build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Станбени и станбено-деловни згради (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Станбени и станбено-деловни згради (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 113114115116117 136>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 145
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #2281 Posted: 05-Sep-2018 at 15:23
Стварно не разбирам зошто мора да се збута тука баш зграда...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2282 Posted: 05-Sep-2018 at 17:40
Како локација тој дел е мошне атрактивен, на само неколку метри од Градски парк и кејот на Вардар, на отприлика 2 км од Сити Мол и од Центарот на Скопје. Во близина неколку факултети, да поседуваш стан ќе можеш да го изнајмуваш на студенти итн. итн.
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1740
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #2283 Posted: 05-Sep-2018 at 18:10
Да не си им во кожа на тие кои купиле станови на сам старт во првите 2-3 згради. Од луксуз до бразилско предградие во само 10 години...
И да, сега е само за издавање далеку од хумани услови за живот или луксузно домување...

Се додека не почне јавно да се истакнуваат ликовите со имиња и слики кој тоа го дозволил и ставил потпис ништо не правиме. Мора некој за пример да го изеде стапот. И не градоначалник туку сите што се умешани во овој тип на урбанизација.

Видете и во Капиштец кај завод за рехабилитација што се прави. Тоа е повеќе од криминал кон населбата!

Edited by alexsend - 05-Sep-2018 at 18:13
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1999
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2284 Posted: 05-Sep-2018 at 18:28
Фоткава ја најдов на фб но локацијата не ми е позната

Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 145
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #2285 Posted: 05-Sep-2018 at 19:22
Локацијата секако дека е привлечна, но максимумот е веќе надминат за нови згради таму. Подобро би било да има нови згради наместо старите во близина, иако секако за тоа се потребни дополнителни пари за рушење.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4448
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #2286 Posted: 05-Sep-2018 at 22:08
Уште пред да прашам свесен сум за политичката цена на една ваква постапка, но многу ме интересира следново:

Дали наместо градење на зградурини во секое едно минијатурно ќоше, може некако да се спроведе зголемување на општинските даноци на имот/комуналии и слично, така што општинската каса ќе се обогати горе/долу во иста мера како од еднократните приходи од овие грдосии од згради? Сигурно има тука урбана мафија, и враќање на лични услуги со ставање потписи на ДУП-ови, но ме интересира чисто финансискиот аспект. Немам ни приближна идеа како се движат комуналиите.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1999
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2287 Posted: 06-Sep-2018 at 08:10
Во Аеродром на бул.Трета Македонска Бригада(превземено од фб)





Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 145
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #2288 Posted: 10-Sep-2018 at 10:58
Дали некој се интересира за градење зграда тука?

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1999
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2289 Posted: 11-Sep-2018 at 07:11

Незнам.Мислам дека според претходниот ДУП што го донесоа па беше спорен и го повлекоа имаше предвидено изградба на неколку згради на овој потег но незнам дали би можело во скоро време нешто да се почне.Бидејќи во делот на населба Острово кај Тинексот веќе е отпочнато со изградба на една зграда а веројатно наскоро ќе никнат уште две-три.

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1999
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2290 Posted: 11-Sep-2018 at 07:13
Во Карпош 4(од фб)



Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 145
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #2291 Posted: 11-Sep-2018 at 10:53
Originally posted by stef4o


Незнам.Мислам дека според претходниот ДУП што го донесоа па беше спорен и го повлекоа имаше предвидено изградба на неколку згради на овој потег но незнам дали би можело во скоро време нешто да се почне.Бидејќи во делот на населба Острово кај Тинексот веќе е отпочнато со изградба на една зграда а веројатно наскоро ќе никнат уште две-три.


На местото кај куќите треба да има голема зграда од 8 ката и улица која ќе оди до мостот, а покрај Вардар кадешто нема куќи треба да има средно училиште и ниска зграда од 3 ката. Проблемот мислам беше нешто со пристапната улица до средното училиште, ако не се лажам. Претпоставувам го решиле.
А иначе, да, кај Тинексот почната е да се гради една ниска зграда. Таму треба да има уште две згради како неа.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1999
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2292 Posted: 14-Sep-2018 at 07:01
Во Тетово(од фб)





Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1999
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2293 Posted: 15-Sep-2018 at 17:43
Ситуација на градилиштето за проектот Vel City Veles(од нивната фб страна)



Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 470
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #2294 Posted: 16-Sep-2018 at 04:35
Да се надеваме дека Тавталиџе нема да ја доживее судбината на поголем дел од Козле...

Местово претходно



Сега





Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1999
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2295 Posted: 16-Sep-2018 at 11:00
На ул.Борка Талески бр 69-Центар се рушат некои стари куќи за изведба на станбен објект(фоткава е од фб)



Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12022
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2296 Posted: 16-Sep-2018 at 17:07
Originally posted by гитардемон

Уште пред да прашам свесен сум за политичката цена на една ваква постапка, но многу ме интересира следново:

Дали наместо градење на зградурини во секое едно минијатурно ќоше, може некако да се спроведе зголемување на општинските даноци на имот/комуналии и слично, така што општинската каса ќе се обогати горе/долу во иста мера како од еднократните приходи од овие грдосии од згради? Сигурно има тука урбана мафија, и враќање на лични услуги со ставање потписи на ДУП-ови, но ме интересира чисто финансискиот аспект. Немам ни приближна идеа како се движат комуналиите.

Не само што може, туку мора да се примени поинаков модел на финансирање на општините, затоа што сегашниов модел едноставно е неодржлив. Итна реформа на ова поле е повеќе од потребна.

Сегашниов модел кој доминантно е базиран на приходи од комуналии веќе направи огромна и долгорочна штета врз урбанистичкото планирање,  врз квалитетот на животот во урбаните средини, а создаде и огромна корупција и криминал.

Општините мораат да имаат редовни и предвидливи приходи за да можат нормално да си ја остваруваат функцијата, а и да можат да планираат и среднорочно и долгорочно, а не да имаат варијабилни и непредвидливи приходи базирани на коруптивни шеми и трка за вцртување на што повеќе и што погабаритни градежни маркички на секој ќош.

На кои даноци и приливи треба да се базира новиот модел, а и како да се ребалансираат приливите со централната власт за да не дојде до зголемување на вкупното даночно оптоварување, не се чувствувам доволно упатен за да изнесам предлози, но секако дека има разни опции кои би функционирале многу подобро од постојнава катастрофа. Во секој случај многу е важно новиот модел да стимулира и проактивност на општините во сузбивање на локалната даночна евазија (нормално треба да им се дадат и механизми за тоа), затоа што факт е дека на пример собирањето на ДДВ е многу нерамномерно во разни општини. Ако некои општини сепак потфрлаат во сузбивањето на евазијата, последици ќе трпат така што ќе им се слеваат помали приходи во општинскиот буџет.


Edited by Cloverstack - 16-Sep-2018 at 19:48
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2297 Posted: 18-Sep-2018 at 09:49
Тетово

SD RESIDENCE, Tetovo

2016-2018

PROJECT TEAM: Stefan Atanasoski, Bisera Krckovska, Armend Hebipi, Hristijan Ivanovski, Teuta Bajrami, Tina Mijalcheva, Nikola Gjurcinovski, Nasuf Nebiu and Besian Mehmeti











http://besianmehmeti.com/sdr/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2298 Posted: 19-Sep-2018 at 07:34
Тавталиџе





...







Edited by Џоле - 19-Sep-2018 at 07:35
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1999
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2299 Posted: 19-Sep-2018 at 13:32
Се подготвува „бунт“ во зградата на Настел во Тафаталиџе

Врие во зградата на Настел во Тафталиџе – станарите се подготвуваат за бунт. Со месеци се жалат на нехуманите услови но нема кој да го слушне нивниот глас.

Зградата е вселена уште од почетокот на март, но имотни листови се уште немаат. Како главни причини, се сомневаат дека се одводите од терасите и недоволниот број на паркинг места. Поради неуредената околина, жителите се плашат за безбедноста, особено на децата, а имаат и дилеми дали воопшто е направен технички прием на објектот.

„За сите овие пропусти се уште нема решение на повидок, а Настел и општината Карпош си ја префрлаат вината. Инвеститорот смета дека направил се што е нивна обврска, но со ова не се согласуваат во општинската администрација.“

Од Настел за Канал 5 велат дека нивниот надзор утврдил дека зградата е фунционална и затоа била вселена, иако без имотни листови.

„Не знаеме од кои причини Општина Карпош спротивно на Законот за градење направила своја комисија за да направи технички преглед, наводно, како да се овластени да прават технички преглед и согласно нивните кажувања имало вселено станари пред да се изврши техничкиот преглед од нивна страна.“ – велат до Настел и тврдат дека паркингот и пристапните улици треба да ги направи Општината, а за одвоите на терасите имале одобрен ревидиран проект.

Но, Општината смета сосема спротивно. Велат дека зградата не требало да биде вселена, додека објектот не биде впишан во Катастар. Од кои причини и по чија вина тоа досега не е направено, одговор нема.

„Откако ќе се впише во Катастарот, односно кога ќе добие статус на објект, тогаш станарите можат да добијат имотни листови. Значи, до тој момент , зградата не би требало да биде вселена, а дали во моментот има некој, или некои, вселени без пријавени адреси и престој во МВР, не е во надлежност на Секторот за урбанизам односно Општината.“

И додека инвеститорот и Општината си ја префрлаат одговорноста, жителите во оваа зграда мака мачат во секојдневието. Освен тешкото фунционирање во ваквите услови, некои се жалат дека веќе имаат проблеми со банките од кои зеле кредити.

„Иако Уставниот суд летово го укина Деталниот урбанистички план за Тафталиџе, од Општината велат дека зградата е легална. Проблемот е што се уште не е заведена како објект, туку се води како градилиште. Кога и како ќе се реши сосотјбата, засега никој не знае.“



https://kanal5.com.mk/articles/348950/se-podgotvuva-bunt-vo-zgradata-na-nastel-vo-tafatalidje

Еве го и видеото од истиот линк

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2300 Posted: 19-Sep-2018 at 15:24
Не сакам да бидам злорад, но со кој памет купиле станови во оваа зграда? Како вели една наша поговорка - што си надробил, тоа ќе си сркаш. Овој проект одамна смрдеше на криминал, без разлика што во меѓувреме беше озаконет во - најверојатно сомнителна - корупциска атмосфера.
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 113114115116117 136>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.406 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.