build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Станбени и станбено-деловни згради (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Станбени и станбено-деловни згради (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 101>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Станбени и станбено-деловни згради (општо)
    Posted: 05-Oct-2007 at 23:11
ovoj proekt e pri kraj so izgradba, no procitav nesto sto mi go privlece vnimanieto pa eve da otvoram thread.
 

Во Скопје може и регуларно да се гради

Станбениот комплекс на „Илинден“ во Кисела Вода е пример за почитување на стандардите


Комплексот ќе биде вселив најдоцна за еден месец. „Илинден“ на овој начин ќе го одбележи и 60 годишниот јубилеј од постоењето

ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА

Само една улица ги дели скандалозните објекти на „Фи-ком“ од новиот станбен комплекс на градежната фирма „Илинден“. Почитувајќи ги сите норми на градењето и европските стандарди, станбениот објект на „Илинден“ до крајот на годинава ќе биде доказ дека во Скопје може и поинаку да се гради, но и да се продава.

Додека зградите на „Фи-ком“ никнаа за кусо време, а експресно се продадоа и становите, оваа на „Илинден“ се градеше полека, но сигурно, без никаков комплекс во однос на соседите. А, и немаше од што да стравува. Напротив. При изградбата се користени најсовремени и најквалитетни еколошки материјали како во основата на објектот, така и за најфините нешта во становите. Работено е според германски стандарди, што е случај речиси за сите објекти на „Илинден“. Користени се керамички плочки и мермер, изолацијата е изведена на најсовремен начин. Не се употребувани гипс-картони, туку се' е тула. Покрај за луѓе, во зградата има и товарни лифтови со австриска лиценца. Една од најголемите специфики на објектот е тоа што тој не само што ги запазува, туку и ги надминува потребните критериуми за неговата статика.

„Зградата има десет единици поголема јачина за статика отколку што налагаат критериумите. Во основа има арматура планирана за објект од 17 ката, бидејќи таков ни беше првичниот проект, кој сепак го ревидиравме“, објаснува раководителот на објектот, Цветан Георгиев.

Станбениот комплекс го сочинуваат четири кули преточени во еден објект меѓусебно врзани со заеднички скали и претставува најголем од таков вид во државава. Има девет ката, од кои седум се наменети за домување, а сутеренот и приземјето се планирани за деловни простории.

Комплексот е еден од ретките во Скопје, особено еден од малкуте новоизградени во последниве десет години, кој согласно со критериумите за градба поседува и сопствен паркинг, рампи за инвалиди и специјален приод за противпожарни возила. Покрај вообичаен паркинг со капацитет за 155 возила, комплексот поседува и современ подземен паркинг простор со 83 места. Во тој дел се сместени и маганцински простории. Целиот подземен простор е решен со најсовремени материјали, вентилација и влез и излез кој ќе се регулира електронски и со роло-врати. Во зградата има вкупно 126 стана, со површина од 37,5 до 130 квадратни метри, а деловниот простор го сочинуваат 54 единици со просечна големина од 100 квадрати. Цената на становите е 980 евра за квадратен метар, вклучувајќи го и ДДВ, додека локалите чинат од 1.900 до 2.000 евра квадрат.

„Речиси повеќе од 95 отсто од становите и од локалите се продадени. Цената воопшто не е висока, ако се има предвид што нудиме, а згора на се' и што се случува во бизнисот со станови. Она што е најважно, за објектот има имотен лист. Очекуваме овој месец да извршиме технички прием на објектот, така што до Нова година тој ќе биде целосно вселен. Токму со овој објект ќе го одбележиме и јубилејот на фирмата, која идниот месец прославува 60 години од своето постоење“, вели Петруш Дејановски, директор на оператива во „Илинден“, кој додава дека деловниот простор во комплексот е веќе речиси распродаден на неколку банки и звучни ресторани. Моментално во објектот привршуваат фините работи, а денеска се очекува да бидат пуштени електричните кабли и потоа да се пристапи кон целосно чистење на објектот. Истовремено ќе се работи и на хортикултурно уредување на околниот простор.



Edited by Cloverstack - 12-Sep-2008 at 21:04
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 06-Oct-2007 at 03:12
Toa zvuchi mnogu dobro togash, i 17 kata, ke bidat visoki:)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 06-Oct-2007 at 03:12
Честитки за „Илинден“ и само така да продолжат. Да се надеваме дека купувачите во иднина ќе обрнуваат многу повеќе внимание на квалитетот а нормално дека и надлежните ќе се грижат да не се гради суб-стандардно.

Инаку ова е во близина на „рампа“ така?
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 06-Oct-2007 at 03:28
Kolku e 17 kata vo metri?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 06-Oct-2007 at 04:55
Originally posted by dejan

Kolku e 17 kata vo metri?


~50m

Ама нели прочита дека се високи 9 ката? Првобитниот проект бил за 17, ама кога го намалиле сепак не ја редуцирале структурната јачина, тоа е целата поента.
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 06-Oct-2007 at 10:32
Znaci nema da bidat 17kata?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 06-Oct-2007 at 10:53
не
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 06-Oct-2007 at 10:56
:(
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 06-Oct-2007 at 11:38

@Cloverstack 

да тие се зградите на рампа, точно карши најголемиот на Фиком.
 
него јас воопшто не знаев дека за таму се планирале 17 катници тоа пред се ме заинтересира во објавава. Сеа се разочарав, мислам дека таму убаво би стоеле згради со таа висина. Но тоа е тоа.
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 06-Oct-2007 at 15:47
LOL @ dejan. LOL

Убава зграда во секој случај.
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 07-Oct-2007 at 02:29
Smile
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 14-Oct-2007 at 14:07

Ova e mozebi edinstveniot pogolem proekt (mozebi ima uste 1-2 takvi) koi se gradat na teritorija na Opstina Cair. Pocetokot na izgradbata bese mislam vo vremeto na Buckovski ili pak epten na pocetokot na mandatot na Gruevski. Imase calamdziski start na izgradbata so cela politicka svita naredena pozadi. Investitor e lokalen biznismen so Albansko poteklo, mu go zaboraviv imeto a na tablata ne pisuva. Ednata lamela e izgradena komplet, drugata sega se postavuvaa temeli, ima golema dupka polna so rabotnici, ama ne zastanav da slikam

 


Edited by pbanks - 14-Oct-2007 at 14:56
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 14-Oct-2007 at 14:07
1
2
3


Edited by pbanks - 14-Oct-2007 at 14:07
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 14-Oct-2007 at 14:11
eve ja i informacijata na pocetokot na izgrabtata, cisto za evidencija. Od 16.10.2006
 
ЧАИР
Започна изградба на станбено-деловен комплекс „Принц"

На површина од 27 илјади квадратни метри ќе се изградат 150 стана, а 4. 000 квадрати деловен простор
На површина од 27.000 квадратни метри на улицата „Лазо Трповски" во Општина Чаир вчера започна изградбата на новиот станбено-деловен комплекс „Принц". Комплексот е приватна инвестиција на Адем Абдулаи, сопственик на истоимениот ресторан и сервис, кој најави инвестиција од 10 милиони евра. Комплексот е дел од Детаљниот урбанистички план на „Дижонска", кој неодамна беше усвоен од Советот на општината. Со уривање на објектите на стариот автосервис, кој бил нелегално изграден, инвеститорот, како граѓанин на Чаир, рече дека сака да покаже на дело дека сж што се гради во една општина треба да биде легално. Градоначалникот Изет Меџити и општинските претставници беа на местото на настанот, како што рекоа, само да му дадат поддршка. Како што се изјасни Меџити, не секогаш за никнувањето на дивоградби се виновни граѓаните, бидејќи вина имаат и локалните власти кои навреме не носеле детаљни планови и воделе долги процедури при издавањето дозволи за градба.

„Сега тоа ќе биде полесно, бидејќи речиси 70 отсто од детаљните урбанистички планови за Чаир се донесени, а за кус период процентот ќе порасне на 100 отсто", објасни Меџити. Станбено-деловниот комплекс ќе биде завршен идната година, а 150 стана, колку што се планирани да се изградат, од вчера веќе се во продажба по цена од 700 евра метар квадратен. (Сн.К.)
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 14-Oct-2007 at 14:11


Odvratno


Vo Skopje ima golema konkurencija na mizerni "stanbeno-delovni" proekti, ama ovoj e tamu nekade na vrvot. Ko od Mala Recica da go dovleckale

Puke
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 14-Oct-2007 at 14:16
Originally posted by Cloverstack



Odvratno


Vo Skopje ima golema konkurencija na mizerni "stanbeno-delovni" proekti, ama ovoj e tamu nekade na vrvot. Ko od Mala Recica da go dovleckale

Puke
 
I mene ne mi se svigja objektot no mislam deka zasluzuva svoe mesto tuka bidejki
 
- e solidna investicija
- sepak e so pogolem gabarit za razlika od onie stanbenine zgradicki praveni od covek firmi sto nagrdija pola grad
- izgradbata e regularna, spored urbanisticki plan, so plateni komunalii...... so site nisani
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 15-Oct-2007 at 09:22
Chudno izgleda...kako renovirana komunistichka zgrada. Pa duri i tie zalikuvat na neshto, ova izgleda smeshnoQuestion
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 19-Jan-2008 at 19:20
објектот кај подвозникот накај Црниче гледан од страната на Јужен булевар Puke

1

2

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 26-Jan-2008 at 17:30
Еве го порано спомнатиот комплекс Илинден во Кисела вода. Вселувањето е почнато, а колку што можев да видам, се довршуваат последните работи во околината на објектот. Изгледа подобро од просечниот скопски комплекс и што е уште поважно изгледа многу посредено и правилно испланирано. Еве на пример доволно е да се фрли само поглед за да се примети дека не се штедело на паркинг простор, а плус има и подземни гаражи. За контрола на паркирањето веќе е вградена рампа и куќичка.

Инаку објектот од горе има облик на крст, така да на сликиве изгледа помал одколку што стварно е...






Edited by Cloverstack - 26-Jan-2008 at 17:35
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 26-Jan-2008 at 17:34
Не е лошо Thumbs%20Up. Штета само што ја скратија висината во старт. 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 101>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.