build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Станбени и станбено-деловни згради (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Станбени и станбено-деловни згради (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 128129130131132 143>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12201
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2581 Posted: 14-Apr-2019 at 20:06
Мислам дека ќе добиеме уште една одлична зграда во Карпош. Се врткаше и рендерот на форумов, но не можам да го најдам. Проектант е бугарска фирма.





За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12201
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2582 Posted: 14-Apr-2019 at 20:10
И една што ми стана омилена





За сè има вторпат
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #2583 Posted: 15-Apr-2019 at 07:29
Originally posted by stef4o

Новиот објект на Капитол Инженеринг наскоро треба да почне да се гради во близина на грчка амбасада,долу на мапата означено со црвено куќата која треба да се урива









Продолжува згустувањето и на оваа улица...

Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 180
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #2584 Posted: 15-Apr-2019 at 12:50
А се' уште има надземна кабелска мрежа...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2443
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2585 Posted: 16-Apr-2019 at 12:30
Од фб,на Илинденска

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2443
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2586 Posted: 16-Apr-2019 at 13:09
Во паркот во Ѓорче Петров ќе никне станбена зграда

Во паркот кој преставува единствено зеленило во урбаниот дел на Ѓорче Петров ќе никне станбена зграда. Според изјавите на советниците од ВМРО ДПМНЕ ова го предвидуваат измените на деталниот урбанистички план кои вчера поминаа на седница на советот. Освен тоа симптоматично е што на истата парцела каде ќе се гради зграда, свое земјиште поседува и градоначалникот на општината, Александар Наумовски.

Почитувани граѓани на Ѓорче Петров, Како советник во општина Ѓ.П од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, должна сум да ве информирам дека на денешната седница на советот, градоначалникот Наумовски и советниците од СДС донесоа одлука , во сред парк во Ѓорче Петров, да направат огромна зграда! Замислете во единствениот парк кој го имаме , тие ќе градат зграда!
До вчера не убедуваа дека ќе изграделе други паркови како и тоа дека ќе се залагаат за нови зелени површини! ( видео во коментар)
Ниту нови паркови има , а и она малку зеленило што го имаме, ќе се одземе од граѓаните, во интетес на личните интетеси на поединци од СДС!. Ова на фејсбук го напиша Марија Андоновска, советник во општината Ѓорче Петров.

https://skopjeinfo.mk/vo-parkot-vo-gjorche-petrov-kje-nikne-stanbena-zgrada

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2587 Posted: 16-Apr-2019 at 16:59
Демант во врска со написите во одредени медиуми со наслов ,,Кметот на Ѓорче ГО УРИВА ПАРКОТ, ДАДЕ МАРКИЦА ЗА ЗГРАДА“

70% од функционерите на ДПМНЕ во претходниот период од 12 години и 6 месеци беа од Ѓорче. Нивниот миленик од Градоначалник остави пустош, безидејност, со ниту еден детален план за развој. Несредена легализација, економски криминал за кој се водат кривични постапки, нерешена општинска зграда со Трансмет, кал на секаде, незавршена фекална канализација во руралниот дел и 2 300 000 Евра кредит.

Очигледно на поранешните функционери и министри им смета домаќинското работење во општината.

Најостро ги демантираме наводите дека е дадена маркица за зграда во реонскиот парк. Станува збор за шпекулации и груби невистини изнесени од страна на некои портали.

Од паркот нема да се одземе ниту милиметар зелена површина, одговорно тврдиме. Се работи за измена на план за кој Ѓорче треба да добие вистинско градско јадро кое ќе личи, на кое ќе има Корзо со кафетерии и други организирани содржини за сите возрасти.

Енергично ќе продоложиме напред во интерес на Ѓорчевци за да го поправиме се она што е опустошено во општинатата во претходната деценија.

Само во изминативе година и половина успеавме да ја донесеме изградбата на капиталниот државен проект Универзитетски клинички центар на локација во оштината, поставивме асфалт во должина од 30 км, изведовме 20 км фекална канализација во руралниот дел, поставивме нови 2 500 улични светилки, над 100 нови клупи, чешми, корпи за отпадоци, поплочивме 6,000 м2 со бехатон, изведовме 4 км водоводна мрежа и интензивно работиме на полето на образованието, спортот, социјалната заштита, културата итн.

И покрај сите напади ќе продолжиме подеднакво посветено, домаќински и со уште поголем интензитет да работиме во интерес на граѓаните. Никој не може да ни ги оспори резултатите кои се очигледни.

https://www.facebook.com/AleksandarNaumoskizaGorce/posts/1727564524057044

Edited by Staro Skopje - 16-Apr-2019 at 16:59
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 739
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #2588 Posted: 16-Apr-2019 at 20:02

Бла, бла, како и сите други градоначалници нема мрднато со прстот, реализација НУЛА.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #2589 Posted: 17-Apr-2019 at 12:25
''поплочивме 6,000 м2 со бехатон, изведовме 4 км водоводна мрежа, поставивме над 100 нови клупи''

Гордост на општинска администрација во 2019 та година,урбан дел на главен град во Европа
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Rouen,Normandie
Online Status: Offline
Posts: 143
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #2590 Posted: 17-Apr-2019 at 12:26
Куманово.




На местото имаше стара куќа.

https://www.google.com/maps/@42.1304017,21.7212423,3a,75y,214.52h,84.96t/data=!3m6!1e1!3m4!1sjbfVYCffjVs35DpfJabsbA!2e0!7i13312!8i6656

Edited by JovanOdGjorche - 17-Apr-2019 at 12:28
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2443
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2591 Posted: 17-Apr-2019 at 16:37
Негде во Дебар Маало претпоставувам(од фб)

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2443
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2592 Posted: 19-Apr-2019 at 14:18
Од мојата денешна тура низ Кисела Вода

1.Boston Construction(близу Рампа)







2.Мастер Инженеринг на ул.Марко Цепенков







3.Спроти претходнава



4.Pro Building на бул.Борис Трајковски









5.Близу Шампионче







6.Ново градилиште на ул.Емил Зола,колку само ги пикаат безвезе зградичкиве







Edited by stef4o - 19-Apr-2019 at 14:18
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2443
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2593 Posted: 19-Apr-2019 at 14:27
Од фб,на ул.Елисие Поповски



Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2594 Posted: 19-Apr-2019 at 14:59
Originally posted by stef4o



Ако соседните станари ќутат и не преземат какви било акции да се ослободат од натрапникот, баш ќе ми биде мило кога дома ќе бидат обвиени во вечен мрак
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2443
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2595 Posted: 19-Apr-2019 at 15:12

Очигледно задоцниле или воопшто не им е гајле градилиштето е веќе оформено,ископана е дупка има табла,дадено е одобрение така да тешко нешто да се смени. Катноста не е голема но сосем доволна да ги остави во мрак околните згради.Инаку Кисела Вода барем овој дел каде поминав делува се повеќе хаотична а на многу места има можност да се изградат нови згради особено вдолж булеварот и низ околните маала.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2596 Posted: 19-Apr-2019 at 18:20
Колку што гледам 1 метар се оддалечени зградите. Не треба по закон 6? Двете соседни згради ќе бидат во мрак и без приватност - барем додека Природата не посегне по зградава.

И до кога ќе се гради? Ниту имаме имиграција, ниту значаен природен прираст. 25 години само се гради, гради и гради. Не знам уште колку може; еден куп станови се празни, а пазарот забрзано се заситува. Се надевам дека кај и да е ќе се престане бетонскава наезда.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 522
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #2597 Posted: 19-Apr-2019 at 21:55
Originally posted by Staro Skopje


И до кога ќе се гради? Ниту имаме имиграција, ниту значаен природен прираст. 25 години само се гради, гради и гради. Не знам уште колку може; еден куп станови се празни, а пазарот забрзано се заситува. Се надевам дека кај и да е ќе се престане бетонскава наезда.

Евтино е. Покрај тоа што е евтино да го купиш станот, евтин е и данокот односно непостоечки. Побогатитот слој во Мк купува по 3-4-5 станови, некои и повеќе колку и да звучи нереално со оглед на економската ситуација на мнозинството од народот. Данокот на имот е во висина на повратен автобуски билет Охрид - Скопје. Данок на богатство не пости, данок на наследство не постои, данок за издавање недвижнини е низок, но ако сме реални за мнозинството исто така не постои бидејќи не го пријавуваат. Дополнително купуваат луѓе од Србија, Косово, Албанија, во Охрид купуваат од Холандија, Германија, Англија, Бугарија, итн. Затоа се гради без прекин и ќе продолжи истото темпо во следниве 20тина години, бидејќи даноците ќе останат ниски/непостоечки, а квадратот нема да поскапи значително од претходните причини. Всушност не само што нема да поскапи многу туку моментално е понизок споредено со 2009 година
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #2598 Posted: 20-Apr-2019 at 07:32
Originally posted by ironm


Originally posted by Staro Skopje

И до кога ќе се гради? Ниту имаме имиграција, ниту значаен природен прираст. 25 години само се гради, гради и гради. Не знам уште колку може; еден куп станови се празни, а пазарот забрзано се заситува. Се надевам дека кај и да е ќе се престане бетонскава наезда.
Евтино е. Покрај тоа што е евтино да го купиш станот, евтин е и данокот
односно непостоечки. Побогатитот слој во Мк купува по 3-4-5 станови,
некои и повеќе колку и да звучи нереално со оглед на економската
ситуација на мнозинството од народот. Данокот на имот е во висина на
повратен автобуски билет Охрид - Скопје. Данок на богатство не пости,
данок на наследство не постои, данок за издавање недвижнини е низок, но
ако сме реални за мнозинството исто така не постои бидејќи не го
пријавуваат. Дополнително купуваат луѓе од Србија, Косово, Албанија, во
Охрид купуваат од Холандија, Германија, Англија, Бугарија, итн. Затоа се
гради без прекин и ќе продолжи истото темпо во следниве 20тина години,
бидејќи даноците ќе останат ниски/непостоечки, а квадратот нема да
поскапи значително од претходните причини. Всушност не само што нема да
поскапи многу туку моментално е понизок споредено со 2009 година


Кој од Холандија,Германија,Англија,Бугарија купува во Охрид жити све...
Ова за даноците е на место,а и ти како го преставуваш ова со побогатиот слој ко ние да сме 20 милионски народ со тајкунски менталитет ко русите па да имаме таков побогат слој со кој можеме да го влечеме градежништвото.

Ако погледнеме реално,миграција кон Скопје сеуште постои од внатрешноста и тоа прилично силна,никогаш не била волку изразена.
Но Скопје и емиграцијата на Запад ќе ја потрошат таа демографска резерва за 10-15 години.

А тоа што е локомотива на целиов процес е ниските или непостоечки даноци,заедно со градежната мафија и корупцијата во општините што доведува до израдба на станбени фонд за кој ќе треба подолго време да се пополни.

Така да нив инвестициите кад тад ќе им се вратат.
Има простор да се доселат уште 100 тина илјади од провинција во Скопје,таман колку да се затнат скроз Аеродром,Карпошп,Центар и Кисела Вода и Скопје да постане град-држава додека остатокот ќе е демографска пустиња.
Back to Top
Graditelot View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 30
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #2599 Posted: 20-Apr-2019 at 07:52
Штознам за тоа дека богатите купувале по 4-5 стана. Сигурно има и такви но...

Барем колку што гледам во стар аеродром претежно купците се од внатрешноста, тазе вработени во државна администрација за време на вмро, претежно се купени со задолжувања во банките и претежно се мали станчиња кои не би рекол дека се соодветни да живеат богати луге.
Главни причини за овие високи цени споредено со платите се:

1. Егзодус од внатрешноста кон Скопје(вработување во државно).
2. Менталитетот на народот (врзан за стан/земја)
3. Досега голем недостаток на станбен простор во Скопје(кој веќе се олабавува)
4. Ниските каматни стапки.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 522
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #2600 Posted: 20-Apr-2019 at 09:46
Originally posted by kiriOK

Originally posted by ironm


Originally posted by Staro Skopje

И до кога ќе се гради? Ниту имаме имиграција, ниту значаен природен прираст. 25 години само се гради, гради и гради. Не знам уште колку може; еден куп станови се празни, а пазарот забрзано се заситува. Се надевам дека кај и да е ќе се престане бетонскава наезда.
Евтино е. Покрај тоа што е евтино да го купиш станот, евтин е и данокот
односно непостоечки. Побогатитот слој во Мк купува по 3-4-5 станови,
некои и повеќе колку и да звучи нереално со оглед на економската
ситуација на мнозинството од народот. Данокот на имот е во висина на
повратен автобуски билет Охрид - Скопје. Данок на богатство не пости,
данок на наследство не постои, данок за издавање недвижнини е низок, но
ако сме реални за мнозинството исто така не постои бидејќи не го
пријавуваат. Дополнително купуваат луѓе од Србија, Косово, Албанија, во
Охрид купуваат од Холандија, Германија, Англија, Бугарија, итн. Затоа се
гради без прекин и ќе продолжи истото темпо во следниве 20тина години,
бидејќи даноците ќе останат ниски/непостоечки, а квадратот нема да
поскапи значително од претходните причини. Всушност не само што нема да
поскапи многу туку моментално е понизок споредено со 2009 година


Кој од Холандија,Германија,Англија,Бугарија купува во Охрид жити све...
Ова за даноците е на место,а и ти како го преставуваш ова со побогатиот слој ко ние да сме 20 милионски народ со тајкунски менталитет ко русите па да имаме таков побогат слој со кој можеме да го влечеме градежништвото.

Ако погледнеме реално,миграција кон Скопје сеуште постои од внатрешноста и тоа прилично силна,никогаш не била волку изразена.
Но Скопје и емиграцијата на Запад ќе ја потрошат таа демографска резерва за 10-15 години.

А тоа што е локомотива на целиов процес е ниските или непостоечки даноци,заедно со градежната мафија и корупцијата во општините што доведува до израдба на станбени фонд за кој ќе треба подолго време да се пополни.

Така да нив инвестициите кад тад ќе им се вратат.
Има простор да се доселат уште 100 тина илјади од провинција во Скопје,таман колку да се затнат скроз Аеродром,Карпошп,Центар и Кисела Вода и Скопје да постане град-држава додека остатокот ќе е демографска пустиња.

Во Охрид има неколку згради ексклузивно откупени од Холанѓани, дури има и барем една фирма што знам од Холандија што направи згради во Пештани (без разлика дали сопственици се наши имигранти, па ги продаваат на туристи). Бугари и Срби купуваат по неколку станови за да ги издаваат како апартмани во сезона, а знам неколку примери на Англичани што купиле стан или изградиле куќа. Во Охрид е најсилно темпото на иселување изминативе 10 години, а никогаш не престанаа со градење како луди. Токму и од иселените има се повеќе купени станови кои сакаат да се сместат во свој стан кога ќе дојдат преку лето, наместо заедно со родителите или да изнајмат.

За тоа со побогатитот слој и дали сме 20 милионски народ - веројатно не познаваш доволно такви па не ти се верува. Не градиме ниту милион станови годишно па да мора да имаме 20 милиони народ. А Градителот што пишал подолу дека богатиот слој не живеел во мали станчиња - па се разбира дека не живеат, тие ги гледаат како бизнис инвестиција, а не за живеење. Јас не реков дека тие ексклузивно ги откупуваат сите станови туку дека се дел од равенката. Нормално дека најголем дел се од средниот слој во Скопје или провинција, пуштиле дете на студирање, продале една-две ниви за да не седи детето под кирија, па ќе ми се најде станот за понатаму.

Викаш локомотива на целиот процес е ниски или непостоечки даноци - веројатно мислејќи на тие што градат заради ниски трошоци и дел не успеваат да ги продадат становите. Мојата поента за ниски и непостоечки даноци е и за другата страна. Ниту сопствениците на имот не плаќаат даноци што соодветствуваат со реалноста за да се замислат што поседуваат (како што кажав данок на наследство, на богатство, итн.). Јас познавам неколку примери на луѓе што поседуваат стан во Охрид, два во Скопје и сите зјаат празни бидејќи некогаш се користеле како погоре што спомнав, а сега ги чуваат "за да се најдат". Во Германија ако поседуваш 3-4 стана и не ги издаваш континуирано за да заработуваш тогаш ќе ги продадеш бидејќи ќе си во загуба. Ефективна даночна стапка за поседување имот таму е околу 1.5 - 2.5%, а во Македонија во сите општини е 0.1%. Ако моментално за поседување стан некој плаќа 1к денари, со даночна стапка од 2% би плаќал околу 20к денари. Тогаш ќе се замисли трипати дали да продаде нива и да купи стан за викенд одење или детето да не се мачело или ќе оди под кирија. Градежниците се помалку за обвинување бидејќи тие тераат бизнис, секој работи за профит на крајот од денот, се разбира дека не се светци. Додека граѓаните ретко имаат мерило за квалитет, вкус или финансиски исход.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 128129130131132 143>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.