build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Промоција на Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 26-Dec-2008 at 22:55
Ја вака дистанцирано после ден-два и после небројни прегледувања можам да констатирам дека единствено ми фали некоја живост на спотов! Еве на пример кај нас големи масовни напливи на туристи се случија како на утакмицата со Англија и со Шкотска. Дали некој се обиде тогаш да извлече заклучок што тие туриски сакаат?! Тогаш ја колку што се сеќавам фаворити беа кејот и улица Македонија со своите кафулиња. Не сакам да кажам дека треба Милчо да вметне кафулиња во спотов него можел малце да сврти камера према улица Македонија, да покаже малку народ. Во спотов има вкупно петшесторица, девјочето како главна улога, играорците, крале марко, александар, таткото на девојчето, бабата и една девојка у народна носија. Па добро дали ова реално ги оссликува граќаните на оваа држава. Па до кога ќе се ствара слика дека овде сите играме оро секое сабајле пред миење заби и дека секој дома чува боздоган?! Доста е веќе од манатири и планини и кралемарковци по спотовиве. Јас знам дека тоа е реално нашето духовно богатство, но овој спот треба да биде, колку што знам, реклама?! Епа у маркетингот има еден дел што се вика "целна група" и што сака таа целна група. Имавме можност на дело да видиме дека таа група сака да јаде и да пие, ане да шета по планински врвови и да гледа објекти од пред векови. Еве видете ги грчкиоте и црногорските спотови. Тамо има и вакви работи но преовладуваат плажи и рибни ресторани, тоа што реално туристите доаќаат за. Во кратки црти, требало освен филмски продуценти и експерти од таа област, требало да се исконсултира и некоја маркетинг агенција да се знае што треба да се снима, а не само како треба да се снима. Е сега може креторите да се вадат дека ова не било за туристи него за онака само чиста промоција, ама езнам кој ќе поверува на тоа. Многу јасно ни беше кажано и сите знаеме која е улогата на спотов да се врти во ударни термини на светски тв-гиганти.

Втора работа која делумно ме изнервира деновиве е критиката која буквално го дочека на нож спотов. Секакви дисиденти си дозволија да детектираат наводни "грешки" кои биле направени. Ај што бараат грешки ОК, ама да си дозволам некој кадар да го наречат грешка, а тоа да ти било уметнички пристап, воопшто не е ОК. Тие такви дисиденти имаат грешка во својата перцепција за уметноста и немаат развиена способност да скопчаат некои кадри па си дозволуваат да ги наречат "грешка" таквите кадри. Најизразит пример е "грешката" со Биљана и островот у позадина.

Трета работа е тоа како спотов беше дочекан на волеј во политичките кругови. Па нели имавме партии со по двесте професори?! Кај се тие професори да дадат стручно мислење?! Ваљда меѓу нив има и по некој режисер, уметник, писател, археолог?! Једини критики во тие води беа реторичките прашања околу "колку коштал спотов?!" и "некаква си процентуална застапеност". Па дајте бе луѓе барем уметноста да ја измиеме од политика! Ај музиката ни ја отру со гоцефестови, ај архитектурата ја искасапи до немајкаде, па сега и кинематографијалта ли е на ред? Барем уметноста да не ја загрозуваме од дневни ефтини политика на фаќање поен два пред избори!

п.с. Ваљда нема и спотов да падне на уставен?! CrazyWink


Edited by lslcrew - 26-Dec-2008 at 23:01
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 27-Dec-2008 at 01:59
Georgian legend (така и се вика клипот) во Грузија е тоа што е Riverdance на Michael Flatley.

Еве што има да каже википедија:

Georgian Legend is a show consisting of Georgian national dances and songs. The Georgian artists collaborate intensively with other European musicians to make the show more attractive and rather theatrical. Georgian Legend is a modern export version of Georgian folk music, set on a producing platform.

http://en.wikipedia.org/wiki/Erisioni


Значи, се работи за фолк ансамбл од Грузија, а тоа видеото е само видео од некои грузиски танци кои немаат врска со туристички спот на Грузија. Дали нашиве новинари моронски се потрудиле барем пет минути да истражат нешто околу клипот?! Дали е можно да се толкави морони најголеми!?!?!?!

Кретени најголеми плукаме на нашето, макар добро или лошо. Ајде сега на ред е да го испоплукаме Симон Трпчевски, Борис Трајанов, Срѓан Ќерим, Мајк Зафировски и се што ни го обелува образот пред светот...


Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 27-Dec-2008 at 10:34
Во прилог на ова што го зборев у предходниот пост еве погледнете дел од серијалот "Love Cyprus - sta kardia mas" (vo srceto nashe) за промоција на Кипар. Сите клипови се извадени од истит темплејт!

Кафана+дискотека


Плажа+вечера


Девојка+плажа+панаѓур


Девојка+природа+кафана

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 27-Dec-2008 at 12:32
Еве уште едно видео од порано, исто од CNN, само изгледа не е наше ама ми се допаѓа, дури и слоганот повеќе ми се допаѓа

истото е и ова, продолжува како документарец, ама доста добро направено
A day in Macedonia






Edited by lslcrew - 27-Dec-2008 at 12:33
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 27-Dec-2008 at 12:38
Забеган, првото клипче што го посочуваш, односно тоа прошлото за промовирање на Македонија имаше поголем шмек него ова. Имаше повеќе живост и луќе низ него. Ова новот е подобро технолошки изработено, ама старото имаше повеќе шмек.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 27-Dec-2008 at 13:09
Originally posted by lslcrew

Забеган, првото клипче што го посочуваш, односно тоа прошлото за промовирање на Македонија имаше поголем шмек него ова. Имаше повеќе живост и луќе низ него. Ова новот е подобро технолошки изработено, ама старото имаше повеќе шмек.
да таман, да го искомбинираш шмекот на старото и технологијата на новото, ќе добиеш бомбона клипче
Back to Top
MKballer View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Nov-2007
Location: Detroit
Online Status: Offline
Posts: 93
  Quote MKballer Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 28-Dec-2008 at 07:25
vchera tatkomi go vide klipcheto za makedonija na CNBC okolu 2 chas.  vika mnogu interesno e.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 28-Jan-2009 at 16:16

Врвни светски магазини ја критикуваат македонската стратегија за рекламирање - Алфа - 17.01.2009

LOL е што се вика културен рекет, бар да зборуваше некој критичар, за момент на почетокот изјавата на човеков ме подзамисли, но штом чув дека на полска им го прави истиот спотот се ми стана јасно, добро тука нема да ги исклучам и комшиските лоби групи  по светот кои редовно и од сесрце фрлаат кеш по "upatenite" за да ги тимарат постапките на Македонија, сепак можеби и за момент има нешто вистина бар околу она со децата што го зборува,  но мислам дека целна група во новиов спот на Милчо воопшто не се децата, иако дефинитивно се согласувам дека ваков спот за дете може да биде малку премногу напорен, едно од брзината на вртење на фрејмовите друго од интезитетот на портретираните кадри еден до еден андерграунд! дури и сцената со лубеницата и начинот како е бербат изгризана ми делува малку тешко за варење!

сепак мислам дека последниот наш спот е интересен визуелен коктел, а дали и колку ќе привлече истиов овој муабет туристи, тоа мислам е прилично релативно, со оглед дека за некој да се реши некаде да отпатува освен ако не е авантурист, обично оди преку агенција, или препорака од пријател. што значи дека за да биднеме туристчки поатрактивни, навистина треба уште многу да се работи и реално да имаме голема и достапна понуда од природно културно историски приказни кои ќе бидат добро сплетени и презентирани, јасно сето ова мора да е зачинето со добронамерност и гостопримливост што во последно време некако избледуваат! но на крај сето тоа е бадијала се додека не профункционира инфраструктурата во земјава, ова зборувам исклучиво за средна односно нормална класа на туристи, а доколку сакаме елитизам тогаш дефинитивно мораме да станеме офшор држава или со цело срце да отидеме вазали на некој светски деспот.

за момент ова со  средувањето на земните коридори, аеродромите,  исфорсираните археолошки истражувања, а воедно и  зголемувањето на безбедноста, ветуваат можен иден туристички бум, но сето ова реално пред 2020 нема теорија да направи од туризмот во МКД силна стопанска гранка! пропагандно дома сме многу слаби, нема еден каталог за скопје или кој било друг град кој квалитетно ќе долови некоја приказна, за СК последниот подобар водич беше црно бел Dohа за сувенири да не правиме и муабет, се е некако оставено на случајноста па и затоа и никој не сноси никаква одговорност, а нема ни кој да наметни строги прописи на овој план, бар не за сега, можеби  ова со туристичката стратегија може и нешто ќе промени, но кога ќе видам дека само Лиле  скоро сама ја турка оваа идеја сомнително е колку оваа стратегија ќе вроди со плод! 

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 29-Jan-2009 at 15:05

интересно доста работи требаат за да се претставиме добро пред светот тргнувајќи од атмосферата (односот на луѓето) па се до пропагандата, се она измеѓу повеќе или помалку се надоврзува на овие појави, дури и ако немаме добра инфраструктура или елитни сместувања, имаме што да понудиме на културен и природен план! останува само малку попрофесионално да поработиме на вистината, односно преданијата кои ќе го привлечат вниманието на светот, јасно ова значи дека истражувањето на природните убавини и културното богатсво треба да биде еден постојан процес, но мора да се најде едно нзс и со светската историографија, односно треба да избориме верификација и на нашите факти околу нашата генеза и култура визави она постојната која е зацементирана за време на империјалистичкиот нов век, кога заради одреден број на околности како нација не оставиле со кратки ракави гледано и културно и духовно и материјално!

зошто ова го велам, ќе се надоврзам на муабетот од нишката Википедија, каде јасно се посочува дека нашата страна многу малку се ажурира или претежно тоа е превод од англиската верзија! жално но донекаде и оправдано, ако се земе во предвид дека википедија прерасна во енциклопедија која се користи наголемо од 4/5 од светот со исклучок на Кина Smile ова треба да значи дека ако некаде и некој треба да инвестира во промовирање на Македонија пред светот тоа е оваа енциклопедија, но мислам дека е многу дискутабилно  ова да го прават само поединци, со оглед дека логиката вели дека за ваква работа треба добро проверени и поткрепени статии да се изработуваат! така за да се разработи добро и сеопфатно оваа енциклопедија на сите нивоа, и англиската и македонската верзија или пак страните како orthodoxwiki, треба во цел овој муабет да земе учевство и државата, односно некои владини агенции или министерства и нормално образовните институции, кои со еден удар кампањски можат да ја полнат турбо википедија а воедно и зад истите овие податоци да има некаков печат односно истите да бидат добро исфилтрирани пред да се објават, доволно е само на учениците и студентите да им даваат како домашна или семинарска работа да еднаш во неделата да имаат обработено или дообработено одредена статија и работата да живне како што треба!

инаку нема да бидеме единствени, колку што ми е познато сите понапредни држави во светот се имаат ангажирано на државно ниво околу википедија, што заради домашната публика што заради надворешната, а пред се заради квалитетот и веродостојноста на информациите кои се презентираат неретко и директно но претежно индиректно! еве еден пример German government agency to fund accurate Wikipedia articles но мислам дека истиот и не е баш најсреќно решение (очигледно германска работа одма ја вртат на кеширање) но во одредени случаи и ова е потребно, сепак она со ангажирањето на образовните институции мислам дека ќе вроди со поголем успех а воедно и креативно ќе им го ангажира времето на младите! 

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3842
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 04-Mar-2009 at 18:28

Еве го клипот што го режираше Манчевски за промоција на Македонија:
< =http://www.youtube.com/v/PtYrDVqr7IQ width=425 height=350 =application/x-shockwave-flash wmode="transparent">

videoto se reklamirase i vo kanalot vox (svajcarija ili germanija)
super navistina ne sum makedonec i zatoa mislam mi se svigase mnogu Applause
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 04-Mar-2009 at 21:16
не знам зошто наиде на толку жестоки критики промоцијава, сепак каква и да е привлекува луѓе, сепак 80% од светов не знае дека воопшто постоиме, а ова клипче може да не издаде, и воопшто да не разбере што има на клипчето, некој авантурист ќе се подаде
а за странските критичари, тие прво нека научат нешто за културите на земјите кои тек сега прават вакви промоции, па после нека кажуваат што не им било јасно (не им било јасно за жените што свиреле на инструменти LOL)
се надевам дека ова е само љубомора, бидејќи знаеме дека развиениве земји скоро воопшто немаат култура и историја, природа и т.н.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 04-Mar-2009 at 21:46
Originally posted by zabegan

не знам зошто наиде на толку жестоки критики промоцијава, сепак каква и да е привлекува луѓе, сепак 80% од светов не знае дека воопшто постоиме, а ова клипче може да не издаде, и воопшто да не разбере што има на клипчето, некој авантурист ќе се подаде
а за странските критичари, тие прво нека научат нешто за културите на земјите кои тек сега прават вакви промоции, па после нека кажуваат што не им било јасно (не им било јасно за жените што свиреле на инструменти LOL)
се надевам дека ова е само љубомора, бидејќи знаеме дека развиениве земји скоро воопшто немаат култура и историја, природа и т.н.


Ајде сега Забеган да не забегуваме....
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 04-Mar-2009 at 22:18
сори, малку се занесов Big%20smile
уствари го повлекувам целото она што го реков за критичарите, баш од промоционите клипчиња треба да научат нешто
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 04-Mar-2009 at 22:26

Koga gi gledav oskarite mi se dopadna taa segata na toj voditelot ne mi teknuva kako se vika , fintata bese vo toa sto Slumdog Milioner , ili Siromav Miljoner imase nizok budzet no osvoi 8 oskari, i on izleze so mobilka i rece eee so ova kamera go snimiv filmot, veruvam deka so mobilen iako toa e shega ke napravevme podobar spot za promoviranje na makedonija, a ne toj sto vlozija tolku pari a sepak e ne-profesionalen od " profesionalni " luge, koi odma iritira na perenje pari , no da ne navleguvam vo detalji , spotot za mene e golem promashaj ,i ima nekoi karakteristiki sto odbelezuva samo edno nesto iako postojat mnogu drugi raboti so ne se istaknati

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4477
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 05-Mar-2009 at 00:53

Јас сметам дека тука е проблемот со видеото, сите мислат дека треба да биде застапена цела Македонија, бидејќи во цела Македонија имало убавини. Е замислете Грција да ставаше слики од Миконос, Самос, Санторини и потоа Лерин и Кукуш, или ОАЕ да ставаа слики од Дубаи, Абу Даби и потоа од некое село со кози и 34 жители. Мислам дека за жалење први сме, а за реалистички погледи никаде нè нема. Па и Битола ја нема на спотот (а има многу да понуди) па јас не се жалам, гледам логички на работите. Доволно е да биде интересен за око, не мора да се застапени сите градови, што е до мене доволно е само Охрид да го има.


Edited by гитардемон - 05-Mar-2009 at 00:54
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 13-May-2009 at 17:43
Како и секогаш и во се, надвор не вреднуват, а внатре ...

НА ФЕСТИВАЛ ВО ВАРШАВА

ПРВА НАГРАДА ЗА СПОТОТ „МАКЕДОНИЈА - ВЕЧНА“ НА МАНЧЕВСКИ

Спотот „Македонија – вечна“ на Милчо Манчевски освои прва награда за најдобар спот на Меѓународниот фестивал за туристички филмови и спотови во Варшава.

Организатор на фестивалот е Меѓународниот комитет за туризам. На фестивалот учествуваат туристички спотови и филмови од цел свет. Со ова спотот ја потврдува репутацијата во освојување на таргет групата – туристичка промоција.

Спотот беше премиерно прикажан во декември минатата година кога предизвика бројни реакции. Се прикажува на Си-Ен-Ен и уште во десетина земји.

Сајтот на спотот и бројните Интернет постови ги посетиле над половина милион гледачи. Минатиот месец еден од најугледните туристички водичи во светот „Брад“ пишуваше исклучително пофално за овој спот потенциурајќи дека величествената реклама на Манчевски конечно ја претставува Македонија како рамноправна меѓу многуте одлични реклами за топ туристички дестинации.
http://www.sitel.com.mk


Edited by Vladimir P - 13-May-2009 at 17:46
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2114
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 14-May-2009 at 16:48
Originally posted by Vladimir P

Како и секогаш и во се, надвор не вреднуват, а внатре ...

НА ФЕСТИВАЛ ВО ВАРШАВА

ПРВА НАГРАДА ЗА СПОТОТ „МАКЕДОНИЈА - ВЕЧНА“ НА МАНЧЕВСКИ

Спотот „Македонија – вечна“ на Милчо Манчевски освои прва награда за најдобар спот на Меѓународниот фестивал за туристички филмови и спотови во Варшава.

Организатор на фестивалот е Меѓународниот комитет за туризам. На фестивалот учествуваат туристички спотови и филмови од цел свет. Со ова спотот ја потврдува репутацијата во освојување на таргет групата – туристичка промоција.

Спотот беше премиерно прикажан во декември минатата година кога предизвика бројни реакции. Се прикажува на Си-Ен-Ен и уште во десетина земји.

Сајтот на спотот и бројните Интернет постови ги посетиле над половина милион гледачи. Минатиот месец еден од најугледните туристички водичи во светот „Брад“ пишуваше исклучително пофално за овој спот потенциурајќи дека величествената реклама на Манчевски конечно ја претставува Македонија како рамноправна меѓу многуте одлични реклами за топ туристички дестинации.
http://www.sitel.com.mk


Pa pogledni kolku kritiki do tvojot post ima?
A klipot e super i ako skap,no super,zatoa i dobi nagrada.
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 14-May-2009 at 17:40
Originally posted by Makedonij

Originally posted by Vladimir P

Како и секогаш и во се, надвор не вреднуват, а внатре ...

НА ФЕСТИВАЛ ВО ВАРШАВА

ПРВА НАГРАДА ЗА СПОТОТ „МАКЕДОНИЈА - ВЕЧНА“ НА МАНЧЕВСКИ

Спотот „Македонија – вечна“ на Милчо Манчевски освои прва награда за најдобар спот на Меѓународниот фестивал за туристички филмови и спотови во Варшава.

Организатор на фестивалот е Меѓународниот комитет за туризам. На фестивалот учествуваат туристички спотови и филмови од цел свет. Со ова спотот ја потврдува репутацијата во освојување на таргет групата – туристичка промоција.

Спотот беше премиерно прикажан во декември минатата година кога предизвика бројни реакции. Се прикажува на Си-Ен-Ен и уште во десетина земји.

Сајтот на спотот и бројните Интернет постови ги посетиле над половина милион гледачи. Минатиот месец еден од најугледните туристички водичи во светот „Брад“ пишуваше исклучително пофално за овој спот потенциурајќи дека величествената реклама на Манчевски конечно ја претставува Македонија како рамноправна меѓу многуте одлични реклами за топ туристички дестинации.
http://www.sitel.com.mk

Pa pogledni kolku kritiki do tvojot post ima?
A klipot e super i ako skap,no super,zatoa i dobi nagrada.

Да но прво мораше да го исплукаме, а потоа да свиткаме опашка и да ги снема сите тие „наши експерти“ со нивните „анализи“
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 14-May-2009 at 17:52
Еееее добро, добро! Стварно незнам од каде тој порив наместо да се фали, дополнително да се критикува оној кој критикувал.

Јас на пример уште стојам на ставот дека овој клип е одлично изработен, садржаен е, има доста работи прикажи во него. Значи ми се допаќа, но ваков клип неможе да навлече туристи колку што тоа може да го направи прикажување на традиционална храна и луксузни хотели. Нема да викаме на гости археолози и историчари, ќе викаме туристи.Значи клипов врши промоција, но не туристичка промоција. Ако е работата за фалење пред свет тогаш е супер, но за привлекување гости воопшто не очекувам неков ефект посебен. Дај боже да не сум во право.


Edited by lslcrew - 14-May-2009 at 17:54
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 14-May-2009 at 19:05
Да го оставиме промотивниот Филмот за момент,

дали мислиш дека можеме туристи од светот да привлечеме со
 
- луксузни хотели како велиш - тоа го има на претек ама баш секаде, зашто да дојде во МК
- традиционална храна - како мислиш да се представи храна на промотивен филм !!??
- нема да викаме на гости археолози и историчари - е баш тука туристите можат да се залепат, тоа сто тие го немаат во својте земји а ние во изобилство го имаме
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.