build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ски центри (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 30-Mar-2011 at 15:24
Се сложувам другар. Прво би те прашал според тебе која планина има најголем потенцијал на балканот па ја ќе ги кажам предностите во однос на таа планина. Секако не може во сите параметри да е најдобра али коа зборуваме за повисоки планински масиви не би се сложил со тебе. Ако имаат еден повисок врв за 100 метри не значи и дека планинскиот масив е генерално повисок. Патем коа збориме за масив масивот на шар планина продолжува без престан према Кораб, Бистра и Дешат.

Еве од овој извадок (за национален парк маврово) може да се видат тие нешта:

Шар Планина (нејзиниот западен дел), Бистра, Кораб и Дешат со 52 врва повисоки од 2000 м надморска височина и врвот Голем Кораб со височина од 2764 м – кој е највисок во Македонија, а според последните мерења е и неколку метри повисок од Триглав (Словенија) кој се сметаше за највисок врв во поранешна Југославија.


Значи масивот ако ја вклучиме цела Шар планина а не само делот кој спаѓа во националниот парк има (имајки предвид дека шара сама има 27 врва над 2000 м) над 70 врва над 2000 метри.

Предностите На Шара реков друже ке ги кажам само ме интересира кој е планината или масивот на балканот со поголем потенцијал.

Инаку со твојот пост за словенија (иако делумно словенец по потекло) се сложувам во целост. Планините во словенија односно јулиските алпи имаат една негативна страна а тоа е дека се во голем процент со оштри и карпести врвови што не е случај со Шара, иначе словенците одамна ѓе направеа многу поголеми ски центри. Впрочем и поголемиот дел о подобрите скијачки центри не се на јулијските алпи(крвавец, похорје, рогла итн).

еве со слика да го потврдиме муабетот за алпите во словенија


за споредба еве дел од масивот на Шара


Edited by toasumjas - 30-Mar-2011 at 17:01
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 06-Apr-2011 at 11:58
Мое мислење е дека според потенцијалот кој го имаат на Балканот се издвојуваат 3 планински масиви па еве ке наведам некој основни податоци за нив:

1. Шар Планинскиот( податоците за шарпланинскиот масив се прикажани без кораб, а реално масивот без прекин продолжува со кораб) - површина 1600 км2, должина 80km, ширина 25км, највисок врв: Титов Врв (2748 m), 25 над 2500 метри
2. Рила - површина 2400 км2, должина 70 km, ширина 50км, највисок врв Мусала (2925 m)
3. Пирин - површина 2585 км2, должина 80км, ширина 40км, Вихрен (2914 м.), 40 над 2500 метри

Ова се некој основни параметри кој значат многу али и зависат од руги нешта. Како пример за тоа би ги спомнал алпите во словенија. Значи кога збориме за ски центри многу е важно каков е теренот потоа падежите на снег, ориентираноста на планината итн.

Горенаведените податоци покажуваат дека според површината и висината овие три планини имаат повеќе од доволно потенцијал за еден огромен ски центар, мислам на 100+ км стази.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 06-Apr-2011 at 12:12

Во право си дека Шар Планина е еден од поголемите и највисоките планински масиви на Балканот. Секако има и огромен потенцијал за развој на зимските спортови. За да не се сведе се на смо празни муабети без аргументи, ќе пробам компоаративно да ја споредам Шар планина со неколку други значајни масиви на Балканот.

Масив Површина км2 Највисок врв м Годишни врнежи мм Врвови над 2600 м
Рила

2400

2925

2000

21

Пирин

2585

2914

1500

32

Шара

1600

2764

1200

9

Родопи

14735

2191

нема податок

0

Дурмитор

390

2522

нема податок

0

Јакупица

2540

2540

нема податок

0



Edited by UrbanFreak - 06-Apr-2011 at 12:14
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 06-Apr-2011 at 12:14
Од финансиски аспект најисплатлив може да биде само Кожув. Близината до Солун (и Солунскиот аеродром) едноставно е доволно за да биде во топ финансиска состојба.

Иако можеби климатските услови не се нај-нај, тоа денес се решава.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 06-Apr-2011 at 12:16
Во секој случај, табелава потврдува дека ако не бр. 1 барем е меќу најпотенцијални 3 планини. Намерно не ја ставив Олимп на листата, иако го има 2рито највисок врв на балканот, и Јулските Алпи/Триглав.
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 06-Apr-2011 at 12:43
Убаво ги сложи податоциве. Да бидам искрен не ги знаев точниве податоци за врнежи во мм. Како и да е тука се слагаме дека се 3те планини со најголем потенцијал за развиток на зимски цеентри. Рила и Пирин се феноменални планини и ја во некој од моите предходни постови за банско немав намера да им го побијам неоспорниот потенцијал и затоа коментирав само на технички детали кој не ми се допаѓаат во центрот заради кој според мене заостанува зад европските центри.
Но сега збориме за потенцијалите така да ќе се задржам на природните потенцијали и ке се потрудам да побарам некој полезни информции по нет.
Она што можам да го кажам и сум го приметил е дека пирин и рила се со многу погуста вегетација односно шума. Поради тоа мислам дека теренот на шара ја прави самата евентуалната инвестиција полесна за изведба а истовремено и поефтина.

Да сумирам: Шар планина како и другите македонските планини располагаат со извонредна релјефна структура и со разиграна конфигурација на терените што и тоа ги прави исклучително погодни за развој на зимскиот туризам.

Ова го постирав веќе еднаш нема многу инфо али по нешто може да се најде посебно во точка 5.

http://www.economy.gov.mk/WBStorage/Files/Studija_za_razvoj_na_turizmot_na_shara_finalna.pdf

Edited by toasumjas - 06-Apr-2011 at 13:33
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 07-Oct-2011 at 11:23

Вистинските скијачи скијаат на Шапка!

imitrov@kapital.com.mk">Петре Димитров




Ски-центарот кој во осумдесеттите години важеше за еден од најдобрите во бивша Југославија се обидува повторно да се врати во игра. За натпревар со домашните и со регионалните центри му се потребни сериозни инвестиции. Пари ќе се бараат кај приватен инвеститор


“По завршувањето на еден од шарпланинските купови, заедно со директорот на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), Влатко Чингоски и со руска делегација со ратрак тргнавме во прошетка по ски-центарот. Одеднаш ратракот се блокираше, па бидејќи беше многу ладно, на гостите им предложив да повикам друг, а јас да останам да го поправам распаниот. Чинговски инсистираше да останеме сите додека не го поправам. Така и беше. Тој човек направи многу за овој центар да се врати од мртвите. Ништо не правиш ако немаш поддршка од горе...“, раскажува Васил Карагеоргиевски, одговорен за возниот парк и подготовка на скијачките патеки во ски-центарот Попова Шапка, со кој раководи државната ЕЛЕМ.

Повеќе од 28 години работи во овој центар и скржаво ги чува разните незгодни ситуации во кои се нашле многу бизнисмени и политичари кои се возеле со него: “Тоа се моменти кога и тие знаат да се опуштат. Тоа треба да се почитува. Ми текнува на еден министер за одбрана. Како само силно ја стегаше рачката од колата додека се возевме. Ќе ја откорнеше...“.

Вели дека во досегашната кариера овој центар имал и светли и црни времиња, а доаѓањето на Димитриевски за нов директор на ски-центарот пред три години му дало надеж да остане да работи овде:

“Планирав да барам работа во ски-центарот Кожуф, но амбицијата и упорноста на Петре ме разубедија да останам овде. Најголемата болка на овој центар, кој ги има едни од најидеалните услови за скијање на Балканот и конкурирал за Олимписките игри во 1984 година, е тоа што во него не се вложувало континуирано. Работите не можеш да ги смениш преку ноќ. Ќе изградиш нешто ново, но мора да го модернизираш и старото. За жал, искористеноста на можните скијачки терени е само 30%. Најдобро ќе биде да се приватизира“.

ПРИВАТИЗИЦИЈАТА Е ЛЕКОТ?

Приватизацијата ќе донесе посериозни инвестиции овде, сметаат во ЕЛЕМ.

“Развојот на Попова Шапка, генерално, зависи од тоа колку брзо ќе се привлече странски капитал, бидејќи ќе се користи моделот на јавно-приватно партнерство. Во тој правец, предвидени се четири фази, во кои се вклучени: подобрување на инфраструктурата, проширување на капацитетите, нови скијачки локации, акумулации за вода за вештачки снег и изградба на етно село. Се очекува капацитетот на Попова Шапка да се зголеми од 2.900 скијачи на ден на 14.000, со тоа што ќе се направат дополнителни четири локации за скијање“, велат од ЕЛЕМ.

Според стратегијата која ја изготви фирмата Еко сајн, (која работела во организација на две Олимпијади), по нарачка на ЕЛЕМ, Попова Шапка во наредните години треба да прерасне во главен ски-центар во Македонија.

“На Шапка не е инвестирано повеќе од 10 години, а центарот направи милионски загуби и долгови поради недомаќинско работење на претходните менаџери. За семинари на разни невладини организации од Косово и од земјава никој не плаќал. За 2.000 скијачи на ден се продавале само 100 карти. Не се поднесени ни тужби за побарувањата што ги имал центарот“, вели директорот Димитриевски, кој работи овде веќе 11 години.

Од април следната година ЕЛЕМ планира да стартува со модернизација на центарот.

“Се планира да се руши хотелот Попова Шапка поради неговата нерантабилност, а хотелот Славија ќе се догради за уште 180 легла. Студијата на Еко сајн вели дека и двата хотели не се исплатливи, бидејќи немаат минимум 300 кревети. За предвидените инвестиции се потребни околу шест милиони евра“, објаснува Димитриевски.

Според планот, во близина на хотелот Попова Шапка е планирана и изградба на катна гаража, чаршија и три нови бачила кај Ајдучка рамнина, двоседите Св. Илија и Церипашина. Доколку има интерес од инвеститори на полјаната кон релејната станица (каде што е лоциран репетиторот на МТВ), планирано е градење и на цел нов скијачки комплекс.

СЕ ВРАЌААТ ТУРИСТИТЕ

Тоа што најмногу го радува Димитриевски е што на Шапка последните 2-3 години се вратија македонските туристи, посебно, како што вели, скопјаните (дури 80% од тие што редовно одат во Маврово), кои имаат пари и знаат што е добро скијање. А и сите плаќаат карта.

“На Маврово скијаат само тие што имаат нова опрема и сакаат да ја покажат. Вистинските скијачи скијаат на Шапка“, вели Димитриевски.

Го радува што наскоро и ски-центарот Кожуф ќе биде вистинска конкуренција на Попова Шапка, но вели дека тие два центри не може да се споредуваат.

“Кожуф е дупка, а Шапка е на висина. Скијачките патеки на Шара достигнуваат надморска висина до 2.500 метри. Должината на патеките изнесува околу 10 километри, со капацитет од 8.000 скијачи за еден час. Целиот проект Кожуф е авантура. Нема доволно снег, а поради ветровите и климата за два дена снегот може да го снема. На Шара минатата сезона на 2. мај уште имаше снег“, вели тој.

По неколку години пауза, оваа сезона на Шапка се враќа ноќното скијање, а новитет е и проширувањето на патеката Церипашина за 70 метри. Цената на ски-картата ќе биде 900 денари. Последните неколку сезони во овој центар се вратија и српските, словенечките и хрватските туристи, а се поголем е интересот за скијање со сноуборд, посебно од туристи од Скандинавија.

“Подготвени сме за сезоната. Очекувањата се големи“, вели Димитриевски.


НЕМАМЕ МЕНТАЛИТЕТ ЗА ЛЕТЕН ТУРИЗАМ 

Преку организација на планинскиот велосипедски маратон и традиционалните искачувања на Титов Врв и други дестинации на Шар Планина се прават обиди за заживување на овој центар и во летниот период, но сепак, интересот се уште е мал.

“Тоа оди тешко, поради тоа што кај нас нема традиција за одење на планина преку лето“, вели Карагеоргиевски.



ВРИЕ ОД ДИВОГРАДБИ

“Кога почнав да работам на Шапка имаше само трисетина викендички. Сега се како рој“, вели Карагеоргиевски.

Последните десетина години ниту една државна институција не посвети доволно внимание на урбаниот хаос што постои во овој скијачки центар. Инспекциите неодамна поднесоа дури 50 кривични пријави за дивоградби во овдешната викенд-населба. Не се знае дали тие ќе бидат срушени, а во Јелак беше стопирана изградба на хотел кој се градеше без никаква дозвола. Според кажувања на локалците, најголем дел од сопствениците на викенд-куќите се локални бизнисмени, но и бизнисмени од Албанија и од Косово.

“Понекогаш се чуствувам како во филмот Кум. Какви ли не сомнителни фаци се вртат овде“, коментира еден локалец. Од познатите политичари овде често доаѓал покојниот претседател Борис Трајковски.



НЕДОСТИГААТ КАПАЦИТЕТИ 

Еден од најголемите проблеми на зимскиот туристички центар Попова Шапка, кој е сместен на падините на Шар Планина на 1.700 метри надморска височина и е оддалечен 18 километри од Тетово и 53 километри од Скопје, се сместувачките капацитети. Освен хотелите на ЕЛЕМ, Попова Шапка и Славија, од тие со поголем капацитет функционираат и хотелот на Тетекс и Snow patrol, во сопственост на ЕВН Македонија, изнајмен под кирија на локален бизнисмен. Моментално во близина на Славија се гради нов хотел со базен, зад кој стои тетовски бизнисмен.



ШАПКАТА НА ПОПОТ

Според една од легендите, невообичаеното име овој центар го добил по некој поп кој си ја изгубил шапката. Селаните долго ја барале шапката, но не успеале да ја најдат. Во еден момент еден од нив извикал дека шапката е на брдото, бидејќи тоа личело на поповата шапка. Попот останал без шапката, а регионот го добил името Пова Шапка. Другата легенда е инспирирана од случката за убиството на еден православен свештеник кој вршел евангелсика мисија во овој крај. Најдена е само неговата шапка (камилавка) и затоа оваа месност се нарекува Попова Шапка.



ЕДЕН ОД НАЈСТАРИТЕ СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ НА БАЛКАНОТ 

Првите обиди за развивање на овој планински предел во туристички зимски центар сe од пред Втората светска војна, кога помал број ентузијасти почнуваат да ги користат благодетите на овој предел за планинарење и спортување на снег. Во 1934 година е изграден првиот објект, планинарски дом. Шара купот е најстарото меѓународно натпреварување на Балканот. Во далечната 1947 година на овие падини се одржал првиот Шарпланиски куп, на кој настапиле репрезентациите на Унгарија, Романија, Бугарија и репрезентациите на сите републики на бивша Југославија, вклучувајќи ја и Македонија. Во 1954 година Шарпланинскиот куп влегува во календарот на Светската скијачка федерација. Позначајни чекори кон развивањето на туризмот се преземаат во почетокот на 1960 година, кога почнува поосмислено да се гради концепција за развој на овој центар.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/74498/vistinskite_skijachi_skijaat_na_shapka!.aspx?iId=2386
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 11-Nov-2011 at 13:58

Ништо ново во ски-центрите зимава

Силвана Жежова

 Македонските скијачки центри и годинава нема да понудат нови содржини. Остануваат исти и цените, а долгогодишните најави за нови проекти ќе почекат некои подобри времиња. По пауза од пет години годинава ќе се скија и на Пелистер

Македонските скијачки центри се подготвени за новата скијачка сезона, само молат Бога да има доволно снег. Нема новини во однос на понудените содржини, ниту пак се направени некои поголеми инвестиции. Исти се и цените. Старите проекти за реализација ќе почекаат некои подобри времиња. Скијачките центри Заре Лазаревски, Попова Шапка, Кожуф и Пелистер и годинава се надеваат на добра посетеност од страна на домашните и странските туристи.

Трите жичарници и единаесетте ски-лифтови подготвени ги очекуваат посетителите на ски-центарот Заре Лазаревски. Одлично подготвените ски-патеки, како и тие кои по својата должина се осветлени ќе овозможат скијање и уживање во вечерните часови. Од 15 ноември до 15 декември љубителите на скијањето ќе можат да набават при-пејд годишен ски-билет во износ од 10 илјади денари, а дневниот ски-билет чини 1.100 денари.

“Оваа скијачка сезона не можеме да се пофалиме со некои особени новини во скијачкиот центар Маврово. И оваа година ќе го дадеме својот максимум за подигнување на квалитетот на услугите и одржување на патеките и терените за скијање. Се надеваме дека снегот ќе нè израдува порано и дека ќе го има во изобилие целата скијачка сезона, што не беше случај изминатите години. Во преговори сме за купување лизгалиште кое ќе биде поставено во непосредна близина на дискотеката Ратрак на самото тениско игралиште“, вели Огњан Циговски, упаравител во ски-центарот Заре Лазаревски.

Покрај домашните туристи, според најавите на зимските спортови ќе им се радуваат и гостите од Грција, Албанија, Турција и Косово, чиј број последниве години е во забележителен пораст.

По неколку години пауза, оваа сезона на Шапка се враќа ноќното скијање, а новитет е и проширувањето на патеката Церипашина за 70 метри. Цената на ски-картата ќе биде 900 денари. Последните неколку сезони во овој центар се вратија и српските, словенечките и хрватските туристи, а сè поголем е интересот за скијање со сноуборд, посебно од туристи од Скандинавија. Скијачките патеки на Шара, кои важат за најатрактивни, достигнуваат надморска висина до 2.500 метри. Должината на патеките изнесува околу 10 километри, со капацитет од 8.000 скијачи за еден час.

“Подготвени сме за сезоната. Очекувањата се големи“, вели Петре Димитриевски, директор на ски-центарот Попова Шапка.

Според стратегијата која ја изготви фирмата Еко сајн, (која работела во организација на две Олимпијади), по нарачка на ЕЛЕМ, Попова Шапка во наредните години треба да прерасне во главен ски-центар во Македонија. Од април следната година ЕЛЕМ планира да стартува со модернизација на центарот.

“Се планира да се руши хотелот Попова Шапка поради неговата нерентабилност, а хотелот Славија ќе се догради за уште 180 легла. Студијата на Еко сајн вели дека и двата хотели не се исплатливи, бидејќи немаат минимум 300 кревети. За предвидените инвестиции се потребни околу шест милиони евра“, објаснува Димитриевски.

Според планот, во близина на хотелот Попова Шапка е планирана и изградба на катна гаража, чаршија и три нови бачила кај Ајдучка рамнина, двоседите Св. Илија и Церипашина. Доколку има интерес од инвеститори на полјаната кон релејната станица (каде што е лоциран репетиторот на МТВ), планирано е градење и на цел нов скијачки комплекс.

Скијањето на Пелистер се враќа по пет години пауза. Во следните десет години со жичарницата ќе стопанисува ЕЛЕМ, преку својата битолска подружница, хотелот Молика. Скијачката патека и жичарницата со двоседите беа реновирани со финансиска поддршка во износ од 1,8 милиони денари од ЕЛЕМ, РЕК Битола и ФОД Новаци.

“Во крајна фаза се подготовките на патеката. По реновирањето на жичарницата, претстојната сезона, таа за првпат ќе биде пуштена во употреба. Скијачите може да очекуваат проширена патека, проширен дел кај ски-лифтовите, па ако нè послужат временските услови се надевам на добра скијачка сезона“, вели Мирјана Митревска, директор на хотел Молика.

Копанки е изградена на надморска височина од 1.500 метри, па поради глобалното затоплување, во последно време сè поретко врне снег, а и да наврне, брзо се топи. Но, сепак се очекува поуспешна скијачка сезона за разлика од изминатите години.

За сезонава се подготвени и во најновиот ски-центар во земјава, Кожуф. Регионалниот пат кој води до ски-центарот Кожуф, кој досега беше пречка, е целосно асфалтиран, а преостанува обележување, сигнализација и поставување еластична ограда на одредени делници за комплетно да биде завршен. Ски-центарот е опремен со најсовремена опрема и има одлични услови за скијање. На скијачите на располагање им се два ски-лифтови, еден шестосед, ресторан, бачило, 16 апартмани и 16 километарски ски-патеки на кои можат да скијаат пет илјади луѓе.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/76019/nishto_novo_vo_ski-centrite_zimava.aspx?iId=2444
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 23-Dec-2011 at 16:53

СНЕГОТ ГО ОТСТРАНИ СТРАВОТ ЗА ЗИМСKАТА СЕЗОНА

Скијањето почнува со слалом меѓу старите проблеми

Некаде со подобрени услови, некаде со стари проблеми и, главно, со цени од минатата сезона македонските ски-центри утре ќе ја почнат зимската сезона.

Снегот, кој од вчера почна да паѓа на скијачките терени во овие центри, е доволен за зимските спортови. На терените се веќе излезени специјализираните машини кои го подготвуваат снегот за скијачите и за другите љубители на зимските спортови, што значи дека оние што утре ќе се упатат кон терените ќе можат и да ги искористат.

Евентуален проблем може да претставува само тоа што снегот што паѓа е многу сув, со што се отежнува неговата подготовка, но од скијачките центри се надеваат дека до утре и тоа ќе се надмине.

Ноќно скијање на Шапка, во Маврово и лизгалиште

Во зимскиот центар Попова Шапка се убедени дека сезоната ја дочекуваат подготвено.

- Уредени се скијачките стази Церипашина и Аеродром. Првата е проширена за 70 метри во должина од еден километар, а Аеродром е проширена за 20 метри во целата должина. Kупивме нов ратрак со капацитет од 20 скијачи за екстремно скијање од Јелак. Поставуваме осветлување, па така годинава ќе има ноќно скијање. Сите жичници и ски-лифтови се репарирани и извршен е технички преглед - вели Перо Димитриески, директор на Друштвото за угостителство и туризам „Попова Шапка“, додавајќи дека се задоволни оти во последните три години се зголемиле туристите од поранешна Југославија. Досега веќе им стасале резервации од Србија, Албанија и Kосово, како и три групи од Скандинавија кои доаѓаат за екстремно скијање.

Борис Стојановски од Горско-спасителната служба вели дека е добро што се враќа стариот сјај на овој центар, но треба многу повеќе инвестиции за повторно да се врати на самиот врв на ски-центри на Балканот.

- Господ дал многу, но малку се инвестирало. Во Австрија има по околу 500 километри патеки и 50 ски-лифта во поголемите центри и нема потреба од чекање редови. Знаете, денес луѓето не сакаат да чекаат многу, редиците пред ски-лифтовите ги демотивираат. Лани добар потег било што пред ски-лифтовите имало редари, па не се создавал метеж и немало влегување преку ред - вели Стојановски.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2FE59BC60935F4478036861FCCC2D1B2



Малкуу офф топик, на Шапка ноќно сикање јеееееееееClown

Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 06-Jan-2012 at 16:42
СКИ ЦЕНТАР ПОПОВА ШАПКА = ТЕШКА ИМПРОВИЗАЦИЈА

Денес ја отворив оваа скијачка сезона на Шапка. Иако времето не не послужи, врнеше снег и дуваше силен ветер, сепак желбата за скијање преовлада.
Но,..... Иако одев последниве 4 години и упорно се надевав дека работите полека ќе се оправат, впечатокот ми е разочарувачки.
Да не должам со есеи, ги синтетизирав моите впечатоци (читај минуси).
  1. Патот до горе неисчистен. Среќа зимските гуми не качија без проблем.
  2. Паркинг неисчистен. Моравме да паркираме на патот.
  3. Работниците по ски лифтовите и жичарите дојдоа на работа околу 10:00. Изгледа ги изненади снегот, па не успеале да стигнат навреме.
  4. Никој не знаеше дали воопшто ќе се пуштат патеките. Прашај ваму, прашај таму сите креваат раменици.
  5. Кога конечно во 11:00 тргна Тетекс, човекот на карти не сакаше да даде полудневна. Тие важеле од 12:00. ?!? Значи ако не е 12:00 неможеш да купиш полудневна. На прашање што работи, вика само Тетекс и можда Аеродром. Купи карта (дневна, 900 ден.) ама на твоја одговорност. Јас после не враќам пари. ЦЕЛА КАРТА за 1 ски лифт?? Кога пробавме да му објасниме дека неможе цела карта за 1 лифт, свативме дека со полуписмен неможеме да се разбереме. Јави се на Цвете, ни вика. А кој е Цвете? Некој шеф.
  6. Го добивме Цвете, му објаснивме што бараме, па по мало натегање добивме можност да купиме полудневна. Кога виде карташот дека сепак ќе добиеме полудневни карти на 45 мин. до 12, вика дај ситно, немам ситно. АМАН.... Демек, сега ќе не услови со ситно, он да биде во право. Нема да не биде, дефинитивно.
  7. Пред нас, нормално на тие што збореа албански (ај да бидам политички коректен, мада према мене никој не беше) им продаваше карти од 100 ден. Кога го прашавме за што е таа карта, карташот вика за 1 возење. Му викаме, ти стварно веруваш дека само еднаш ќе се пуштат? Вика, да, да ќе видиш. Како не, сигурно.
  8. Патеката = катастрофоа. Камења и трева прогледани. Неистапкана, мизерија. Скијаш  на свој ризик.
  9. На ски лифтот пред секое качување, типци од некоја агенција за обезбедување ти бараат карта. Ама стварно на секое пуштање. Ако толку им сече паметот, нека направат барем електронски карти. Ако знаат што се тоа. А картата изгледа мизерно. Парче картон, додуше пластифицирано, со испишани денови и месеци. Со ножица типот го пресече бројот 6 и месецот I. Демек ти важи картата за 6. јануари. Ахххх, мизерно.
  10. На единствената патека поголемко куче трча по скијачите и им се с'ска. Никој ништо не превзима, само си се смејат давачите на шипки за ски-лифт.
  11. Ски-лифтот е приказна за себе. Добив бесплатно тормозење на гениталии.

Со 2-3 нови ратраци и се друго од пред 30 години нема шанса да ја биде Шапка. А со односот на вработените само оди назад. 

Мизерија и тешка импровизација. Ова се моите впечатоци. Луѓе, освестете се. Неможете вака. Нема ни асален хотел, ни ресторан, ама прво средети си ги патеките, лифтовите, луѓето.

Шапка друг пат = не верувам.

Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 08-Jan-2012 at 10:38
Na sapka i treba najmalce 5 godini za da mozeme da kazeme bilo sto ubavo )) se e toa trudno, denes rabotili utre ne se znae, dali ke raboti ili koga ke proraboti... Vaka biloo i pred 30 godini i sega e isto ili pak polosoo ))
Se sto ima na SApka e prirodata daden od gospod...


Edited by Portal - 08-Jan-2012 at 10:41
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 08-Jan-2012 at 11:07
Po gore procitanite tekstovi od vesnici prosto zalosno e koga nekoj sto go esapime za ozbilna licnost ili faktor ke tropne tolku mnogu gluposti na edno mesto... Pa da rusis postoecki objekt bidejki ne ti e rentabilen nesum go cul dosega... nemal 300 lezajii veli konsultantskata firma, mesto na nejze da i "plakaat" da vlozele vuste nekoj lift... a inace, ako ne ti e rentabilen prodajgo nekomu komu ke mu bide rentabilen )) Nitu ima nesto napraveno za nokno skijanje , nitu pak toa e najvazniot problem zasega na centarot. Prvo treba da se sozdadat osnovnite uslovi za dnevno skijanje, vcera duvnalo veterce denes seuste ne mozat da se opraat i ne seznae dali ski liftovite voopsto ke prorabotat. Ps: Veterot prestana da duva nokeska...
A praznici se zamislete kolkav bi bil brojot na gostite koi bi bile denes na Sapka koga bi bile spremni... vaka normalno deka nema da im bide rentabilno nisto ne hotelite. Hotelite i restoranite se osnovnite nesta, sto ke gi zadrzat gostite, tie seuste ne mu se rentabilni a toj sakal da prai katni garazi i carsii brrrreee...
Ucime amjko karajme kako da ne se isplacam na ovie gluposti.

Edited by Portal - 08-Jan-2012 at 11:19
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 11-Jan-2012 at 10:21

Попова Шапка на генерален „ремонт“

 

По долги години застој туристичкиот и скијачки центар Попова Шапка оди на „генерален ремонт“. До 2015 година таа етапно ќе прераснува во мега – центар, наменет главно за клиентелата од европските и други држави во светот

 

Како главен инвеститор на проектот се јавуваат државните електрани на Македонија „ЕЛЕМ“.

Зошто? – го прашавме Димитар Танурков од менаџментот на оваа електроенергетска компанија. Тој вели:

„Електрани на Македонија’ ја имаат како свое друштво ’Попова Шапка’ и поради зголемувањето на профитабилноста на неговото работење ’ЕЛЕМ’ презема мерки во насока на развој на истоимениот туристички центар. Се очекува дека со тој развој ќе треба да остварува приход, за да може самиот центар и тоа друштво да работаат со профит.“

Мини – вештачко езеро, заради производство на вештачки снег

Перо Димитриевски, директорот на Друштвото „Попова Шапка“ во состав на „ЕЛЕМ“, конкретизира со бројки:

„До 2015 година треба да се вложат од 60 – 80 милиони евра. Прво, треба да се постават две жичници: една четвороседна и една шестоседна. Потоа, да се направи катна гаража во 2012 година, во која во првата фаза ќе треба да се Перо%20ДимитриевскиПеро Димитриевскиинвестираат од 15 – 25 милиони евра. Во текот на викендите има до околу 3 илјади скијачи дневно. Со тие вложувања планираме да стигнеме до бројката од 15 илјади скијачи дневно. Проектот содржи замисла да се изгради и едно помало вештачко езеро, кое ќе служи за производство на вешталки снег, во ситуации кога го нема природниот.“

Танурков нагласува дека  развојниот проект за Шапка треба да биде изготвен до пролетта во 2012 година, но и оти во меѓувреме веќе се започна со првите поситни вложувања:

„Проектот сметаме дека ќе биде затворен во февруари, или во март 2012 година. Во меѓувреме, се преземаат инвестиции од помал обем, за да може сезоната да се продолжи. Направена е хомологација и проширување на патеката ’Церипашина’. Реновирани се хотелите, поставивме осветлување на една од патеките, за да има и ноќно скијање. Со главниот проект се предвидува санација и ревитализација на хотелите ’Славија’ и ’Попова Шапка’, проширување на обемот на нивното работење и воведување нови услуги, својствени за познатите светски центри – спа, фитнес и друго. Со повисоката категоризација на двата хотела ќе се изврши зголемувањето на бројот на 275 – те легла, колку што имаат вкупно во овој момент. Пристапуваме кон анализа: дали е потребна санација на хотелот ’Славија“, можеби доградба на депанданси кон него, или градба на сосема нов, трет хотел.“

Дали Шапка треба да се „резервира“ само за побогатата и елитна светска клиентела?

Димитриевски заклучува:

„Во наредните години Попова Шапка ќе започне да изгледа каква што била порано, значи, да се вклучува во системот на врвни скијачки центри, посебно на Балканот, затоа што ги има своите квалитетни патеки и периодот со најмногу сончеви денови во текот на зимата.“

Сепак, наспроти овие амбициозни планови и инвестиции, остануваат предупредувањата на експертите за туризам дека не треба да се форсира само елитниот зимски туризам, туку и оној масовниот, за луѓето на кои не им требаат екстремно скијање, ниту хотели од „А“ категорија. Туризмолозите се категорични дека е потребна агресивна туристичка пропаганда за секој планински центар, кој сака да се најде на мапите на европските туроператори. Попова Шапка во последниве години има околу 10 илјади ноќевања во зимската сезона, со гости од Косово, Македонија и Албанија. Ќе се успее ли да се достигне, па дури и да се надмине 1985 – тата, кога имаше 50 илјади ноќевања со гости и од Данска, Холандија, Белгија и Луксембург?

http://www.dw-world.de/dw/article/0,,15657852,00.html

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 25-Jan-2012 at 16:02

Охридското село Куратица прераснува во ски-центар

Охрид, 25. јануари 2012 (ИНПРЕС)
извор: Супер радио фото: Супер радио

Додека другите само зборуваат, ветуваат и добиваат мандати на празни ветувања дека Галичица ќе стане ски центар, жителите на малото село Куратица крај Охрид „работат на случајот“ и тоа сериозно, јавува охридското Супер радио.

Најпознати по карневалот кој секоја година го приредуваат за празникот Василица, жителите на ова село се обидуваат максимално да ги искористат убавините на природата околу нив.

По подолга процедура, селото Куратица конечно доби ратракот, машината за подготовка и одржување на рекреативната скијачка патека.

Машината ја помина царината и е на пат за Куратица, вели Горан Ангелоски, претседател на Месната заедница во Куратица.

- Ратракот е од производителот „Фенд“ и е набавен од Швајцарија, а деновиве ги завршуваме заринските формалности, по што ќе биде пренесен во селото. Неговата примарна намена е за подготовка и одржување на рекреативната патека за скијање. За истата оваа цел, наскоро треба да пристигне и ски лифт, со што се надеваме дека Куратица полека ќе прерасне во вистински мини зимски ски центар, вели Ангелоски.

Селото е на пат да понуди многу во поглед на услугата на гостите, кои покрај прекрасните предели, наскоро ќе имаат и комплетна понуда.

- Ние не претендираме да прераснеме во огромен скијачки центар како терените во Маврово и на Попова Шапка, но жалосно е кога ги имаме сите предуслови, да не изградиме ски-лифт, додаваат од месната заедница.

Следната година се очекува да биде монтиран и ски-лифтот но и тоа, е сложена процедура зашто ќе се набавува од странство.

Куратица кое е оддалечено на околу 25 километри од Охрид се наоѓа на 1.300 метри надморска височина. Жителите се надеваат дека ова село ќе прерасне во вистинска зимска туристичка атракција, а една од предностите е што е блиску до Охрид, но и до останатите градови од овој регион. (Крај)

http://daily.mk/cluster3/fe4b819aa22469ea4643fb7cf46b9562/1111267/ohridskoto-selo-kuratica-prerasnuva-vo-ski-centar

Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 09-Feb-2012 at 12:25
Датум: 08.02.2012, 18:07

СKИЈАЧKИОТ ЦЕНТАР ЗА ТРИ ГОДИНИ СО НОВ ЛИK

Австријци ќе ја дотеруваат Попова Шапка


Државната енергетска компанија ЕЛЕМ, која го стопанисува ски-центарот, склучи договор со фирмата „Екосајн Европа“, која во следните осум месеци треба да изработи мастер-план за развој на Попова Шапка


Изградба на жичница-шестосед, две нови скијачки патеки, нов хотел на местото на постојниот објект „Попова Шапка“, четири бачила наменети за одморање на посетителите, катна гаража, се само дел од новите содржини што во следните две-три години ќе ги понуди скијачкиот центар на Шар Планина.

Центарот Попова Шапка треба да го добие новиот лик до 2015 година. Студијата за тоа како треба да изгледа и како најефикасно да се искористи целиот простор ќе ја прави австриска консултантска компанија. Државната енергетска компанија ЕЛЕМ, која го стопанисува ски-центарот, склучи договор со фирмата „Екосајн Европа“ која во следните осум месеци треба да изработи мастер-план за развој на Попова Шапка. Се работи за обемна студија која, меѓу другото, ќе содржи и технички испитувања и анализа на локацијата, совети за уредување на земјиштето, просторно планирање и архитектонски услуги за уредување на центарот. Според договорот меѓу ЕЛЕМ и „Екосајн Европа“, објавен на интернет-страницата на Бирото за јавни набавки, изработката на студијата ќе чини околу 233.000 евра.



Амбициозен инвестициски план

Раководството на скијачкиот центар за оваа и за следната година најавува амбициозен инвестициски план за модернизирање на Попова Шапка. Се планира изградба на нова жичница-шестосед, која ќе се протега од скијачката патека под хотелот „Тетекс“ до месноста Ге. Во план е да се изградат и две нови скијачки патеки на Церипашина во должина од 7 километри. Паралелно со тоа ќе се гради нов хотел на местото на сегашниот „Попова Шапка“, кој ќе се урива, како и катна гаража. За одмор на посетителите планирана е изградба на четири бачила, од кои најголемото ќе има капацитет од околу 400 лица и ќе биде сместено на Ајдучка Рамнина.

- До 2015 година предвидени се 60 милиони евра инвестиции со кои Попова Шапка повторно ќе биде во самиот врв на зимскиот туризам на Балканот. Kакви предности нуди овој центар доволно зборува фактот што највисоката точка за скијање на Kопаоник е 1.900 метри, на Маврово 1.780, додека на Шапка е 2.610 метри - вели Перо Димитриески, директор на Друштвото за угостителство и туризам „Попова Шапка“.

Засега с` уште не се знае кој ќе ја финансира модернизацијата на ски-центарот, дали државата или пак тој ќе биде понуден на странски инвеститор. Природните поволности што ги нуди овој скијачки центар, но и неговата атрактивност, веќе им паднаа в очи и на британските инвеститори. При неодамнешната посета на принцот Мајкл од Kент на земјава, претставници на британската бизнис-група во Македонија ја изложија идејата Маврово и Попова Шапка во догледно време да се поврзат во единствен туристички центар. Тој зиме би се користел за скијање, а лете за маунтин-бајк и други спортови. Британците се заинтересирани да вложат во изградба на хотели и на други придружни објекти.



Се враќа стариот сјај

Раководството на центарот, но и посетителите, се согласни дека Попова Шапка го враќа стариот сјај, за разлика од периодот од 2001 до 2006 година кога целосно го изгуби чекорот со другите скијачки центри. Посетителите и планинарите сметаат дека доколку се реализираат најавените инвестиции, Шапка ќе биде врвен зимски туристички центар.

- Во моментов Попова Шапка е добра за домашен туризам, но не и за светски. За нешто повеќе пари во ски-центрите во Бугарија или Србија добивате многу повеќе. Природата дала многу, ски-патеките се врвни, но недостигаат инвестиции - смета Јован Божиноски, претседател на Планинарскиот клуб „Љуботен“.

Тој додава дека двајца новинари од Франција од специјализиран магазин за зимски туризам заминале презадоволни од природните убавини на Шар Планина, но тука завршува с`.

- Потребени се врвен менаџмент, инфраструктура, паркинг, алтернативни услови за забава, како и добра реклама - вели Божиноски.

Борис Стојановски од горско-спасителната служба, кој воедно е и претседател на планинарскиот клуб „Јелак“, има слични забелешки. Тој смета дека актуелното раководство успева да го врати сјајот на Попова Шапка, но требаат многу повеќе инвестиции за повторно да се искачи на врвот на Балканот.

- Господ дал многу, но малку се инвестира. Во Австрија има по околу 500 километри скијачки патеки, 50 ски-лифта во поголемите центри и нема потреба од чекање редови. Денеска луѓето не сакаат да чекаат многу, редиците пред ски-лифтови ги демотивираат - вели Стојановски.

Според него, потребни се повеќе патокази на патеките за нивна класификација, како и повеќе безбедносни мерки - обложување на столбовите, мрежи покрај карпестите предели.

- Нема киосци за брза храна, ресторани на крајните точки од ски-лифтовите, ноќен живот за младите и алтернативни начини на забава. Потребно е да се класифицираат патеките, да се знае која е за сноубординг, која за почетници, а која за деца со санки. Вака се создава голем хаос, што е лошо за безбедноста. Потребно е постојано да има лекар во центарот за да им даде помош на гостите - вели Стојановски.

Од неговото повеќегодишно искуство како член од горско-спасителната служба, која волонтерски и бесплатно им укажуваа прва помош на повредените скијачи, најчести повреди се скршеници на екстремитети. Главен проблем, според Стојановски, е што скијачите си ги преценуваат можностите, поради што настануваат повредите.



Даница ТУНТЕВСКА

Илчо ЦВЕТАНОСКИ
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DFBB626E474B4F4DAFCD6FFE7C554A75
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 23-Apr-2012 at 20:37
Датум: 23.04.2012, 13:02

(ФОТО) Во катастрофална состојба патот кон ски-центарот „Кожуф“

Одронати камења, карпи, свлечена земја, раскопан асфалт е сликата за патот што води кон ски-центарот „Кожуф“, а од чија изградба не помина ниту една година и не е извршен технички прием. Движењето по патот е повеќе од ризично.

Фото: Светлана Дарудова
#
http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=7654BF09A845FA419E7226A3121D040D
23ka.wordpress.com
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 08-Aug-2012 at 21:12

МЕПСО ќе гради сноу-борд патеки

среда, 08 август 2012, 17:53

Државната компанија за пренос на електрична енергија ќе гради терени за зимски спортови. Според тендерите објавени деновиве, МЕПСО бара изведувач на објекти планирани за Крушево и за Осогово а за националниот парк Галичица изработувач на студија.

- „Во ски-центрите Пониква и Крушево ќе се градат сноу борд паркови, ќе се постават машини за вештачки снег (водени топови) и осветлување на патеките. За Галичица ќе се прави физибилити студија и мастер план за да се утврди дали има економска оправданост за изградба на ски парк“- велат од МЕПСО.

Колку пари ќе чинат проектите ќе се знае кога тендерите ќе завршат. Од енергетската компанија уверуваат дека патеките и студијата нема да ја зголемат цената на струјата.

-„ Инвестициската програма е одобрена од Владата, во чија сопственост е АД МЕПСО. За овие инвестции МЕПСО има обезбедено финаниски средства од досегашното работење. Овие активности нема да предизвикаат зголемување на трошоците ниту МЕПСО ќе бара корекција на тарифата што ја добива од РКЕ.“- одговорија од МЕПСО

Причината што државната енергетска компанија финансира терени за зимски спортови, од МЕПСО го објаснуваат со нивната општествената одговорност. Проектите биле дел од инвестициската програма за јавен интерес.

Александар Димитриевски


http://www.time.mk/read/NONE/15b0061638/index.html

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 13-Sep-2012 at 23:20

Власта се мисли Шапка да стане „Мега атрактивен ски центар“

800px-Popova-Shapka-Panoramic-View
Прочитано: 249

Комитетот за туризам при Владата денеска на седница го разгледа напредокот во реализација на проектот Мега атрактивен ски центар Попова Шапка.

Од Владата информираат дека за реализација на проектот за модернизација и развој на скијачкиот центар Попова Шапка, АД ЕЛЕМ има потпишано Договор за изработка на мастер план студија со консултантската компанија Ecosign Europa Mountain Recreation Planners GmbH од Австрија.

Целта на мастер планот, што треба да биде готов за еден месец, е да подготви техничка проценка на природните ресурси на теренот предвиден за модернизација, односно изградба на Мега атрактивниот ски центар Попова Шапка.

Комитетот за туризам расправаше и за создавање на Национална асоцијација на македонски винарии, потоа за можноста за посета на ловните капацитети од страна на туроператори од Италија кои би помогнале во развој и  промоција на ловниот туризам, како и за отпочнување на постапката за градење на нови сместувачки капацитети со „планинска конотација“, односно мали хотели и апартмани на локации како Пониква, Берово, Крушево, Галичица, Голак, Пехчево, Вевчани, Лазарополе, Смоларски водопади, Галичник, Тресонче, Радовиш и Гари.

Воедно, Комитетот за туризам расправаше и за Стратегијата за медицински туризам, за развојот на новите форми на туризам во националните паркови, како и за проектот за изградба на планинарски  велосипедски патеки, за што беа донесени заклучоци за отпочнување со нивна реализација.

http://www.libertas.mk/%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%BB%D0%B8-%D1%88%D0%B0%D0%BF%D0%BA%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B5-%D0%BC%D0%B5%D0%B3%D0%B0-%D0%B0/
Back to Top
TDT View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 31-Aug-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote TDT Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 21-Oct-2012 at 14:59

Попова Шапка
Маврово
Пелистер

Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 05-Nov-2012 at 14:58
Како љубител на скијањето ја отварам темава бидејки летоска бесе најавена изградба на нови хотели и русење на постојните со доградба на хелиодроми паркинзи и проширување на стази. Applause
 
Дали има воопсто несто направено или тоа беше само ...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.209 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.