build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Станбени и станбено-деловни згради (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Станбени и станбено-деловни згради (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 208>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 212
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 20-Dec-2010 at 14:52
Еве нешто подобри слики од зградите Македонија, Македонија 2 и 13 катницата во Прилеп

01.

02.

03.

04.


Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1171
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 07-Jan-2011 at 12:29
Грдо,грдо
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 12-Jan-2011 at 11:02
Незнам дали некој спомнал, но куќата до ДНК Код е одамна срушена (до пола) и зградата залепена до ДНК Код е веќе во напредната фаза:



Исто така, карши, скоро до ќошот на Ангелковски, конечно привршува карабината на зградата која долго време стоеше со половина спрат изграден.



Edited by alexgizh - 12-Jan-2011 at 11:04
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3652
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 25-Feb-2011 at 18:57
Во Штип ќе се градат над 200 станови stip-0010-1.jpg

Штип  - Во Штип на две локации ќе сеградат нови стабенизгради и деловен простор. Градоначалникот на општина Штип, Зоран Алексовинформира дека за двамесеци ќе почне изградбата на зграда и трговски центар во населбата „Сењак“.

- Земјиштето беше продадено од страна на Министерството за транспорт и врски по пат на јавна лицитација, фирмата што го купи, ги доби сите дозволи за градба. Согласно планот инвеститорите ќе градат трговски центар и 12 катница, во која на продажба ќе понудат 150 станови, рече Алексов.

Во текот на пролетта најавено е и изградба на станбена зграда на шест ката со околу 60 станови, на местото викано „Стара млекара“, кај крстосницата „Дујле“.

Штипскиот градоначалник посочи дека почнува пролетната градежна офанзива со стартот на изградбата на новите стабени згради. Во тек се и постапките за измени на урбанистички планови и добивање на градежни дозволи за градење на станбени згради, на местата на стари куќи во централното градско подрачје, покрај коритот на реката Отиња. (МИА)


http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2869&Itemid=125
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3652
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 01-Mar-2011 at 14:17

Катастарот ги „заклучи“ армиските станови

Општина Карпош веќе еден и пол месец ги чека катастарските податоци потребни за продолжување на постапката за ДУП-от

Деспина Трајковска



Проектот за армиските станови е закочен во Катастар, а не во Општина Карпош. Според градоначалникот Стевчо Јакимовски, токму Катастарот неразбирливо се' уште не ги доставил податоците за сопствениците на дел од парцелите кај касарната за да продолжи постапката за донесување на предметниот урбанистички план. Иако од Карпош уплатиле 3.500 денари, средства на кои инсистираше Катастарот за да ги достави информациите, општинарите и по еден и пол месец немаат добиено ништо повратно.

„Ова сега е уште еден момент на необјасниво забавување на ДУП. Иако Катастарот се вадеше на неуплатени пари за податоци на сопствениците на парцели, сепак, и по нашата уплата уште на 12 јануари се' уште не ни се проследени податоците за да се продолжи постапката околу донесувањето на ДУП ’Илинден‘. Се прашувам, кој брза пред јавноста, а на мала врата го кочи процесот“, вели Јакимовски.

Од Агенцијата за катастар на недвижен имот вчера не ни беше одговорено на нашето прашање зошто Катастарот се' уште не и' ги доставил на Општина Карпош бараните катастарски податоци, кои се неопходни за да изврши излагање на земјиштето од ДУП, а со цел претходно да биде информиран секој граѓанин што има имот во атарот за кој се носи планот.

Токму на таква транспарентност, која не е вообичаена за сите донесени планови, инсистираа од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Карпош. По излагањето, планот во постојната нацрт-фаза треба да ја помине јавната анкета и по разгледувањето на евентуалните забелешки, „спакуван“ во предлог-фаза, треба да оди на конечно одобрување пред Советот.

Инаку, овој ДУП, приоритетен за државата поради владиниот проект „Станови за АРМ“, беше причина за разгорување на страстите меѓу двете најголеми партии во Советот на Карпош. ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваше Јакимовски дека свесно го кочи проектот, додека, пак, од СДСМ потенцираа оти токму коалицијата уште од старт стави сопка на ДУП од нејасни причини. Иако Општината експресно пред Советот го стави на разгледување планот во нацрт-фаза, тој на барање на советниците од ВМРО-ДПМНЕ беше симнат од дневен ред со образложените дека, наводно, треба да се доработи.

Од друга страна, пак, за да докаже дека токму Владата е таа што го кочи проектот од само за неа познати причини, Јакимовски го посочува фактот дека ДУП бил на ревизија седум месеци и во меѓувреме се пропуштила можноста за негово донесување во скратена постапка.

„Момент што Владата до неодамна го криеше во крајна конспирација, наспроти сите наводни залагања околу проектот, е дека планот го чувала во фиока седум месеци, односно од јули 2009 година до 5 февруари 2010, и тоа очигледно од нејасни причини. За да биде злото поголемо, иако ДУП ’Илинден‘ беше на приоритетната листа проекти што требало да се донесат со законот за итна постапка, односно во една фаза, таа (не)свесно го промаши терминот на важење на тој Закон - до 20 јануари 2010 година. Проектот ни го вратија 15 дена подоцна од тој термин, со што сама си ја ‘минираше‘ брзината на донесување на ДУП, па сега е принудено тој да се донесе побавно, поточно во две фази“, објасни Јакимовски.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DE34DFC3724F1A4796747ABCF05223F5
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3962
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 14-Mar-2011 at 19:38
Eden mal napredok od stanbenata zgrada vo kicevo



Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1166
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 29-Mar-2011 at 15:45
eve nekoi mali stambeni zgradi sto se izgradeni vo Kocani i sto se gradat
1
2.
3.
4.
5
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 03-Apr-2011 at 16:49
еве неколку фотки од мене дур се шетав низ маало:

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11


овој што следи се прави на мое место и на ова што ќе го кажам повеќето од вас ќе ми се смеат али како фушерајски почнаа да го прават и не излезе до толку лош ко што очекував(само ја утнеа бојата на крај). Сепак не е баш за фалење
1

2

3

4

5

6

7

8


Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 03-Apr-2011 at 18:05
За последнава зграда: да беше бојата таква сива како крајниот лев ќош од последната слика, наместо розева, можеби и ќе личеше на нешто. Вака е тотално утната. Како и да е, ќе се среди тој дел, и конечно ќе прекинат локалците да ја третираат локацијата како депонија.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2527
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 03-Apr-2011 at 22:00

Онаа малецкана сива коцкаста и таа пред неа со дрвото ми се џам.

Последнава - катастрофа.. колку лошо само може да ги истераат работите тоа чудо едно... тоа стаклениот агол со врвот + бојата - бљак.  

Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 03-Apr-2011 at 22:25
Па шпицот горе, па сивана лента од страна. Тоа ти е стандард братче
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3652
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 18-Apr-2011 at 18:34
Во Штип ќе се градат нови станбени згради stip22.jpg

Штип  - Градоначалникот на Општина Штип, Зоран Алексов очекува изградбата на новите станбени згради да почнат во мај. Според него први со градба се очекува да почнат инвеститорите, кои купија државни градежно земјиште во населбата „Сењак" за изградба на станбена зграда со 150 станови.

- Очекувам во мај да почне изградбата на оваа станбена зграда, во која ќе има и деловни објекти. Во завршна фаза е и донесувањето на урбханистичкиот план во населбата „Автокоманда", каде се планира изградба на затворен Градски пазар и висококатница, со вкупна површина од 7.000 метри квадратни , рече Алексов.

Тој додава дека во централното градско подрачје покрај реката Отиња имаат барање од инвеститори за изградба на три станбени згради.

- Во завршна фаза се промените на урбанистичките планови за зградите покрај реката Отиња и мислиме дека сето ова доколку се реализира во текот на годината е сосема доволно дека Штип тргнува од мртвата точка за градење на станбени објекти, вели Алексов.

Сопствениците на Агенциите за недвижности ја поздравуваат изградбата на  нови станбени објекти, бидејќи отткако Штип стана универзитетски центар зголемена е побарувачката на станови . Во Штип цената на становите се движи од 400 до 900 евра за метар квадратен, во зависност од градбата и локацијата на објектот.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2967&Itemid=125
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3652
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 06-May-2011 at 16:47
Општина Штип по две години издаде градежна дозвола за изградба на деловно-станбен објект

stip_makedonija.jpgШтип - Општина Штип денеска издаде градежна дозвола за изградба на деловно-станбен објект во населбата „Сењак".

Портпаролот на општината Милена Ристова-Михајловска вели дека по две години општината ја издава првата градежна дозвола за изградба на станбено-деловен објект.

- Станува збор за 12 катна станбена зграда, во која се предвидени и деловни објекти, информира Ристова-Михајловска.

Фирмата „Нико 2002" државното градежно земјиште го купи по пат на лицитација во Министерството за транспорт и врски, а за комуналии на општина Штип треба да и уплати околу 560.000 евра.

Ристова-Михајловска посочи дека во тек се постапки за издавање градежни дозволи за уште неколку локации во централното градско подрачје

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3006&Itemid=125
Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 155
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #214 Posted: 07-May-2011 at 12:23
dali znae nekoj sto ke se pravi kaj novolisice,regionalen cenat aerodrom,odma na bul. srbija bas sea pominuvav i go zagrdauvaa so metalna ograda??
Back to Top
Ljubopitko View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ljubopitko Quote  Post ReplyReply #215 Posted: 08-May-2011 at 23:23
Originally posted by nouseforname

dali znae nekoj sto ke se pravi kaj novolisice,regionalen cenat aerodrom,odma na bul. srbija bas sea pominuvav i go zagrdauvaa so metalna ograda??

според дуп -от тука ке има 8 згради (сите П + 6ката+ Пк) и предпоставувам дека ке бидат како и тие до нив веке направени за млади брачни парови.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3652
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #216 Posted: 21-May-2011 at 09:52
ПРВА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВАТНА ЗГРАДА ПО СЕДУМ ГОДИНИ privatna_zgrada_po_sedum_godini_thumb.jpgОбјектот е на вкупна површина од 1.650 м² и ќе зафаќа 24.000 м². Зградата ќе има вкупно 16 катови, од кои два ќе бидат наменети за подземна гаража, три за трговски центар и 11 за станбен простор. Општина Штип, по пауза од седум години, издаде градежна дозвола за изградба на приватен станбен објект. Во изминатите години се градеа само станбени објекти на државата според различни програми. Во моментов таква зграда е во финална фаза во населбата Сењак 3, каде што ќе се гради и новиот објект. Во населбата Сењак 3 на продажба беше и парцелата Б-19-б, која по пат на јавно наддавање беше продадена со последна понудена цена од 2.800 денари за 1м². Локацијата лани ја купи штипското претпријатие за продажба на материјали и репроматеријали за конфекција ТДВИЛ „НИКО 2002“ ДООЕЛ увоз-извоз, во сопственост на Ацо Николовски. По тој повод, Николовски за Порта3 вели дека заедно со фирмата „Роби Инженеринг“, како фирма партнер со 50% учество во целокупниот проект, планираат од овој неурбанизиран дел на градот да направат нешто ексклузивно какво што не постои во ниту еден град во источниот дел на Македонија. На вкупна површина од 1.650 м² се планира грандиозен, луксузен објект од 24.000 м², со подрумски дел, три ката трговски центар, над кои ќе бидат изградени уште единаесет катови, каде што ќе бидат сместени над 150 ексклузивни станови. privatna_zgrada_po_sedum_godini.jpg„Целата инвестиција ќе чини околу 10 милиони евра, а изготвувањето на проектот е во завршна фаза“, вели Николовски. Од изградбата на објектот ќе се офајди и општинската каса во која ќе се слеат околу 560.000 евра на име комунални давачки. Во трговскиот центар кој, како што вели Николовски, ќе ги засени останатите во овој дел од Републиката, ќе има повеќе локали, кои ќе се издаваат под наем, а луксузно опремените 150 станови ќе бидат наменети исклучиво за продажба. Станува збор за деловно- станбен комплекс, прв од ваков вид по многу години. Зградата ќе има вкупно 16 катови, од кои два ќе бидат наменети за подземна гаража. Површината на објектот е 24.000 м². Инвеститорот „Топ Инвест“ ДОО (заедничка фирма на ТДВИЛ „НИКО 2002“ и „Телекабел“) објави јавен повик за прибирање на најповолна понуда за изведувач, а проектот на зградата го изработил студиото „Платформа“ од Скопје. Планиран рок на изградба е 18 месеци. Согласно дизајнот, објектот ќе има модерен изглед, нешто што досега ретко било практикувано бидејќи сите станбено-деловни комплекси биле во традиционален стил, во кој доминира бетонскиот екстериер со класични прозорци. Со дизајнот што е избран, овој деловно-станбен објект ќе биде вистинска атракција за Штип.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3014&Itemid=121
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3962
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #217 Posted: 22-May-2011 at 18:48

Градежни активности во Струга

published - 22/05/2011 16:36:00
Големина на текст: Decrease%20font Enlarge%20font
image

Десеттина нови станбени објекти за само неколку месеци никнаа во Струга.По неколку годишна апатија на градежните компании, во градот се раздижи пазарот со недвижности.Се гради на неколку атрактивни локации, непосредно до брегот на езерото.Сепак од Агенциите за недвижности велат дека треба да се направи уште многу Струга да биде порпивлечна за инвестирање во недвижнини иако цените овде се за неколку пати поефтини од цените на становите во Охрид, што е предност за Струга

„Соодносот на цените помеѓу Охрид и Струга е еден спрема два. Ако цената на становите во Охрид се движи од 500 до 1.500 евра, во Струга цените на становите се движат од 400 до 700 евра во зависност од староста на градбата и местоположбата. Во Езерски лозја има многу градба. Таму веќе има некои завршени проекти. Секаде каде што има добри локации и добра инфраструктура, инвеститорите не се двоумат да започнат градба“, вели Наташа Спасевска, Агенција за недвижности Капитал.

Од општина Струга пак, велат дека иако на првпоглед изгледа дека се гради многу, ситуацијата не е таква. Изградбата на нови станбени објекти била помала за 10 до 20 % во однос на минатата година.

„Процентуално е опадната градбата. Направивме анализи и ажурирање на техничката документација за први и втори месец од оваа година и видовме дека за 10 % бројот на нови градби е помал во однос на 2009 година. Слободни локации има многу, но економската криза го оневозможува тоа“, истакна Натмир Неџипи- сектор за урбанизам Струга.

Најголем дел од инвеститорите се од Струга, Охрид и Скопје, но има и неколку од Албанија и Косово. Сепак сопствениците на градежни компании и агенции за недвижности велат дека Струга не може да се споредува со Охрид, каде интензитетот на продажба и градба е дури за три до четири пати поголем.

Мики Трајковски

http://alsat.mk/vesti/zemja/2617408.html
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3962
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #218 Posted: 03-Jun-2011 at 14:02
Postaven e kamen temelnik na sedum stanbeni zgradi vo Aerodrom.
Aerodromci, ajde na teren so aparati


Edited by my Macedonia - 03-Jun-2011 at 14:03
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #219 Posted: 04-Jun-2011 at 01:10
Значи колку неплански и сега се гради во Аеродром. Па колку ниви и почви има во најурбаните делови на Аеродром, а они континуирано ги избегнуваат тие места како погодни за некакви објекти. Од друга страна, може малце градоначалникот и да престане да се грижи за тоа колку згради ќе се изградат, затоа што сообраќајната инфраструктура во Аеродром е благо речено очајна, па може со централната власт да се договорат за реновирање на булеварите, а не само лопати за згради да се фрлаат. Се е тоа ок, барем ќе се доурбанизира општината, али после тоа новите луѓе треба некаква сообраќајница да користат. Можда забегав малце офф-топик, ама деновиве сум претерано револтиран од масовната желба за градење згради у Аеродром, а суштинската потреба улиците, паркинзите и булеварите се оставени да зјаат со огромни кратери и долги пукнатини.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #220 Posted: 04-Jun-2011 at 13:45
Токму за аеродром фрустрации нема потреба да имаш. Тук аи се испланирани сообраќајниците да издржат таква гужва, има на многу други места каде што треба да се отвара оваа дискусија.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 208>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.844 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.