build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Станбени и станбено-деловни згради (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Станбени и станбено-деловни згради (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 51>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 10-Jul-2009 at 13:20
Еве малку подетално. Првата локација е дел од реонски центар, а втората е земјиштетот до бензинската макоил, позади средното хемиуско училиште.
На јавно наддавање две локации на државно градежно земјиште во општина Аеродром - 10.7.2009
Државно градежно неизградено земјиште на две локации во општина Аеродром ќе биде дадено на јавно наддавање за изградба на станбени објекти и висококатници.

Земјиштето со вкупна површина од 22.180 метри кадратни, што се наоѓа на булеварот „АСНОМ“,  е наменето за изградба на 14 станбени објекти и почетната цена на јавното наддавање е 4.200 денари од метар квадратен. 

Втората градежна парцела на булеварот „Србија“ е наменета за изградба на три висококатници. Вкупната површина на парцелата е 21.247 метри квадратни со површина за градење од 10.000 метри квадратни, а почетната цена на јавното наддавање е 7.000 денари од метар квадратен. Минималната висина на висококатницата ќе треба да изнесува 25 катови.

Јавното електронско наддавање за првото земјиште ќе се одржи на 2 септември, а пријавите за учество треба да се достават најдоцна до 18 август, додека аукцијата за втората градежна парцела ќе се одржи на 18 септември, а понудите треба да се достават до 4 септември.

Најповолниот понудувач ќе треба во рок од шест месеци да ја обезбеди потребната документација од општината, а во рок од три години да ја комплетира изградбата на објектите.

- Со реализацијата на овие проекти ќе се овозможи раздвижување на пазарот на недвижности, поточно со зголемување на капацитетот на станбени единици ќе се овозможи намалување на продажната цена на становите во Скопје, но исто така ќе се овозможат нови инвестиции, нови вработувања, рече на денешната прес-конференција портпаролот на Министерството за транспорт и врски, Драган Симоновски.

Тој посочи дека се очекува инвестициите да изнесуваат приближно 50 милиони евра, а од оттуѓувањето на градежното земјиште би се обезбедиле 4.300.000 евра од кои 80 отсто ќе се слеат во буџетот на локалната самоуправа, а 20 отсто во државниот буџет.

Објавите за учество на јавните наддавања се објавени во домашните печатени медиуми, во Financial Times и на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски, а  испратени се и до економските промотори на Република Македонија.

www.mtc.gov.mk


Дискусија за висококатниците во нишката Облакодери во Скопје.


Edited by lslcrew - 12-Jul-2009 at 03:52
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 10-Jul-2009 at 13:26
lsl, првата локација не може да биде во Реонски Центар доколку е точна информацијата дека се работи за Бул. АСНОМ


Edited by lslcrew - 12-Jul-2009 at 03:42
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 10-Jul-2009 at 13:29
Се збркав со локацииве. Ги мешам двата булевара, асном и всбато. Мене па ова асном ми дфојде како потврда на сомнешот дека се работи за реонски. Question Инаку каде точно се сега па овие локации?!
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 02-Sep-2009 at 21:26
од денеска

1. објектот до броз кафе е при крај со карабината


2.Незнам дали го имаме евидентирано овој објект, на ќошето кај апче



Edited by alexgizh - 02-Sep-2009 at 21:26
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 14-Sep-2009 at 13:25

Пропадна аеродромскиот Менхетн

Иако некои градежни фирми сметаа дека изградбата на трите висококатници во Аеродром е поатрактивна од земјиштето во Горно Лисиче наменето за 14 станбени згради, сепак најверојатно и двете парцели ќе почекаат уште пред да станат реалност

%20
Пропадна и јавниот повик на државата за продажба на парцела во општината Аеродром, наменета за изградба на три висококатници покрај булеварот Србија, бидејќи не се пријавиле заинтересирани купувачи. Земјиштето се простира на 21.247 метри, а според деталниот план објектите може да бидат високи и до 500 метри. Ова е втора објава на Министерството за транспорт и врски да продаде земјиште на лицитација, која не привлече ниту еден инвеститор. Пред само две недели не се продаде ни земјиштето во Горно Лисиче, веднаш до населбата Ново Лисиче, каде што беше предвидена изградба на 14 станбени згради, па мораше да се повтори објавата и да им се даде втора шанса на купувачите.

Иако некои градежни фирми сметаа дека изградбата на трите висококатници во Аеродром е поатрактивна од земјиштето во Горно Лисиче наменето за 14 станбени згради, сепак најверојатно и двете парцели ќе почекаат уште пред да станат реалност.

Од Министерството за транспорт и врски, кое требаше да ги изврши јавното наддавање и продажбата, истакнаа дека до крајниот рок, односно до 4 септември оваа година, не се пријавила ниту една фирма за да го купи неизграденото земјиште до булеварот Србија, кое е во државна сопственост.

- Нема пристигнато пријави за учество на повикот, со што автоматски се откажува електронско јавно наддавање закажано за 18 септември. Во наредниов период повторно ќе распишеме објава за отуѓување на оваа градежна парцела – објаснија од Министерството.

Земјиштето што се покажа како неатрактивно за потенцијалните инвеститори се нудеше со почетна цена од 7.000 денари за квадрат, односно за два и пол милиона евра за целата површина.

Од Министерството очекуваа дека продажбата на овој плац и изградбата на висококатниците ќе донесе нови инвестиции, со што би се отвориле работни места, како и ќе се раздвижи пазарот на инвестиции и ќе се зголеми капацитетот на станбени единици и намалување на цените на становите.

Во тек е објавата за плацот, пак, што се наоѓа зад бензинската пумпа и спроти ресторанот „Мирко 919“ во Горно Лисиче, кој се продава со почетна цена од 4.200 денари за квадратен метар или за вкупно еден и пол милиони евра. Кандидатите ќе можат да се пријавуваат до 16 октомври оваа година, а јавното наддавање е закажано за 29 октомври.

За првиот оглас не помогна ниту тоа што продажбата беше објавена во познатиот британски весник „Фајненшл тајмс“, во македонските медиуми, на интернет-страницата на Министерството, а им бил даден и на економските промотори на Македонија. Според условите во огласот, ако некој го купи земјиштето ќе треба за шест месеци да ги обезбеди сите потребни дозволи, а во рок од три години да ги изгради објектите

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9149109324&id=14&prilog=0&setIzdanie=21787
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 22-Nov-2009 at 14:27
Originally posted by pbanks

објектот кај подвозникот накај Црниче гледан од страната на Јужен булевар Puke

1

2



Перфектно направен објект.

Сум бил во неколку станови внатре... Ко да не сум во Скопје!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 23-Nov-2009 at 12:01


Хм, не сум бил внатре, веројатно си во право штом вака тврдиш. Но екстериерно зградиве се Puke
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 23-Nov-2009 at 15:29
Ужасно се грди, ама мислам дека со подобар избор на бои барем 50% би изгледале. Ама навистина е за повраќаница шарата.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 25-Nov-2009 at 15:20
Originally posted by pbanks



Хм, не сум бил внатре, веројатно си во право штом вака тврдиш. Но екстериерно зградиве се Puke


Да идам да сликам, ќе стаам по некоја фотка од левиот жолт дел. ))


Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 26-Jan-2010 at 09:36
Се руши куќата на крајот од ул.Славка Недиќ, таа на ќошот што гледа директно на Партизанска. Најверојатно ќе се прави зграда. Уште оваа и 2-3 куќи и ќе се "покрие" поголемиот дел од Партизанска.

http://maps.google.com/?ie=UTF8&hq=&hnear=Skopje,+Macedonia+&t=h&ll=42.000389,21.415274&spn=0.001339,0.002411&z=19
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4009
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 28-May-2010 at 19:52

Станбен објект со деловна намена на ул. “Никола Тримпаре” бр.33

17 February, 2010 01:19:00
Големина на фонт: Decrease%20font Enlarge%20font
image

Објектот преставува станбен објект со деловна намена ,лоциран на градежна парцела бр. 4.2.4. со катност од Подрум+Приземје+Галерија+4ката+Поткровје, со габарит со дим.

11,50м /12,00 м  и се наоѓа на ул. “Никола Тримпаре” бр. 33, КО ЦЕНТАР 1, КП 11427, Општина Центар, Скопје.Пристапот до објектот е од улица “Никола Тримпаре” и од ул. “Рајко Жинзифов”. До влезот во објектот  постои пешачка патека- тротоар, пристапна рампа до дворното место–локацијата, каде што се предвидени одреден број паркинг места, како и вертикална комуникација – теретен лифт наменет за спуштање на делот од возилата кои треба да се паркираат на ова локација.

a) Архитектонско урбанистичко обликување

Проектираниот објект со својата содржина е дефиниран како станбен со деловен простор во приземјето и галеријата, и станбени единици различни по структура  и големина  и на катовите и тоа:
• во приземје и галеријата деловен простор со магацини,
• на катовите  и поткровјето се предвидени по две станбени единици
Вкупно се предвидени 10 станбени единици.
• во сутерен се предвидени заеднички простории- подруми како и топлотна подстаница, водоводна потстаница и лифт куќичка и е предвиден паркинг простор за одреден број возила.

До овој паркинг простор се доаѓа преку теретен лифт кој е лоциран на дел од дворното место, затворен и покриен 
Во објектот се предвидени заеднички комуникации- лифт, скали и ходници. Завршетокот на новопроектираниот објект  ќе биде со кос мансарден кров.Во состав на новопроектираниот станбен објект предвидени се следните простории и тоа

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 12-Jul-2010 at 15:17

Весели војнички згради


Згради со многу бои и со ѕидови обвиткани во зеленило предлагаат архитектите што учествувале на конкурсот за идејни решенија за проектот „АРМ мој вистински дом“, со кој треба да се обезбедат станови за припадниците на армијата по поволни услови

 
 
%20  
Министерството за одбрана ги претстави избраните решенија. Неговата комисија не избрала првонаграден труд, туку од десетте пристигнати одлучила еден да се откупи и да им се додели трета награда на авторот Ѓорѓи Константиновски и втора на тимот архитекти предводени од професорите Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пуља.

- Кога ја претставивме оваа идеја, многумина не ни веруваа дека ќе ја оствариме. Но оваа презентација го докажува спротивното. Идејните решенија се добра основа за да се изработи проектната документација. Се надевам дека и општината Карпош наскоро ќе го усвои деталниот урбанистички план за касарната „Илинден“, каде што треба да се гради, и проектот ќе се одвива според планот - рече министерот Зоран Коњановски.

Вкупно треба да се направат 1.464 стана. За да добијат еден од нив, припадниците на АРМ треба да платат 30 отсто од вредноста, а остатокот да го исплаќаат на 10 години без камата, бидејќи ќе ја покрива Министерството. Од буџетот ќе се финансира и изработката на проектите. Министерот Коњановски нагласи дека ќе се гради исклучиво на локации што се чисти, целосно во државна сопственост, за кои не се води ниту постапка за денационализација, ниту, пак има други имотноправни проблеми.




Армијата штеди, но мора

Министерот за одбрана Зоран Коњановски потврди дека има намалувања на трошоците за Армијата, но истакна дека тие мерки биле неопходни да се спроведат поради Светската економска криза и дека воопшто нема да го загрозат функционирањето на АРМ.

Независниот синдикат на војниците неодамна се пожали дека не се исплаќаат дневниците за терен и надоместоците за дежурства, а се штедело и на автобускиот превоз, па дури имало и препораки за тоа како да се користат електричната енергија и водоводот во армиските објекти, за трошоците да се сведат на минимум.

- Ако може некоја работа да се заврши со два автобуса, зошто би требало да се плаќа и трет? Намалени се само несуштинските трошоци, за да се постигне подомаќинско работење. Наместо да се плаќа за дежурства, се доделуваат слободни денови. Намалена е и мојата плата за 10 отсто, како и платите на другите министри - рече Коњановски.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71210102777&id=9&prilog=0&setIzdanie=22031
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 04-Aug-2010 at 05:08

Пеце Наумовски сепак ќе гради на Водно?

вторник, 03 август 2010, 17:32

Жители на елитниот дел од населбата Водно се во шок, откако дознале дека поранешниот кошаркар и пратеник Петар Наумовски повторно се обидува да гради на падините на Водно. Соседите на Наумовски побарале објаснување од Министерството за транспорт, чии службеници ја дооформувале парцелата. На средба со министерот Јанакиески, им било кажано дека ќе се гради, но немало да се сече шумата, туку само џбунчиња на падините на Водно. Соседите се вознемирени и исплашени дека поранешниот пратеник со благослов од власта сака да узурпира дел од шумата на Водно.

Наумовски во телефонски разговор за Алфа изјави дека нема намера да гради на спорната парцела, која ја купил во 2002. Тој вели дека парцелата е законски чиста, но до локацијата сè уште не е изграден пристапен пат, од кој зависи и евентуалната инвестиција.

Наумовски е сопственик на неколку атрактивни парцели на Водно, од кои две ги купил во 2002, а една, како на заслужен граѓанин му ја подари Владата, во време кога премиер беше Љубчо Георгиевски.

Градежните активности на фирмата на Наумовски во повеќе наврати предизвикаа контроверзи во јавноста. На една од неговите парцели на Водно, каде се најавуваше изградба на спортски терени, никнаа луксузни станбени згради. Пред неколку месеци, Наумовски на аукција, наддавајќи сам со себе, доби локација во општината Аеродром, каде најави изградба на Аква парк.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=25929


Edited by Cloverstack - 04-Aug-2010 at 08:15
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 15-Aug-2010 at 12:41
Кај Илинден некаде...

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 31-Aug-2010 at 10:44
На Ристо Шишков позади "МСМ" кај парк. 42° 0'9.00"N 21°25'27.15"E
Back to Top
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 227
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 02-Sep-2010 at 23:25
Становите се од 35, 51 и 68 метри квадратни. Идејното решение предвидува чардаци и мали водени површини околу зградите. Дел од становите ќе се градат на еден дел од земјиштето каде сега е сместена касарната Илинден во Скопје



Становите за војската ќе се продаваат по 500 евра за метар квадратен. Ова е највисоката цена која би ја добиле припадниците на АРМ во случај да се одлучат да купат стан од проектот  „АРМ мој вистински дом“. Становите се од 35, 51 и 68 метри квадратни.  Идејното решение предвидува чардаци и мали водени површини околу зградите.



Дел од становите ќе се градат на еден дел од земјиштето каде сега е сместена касарната Илинден во Скопје. Овде според идејниот план, треба да се изградат над 1.400 станови, но предвиден е луксузен дел за амбасади, за чија изградба веќе имало заинтересирани влијателни држави-членки на Советот за безбедност на Обединетите нации.
 
„Решение кое што е моментално во светски рамки, се промовира од сите влади во ЕУ. Така што, таков рамен покрив како што го предвидуваме, кој што е градина, практично е нешто што е посакувано, императив во повеќе држави“, изјави Митко Хаџи-Пуља, универзитетски професор.



Предвидено е  овој проект да се реализира во сите градови каде што има касарни на АРМ односно во Тетово, Куманово, Штип, Велес и во Кичево. Припадниците на АРМ ќе имаат право да аплицираат за добивање стан во местото каде се распоредени на служба.
 
На презентацијата, министерот за одбрана, Зоран Коњановски најави дека професионалните војници ќе имаат поголема можност за напредување во подофицерски чин.



„Едно решение кое во блиска иднина ќе биде на некој начин преточено во измена на законот за служба во АРМ, а тоа е да ја подигнеме границата од 33 на 38 години, за лицата кои од професионални војници можат да аплицираат за подофицери“, вели  Коњановски.


www.realmadrid-mk.blogspot.com
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 02-Sep-2010 at 23:28
http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=55586
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 03-Sep-2010 at 08:37
Ми се допаѓа проектот, се надевам дека ќе ги изведат како што се замислени, без компромиси и кратења на буџетот. Многу се eco-friendly, незнам дали воопшто досега сме виделе вакво нешто кај нас. Браво!
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 03-Sep-2010 at 11:36

Војниците не сакаат покриви со трева


Во планот за становите за припадниците на АРМ се предвидени простори чија намена тие самите ќе треба да ја определат, но токму можностите за да направат избор им предизвикаа најмногу забуни

 
 
%20  
Што ќе ни е трева на покривот, зошто со ќесите од продавница да шетаме низ дневната соба за да стигнеме во кујната, како две деца од различен пол ќе делат една детска соба, згора на сé и непреградена со ѕидови и со врати? Ова беа само дел од дилемите на припадниците на АРМ откако вчера го видоа идејното решение за војничките станови, изработено од тим предводен од професорите Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пуља.

Авторите предвиделе три димензии, еднособен стан од 25 квадратни метри, двособен од 51 квадрат и трисобен од 68 квадрати. Во нивниот план се предвидени повеќе простори што идните сопственици самите треба да ги уредат, на пример дали еден дел ќе го користат како тераса, работен простор или како уште една соба, потоа како ќе ги преградат спалните соби и слично. Токму тие можности предизвикаа најмногу забуни.

- Ова е идејно решение. Сакаме во сите фази на спроведувањето на проектот да се консултираме со вас, затоа и ја правиме презентацијата. Некои забелешки ќе влезат во конечниот проект - рече министерот за одбрана Зоран Коњановски.

Архитектот Хаџи Пуља ја отвори презентацијата, нагласувајќи дека било исклучително тешко да се проектира за Армијата на Република Македонија, но тие сериозно го прифатиле предизвикот.

- Армијата е олицетворение на напредокот. Припадникот на АРМ секој ден мисли како да стане подобар, затоа и просторот во кој ќе живее треба да биде напреден - истакна тој.

По низата забелешки за тревата, за терасите, за преградните ѕидови, како и за изборот меѓу подземен паркинг и визба за ајвар, но и по прашањата дали тие што не им се допаѓа планот можат да се откажат, една припадничка на Армијата, изреволтирана од дискусијата, стана и го пофали проектот.

- По 20 години првпат се прави вакво нешто. Толку време седам во воениот хотел, а сите знаеме колку се лоши условите таму, па затоа мене ова ми изгледа одлично и пресреќна сум што ќе почне да се реализира - заклучи таа.

Сите војници го поздравија нејзиното излагање со големо ракоплескање, коментирајќи меѓусебе дека тоа што им е прикажано е сепак многу подобро од тоа што сега го имаат.

Решението на архитектите предвидува да се изградат најмногу 1.464 стана за 4.644 жители во касарната „Илинден“, но ако нема интерес за толку, ќе се прават помалку. Досега околу 1.000 војници биле заинтересирани, речиси 900 за Скопје и помал број за Куманово, Тетово и за Велес. Но министерот Коњановски појасни дека нема да имаат право на избор, ќе можат да купат стан во местото каде што се распоредени. Ако, на пример, купат стан во Штип, а во меѓувреме ги прекомандуваат во Кичево, ќе мораат или повторно да патуваат, или да го продадат тој и да си купат нов.

За војничката населба во „Илинден“ треба да се изработи детален урбанистички план до октомври. Потоа три месеци ќе се прави проект, па изградбата би можела да почне во март, а би траела од 16 до 18 месеци. Идејното решение е правено за да овозможи цената за квадратен метар да не надмине 500 евра, но точната сума ќе се одреди на тендер. Припадниците на АРМ ќе треба да платат 30 отсто од сумата во готово, а другите 70 отсто да ги отплатуваат на 10 години, без камата.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=93101020567&id=9&prilog=0&setIzdanie=22075
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 03-Sep-2010 at 12:16
Се надевам дека лаичкото противење на војниците за "тревата на покривот" (нека ми простат, ги почитувам, ама...) нема да ги поколеба надлежните за реализација на овој прекрасен комплекс.

Edited by alexgizh - 03-Sep-2010 at 12:16
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 51>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.232 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.