build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Станбени и станбено-деловни згради (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Станбени и станбено-деловни згради (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 124125126127128 173>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4900
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2501 Posted: 17-Apr-2019 at 16:37
Негде во Дебар Маало претпоставувам(од фб)

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4900
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2502 Posted: 19-Apr-2019 at 14:18
Од мојата денешна тура низ Кисела Вода

1.Boston Construction(близу Рампа)







2.Мастер Инженеринг на ул.Марко Цепенков







3.Спроти претходнава



4.Pro Building на бул.Борис Трајковски









5.Близу Шампионче







6.Ново градилиште на ул.Емил Зола,колку само ги пикаат безвезе зградичкиве







Edited by stef4o - 19-Apr-2019 at 14:18
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4900
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2503 Posted: 19-Apr-2019 at 14:27
Од фб,на ул.Елисие Поповски



Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2504 Posted: 19-Apr-2019 at 14:59
Originally posted by stef4o



Ако соседните станари ќутат и не преземат какви било акции да се ослободат од натрапникот, баш ќе ми биде мило кога дома ќе бидат обвиени во вечен мрак
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4900
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2505 Posted: 19-Apr-2019 at 15:12

Очигледно задоцниле или воопшто не им е гајле градилиштето е веќе оформено,ископана е дупка има табла,дадено е одобрение така да тешко нешто да се смени. Катноста не е голема но сосем доволна да ги остави во мрак околните згради.Инаку Кисела Вода барем овој дел каде поминав делува се повеќе хаотична а на многу места има можност да се изградат нови згради особено вдолж булеварот и низ околните маала.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2506 Posted: 19-Apr-2019 at 18:20
Колку што гледам 1 метар се оддалечени зградите. Не треба по закон 6? Двете соседни згради ќе бидат во мрак и без приватност - барем додека Природата не посегне по зградава.

И до кога ќе се гради? Ниту имаме имиграција, ниту значаен природен прираст. 25 години само се гради, гради и гради. Не знам уште колку може; еден куп станови се празни, а пазарот забрзано се заситува. Се надевам дека кај и да е ќе се престане бетонскава наезда.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 876
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #2507 Posted: 19-Apr-2019 at 21:55
Originally posted by Staro Skopje


И до кога ќе се гради? Ниту имаме имиграција, ниту значаен природен прираст. 25 години само се гради, гради и гради. Не знам уште колку може; еден куп станови се празни, а пазарот забрзано се заситува. Се надевам дека кај и да е ќе се престане бетонскава наезда.

Евтино е. Покрај тоа што е евтино да го купиш станот, евтин е и данокот односно непостоечки. Побогатитот слој во Мк купува по 3-4-5 станови, некои и повеќе колку и да звучи нереално со оглед на економската ситуација на мнозинството од народот. Данокот на имот е во висина на повратен автобуски билет Охрид - Скопје. Данок на богатство не пости, данок на наследство не постои, данок за издавање недвижнини е низок, но ако сме реални за мнозинството исто така не постои бидејќи не го пријавуваат. Дополнително купуваат луѓе од Србија, Косово, Албанија, во Охрид купуваат од Холандија, Германија, Англија, Бугарија, итн. Затоа се гради без прекин и ќе продолжи истото темпо во следниве 20тина години, бидејќи даноците ќе останат ниски/непостоечки, а квадратот нема да поскапи значително од претходните причини. Всушност не само што нема да поскапи многу туку моментално е понизок споредено со 2009 година
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 626
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #2508 Posted: 20-Apr-2019 at 07:32
Originally posted by ironm


Originally posted by Staro Skopje

И до кога ќе се гради? Ниту имаме имиграција, ниту значаен природен прираст. 25 години само се гради, гради и гради. Не знам уште колку може; еден куп станови се празни, а пазарот забрзано се заситува. Се надевам дека кај и да е ќе се престане бетонскава наезда.
Евтино е. Покрај тоа што е евтино да го купиш станот, евтин е и данокот
односно непостоечки. Побогатитот слој во Мк купува по 3-4-5 станови,
некои и повеќе колку и да звучи нереално со оглед на економската
ситуација на мнозинството од народот. Данокот на имот е во висина на
повратен автобуски билет Охрид - Скопје. Данок на богатство не пости,
данок на наследство не постои, данок за издавање недвижнини е низок, но
ако сме реални за мнозинството исто така не постои бидејќи не го
пријавуваат. Дополнително купуваат луѓе од Србија, Косово, Албанија, во
Охрид купуваат од Холандија, Германија, Англија, Бугарија, итн. Затоа се
гради без прекин и ќе продолжи истото темпо во следниве 20тина години,
бидејќи даноците ќе останат ниски/непостоечки, а квадратот нема да
поскапи значително од претходните причини. Всушност не само што нема да
поскапи многу туку моментално е понизок споредено со 2009 година


Кој од Холандија,Германија,Англија,Бугарија купува во Охрид жити све...
Ова за даноците е на место,а и ти како го преставуваш ова со побогатиот слој ко ние да сме 20 милионски народ со тајкунски менталитет ко русите па да имаме таков побогат слој со кој можеме да го влечеме градежништвото.

Ако погледнеме реално,миграција кон Скопје сеуште постои од внатрешноста и тоа прилично силна,никогаш не била волку изразена.
Но Скопје и емиграцијата на Запад ќе ја потрошат таа демографска резерва за 10-15 години.

А тоа што е локомотива на целиов процес е ниските или непостоечки даноци,заедно со градежната мафија и корупцијата во општините што доведува до израдба на станбени фонд за кој ќе треба подолго време да се пополни.

Така да нив инвестициите кад тад ќе им се вратат.
Има простор да се доселат уште 100 тина илјади од провинција во Скопје,таман колку да се затнат скроз Аеродром,Карпошп,Центар и Кисела Вода и Скопје да постане град-држава додека остатокот ќе е демографска пустиња.
Back to Top
Graditelot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 56
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #2509 Posted: 20-Apr-2019 at 07:52
Штознам за тоа дека богатите купувале по 4-5 стана. Сигурно има и такви но...

Барем колку што гледам во стар аеродром претежно купците се од внатрешноста, тазе вработени во државна администрација за време на вмро, претежно се купени со задолжувања во банките и претежно се мали станчиња кои не би рекол дека се соодветни да живеат богати луге.
Главни причини за овие високи цени споредено со платите се:

1. Егзодус од внатрешноста кон Скопје(вработување во државно).
2. Менталитетот на народот (врзан за стан/земја)
3. Досега голем недостаток на станбен простор во Скопје(кој веќе се олабавува)
4. Ниските каматни стапки.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 876
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #2510 Posted: 20-Apr-2019 at 09:46
Originally posted by kiriOK

Originally posted by ironm


Originally posted by Staro Skopje

И до кога ќе се гради? Ниту имаме имиграција, ниту значаен природен прираст. 25 години само се гради, гради и гради. Не знам уште колку може; еден куп станови се празни, а пазарот забрзано се заситува. Се надевам дека кај и да е ќе се престане бетонскава наезда.
Евтино е. Покрај тоа што е евтино да го купиш станот, евтин е и данокот
односно непостоечки. Побогатитот слој во Мк купува по 3-4-5 станови,
некои и повеќе колку и да звучи нереално со оглед на економската
ситуација на мнозинството од народот. Данокот на имот е во висина на
повратен автобуски билет Охрид - Скопје. Данок на богатство не пости,
данок на наследство не постои, данок за издавање недвижнини е низок, но
ако сме реални за мнозинството исто така не постои бидејќи не го
пријавуваат. Дополнително купуваат луѓе од Србија, Косово, Албанија, во
Охрид купуваат од Холандија, Германија, Англија, Бугарија, итн. Затоа се
гради без прекин и ќе продолжи истото темпо во следниве 20тина години,
бидејќи даноците ќе останат ниски/непостоечки, а квадратот нема да
поскапи значително од претходните причини. Всушност не само што нема да
поскапи многу туку моментално е понизок споредено со 2009 година


Кој од Холандија,Германија,Англија,Бугарија купува во Охрид жити све...
Ова за даноците е на место,а и ти како го преставуваш ова со побогатиот слој ко ние да сме 20 милионски народ со тајкунски менталитет ко русите па да имаме таков побогат слој со кој можеме да го влечеме градежништвото.

Ако погледнеме реално,миграција кон Скопје сеуште постои од внатрешноста и тоа прилично силна,никогаш не била волку изразена.
Но Скопје и емиграцијата на Запад ќе ја потрошат таа демографска резерва за 10-15 години.

А тоа што е локомотива на целиов процес е ниските или непостоечки даноци,заедно со градежната мафија и корупцијата во општините што доведува до израдба на станбени фонд за кој ќе треба подолго време да се пополни.

Така да нив инвестициите кад тад ќе им се вратат.
Има простор да се доселат уште 100 тина илјади од провинција во Скопје,таман колку да се затнат скроз Аеродром,Карпошп,Центар и Кисела Вода и Скопје да постане град-држава додека остатокот ќе е демографска пустиња.

Во Охрид има неколку згради ексклузивно откупени од Холанѓани, дури има и барем една фирма што знам од Холандија што направи згради во Пештани (без разлика дали сопственици се наши имигранти, па ги продаваат на туристи). Бугари и Срби купуваат по неколку станови за да ги издаваат како апартмани во сезона, а знам неколку примери на Англичани што купиле стан или изградиле куќа. Во Охрид е најсилно темпото на иселување изминативе 10 години, а никогаш не престанаа со градење како луди. Токму и од иселените има се повеќе купени станови кои сакаат да се сместат во свој стан кога ќе дојдат преку лето, наместо заедно со родителите или да изнајмат.

За тоа со побогатитот слој и дали сме 20 милионски народ - веројатно не познаваш доволно такви па не ти се верува. Не градиме ниту милион станови годишно па да мора да имаме 20 милиони народ. А Градителот што пишал подолу дека богатиот слој не живеел во мали станчиња - па се разбира дека не живеат, тие ги гледаат како бизнис инвестиција, а не за живеење. Јас не реков дека тие ексклузивно ги откупуваат сите станови туку дека се дел од равенката. Нормално дека најголем дел се од средниот слој во Скопје или провинција, пуштиле дете на студирање, продале една-две ниви за да не седи детето под кирија, па ќе ми се најде станот за понатаму.

Викаш локомотива на целиот процес е ниски или непостоечки даноци - веројатно мислејќи на тие што градат заради ниски трошоци и дел не успеваат да ги продадат становите. Мојата поента за ниски и непостоечки даноци е и за другата страна. Ниту сопствениците на имот не плаќаат даноци што соодветствуваат со реалноста за да се замислат што поседуваат (како што кажав данок на наследство, на богатство, итн.). Јас познавам неколку примери на луѓе што поседуваат стан во Охрид, два во Скопје и сите зјаат празни бидејќи некогаш се користеле како погоре што спомнав, а сега ги чуваат "за да се најдат". Во Германија ако поседуваш 3-4 стана и не ги издаваш континуирано за да заработуваш тогаш ќе ги продадеш бидејќи ќе си во загуба. Ефективна даночна стапка за поседување имот таму е околу 1.5 - 2.5%, а во Македонија во сите општини е 0.1%. Ако моментално за поседување стан некој плаќа 1к денари, со даночна стапка од 2% би плаќал околу 20к денари. Тогаш ќе се замисли трипати дали да продаде нива и да купи стан за викенд одење или детето да не се мачело или ќе оди под кирија. Градежниците се помалку за обвинување бидејќи тие тераат бизнис, секој работи за профит на крајот од денот, се разбира дека не се светци. Додека граѓаните ретко имаат мерило за квалитет, вкус или финансиски исход.
Back to Top
Graditelot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 56
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #2511 Posted: 20-Apr-2019 at 10:58
Тезата дека побогатиот слој и странците од Холандија итн.. ги купувале становите и тоа влијаело на изградбата на станови не ти држи вода.
И тие случаи што ги има се минорен процент од продадените станови. Во преку 95% од становите си живеат самите сопственици, односно не се купени како инвестиција.

Еве конкретно во мојата зграда кај тобако 2 би рекол дека 60% се провинцијалци вработени во државно, 35% се локални млади парови од Скопје, оставам нека има 5% непознат кој е сопственикот. Еве нека бидат тие 5% како ти што велиш станови на богатиот слој на населението. Пак тоа е мал уддел да има било какво влијание на побарувачката.

Edited by Graditelot - 20-Apr-2019 at 11:00
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 876
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #2512 Posted: 20-Apr-2019 at 11:17
Друже тезата ми е дека е евтино да купиш стан (поради цена на квадрат и кредити) и дека се ниски/непостоечки даноците - прочитај ми го првиот пост.

Originally posted by ironm

Нормално дека најголем дел се од средниот слој во Скопје или провинција, пуштиле дете на студирање, продале една-две ниви за да не седи детето под кирија, па ќе ми се најде станот за понатаму.
Тезата не ми е дека становите ги купуваат странци и побогатиот слој, туку дека тие се дел од оние што ја креираат побарувачката. Се фати за најмалку битниот дел од постот во којшто впрочем го искористив зборот дополнително.

Една зграда (твојата зграда) не е репер за состојбата на пазарот со недвижности. Според таа математика 60% од луѓето се вработени во државно, а 35% од младите парови по дифолт не се во богатиот слој само затоа што се млади, а купци од Косово и Албанија воопшто нема.
Back to Top
Graditelot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 56
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #2513 Posted: 20-Apr-2019 at 11:26
Ефтино? 1000 евра квадрат за фуш. На невработеност од 20%, средна плата од 300 евра и тешка сиромаштија.
Повеќе како сарказам ми звучи тоа.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1930
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #2514 Posted: 20-Apr-2019 at 11:53
Во Скопје купуваат станови странци, доколку за странци ги рачунаме косоварите.

Дека се гради фуш, да, има доста фуш ама има и такви кои КУПУВААТ фуш, никој не ги тера, затоа и фушот се јача!

Дека нереално држат високи цени се слагам. Но имај предвид дека и сопствениците на плацеви со трошни куќи сакаат јако да профитираат и нагло да се збогатат.

Во Скопје нема ни 5% реална невработеност, не работи само тој што сака да не работи. Можеби нема добар избор на работни места ама дека има слободни места за 300 евра плата има стално!

Просечна плата е 400 евра. И да тоа со таква плата стан се купува САМО ако имаш партнер кој исто зима уште толку и поддршка од родители за учество.

Edited by alexsend - 20-Apr-2019 at 11:55
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4900
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2515 Posted: 20-Apr-2019 at 16:46
Незнам дали е веќе изградено или допрва ќе се гради,локацијата е бул.Македонија(од фб)



Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 626
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #2516 Posted: 21-Apr-2019 at 09:11
Originally posted by alexsend

Во Скопје купуваат станови странци, доколку за странци ги рачунаме косоварите.

Дека се гради фуш, да, има доста фуш ама има и такви кои КУПУВААТ фуш, никој не ги тера, затоа и фушот се јача!

Дека нереално држат високи цени се слагам. Но имај предвид дека и сопствениците на плацеви со трошни куќи сакаат јако да профитираат и нагло да се збогатат.

Во Скопје нема ни 5% реална невработеност, не работи само тој што сака да не работи. Можеби нема добар избор на работни места ама дека има слободни места за 300 евра плата има стално!

Просечна плата е 400 евра. И да тоа со таква плата стан се купува САМО ако имаш партнер кој исто зима уште толку и поддршка од родители за учество.


Реална просечна плата во Скопје е 250 евра.
А тоа дека за тој што сака да работи во Скопје има работа е така,но иди ти пери теписи за 200-250 евра.

За купување на стан ти треба партнер со 350-400 евра...т.е исто како и ти да е вработен во државно.
Тука доаѓам и до уште еден сегмент,а тоа е дека јавната администрација е локомотивата од каде доаѓа потрошуваката на станбени единици.
Што не доведува до друг заклучок,дека сето ова е на стаклени нозе,односно еден ден кога ќе се спроведат реформи и масовни отпуштања во државна администрација,градежниот сектор ќе колабира.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2446
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #2517 Posted: 21-Apr-2019 at 10:21
Originally posted by stef4o

Во паркот во Ѓорче Петров ќе никне станбена зграда

Во паркот кој преставува единствено зеленило во урбаниот дел на Ѓорче Петров ќе никне станбена зграда. Според изјавите на советниците од ВМРО ДПМНЕ ова го предвидуваат измените на деталниот урбанистички план кои вчера поминаа на седница на советот. Освен тоа симптоматично е што на истата парцела каде ќе се гради зграда, свое земјиште поседува и градоначалникот на општината, Александар Наумовски...


Originally posted by Staro Skopje

Демант во врска со написите во одредени медиуми со наслов ,,Кметот на Ѓорче ГО УРИВА ПАРКОТ, ДАДЕ МАРКИЦА ЗА ЗГРАДА“
...Од паркот нема да се одземе ниту милиметар зелена површина, одговорно тврдиме. Се работи за измена на план за кој Ѓорче треба да добие вистинско градско јадро кое ќе личи, на кое ќе има Корзо со кафетерии и други организирани содржини за сите возрасти...


Најверојатно ќе никне зграда на место на старите куќички пред станбената зграда до новата ПС. Технички тие не се дел од паркот, така да „се си е законски“. Ситуација многу слична налик зградата кај пожарната во Тафталиџе.
Back to Top
Graditelot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 56
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #2518 Posted: 21-Apr-2019 at 19:11
Originally posted by alexsend

Во Скопје купуваат станови странци, доколку за странци ги рачунаме косоварите.

Дека се гради фуш, да, има доста фуш ама има и такви кои КУПУВААТ фуш, никој не ги тера, затоа и фушот се јача!

Дека нереално држат високи цени се слагам. Но имај предвид дека и сопствениците на плацеви со трошни куќи сакаат јако да профитираат и нагло да се збогатат.

Во Скопје нема ни 5% реална невработеност, не работи само тој што сака да не работи. Можеби нема добар избор на работни места ама дека има слободни места за 300 евра плата има стално!

Просечна плата е 400 евра. И да тоа со таква плата стан се купува САМО ако имаш партнер кој исто зима уште толку и поддршка од родители за учество.
Back to Top
Graditelot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 56
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #2519 Posted: 21-Apr-2019 at 19:13
Средната плата во Шкупи е испод 300 евра, средна плата(median) и просечна плата (average) се два различни поимови.

Edited by Graditelot - 22-Apr-2019 at 06:24
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1930
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #2520 Posted: 22-Apr-2019 at 07:16
Дај да видиме од каде ти е податокот? Или е од тепка т.е. гнев...

А ословувањето на Скопје како Шкупи само укажува на тоа дека неможе да го прифатите фактот дека во државава живеат и Албанци... што побрзо прифатите полесно.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 124125126127128 173>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.374 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.