build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Промоција на Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 15161718>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 31-Aug-2014 at 14:13
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 01-Sep-2014 at 09:52
Македонија дел од понудата на најпознатите светски тур-оператори

Претставници на 15 најголеми тур-оператори од Северноамериканскиот континент и Западна Европа што нудат пакети за така наречени авантуристички или активни форми на туризам, заедно со новинарски екипи на најпознатите светски медиуми специјализирани за туристички патувања, денеска пристигнаа во Охрид



Тие се дел на проектот осмислен со цел да се запознаат со потенцијалите што Македонија ги поседува како дестинација што нуди форми за активен туризам.
Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Крстијан Џамбазовски кој ги пречека гостите кои со велосипеди пристигнаа преку граничниот премин кај „Свети Наум“, појасни дека се работи за дел од интензивните активности што ги презема Владата и Агенцијата за популаризирање на Македонија како туристичка дестинација.
- Преку проект што го реализираме во соработка со УСАИД во Македонија ќе престојуваат триесеттина претставници од Асоцијацијата за активен туризам, како и екипи на специјализирани медиумски куќи што разработуваат туристички дестинации. Она што е важно е што најголемите тур-оператори што работат со активен туризам на пазарите во САД и Западна Европа, веќе се решени да ја стават Македонија на својата понуда како атрактивна дестинација за тој вид туристички патувања, изјави Џамбазовски.
Крис Дојл, извршен директор за Европа на Меѓународната засоцијација за активен туризам, истакна дека ваквите активности се преземаат како осмислена форми за промоција на т.н. авантуристички туризам во најразлични дестинации низ целиот свет.
Зборувајќи за авантуристичкиот туризам, Дојл додаде дека истиот е конципиран врз три различни компоненти, првата насочена кон физички активности во рамки на одморот како параглајдерство, велосипедизам, трчање, пливање, кајакарење, сплаварење, втората како начин за запознавање со културата на земјите и поднебјето што се посетува преку учење за историјата, културното наследство, запознавање со локалното население со традициите.
Во рамки на експедицијата „Недела на авантури“ во Република Македонија се наоѓаат и екипи на најпознатите медиуми и специјализирани списанија што се занимаваат со тој вид туризам како Нешнал џиографик тревлер, Лонли планет и Јаху тревл.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=38989
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 02-Sep-2014 at 14:18
Странски туроператори и медиуми на манастирот Трескавец



Американски и западноевропски туроператори и претставници на специјализирани медиуми за активен туризам денеска ќе го посетат манастирскиот комплекс Трескавец.

Вчера тие беа во потпелистерското село Дихово. Посетите се дел од турата низ регионот ,,Недела на авантури “.

Според она што го имаат посетено и досега пренесено забележително е одушевеност од природните,духовните и културните потенцијали на Македонија.

Како и од богатата традиција и гостопримливоста на жителите.

http://netpress.com.mk/stranski-turoperatori-i-mediumi-na-manastirot-treskavec/
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 02-Sep-2014 at 15:23
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 08-Sep-2014 at 23:52
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 09-Sep-2014 at 01:58
истовремено ми е и задоволство и жалосно што странци вршат далеку подобра промоција од нас и ја претставуваат културната и природната убавина на оваа земја во право светло

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 09-Sep-2014 at 21:24
http://travelswithsheila.com/category/europe/western-balkans/macedonia

Еве уште еден блог. Воглавном странците се со позитивни впечатоци. Најголема замерка е она што милион пати сум го кажал а тоа е хигиената.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 14-Sep-2014 at 02:21
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 17-Sep-2014 at 11:48
91 ден во Македонија - Нашата земја на мапата на двајца светски патници!

Има нешто посебно во луѓето кои патуваат. Со нив никогаш не е здодевно. Разговорот никогаш не престанува. Ве фасцинираат со своите искуства и доживувања...

91-den-vo-makedonija-nasata-zemja-na-mapata-na-dvajca-svetski-patnici-01.jpg

Сосема случајно наидовме на Јирген Хорн по потекло од Германија и Мајк Пауел од САД. Ова се двајца дечки со поинаква приказна од сите нас.

Нивната животна приказна во текот на годината се одвива во 4 различни држави или градови – по 91 ден на 4 различни дестинации. И особено ни е драго што во моментов ги живеат своите 91 ден во нашата земја...

...Последни денови во Македонија, како се чувствувате? Дали сакате да заминете? Мислите дека некогаш би можеле да живеете овде подолго?

Македонија е прекрасна локација. Три месеци дефинитивно не беа доволно за да ја истражиме комплетно вашата земја, но мислам дека беа доволно за барем да ја запознаеме од сите страни, од најсеверниот па сè до најјужниот дел, и од исток па до запад. Луѓето се гостопримливи, храната одлична, а природата една од најубавите кои сме ги виделе и доживеале до сега.

Едно е сигурно – ќе ни биде жал што треба да ја напуштиме вашата земја! 91 ден е долг период, а Скопје веќе почнавме да го чувствуваме како „дома“.

Имаме наши омилени ресторани и барови, пријатели, и во нашите срца секогаш ќе има простор за оваа мала земја. Ќе се вратиме еден ден... можеби не за да живееме засекогаш, но дефинитивно за да видиме што се променило во меѓувреме.

Вашата приказна нè воодушеви. Ќе сакате ли на кратко да ги запознаете нашите читатели со идејата за „За 91 ден“?

Отсекогаш сме биле фасцинирани од патувањата. Пред да го започнеме „За 91 ден“, живеевме заедно во Бостон, Берлин, Ирска и Шпанија.

Еден ден, размислувавме каде би сакале да се преселиме и добивме инспирација – кога би живееле подолго време на едно место, би можеле да патуваме на сосема поинаков начин. Да се запознаеме со културата, историјата и буквално да „живееме“ таму. Не би биле ниту туристи, ниту локалци... нешто измеѓу.

4 различни дестинации годишно звучеа одлично, го поделивме 365 со 4 и така дојдовме до идејата за „За 91 ден“

91-den-vo-makedonija-nasata-zemja-na-mapata-na-dvajca-svetski-patnici-4.jpg

Претпоставувам дека сите се прашуваат од што живеете? Како ги финансирате сите ваши патувања?

Да, сите ги интересира, но многумина се плашат да нè прашаат. Јас (Мајк) сум програмер и работам на неколку веб страни кои ми овозможуваат приходи. Сè додека имам Интернет, можам да работам од било каде во светот. Јирген е професионален фотограф. Понекогаш може да се случи да треба да работи на некој прекуокеански проект па ги паузираме „за 91 ден“.

Нашиот блог полека започнува да ни носи по малку пари. Нудиме електронски книги во кои се собрани нашите искуства, и сега за сега продажбата оди супер.

Кои се 5-те места во светот кои секој мора да ги посети барем еднаш во животот?

Буенос Аирес, Истанбул и Токио се градови за кои навистина вреди да се потрудите да ги посетите во животот. Би го додал и Берлин – таму живеевме 5 години, прекрасен, град кој е постојано во движење и со многу историја. И Валенсија – од секаде каде што сме биле, ова е градот кои ги освои нашите срца и градот во кој живееме. Климата е совршена, стариот дел од градот е прекрасен, а и е веднаш на Средоземно море.

Како ќе ја опишете Македонија на вашите пријатели? Би можеле да ги убедите да ја посетат?

Имаме многу пријатели што сакаат природа и мислам дека ќе биде многу лесно за убедување! Ако сакате да доживеете чиста природа, далеку од гужвите и брзото темпо на живеење, Македонија е вистинската дестинација.

Планинарење, авантуристички спортови како параглајдинг, скуба нуркање, искачување по карпи – сè што сакате! Но, исто така би ги споменал и прекрасните стари градови и селата како Лазарополе или Маловиште каде имате чувство како да се шетате 100 години во минатото.

Оваа атмосфера е тешко да се најде во другите земји и е навистина освежувачко и пријатно искуство во овој свет на смартфони и Твитер.

91-den-vo-makedonija-nasata-zemja-na-mapata-na-dvajca-svetski-patnici-1

Која е вашата цел? Дали планирате да живеете ваков начин на живот засекогаш, или би сакале да се ситуирате некаде (и каде би било тоа?)

Претпоставувам дека во некој момент ќе мора да забавиме со темпото на живеење, затоа што овој начин на живот знае понекогаш да биде напорен. Веројатно би живееле половина година во Валенсија, а останатите 6 месеци би патувале. Не верувам дека некогаш би престанале со патување... може да се каже дека сме зависни.

Може ли некој да ви се придружи во вашите авантури? Што ако јас сакам да дојдам со вас на вашето следно патување од 91 ден? :-)

Добро прашање :-) Ние ги охрабруваме луѓето да патуваат на ваков или сличен начин и сакаме нашите пријатели и семејство да нè посетуваат низ светот, но сепак би сакале „За 91 ден“ да го сочуваме за нас. Работиме одлично како тим – Јирген ги прави сите фотографии, а јас сум задолжен за пишувањето, не би сакале да го нарушиме тој баланс.

Да се вратиме на кратко повторно на Македонија... Kако се одлучивте да дојдете баш овде? Дали оставивте нешто непосетено за да имате причина да се вратите повторно?

Сакавме да го посетиме Балканот подолго време. Ова е навистина интересен дел од Европа и сметавме дека сега е совршениот период. Туризмот е во пораст, но сè уште постојат многу скриени и недопрени места.

Откако направивме истражување, во потесен избор влегоа Црна Гора, Сараево и Македонија. На крајот се одлучивме за Македонија бидејќи добивме впечаток дека е најмалку откриена.

91 ден е долг период, но не доволен за да посетиме сè! Бевме во Прилеп, но не успеавме да ги прошетаме околните села. Исто така ја прескокнавме Струга и Шар Планина. Би сакале да се вратиме за скијање на Шапка и во Маврово. И, немавме среќа да ја проследиме Галичката свадба – но, кога ќе се вратиме, дефинитивно не би ја пропуштиле!

Топ 5 места во Македонија кои според вас мораат да се посетат?

Уф, ова е навистина тешко затоа што многу зависи каков интерес имате. Може да поминете недели само во планинарење, посета на манастири, малите селца или археолошки локалитети.

Но, според мене ова би бил совршениот микс: Искачувањето од Маркови Кули до манастирот Трескавец во Прилеп, Охридското Езеро, Скопје, Островот на змиите (Голем Град) во Преспа и Кратово.

Малку ми е тешко затоа што морам да оставам неспомeнати уште многу неверојатни места... Веројатно би можел да направам листа со 50 задолжителни локации во Македонија!

91-den-vo-makedonija-nasata-zemja-na-mapata-na-dvajca-svetski-patnici-2

Дали имавте некои непријатни ситуации за време на вашата посета во Македонија? Културен шок можеби?

Најголем дел од луѓето кои ги сретнавме и запознавме беа апсолутно прекрасни.

Ни помагаа, ни даваа совети и сите беа горди на својата земја.

Единствено непријатна тема за разговор беа разговорите на тема етничка тензија. Слушнавме многу неубави работи кои навистина нè изненадија. Се случуваше да добиваме негативни коментари само затоа што сме објавиле фотографија од преубава џамија во Скопје. Сепак, генерално, Македонците ни оставија впечаток на љубезен народ.

Каде сега? Која е вашата следна дестинација?

На пат сме долго, па после Македонија ќе направиме кратка пауза. 2 месеци во Валенсија и малку да се посветиме на работата. После Божик продолжува нашата авантура. Сè уште не сме одлучиле каде ќе одиме следно. Не сме биле во Африка, па голема е веројатноста да биде некоја земја од овој континент.

Што би им порачале на сите оние кои сакаат да патуваат?

Патувањето е најдобар начин да пораснете како личност. Додека осознавате нови луѓе и култури, учите многу и за себе. Патувањето ви дава можност да ги предизвикате своите идеи за светот, но и ве потсетува дека и покрај различните навики и обичаи, сите луѓе на светот се горе- доле исти. Светот е едно прекрасно место, и убаво е да се потсетите на ова од време на време!

Е. П. | Црнобело


Авантурите на Јирген и Мајк можете да ги следите на нивниот блог и на нивната Фејсбук страница.

Дел од фотографиите од нашата Македонија, погледнете во продолжение

http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/25698-91-den-vo-makedonija-nasata-zemja-na-mapata-na-dvajca-svetski-patnici

@ЏОЛЕ со тебе дискутиравме кога рече дека Кратово не е ништо посебно а јас го зборев обратното. Па еве еден исечок од погорниот текст.

Топ 5 места во Македонија кои според вас мораат да се посетат?

Уф, ова е навистина тешко затоа што многу зависи каков интерес имате. Може да поминете недели само во планинарење, посета на манастири, малите селца или археолошки локалитети.

Но, според мене ова би бил совршениот микс: Искачувањето од Маркови Кули до манастирот Трескавец во Прилеп, Охридското Езеро, Скопје, Островот на змиите (Голем Град) во Преспа и Кратово.

Edited by kultuzin - 17-Sep-2014 at 11:50
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12383
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 17-Sep-2014 at 12:01
Јас не реков дека не е ништо посебно, туку дека е страшно занемарен и запустен град. Кога би се вложило во негова реконструкција и обнова, би бил одлична туристичка дестинација.
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 17-Sep-2014 at 12:09
И вака е одлична туристичка дестинација но во право си дека има многу повеќе потенцијал. Но кај вакви градови треба да се биде многу внимателен со реставрациите за да не се наруши автентичноста.Убавината на Кратово не се само градбите туку и легендите и историјата на градот. Кој го интересира слободно нека се обрати во центарот за карпеста уметност кај господинот Стевче Доневски. Човекот го познава секое каменче во градот и многу автентично го пренесува тоа. Единствен проблем е што турите му чинат 1.800 денари без разлика на бројот на посетители. Мислам дека тука има простор да се направи некоја друга структура на цени. Но ако се соберете 6 луѓе 300 денари не се многу.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 13-Feb-2015 at 20:58
Спотови за алтернативниот туризам во Охридско-струшкиот регион

Под мотото „Излези во природа, влези во авантура“ изработени се два спота посветени на алтернативниот туризам во Охридско-струшкиот крај и регионот на Корча и Поградец во Албанија.



Спотовите се професионално изработени и во нив се афирмираат велосипедизмот, планинарството, параглајдеството и рибарството во Охрид, Струга, Вевчани и Дебарца во Македонија и Корча и Поградец во Албанија.

Ќе се емитуваат на локални и национални медиуми во Македонија и во Албанија, како и на интернет со цел да се промовира регионот како туристичка дестинација.

Рекламите се дел од проектот „Кон алтернативен туризам“ што го спроведува Македонската развојна фондација за претпријатија и Партнерс Албанија од Тирана. Средствата за проектот во висина од 184 илјади евра се обезбедени преку ИПА програмата на Европската унија. Покрај рекламите реализирани се и обуки на туристичките работници и студиски посети во двата региона.

Според евроамбасадорот Аиво Орав, емитувањето на видео спотови се важни за промоцијата на туризмот, а една од придобивките на алтернативниот туризам е развојот на локалниот економски развој.

– Овој проект заедно со други иницијативи треба да резултира со носење на повеќе посетители во регионите на Струга, Охрид, Вевчани и Дебарца. Ова ќе биде придобивка за нивниот социо-економски и културен развој, истакна евроамбасадорот Орав на денешната промоција на спотовите.

Тој додаде дека во рамки на ИПА 2 програмата за прекугранична соработка со Албанија за периодот 2014-2020 се обезбедени 12 милиони евра и оти ќе има и локални и регионални програми за конкурентност во износ од 18 милиони евра.

Од Министерството за локална самоуправа се надеваат дека видеата ќе придонесат за развој на туризмот во Охридско-струшкиот регион.

– Ќе покажаме дека покрај езерото, кое ни е адут за привлекување на туристи, има и многу други работи како на пример качување по карпи, возење велоспипед или рибарење, рече заменик-министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов.

Проектот „Кон алтернативен туризам“ е еден од 150-те проекти што се реализираа во периодот од 2007 до 2013 година во вкупна вредност од 16 милиони евра.

ekonomski.mk

Edited by jyvation - 13-Feb-2015 at 20:58
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 13-Feb-2015 at 21:59
За промоциите ќе кажам за една статистичка бројка:

добриот глас(муабет,искуство,нечие видување) се пренесува на други 4 лица,а лошиот на 7-10,што значи најмалку на дупло повеќе.

Добра промоција можи многу ефикасно да биде отстранување на лошите елементи кај нас.Тоа ќе направи дупло повеќе маркетинг(т.е. ќе го спречи лошиот маркетинг) него било која позитивна промоција
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 13-Feb-2015 at 22:11
Originally posted by gjoko

За промоциите ќе кажам за една статистичка бројка:

добриот глас(муабет,искуство,нечие видување) се пренесува на други 4 лица,а лошиот на 7-10,што значи најмалку на дупло повеќе.

Добра промоција можи многу ефикасно да биде отстранување на лошите елементи кај нас.Тоа ќе направи дупло повеќе маркетинг(т.е. ќе го спречи лошиот маркетинг) него било која позитивна промоција


Лошите елементи се хигиената и тоалетите. Тоа све двата моменти од кои се сранмам кога носамо гости во МК. Како што гледаме на оваа тематика воопшто не се работи.
Неможе да рекламираме природа и активни спортови кога природата ни е полна со ѓубре, реките загадени, воздухот отровен. Тоа се моментите на кои треба да се работи а кои ни носат негативен глас и реклама.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 02-Mar-2015 at 12:21
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 02-Mar-2015 at 12:22
Ова е на Англиски..

Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 02-Mar-2015 at 19:32
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 718
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 15-Mar-2015 at 23:57
Интересен проект на еден мој личен пријател, кој има за цел да ги ислика и документира сите села и градови во Македонија, пред се осврнувајќи се на илјадниците верски објекти. Му посакувам среќа, а и е на добар пат.
Погледнете ја страната:

MojRodenKraj

https://www.youtube.com/watch?v=GoRvFi_irVg

Edited by stratus - 16-Mar-2015 at 00:06
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12383
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 16-Mar-2015 at 11:05
За сè има вторпат
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 16-Mar-2015 at 13:59

интересна замисла, доволно оригинална за да бидне и туристички портал та и форум
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 15161718>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.