build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Трамвај Скопје ( Лесна железница / LRT )

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 58>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8765
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Трамвај Скопје ( Лесна железница / LRT )
    Posted: 03-Oct-2007 at 18:22
...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8765
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 03-Oct-2007 at 18:26

Скопјани со трамвај ќе се возат за 10 години

Бугарското претпријатие “Градски електротранспорт-Софија“ и македонската компанија “МАК 2000“, кои го добија тендерот за изработка на физибилити студија за шински сообраќај (брз трамбвај) во Скопје, денеска го претставија планот за сообраќање на трамвај низ главнит град на четирии линии со вкупна должина од 56 километри, за што конечната верзија со пресметани трошоци ќе биде завршена на 20-ти овој месец. По конечните пресметки, како што најавија од Град Скопје, финансиски средства ќе бидат побарани од фондовите на Европската унија, а откако ќе се добијат парите, следува изградба на пругите во главниот град, но за тоа ќе бидат потребни најмалку 10 години.

Јован Христовски, раководител на секторот за сообраќај при град Скопје, објасни дека изградба на пруга во должина од еден километар во просек трае од 5 до 6 години. Со оглед на тоа дека вкупната трамвајска линија во Македонија ќе изнесува 56 километри, за изградба на пругите ќе бидат потребни околу 10 години.

Според Физибилити сдудијата првата трамвајска линија во Скопје ќе почнува од мостот кај Сарај, продолжувајќи по булеварот “Партизански одреди“ и “Димитрие Чуповски“, кон булеварот “Јане Сандански“ до населбат Ново Лисиче, каде ќе свртува и се враќа назад по булеварот “АСНОМ“. Втората линија, според планот, ќе минува по јужен булевар со можност за поврзување со транспортниот центар, како трамвајот би се искористил и како воз кој ќе сообраќа по железничката пруга.

Третата линија, објасни Светлослав Станоев од “Градски електротранспорт-Софија“, ќе почнува од железничкаат станица кај ОХИС, по “Првомајска“ ќе продолжува кон улицата “Даме Груев“ до населбата Бутел.

Четвртата линија е предвидено да се протега од работничкиот универзитет “ Кочо Рацин“ преку Бит пазар, десно кон булеварот “Александар Македонски“ до населбата Ченто.

Од секторот за сообраќај при град Скопје, за утре организираат снимање на бројот на патници и превозници во јавниот градски превоз, а со цел утврдување на фрекфентноста и потербите од градскиот превоз, кои би се имплементирале во планот за трамвајскиот сообраќај. Освен снимање, граѓаните ќе се анкетираат во врска со нивното мислење за воведување трамвај во градскиот сообраќај.

 
Eve naucivme nesto novo deka 1km pruga se gradel 5-6 godini. Me interesira kako presmeta tipov 10 godini za 56km. I da mislel 5-6 meseci pak matematikata ne e na mesto.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8765
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 03-Oct-2007 at 18:49

i vekje pocna novinarskoto raznoglasie za nesto sto treba da bide precizna informacija

 

Првите четири трамвајски линии во Скопје ќе се изградат за најмногу шест години
Првите четири трамвајски линии во Скопје ќе се изградат за најмногу шест години.
 
Трасите се веќе определени, Скопје ќе биде кружно поврзано. Ако се оди според планот, од градот очекуваат изградбата да почне за две години. Консултантите го изработиле планот за инфраструктурата, останува да се направи уште деталната финансиска анализа. Првичните покажаа дека за проектот трамвај треба да се обезбедат околу 40 милиони евра. Поголем дел од парите ќе се бараат од европските фондови.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 03-Oct-2007 at 19:09
Originally posted by pbanks

Eve naucivme nesto novo deka 1km pruga se gradel 5-6 godini. Me interesira kako presmeta tipov 10 godini za 56km. I da mislel 5-6 meseci pak matematikata ne e na mesto.



Тоа е тоа друже... Кога изгубени новинари ќе ги пренесат изјавите на неспособните власти, резултатот е ваков. Тоа ни се случува веќе долго време во континуитет.

Мене ме загрижува суштината, т.е. дека линиите имаат одредени несовпаѓања со ГУП-от. Според мене најголем дел од несовпаѓањата се неоправдани и изгледаат како лоши импровизации (по обичај).
Највеќе ме загрижува неспоменувањето на тунелот под плоштадот и на бул. Крушевска Република, чии траси се клучни и за ефикасен ЛРТ систем. Исто така ме вади од кожа оној некаков си едносмерен кружен тек околу Аеродром (прво по бул. Јане Сандански, после по бул. АСНОМ). На Јане Сандански има доволно место да се спроведе двоен колосек по сите стандарди и тоа во средина на булеварот, со пешачки мостови и модерни станици (најефикасно и најсовремено решение). Мене лично повеќе би ми одговарало ова со АСНОМ зашто ми е многу поблиску, ама навистина не е добро решение. Ако до толку има потреба, нека направат дополнителна линија кога ќе дојде време...

Единствена светла точка ми е дека конечно се става крај на шпекулациите за тоа каков трамвај планираат. Очигледно се работи за ЛРТ концепт, кој би требало да се интегрира и со постоечката железничка мрежа. Барем нешто паметно во целава работа...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 03-Oct-2007 at 19:39
Еве нешто малце подетално од официјалниот сајт на градот. Пак во очи упаѓаат импровизациите. Место да се развива паралелно со примарната сообраќајна мрежа (која е потребна не само сама по себе, туку нејзините траси се исто неопходни за ефикасен трамвајски систем), тие ги заплеткале предложените траси низ постоечкиот хаос во Скопје. Каде што има гужва ќе направат уште повеќе гужва, а трамвајот ќе биде спор и неефикасен, вртејќи лево-десно и поминувајќи на скоро секоја закрчена крстосница низ градов.

Angry


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1355&mid=24&tabId=1&tabindex=0



ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈАТА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ТРАМВАЈ НАСКОРО ГОТОВА

Фирмата „Мак 2000“ и нејзиниот партнер Столичен електро-транспорт од Софија, Р.Бугарија, кои беа избрани за најповолни понудувачи на јавниот повик кој Град Скопје го распиша за изработка на физибилити студија за воведување шински сообраќај во градот /брз трамвај/, денеска, ги презентираа досегашните резултати од изработката на студијата.
 
Светослав Станев, заменик директор на Столичен Електро-транспорт, истакна дека физибилити студијата за воведување шински сообраќај во Скопје ќе биде изработена еден месец пред истекот на рокот предвиден со јавниот повик.
 
- Определени се трасите на трамвајските линии, неколку алтернативи, како и локациите на кои треба да се наоѓаат трафостаниците кои ќе ја опслужуваат електричната мрежа на трамвајот. Определени се правците на трамвајските линии, како и стојалиштата. Останува уште да се изврши економска анализа за воведувањето трамвај во Скопје. Оваа анализа ќе зависи и од резултатите од снимањето на бројот на возила и на патници во јавниот градски превоз, која ќе се изврши утре од страна на ученици во Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски“. Податоците од снимањето ќе се обработат најдоцна до 10 октомври, а студијата ќе биде завршена до 20-ти овој месец – објасни Станев.
Станев нагласи дека системот кој се предвидува за напојување со електрична енергија на трамвајската мрежа има капацитет да ги задоволи потребите и доколку дојде до надградба на мрежите со нови линии.
 
Предвидени се две депоа, согласно ГУП на Градот Скопје, едното до автобазата на ЈСП Скопје во Ѓорче Петров, а другото во Ново Лисиче.
 
Трасите, кои се предвидени во физибилити студијата се следниве:
 
ТРАСА НА ЛИНИЈА БРОЈ 1
 
 
СВРТУВАЛИШТЕ ВО БЛИЗИНА НА МОСТОТ КАЈ САРАЈ – СЕ ДВИЖИ ПО УЛИЦА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – БУЛЕВАР ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ – УЛИЦА ДАМЕ ГРУЕВ – УЛИЦА ДИМИТРИЕ ЧУПОВСКИ – УЛИЦА 11 ОКТОМВРИ - БУЛЕВАР КОЧО РАЦИН – ПОКРАЈ КОМПЛЕКС БАНКИ – ПОД ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР - ПО БУЛЕВАР ЈАНЕ САНДАНСКИ – ДО НОВО ЛИСИЧЕ, УЛИЦА ФЕВРУАРСКИ ПОХОД (КАДЕ ШТО ЌЕ БИДЕ ВТОРОТО ТРАМВАЈСКО ДЕПО)
 
ПРВАТА ЛИНИЈА СЕ ВРАЌА ПО БУЛЕВАРОТ АСНОМ, СРБИЈА, ЈАНЕ САНДАНСКИ И ПО ТРАСАТА КОЈА Е ГОРЕНАВЕДЕНА ВО ПРАВЕЦ НА НАСЕЛБАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ. 
 
АЛТЕРНАТИВНА ТРАСА НА ЛИНИЈА БРОЈ 1
 
ОД УЛИЦА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ - ПО БУЛЕВАР ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ – УЛИЦА НИКОЛА ПАРАПУНОВ - ПО БУЛЕВАР ИЛИНДЕН - ПОКРАЈ ЗГРАДАТА НА ВЛАДАТА - ДЕСНО ПО УЛИЦАТА ДАМЕ ГРУЕВ - УЛИЦА ДИМИТРИЕ ЧУПОВСКИ – УЛИЦА 11 ОКТОМВРИ - БУЛЕВАР КОЧО РАЦИН – ПОКРАЈ КОМПЛЕКС БАНКИ – ПОД ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР - ПО БУЛЕВАР ЈАНЕ САНДАНСКИ – ДО НОВО ЛИСИЧЕ, УЛИЦА ФЕВРУАРСКИ ПОХОД
 
 
ТРАСА НА ЛИНИЈА БРОЈ 2
 
 
ТРАСАТА НА ЛИНИЈАТА БРОЈ 2 Е ВО СОГЛАСНОСТ СО ОНАА ПРЕДВИДЕНА СО ГУП КОЈА ОДИ ПО ЈУЖНИОТ БУЛЕВАР, СО ДОПОЛНИТЕЛНИ ИЗМЕНИ ВО НАСОКА НА ПОВРЗУВАЊЕ НА ТРАМВАЈСКАТА ТРАСА СО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ПРУГА, СО ЦЕЛ ДА СЕ НАПРАВИ ЕДЕН КРУЖЕН ПРЕСТЕН ОКОЛУ ГРАДОТ, КОРИСТЕЈЌИ ГИ НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ТРАМВАЈ, КОЈ ПОКРАЈ ПО ТРАМВАЈСКА МОЖЕ ДА СЕ ДВИЖИ И ПО ЖЕЛЕЗНИЧКА ПРУГА. СО ТОА БИ СЕ ДОБИЛА БРЗА ЖЕЛЕЗНИЦА ОКОЛУ ГРАДОТ.  
 
ТРАСА НА ЛИНИЈА БРОЈ 3
 
 
СВРТУВАЛИШТЕ ОД НАСЕЛБАТА КИСЕЛА ВОДА, КАЈ ФАБРИКАТА ОХИС - НИЗ ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ – ПО БУЛЕВАР КОЧО РАЦИН – БУЛЕВАР КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – ПО УЛИЦАТА ЦВЕТАН ДИМОВ- БУЛЕВАР БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА (ДО БУТЕЛ)
 
 
ТРАСА НА ЛИНИЈА БРОЈ 4
 
 
СЕ ДВИЖИ ПО БУЛЕВАР ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ – БУЛЕВАР КОЧО РАЦИН - БИТ ПАЗАР-БУЛЕВАР АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ- ДО НАСЕЛБАТА ЧЕНТО – ОД КАДЕ ПО ИСТАТА ТРАСА СЕ ВРАЌА НАЗАД  
 
 
ЌЕ СЕ СНИМА БРОЈОТ НА ПАТНИЦИ И ВОЗИЛА ВО ЈАВНИОТ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ  
 
  
Дваесет и шест ученици од Авто-сообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски“ во текот на утрешниот ден ќе вршат снимање на бројот на возила и патници во јавниот градски превоз.
 
Снимањето ќе се врши на 13 пункта во градот, во текот на целиот ден. Учениците ќе бидат поделени во 13 тимови и ќе вршат мерење во периодите од 7 до 9 часот, од 11 до 13 часот, од 14 до 17 часот и од 19 до 21 часот. 
 
Учениците ќе вршат и анкетирање на патниците кое се состои од 12 кратки прашања поврзани околу нивните потреби, сугестии и забелешки за јавниот градски превоз. Се очекува секој тим да изврши по 100 анкетирања. 




Edited by Cloverstack - 03-Oct-2007 at 19:40
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 04-Oct-2007 at 00:44
Jas nikogash ne sum se vozel na tramvaj, nit sum videl vo zhivot, ama mene mi izgledat spori?? Kako da zafakjat mnogu mesto vo gradot...neznam

Eve od Utrinski

За почеток Скопје ќе има четири трамвајски линии

Денеска на 13 места ќе се снима протокот на луѓе и автобуси


Главната трамвајска линија преку „Партизанска“ ќе ги поврзе Сарај и Ново Лисиче

САЊА НАУМОВСКА

Четири трамвајски линии, од кои главната преку бул. „Партизански одреди“ ќе ги поврзе Сарај и Ново Лисиче, се предвидени во физибилити студијата за воведување шински превоз во Скопје, која ја изработува фирмата „Електротранспорт“ од Софија. Главната линија на трамвајот ќе поминува низ центарот на Скопје, по улицата „Димитрие Чуповски“, и ќе се движи од Народна банка кон булеварот „Јане Сандански“. Оваа линија има и алтернатива, да ја заобиколи „Партизанска“, на потегот од Карпош 4 до зградата на Владата, каде што може да се движи по „Илинденска“. Втората линија ќе се движи по Јужниот булевар до Транспортниот центар и ќе може да се поврзе со постојната железничка пруга која постои во северниот дел од градот. Оваа опција е прифатлива, бидејќи новите трамваи можат да се движат и по железничка пруга, со што практично, Скопје би добило обиколница со брз трамвајски превоз. Во физибилити студијата се предвидени уште две линии кои од основната ќе се издвојат кон Кисела Вода, потоа преку „Првомајска“ кон ОХИС и преку Бит-пазар, кон Чаир, Бутел и кон булеварот „Александар Македонски“. Ќе бидат изградени и две трамвајски депоа, во Ѓорче Петров и во Ново Лисиче, а е направена и шемата за трамвајските постојки. Според изработувачите на студијата, преостанува уште економската анализа за цената на целиот проект, која зависи од мерењето на протокот на возила, патници и автобуси низ сообраќајниците во градот, што ќе се изврши денеска. Градот Скопје студијата ќе ја добие на 20 октомври.

„Тринаесет тима од ученици од АСУЦ ’Боро Петрушевски’, денеска на 13 раскрсници ќе извршат мерење на протокот на луѓе и автобуси. Мерењата ќе се вршат во четири термини во текот на денот, а ќе биде направена и анкета меѓу скопјани каков превоз сакаат и колку се задоволни од постојниот“, соопшти Ѓорѓи Ѓурковиќ, еден од тимот за изработка на физибилити студијата. Резултатите ќе бидат обработени за неколку дена и ќе бидат основа за финансиската пресметка.

Според физибилити студијата, вкупната трамвајска мрежа во Скопје треба да биде долга 56 километри. Изградбата, според плановите на градските власти, ќе оди етапно и веројатно ќе започне со првата траса на „Партизанска“. Пари ќе се бараат во фондовите на ЕУ, бидејќи годишно може да се изградат до 7 километри пруга, а со поновите технологии и до 12 километри. Како што нагласи Светислав Станев од „Електротранспорт“, системот за напојувење со електрична енергија на мрежата е предвиден да може да издржи и приклучување и на нови линии во иднина. За предвидените мрежи не треба да се врши експропријација на земјиште, што дополнително би ја олеснило изведбата, а ако се обезбедат доволно финансии, трамвајската мрежа може да се гради и на повеќе локации истовремено.


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 04-Oct-2007 at 01:11
Originally posted by dejan

Jas nikogash ne sum se vozel na tramvaj, nit sum videl vo zhivot, ama mene mi izgledat spori?? Kako da zafakjat mnogu mesto vo gradot...neznam



Дејане, не се работи за „старовремски“ трамвај туку за модерен LRT систем. Овие „трамваи“ се поголеми, побрзи, потивки, користат многу денивелирани траси (што помалку да доаѓаат во конфликт со уличниот сообраќај), може да се интегрираат и со постоечката железничка мрежа. Сето тоа носи квалитет и ефикасност скоро како подземно метро, а за многу помала цена. Ама прашање е колку квалитетно ќе се изведе проектот во Скопје... Некои решенија што се спомнуваат се крајно загрижувачки. А Скопје со своите карактеристики е скоро идеален град за изведба на одлична LRT мрежа. Да се надеваме дека нема да го прокоцкаат тоа...


Edited by Cloverstack - 04-Oct-2007 at 01:12
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 04-Oct-2007 at 01:24
Aa ok razbiram sega. Cim ke go sluzi gradot na dobar nacin, se nadevam nema da napravat nekoja glupost vlastite.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 04-Oct-2007 at 01:45
Еве да илустрирам малце како би требало тоа да изгледа:

1
Bombardier Flexity, на класична железничка пруга


2
Подземна станица на денивелиран дел од траса. Во Скопје денивелација може да се изведе ефтино и ефикасно на голем дел од трасите.


3
Alstom Citadis на засебна траса


4
Може да послужи дури и за карго (а може и да да се зачува тревата, наместо трасите да бидат прекриени со вештачки материјали кои во лето се вжештуваат...)



Edited by Cloverstack - 04-Oct-2007 at 01:53
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 04-Oct-2007 at 10:36
Tie se mnogu dobri, bash bi bilo dobro Skopje da dobie takvi tramvaj.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8765
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 16-Nov-2007 at 13:13
eve izgleda ja smenile onaa matematika deka 1 kilometar pruga se pravel 10 godini (post #2) pa sega do kraj na mandatot kje sme videle 2 kilometri Nuts
 
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРИФУН КОСТОВСКИ НАЈАВУВА
До крајот на мандатот ќе изградам два километра од трамвајот
Градоначалникот ветува дека ако ништо повеќе, барем ќе го почне проектот трамвај во Скопје, а неговиот наследник ќе треба да го доврши

Скопскиот градоначалник Трифун Костовски најави дека до крајот на неговиот мандат ќе изгради барем два километра од трамвајската линија во Скопје. Тој вели дека наскоро ќе формираат две екипи во Градот кои исклучително ќе работат на реализација на проектот за трамвај. Едната екипа ќе работи на обезбедување пари од фондовите на Европската унија, а другата, која ќе биде дел од градската администрација, ќе работи на обезбедување на потребните документи и проекти за изградба на трамвајот.
"Сакаме проектот за трамвајот да го внесеме во системот на финансирање на ЕУ. Длабоко сум убеден дека еден, два километра од трамвајската линија ќе успееме да направиме во мојот мандат. Сакам да го почнеме тој проект, а некои работи ќе мора да останат и за следниот градоначалник. Еве, тоа нека биде проектот трамвај, но другите работи што ќе ги почнеме, сакаме да ги довршиме", вели градоначалникот Костовски.
Јане Христовски, раководител на секторот за сообраќај во Градот, вели дека физибилити студијата, која ја изработи бугарската компанија "Столичен електротранспорт", е вратена кај проектантите за да се вметнат во неа забелешките кои ги дале нашите сообраќајни експерти. Тој објаснува дека во моментов се работи на финансиската конструкција за реализација на проектот и оти многу скоро треба да се распишат тендери за избор на проектанти на идејниот и главниот проект за изградба на трамвајската линија. (Е.А.)

 
Извор: Вест
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 16-Nov-2007 at 16:19


Nuts Nuts Nuts

Или градоначалникот не лажеше кога не убедуваше колку кошта и колку долго се гради пруга за трамвај, или не лаже сега кога ветува ваква работа. Се плашам дека лаже и за двете.

И уште не ми е јасно како може да се прифати таква студија која е спротивна на важечкиот генерален урбанистички план.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8765
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 28-Nov-2007 at 17:51
Ohno

ИЗМЕНЕТО СООБРАЌАЈНОТО РЕШЕНИ ЗА ТРАМВАЈСКАТА ЛИНИЈА ОД ЃОРЧЕ ДО НОВО ЛИСИЧЕ
Трамвајот нема да минува под Плоштад
За изградба на две депоа и на трамвајската линија од Ѓорче до Ново Лисиче, за набавка на 38 трамваи и за поставување на четири трафостаници на Градот ќе му бидат потребни околу 100 милиони евра

Трамвајската линија од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, која Градот најави дека ќе ја гради прва, со физибилити студијата која ја изработи бугарската компанија "Столичен електротранспорт", нема да минува под плоштад Македонија, како што е предвидено во Генералниот урбанистички план на Скопје. Наместо по неизградениот подземен коридор, трамвајот ќе минува низ "Рекорд", покрај Собрание и ќе врти кај Црвен крст, по линијата на автобусот број 5.
Јован Христовски, раководител на секторот за сообраќај во Градот, вели дека со студијата биле обработени четирите трамвајски линии, предвидени во ГУП, и дека најлесна за изведба е онаа од Ѓорче до Ново Лисиче. Тој објаснува дека во студијата привремено е изменета трасата на оваа трамвајска линија, бидејќи подземниот коридор под Плоштадот не е изграден.
"Таа ќе почнува од мостот во Сарај и, преку Ѓорче, ќе излезе на булевар Партизански одреди. Од Партизанска линијата ќе врти по булевар Климент Охридски, а потоа, преку улицата Димитрие Чуповски, ќе дојде во Центар, од каде што, преку булевар 11 Октомври, ќе дојде до Црвен крст и оттука, по линијата на автобусот 5, ќе оди до Транспортниот центар. Потоа, преку булевар Јане Сандански, ќе оди се до Ново Лисиче. Ова е привремена траса која ќе се користи додека се изгради подземниот коридор", вели Христовски.
Тој објаснува дека изградбата на оваа трамвајска линија ќе се одвива во неколку фази и оти, најверојатно, ќе почнат со делницата од Ново Лисиче до Народна банка.
"Тука нема да има големи застои во сообраќајот и оваа делница може да се изведе за една година. За изградба на целата линија од Ѓорче до Ново Лисиче, за да поставиме четири трафостаници, да уредиме две депоа и за да набавиме 38 трамваи ќе ни требаат околу 100 милиони евра. Не би можел да кажам кога ќе стартуваат градежните работи, но сега се работи на финансиската конструкција и се надеваме дека наскоро ќе распишеме тендери за изработка на идеен и главен проект", вели Христовски. (Е.А.)



Извор: Вест
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 29-Nov-2007 at 19:14


А пресметале ли колку ќе чини да се изгради таа привремена траса, па после улиците да се враќаат во првобитна ситуација (кога ќе се гради тунелот)... Тоа нема да биде воопшто ефтино... А во меѓувреме, ќе добиеме многу понеефикасен трамвај и воопшто таа траса ќе создаде големи проблеми за сообраќајот во центарот на Скопје.

Бидејќи се работи за прилично замашна сума (100 милиони евра само за оваа траса), ако навистина се турка овој проект, треба да се запне уште повеќе и да се најде начин да се гради и подземната врска под плоштадот. Сум наишол на цифра од 30 милиони евра за овој тунел. И да е повеќе, треба веќе еднаш да се тргне во некоја таква инвестиција. Ако ништо друго, таа е оправдана од нејзината брза исплатливост на многу нивоа. Не е научна фантастика, ниту технички, ниту финансиски. Само така ни се чини затоа што долго време сме тотално зачмаени.


Edited by Cloverstack - 04-Jan-2008 at 23:33
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 16-Jan-2008 at 02:44
Глупости. Ја сум за метро!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 16-Jan-2008 at 02:48
Originally posted by lslcrew

Глупости. Ја сум за метро!


Па во Скопје релативно евтино може да се изгради извонредна ЛРТ (трамвајска) мрежа, која по карактеристиките ќе може да се носи со добрите страни на метрото. Метро би било многукратно поскапо и реално немаме можност да изградиме таква работа.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 16-Jan-2008 at 02:59
Незнам зашто би немале такба можност ама трамвај е малце застарнена работа. Замисли се паркира некој на сред трамвајска лента. Автобус да е ке го заокружи, ама трамвај не.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 16-Jan-2008 at 03:06
Originally posted by lslcrew

Незнам зашто би немале такба можност ама трамвај е малце застарнена работа. Замисли се паркира некој на сред трамвајска лента. Автобус да е ке го заокружи, ама трамвај не.


Па не си читал баш внимателно што имам трубено до сега Big%20smile

Трамваите треба да бидат сепарирани, на сопствени додатни ленти, физички одвоени од сообрќајот. Направи малку research по интернет, ќе видиш какви елегантни и ефикасни решенија има по светот. Само треба воља и способни луѓе.

Предноста на Скопје е што вакво решение е изводливо на комплетната мрежа (ако се држиме до ГУП-от). Додатна предност на Скопје е што ефтино можеме да постигнеме денивелација во огромен дел од мрежата (да нема вкрстување со уличниот сообраќај). Трасите на урбаните автопати и тунелот под плоштадот го овозможуваат ова. За цена на LRT, би добиле квалитети на метро Yes


Edited by Cloverstack - 16-Jan-2008 at 03:07
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 16-Jan-2008 at 10:26
Абе ја мислев нема да има сепарирани ленти. Вака е бољи, ама ја имак сум за метро
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8765
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 16-Jan-2008 at 16:03


абе кој нејќе метро ама реално за Скопје барем во оваа фаза нема логика воопшто да се разговара за такво нешто. Барем така рекоа "експертите" кои ги правеа анализиве минативе години. А и нема потреба од некои специјални анализи, еве Загреб е за 50% поголем од Скопје некаде, има буџет 10 пати поголем од најоптимистичниот овогодишен Скопски буџет, се работи за прилично претенциозен град чии граѓани сакаат да веруваат дека се на ниво на една Виена.... И покрај сето тоа таму веќе со години се води дебата дали воопшто треба да има метро.

Да не спомнувам дека метро се копа меѓу другото под густо населени површини каде има страшна концентрација на луѓе за кои неможе да се направи ефикасен надземен транспортен систем. Пример за тоа е Солун кој дури лани почна да ја гради првата метро линија и каде метрото е единствен избор. Освен Чаир (кој е само 3.5 квадратни километри површина) и до некаде Центар Скопје е прилично простран град + ги има сите предиспозиции да се изгради надземна LRT мрежа која би била далеку поефтина а подеднакво ефикасна.

Дај боже да продолжиме да раснеме како град и да се створат предуслови Скопје да има потреба од метро.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 58>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.