build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ски центри (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 567
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 397
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 11-Nov-2016 at 07:50
do zimoska ke bide vo funkcija?
Back to Top
mackomk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 114
  Quote mackomk Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 14-Nov-2016 at 14:56
Originally posted by bob39


Која глупост! Горе бре скапаници и спори скилифти, а тие градат жичара до центар што не функционире наместо прво горе да ги модернизираат и доизградат патеките. Тотална утка и тотално не познавање на состојбите. Ама што би можеле да очекуваме од луѓе што градат панорамски тркала и свакојаки мизерии насекаде...Wallbash

Мислам дека немаш најдобра претстава каде ќе биде поставена жичарата, истата не се гради за да се стигне до ски центарот, туку во самата ски зона. Имаш и слика погоре не знам што е проблемот, жичарава ќе опслужува неколку стази и може да се користи независно од старите ски лифтови. Испаѓа коментаров твој тотална утка и непознавање на работите.

Back to Top
mackomk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 114
  Quote mackomk Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 14-Nov-2016 at 14:56
Originally posted by mackomk

Originally posted by bob39


Која глупост! Горе бре скапаници и спори скилифти, а тие градат жичара до центар што не функционире наместо прво горе да ги модернизираат и доизградат патеките. Тотална утка и тотално не познавање на состојбите. Ама што би можеле да очекуваме од луѓе што градат панорамски тркала и свакојаки мизерии насекаде...Wallbash

Мислам дека немаш најдобра претстава каде ќе биде поставена жичарата, истата не се гради за да се стигне до ски центарот, туку во самата ски зона. Имаш и слика погоре не знам што е проблемот, жичарава ќе опслужува неколку стази и може да се користи независно од старите ски лифтови. Испаѓа коментаров твој тотална утка и непознавање на работите.

Back to Top
carver91 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 36
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 14-Dec-2016 at 18:57
Kada ce biti zicara otvorena?
Back to Top
bob39 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 25-Feb-2011
Location: Amsterdam
Online Status: Offline
Posts: 36
  Quote bob39 Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 10-Apr-2017 at 10:17
Имаш


Edited by bob39 - 10-Apr-2017 at 10:20
Скопје 2014= Општествена лоботомија
Back to Top
bob39 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 25-Feb-2011
Location: Amsterdam
Online Status: Offline
Posts: 36
  Quote bob39 Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 10-Apr-2017 at 10:18
Originally posted by mackomk

Originally posted by mackomk

Originally posted by bob39


Која глупост! Горе бре скапаници и спори скилифти, а тие градат жичара до центар што не функционире наместо прво горе да ги модернизираат и доизградат патеките. Тотална утка и тотално не познавање на состојбите. Ама што би можеле да очекуваме од луѓе што градат панорамски тркала и свакојаки мизерии насекаде...Wallbash

Мислам дека немаш најдобра претстава каде ќе биде поставена жичарата, истата не се гради за да се стигне до ски центарот, туку во самата ски зона. Имаш и слика погоре не знам што е проблемот, жичарава ќе опслужува неколку стази и може да се користи независно од старите ски лифтови. Испаѓа коментаров твој тотална утка и непознавање на работите.


Имаш право за жичарата! Бев во февруари на Шапка и ситуацијата иако со терените е катастрофална, што се однесува до новиот шестосед тој е на ок локација. Забуната кај мене дојде затоа што во предизборието токмакот Ѓорчев од Тетово предлагаше да се возобнови старата жичара до Шапка. Се надевам дека сладната година ќе проработи но сум на мислење дека на Шапка и треба странски инвеститор кој си центарот ќе управува во следните 30-50 години.
Скопје 2014= Општествена лоботомија
Back to Top
Blagh View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 26
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 21-Jan-2018 at 19:52

http://www.dw.com/mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B8-%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D1%80%D0%B8-%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D1%81%D1%82/a-42224388


Македонските скијачки центри оставени на немилост

Symbolbild%20Langlauf%20Ski%20%28Fotolia/lukasx%29

Зимските центри во Македонија и сезонава ја загубија битката со регионалната конкуренција. Попова Шапка, Маврово, Пелистер зјаат речиси празни, наспроти метежот и навалицата во Банско, Боровец, Копаоник.  Домашните ски центри  некогаш важеа за главни прибежишта за вљубениците во зимскиот туризам, но веќе одамна се сведени на дестинации главно за дневна или викенд посета. Но затоа оние во соседството буквално растураат. Од година во година се бара место повеќе:

„За Македонија не продаваме аранжмани, но за Бугарија и Србија интересот е се` поголем.  Ако до пред 5, 6 години се доаѓаше до место без проблеми, сега главно се оди на рана резервација и се е преполно. Интересно е што цените растат, а попустите за рана резервација се намалуваат. Затоа сите навреме резервираат за да не останат без место во шпиц сезоната“, вели Кристина Спасиќ, туристички работник. 

Повеќе на темата:

-Снежниот бран стигна во Македонија

-Зошто македонските скијачки центри ја загубија атрактивноста?

-Зимските центри напредуваат, скијањето стагнира

Во домашните зимски центри не само што опаѓа прометот, туку се регистрира и намалување на сместувачките капацитети. Клучниот проблем според експертите е во погрешниот пристап и отсуството на конкретни инвестиции, посебно во делот на инфраструктурата:

„На центрите им е неопходна добра пристапност. Приодот кон нив е многу лош бидејќи патиштата се катастрофални. Кожуф е евидентен пример каде лошата инфраструктура системски ја уништува супраструктурата. Многу важен момент е отсуството и на Јавното приватно партнерство како концепт. Сите центри се во сопственост на државни или фирми кои имаат поинакви дејности.  Тоа е неопходно да се издеференцира и да се создадат услови за внесување  современ начин на стопанисување. Државата има развоен простор да делува и  се надевам дека тоа ќе се реализира“, предупредува универзитетскиот професор Науме Маринковски.  

Концесионери - единствениот излез?

Не само кај Кожуф. Колкав е цехот поради досегашните погрешни политики и аматерскиот пристап покажува примерот и со Попова Шапка. Овој најстар ски центар во Македонија кој е во надлежност на државната „ЕЛЕМ Турс“ требаше да прерасне во главен зимски центар, не само во Македонија туку и пошироко. Но помпезно најавуваниот проект досега проголта дури 15 милиони евра а не донесе никакви промени:    

„На Попова Шапка и е потребна сериозна инвестиција но очигледно дека нашата држава за тоа нема капацитет, паричен и од човечки аспект. Сите досегашни проекти се правени од луѓе кои седеле во канцеларии во Скопје и немаат познавање од основни елементи. Се инвестираа речиси 10 милиони евра во жичница која не само што не функционира, туку е и преплатена. Договорот за инвестицијата беше доделен на италијанци, а потоа на уште четири подизведувачи што само ја зголеми цената. Нема ништо ниту од снежните топови, инвестициите во патот, хотелите, паркинг просторот, нема ниту лекарска служба. Центарот нема основни елементи кои треба да им се понудат на туристите“, реагира Хамди Сулејмани од невладината иницијатива „Спас за Попова Шапка“.

Иницијативата бара од Владата да и го одземе правото на „ЕЛЕМ Турс“ да менаџира со ски центарот и да распише јавен повик за инвеститори кои имаат искуство во развој и менаџирање на ваков вид центри:

„Ова е единствениот излез. Ако треба да им се даде на концесионери и за едно евро но со обврска да инвестираат 200 милиони евра. Местото е наше, никој што ќе инвестира нема да го однесе на пример во Германија, или во Австрија. Новото раководство во Елем Турс дава некој оптимизам и надеж за разлика од претходното кое уништи се`. Но тоа не е доволно“, реагира Сулејмани.

Кајмакот го собираат соседните земји

За позначајни промени сезонава е доцна. Ски центарот почна со работа со старата опрема и со мали, главно козметички промени:

„Она што успеавме да направиме е да го исчистиме отпадот, ги означивме стазите, поставивме информативни табли. Околу поставувањето на жичницата потребни се уште одредени дозволи од министерството за животна средина. Свесни сме дека инфраструктурно сме назад од останатите ски центри во регионот и не можеме да се носиме со нив. Треба многу работа, посебна национална стратегија, но ние како „ЕЛЕМ Турс" не сме во можност да носиме такви одлуки. Тоа е во рацете на Владата. Дали ќе биде некоја концесија или инвестиција во ски центарот ќе мора да се прави резиме но по оваа сезона. Но јас сум задоволен и од она што го постигнавме за овој краток период и веќе се чувствува задоволство кај гостите“, коментира Никола Каровски управител на „ЕЛЕМ Турс“. 

Ski%20Langlauf%20Lenggries%20%28picture-alliance/dpa/T.Hase%29

Доцнат инвестициите, но доцни и долго најавуваната стратегија која треба да донесе и насоки за промени во оваа дејност. Документот  го изработуваа австриски експерти требаше да се усвои уште пред две години:

 „Таа требаше да се прифати уште во 2016 но политичките случувања ја одложија и еве ја сега на дневен ред на прифаќање. Но клучниот проблем е што во стратегијата нема никакви мерки и активности во поглед на дефинирањето на оваа област, туку таа е повеќе од организациска природа и воопшто не третира проблеми од типот на пристапност, квалитет, бенефиции, субвенции како мерки во туристичката политика. Ние како стручна и научна фела имаме серија забелешки, а исто така и стопанската комора. Дополнително што во нејзината подготовка не бевме инволвирани ниту консултирани, туку само информирани“, реагира професорот Маринковски.

И додека државата крои стратегии и прави проекти, а малите капацитети прават мали чекори за да ги подобрат условите, зимските центри од соседството го собираат кајмакот. Во вакви услови не чудат ниту податоците од типот дека дури 80% од граѓаните преферираат да зимуваат надвор од Македонија, што во минатото не беше случај.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 567

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.