build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Трамвај Скопје ( Лесна железница / LRT )
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Трамвај Скопје ( Лесна железница / LRT )

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 60>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 10-Jun-2008 at 15:01
na dupovite nigde nema zardinjeri,tuku prugi postojat....izglea i ova ke bide ilegala nekoja...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 10-Jun-2008 at 15:03
Дај сподели ги тие ДУП-ови некако, знаеш колку се насушни  Smile
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 10-Jun-2008 at 15:05
pa filmot e so gi neam.iam rodnini so rabotat vo parkovi i zelenilo i imav moznost samo na pola saat da gi vidam tie.oni neso na sostanok bea za zeleniloto niz aer,i im gi dale doma na razgleduvanje.ali toa odamna bese....sea ke cekame nekoj da uspee da doe do niv
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 10-Jun-2008 at 15:42
Може сите жардињери ќе бидат во една секвенца како едно долго корито, и така булеварот ќе биде пловен. Секако ваквиот проект значи многу за економскиот напредок и привлекувањето инвестиции во овој дел од градот.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9042
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 10-Jun-2008 at 16:33
Originally posted by lslcrew

Може сите жардињери ќе бидат во една секвенца како едно долго корито, и така булеварот ќе биде пловен. Секако ваквиот проект значи многу за економскиот напредок и привлекувањето инвестиции во овој дел од градот.


LOL

богами со тој профил може сериозно да се мисли на инсталирање бродски јавен превоз


Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 10-Jun-2008 at 22:19
Originally posted by lslcrew

Може сите жардињери ќе бидат во една секвенца како едно долго корито, и така булеварот ќе биде пловен. Секако ваквиот проект значи многу за економскиот напредок и привлекувањето инвестиции во овој дел од градот.


LOL LOLLOLLOL

Хахах со траект до центар

LOL
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 23-Jun-2008 at 15:06
Еве ви го планот за првата полу-линија во поголема резолуција


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 23-Jun-2008 at 16:52
Еве ја и мапата на евентуалната комплетирана мрежа каква што ја планира градот (според тоа што беше презентирано на Transpower работилницата одржана во Скопје)... Ја нашкрабав самиот зашто оргиналната мапа е во windows metafile формат и тежи над 70MB
Извинете, ја праев у "MS Paint" и кога ја снимив ми го сроза квалитетот и ја замачка Unhappy

Лош план, како што и насетувавме...

Како прво сите линии отстапуваат од ГУП-от токму во битните делови. Сите се предвидени по траси што се поевтини за изградба, но многу полоши по своите карактеристики... Мислам би требало да се направи една темелна студија за исплатливоста на овие линии спрема што повеќе денивелирани и комплетно издвоени линии, па да видиме не само кои се подобри, туку и долгорочно „поевтини“.

Дополнителни забелешки:
1. Една од алтернативите на линијата 1 непотребно ја дуплира линијата 4 (во деталниот план се предвидени како посебни траси,  да не помислите дека е предвидено евентуално користење на истите шини па затоа направиле алтернатива од таму). Воопшто алтернативите се крајно лоши, затоа што Партизанска да се остави без линија е тотален стратешки промашај.
2. Линијата 4 е предвидена странично по Теодосиј Гологанов, што значи дека воопшто не се ни есапи Јужен Булевар дури и подолгорочно.
3. Спојувањето на линијата 4 со постоечката железничка мрежа е изгледа направено само за да се оформи кружна линија, а не да се изврши вистинска интеграција со спојување на приградските реони, како накај Драчево, Илинден и аеродромот, Даме Груев и Волково. Кружната линија во склоп на ваква мрежа како што планираат исто така изгледа прилично сувишна.
4. Линијата 2 обавезно треба да се спои со железничката мрежа накај Драчево, а по можност д се продолжи и накај Бутел (со тоа не само што би се споил Бутел, него би се вкрстила и со кружната линија)

Имам уште еден куп забелешки, ама ај си викам подобро попосле да направам една мапа како би изгледал еден посеопфатен и план, па д може да се прави директна споредба.




Edited by Cloverstack - 28-Jun-2008 at 19:36
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 23-Jun-2008 at 17:03
И порано имаше таква идеја и тоа трифун го имам слушнато како збори да се искористи железничката мрежа за дополнителни линии. Пругата накај Куманово поминува на 1 км од аеродромот, на 3 км од аеродормската зграда, и може да се искористи како линија за трамвај кој ќе иде како приградска линија до аеродормот, зашто Скопје е единствен град без редовна линија до аеродоромот.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 23-Jun-2008 at 19:42
Еве еден проект кој веке постои

Solution for the urban transport to the Skopje Airport

Usually, it takes one 30 minutes to get from the city centre to the Skopje Airport. Travelling

one way, one needs to pay for gas (EUR 1 per litre unleaded gas) and toll (EUR 0, 57), or for

taxi service (EUR 10). According to the Public Airport Enterprise, annually there are 550 000

passengers travelling by plane. These passengers are usually accompanied by at least one

more person (taking them to the airport). The number of the employees that travel every day

to the Airport is around 400. This amounts to around 1.2 million people that would benefit

from rail transportation on annual basis.

If the rail line to the Airport is constructed (2, 5- 3 km needed), one would be able to reach the

city centre in less then 15 minutes. Also, this would create revenue for the railways, as

according to the estimations, around EUR 600 000 of income would pay off the new

construction in less then 5 years.



Urban rail transport in Skopje centre

The old railway line between the new railway station and the station in Gjorce Petrov has

been covered with asphalt by the construction of new roads. This line perfectly links the city

centre with the north-west part of Skopje, creating the rail circle around the city. The other

lines forming the circle are in very good conditions (speeds up to 100 km/h) and can be used

for urban transport instead of the buses and possible tram/metro transport. The length of this

particular line is around 7 km. With an investment of EUR 14 million that would repay itself

quickly after operation starts, Skopje can have the most unique and practical urban transport.

Having in mind the chaos of Skopje’s bus transport, high prices of single ticket (EUR 0, 5) and

lack of proper bus routes, the rail ring around Skopje is more of a necessity then a caprice.

More over, similar city train systems exist in many European cities like Rome and Paris and

they are considered as quick and comfortable means of transport.

Skopje has been built in adjacent to the industrial zones and most of the factories are linked

to the existing railway lines. All of these could be used by the employees on daily basis, and it

4

would both create benefits for the railways and enable the workers to arrive at work in half the

time needed for the bus or car transport.

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 24-Jun-2008 at 19:23
Држејќи се до концептот со четири линии, а кога се обидов да направам компромис меѓу ГУП-от и новиот пристап кој треба да изврши поврзување и со железничката мрежа, дојдов до едно вакво решение. Исто така да нагласам дека внимавав за тоа каде има слободен простор да се испланираат траси и свртници и за тоа каде рељефот е поволен.

Ако се изземе интегрирањето со постоечката железничка мрежа и продолжувањето на некои линии (кои работи се наметнуваат сами по себе ради прифаќањето на таков концепт), планов има сосема мали отстапувања од ГУП-от, многу помали одошто планот на градските власти. Но уште поважно, тие отстапувања се заради битни подобрувања на квалитетот на мрежата, а не ради брзоплето импровизирање.

Инаку, иинтегрирањето со постоечката железничка мрежа и продолжувањето на линиите се нешта кои ќе создадат услови за формирање на вистинска метрополитенска област (макар и мала) и вистински ќе не придвижат кон тоа да станеме метропола. Правење жардињери нема врска со тоа дали си метропола или не.

Линиите што ги зацртав во голема мерка кореспондираат и со моменталниот план на градот, но кога повнимателно ќе се погледне, сепак разликите се суштински. Да одиме линија по линија:


Линијата бр. 1 според сите најави ќе биде првата, а воедно таа е и најважната и доколку се гради правилно и најскапата линија. Основната разлика помеѓу планот на градот и планот што јас го приложувам е во центарот. Градот ја има зацртано низ постоечкиот хаос, извртувајќи ја по површинските улици, а јас сметам дека без тунелот под плоштад подобро да не ја ни градиме. Дополнително мислам дека делот што ќе иде под ниво треба да го опфати и Транспортен Центар (кој имал шанса да види како лесно се закрчува сегментот помеѓу Бојмија и Никола Карев му е јасно зошто) и крстосницата на Партизанска со Климент Охридски. Најголем дел од ова дополнително подземно водење на трасата може да се изведе во "dig & cover" тунел, така да не е до толку страшно како што се чини. За возврат ќе добиеме многу поефикасен ЛРТ, многу попроточен сообраќај по улиците и многу заштеден простор во најатрактивните делови од градот.
Друго, оваа линија оди по главната оска на градот, така што не смееме да ги жртвуваме постоечките ленти за поставување на шини. Низ Аеродорм треба да оди по средината на булеварот, а на Партизанска од тунелот пругите треба да излегуваат раздвоено, од двете страни на булеварот, но на дополнителен и одвоен простор, а не на постоечката трета лента. Проблем ќе има во Ѓорче Петров, каде нема доволно простор, но ако се изгради нов главен западен излез од градот (како што е според ГУП-от), нема да е толку страшно да се стават шини на постоечкиот булевар, кој во тој случај би имал многу помал сообраќај.
Да сумирам, кога веќе се нафаќаме да ја градиме оваа линија, не смееме да импровизираме и да крпиме. Мора да се направат потребните жртви за да биде изведена како што треба, макар и тоа да значи одложување на други (неповрзани) проекти, задолжување, долга изградба...

Линијата бр. 2 ја има истата разлика во водењето на трасата низ центарот (надлежните планираат да ја заплеткаат и извртат низ постоечкиот хаос на површинските улици). Исто така суштинска разлика се нејзините крајни точки. На југ наместо последна станица пред Охис, треба да се спои со железничката линија накај Драчево. На север е пожелно да се продолжи низ Бутел (каде има добри просторни услови) и понатака накај северниот дел од Шутка, каде исто така може да се очекува никнување на индустриска зона покрај обиколницата). Проблем би било низ Чаир, каде дури и со проширување на коридорот (планирано според ГУП), прашање е дали нема да има тесно грло. Но бидејќи сум за небрзоплета, долгорочна, систематска, паралелна изведба на примарната сообраќајна и ЛРТ мрежата, до моментот кога оваа линија би почнала да се гради можеби ќе размислуваме и за булеварската врска преку тунелот под Кале, така да барем во мојов концепт работите се ОК.

Линијата бр. 3 во голем дел се поклопува пред се со линијата бр.1 и во најголема мерка нејзиниот квалитет зависи од нејзе. Ете уште еден аргумент зошто треба да пристапиме кон линијата бр.1 на начин како што нагласив порано.
Линијава по мое видување треба да се продолжи кон север накај Даме Груев и Волково (користејќи ја постоечката железничка пруга), а на другиот крај, во делот во Ченто не сум сигурен, па одбележав со испрекината линија. Тука би се опслужило многу повеќе население доколку се продолжи до последна 45-ка или барем до пазарчето, но не сум сигурен дали тоа може добро и исплатливо да се изведе ради просторни и рељефни пречки. Во секој случај треба да се разгледаат сите варијанти и да се вложи максимум напор и финанси за трасата да се продолжи натака, кога ќе дојде време за оваа линија.

Линијата бр. 4 според моменталниот план на градот очигледно е кружна линија за која навистина не гледам потреба и се сомневам дека воопшто може да се оправда трошокот. Иако во голем дел користи железничка инфраструктура, сепак и на тој дел ќе требаат големи вложувања во дополнителни колосеци, телекомуникациска опрема, сигнализација... Ова вложување далеку е подобро да се насочи на железничката линија кон исток. Со тоа би се поврзале Маџари, Илинден, индустриската зона покрај М-4 и конечно аеродромот (за кој веќе одамна требаше да ги имаме изградено тие 2-3km пруга што недостасуваат). Оваа линија е исто така зависна од јужниот булевар и јас не би ја градел без него. Или нека оди денивелирано низ средината на Јужен Булевар, или нека не ни помислуваат на нејзе додека за такво решение не се создадат услови.

Еве го „мојот“ план за 4 линии во резолуција 800х600




Еве и линк до поголема резолуција







Од трасите повторно се гледа (ако сакаме да имаме квалитетна мрежа) дека шинскиот сообраќај не може да се развива без паралелно да се планираат и градат алките што недостасуваат во примарната сообраќајна мрежа. Овие два крупни залци мораме да ги голтаме заедно, друго решение нема (импровизациите што се нудат не ги сметам за решение, туку напротив, за креирање на нови долгорочни проблеми).

Градските власти треба да сватат дека една квалитетна линија е многу подобра отколку две или три неквалитетни. Ова уште повеќе затоа што првата линија што ќе се гради ќе наметне стандарди и очекувања за понатака - ако се изведе по сите нишани, ќе биде тешко некој после тоа да протурка лоши решенија на некоја наредна линија. Но ако се изведе фушерски, понатаке ќе одиме од крпеница во крпеница.

Дури и за лоша мрежа, инвестицијата е огромна. Да не гледаме само за до наредната година, туку многу понапред. Да не инвестираме во нешто лошо и неквалитетно, кога имаме услови да направиме одличен ЛРТ. Макар и да ни требаат 20 години да ги изградиме сите линии квалитетно, тоа е сепак подобро отколку да ги имавме сите уште утре, ама со постоечкиов план и уште којзнае каква изведба на терен...

Затоа, нека се вложи максимум енергија и нека се насочат сите средства во таа прва линија... Нека се гради и пет години ако треба... Но нека биде најдоброто решение што може да се изведе и да и ставиме точка. После тоа на мир да почнеме да ги собираме плодовите од сите поволности што би ги имала во однос на некоја крпеница... Сигурно нема да треба долго (од аспект на инфраструктурна инвестиција) за да се исплати поголемиот влог.

Се надевам дека нешто порадикално ќе се смени во планирањето. Моментално одиме во лош правец... Ако остане вака, последиците ќе бидат немерливи.


Edited by Cloverstack - 24-Jun-2008 at 20:04
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 24-Jun-2008 at 19:23
Еве и заситена варијанта со 6 линии:


Зелената линија (5) би било лесно да се надоврзе на изградена мрежа, затоа што 99% би користела постоечки ЛРТ или железнички траси.
Одма да нагласам дека тука направив вкрсување во однос на планот со 4 линии (помеѓу оваа и линијата бр.2), затоа што при постоење на двете линии, крајните дестинации вака имаат многу повеќе смисла.
Линијата бр.2 сега се издвојува накај запад, движејќи се заедно со линијата бр.4, но само до карши Алумина, каде има добри услови за свртница, а би била идеална последна станица за оваа линија.
А во оваа верзија, зелената линија е онаа која оди накај Драчево. За оваа линија на ум ја имав најавената населба Зајчев Рид со минимум 24000 жители, но исто така и други популациони центри и индустриски зони кои инаку би останале далеку од мрежата.

Жолтата линија (6) би се градела последна во било кој случај. Пред се за нејзе треба скоро комплетно нова и многу скапа инфраструктура, а од друга страна при постоење на другите линии, жолтата линија очигледно не би била никаков приоритет. Но таа има и доста добри страни, така да дококу во градов успее проектот ЛРТ и голем дел од населението се орјентира кон него, во некоја далечна иднина би се јавила потреба и од ваква линија. Две најважни придобивки од нејзе би биле: 1. Обезбедува втора линија за најголемата густа концентрација на население во градов (Аеродром), кој инаку би имал само една преоптоварена линија; 2. Обезбедува ЛРТ превоз до голем број спортски објекти и спортски центри низ градов (постоечки и зацртани), а во прв план стадионот и новата сала.
Инаку жолтава линија ја замислувам како подземна во делот помеѓу Железен Мост и мостот Гоце Делчев и со пожелна денивелација на уште неколку места.


Еве го „мојот“ план за 6 линии во резолуција 800х600




Еве и линк до поголема резолуција




Edited by Cloverstack - 28-Jun-2008 at 19:40
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 25-Jun-2008 at 07:42
Интересен пристап кловер, држи вода и тоа како! Само ако може 6 и 4 во делот кај центар малце на некои места да ги поместиш за да би се добила централна станица, ама и вака не е лошо. Пример будимпешта има три линии метро  (барем пред неколку години така беше), и сите се сретнуваат на една централна станица.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 25-Jun-2008 at 08:16
Originally posted by lslcrew

... Пример будимпешта има три линии метро  (барем пред неколку години така беше), и сите се сретнуваат на една централна станица.

Мислам дека за ова немаш право, не и кај нив идеално, пример за да стигнеш од ж. станица Келеби до ж. станица Нагати (извините на слободниот изговор на станиците, знаете јазикот е ужасен) мора да сменис два транваја или две метро воза.

Но затоа имат ПРЕКРАСН транваj




Edited by Vladimir P - 25-Jun-2008 at 08:17
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 25-Jun-2008 at 08:17
@lslcrew
 
Па изгледа кловер одлучил "централна" да биде кај транспортен Dunno
 


Edited by vardar - 25-Jun-2008 at 08:18
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 25-Jun-2008 at 08:18
Трамвајот у будимпешта е школски пример како треба да изгледа трамјав со посебна лена и све .... Ама мене ми беше зборот дека трите линии метро се спојуваат во една станица, па мислев дали може да се спојат според планот на Кловер, ама и нема некоја посебна потреба.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9042
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 25-Jun-2008 at 08:29
Originally posted by lslcrew

Трамвајот у будимпешта е школски пример како треба да изгледа трамјав со посебна лена и све .... Ама мене ми беше зборот дека трите линии метро се спојуваат во една станица, па мислев дали може да се спојат според планот на Кловер, ама и нема некоја посебна потреба.


Убава ти е идејата да се спојат но мислам дека Кловер максимално логички пристапил кон трасирањево. На пример 4ка нема шанси да ја свртиш од Јужен булевар, специјално за да иде на централната станица (централна би била онаа под плоштад иако кај НБМ се вкрстуваат и 3 линии).

Е сега незнам и сите станици на куп имаат логика и тоа многу. Не е само за чалам но убаво е на едно место да можеш да имаш пристап до сите линии посебно за оние кои би менувале трамваи. Вака некој што се вози со 4ка и 6ка треба да пешачи од Јужен Булевар/Гоце Делчев до Центар за да фати воз понатаму и ефектот се губи.

Можеби треба да се размислува за некоја друга централна станица во реонот НБМ/Саем/Железничка и некако сите линии таму да се вкрстат.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 25-Jun-2008 at 09:16
Темнозелената (по словенешка трасата) е супер, само може да се спои во круг и да имаме кружен (хормално во двата правци да не треба да вртиш цел град за една станица поназад. А башка може и за туристи кој сака еден круг околу Скопје, језда нема што да види.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 25-Jun-2008 at 16:13
Ми се свиѓа планот, меѓутоа мислам дека како беше кажано некои од линиите што поминуваат низ центарот да се изместат кон околните булевати пример кон бул.Гоце Делчев за да се добие покомпактна централна мрежа. Инаку нормално доколку се прифати некој ваков план мора да имаме предвид дека сообраќајната мрежа, пример Јужен булевар кој сеуште не е изграден, не би можело да се оди со изградба на трамвај. Стоп за привремените решенија.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 27-Jun-2008 at 04:35
Originally posted by lslcrew

Интересен пристап кловер, држи вода и тоа како! Само ако може 6 и 4 во делот кај центар малце на некои места да ги поместиш за да би се добила централна станица, ама и вака не е лошо. Пример будимпешта има три линии метро  (барем пред неколку години така беше), и сите се сретнуваат на една централна станица.

4-ката не може да се помести, затоа што поентата е да се приклучи со транспортен центар и понатака на исток да користи постојна железничка инфраструктура.

За 6-ката би било многу скапо и комплицирано, а таа и онака има заедничи станици со сите линии освен со линијата број 1, која е прилично паралелна и слична, а плус во центарот имаат неколку станици на многу мала оддалеченост една од друга.

Мислам дека е тешко да се направи концепт со една централна станица за 6 линии во град од типот на Скопје, но не мислам дека тоа е проблем, затоа што не е битно да се има една централна станица (која може да претставува и проблем ради преоптовареност), туку линиите да имаат меѓусебни вкрстувања на добри локации.
Со ваков распоред како што предложив луѓето ќе можат да се префрлаат од една линија на друга во најголем дел директно (и тоа на добри локации од тој аспект), а во останатиот дел со помал напор. Од 15 можни вкрстувања недостасуваат само 2 (помеѓу линиите 1 и 6 и линиите 3 и 4) а и тоа се компензира со нивни меѓусебни блиски станици во центарот (200-300m една од друга). Мислам дека тоа не само што е прифатливо, туку дека е и прилично добар исход.



Originally posted by pbanks


Е сега незнам и сите станици на куп имаат логика и тоа многу. Не е само за чалам но убаво е на едно место да можеш да имаш пристап до сите линии посебно за оние кои би менувале трамваи. Вака некој што се вози со 4ка и 6ка треба да пешачи од Јужен Булевар/Гоце Делчев до Центар за да фати воз понатаму и ефектот се губи.

Не сум сигурен дека те капирам... Линиите 4 и 6 може да имаат „заедничка“ станица каде што е оној споредниот влез во саемот. Линијата 4 може да има станица горе, веднаш по завршувањето на железничкиот мост, а линијата 6 одма испод нејзе. Тоа функционално би претставувало нивна заедничка станица.



Originally posted by vardar

@lslcrew
 
Па изгледа кловер одлучил "централна" да биде кај транспортен Dunno
 

Претпоставувам дека трасата на на Крушевска Република си ја помешал со транспортниот центар, затоа што кај транспортен се вкрстуваат две, а кај НБМ четири  линии.



Originally posted by lslcrew

Темнозелената (по словенешка трасата) е супер, само може да се спои во круг и да имаме кружен (хормално во двата правци да не треба да вртиш цел град за една станица поназад. А башка може и за туристи кој сака еден круг околу Скопје, језда нема што да види.

Јас стварно не гледам потреба од кружна линија, ни во планот на градот, ни во плановите што јас ги приложив. Ама можеби пропуштам нешто... Дај дефинирај која кружна линија ја имаш на ум и аргументирај какви поволности би имало од нејзе за популацијата на градот, а тоа да не е веќе „покриено“ со другите линии.
А за туристичка потреба и сам кажуваш дека нема што да се види, мада и да имаше, пак нема потреба од класична линија, туку можеби од специјален туристички воз... Ама како што се сложи и самиот, тоа секако е пропадната работа...

Во секој случај, според планот што го приложив би имало спремна инфраструктура за неколку варијанти на кружни линии, само како што реков, не гледам вистинска потреба од нив. Но важно е да спомнам дека линиите произлегуваат од трасите и инфраструктурата, така да линиите се пофлексибилни и може да бидат донекаде променливи. Важно е инфраструктурата да се гради добро и ефикасно испланирана и со одредена флексибилност кон линиите. Овие линии што ги зацртав ги замислувам како главни редовни линии, а никој не брани на таква постоечка инфраструктура да се воведат дополнителни линии со помал интензитет или повремени или сезонски или било какви линии... Зборот ми е дека тоа што го приложив е пред се критика на градот во однос на инфраструктурното планирање, од кое меѓудругото зависи и дали ќе има добри или лоши линии.



Originally posted by Junkie

Ми се свиѓа планот, меѓутоа мислам дека како беше кажано некои од линиите што поминуваат низ центарот да се изместат кон околните булевати пример кон бул.Гоце Делчев за да се добие покомпактна централна мрежа.

Претпоставувам мислиш на 6-ката (мада мислам дека компактност е погрешен збор во случајов). Одпрвин и јас ја земав во предвид варијантата да оди по Бул. Гоце Делчев, но ја поместив уз кеј ради две главни причини:
1. Да има можност за лесен и брз трансфер на патници со линијата број 1 (во контекст на она што го зборев погоре околу вкрстувањето на линиите).
2. На добар дел од трасата што би ја диктирал булеварот Гоце Делчев, поради ситуацијата на терен би морало да се узурпира постоечка лента (помеѓу стоковна куќа мост и владата), а тоа е сообраќајна алка на која според мене не смее да се одземаат ленти.






-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------


Далеку од тоа дека ова е идеален план и дека не би можеле да дојдат во предвид корекции или сосема други решенија. Јас кога почнав да размислувам на темава, се двоумев помеѓу два прилично различни концепти (иако и за двата се водев од ГУП-от). Дополнително, и за планов што го приложив имав на ум повеќе варијанти. Но на крај кога измерив се, барем мене лично ова ми се виде како најдобро решение.

Сосема идеален план не може да има, дури и ако се градеше нов град и паралелно со него ЛРТ мрежа... Секогаш негде треба да се направи компромис помеѓу одредени фактори. Мене целта едноставно ми беше да покажам компаративно колку е лош планот зад кој моментално стојат градските власти (и тоа повеќе во однос на инфраструктурата која е клучниот фактор во сето ова, а квалитетот на линиите и на преостанатиот сообраќај во градот е само „последица“ од тоа)


Edited by Cloverstack - 27-Jun-2008 at 14:08
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 60>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.