build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Станбени и станбено-деловни згради (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Станбени и станбено-деловни згради (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 129130131132>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1765
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2601 Posted: 14-Apr-2019 at 15:27
Новиот објект на Капитол Инженеринг наскоро треба да почне да се гради во близина на грчка амбасада,долу на мапата означено со црвено куќата која треба да се урива







Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1467
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2602 Posted: 14-Apr-2019 at 17:30
Супер, ама не знам што е со прозориве од западната страна кога таму би требало да се изгради друга зграда?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11961
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2603 Posted: 14-Apr-2019 at 19:54
Момин Поток

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11961
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2604 Posted: 14-Apr-2019 at 20:06
Мислам дека ќе добиеме уште една одлична зграда во Карпош. Се врткаше и рендерот на форумов, но не можам да го најдам. Проектант е бугарска фирма.





За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11961
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2605 Posted: 14-Apr-2019 at 20:10
И една што ми стана омилена





За сè има вторпат
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 457
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #2606 Posted: 15-Apr-2019 at 07:29
Originally posted by stef4o

Новиот објект на Капитол Инженеринг наскоро треба да почне да се гради во близина на грчка амбасада,долу на мапата означено со црвено куќата која треба да се урива









Продолжува згустувањето и на оваа улица...

Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 129
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #2607 Posted: 15-Apr-2019 at 12:50
А се' уште има надземна кабелска мрежа...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1765
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2608 Posted: 16-Apr-2019 at 12:30
Од фб,на Илинденска

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1765
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2609 Posted: 16-Apr-2019 at 13:09
Во паркот во Ѓорче Петров ќе никне станбена зграда

Во паркот кој преставува единствено зеленило во урбаниот дел на Ѓорче Петров ќе никне станбена зграда. Според изјавите на советниците од ВМРО ДПМНЕ ова го предвидуваат измените на деталниот урбанистички план кои вчера поминаа на седница на советот. Освен тоа симптоматично е што на истата парцела каде ќе се гради зграда, свое земјиште поседува и градоначалникот на општината, Александар Наумовски.

Почитувани граѓани на Ѓорче Петров, Како советник во општина Ѓ.П од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, должна сум да ве информирам дека на денешната седница на советот, градоначалникот Наумовски и советниците од СДС донесоа одлука , во сред парк во Ѓорче Петров, да направат огромна зграда! Замислете во единствениот парк кој го имаме , тие ќе градат зграда!
До вчера не убедуваа дека ќе изграделе други паркови како и тоа дека ќе се залагаат за нови зелени површини! ( видео во коментар)
Ниту нови паркови има , а и она малку зеленило што го имаме, ќе се одземе од граѓаните, во интетес на личните интетеси на поединци од СДС!. Ова на фејсбук го напиша Марија Андоновска, советник во општината Ѓорче Петров.

https://skopjeinfo.mk/vo-parkot-vo-gjorche-petrov-kje-nikne-stanbena-zgrada

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1467
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2610 Posted: 16-Apr-2019 at 16:59
Демант во врска со написите во одредени медиуми со наслов ,,Кметот на Ѓорче ГО УРИВА ПАРКОТ, ДАДЕ МАРКИЦА ЗА ЗГРАДА“

70% од функционерите на ДПМНЕ во претходниот период од 12 години и 6 месеци беа од Ѓорче. Нивниот миленик од Градоначалник остави пустош, безидејност, со ниту еден детален план за развој. Несредена легализација, економски криминал за кој се водат кривични постапки, нерешена општинска зграда со Трансмет, кал на секаде, незавршена фекална канализација во руралниот дел и 2 300 000 Евра кредит.

Очигледно на поранешните функционери и министри им смета домаќинското работење во општината.

Најостро ги демантираме наводите дека е дадена маркица за зграда во реонскиот парк. Станува збор за шпекулации и груби невистини изнесени од страна на некои портали.

Од паркот нема да се одземе ниту милиметар зелена површина, одговорно тврдиме. Се работи за измена на план за кој Ѓорче треба да добие вистинско градско јадро кое ќе личи, на кое ќе има Корзо со кафетерии и други организирани содржини за сите возрасти.

Енергично ќе продоложиме напред во интерес на Ѓорчевци за да го поправиме се она што е опустошено во општинатата во претходната деценија.

Само во изминативе година и половина успеавме да ја донесеме изградбата на капиталниот државен проект Универзитетски клинички центар на локација во оштината, поставивме асфалт во должина од 30 км, изведовме 20 км фекална канализација во руралниот дел, поставивме нови 2 500 улични светилки, над 100 нови клупи, чешми, корпи за отпадоци, поплочивме 6,000 м2 со бехатон, изведовме 4 км водоводна мрежа и интензивно работиме на полето на образованието, спортот, социјалната заштита, културата итн.

И покрај сите напади ќе продолжиме подеднакво посветено, домаќински и со уште поголем интензитет да работиме во интерес на граѓаните. Никој не може да ни ги оспори резултатите кои се очигледни.

https://www.facebook.com/AleksandarNaumoskizaGorce/posts/1727564524057044

Edited by Staro Skopje - 16-Apr-2019 at 16:59
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 716
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #2611 Posted: 16-Apr-2019 at 20:02

Бла, бла, како и сите други градоначалници нема мрднато со прстот, реализација НУЛА.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 457
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #2612 Posted: 17-Apr-2019 at 12:25
''поплочивме 6,000 м2 со бехатон, изведовме 4 км водоводна мрежа, поставивме над 100 нови клупи''

Гордост на општинска администрација во 2019 та година,урбан дел на главен град во Европа
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Rouen,Normandie
Online Status: Offline
Posts: 128
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #2613 Posted: 17-Apr-2019 at 12:26
Куманово.




На местото имаше стара куќа.

https://www.google.com/maps/@42.1304017,21.7212423,3a,75y,214.52h,84.96t/data=!3m6!1e1!3m4!1sjbfVYCffjVs35DpfJabsbA!2e0!7i13312!8i6656

Edited by JovanOdGjorche - 17-Apr-2019 at 12:28
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1765
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2614 Posted: 17-Apr-2019 at 16:37
Негде во Дебар Маало претпоставувам(од фб)

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1765
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2615 Posted: 19-Apr-2019 at 14:18
Од мојата денешна тура низ Кисела Вода

1.Boston Construction(близу Рампа)







2.Мастер Инженеринг на ул.Марко Цепенков







3.Спроти претходнава



4.Pro Building на бул.Борис Трајковски









5.Близу Шампионче







6.Ново градилиште на ул.Емил Зола,колку само ги пикаат безвезе зградичкиве







Edited by stef4o - 19-Apr-2019 at 14:18
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1765
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2616 Posted: 19-Apr-2019 at 14:27
Од фб,на ул.Елисие Поповски



Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1467
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2617 Posted: 19-Apr-2019 at 14:59
Originally posted by stef4o



Ако соседните станари ќутат и не преземат какви било акции да се ослободат од натрапникот, баш ќе ми биде мило кога дома ќе бидат обвиени во вечен мрак
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1765
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2618 Posted: 19-Apr-2019 at 15:12

Очигледно задоцниле или воопшто не им е гајле градилиштето е веќе оформено,ископана е дупка има табла,дадено е одобрение така да тешко нешто да се смени. Катноста не е голема но сосем доволна да ги остави во мрак околните згради.Инаку Кисела Вода барем овој дел каде поминав делува се повеќе хаотична а на многу места има можност да се изградат нови згради особено вдолж булеварот и низ околните маала.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1467
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2619 Posted: 19-Apr-2019 at 18:20
Колку што гледам 1 метар се оддалечени зградите. Не треба по закон 6? Двете соседни згради ќе бидат во мрак и без приватност - барем додека Природата не посегне по зградава.

И до кога ќе се гради? Ниту имаме имиграција, ниту значаен природен прираст. 25 години само се гради, гради и гради. Не знам уште колку може; еден куп станови се празни, а пазарот забрзано се заситува. Се надевам дека кај и да е ќе се престане бетонскава наезда.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 327
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #2620 Posted: 19-Apr-2019 at 21:55
Originally posted by Staro Skopje


И до кога ќе се гради? Ниту имаме имиграција, ниту значаен природен прираст. 25 години само се гради, гради и гради. Не знам уште колку може; еден куп станови се празни, а пазарот забрзано се заситува. Се надевам дека кај и да е ќе се престане бетонскава наезда.

Евтино е. Покрај тоа што е евтино да го купиш станот, евтин е и данокот односно непостоечки. Побогатитот слој во Мк купува по 3-4-5 станови, некои и повеќе колку и да звучи нереално со оглед на економската ситуација на мнозинството од народот. Данокот на имот е во висина на повратен автобуски билет Охрид - Скопје. Данок на богатство не пости, данок на наследство не постои, данок за издавање недвижнини е низок, но ако сме реални за мнозинството исто така не постои бидејќи не го пријавуваат. Дополнително купуваат луѓе од Србија, Косово, Албанија, во Охрид купуваат од Холандија, Германија, Англија, Бугарија, итн. Затоа се гради без прекин и ќе продолжи истото темпо во следниве 20тина години, бидејќи даноците ќе останат ниски/непостоечки, а квадратот нема да поскапи значително од претходните причини. Всушност не само што нема да поскапи многу туку моментално е понизок споредено со 2009 година
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 129130131132>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.