12,1 километри, и за набавка на најмалку 22 трамвајски возила, таа ќе треба да инвестира 243 милиони евра. За возврат, идниот концесионер би ги добивал приходите од остварената продажба на билети и од сите други извори на финансирање. Огласот за доделување на договор за јавно – приватно партнерство за изведба на трамвајот во Скопје беше објавен на почетокот од јануари 2014 година.



http://www.build.mk/?p=40164
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1931
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #1082 Posted: 29-Oct-2014 at 17:29
Зарем има компанија која би вложила 243 милиони евра во ова? Компанија која има толкава инвестициска моќ сигурно има десетина ако не и повеќе начини на кои за далеку пократок период ќе може да ги поврати вложувањата. Нереален проект.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1083 Posted: 29-Oct-2014 at 17:40
Ова е еден од ретките проекти на актуелните градски власти во Скопје за кој не ми пречи да продолжи вака како што се одвива од самиот почеток - во нереализација.
 
Колку и да се фрлаат народни пари за објавување на нови повици/тендери и не знам што, истите тие пари се ништо во споредба со спасот од ваквиот идиотизам кој ни се случува со неговото нереализирање.
 
Се разбира, ова не го оправдува фрлањето на народните пари за секакви глупости, но сепак ја оправдува надежта дека ваквиот идиотизам нема да стане реалност.


Edited by Dexter26 - 21-Jan-2015 at 21:51
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1084 Posted: 21-Jan-2015 at 20:49
Едно вакво за у СК

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1085 Posted: 21-Jan-2015 at 21:50
Previous
 
Па не треба толку многу колку што МОРА, бидејќи алтернативата која ја планираат градските власти со класичен трамвај нема ништо да смени кон подобро, а подземна железница, односно метро наводно е скапа инвестиција.
 
Велам НАВОДНО бидејќи од никаде изникнуваат споменици и административни згради како печурки, кои вредат десетици милиони евра, а на кои досега се фрлени над половина милијарда евра, а метро за мал град како Скопје и не би било некаква прескапа инвестиција за град или држава кој(а) е подготвен(а) да фрла стотици милиони евра народни пари на тотално непотребни глупости.
 
Па бидејќи подземната железница, односно метрото наводно е неисплатлива и скапа инвестиција, оваа алтернатива од видео клипот е доста прифатлива и исплатлива, милијарда и кусур пати поприфатлива и поисплатлива во споредба со класичниот трамвај кој го планираат градските власти во Скопје.


Edited by Dexter26 - 21-Jan-2015 at 21:53
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1086 Posted: 29-Jan-2015 at 08:14
Никој не е заинтересиран за изградба на трамвајот во Скопје

Пропадна тендерот за изградба на трамвај во Скопје. Денеска беше последниот ден за доставување понуди за реализација на капиталниот инфраструктурен проект, но до Градот Скопје не пристигнала ниту една понуда. Крајниот рок за доставување понуди од домашни и странски компании беше продолжен четири пати, но и покрај едногодишното чекање никој не пројави интерес за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и трансфер на лесниот шински превоз.

Натамошната стратегија за реализација на трамвајот во главниот град останува непозната. „Град Скопје дополнително ќе ја информира јавноста за понатамошните постапки“, велат за „Билд“ од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. Покрај можноста за изведба на трамвајот по пат на јавно – приватно партнерство од страна на концесионер, градската администрација има опција да го реализира овој проект со помош на македонската влада и финансиски средства од државниот буџет, може да побара заем од меѓународните финансиски институции, или пак, дефинитивно да се откаже од идејата за остварување на овој инфраструктурен проект.

Првата фаза од реализацијата на трамвајот е проценето дека би чинела 243 милиони евра. Трамвајската линија 1 е со предвидена должина од 12,1 километри, при што во досегашните тендерски постапки се бараше приватниот концесионер да набави најмалку 22 трамвајски возила.

Бојан Блажевски

http://www.build.mk/?p=42810

Edited by Џоле - 29-Jan-2015 at 08:14
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1087 Posted: 29-Jan-2015 at 10:30
Ова и се очекуваше горе доле.Па која компанија би лупнала 250 мил. евра веднаш и после да чека 35 години да и се поврати инвестицијата.
Се гледа дека ќе си го туркаат проектов до крајот на мандатот и после на крај пак ќе објават тендер демек еве пак пробуваме нешто.
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #1088 Posted: 29-Jan-2015 at 15:58
Originally posted by jyvation

Ова и се очекуваше горе доле.Па која компанија би лупнала 250 мил. евра веднаш и после да чека 35 години да и се поврати инвестицијата.
Се гледа дека ќе си го туркаат проектов до крајот на мандатот и после на крај пак ќе објават тендер демек еве пак пробуваме нешто.


Целосно се сложувам... Тоа се тие популациони политики кои се користат за перење на мозокот.

P.S. Еве нешто за сите членови на форумот и надворешни лица кои го посетуваат.
Едноставно прочитајте накратко или нашироко.
Ќе ја сватите поентата.

http://science.howstuffworks.com/life/inside-the-mind/human-brain/brainwashing1.htm

http://www.cracked.com/article_21309_6-incredible-ways-you-can-use-words-to-brainwash-people.html

http://en.wikipedia.org/wiki/Mind_control

https://books.google.mk/books?id=BIuju20yhDkC&pg=PR11&dq=brainwashing+techniques&hl=en&sa=X&ei=FkrKVNahIKO7ygOHoILYDg&redir_esc=y#v=onepage&q=brainwashing%20techniques&f=false
Back to Top
WhyNot View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2014
Online Status: Offline
Posts: 113
  Quote WhyNot Quote  Post ReplyReply #1089 Posted: 30-Jan-2015 at 02:13
време е да се размислува за метро... оваа густина на автомобили на мал простор убива
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2390
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1090 Posted: 01-Mar-2015 at 18:12
Ех скопјани, скопјани. Долнени пред вас доби трамвај.

Трамвај Турс од с. Дебреште

http://ujp.gov.mk/mk/prebaruvanje_pravni_lica/prebaruvaj?pravno_lice=%D0%A2%D0%A0%D0%90%D0%9C%D0%92%D0%90%D0%88&x=-372&y=-383
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1091 Posted: 01-Mar-2015 at 18:43
Originally posted by WhyNot

време е да се размислува за метро... оваа густина на автомобили на мал простор убива

 
Комбинација од метро и лесна железница е чаре за Скопјево, но ајде кажи им го тоа на нашинците во градската администрација и на општинските администрации.
 
Оперирани се од памет и не знаат да размислуваат.
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #1092 Posted: 03-Mar-2015 at 20:08
Скопје плаче за метро. Ама не може затоа што лежело на езеро, такви се чаршиските муабети...
Од чаламот си патиме!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7240
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1093 Posted: 03-Mar-2015 at 22:38
околу оваа проблематика, најдобри идеи има разработено членот Андреј, ако копате наназад по темава ќе ги најдете (за тоа претпоставувам збори и Декстер)
...ама кај нас не сакаат едни асални автобуски постојќи да монтираат, со асален возен ред и мапи, а не па да се нафатат на сериозен проект
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1094 Posted: 03-Mar-2015 at 22:41
Може Скопје да плаче за метро ама 1 километар метро е од 200 па до 500 милиони евра. Едно е да се сака друго е да се може. Сега за сега зсо буџет од 90 милиони евра на годишно ниво Скопје нема пари ни да сонува метро а не да го гради.
А инвиститор сигурно неможе да се најде зошто му треба 2 века за да го исплати.
Според мене Скопје треба и мора да инвестира во велосипедски патеки и тоа не на онакви како што сега се градат туку на вистински велосипедски автопати. Ако може Копенхаген зошто неможе Скопје.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7240
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1095 Posted: 03-Mar-2015 at 23:09
значи не збориме за метро како она во Лондон, туку за ЛРТ линија... како што сте прочитале и на интернетов, и на темава, ЛРТ е трамвајска линија издвоена од остатокот од сообраќајот и функционира како метро
тоа не подразбира дека мора да биде под земја, туку дека би се изградило според можностите на просторот, па некаде, ако мора да оди под земја, ќе оди, ама таквите линии ќе може да се одложат за подобри времиња доколку се премногу комплицирани
но прекрасната работа кај ваквите проекти, е што може во еден зафат да се реши и проблем со паркирање и со пешачки премини, а со тоа би се добил многу послободен простор за пешаци и велосипедисти, а побрз сообраќај на булеварите
не мора за се да се копаат тунели, некои делници можат да се решат и со површински cut and cover ископи

за сега, имаат прекрасна можност постоечката железница да ја искористат за ЛРТ, а за тоа не треба ништо повеќе од тоа само да се набави по некоја гарнитура, и да се обележат постојки... а со ова ќе се решат пола од проблемите на јавниот превоз во Скопје и приградските населби
дури и солиден план за велосипедска инфраструктура е многу покомплициран од ова едноставно решение
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2390
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1096 Posted: 03-Mar-2015 at 23:42
Aко им е скапо метрото и ЛРТ-то, тогаш што маани му најдоа на метреилот? Или да го сфатиме тоа како:"Oној кој сака наоѓа начин, оној кој не сака наоѓа изговор"?

http://www.metrail.com/






















Edited by phenomenon - 03-Mar-2015 at 23:51
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1097 Posted: 04-Mar-2015 at 16:12
Кај ќе ги собере пензионериве у ова бе не зезај
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #1098 Posted: 05-Mar-2015 at 16:30

можеби идеално решение за по средишните жардињери на булеварите, но повторно би требало да одат цик-цак [1] за да можат да се стават успат и станици
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1099 Posted: 05-Mar-2015 at 22:28
Originally posted by phenomenon

Aко им е скапо метрото и ЛРТ-то, тогаш што маани му најдоа на метреилот? Или да го сфатиме тоа како:"Oној кој сака наоѓа начин, оној кој не сака наоѓа изговор"?


За оваа решение долго размислував. Иако многу повеќе го разгледував висечкиот транвај во Вупертал. Во секој случај се согласувам ако веќе се инвестира во шински превоз тоа да биде некој иновативен вид или ако ништо друго барем да биде некое не многу употребувано а практично решение. Мислам дека ваков проет имаше и во Загреб како дополување на трамвајската мрежа, но незнам дали во меѓувремено ова е тргнато од дневен ред или сеуште се во фаза на проектирање. На крај мислам дека и во Македонија некој понуди покрај Вардар да се гради нешто од овој вид.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #1100 Posted: 05-Mar-2015 at 23:14

тоа беше чинам шинско лрт, смешно тогаш во 90ти вадеа футуризам, а сега само ренесанса, но сам трам е доволен за многу што да се растерети под претпоставка дека би имал засебен колосек в среде, додека лрт посекако нега акнат на скопскиот железнички прстен а врзан и со крак за аеродромот

и поназад има во нишкава разглобено дека кај нас од лисиче до ѓорче нема услови за лрт, а и трам ќе запуши многу што под железничка освен ако не врви по Владимир Комаров но едносмерно т.е. едносмерниот цик-цак предлог со Сандански-Илинденска а потем на враќање Партизанска-Вмро-Асном а и симболиката е уникатна

сеуште не ми е јасно зошто неможат нашиве за во Колска да обезбедат некоја лиценца или ноу-хау та да извадиме македонски трам, можеби и двокатен, иако попрво вакво нешто ко абер би добиле од кинезите со оглед дека тие веќе и имаат двоспратни трамови во хонгконг [1] иако ним сега стопанот им е француски [2]

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5354555657 60>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.