build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Промоција на Македонија
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Промоција на Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 14-May-2009 at 21:35
Постирав поназад некои клипови за Кипар. Клиповите имаат дупло помала должина (добро...може би и се наменети за кратки клипови), но содржината е сосема со друг концепт. За разлика од нашиов клип кој има натрупано многу кадри, напротив, мислам дека треба да се направат десетина клипови кои ќе се вртат по тв рандом и во секој кллип да има максимумдо десетина кадри кои претежно ќе бидат од областа да угостителството (барем половина од кадрите), а во другата половина ќе се сместат историски и фолклорни содржини како и по некој кадар од животот во градовите и селата.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4663
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 14-May-2009 at 21:51
ова сме го разговарале повеќе пати. во македонија доаѓаат само сиромави туристи за капење и само од соседните земји, бидејќи ако е некој оддалеку и ако веќе може да си дозволи одмор, сигурно нема да дојде во фамозниот охрид со 3 хотели и 2 улици.

ќе дојде богат турист само за манастири, археологија или пештери (макар што и тие не се баш нешто богати)

ти ако видиш спот за молдавија, ќе одиш? ќе одиш само ако ти се оди многу на одмор за беспари, или пак само ако има некој манастир кој многу сакаш да го видиш а ти се трошат пари (таму и тука додуша троши троши, никако да дотрошиш)

сепак, идејата на спотот беше да се промовира македонија како дестинација, далеку од туристички рај, едноставно како дестинација, место каде што може да се оди (за селски, градски, манастирски и ред други видови на туризам).

за плажа идејата на манчевски сигурно не била, апсурд е воопшто да се промовира тоа. охрид живее од случајни срби гости, и македонски дечишта.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 14-May-2009 at 23:54
@Гитардемон
 
Не се согласувам со тебе дека охрид живее само од Срби гости и македонски дечишта. Имав прилика неколку викенди да ги поминам во охрид пролетоска и бев изненаден колку беше полн. Имаше туристи буквално од цел свет. Нормално доминираа регионалните (Срби, Бугари, Косовари, Грци) но имаше голем број амери, западно европејци, па дури и од далечниот исток. Веќе има секоја недела чартери и од Израел, а ме изненади позитивно и богатството на понудата. Имаше тури за селски туризам во Велестово, излети со посета на Албанија, кањонот на Матка, Битола и сл. Мислам дека на Охрид мора да се ориентира кон елитниот туризам, и тој како наш бисер треба да стане се поскап за обичниот турист. Сепак се работи за ограничени ресурси и преголем број на секакви гости, само ќе придоенсе кон негово уиштување.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4663
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 15-May-2009 at 10:05
Во секој случај муабетот беше за спотот на Манчевски, во кој секако не треба да се форсираат хотели и угостители (од Охрид) бидејќи идејата беше да се промовира Македонија, а туристите кога ќе видат хотели и им се посака да дојдат ќе може да дојдат само во Охрид, а тоа не е цела Македонија. Знам дека не живее Охрид само од Срби и дечишта, ама тоа намерно го реков бидејќи навистина има и странци, ама факт е дека сепак сите се наши средношколци или Срби, а тие туристите ти што ги слушна да зборуваат на странски јазици се повеќе од половина иселеници вратени во Македонија од цел свет Како и да е, знам по Битола дека има странци во државава дојдени за туризам, штом доаѓаат толку многу во Битола, можам да замислам колку има Охрид. Ама дека Охрид е нешто што е маркетабилно во споредба со регионот (Грција, Бугарија па и Албанија и Црна Гора, за Кипар и Турција да не збораме), тешко веројатно. Единствено поради цената е сега засега, затоа и ти добро викаш да се ориентира на елитниот туризам. Ама чартер лет од Тел Авив е елитен туризам? Елитен туризам е кога ќе има вили од 1200 евра ноќевање, ама до тоа ни треба многу муви јадење и учење занает, не е до езерото, до народот е.


Edited by гитардемон - 15-May-2009 at 10:07
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 15-May-2009 at 13:01

Значи поентата ми беше, дека од место кое почна да наликува на огромна турбо фолк дискотека зачадена со лесковачки роштињ, охрид треба да се трансформира полека во поелитна туристичка понуда, за туристи кои би ги ценеле неговите вредности. Другиот туризам може слободно да се пресели на преспа, дојран и сл. Како и да е, само кога ќе се дигнат цените на 3 до 4 пати од ова ниво, и кога ќе дојдат луѓе кои се спремни тоа да го платат, но и за возврат да добијат она што го очекуваат, само тогаш полека ќе ги снема „дечиштата“ и балканската социјала. Тоа мора да е стратегијата за развој на тој регион, бидејќи факт е дека полека станува светски позната дестинација, и мораме да го сочуваме, Охрид не смее да стане како Будва или како бугарската ривиера.

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7240
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 15-May-2009 at 14:16
а зошто всушност секој муабет за туризам секогаш мора да се сврти на Охрид, имаме еден куп други локации кај што можеш секаков туризам да развиеш, Охрид веќе си има развиен туризам, време малку да се посветиме на остатокот од земјава
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 15-May-2009 at 14:41
Originally posted by zabegan

а зошто всушност секој муабет за туризам секогаш мора да се сврти на Охрид, имаме еден куп други локации кај што можеш секаков туризам да развиеш, Охрид веќе си има развиен туризам, време малку да се посветиме на остатокот од земјава
 
Точно е дека има, и некои од нив се спомнати во нишкава. Во секој случај да бидеме реални, само Охрид и Охридското езеро ни се дестинации од светски калибар, па соодветно се и најтретирани.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 12-Jun-2009 at 12:41


Каде каде по user-friendly од првиот спот. Само делумно повторно преовладуваат културни и верски обележја. Угостителството е разработено во кадар-два, за разлика од првиот спот што го немаше. Малку имам замерка за разкажувањево, не им требало мислам дека доволно било да остане на стилизираната фолклорна музика.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 12-Jun-2009 at 13:18
Мене па ми се чини дека „раскажувањето“ е мајсторски составено и исклучително прецизно вклопено со визуелниот дел.
Навистина многу впечатлив спот кој привлекува внимание и буди емоции.

А мило ми е што паѓа во вода обвинувањето за големиот буџет, кој навистина бодеше очи доколку се работеше за само еден спот, но очигледно се работи за серијал, само што тоа некако „промакнало“ да се спомне кога тргна оцрнувањето на Милчо и на проектов.




Edited by Cloverstack - 12-Jun-2009 at 13:19
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 12-Jun-2009 at 13:57
Инаку за музикава не сум некој многу музикален човек, немаме некое чувство за слух, а нити па се разбирам многу од фолклор, ама малку ми е некако чудно, непознато орово. Како некое оро со мешавина на влашки и грчки призвуци. Можеби грешам, поравете ме. Мислењево го темелам на тоа што такт-от ме буни некако. Македонскиот традиционален е 7/8, а овој не ми изгледа баш таков. Него како што кажав, не сум некој јак на слух, па ако некој знае точно како се вика ова оро нека пише или па евентуално мп3.

Да не ме сватите погрешно, воопшто не го наметнувам ова како некоја грешка, воопшто не пречи тоа доколку има и оро кое не е традиционално македонско, туку напротив и делумно е пожелно. 

Edited by lslcrew - 12-Jun-2009 at 13:58
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 12-Jun-2009 at 14:05
BTW спотов не е на Милчо туку е на Изи...

Edited by pbanks - 12-Jun-2009 at 14:07
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 12-Jun-2009 at 14:28
Question
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 12-Jun-2009 at 14:29


ВИДЕО: Спот “Македонија - вечна“ во режија на Игор Иванов - Изи

Екипа од осумдесет члена, предводена од режисерот Игор Иванов - Изи, го изработи вториот спот за туристичка промоција на земјава “Македонија - вечна“ што премиерно беше прикажан денеска. Режисерот Изи, изрази задоволство зашто, како што рече, во време кога сите се занимаваат со политика, тој добил уникатна можност да биде со убавините на Македонија.

“Овој спот и е потребен на Македонија, посебно поради сензитивниот период низ кој поминува. Сценариото за спотот е предадено во исто време со спотот на режисерот Милчо Манчевски, но критиките не ме поколебаа да го направам спотот, а сценариото не е менувано“, изјави Игор Иванов – Изи.

Спотот е направен по нарачка и е финансиран од Владата, чиј претставник - министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, денес присуствуваше на промоцијата, како и бројни уметници и гости од македонската естрада.

Екипата што работеше на ова дело е интернационална, составена од врвни филмски професионалци од Македонија, Англија, Хрватска, Словенија, Србија и Белгија.

Директор на фотографија е Џајлс Натџен, музиката е на Златко Ориѓански, сценограф е Игор Тошевски, монтажер – Нина Велниќ, а костимите се на Жаклина Крстевска и Бланка Будак. Во реализација на проектот учествува и консултантсакат компанија “Пристоп МК“.

Продукцијата е работена од 1 април до 10-ти јуни, на познати и атрактивни туристички локации во Охрид, Скопје, Матка, Витачево, Галичник, Јован Бигорски, Струмица, Стоби... Снимен е на 35 милиметарска филмска лента, а користена е високо-професионална техника која вклучуваше три филмски камери, специјална камера на хеликоптер, најсовремена сценска техника и осветлување. Пост-продукцијата се одвиваше во Словенија, Австрија, Хрватска и Македонија.

Спотот од понеделник ќе се емитува на CNN.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=57419&kategorija=1
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 12-Jun-2009 at 14:46
Сега ми текна од каде ми е позната музиката! Ја имам слушано на бугарска телевизија. Обично се вртат доста песни од Пиринска Македонија по бугарските телевизии што ги имаме по кабелскиве, така да 99% сум сигурен дека тамо го имам чуено орово! Ај ако е некој упознаен подетално нека пушти клипче или пм3. Или па да почекаме да излезат критиките на делово па ваљда ќе дознаеме кои се мотиви се уоптребени.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 12-Jun-2009 at 15:16
Previous
http://www.youtube.com/watch?v=raVKH4lgyfs

Еве го новото видео, Македонија-безвременска (вечна како што сите знаеме е internal). Инаку мене видеото многу ми се допаѓа, исто како и претходното на Милчо. И уште една информација, во Љубљана на секој чекор се поставени огромни билборди за туристичка промоција на земјава. Инаку е дел од Мacedonia-Timeless проектот, но слоганот тука е Македонија - таму каде што вечно е сонцето.Ќе ги сликам деновиве...
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 12-Jun-2009 at 17:42
Еве го, конечно совршениот спот.
Без шалење, ова е многу пати подобро од импровизациите на Милчо, мене лично највпечатливи моменти, од природни до визуелни ми останаа 0:13-0:30, а она со fly-камерата со кајаците е најмомент од целиот спот.     

Браво за Изи и за одлично завршената работа.
Можеле само малку да поработат на музиката, мислам дека да го викнеа пак Кирил Џајковски ќе беше добро. (неговата музика беше единствена светла точка во првиот спот)

Edited by maestro - 12-Jun-2009 at 17:43
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 732
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 12-Jun-2009 at 19:11
The Osogovski Monestary has been featured in Canada's highest circulation newspaper the Toronto Star: http://www.thestar.com/Travel/article/648637
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 21-Jun-2009 at 10:38
Ова е еден од спотовите за промоција на Македонија. Деновиве се врти по мтв. Насловот му е "Macedonia Timeless - Temples". А времетраењето му е пола минута...



Edited by lslcrew - 21-Jun-2009 at 10:39
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 21-Jun-2009 at 10:58
Неповрзани ми се двата дела - првин цркви и џамии, после скејтери во ГТЦ, па пак црква. Нешто во стил старо-ново ама лош прелаз прават
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 21-Jun-2009 at 12:20
Да, Милчо е потешко сварлив за нас обичните смртници... Но не би се изненадил да добие некоја награда и за овој спот Big%20smile

И мене исто така ми е чуден преодот храмови-скејтборди-матка. Претпоставувам дека треба буквално да го долови тоа timeless, но сепак некако не ми легна како е тоа изведено...
Исто така мислам дека спотот требало да биде малку подолг и да бидат вклучени и други рамови, а барем преубави верски објекти имаме на претек.

Во секој случај убав спот со прекрасни и силни, впечатливи сцени  Cheers


Edited by Cloverstack - 21-Jun-2009 at 12:22
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.140 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.