build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Станбени и станбено-деловни згради (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Станбени и станбено-деловни згради (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 22>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1975
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 04-Jun-2011 at 18:10
Јас би рекол дека таа колона во Јане Сандански е директна последица од неизградениот тунел под плоштадот (оној вистински потребниот, од НБРМ до Тифани).
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 04-Jun-2011 at 18:15


Мислам дека причината уште повеќе лежи во неповрзаноста на булеварите АВНОЈ и Гоце Делчев.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 06-Jul-2011 at 17:27

Скопје доживува градежен бум

Соња Јованова


Повеќе од 4.000 живеалишта ќе се изградат за две години

Градежен бум се случува во Скопје, кој не е само резултат на владиниот проект “Скопје 2014“. На многу локации во главниот град се градат станбени комплекси (стандардни и луксузни) и деловни објекти, така што се очекува за две години да има 4.000 нови живеалишта. Тоа е речиси еден мал македонски град. Во секторот на недвижности се истакнаа неколку главни инвеститори. “Капитал“ истражуваше кој сe гради низ Скопје и во која насока се движи градежниот бум, односно дали може да премине во криза на пазарот на недвижности?

Засега економската криза и слабата ликвидност на стопанството не ги натераа градежните компании да забават со активностите. Не ги плаши ни колапсот во градежништвото во некои земји од регионот и во развиените, каде што бизнисот со недвижности стагнира или забразано паѓа. Напротив, поради нивните инвестиции главниот град во последните неколку години рапидно се шири и речиси нема слободна локација на која не се гради.

Ванчо Чифлиганец, сопственик на градежната компанија Адора инженеринг, вели дека изградбата на нови станбени комплекси е работа на која треба сите да се радуваат, бидејќи ќе повлече развој во сите сфери. Адора инженеринг, во моментот освен во Скопје гради и во Охрид и Струмица. Во Скопје гради резиденцијален станбено–деловен комплекс под Водно и само станбени комплекси во Аеродром и Ново Лисиче. Станува збор за вкупно 500 нови станови.

“Сите станови се во различна фаза, дел во завршна, дел во карабина. Но, сите 500 ќе бидат готови најдоцна до мај 2012 година. Финансиската конструкција се уште не можеме да ја дефинираме бидејќи зависи од големината на самиот објект, а и од локацијата. Само 50.000 евра чинат плочките што ги ставаме по ходниците на секоја зграда. Фотоволтажниот систем за производство на струја за заедничкото осветлување е нешто што Адора прва го вооведе во колективно станбено домување. Во секој влез има електрични лифтови, а становите се опремени со оптички Интернет, ТВ и кабелска инсталација, имаат сопствен современ паркинг со 24-часовен видеонадзор“, објаснува Чифлиганец.

Кога станува збор за станбен компекс кој нуди колективно домување во затворен простор, неизбежно е да се спомене инвестицијата на бизнисменот Фијат Цановски, кој најави изградба на 1.000 нови и луксузни станови во населбата Ќерамидница, на околу 500 метри зад Универзитетот ФОН. Комплексот, познат како Космос, треба да има сопствен базен, фитнес-центри и ротирачки ресторан од 600 метри квадратни на горниот спрат. Ардијан Амзовски, управител на Космос инженеринг, фирмата која ги проектираше, градеше и ќе ги продава становите, вели дека првата зграда со 580 стана ќе биде готова до крајот на идната година.

“Во план е изградба на уште една зграда со приближно толкав број станови. Значи вкупно ќе изградиме 1.000 станови со вградени кујни, италијански плочки и санитарија. За првата зграда веќе е изградена карабината и треба да биде готова до крајот на идната година, иако 40% од становите ни се веќе продадени во изградба“, вели Амзовски.

Тој тврди дека заинтересираноста кај граѓаните се должи на поволните услови кои ги нудат за купување стан во Космос, како и можноста становите уште во изградба да се стават под хипотека. Инвестицијата само за првата зграда чинела близу 30 милиони евра, а цените по метар квадратен се движат од 950 до 1.190 евра.

До каде ќе оди градежниот бум?

Зоран Азманов, директор на градежната компанија Настел, иако е активен со градење станбени згради, сепак смета дека на Скопје моментално му се случува градежна експанзија која личи на балон што набрзо ќе издише. Според него, начинот на “шиткање“ маркици и градежни локации, кој е прилично лесен и евтин, може да доведе до колапс, кој ќе ги урне цените на недвижностите, со што Македонија ќе го доживее американското сценарио.

“Ако тргнат цените надолу, нема запирање. Ако пуштите во оптек премногу локации, вие го обезвреднувате имотот на другите, кои поскапо го платиле. Може да се случи сите да чекаат да паднат цените затоа што премногу станбени згради се изградија во последниот период. Кризата во САД почна токму од хиперпродукцијата на недвижности, а кај нас е неизбежно таквото сценарио, кое предвидувам дека ќе се случи за две години. Дури тогаш ќе видиме каде ќе оди нашата економија“, објаснува Азманов.

Настел во моментот гради четири нови згради на површина од 1.800 метри квадратни, кои треба да бидат готови до 2012 година. Лоцирани се во населбата Ново Лисиче, а нивната изградба чини осум милиони евра, заедно со земјиштето и комуналиите. Азманов вели дека заработката од оваа инвестиција е околу 1,5 милиони евра.

“Но, мора да напоменам дека имаме заработка затоа што не земаме кредити од домашните банки, туку од швајцарските, со 2% камата на годишно ниво“, истакнува тој.

Повеќето од познавачите на градежниот бизнис, градежната експанзија ја оценуваат како потребна, а за понудата на станови во Скопје коментираат дека е помала во однос на побарувачката. Според нив, во земјава веќе ја нема средната класа, што придонело да се продаваат само два типа станови. Помали, до 50 метри квадратни, и луксузни од 120 метри квадратни па нагоре. Агенциите за недвижности оценуваат дека во Македонија расте побарувачката за луксузни станови.

Токму ваков тип гради и Соравија, која во моментот е ангажирана на Водно, на местото познато како Олимписко село. Таму се гради резиденцијален комплекс од затворен тип, а во тек е изведба на седум објекти во кои има 80 стана. Во комплексот Соравија ресорт е предвиден независен и индивидуален систем за греење и ладење, комплетна грижа за заедничкиот простор и спа-центар. Цените се движќат од 1.450 до 1.600 евра по метар квадратен, а околу 60% од становите кои се во изградба се веќе продадени.

“Проектираниот буџет за изградба на комплексот е околу 30 милиони евра, во што се вклучени набавката на земјиштето, сите такси, градежни дозволи и изградбата. Со падот на светските берзи, токму во периодот кога берзанските транскации станаа хит и кај нас, луѓето се свртеја кон недвижностите како единствен сигурен пласман за слободниот капитал. Се донесе и Закон за намалување на ДДВ од 18% на 5%, со што нормално овој пазар доби посебна стимулација и на страната на понудата и на страната на побарувачката“, смета Васко Давитковски, менаџер за маркетинг и продажба во Соравија.

Изградба на луксузен станбен комплекс планира и градежната компанија Бортас, која има купено локации на 18 парцели покрај Вардар, во близина на хотелот Александар Палас. Сопственикот Љупчо Бораниев објаснува дека тоа ќе биде прв луксузен комплекс со многу содржини кој ќе почне да се гради од септември. Становите нема да се продаваат по цена пониска од 1.800 евра за метар квадратен.

“Чекаме за две згради, вкупно 150 станови, плус локалите на приземје. Едната е во Расадник, во Кисела Вода, а другата е во Аеродром кај поликлиниката Јане Сандански. Но, тоа што е различно и ново ќе биде просторот на 5.000 метри кавдратни наменет за ексклузивни станови со тениски игралишта и базени од затворен тип. Само за двете згради во Кисела Вода инвестицијата н$ чинеше 4,6 милиони евра“, вели Бораниев.

Нема застој во продажбата

Агенциите за недвижности потенцираат дека во Скопје нема непродаден стан и дека 50% се продавале уште во изградба. Инвеститорите во градежниот бизнис уште на почетокот од годината коментираа дека во втората половина ќе следува градежна експанзија, која ќе биде придружена со раст на цената на становите, која, пак, ќе биде резултат на инфлаторниот притисок, односно на поскапените суровини, како што се градежните материјали.

Кои се потенцијални нови локации?

Центар, Водно, Дебар Маало, Карпош и Капиштец се уште се најатрактивни локации за изградба на станбени згради. Но, овде поради малкуте слободни локации инвеститорите градат на места каде што веќе постојат куќи. Како инвеститори најчесто се јавуваат мали градежни фирми или човек-фирма, која со здружени средства со купувачите ја гради зградата.

Дебар Маало, Ново Маало (населбата кај Олимписки базен) и Маџир Маало, каде што има стари згради, се интересни за инвеститорите за да се трансформираат во модерни станбени населби, со надградба на зградите.

Зајчев рид, Сончев Град, Соње, Волково, Радишани и Ќерамидница треба да прераснат во град, односно луксузни живеалишта, каде што се очекува да никнат големи станбени комплекси со придружни објекти и целосна инфраструктура.

http://www.kapital.mk/MK/dneven_vesnik.aspx/70764/skopje_dozhivuva_gradezhen_bum.aspx?iId=2263
Back to Top
Superman View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote Superman Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 06-Jul-2011 at 18:37
Во Македонија се повеќе се градат станови, најмногу во Скопје

Мартин Пушевски

Во Македонија се повеќе се градат станови. Во мај двојно е зголемен бројот на предвидените станови за градба, споредено со претходните месеци од годинава. Најинтересна локација за инвеститорите е Скопје и општината Аеродром. Се очекува за две години во главниот град да има 4 илјади нови живеалишта.


Куќите излегуваат од мода. Во Скопје се повеќе се градат станбени згради. Граѓаните велат - помали се трошоците за одржување на станот, помалку пари одат за сметки, но сепак, куќа си е куќа. Кога би можеле да избираат би се решиле за второто, бидејќи комфорот е поголем.   

“Трошоците за одржување се помали за станот, тоа и ги принудува луѓето да живеат во стан. Во куќата има многу повеќе обврски, многу повеќе потреби, но куќата дава други задоволства, сигурно дека не е исто стан и куќа”

“Двор си е двор, куќа си е куќа, сам си, никој не ти тропа, на никого не му тропаш”, велат граѓаните

Во мај годинава се издадени 231-едно одобрение за градење, што претставува зголемување од 4,1 процент во однос на истиот месец лани – соопшти Државниот завод за статистика.

Двојно е зголемен бројот на предвидените станови за градба, споредено со претходните месеци од годинава. Во мај, предвидено било да се градат 729 станови. Евидентно е зголемувањето, ако се знае дека изминативе месеци просекот се движеше од 300 до 400 станбени единици. Речиси 80 проценти од вкупниот број на издадени дозволи за градење се наменети за објекти од високоградба. За истиот период, зголемена е и вредноста на предвидените објекти за градба и тоа за цели 230 проценти.

“Ова е многу позитивно. Тоа влева огромен оптимизам кај нас стопанствениците, се раздвижува градежниот сектор, а тоа треба да влее надеж и кај граѓаните, бидејќи ќе се дојде до поконкурента цена на чинење на становите. Една од заслугите е и тоа што на почетокот на годината државата се одлучи да продаде добар дел од државното градежно неизградено земјиште”, изјави Сеад Кочан, претседател на градежната комора при ССК

Интересни се податоците за 2010 – та. Деловните субјекти изградиле 871 стан. Повеќе од половината се во скопскиот регион, а становите биле со просечна површина од 64 квадратни метри. За градежните компании најинтересна локација за градба на станови била општината Аеродром, каде што се изградени 205. Интересно е што лани за Охрид, интересот на деловните субјекти за изградба на станови бил мал – биле завршени само 39.

Скопскиот регион минатата година предничел и по бројот на станови градени во индивидуална режија.

http://mtv.com.mk/mk/vesti/ticker.css/19576/vo_makedonija_se_povekje_se_gradat_stanovi,_najmnogu_vo_skopje.aspx

Edited by Superman - 06-Jul-2011 at 18:44
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4075
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 06-Aug-2011 at 15:45
Ima nekoj povekje informacii za ova zgrada?
http://www.youtube.com/watch?v=I86k-m95wTo&feature=related
Back to Top
antiuser View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote antiuser Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 10-Aug-2011 at 17:45
Originally posted by phenomenon


И ајде сега некој нека ми каже, нека ме просветлат урбаните генијалци:
" Кај ќе се паркираат автомобилите овде?"   


Нека му ја мислат тие што ќе купуваат станови..дали треба да купат во оваа зграда
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 09-Sep-2011 at 17:15


Извор: Државен завод за статистика
Публикација: 20 години независна Македонија
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 10-Sep-2011 at 07:48
Интересно, листава укажува пред се на тоа колку рипнале цените на становите.

Ме изненадува тоа дека реализираната квадратура се движи помалку или повеќе во исти рамки во последниве 20 години. Навистина имам впечаток дека во последниве години доста повеќе (и побрзо) се гради, но статистикава говори друго.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 14-Dec-2011 at 15:55

Станови за побогата клиентела

Станови%20за%20побогата%20клиентела

Тренд во подем

Агенциите за недвижности велат дека во Скопје расте побарувачката за луксузни станови, а такви ексклузивни резиденцијални комплекси веќе почнаа да се градат на Водно, на местото на поранешната фабрика Алумина, во населбата Орман

1.500 евра е просечната цена на станбен квадрат во новите луксузни ресорти во Скопје

Повеќето од познавачите на градежниот бизнис сметаат дека поради тоа што во земјава веќе ја нема средната класа, на пазарот практички се нудат само два типа станови. Помали, до 50-60 метри квадратни, со стандардна градба и луксузни, од 120 метри квадратни па нагоре. Агенциите за недвижности велат дека во Скопје расте побарувачката за луксузни станови, а такви ексклузивни резиденцијални комплекси веќе почнаа да се градат на Водно, на местото на поранешната фабрика Алумина, во населбата Орман.

На Водно, во близина на некогашното Олимписко село, се гради резиденцијален комплекс од затворен тип од страна на австрискиот инвеститор Соравија. Подолу е ресортот Панорама резиденс, кој е замислен како луксузно-апартмански комплекс. Веќе се знаат и новите станари, кои веќе уплатиле за становите, само што нивните имиња се чуваат во тајност. Инвеститорите велат дека продале голем број станови на приватни бизнисмени, доктори и спортисти. На нашето прашање што нудат посебно овие комплекси и колку го подобруваат квалитетот на домувањето, одговорот беше дека овие ресорти во буквална смисла значат every day is a holiday („секој ден е одмор“). Соравија ресорт е името на елитниот кварт на местото на некогашното Олимписко село. Замислата на инвеститорот е комплексот, освен домување, да им понуди разни содржини на станарите за да не мора често да го напуштаат домот. Таму ќе се градат базени, спортски игралишта, спа-центри, ресторан, продавници. Ќе функционира како цела населба од затворен тип, затоа што овој кварт ќе има и приватно обезбедување на самиот влез.

“Нудиме далечина од градскиот метеж и брзо стигнување до центарот на Скопје за само две минути“, објаснува Питер Рот, менаџер на Соравија. Тој вели дека во фаза на изградба се седум објекти (вили) со вкупно 95 станбени единици, од кои 55 се веќе продадени. Просечната цена на становите се движи околу 1.500 евра за метар квадратен, а вкупната инвестиција го чини инвеститорот 30 милиони евра.

Слична е замислата и на комплексот Панорама резиденс, лоциран на местото на некогашниот хотел Панорама. На сопствениците на овие станови им се нуди фантастичен поглед кон главниот град, од двособни апартмани, до дуплекси и пентхаус. Но, немојте да мислите дека двособните апартмани имаат површина од 50 или 60 метри квадратни, како што е вообичеаено во земјава. Во ресортите на Водно има двособни станови од 200 или повеќе метри квадратни, во кои само дневната соба може да има големина од 100 метри квадратни.

Малку подолу од Водно, до поранешната фабрика Алумина, полека финишира изградбата на уште еден луксузен комплекс. Гранд престиж е насловот на објектот, а го гради градежната фирма Импексел 2. Комплексот ќе биде целосно изграден за три години, а содржи шест луксузни ексклузивни станбени згради со над 1.000 станови. За потребите на новиот комплекс општина Карпош предвидела изградба на две нови сервисни улици.

“Инвестицијата на овој грандиозен проект е 50 милиони евра и сигурен сум дека е една од најголемите инвестиции. Свесни сме дека е ова мегаломански проект, но веруваме дека ќе ги продадеме становите, затоа што не сме многу скапи, а се наоѓаме на одлична локација. Околу 25% од становите уште во изградба ни се продадени и целосно платени“, вели Неим Хусеини, сопственик на Импексел 2. Карактеристика на луксузната градба е личната сигурност и безбедноста на станарот. Компанијата Архипро Македонија, чија дејност е изведба на јакострујни и слабострујни електрични инсталации, нуди и производ таканаречен паметна куќа, односно смарт систем кој нуди ефикасно решение за автоматизација на домот преку мобилен телефон или интернет-конекција од секаде во светот. Еколошки е, штеди енергија и нуди можност да го извести станарот ако гаражната врата му е отворена, управува со светлата, со ролетните, со завесите, а менаџира и со светилките и со надзорните камери.

http://www.time.mk/read/NONE/950a26b81a/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 14-Dec-2011 at 16:23

Пет илјади нови станови стигнуваат на пазарот

Соња Јованова
Пет%20илјади%20нови%20станови%20стигнуваат%20на%20пазарот

Скопје се гради!

Економската криза и слабата ликвидност на економијата не ги спречуваат градежните компании да „растураат“ со бизнисот во Скопје. Нивните проценки се дека околу 5.000 нови станови во моментов се градат во метрополата 

Во екот на градежната експанзија меѓу главните играчи, приватните фирми, од неодамна се јави и Јавното станбено претпријатие, кое преку изградба на комерцијални станови за продажба се наметна како сериозен конкурент на градежниците

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
350 милиони евра е пазарната вредност на становите што моментално се градат во Скопје
1.050евра е просечната цена на станбен квадрат во новоградба во Скопје
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Градежен „бум“ се случува во Скопје и тоа не е само поради владиниот проект „Скопје 2014“. На многу локации во главниот град се градат станбени комплекси, стандардни и луксузни, а во последните неколку години очигледна е и експанзија на деловни и трговски центри. Засега, економската криза и слабата ликвидност на стопанството не ги натера градежните компании да забават со активностите. Не ги плаши ни колапсот во градежништвото во некои земји од регионот и во развиените земји, каде што бизнисот со недвижности стагнира или забрзно паѓа. Напротив, поради нивните инвестиции, главниот град во последните неколку години рапидно се шири и речиси нема слободна локација на која не се гради.

Во екот на градежната експанзија се појавија неколку главни играчи, приватни инвеститори, а од неодамна се наметна и Јавното станбено претпријатие, кое преку изградба на комерцијални станови за продажба се позиционираше како сериозен конкурент на градежниците. Но, се чини дека и покрај тоа што има интензивна изградба и на цели станбени комплекси, во Скопје побарувачката с$ уште е поголема од понудата. Така барем велат во градежните стопански комори, од каде што анализирале дека годишно во цела држава се градат од 5.000 до 5.500 станови, наспроти реалната побарувачка и до 10.000 станбени единици годишно. „Капитал“ го анализираше моменталниот сооднос на понудата и побарувачката на станбен простор, но и трендот на изградба на ексклузивни станбени комплекси, кои евидентно поставуваат нови стандарди во домувањето.

Адора инженеринг, Бетон, Соравија, Панорама резиденс, Бортас, Настел, Импексел 2, Никоб инженеринг се само дел од имињата на главните инвеститори на новите станбени објекти во Скопје. „Капитал“ разговараше со нив и според трендот на изградба, нивна слободна проценка е дека за две години Скопје ќе добие околу 5.000 нови живеалишта, што практички е еден мал македонски град. Ако се земе предвид дека просечната цена на еден метар квадратен за становите во Скопје е околу 1.050 евра во моментов, а нивната просечна големина е 65 м2, се работи за бизнис вреден околу 350 милиони евра.

Ванчо Чифлиганец, сопственик на градежната компанија Адора инженеринг, вели дека изградбата на нови станбени комплекси е работа на која треба сите да се радуваат, бидејќи повлекува развој во сите сфери. Адора инженеринг во моментов, освен во Скопје, гради и во Охрид и во Струмица. Во Скопје лани почна, а веќе привршува со изградба на 143 станови под Водно, два станбено-деловни објекти во Аеродром, а доколку се соберат заедно со становите што Адора ги гради во Струмица и во Охрид, излегува дека само за една година оваа компанија изградила 561 стан.

„Цените по кои се продаваат нашите станови се од 700 евра во Струмица до 1.400 евра за најскапите во Скопје. Ние нудиме квалитет, но не претеруваме со луксуз, а долгорочно, становите на Адора се поевтини и до 40%, затоа што се изградени со енергетски ефикасни материјали“, објаснува Чифлиганец.

Во меѓувреме, во Аеродром се чисти теренот и за изградба на уште три нови згради кај поранешните воени бараки, наспроти Воената амбуланта. Ќе ги гради градежната компанија Бетон на површина од околу 18.000 метри квадратни. Според проценките на инвеститорот, продажбата на становите ќе оди лесно, водејќи се од тезата дека се голема градежна компанија со искуство зад себе. „Имаме три договорени локации со сопствениците на бараките и ќе почнеме станбена изградба. Земјиштето го имаше Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, па државата им го одзеде корисничкото право и сега сопствениците, според новиот закон, можат да си го купат земјиштето за едно евро за метар квадратен, по што ќе почнеме да градиме. Проектите се готови, чекаме само да го откупиме земјиштето. Секогаш кога ние сме граделе станбена зграда сме немале проблеми со продажбата на становите, затоа што с$ уште владее мислењето дека големите фирми градат најквалитетни станови“, смета Трајко Трпевски, генерален директор на Бетон.

Градежниците поделени во однос на цените на становите

Ако се земе предвид податокот дека во Скопје се градат двојно помалку станови од побарувачката, тогаш е логично зошто цените на станбен метар достигнуваат цени како во некои европски метрополи.

Во Македонија цените нагло пораснаа во 2007 година, најмногу поради оптимизмот кој завладеа дека земјава ќе стане членка на НАТО, за последнава година да паднат и сега се со тенденција на дополнително благо опаѓање поради зголемената понуда. Градежниците пак, тврдат дека и покрај зголемената понуда на станови, нема простор за намалување на цената, најмногу поради поскапувањето на градежните материјали, но и поради тоа што Владата не ја продолжи мерката за намален ДДВ при продажба на станови.„Не се согласувам со констатациите дека цените на становите се високи, затоа што во земјава се плаќаат истите цени за градежни материјали како и во Европа. Во иднина очекуваме понудата да порасне не само од нови, туку и од стари станови кои ќе се продаваат од сегашните сопствениции притиснати од кризата. Ќе се градат и социјални станови со поддршка на хуманитарни организации и со поддршка на европски фондови, така што реално, само најквалитетните и најдобрите ќе можат да прават бизнис во градежништвто“, објаснува Чифлиганец.

Трпевски од Бетон пак, смета дека во моментов на пазарот на недвижности продажбата на станови не оди толку лесно, што може да доведе до благ пад на цените за станбен метар. „Сакале или не сопствениците, становите ќе поевтинат. Само за пример, во Ново Лисиче приватни фирми ги купија локациите и се направија можеби 8-10 згради. Колку што знам, продажбата тешко оди, а цената ја држат на 1.000 евра за метар квадратен. Мислам дека ќе мора да ја спуштат цената ако сакаат да ги продадат. Ми се чини дека цената на становите нема да се качува. Дури сметам дека треба да се спушти. Според мене, за да можат да се продадат сите новоизградени станови, цените, генерално, ќе се спуштат за минимум 10% до 15%“, додава Трпевски.

Државата со градежна офанзива ќе ги руши цените на становите!

И Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП) влезе во комерцијалениот дел од градежниот бизнис. Освен социјални станови и станови за млади брачни парови, од септември годинава почна со интензивна изградба на станови за комерцијална продажба. Директорот Цветко Грозданов за „Капитал“ вели дека во иднина очекува пад на цените, како резултат на намалениот ДДВ, но и поради најавените проекти „Купи куќа, купи стан“ или „Пола пола рата“.

„Становите кои претпријатието ги продава во моментов се за 15%-20% поевтини од тие што моментално ги нудат приватните градежни компании. Сега сме фокусирани на изградба на комерцијални станови на атрактивни локации во Скопје. Прво почнуваме со една зграда кај Католичка црква, приближно околу 56 станови, понатаму ќе следува изградба на уште една зграда кај Педагошки факултет, а се размислува и за градење во Ѓорче Петров, што севкупно е околу 300 станови“, вели Грозданов.Тој додава дека цените на овие станови ќе бидат повисоки од вообичаените по кои досега продаваше ЈПССДП, поради тоа што ќе се градат на атрактивни локации каде што комуналиите се поскапи. Грозданов објаснува дека е неопходно приоритет на претпријатието да биде изградба на комерцијални станови со цел добивката да се реинвестира во градење социјални станови, но и бидејќи како државна компанија имаат обврска да го раздвижат пазарот и преку зголемена понуда да ја намалат цената на станбен квадрат.

Во Реонскиот центар во скопската населба Ново Лисиче веќе почна изградба на комплекс од седум станбени згради со 350 станови и подземна гаража, што е вкупна инвестиција на ЈПССДП од 13 милиони евра. Цената на овие станови нема да биде повисока од 850 евра за квадратен метар, велат од ЈПССДП.

Агенциите за недвижности моменталната сотојба на пазарот за недвижности ја оценуваат како летаргична. Оттаму велат дека граѓаните кои сериозно биле заинтересирани да купат нов стан сега најавуваат дека ќе ги чекаат ветените државни субвенциии и поевтините станови. „Очекуваме пазарот на недвижности да стагнира, затоа што мерките притискаат цените на становите да се намалат. Секако дека тоа психолошки ќе делува на луѓето и тие ќе почекаат за купување стан“, вели Сашо Поп Илиевски од агенцијата Хепинес.

 

Домашните производители апелираат

Да се користат квалитетни градежни материјали!

Компаниите што ги снабдуваат градежниците со материјали сметаат дека сите инвеститори кои сакаат да имаат квалитетна градба мора да внимаваат на материјалите што ги користат. Во компанијата за производство на адитиви во градежништвото Адинг сметаат дека во Македонија се почеста е нелојалната конкуренција.

„Правило е градежните компании да користат материјали кои се тестирани и кои имаат атестна документација. Ние како фирма такви продаваме и во земјите од Европската унија. Но, во Македонија има мали фирми-инвеститори кои за пониски цени набавуваат неквалитетни градежни материјали и со тоа сакаат да заработат, но не ја поевтинуваат цената на становите. Тоа значи дека држат цена како злато, а продаваат ѓубре. И на крај се случува отпосле да дојдат и да купат поквалитетни материјали за санација на истата градба. Во принцип, за сево ова си постои закон, меѓутоа треба и почести контроли за да се види како се гради“, смета Александар Делев, директор на технички сектор и институт во Адинг.

 

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Васко Давидовски, менаџер за маркетинг и продажба во Соравија

„Луѓето се свртија кон недвижностите како единствен сигурен пласман на слободен капитал. Се намали и ДДВ од 18% на 5%, со што пазарот доби дополнителна стимулација и на страната на понудата и на страната на побарувачката. Во исто време зголемената миграција кон Скопје исто така предизвикува пораст на побарувачката. Ова се дел од причините што оваа гранка доживува експанзија токму во овој период.“

Неим Хусеини, сопственик на Импексел 2

„Свесни сме дека изградбата на големи станбени комплекси носи големи ризици, но имаме поддршка од банките. Лошо е што во моментов поради проектот на Владата за субвенционирани станбени кредити се јави застој во продажбата и се притиска и за намалување на цената на становите. Одговорно тврдам дека нема простор за пад на цената, затоа што цените на градежните материјали се отидени нагоре.“

Ванчо Чифлиганец, сопственик на Адора инженеринг

„Пазарен закон е поголема побарувачка да резултира со пораст на цени и обратно, но не смее да се заборави дека цената е збир од трошоци на градба, што значи дека колку и да е ниска побарувачката на станови, цената на метар квадратен не може да падне под цената на градба на станбен простор. Повеќе сум убеден дека во случај да нема побарувачка, едноставно ќе се намали изградбата на станови, a капиталот ќе се пресели од градежништвото во некој подоходовен сектор.“

http://www.kapital.com.mk/mk/prilozi_edicii.aspx/77640/pet_iljadi_novi_stanovi_stignuvaat_na_pazarot.aspx?iId=2510

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 20-Dec-2011 at 12:09

Чао скопска зградо, отидов на село

Сé додека има купувачи на станови во Скопје по високи цени, и тоа претежно од луѓе од другите градови, ќе има и пазарна логика да продадете скап стан за да направите солидна куќа

 
 
%20  

Градежниот бизнис го чека пресврт

Градежниот бизнис во иднина сé повеќе ќе се врти околу изградбата на индивидуални куќи за живеење. Ова го тврдат и самите градежници, но и поголем број општини, чија администрација се подготвува за нов градежен бум, различен од оној што досега беше препознатлив - да се гради само во центарот на градовите, и тоа колку е можно повисоко и пошироко. Слободни парцели во и околу центарот на градовите веќе нема, а поради зголемувањето на семејствата, сé почесто се прифаќа одлуката да се продаде стан за да се купи или изгради куќа.

- Сé додека има заинтересирани купувачи на станови во Скопје по високи цени, и тоа претежно од луѓе од другите градови, ќе има и пазарна логика да продадете скап стан за да направите солидна куќа. Оваа тенденција ќе продолжи и понатаму, а може и да се засили и поради тоа што семејствата се прошируваат и едноставно станува претесно да се живее во становите. Ако можете да продадете стан од околу седумдесет квадрати за околу 75.000 евра, тогаш со тие пари можете да купите плац и да изградите куќа што ќе биде барем со двојна површина, а можеби и повеќе, во зависност од големината на плацот - ни изјави Никола Велковски од Групацијата за градежништво при Стопанската комора на Македонија.
Тој појаснува дека помалите комуналии во приградските населби и поевтиниот градежен материјал овозможуваат ваквите пресметки да се остваруваат во практиката.

За разлика од него, пак, дел експерти во градежништвото велат дека, наместо ниската и средната класа, во иднина токму богатата класа на граѓани ќе биде таа што ќе гради свои домови на периферијата од градовите, и тоа во вид на индивидуални станбени куќи, а не згради за колективно живеење.

- Ако до пред десетина години беше престиж да бидете жител во Дебар Маало или во центарот во Скопје, сега тоа е казна. Квалитетното урбано живеење е само минато. Токму поради ова прогнозирам дека во иднина поимотните наши сограѓани ќе бегаат надвор од градските средини, кои се задушуваат во својот урбанистички хаос и ќе бараат поквалитетен живот во периферните населби. Неизбежна е тенденцијата што во западните земји се практикува веќе неколку децении, а тоа е да се градат куќи, и тоа со поголема вредност настрана од градот. Ова, се разбира, би било пристапно само за побогатите, бидејќи ваквото живеење може да биде и поскапо. Постојано ќе ви треба автомобил за превоз до градот, училиштето, градинката или до болницата, но за тој што може да си го дозволи тоа и не е проблем - вели Горан Марковски, професор на Градежниот факултет од Скопје.

Тој појаснува дека ако досега се градеа куќи во периферните места поради избегнување комуналии, а со тоа никнуваа и огромни населби формирани од дивоградби, сега тоа ќе се намали и легално ќе го прават новопечените бизнисмени и докажаните имотни елити трагајќи по поквалитетен живот.

 

Ѓорче Петров во иднина ќе се полни со куќи и со населби
 Празните делови на општината Ѓорче Петров, особено делот околу обиколницата, Ново Село, Волково, Стопански Двор се местата што сé уште дозволуваат ширење на градот со населби од индивидуални објекти. Освен куќи, овој дел од Скопје станува сé поатрактивен и за големите инвеститори што градат населби од затворен тип со екстра-луксузни објекти за живеење. Еден таков е комплексот „Верина“ на компанијата „Никоб инженеринг“, кој е во изградба, а кој содржи неколку хациенди поврзани во целина, која прави комплекс за живеење на многу повисоко ниво од она што е стандард кај нас.

 

 

Во Гази Баба ќе никне населба Хиподром 2
 Во општината Гази Баба изминатиов период се работеше на изработка планска документација и завршување на детален урбанистички план за изградба на нова населба – Хиподром 2 за 4.000-5.000 жители. На празниот простор, во непосредна близина на населбата Хиподром, кој во моментов претставува земјоделско земјиште, ќе никне оваа нова населба. Со урбанистичкиот план „Маџари-Хиподром“, кој беше усвоен од советот на општината Гази Баба, на вкупниот просторот од 36 хектари се предвидува изградба на 1.345 стана. Земјиштето, кое во моментот претставува обработлива површина, ќе се трансформира во градежно земјиште, а во тек е и решавање на имотноправните односи.

 

 

 Лисиче е следна градежна мета во општината Аеродром

Според деталните урбанистички планови на општината Аеродром, предвидени се неколку локации каде што се планира изградба на над 100 семејни згради и станбени објекти со десетина деловни објекти и комерцијални комплекси.
Според последниот попис од 2002 година, во општината Аеродром се регистрирани 72.009 жители, но според најновите процени од општината, нивниот број е зголемен и изнесува над 80.000.


 

 Во Бутел очекуваат градежен бум
 Едно од местата каде што во иднина ќе се почувствува градежниот бум е и општината Бутел, каде што први на удар ќе бидат местата Визбегово, Радишани, Љуботенски Пат. Тие веќе се сметаат за најатрактивни потенцијални градилишта. Во оваа општина во тек е изградба на населбата Хот и Хот 1, која се простира на површина од 18.000 квадратни метри и има 34 ексклузивни куќи за живеење. Населбата е од затворен тип и е комплетно приватна инвестиција, за која општината обезбеди услови за градење уште пред да се активираат градежните зафати. Од оваа општина најавуваат неколку нови градилишта, за кои заинтересираност има уште сега.

 

Нови населби во Кисела Вода
 Општината Кисела Вода со пописот од 2002 година брои околу 58.000 жители. Се претпоставува дека во 2007 година овој број се зголемил на околу 61.800 жители. Според податоците од општината, минатата година имало пријавено околу 64.000 жители. Населбите што е во план да се изградат во оваа општина во најголем дел се за градба на индивидуални станбени куќи, кои претежно ќе се простираат околу постојните села.

 

 

-Припор-Сопиште: предвидена е површина за изградба на населби за домување, и тоа на 122 хектари, со можност за живеење на 18.228 жители
-Пинтија: на 109 хектари населби за 16.428 жители

-Драчевска зона: на 114 хектари ќе се гради населба за околу 17.000 жители

-Потстаница: на 20 хектари населби за околу 3.000 лица

-Село Драчево: на 188 хектари во околината на селото Драчево се планира изградба на станбена населба од индивидуални куќи за околу 28.000 жители

 

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122011813393&id=9&prilog=0&setIzdanie=22460
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 09-Jan-2012 at 13:48

Живот на покривот од градот

Семејството Плавевски, кое живее на 16-от кат во една од трите највисоки згради во Скопје, вели дека погледот од оваа височина е вистинска привилегија, како и пиењето кафе на тераса и гледањето во брканиците на соколите

 
 
%20  

Шеснаесеттиот кат нуди прекрасен поглед, мир и тишина

Ни на небо ни на земја. Така некако живеат станарите од највисоката зграда во градот. Впрочем, не е една, туку се три. Идентични. Станува збор за Трите убавици во Карпош 4. Високи се 53 метри. До реализација на проектот за изградба на најавуваните стокатници овие згради се врвот на Скопје.

Интересен е фактот што речиси никој со сигурност не можеше да потврди која станбена зграда е највисока во главниот град. Консултиравме голем број архитекти, професори од Градежниот факултет, одредени министерства, градската управа, како и општините... Во најтесна конкуренција влегоа - воената заграда во Автокоманда, трите згради во Карпош 4 покрај Вардар, воените згради во Аеродром... Во едно сите беа сигурни - највисока деловна зграда е онаа на Македонската телевизија, ама не знаеја со сигурност која е онаа во која има редовни жители. По многу дилеми, повеќето сепак се согласија дека станува збор токму за овие убавици. При нашата посета, тамошните станари убедливо и гордо тврдеа дека нивната зграда е токму таа - највисоката.

Кога ќе пристигнете, веднаш ќе забележите дека и не можете тукутака да влезете. Мора или да одиш кај некого на гости, па да те пушти откако ќе му се пријавиш на домофонот или, пак, да имаш клуч. Ретко чиста внатрешност. Се гледа дека се води сметка за културна живејачка. Лифтовите, пак, три на број, обложени со таписерија. Качувајќи се нагоре, случајно налетавме на тричленото семејство Плавевски, кое живее на 16-от кат. Нé примија топло во нивниот дом. Станува збор за домот на писателот Владимир Плавевски (таткото), Снежана Плавевска (мајката) и синот, фоторепортер во еден од дневните весници, Ѕвонко Плавевски.

- Некои гости се плашат да излезат и на тераса кога ќе дојдат кај нас. Оние, пак, што се плашат од височина им е страв да се доближат и до прозорецот. Се доближуваат и веднаш прават чекор назад - раскажува Ѕвонко.

Привилегија ли е да се живее на таква надморска височина или, пак, слабост. Ова семејство вели дека е привилегија, ако се земе предвид погледот што се нуди, како и загарантираниот мир и тишина.
Слабостите се, секако, немањето струја и одењето пеш 16 ката.

- Се случувало неколкупати, особено кога се враќам од излегување во доцните ноќни часови, да не работи лифтот. И тогаш вистина ми е мака. Инаку, вообичаено немам проблем, се искачувам без тешкотија. Потребни ми се околу 7-8 минути. Исто, слабост е и кога има некој мал земјотрес, па не може ни да се спореди колку повеќе се чувствува на оваа височина отколку таму долу - вели фоторепортерот.
Како една од главните привилегии ги наведува пиењето кафе на тераса и гледањето во брканиците на соколите.

- Кога е потопло задолжително пијам кафе на тераса, ама претежно наутро, зашто лете е многу топло, а терасата ми е на запад. Многу е добро на тераса. Има едни соколи, кои летно време редовно се бркаат со гулаби и чавки, ептен интересна глетка е. Ветрушки ги викаат. Тоа е најмалиот сокол кај нас. Пискаат специфично, сум пробал и да ги сликам, ама ептен се тешки за добро да ги фатиш. Светлопортокалови се, накај окер - раскажува Плавевски. Кулите се изградени во 1978 година. Нивниот татко, архитектот Александар Смилевски, вели дека кога се граделе, идејата не била да бидат највисоки, туку урбанистички добро издржани.

- Трите се идентични. На две од нив главната фасада им гледа кон исток-запад, а третата гледа кон југ-север. Ги правеше градежното претпријатие „Маврово“. Објектот има приземје, мезанин и 16, односно 17 ката. Секој кат има по четири еднакви трособни стана. Има едно главно скалило, и две помошни-противпожарни. Зградите се стари 33 години и досега сериозни проблеми не се јавиле. Сé уште изгледаат убаво. Во однос на името - Трите убавици, па не им го дадов јас. Народот така ги завика, зашто, најверојатно, им се допаѓале - вели архитектот.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=19121015508&id=14&prilog=0&setIzdanie=22475
Back to Top
goran222 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Feb-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote goran222 Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 22-Feb-2012 at 18:01
Што се гради сега,на кој локации кој објекти се градат,кој објекти се прикраи???
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 22-Feb-2012 at 18:14
За каде?
Back to Top
goran222 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Feb-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote goran222 Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 22-Feb-2012 at 19:33
За скопје..
Back to Top
goran222 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Feb-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote goran222 Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 25-Feb-2012 at 17:31
Кој фирми моментално градат во скопје.....
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4075
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 27-Feb-2012 at 23:23
Општина Карпош
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 28-Feb-2012 at 00:35
земљак,втората слика од погорниот пост не е од Кичево,само првата е(претпоставувам некаде околу касарната)

Edited by gjoko - 28-Feb-2012 at 00:35
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1975
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 28-Feb-2012 at 09:07
Originally posted by gjoko

земљак,втората слика од погорниот пост не е од Кичево,само првата е(претпоставувам некаде околу касарната)


Убаво си пиша човекот дека е во Ѓорче Петров, види десно од сликата. Нема ставено нов ред, затоа не се гледа баш убаво.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 28-Feb-2012 at 17:49
се извинувам,незнам кои зборови се за која слика(а тоа за Ѓорче не го видов)
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 22>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.