build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Станбени и станбено-деловни згради (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Станбени и станбено-деловни згради (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 979899100101 166>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 616
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #1961 Posted: 03-Sep-2018 at 20:50
^Твојот личен мерак и вкус ти налага во СЕКОЈ ЕДЕН твој пост да ја употребуваш фразата „плави жолтици“. Ни од првиот пат ко се сретнав со неа не беше нити смешна, нити инвентивна, нити никаква, ама после 23405 пати - толкај ми ги напрај. Олабај пријателе (хинт: јави се во утринска емисија и олесни се, после ела на форум)

Јас гласам да се цензурира секој пост на Декстер кој содржи „пвеводбеници“ или „плави жолтици“ . Против хроничните фрустрати мора со цензура, не постојат аргументи.

Edited by hcitrS - 03-Sep-2018 at 20:53
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1962 Posted: 04-Sep-2018 at 08:12

Бидејќи секогаш ги користи истите термини може да поставиме и автоматски филтри
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1963 Posted: 04-Sep-2018 at 08:27
Originally posted by Dexter26

Previous
 
Се согласувам, и токму затоа верувам дека како што нема место за пвеводбениците и за плавите жолтици на форумов, истовремено не треба да има место ниту за талибанизмот од типот "ова треба да се руши, она треба да се руши".
 
Потребна е` издржана дискусија за да се објасни зошто одредени објекти не припаѓаат таму каде што се наоѓаат, а не бидејќи на некого така му налагаат личниот мерак и личниот вкус.


Ах, рушење е и те како легитимно барање во овој град. Сепак низ овие 30 години имаем неколку слоеви на ѓубре кои ако останат во оваа форма трајно ќе го нарушуваат квалитетот на живеење во овој град. И тука не зборувм од перспектива на естетика, туку исклучиво од перспектива на урбано уредување и планирање на просторот.

Ајде да земеме прост пример.

1. Мериот, театарот, музејот на ВМРО.... просторно не пречат (иако Мериот е поголем отколку што треба).
2. АЕК, МНР и сл АПСОЛУТНО пречат. Позади нив се крие еден од најголемите архитектонски богатства кои ги има овој град, оставен во мизерна состојба и заграден со овие објекти.

ДА искочиме вон СК2014.

Чаир е апсолутно легитимен таргет.

За жал, откако направивме од готово вересија, и Аеродром спаѓа во оваа категорија. Но со катноста таму, малку веројатно е дека во блиска иднина ќе се смогнат сили нешто да се корегира дури и да се има волја.

Ако ја исфрлиме „радикалната реторика“ за рушење, во најмала рака локалните власти мораат да прекинат урбаното планирање да го базираат врз „кај може да се дигне зградиче за да земеме комуналии“, туку да се направи квалитетно зонирање и да се организираат низа архитекотнски конкурси за одредени квартови како сонова за понатамошен развој. Кандидати за ова

1. СК2014 (Мал ринг)
2. Маџир маало
3. Паркингот кај Холидеј Ин

Веројатно, она што се случува со Лимак позади стара железничка е добар пример како треба (иако резултатите тек треба да ги видиме)

Еве еден светски пример како треба

http://architectuul.com/architecture/potsdamer-platz-masterplan
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1964 Posted: 04-Sep-2018 at 13:23
Originally posted by pbanks

Бидејќи секогаш ги користи истите термини може да поставиме и автоматски филтри

 
Е па бидете поздравени тогаш и имајте убав живот и вие и вашиот цензурирачки форум.
 
Па да ви дојде и на вас редот за рушење.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 664
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #1965 Posted: 05-Sep-2018 at 08:08
Originally posted by daci92


Originally posted by stef4o

Originally posted by daci92

Позади зградата на Голден Арт (до онаа на Адора) во Карпош 3 позади Техничките факултети имаше една куќа која ја рушат веќе неколку дена , веројатно и таму ќе никне зградетина.



Еве за колкава зграда станува збор

Добро е барем ќе ја запазат линијата со останатите 2 згради.


Еве кај ќе се наоѓа...едно запазување на линијашто да ти кажам

Инаку дефинитивно по се што гледам,споредувам и анализирам...ваков тип на уранистичко планирање то ест дивеење,од цела Европа постои само во Македонија,Косово и Албанија...



Edited by kiriOK - 05-Sep-2018 at 08:11
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 492
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #1966 Posted: 05-Sep-2018 at 15:23
Стварно не разбирам зошто мора да се збута тука баш зграда...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13133
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1967 Posted: 05-Sep-2018 at 17:40
Како локација тој дел е мошне атрактивен, на само неколку метри од Градски парк и кејот на Вардар, на отприлика 2 км од Сити Мол и од Центарот на Скопје. Во близина неколку факултети, да поседуваш стан ќе можеш да го изнајмуваш на студенти итн. итн.
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1955
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #1968 Posted: 05-Sep-2018 at 18:10
Да не си им во кожа на тие кои купиле станови на сам старт во првите 2-3 згради. Од луксуз до бразилско предградие во само 10 години...
И да, сега е само за издавање далеку од хумани услови за живот или луксузно домување...

Се додека не почне јавно да се истакнуваат ликовите со имиња и слики кој тоа го дозволил и ставил потпис ништо не правиме. Мора некој за пример да го изеде стапот. И не градоначалник туку сите што се умешани во овој тип на урбанизација.

Видете и во Капиштец кај завод за рехабилитација што се прави. Тоа е повеќе од криминал кон населбата!

Edited by alexsend - 05-Sep-2018 at 18:13
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6803
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1969 Posted: 05-Sep-2018 at 18:28
Фоткава ја најдов на фб но локацијата не ми е позната

Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 492
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #1970 Posted: 05-Sep-2018 at 19:22
Локацијата секако дека е привлечна, но максимумот е веќе надминат за нови згради таму. Подобро би било да има нови згради наместо старите во близина, иако секако за тоа се потребни дополнителни пари за рушење.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4745
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1971 Posted: 05-Sep-2018 at 22:08
Уште пред да прашам свесен сум за политичката цена на една ваква постапка, но многу ме интересира следново:

Дали наместо градење на зградурини во секое едно минијатурно ќоше, може некако да се спроведе зголемување на општинските даноци на имот/комуналии и слично, така што општинската каса ќе се обогати горе/долу во иста мера како од еднократните приходи од овие грдосии од згради? Сигурно има тука урбана мафија, и враќање на лични услуги со ставање потписи на ДУП-ови, но ме интересира чисто финансискиот аспект. Немам ни приближна идеа како се движат комуналиите.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6803
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1972 Posted: 06-Sep-2018 at 08:10
Во Аеродром на бул.Трета Македонска Бригада(превземено од фб)





Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 492
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #1973 Posted: 10-Sep-2018 at 10:58
Дали некој се интересира за градење зграда тука?

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6803
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1974 Posted: 11-Sep-2018 at 07:11

Незнам.Мислам дека според претходниот ДУП што го донесоа па беше спорен и го повлекоа имаше предвидено изградба на неколку згради на овој потег но незнам дали би можело во скоро време нешто да се почне.Бидејќи во делот на населба Острово кај Тинексот веќе е отпочнато со изградба на една зграда а веројатно наскоро ќе никнат уште две-три.

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6803
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1975 Posted: 11-Sep-2018 at 07:13
Во Карпош 4(од фб)



Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 492
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #1976 Posted: 11-Sep-2018 at 10:53
Originally posted by stef4o


Незнам.Мислам дека според претходниот ДУП што го донесоа па беше спорен и го повлекоа имаше предвидено изградба на неколку згради на овој потег но незнам дали би можело во скоро време нешто да се почне.Бидејќи во делот на населба Острово кај Тинексот веќе е отпочнато со изградба на една зграда а веројатно наскоро ќе никнат уште две-три.


На местото кај куќите треба да има голема зграда од 8 ката и улица која ќе оди до мостот, а покрај Вардар кадешто нема куќи треба да има средно училиште и ниска зграда од 3 ката. Проблемот мислам беше нешто со пристапната улица до средното училиште, ако не се лажам. Претпоставувам го решиле.
А иначе, да, кај Тинексот почната е да се гради една ниска зграда. Таму треба да има уште две згради како неа.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6803
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1977 Posted: 12-Sep-2018 at 08:42
Од фб-поглед кон комплексот Скопје Сити Гарден а исто така се гледаат и карабините на зградите на Дабар и Тимс на бул.Илинденска

Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 664
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #1978 Posted: 16-Sep-2018 at 04:35
Да се надеваме дека Тавталиџе нема да ја доживее судбината на поголем дел од Козле...

Местово претходно



Сега





Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6803
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1979 Posted: 16-Sep-2018 at 11:00
На ул.Борка Талески бр 69-Центар се рушат некои стари куќи за изведба на станбен објект(фоткава е од фб)



Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1980 Posted: 16-Sep-2018 at 17:07
Originally posted by гитардемон

Уште пред да прашам свесен сум за политичката цена на една ваква постапка, но многу ме интересира следново:

Дали наместо градење на зградурини во секое едно минијатурно ќоше, може некако да се спроведе зголемување на општинските даноци на имот/комуналии и слично, така што општинската каса ќе се обогати горе/долу во иста мера како од еднократните приходи од овие грдосии од згради? Сигурно има тука урбана мафија, и враќање на лични услуги со ставање потписи на ДУП-ови, но ме интересира чисто финансискиот аспект. Немам ни приближна идеа како се движат комуналиите.

Не само што може, туку мора да се примени поинаков модел на финансирање на општините, затоа што сегашниов модел едноставно е неодржлив. Итна реформа на ова поле е повеќе од потребна.

Сегашниов модел кој доминантно е базиран на приходи од комуналии веќе направи огромна и долгорочна штета врз урбанистичкото планирање,  врз квалитетот на животот во урбаните средини, а создаде и огромна корупција и криминал.

Општините мораат да имаат редовни и предвидливи приходи за да можат нормално да си ја остваруваат функцијата, а и да можат да планираат и среднорочно и долгорочно, а не да имаат варијабилни и непредвидливи приходи базирани на коруптивни шеми и трка за вцртување на што повеќе и што погабаритни градежни маркички на секој ќош.

На кои даноци и приливи треба да се базира новиот модел, а и како да се ребалансираат приливите со централната власт за да не дојде до зголемување на вкупното даночно оптоварување, не се чувствувам доволно упатен за да изнесам предлози, но секако дека има разни опции кои би функционирале многу подобро од постојнава катастрофа. Во секој случај многу е важно новиот модел да стимулира и проактивност на општините во сузбивање на локалната даночна евазија (нормално треба да им се дадат и механизми за тоа), затоа што факт е дека на пример собирањето на ДДВ е многу нерамномерно во разни општини. Ако некои општини сепак потфрлаат во сузбивањето на евазијата, последици ќе трпат така што ќе им се слеваат помали приходи во општинскиот буџет.


Edited by Cloverstack - 16-Sep-2018 at 19:48
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 979899100101 166>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.438 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.