build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми > Наука и технологија
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Музеј на технологија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 11-Jan-2009 at 19:22
Originally posted by pbanks


Drool јас за жал не чувам ништо од тоа време, првиот монитор ми беше монохроматски TRL предвиден за Hercules графичка картица. Повторно дел од легендарната XT конфигурација.

Еве и еден зачуван таков монитор во гаража GoldStar Big%20smile


Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 11-Jan-2009 at 19:29
Originally posted by beTon

ау ова Владимир па ти си имал нај топ опрема, ни помалку ни повеќе филипс, ова е навистина раритет од монитор, бетер и од оние телевизорите и радијата од средината на минатиот век! што веш машина си врзал на ова old school чудо кое претпоставувам сеуште е живо?!

интересно мислам дека можеше уште тогаш да се поврзе компјутер со телевизор, но не се сеќавам за што беше муабетот!

Абе да не се заглавам у гаража и подрум па што се ќе искочи од old school; компјутери, плотери, штампачи, HiFi, сат-ресивери, дрндафони и останати џинџуфи Big%20smile

А да, забравив, само не „про компјутери“ можева да се приклучат на ТВ



Edited by Vladimir P - 11-Jan-2009 at 19:33
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 11-Jan-2009 at 20:40
Владимир ионака во Македонија нема информатички музеј, па не е лошо да отвориш еден ќе биде еден од најпосетуваните  Bow можеш нешто како маалска атракција, како што се приватните етно музеи, оспособи некоја скривница или некоја лимена барака како оние американските, мислам воени од земјотресот што останале, мислам имаше во ѓорче некаде такви... ќе ти донирам јас една графичка табла од девеесетите Genius Newsketch! 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 11-Jan-2009 at 20:47


Да прошириме на Hi Tech музеј Јас имам да донирам одлично сочуван функционален Sony Betamax видео рекордер како за почеток
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 11-Jan-2009 at 20:53
Негдека спомнав дека немаме железничи музеј во МК, но за жал немаме ни технички музеј. Мислам дека сме езотерична земја по тоа во цела Европа.

Но кога знаеш дека пред земјотресот го имавме, се навагаше на плошад Слобода, и за мене најфасцинантен ексонат кој работеше беше огромниот Теслин трансформатор.
---------------------
Бетамакс и ден денес работи Big%20smile


Edited by Vladimir P - 11-Jan-2009 at 20:56
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 11-Jan-2009 at 21:38
Јако е ова со техничкиот музеј. За железнички ќе ни треба да украдеме некоја локомотива , ама барем за ова со информатикава можеме да се снајдеме .

Ја малку покасно влегов во информатичките води, со оглед на годините. Прв компјутер ми беше лаптоп ЦМЦ во `95. 100 Mhz (пентиум1) 16 MB RAM, 1GB hard-disk, со floppy 3,5-1,44МВ. Со цд-ром и со инфра-ред порт на него. СО пцмциа модем за диал-уп.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 11-Jan-2009 at 21:46
Originally posted by lslcrew

Јако е ова со техничкиот музеј. За железнички ќе ни треба да украдеме некоја локомотива , ама барем за ова со информатикава можеме да се снајдеме .

Ја малку покасно влегов во информатичките води, со оглед на годините. Прв компјутер ми беше лаптоп ЦМЦ во `95. 100 Mhz (пентиум1) 16 MB RAM, 1GB hard-disk, со floppy 3,5-1,44МВ. Со цд-ром и со инфра-ред порт на него. СО пцмциа модем за диал-уп.


Епа сме имале многу сличен прв лаптоп тогаш јас имав скоро идентична машина (за нијанса појак процесор 120MHz) Texas Instruments. Се друго беше идентично

Само што јас го купив малце подоцна во '97 ако не се лажам

И тој е и ден денес жив здрав и функционален и тоа со истиот оригинален Windows 95 кој никогаш не е преинсталиран

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 11-Jan-2009 at 22:00
Аааа јас почнав оддамна да експериментирам и со инсталации и со свашта. Преинсталиран е неколку пати. Сега е со вин98 ама некако многу му е. Инаку сеуште ги чувам лиценцираните копии од win95 и office95! У контекст на муабетов чувам и една лиценцирана копија од срањето т.н. windowsME!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 11-Jan-2009 at 22:14
Originally posted by lslcrew

Аааа јас почнав оддамна да експериментирам и со инсталации и со свашта. Преинсталиран е неколку пати. Сега е со вин98 ама некако многу му е. Инаку сеуште ги чувам лиценцираните копии од win95 и office95! У контекст на муабетов чувам и една лиценцирана копија од срањето т.н. windowsME!


Навистина ретко лош ОС
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 11-Jan-2009 at 22:33
Originally posted by lslcrew

Јако е ова со техничкиот музеј. За железнички ќе ни треба да украдеме некоја локомотива , ама барем за ова со информатикава можеме да се снајдеме . ...

Да државата даде простор, сигурно секој ќе сака да донира нешто, па полека може да се претвори и во прав технички музеј, впрочем секогаш така и почнувало.

А за железничкиот музеј, просто плаче просторот испод железничка, каде ромите имат свое складиште, само со застаклување, и ете простор за жел. музеј.
МК има 5 парни локомотиви од кој 3 буквално трулат и уште доста таков езотеричен инвентар кој може да послужи за добар почеток
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 11-Jan-2009 at 22:44
Originally posted by Vladimir P

Негдека спомнав дека немаме железничи музеј во МК, но за жал немаме ни технички музеј. Мислам дека сме езотерична земја по тоа во цела Европа.

Но кога знаеш дека пред земјотресот го имавме, се навагаше на плошад Слобода, и за мене најфасцинантен ексонат кој работеше беше огромниот Теслин трансформатор.
---------------------

Бетамакс и ден денес работи Big%20smile

абе се се распаѓа дури и макетите од локомотиви од фоајето на управната зграда на МЖ! незнам сега дали заедно со гаражата отиде истава зграда во транспорт или ја делат со инфраструктура, но ако некаде има експонати за музеј  тоа е таму Smile сигурно ги чуваат директорските фотељи до една Laugh а не ме чуди и во ЖУЦ истите да ги пратиле како инспирација за учениците LOL туку не ми се верува дека немаме материјал само што до сега немало кој да ја спотера и организира работата, тоа документарец едвај да најдеш некаде да видиш, а не па музеј...

освен ако приватно некој не се заангажира се е џабе, па од меѓународна галерија и манифестација како  Остен кога успејаа да направат касапана, што останува за друго!

инаку од време на време некој ќе организира некоја изложба. но слабо е со трајни поставки а не па технички музеј. можеби битола на факултетот ако имаат нешто или тука на електро и машински евентуално, лани имаше во МГС изложба на УХМР и имаше навистина уникатни експонати, но беше ептен скромно организирана и медиумски покриена, а експонатите беа крајно незаштитено и никако фиксирани, но тоа за тоа се криви мислам од музејот кои им ја имаа отстапено само првата галерија на метеоролозите.     

доколку државата се запне мислам дека ќе собере поприлична збирка на експонати кои можат да се соберат за еден голем технички музеј кој според мене најдобро би било да се смести пример некаде кај Македонска бригада може пример некаде кај Кончар.   

но сепак работите се поместиле малку со новите простории а Кинотеката на Македонија која сега се наоѓа спроти гимназијата Никола Карев

Прв Технички музеј во Македонија - 08.04.2005 

Во холот во библиотеката "Другарче и Кинотеката ќе ја постави својата респектабилна музејска збирка на филмска техника. Тоа ќе биде стална поставка на технички експонати која воедно, како што вели директорот Борис Ноневски, е и првиот технички музеј во земјава. Во неа ќе бидат изложени кинотечните експонати кои ќе ја опфатат и предисторијата на филмот, уште од камера опскура па наваму, развојот на оптиката, старите фотографски апарати со оглед на тоа што фотографијата, како што вели Ноневски, е прамајка на филмот. Тука ќе биде исложено се: документи, пишувана граѓа, целата историја на светскиот и на македонскиот филм. Инаку, како што ни кажа Ноневски, тие имаат добиено уште поатрактивни експонати, како на пример од донаторот кој живее во Шведска, Таке Туфекџиев, а кој во Кинотеката има донирано над 150 експонати. Тоа е еден од најголемите фондови, иако има и поголем, оној на Виктор Ачимовиќ, кој содржи 300 експонати меѓу кои и пишувана граѓа и филмови, а кој на Кинотеката и го отстапи неговиот син Карпо Година.

Утрински - 08.04.2005

незнаев дека вакви збрики и волку експонати имаат добиено на поклон ниту пак дека имаат секојдневни проекции, штета да беше во центар некаде ќе беше уште подобро, но и вака е ок, бар постои! Кинотеката на Македонија доби свој простор - 06.04.2006

инаку тоа бетамаксот како ти служел, имало некаде да се изнајмат купат филмови во ѕигла форматов, бидејќи БЕТА камери само во МТВ имаше, моето прво видео ми беше SHARP VCA, но мислам дека тешко беше да издржи и се до пред некоја година беше живо, но го замени S-VHS HITACHI кое беше навистина топ но загина неславно во локалниот сервис, сега фаќа прашина чекајќи да го однесам во видео дата за да го опорават! еве интересно размислување зошто бетамаксот дехидрирал во малопотрошувачката Порното ќе пресуди - ОнНет - 03.05.2006
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 11-Jan-2009 at 22:56


Бетамаксот иако технолошки супериорен (особено во почетокот) умре зошто Сони кој го креираше стандардот проба да настапи многу тврдо и целата работа да иде преку него додека JVC кој го креираше VHS стандардот пристапи со малку полиберален пристап (по "open source") на што добро изреагираа другите производители. Ова е малце карикирано но суштината на проблемот беше тука.

Во Скопје бетамакс филмови можеше да се најдат во следниве видеотеки

1. Топ тен (карши денешен Тренд)
2. Милтон (може уште постои оваа во Капиштец во кулите на крај)
3. Дениро (мала не толку позната видеотека на оној паркингот што се влага одмај кај домот на АРМ

Други вака од прва не ми текнува. И во овие изборот за филмови на бетамакс беше нормално доста послаб отколку на ВХС
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 11-Jan-2009 at 23:31
Originally posted by beTon

абе се се распаѓа дури и макетите од локомотиви од фоајето на управната зграда на МЖ!...

Ако мислиш на овие, ги има неколку, тие се живи во една витрина. Иначе направени од еден постар љубител-железничар и поклонети


Originally posted by beTon

но сепак работите се поместиле малку со новите простории а Кинотеката на Македонија која сега се наоѓа спроти гимназијата Никола Карев ...


Во право си со кинотека, таа е едина што успеа после распадот да нешто истурка до крај и сега имаат убава збирка на експонати, благодарение на некој ентузиасти кој идеа по МК и пронаоѓаа по стари куќи и подруми секаква опрема, имам чуено прекрасни приказни каде се не наваѓале експонати од пред 2 века.

Originally posted by beTon

инаку тоа бетамаксот како ти служел, имало некаде да се изнајмат купат филмови во ѕигла форматов, бидејќи БЕТА камери само во МТВ имаше,...

Чекај малку, имаше
Betamax кој беше за домашна употреба со касети нешто малку помали од VHS - S-VHS
и Betacam која се користеше во МТВ со неколку типа касети но големината слична со овие предходни две.
а права цигла беше германската VCR
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 11-Jan-2009 at 23:44
@pbanks - интересно, никогаш не сум сретнал бетамакс да изнајмуваат бар не онаму каде што сум изнајмувал, евентуално во Алек ако имало нешто но не сум се заинтересирал!
едно време и манаки филм имаше видеотеки низ СК, но ова беше половина и крајот на девеесетите.

@Владимир да тоа се макетитете, има мислам неколку Thumbs%20Up аха а јас цело време си имам врзано в крпче дека и бетамаксот се ѕигли и дека одат во бетакам камери, односно нешто како vhs и mini vhs со оглед дека звучи слично бета формат, сега има и HDCAM како наследник на бетите, добро а betamax одат во vhs камери или... 

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 11-Jan-2009 at 23:49
Originally posted by beTon

@pbanks - интересно, никогаш не сум сретнал бетамакс да изнајмуваат бар не онаму каде што сум изнајмувал, евентуално во Алек ако имало нешто но не сум се заинтересирал!
едно време и манаки филм имаше видеотеки низ СК, но ова беше половина и крајот на девеесетите.


Не Алек дефинитивно немаше. А Манаки филм се од поновото време јас им ја памтам видеотеката во порта Буњаковец. Ниту тие немаа бетамакс

аха а јас цело време си имам врзано в крпче дека и бетамаксот се ѕигли и дека одат во бетакам камери, односно нешто како vhs и mini vhs со оглед дека звучи слично бета формат, сега има и HDCAM како наследник на бетите, добро а betamax одат во vhs камери или...


Бетамакс и бета (бетакам) се две различни технологии. Најлаички кажано првата е комерцијална (аматерска) а втората е професионална. Постоеше одредена компатибилност помеѓу нив но дефинитивно беа две различни работи.

Бетамакс и ВХС се комплетно некомпатибилни. За почеток во однос на кутијата (бетамакс беа помали) па понатаму во се друго.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 11-Jan-2009 at 23:49
Previous
Не никој со никого не пасува, сите се тотално различни.
Него во портаблите мозеше да се комбинира само друга камера со адаптери
-----------------------------------
побрз е во одговор pbanks  Smile




Edited by Vladimir P - 11-Jan-2009 at 23:57
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 12-Jan-2009 at 00:40
е ова е добредојдено вака сликовито, јас заглавив до и на адаптерите за VHS-C и стандардните VHS и S-VHS,  ова останатово го имам поминато некогаш теоретски, но бидејки не фатив во рака бетамакс незнаев ни како изгедаат односно како што реков имам сконтано дека и бетамаксот се ѕигли и дека одат во бетакам камери, а за бетите по телевизииве, имам само слушано приказни и нешто ако сум фатил на тв...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 12-Jan-2009 at 00:49
Originally posted by beTon

е ова е добредојдено вака сликовито, јас заглавив до и на адаптерите за VHS-C и стандардните VHS и S-VHS,  ова останатово го имам поминато некогаш теоретски, но бидејки не фатив во рака бетамакс незнаев ни како изгедаат односно како што реков имам сконтано дека и бетамаксот се ѕигли и дека одат во бетакам камери, а за бетите по телевизииве, имам само слушано приказни и нешто ако сум фатил на тв...


Епа ќе видиш од прва рака во музејот кој ќе го отвориме Како што реков имаме еден Sony SL-C9ES во поставката



Како бонус имам и 30на касети снимени од тоа време со ствари како Star Wars: Return of the Jedi, Еwoks: The battle for Endor.... Потоа неколку тогашни епизоди на Tops of the pops, еден тон класични цртани филмови итн. Квалитетот на сниките за денешни поимања не е добар но фасцинантно е дека воопшто не е намален и покрај енормната експлоатација на истите низ годините (истото не би можел да го кажам за VHS касетите кои ги имам)


Edited by pbanks - 12-Jan-2009 at 00:52
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 12-Jan-2009 at 01:09
Previous
Добро, ти си имал од новите Smile

Мојот прв SONY (кој остана кај Јоцо во Видео дата)



А овој ми е дома - втора генерација



Ќе има експонати Big%20smile
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 12-Jan-2009 at 01:47
Па мојот е купен некаде 1984 година  
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.