build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Промоција на Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BlacK View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 11-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote BlacK Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 25-Dec-2008 at 18:16
I ja se nadevam deka e sve planirano i ne e povrsno.Ima razlika da,no samo vo lokaciite i kamera i efekti,scenarioto mene mi se cini skoro isto so toa na gruziskoto.Ne ocekuev Milco da se potpira na vece napraveni spotovi i tolku da potsetuvaat edni na drugi.Od Milco spored rabotata sto do sega zad sebe ja ima zavrseno ocekuvav nesto unikatno,odnosno poinakvo.Do sega negovite dela pretsavuvaa revolucija za makedonskata kinematografija.Da ova e komercijalen spot no sepak trebase da bide razlicen od drugite koi se reklamiraat na CNN.Inaku kako bi se istaknal nad drugite i bi bil vpecatliv.Koga sakas da go trgnes vnimanieto kon sebe pravis nesto sto ne go pravat drugite.Vulgaren primer: ako nosat site crno odelo ti obleci belo.Ne bilo kakvo belo odelo tuku ubavo belo odelo.Del ce kazat deka si lud del deka si inovator del nema da zabelezat,na del ce im se dopadne.Ama na krajot ce se vrti moabet sa tebe.Taka i so spotot.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1309
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 25-Dec-2008 at 19:07
Нема никаква сличност тоа што земјите се прадставуваат преку една книга не го измисли ни Милчо а уште помалку грузијците.

Многу ми е глупаво што нашиот народ и во нешто убаво гледа да го извлече најлошото и самоит да се оцрни.

Спотот е добар,пак ќе кажам дека очекував нешто поинтересно од Милчо,но во никој случај не можиме да зборуваме за плагијати и слични глупости
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 25-Dec-2008 at 19:10

@ Black па не би рекол дека е се во во оригиналноста, туку попрво кај Милчо се работи за покажување мускули на креативен план! односно веќе востановена техника ја штима на свој претпознатлив колоритен начин, и нормално со многу провокативен простор за галамење .т.е. кревање прашина што во бваков случај со cnn спот е дефинитивно оригинален начин со малку пари да се крене многу прашина!

ај еве пак ќе го свртам муабетот за плагијатот, ништо на овој свет не може човек со сигурност да потврди дека е нечие единствено авторско решение, во најмала рака е производ на колективното несвесно! многу е лошо човек на се да гледа како огламник да има на глава! секое дело може на различен начин да се презентира и да се продаде, но во случајов бидејќи продаваме т.е. сакаме да постигнеме маркетинг ова дефинитивно е решение, т.е. конкурентска провокација! инаку и пред дождот не беше  уникатен тој беше технички во стилот Intertwined Stories од типот како Pulp Fiction 1994  и вестернот Shane од 1953! но се смета дека фората му ја здиплил  Квентин пред нос на Милчо со оглед дека Милчо подолго го снимаше Пред Дождот а имаше премиера само четири месеци подоцна во Венеција од PF,  а може и се тркале кој ќе го оправи и врати овој стил на режирање подобро!

значи поимот плагијат е толку себична и нископодна категоризација, што мислам дека не ни заслужуваме Милчо да се замара да режира спот за нас, но се надевам дека сите ќе ја воочат својата недоквакана реакција! може да се дискутира дали ова или она е видено и дали истото ќе донесе ефект, но некој заради пристапот да се етикетира толку подло е чиста глупост!оригиналност што е тоа?!        

а еве и потврда од Милчо сега слушав на телма дека намерно е оставен и рефлекторот а и цела приказна е со интенција вака стокмена! quote: спотот е во стил на приказна од сликовница,  какви што имаат перу и истамбул, и ниту јас ниту тие измислиле топла вода. работата е како да се интерпретира тој архетип на сликовница, кој колку  ќе извлече максимум од еден таков стил!      



Edited by beTon - 25-Dec-2008 at 21:51
Back to Top
BlacK View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 11-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote BlacK Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 25-Dec-2008 at 19:42
Beton,mn dobro go imam oseteno na svoja koza zborot plagijat.Imeno i ja se zanimavam so kreativna rabota.Na fakultet imavme vezba za proektiranje na klubska masicka vo vtora godina.E sega vo toj period bev opsednat so toa da se bide orginalen.E sega na vezbata rabotev nekoe vreme i koga ja nosev vezbata na korekcii eden od kolegite mi rece deka sum saral po internet a toa ne licelo na mene.E sega mene mi padna tesko sto imav napraveno nesto slicno na nekoja si masicka koja se prodavala na internet bez voopsto da ja imam videno nekogas istata.
Zaklucok ne moze da se napravi nesto orginalno bez vlijanie od strana dali se toa mediumi,okolinata i sl.
Treba covek da se izolira na pust ostrov za mozebi da napravi nesto sto nema da lici na nisto drugo vo svetot so taa namena.
Ne vikam deka e plagijat, samo sakam da kazam ne ocekuvav vakov proizvod od Milco.
Back to Top
BlacK View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 11-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote BlacK Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 25-Dec-2008 at 19:56
Nekoj pogore vo niskava go spomna spotot na Milco za made in macedonia.Taka go zamisluvav stilot na Milco i ocekuvav vtora epizoda na toj spot (samo normalno pomoderen i so podobri efekti).
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 25-Dec-2008 at 19:59

што е до твојата маса мислам дека истата била резултат на една колективна свест, но тоа не треба да те спречи таа иста информација да ја дотераш на начин на кој ти сметаш дека ќе биде оригинална! оригиналноста мислам дека е во тоа да си вешт занаетчија, а не во тоа да имаш идеи кои дотогаш ги немал друг, а како што констатирав и претходно и таквите навидум невидени идеи во најмала рака истите некој некаде ги сонил или му дошле од некој штекер, во случајот на никола тесла му ги шепнал некој ангел!      

назад на темата, абе Милчо е многу по длабоко навлезен во кинематографијата него кој било од овдешниве експерти, нормално затоа е и професор по режија во њујорк! воопшто негледам потреба тој да се правда но ете го повлекле човекот за јазик, па дал и коментар за телма т.е. на телма го фатив цел негов коментар!        



Edited by beTon - 25-Dec-2008 at 21:58
Back to Top
BlacK View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 11-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote BlacK Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 25-Dec-2008 at 20:16
Se razbirame BetonThumbs%20Up Takvi bea moite razmisluvanja na pocetokot na studiite koga ne znaev nisto za kreativniot proces.Sega imam poinakov stav okolu orginalnosta,kolku sto gledam gore dole slicen so tvojot.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 25-Dec-2008 at 22:00

еве го коментарот квалитетот на аудиото е скроз аут  да не речам катастрофа,  бидејќи го симнав од вестите на телма на нивниот сајт каде ги има цели вести во rm формат  и лошо звучат. добро е и вака ќе тера колку да се чуе неговото мислење кое колку што приметив на А1 или беше исечено или пак не му беше поставено правилно прашањето со кое ќе се разјаснат дилемите на домашнава публика!    

ова вториов клип е од промоцијата на спотот... 

на крај ќе додадам дека само искусен занаетчија може да си дозволи експериментирање! инаку шаблоните се во ред но тоа немора да значи дека човек во секој момент е погоден во глава со креативен чевел, обично и да вледа таква креативно заради опкружувањето човек рефлексно ќе ја избегне LOL абе што сакаш му виселе на глава, му тупеле за ситници  (знам дека веќе откажа филм заради ваков однос, човекот бара и слобода и време) и ете го резултатот кој пак ќе кажам е квалитетен, нормално секој може нешто да не му се допадне или нешто поинаку да изведе, пример јас околу аудио делот! плус ќе следат уште пет спота, а сигурно на крај и од цел материјал ќе се склепа некаков коктел, па да почекаме и да видеме каков ќе биде крајот, но се плашам дека овој излив на негативна енергија може да го натера Милчо да се откаже уште на почетокот.

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 25-Dec-2008 at 22:26
WOw, какви идиоти сме нешто неверојатно. Спотот е совршен, немам никаква, никаква замерка.

1. Тоа за Грузија - дечки а зошто сме толку сигурни дека се работи за ист клип за туристичка промоција на земја? Ништо не ми сугерира на туристички спот - тоа и самото се вика Georgian Legend, изгледа некаква грузиска легенда и сл, ко кај нас да направат некој спот за Крале Марко и слично

2. Сфаќам што сакал да каже авторот во фамозната 13 секунда кога се гледале рефлекторите ама очигледно другите не сакаат да го сфатат тоа.

3. Што и фали на музиката? Баш е интересна, Кирил е еден од најдобрите и најоригиналните музичари oд Македонија, не за џабе беше на main stage на ЕXIT фестивалот - само нека ви текне на музиката за Прашина, на музиката на Бастион, на Jungle shadow од Сенки Rock

4.
Originally posted by A1

Веќе се започнати подготовки за изработка на уште пет спота, од кои еден ќе биде општ, а останатите ќе бидат тематски и посветени на брендирање на македонското вино, македонската археологија, убавините на македонските цркви, манастири и џамии, а еден спот ќе биде посветен на Охрид.
, Така да нека не се пуваат многу тие од источна Македонија демек ако ги имаше во спотот сите ќе се испотепаа да дојдат во Македонија. Ако е веќе така, ја не го видов Скопје ниеднаш асално... Освен Куршумли Ан, но рачунајте има 1 минута да склопи се типот, и го направил тоа совршено
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 25-Dec-2008 at 23:15
И во еден ден се собраа врвни македонски „филмски критичари“ кој ги повика и дадова изјава на А1 ТВ

- Изведбата на „Билјана платно белеше“ била снимена на Преспанско езеро (во позадината се назира островче) а не на Охридско - замислете, штета што не го знаеме мислителот.
- Не е преставена мултиетничката димензија - потпаролот на ДУИ, Мехмети, што би рекле треба 12 скекунди етникуми-читај албанци во спотот.
- Делувала „Дорски“- ратнички вели Томе Серафимовски - дали према скулпторот во денешно време треба да биде во стилот на „Однесено од виорот“ или хорор во стилот на неговата скулптура прекопат старата железничка.
- Многу скап спот, дали ќе ги даде очекуванита резултати - парламентарката Цветанка Иванова, парламентарциве станава експерти буквално за се.

Тоа беа нашите екперти.


Луге, зар не мислите дека ова стана лудило, сите станава експерти, сите нешто знаат, а никој, буквално никој, не излегол од својот плот подалеку.
Да ги почекаме утре уште нашите новини и новинари и со нивните „екпертски“ гледишта на насловните страни и да го дорашириме ова лудило.

И на крај би завршил со изјавата на Милчо

Манџии колку сакаш, едвај чекам манџиите да седнат и да сработат самите нешто добро.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9047
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 25-Dec-2008 at 23:17


потпис
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 25-Dec-2008 at 23:19
(во контекст на коментарот на Ла линеа) воопшто не ми се допаѓа кога многу се задржуваат на Охрид, па дајте луѓе, целава земја ни е исполнета со убавини, ако толку сакаат да направат повеќе спотови за одделни работи, нека има едно за македонските природни убавини, а другото за историски и културни локалитети

а со фрката за плагијатот многу ме разочара нашиов народ, значи луѓето се измачиле да направат кратко видео за промоција на целата наша култура, а овие викаат враќајте го назад, плагијат е!!! непотребен критицизам, па дури и да се во право за плагијаторството, зарем не знаат дека е најдобро да си ќутиш?
Back to Top
BlacK View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 11-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote BlacK Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 25-Dec-2008 at 23:35
Vidi Zabegan toa so forsiranjeto na Ohrid,kolku e "loso" tolku e i dobro.Ako odredeni sliki ostanat vo memorija na stranecot/turistot i vece podocna gi prepoznava kako sliki od Makedonija posle toa prirodno ce bide samiot da pobara da gi istrazi ostanatite ubavini na Makedonija.Ako mu natrupas eden kup sliki retko sto ce uspee da memorira.Kako bese toa teorijata prosecen covek moze da zapameti do 7 raboti.....taka i ova.

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 25-Dec-2008 at 23:44
Previous Факт е дека Охрид е нашето најголемо културно богатство. Исто е факт дека покрај Охрид имаме многу друго културно наследство. Но не е точно дека многу е задржан на Охрид спотов, само снимката од Канео колку што ми текнува. Тоа на почетокот е Велес... И мислам дека тие неколку бели куќи се едни од најинтересните примери на староградска архитектура во цела Македонија - би ги ставил рамо до рамо со Куќата на Робевци.

А 190 000 евра е дечки ЕВТИНО - не заборавајте - скапа опрема, филмска камера која се изнајмува и се наплаќа на ден за јаки пари, МИЛЧО МАНЧЕВСКИ, продукција, КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ и еден куп „ситници“ што идат со вакви работи...

А за парламентарците. Билјана платно белеше(зошто не можам да ја приметам песната?) и Томе Серафимовски.... Suicide
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 25-Dec-2008 at 23:50


Грешки:
1) На 0:09 исечено е небото, а на 0:12 има небо!
2) На 0:13 се гледа осветлувањето!
3) 0:18 - Билјана платно белеше на Охридските извори... а од позади остров „Голем град“
4) 0:25 - WTF е онаа црвена пречка на врвот?
5) 1:00 - не е техничка грешка... ама македонско сонце со сина боја од позади??

Мислам, спотот е од туристичка природа, а пола спот е „отепан“ на икони, маски, небитни детали од детска соба...
Очекував повеќе од спотот. Се надевам дека Манчевски ќе се поправи во наредните спотови што треба да се снимаат.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3842
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 26-Dec-2008 at 09:18
mene mi se dopagat
maestro ti si makedonka/makedonec ti mozes da naidi^s greski
jas sum albanec istotaka kako eden turist ne ja razberam mak. kultura mene mi izgleda normalno .......
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 26-Dec-2008 at 09:35
My Macedonia добра ти е забележката околу билјана платно белеше или некои слични такви грешки. Тачно како што викаш, некој што не е македонец или пак не е од македонија тешко дека ќе примети грешка пошто незнае дека билјана уствари била од охрид, а не од ресен.

Но сепак ова има технички грешки, дел може би намерни.

Но онаа наводна грешка што ја посочи маестро во 1:00 воопшто не е грешка. Не гледам потреба за покажување параноја доколку сонцето се смести на нецрвена (поготово плава се дочекува на нож) позадина. Ова е истиот случај како со грешката што ја посочи мај мацедонија. Ние тука во Македонија го знаеме сонцето на црвена позадина и се што е различно за нас е грешка. Истито случај е и сто билјана. Ние ја знаеме дека девојчето е од охрид и сега кога ќе ја видиме покрај друго езеро, одма оп грешка. Јас овие две работи воопшто не ги гледам како грешка него само како еден стилизиран начин на прикажување на националното богатство во една минути. На пример зашто да се губат две секунди и за охрид и за преспа кога може во една секунда да се направи кадар кој ќе биде некој пресек меѓу охрид (билјана) и преспа (остров), чак тука е и дојранско сместен со оние колци кои штрчат од водата, нормално колците добиле помал дел од кадарот со оглед на големината на езерото чии амбасадори се во спотов. Тоа езеро во клипот ние го протолкувавме како преспанско, но ако го прашате авторот тој ќе ви каже дека тоа езеро е воедно и охридско и преспанско. Оно технички е преспанско, но уметнички и охридско и преспанско.


Edited by lslcrew - 26-Dec-2008 at 10:03
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 26-Dec-2008 at 10:49
Дел од исказот на Манчевски

... Друга работа е многу поважна: интересно е како може толку многу негативна енергија да се троши, а да не се гледа вредното и да не се ужива во убавото.

Спотов добива исклучителни пофалби од цел свет, ама кај нас луѓето бараат мани дури и кога ги нема.

Ова е одличен пример како негативно се занимаваме со самите себе. Лошото не' интересира и просто го бараме и го предизвикуваме.

Очекував бурни и злобни реакции, ама ги очекував од грчки националисти, а не и од нашинци - вели Манчевски.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=304C1082620D284B8FD96FEB3FE405D2


И со ова го завршувам моето размислување за овој македонски синдром.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 26-Dec-2008 at 18:05
bravo za maestro za zabeleskite okolu spotot ) , too  ja mislam deka montazava nekako mi e epten eftina , nekoi od niv sum sposoben sam da gi montiram vo nekoi programi ,samo da imav malku pojak kompjuter , no kako ideja mi se dopaga spotot,  da se nadevame deka vo narednite spotovi ke ima poveke detali od kulturnite spomenici, kako prvo jas kameni most ne go vidov nigde, a toj e eden od najznacajnite spomenici vo mk, baska toa so lubenicata i patlidzanite e epten selski
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 26-Dec-2008 at 21:12
eve uste nekoi fakti deka mancevski kradel tugi idei
Македонија вечна - плагијат?


Во спотот режиран од Милчо Манчевски, "Македонија - вечна", во 13. секунда се гледаат рефлекторите, а истиот е плагијат од спотот на Грузија, се коментарите кои вчера стигнаа на адресата на ВЕЧЕР.

Грузискиот спот, во кој се гледа сличноста со луѓето кои се појавуваат од книгата, може да се види на: www.youtube.com.

Спотот, наменет за туристичка промоција на нашата земја, веќе од вчера се прикажува на Си-ен-ен и на Си-ен-ен Интернешнал, а ќе продолжи со емитување и во други десетина земји, на уште осум јазици.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=CB843B45E3D80D4FA90211794371D868


Edited by mitatos - 26-Dec-2008 at 21:23
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.328 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.