build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Трамвај Скопје ( Лесна железница / LRT )
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Трамвај Скопје ( Лесна железница / LRT )

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5556575859 60>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1121 Posted: 01-Apr-2015 at 15:39
Желбата наречена трамвај



Читателу, не дозволувај овој текст да те одведе во погрешна насока! Неговата цел не е замислена како глорификација или критика на трамвајот како потенцијален дел од системот за јавен градски превоз во Скопје. Тој треба да послужи само како противтежа на атмосферата и аргументацијата, но и на тишината, со кои беа обоени поединечните периоди од неговиот понов историјат.

„Дојде тивко и замина во легендата“. Овој фразерски меѓник на машкото созревање е првата авторова асоцијација на споменот на една, во основа, оправдана идеја. На повеќе од три декади од нејзиното раѓање, нека овој цитат биде еталон за тишината што го проследи нејзиното привремено ад-актирање. На 28 јануари оваа година, заокружен е уште еден тендерски циклус за реализација на проектот Трамвај за Скопје, со нулти конечен збир. Негуван и прогонуван, реанимиран и потценуван, се чини го изгуби здивот исчекувајќи ја најхрабрата инвестиција. Мал за Републиката, голем за нејзиниот главен град, останува приклучен на апарат за вештачко дишење чија улога барем до 2022 година ќе ја одигра важечкиот ГУП.



Дефиниран концепт

Големите проекти, оние што ја менуваат перцепцијата на јавниот градски превоз, се јавуваат еднаш во епохата. Особено проекти кои, во светло на прогнозираните потреби – на пример, број и мобилност на население – поседуваат стратешка „тежина“ и, згора на сè, еколошки „сертификат“.

Со предвидените четири линии, концептот на скопскиот трамвај се чини оптимално излегува во пресрет на планските постулати за ефикасно искористување на просторните, системските, енергетските и еколошките ресурси на градот (ГУП 2012-2022). Посакуваните карактеристики на „лесно метро“ – потполна физичка одвоеност од останатиот моторен сообраќај, првенство на минување низ крстосниците и, по потреба, денивелација во згуснатите градски зони – на хоризонтот на градот проектираа намален број на автомобили, подобрена достапност и пристапност, прочистен амбиентален воздух, вишок полезна енергија, скратена лепеза од директни и индиректни транспортни трошоци, „форсаж“ во социјалната политика, брзина, удобност, безбедност и имиџ на град кој успешно се носи со своите еволутивни процеси.

Навременото премерување на сопствените потенцијали, од 2008-та ги насочи сите институционални напори кон делот од проектот со опипливи шанси за успех: линија бр. 1, за премостување на градското ткиво помеѓу источното Ново Лисиче и западниот Ѓорче Петров. Дополнително потенцирајќи ја изводливоста и економичноста на нејзината источна делница (Ново Лисиче – Мал Ринг), оваа избрана линија двофазно е редуцирана. Добитната комбинација, се чини, беше тука. Но, кај проектите од овој ранг само комбинација не е доволна. Времето ќе открие дузина предуслови кои суштински ги разликуваат градовите што можат од оние што само посакуваат.



Затекнати и придружни околности

Кога во еволутивниот процес ќе се појави нарушување, некаде и до ниво на застој, поредокот тешко може да се одржи со прескокнување на логичните развојни фази. Вирусот на транзициското уривање, и предолго присутен во доменот на јавниот градски превоз во Скопје, се ефектуираше низ дефектна кооперација помеѓу јавниот и приватниот, нерамномерно користење на линиите, унифицираност на тарифите и распределба на субвенциите. Посегнувањето по повисоки стандарди во такви услови има призвук на добра намера, но и дисонанта на бегање од проблеми кои нарушуваат. И кои, со секоја наредна тендерска фаза, прераснуваат во сè потешко премостливи услови за конечна реализација на конвенционалниот трамвајски концепт. Поимот трамвај не крие само набавка на возила и „разгазување“ на новите колосеци.

Или дискусија околу формата и бојата на билетите. Зад тој поим се крие низа од, наизглед неразумни, инвеститорски „каприци“ кои директно или индиректно задираат во замислениот модел на финансирање, организацијата на системот за јавен превоз, неговиот тарифен модел, такси превозот, урбанистичкото диспозиционирање на содржините што привлекуваат поголем број патници, распоредот и начинот на користење на јавните паркиралишта…. Со кои можете до бесвест да се надмудрувате под услов да сте наглуви па до вас да не допира строгото банкарско-кредиторско издишување зад нив.



Кое не е ниту неискусно, ниту толерантно, ниту индиферентно. И кое детално ќе ја „прочешла“ студиско-тендерската рецептура за новиот вид транспорт, очекувајќи во неа да ги најде показателите и прогнозите вообичаени за еден малку поинаков менталитет и начин на работа. И кое на крајот бескомпромисно ќе изненади со тврдење дека она што за некого е решено прашање, за него е всушност дел од проблемот што нема да се толерира.

Предмет на оспорување

Идејното „спиновање“ не е инструмент пожелен за забрзување на еволутивната динамика. Па макар и да станува збор за обичен градски трамвај. Обидите на алтернативните предлози во троскок да прескокнат еден период на логичен концептуален развој, беа првиот знак за сомнеж. Времето покажа минлив метеж од нивната испразнетост – тврдење дека трамвајот е превоз за XIX век – смелост – едношински трамвај – и издржаност – трамвајска линија во мајор-коритото на реката Вардар.

Резонското тежиште е нестабилен „соиграч“. Селектирајте ги предностите и недостатоците на алтернативите и тоа некритички ќе пролизга кон некоја од нив. Редовното „плевење“ на ултимативната цел е лек за нејзиниот метафизички интегритет. А таа цел може да биде само една, прагматична и да се најде во коренот на целиот трамвајски концепт: редукција на моторниот сообраќај низ трансфер на што поголем број возачи од сопствените во возилата на јавниот градски превоз. Додавањето типски ексклузивитет (едношинска елевација) или пак дислоцирањето надвор од гравитациските реони на потенцијалните корисници (рекреативно речно крајбрежје) низ призмата на така дефинираната цел може да стане опасно излишно.



И повторно, аргументацијата на комплексните концепти е комплексна сама по себе. И бара нијансирање „во ширина“ и одлучување во доблесен манир. Повеќе во светло на она што сме го направиле отколку на она што, можеби, можеме да го направиме. И во светло на пошироките консеквенци, а не само на примарната корист и претпоставените оперативни потешкотии. Само така при, на пример, кревањето каратеристична супраструктура нема да заборавиме дека Скопје е сеизмички нестабилно подрачје, во кое нештата можат само да излизгаат од лежиштата, а можат и да се струполат од височина. Дека нивото на автоматизација на еден концепт значи предвремено гаснење на потенцијални работни места кај друг. Дека напуштањето на една линија во еден случај ќе ослободи сообраќајна лента, додека во друг ќе остави бетонска конструкција во воздухот, како потенцијален носач на нови билборди. Дека перцепцијата и наклоноста на патниците е поинаква кога до својата цел треба да се искачат, отколку да направат два до три чекори во ниво. На крајот на краиштата, дека ексклузивноста не е пожелна марка во сегментот на јавниот градски превоз, кој, со евентуалното нивојско диференцирање, несомнено би ја стекнал.



Секако, за повеќето наведени особености постои терапија, можеби и лек, но и тие имаат своја цена и свои карактеристични предуслови и рецидиви кои ја градат нивната пожелност.

Епилог

Јавниот градски не е најомилениот тип на превоз во Скопје. Со субвенционирани (читај: бесплатни) билети, нетранспарентни резултати и отсуство на потребните истражувања ниту пак имаме поим колку навистина е омилен. Во услови на дерегулиран автобуски превоз, трамвајскиот концепт, од некоја причина, упорно се форсира. Градот на автомобилите покажува силна приврзаност кон еден подмодел за масовен транспорт кој, за волја на вистината, никогаш не го искусил. И силно игнорирање на фактот што одредени системски и, воопшто, градски проблеми можат да имаат пошироки консеквенци.

Драгоценоста на ова трамвајско „искуство“ се крие во фактот што, во проекти од типот изгради и оперирај, инвеститорскиот интерес и институционалното меценство на ова поднебје имаат проблем да седнат „под иста сенка“, и покрај тоа што превозничката слава е нивна заедничка цел. Домашниот ум посакува интернационален партнер по системот изгради-управувај-врати, странскиот токму во вториот чекор претчувствува неизвесност до степен на ризик. Во такви услови оние инвеститорски „каприци“ добиваат на логичност.

Во „устата“ на искрената желба преголемиот „залак“ не треба да се срамнува со трагедија. Бидејќи искреноста треба да биде онаа сопирачка во вистинскиот момент, движечка сила за чекор-два наназад, „промаја“ за разбистрување и енергија за еветуално модификување на визијата. Постојат решенија кои можеби нема да поседуваат пониклуван сјај, „зелени“ погледи или туристичка атрактивност, но секако можат да ја допрат онаа ултимативна, прагматична цел.

http://www.porta3.mk/zhelbata-narechena-tramvaj/
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1122 Posted: 10-Apr-2015 at 07:12
Станица Бисер, може?





Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1910
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #1123 Posted: 10-Apr-2015 at 11:33
Интересна идеја , мислам дека имаше некој ваков предлог трамвајот да се искачи на столбови по средината на булеварите. Проблем е железничката станица за ваков проект која никако неможе да се измине по средина освен ако не е подземно. Како и да е ,ние неможеме да се нафатиме обичен трамвај по трета лента да направиме сами а не пак на столбови да го качиме.
Забелешка ми е што си ја скратил третата лента на булеварот од двете страни.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1124 Posted: 11-Apr-2015 at 02:05
Може да се помине кај железничка, за се има решение.

Третата лента е намерно тргната од две причини. Повеќе простор, повеќе зеленило. И помалку сообраќај, односно помалку користење на автомобили, а повеќе на трамвајот/јавен превоз.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1125 Posted: 11-Apr-2015 at 09:14
Crvenata lenta pod tramvajot za velosipedi li e?
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1126 Posted: 11-Apr-2015 at 09:46
Да. Велосипедски „автопат“, покриен од озгора за возење во временски неприлики, одвоен од прешачки патеки, коловози, осветлувачки столбови, билборди и знаци. Влегуваш и цепаш

Но главно е наменет како придружна функција и додаток на трамвајот, односно да биде пристап до трамвајската станица за луѓе кои живеат подалеку од неа, бидејќи просечното растојание кое јас го предвидувам за станиците на оваа линија е некои 700+ метри, што не е малку, иде накај растојание за станици на метро.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1127 Posted: 12-Apr-2015 at 05:35
Е сега вака... направив едно видео, ама проба е... зашто и така моделот треба уште да се доработува и поправа, но сепак еве го... Многу е аматерско ама тоа е што е...

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1128 Posted: 12-Apr-2015 at 05:44
Сакам да пробам да ја направам цела траса ако можам... ама проблем ми е што компјутеров иако солиден, неможе да ја издржи таа количина на податоци... го поделив во посебни фајлови тоа што го имам, ама кога треба да го качам сето тоа на Google Earth, тогаш настанува крш. А станува збор за само 3 станици од некои 15, без меѓурастојанијата.

Само оваа станица (Бисер) е околу 61 МБ.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1910
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #1129 Posted: 12-Apr-2015 at 11:18
Леле колку плачат овие раскрсници за кружни текови, само поголеми. !!! Браво за видеото малку подобро се гледа идејата.
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #1130 Posted: 04-May-2016 at 12:21

Влада Урошевиќ - Гласам за скопски трамвај!

Избрзано и лекомислено многу градови по светот се откажаа од своите трамваи. Дрдорливата и ѕвонлива, по малку несмасна електрична играчка, се повлече од улиците не дочекувајќи ја ни стогодишнината на своето прво појавување, потисната од неговото величество бензинскиот мотор. Трамвајот замина во музеј, оставајќи ги само некаде своите шини по улиците, бидејќи се сметаше дека е поевтино да се залеат со асфалт отколку да се вадат...

Не само што Париз и Лондон повеќе ги немаат своите трамваи: и многу помалите градови сметаа дека колку што е можно побргу треба да се ослободат од ова деветнаесетвековно плашило и да ѝ направат место на сè побрзата инвазија на автомобилите. Трамвајот стана ретко животно, незаштитено со закон, кон чие исчезнување сите сакаа да придонесат. Го снема, така, трамвајот што сообраќаше меѓу Ниш и Нишка Бања и кој зиме имаше затворени „зимски“ вагони, а лете „отворени“, летни. Како што го снема и дубровничкиот трамвај помеѓу Пиле и Лапад, кој во летните квечерини ја искачуваше угорнината над морето, плискан по прозорците од гранките на олеандрите, носејќи на својата задна платформа цели гроздови прекрасно исончани девојки што се враќаа од плажа.

Но трамвајот сепак успеа некаде да се одржи. Белград секако не може да се замисли без кружењето на својата „двојка“, таа подвижна школа на политички вицеви, каде што, без оглед на сменувањето на патниците, се одржува една атмосфера на колективна разработка на дневните теми.

Нафтената криза од седумдесеттите и сè погласниот збор на „зелените“ ги потсетија градовите одново на тоа дека постои и сообраќајно средство наречено трамвај! Економските и еколошките причини ја имаат, несомнено, својата тежина, но нив нека ги кажат други. Јас гласам за скопски трамвај воден по колосеците на други побуди.
Би сакал да го видам трамвајот на скопските улици бидејќи сметам дека трамвајските линии би можеле да му ја вратат на градот неговата душа, опасно донесена во прашање со неговиот развој по земјотресот.

Очекувам од трамвајот да ги поврзе неговите премногу разбиени делови, да ги донесе навечер неговите жители кон културните збиднувања, да го проникне со посилни врски на стари и нови склоности неговиот секојдневен живот.

Автобусот тоа не може да го стори. Автобуската линија е нешто ефемерно, препуштено на наумничавоста на машината и на човекот. Трамвајската линија носи со себе нешто редовно, регуларно и речиси прецизно во механизмот на градскиот живот. Стоејќи на трамвајска станица, никогаш не сте препуштени на безнадежноста со која е исполнето чекањето на автобусот: ако ништо друго, пругата е таа која гарантира дека возилото, сепак, мора да дојде.

Трамвајот е дел од градското живеење - во него, на еден згуснат начин, продолжува да трае обредот на заемната комуникација на жителите на градот. Автобусот е привремено прибежиште - тука никој со никого не се познава и сите мрзоволно чекаат да дојде нивната станица за да избегаат од обесчовечениот простор на принудниот престој.
Во однос на автобусот, трамвајот е едно навистина ведро средство на транспорт. Во него има нешто медитеранско, лежерно, дури празнично.

Трамвајот е нешто повеќе од средство за транспорт. Тој е институција. Тој може да биде дебатен клуб или место за медитација - во зависност од расположението на патникот и од околностите.

Со својата појава, со поклопувањето на насоките по кои се движи и основните градски текови, со ритамот на својот од, трамвајот му дава на градот боја, дух, белег. Затоа трамвајот, во сите градови низ кои минувал и низ кои сè уште минува, станал важен знак на распознавање во книжевната топографија на градот, речиси - книжевен јунак. a tek dvokatniot

Како само јурат трамваите - петроградски и московски - низ стиховите на руските футуристи! Николај Гумиљов има чудесна песна - „Залутаниот трамвај“. Јурејќи како „темна крилата бура“, трамвајот во таа песна залутува во бездната на времињата и еден по друг под него минуваат мостовите на Нева, Нил и Сена. На станиците покрај кои минува тој трамвај што излегол од колосеците на секојдневјето може да се купи билет за „Индија на духот“. Во песните на раниот Мајаковски трамвајот ги плиска - со футуристичка надмоќ и со футуристичко уживање во скандалот - грмотевиците на луњите: тој во апокалиптичните залези, по улиците разбиени во искршоци, „во залет ги крши зениците“. Небаре излезен од некаква циркуско-панаѓурска претстава, застанат среде улица, „маѓосникот ги извлекува шините од челуста на трамвајот“.

Во музеите на големите градови постојат снимки на одамнешните трамваи со засекогаш вкочанетите лица на одамнешните патници.

Но, постојат глетки во кои сè уште трепери живот и на кои некогашните трамваи одат по линии кои веќе одамна ги нема: не во музеите туку во книжевните дела.

Не постои во Москва, веќе одамна, линија по која трамвајот оди покрај Патријаршиските рибници - но во „Мајсторот и Маргарита“ на Булгаков тој сè уште врти тука како исполнувач на судбината на Михаил Александрович Берлиоз, завртувајќи го зашеметувачкиот вител на настани поврзани со една посета дојдена од „онаа страна“.

Покрај Нелсоновиот столб денес во Даблин не вртат веќе трамваите, но во Џојсовиот „Улис“ тие тука сè уште „ги затегнуваат своите лири“, ѕвечат и ѕвонат, пресечувајќи ја со своите патеки линијата на Блумовата даблинска Одисеја, играјќи ја во симболиката на ова дело улогата на Еол или на неговите ветрови.

Денес во Париз по булеварот Монпарнас одамна веќе не одат трамваи, но во надреалистичката проза на Бенжамен Пере „Си била еднаш една фурнаџика...“ токму по таа улица еден задоцнет трамвај сè уште бега пред чудовишната наезда на џиновски змии. Избезумениот трамвај ќе излезе од шини, трамвајџијата ќе ја изгуби контролата над колата и ова возило кое, несомнено, во својот карактер има нешто од анархизмот на авторот, ќе ја прескокне од залет Сена, ќе ја урне триумфалната арка Карусел, ќе го опљачка Министерството на финансии и ќе запре врз покривот на Државниот совет!

Низ стиховите на Блез Сандрар, тој поет на сите превозни средства на модерната епоха, се слуша „бесно ѕвонење на трамваите“, додека за Аполинер, во „Песната на лошо саканиот“ трамваите музицираат „со зелен оган врз ’рбетот“.

Во „Растворливата риба“ на Андре Бретон, на плоштадот Бастилја во Париз, трамваите имаат троли „во вид на самовилско коњче“ и се натпреваруваат во брмчење со една џиновска оса. Многу години подоцна Франсис Понж, во една песна во проза, ќе зборува за „аналогии помеѓу осата и електричниот трамвај“.

Во една песна на Борхес, полна со сеќавања за Буенос Аирес, трамваите „патролираат низ градот“, како некакви уморни воини, со трола на рамо.

Во сеќавањата за детските години во „Градина, пепел“ на Данило Киш, „низ опустените празнични улици се престасуваат еден со друг во бесмислени кружења малите трамваи, сини, жолти и зелени, свират мелодиозно во своите лири и ситно ѕвонат кога пред нив ќе се испречи густата празнина стисната во тесното грло на далечната преспектива на градските артерии“.

Модерната поезија од почетокот на векот е преполна со слики во кои трамвајот е магичен предмет од детството што ветува влегување во земјата на чудесната авантура. Ова не значи дека секој патник во идниот скопски трамвај, заедно со билетот, ќе добива улога на јунак во некој роман или можност да се препознае во стиховите на некоја песна. Но она што е сигурно - тоа е дека утрешниот трамвај ќе ја збогати духовната мапа на нашиот град.

Впрочем, Скопје имало некогаш своја трамвајска линија: некаде во почетокот на векот коњски трамвај одел по Илинденска, од Мостот до Идадија и назад.

Возејќи се со него, навечер, кон кафеаните со ќебапчиња и пиво, некогашните скопјани замислувале дека преминуваат од Азија во Европа.

Да се надеваме дека новиот трамвај ќе нè однесе конечно во Европа!

И последен аргумент: трамвајот толку убаво ѕвони!


Гласам за скопски трамвај!

(1989)

http://okno.mk/node/29329
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12332
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1131 Posted: 19-Oct-2016 at 12:21
Ми се чини дека е првпат некоја од политичките партии да предложи нешто вакво... Само да не се сведе на предизборен популизам.
_________________________

Бочварски предлага четири нови железнички линии од околните населби кон Скопје

На Скопје му е потребен градски и приградски железнички превоз. Ова се постигнува преку четири краци во и околу главниот град кои би се вкрстувале во скопската железничка станица, изјави денеска Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ.



- Најпрвин, потребно е да се поврзе аеродромот со железничкиот превоз. Ова може да се постигне со изградба на нов крак од пруга во растојание од 5 километри, од Миладиновци до аеродромот во Петровец, како продолжение на кракот Миладиновци-Скопје. Со изградба на овој крак за првпат би се поврзал скопскиот аеродром, со патничката железничката станица Скопје, како и со меѓуградската автобуска станица. Од тука преку другите краци ќе може побрзо да се стигне и до другите приградски места околу Скопје - рече тој.

Бочварски објасни дека другите три краци кои би се вкрстувале во патничката железничка станица Скопје се следните: Зелениково – Драчево – Лисиче – 11 Октомври – Железничка станица (од 24.5 километри), Миладиновци – Илинден – Маџари – Железничка станица (од 18.7 километри), Железничка станица – Пивара – Железара – Скопје Север – Ѓорче Петров – Сарај – Радуша (од 32.6 километри).

- Со ова би се обезбедил многу побрз и посигурен приградски транспорт за оние патници кои се во близина на пругата, а освен градот Скопје, ќе бидат опфатени и 26 села од неговата околина. За ова е потребно да се направат дополнителни 23 стојалишта, покрај сегашните 16. Возниот ред би се прилагодил на потребите, а потребно би било и да се набават и мали едноделни гарнитури со капацитет од околу 60 места за седење и нови видови билети за комбиниран превоз. Реализацијата на еден ваков проект би ги дала следните резултати - би се намалил градскиот метеж, како и бучавата и загадувањето на воздухот, а граѓаните би заштедиле време и пари - додаде Бочварски.

http://www.plusinfo.mk/vest/90019/bocvarski-predlaga-cetiri-novi-zeleznicki-linii-od-okolnite-naselbi-kon-skopje-video
За сè има вторпат
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9042
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1132 Posted: 19-Oct-2016 at 12:31


Да и јас го прочитав. Тешко е да се оцени дали глеале по интернет (може читале и кај нас) па направиле убав инфографик или навистина имаат некоја идеја.

Делот кон аеродромот е сосема непотребен во моментов. Но другиот дел треба да се направи.

Возниот ред според потребите е глупост. Ова треба да се субвенционира, превозот да биде навремен и доста чест за да се создаде навика кај луѓето.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1133 Posted: 19-Oct-2016 at 15:49
Ова е веќе видено и тука на форумов.Барем да излезеа со нешто сериозно.Сосема непотребно ширење на линијата кон Радуша и доле кон Зелениково.

Edited by jyvation - 19-Oct-2016 at 15:49
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1612
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #1134 Posted: 19-Oct-2016 at 16:34
Радуша, Кучково, Блаче, Чучер Сандево, Бањани - имав можност февруари/март да одам и заклучокот е следен : Пиле не пее а не железнички крак да правиш на тие ридови, треба да бидеме реални, овој крак според мене е чист популизам и предизборен муабет(во духот застапеноста на проекти и кај другиот етникум), а за другите караци може и да се искрена намера...
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1135 Posted: 22-Oct-2016 at 17:00
Сме го дискутирале проектот за градска железница, можеби јас и Andrej најмногу во минатото. Мене проектот ми изгледа како доста сериозен, од причина што за оваа намена била проектирана Скопската железничка станица, па скопскиот железнички јазол бил граден за оваа потреба, влезен е проектов и во рамките на Генерален урбанистички план итн. Не може да се рече дека сега на СДСМ ова им паднало од небо. Задоволен сум што го актуелизираат.

Не знам каква е ситуацијата со Радуша, ама Општина Зелениково сметам дека треба да се поврзе со една ваква линија од причина што баш до таму има најмалку вложување во железничката мрежа. Не треба да заборавиме дека таа линија минува низ Кисела Вода, 11 Октомври, Лисиче, Драчево. Доколку сме паметни како луѓето од Западна Европа, би граделе нови населби токму покрај оваа пруга.
Back to Top
Robbi-MKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Oct-2008
Location: GER, Dortmund
Online Status: Offline
Posts: 100
  Quote Robbi-MKD Quote  Post ReplyReply #1136 Posted: 22-Oct-2016 at 18:22
Приоритет како прво треба да биде целосно модернизирана железница т.е постоечки пруги, железнички станици, возови и вагони и цела ппопратна инфраструктура, направен Коридор 8, барем према Бугарија!
Иначе овоа е чист популизам и предизборни флоскули ништо друго, колку да се рече дека прават нешто од нешто...кога главните коридори како што е Коридор 10, кој бележи загуби и не работи профитабилно, тогаш да се прават краци за Кучково, Чучер Сандево, Сарај итн. е чиста лудост и фрлени пари!
Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #1137 Posted: 22-Oct-2016 at 19:14
Не знам кога последен пат сте се возеле во воз, ама дека ваков проект може да заживее во блиска иднина е невозможно. Нека се качат во воз прво до некое од овие места, нека се симнат после на некоја од тие станици и нека пресметаат колку време ќе им биде потребно до крајната дестинација. Повеќето станици не се во близина на населено место или индустриска зона. Моментално на многу мал број луѓе би им одговарале вакви линии. Едноставно треба да живее некој 10-15 минути од станицата и крајната дестинација да му е исто така во толкава близина. Парите фрлени во празни возови, може да се искористат во многу пореални инвестиции во јавниот превоз. Да, патувањето со воз е многу побрзо, ама сегашната локација на станиците е катастрофа.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12332
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1138 Posted: 22-Oct-2016 at 19:40


Ако не можеме да ги преместиме станиците во градовите, можеме да ги преместиме градовите до станиците
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1139 Posted: 22-Oct-2016 at 21:25
проектот е во ред ако го исклучиме популистичкото додавање на делници што ги нема во железничката мрежа
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1140 Posted: 23-Oct-2016 at 04:36
Originally posted by Staki

Не знам кога последен пат сте се возеле во воз, ама дека ваков проект може да заживее во блиска иднина е невозможно. Нека се качат во воз прво до некое од овие места, нека се симнат после на некоја од тие станици и нека пресметаат колку време ќе им биде потребно до крајната дестинација. Повеќето станици не се во близина на населено место или индустриска зона. Моментално на многу мал број луѓе би им одговарале вакви линии. Едноставно треба да живее некој 10-15 минути од станицата и крајната дестинација да му е исто така во толкава близина. Парите фрлени во празни возови, може да се искористат во многу пореални инвестиции во јавниот превоз. Да, патувањето со воз е многу побрзо, ама сегашната локација на станиците е катастрофа.
па ако се реализира проект како овој, и се разбира, доколку би се изработил професионално, а не во плукни залепи стил, треба да се направат нови постојки онаму каде што треба, па и ако треба да се обезбедат некакви нови пешачки патеки онаму каде што ги нема

пругата поминува низ огромен дел градски и приградски населби, некаде директно до или низ резиденцијална област...(ако не грешам, во северниот дел на градот(Автокоманда-Железара-Бутел-Визбегово-Бардовци-Ѓорче петров) треба да поминува и булеварска делница што никогаш не е доправена, така да...) доколку би се користел овој систем тоа би било на долга релација, така што 15 минути и не се толку многу...
и овие 10-15 минути некако се фрлени од ракав, мене ми требаат пет до десет минути да стигнам до автобуска а живеам релативно блиску до нејзе, а има и многу полоши случаи, сепак и автобус да е, не може пред врата да те остави

можеби добро е и ЈСП да добие конкуренција и малце да се опамети и да ги реформира линиите од титова младост...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5556575859 60>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.