build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ски центри (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 6789>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2020
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 30-May-2021 at 12:04
"Село мое лепше од Париза". Селски менталитет, мора у секоја паланка да има аеродром, автопат, а по ново еве сега, и ски-центар! Бадијала фрлени пари, уште една Кожуф приказна. На радиус од 2h возење има Банско, Боровец, Попова Шапка, Маврово, Копаоник. Да не зборам за Пониква што е на 15км воздушна линија и веќе има стабилна основа за развој во поголем ски центар.
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 05-Sep-2021 at 23:49
carevi se bez konkuencija se, gi nema na svetov slicni na niv... ke praat vaka uste seski lizgalista kade ke vrabotat partiski debili koj sto ke mu go rasplacat mameto na lizgalisteto...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 30-Oct-2021 at 14:52
ЛУКСУЗНИ СКИ ЦЕНТРИ ЦЕНТРИ НА ЈАБЛАНИЦА, БУШОВА ПЛАНИНА И КАРАЏИЦА: Проект вреден 800 милиони евра најави Агенцијата за странски инветсиции

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Дејан Павлески на денешната прес конференција информираше за, како што рече, еден од најголемите и најграндиозни проекти што се планирани од нивна страна, а на овој проект работеле подолго време Даниеле Костантини, експерт од Италија со над триесет годишно искуство во креирање на планински и ски ресорти ширум светот.

-Во изминатите 6 месеци направивме сеопфатни анализи за потенцијалите на нашата земја за развој на целогодишниот туризам, со особен фокус на зимските спортови, па со гордост можеме да го презентираме пред вас и јавноста. Република Северна Македонија има потенцијал за изградба на три нови луксузни ски центри по сите светски стандарди на Јабланица кај Струга и Вевчани, Бушова планина кај Крушево и Македонски Брод и Караџица во Сопшиште и Студеничани. Тоа се локации кои имаат одлични природни предиспозиции и соодветна инфраструктура. Развојот на овој проект ќе ја промовира Северна Македонија како врвна ски дестинација со конкурентни цени на скијачкиот пазар, во споредба со регионот и со меѓународните конкуренти. Станува збор за проект кој има главна цел да го стимулира и да даде силен импулс за развој на домашниот туризам и економија и да ги „отвори вратите“ за љубителите на природата и авантуризмот, како од Европа, така и од целиот свет. Идејата е овие нови туристички центри да можат да се користат од страна на посетителите во текот на целата година, а не само во зимските месеци. Прелиминарните проценки се дека овој проект би чинел помеѓу 700 и 800 милиони евра, опфаќа изградба на три нови туристички села на овие три локации кои би содржеле вкупно 16 луксузни хотели со четири и пет ѕвезди, ресторани и околу 130 планински куќи со капацитет од над 5000 легла, понатаму жичарници, ски лифтови, над 180 километри алпски скијачки патеки, велосипетски и авантуристички патеки, истакна Павлески

Нагласи и дека Агенција активно ќе работи на промоција на овие проекти со цел во најскоро време и да се реализираат.

Во наредните неколку месеци ќе ги презентираме и на светскиот настан ЕКСПО 2020 во Дубаи, а веќе остваривме прелиминарни контакти кои набрзо ќе резултираат и со директни презентации. Јас верувам во успехот на овој проект, бидејќи сите негови аспекти од искористување на природниот потенцијал и соодветната инфрастуктура се исполнети. Доминантната изложеност на исток, присуство на вода и на езера на голема надморска височина, присуство на снежна покривка помеѓу 1200 и 2200 метри во текот на близу 140 дена во годината, како и лесната пристапност и двата меѓународни аеродроми во непосредна близина се огромна предност и тешко се наоѓаат сите заедно на едно место во повеќето актуелни туристички места и во Европа и на други места во светот, рече Павлески.

https://faktor.mk/luksuzni-ski-centri-centri-na-jablanica-bushova-planina-i-karadzica-proekt-vreden-800-milioni-evra-najavi-agencijata-za-stranski-invetsicii
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Online
Posts: 1408
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 30-Oct-2021 at 14:57
Originally posted by stef4o

ЛУКСУЗНИ СКИ ЦЕНТРИ ЦЕНТРИ НА ЈАБЛАНИЦА, БУШОВА ПЛАНИНА И КАРАЏИЦА: Проект вреден 800 милиони евра најави Агенцијата за странски инветсиции

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Дејан Павлески на денешната прес конференција информираше за, како што рече, еден од најголемите и најграндиозни проекти што се планирани од нивна страна, а на овој проект работеле подолго време Даниеле Костантини, експерт од Италија со над триесет годишно искуство во креирање на планински и ски ресорти ширум светот.

-Во изминатите 6 месеци направивме сеопфатни анализи за потенцијалите на нашата земја за развој на целогодишниот туризам, со особен фокус на зимските спортови, па со гордост можеме да го презентираме пред вас и јавноста. Република Северна Македонија има потенцијал за изградба на три нови луксузни ски центри по сите светски стандарди на Јабланица кај Струга и Вевчани, Бушова планина кај Крушево и Македонски Брод и Караџица во Сопшиште и Студеничани. Тоа се локации кои имаат одлични природни предиспозиции и соодветна инфраструктура. Развојот на овој проект ќе ја промовира Северна Македонија како врвна ски дестинација со конкурентни цени на скијачкиот пазар, во споредба со регионот и со меѓународните конкуренти. Станува збор за проект кој има главна цел да го стимулира и да даде силен импулс за развој на домашниот туризам и економија и да ги „отвори вратите“ за љубителите на природата и авантуризмот, како од Европа, така и од целиот свет. Идејата е овие нови туристички центри да можат да се користат од страна на посетителите во текот на целата година, а не само во зимските месеци. Прелиминарните проценки се дека овој проект би чинел помеѓу 700 и 800 милиони евра, опфаќа изградба на три нови туристички села на овие три локации кои би содржеле вкупно 16 луксузни хотели со четири и пет ѕвезди, ресторани и околу 130 планински куќи со капацитет од над 5000 легла, понатаму жичарници, ски лифтови, над 180 километри алпски скијачки патеки, велосипетски и авантуристички патеки, истакна Павлески

Нагласи и дека Агенција активно ќе работи на промоција на овие проекти со цел во најскоро време и да се реализираат.

Во наредните неколку месеци ќе ги презентираме и на светскиот настан ЕКСПО 2020 во Дубаи, а веќе остваривме прелиминарни контакти кои набрзо ќе резултираат и со директни презентации. Јас верувам во успехот на овој проект, бидејќи сите негови аспекти од искористување на природниот потенцијал и соодветната инфрастуктура се исполнети. Доминантната изложеност на исток, присуство на вода и на езера на голема надморска височина, присуство на снежна покривка помеѓу 1200 и 2200 метри во текот на близу 140 дена во годината, како и лесната пристапност и двата меѓународни аеродроми во непосредна близина се огромна предност и тешко се наоѓаат сите заедно на едно место во повеќето актуелни туристички места и во Европа и на други места во светот, рече Павлески.

https://faktor.mk/luksuzni-ski-centri-centri-na-jablanica-bushova-planina-i-karadzica-proekt-vreden-800-milioni-evra-najavi-agencijata-za-stranski-invetsicii


Предизборна агитация или реална инвестиция???
Знаете што значи 800 милиона евра . Во сите български зимни курорти нема вложено толкова много пари .
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1127
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 30-Oct-2021 at 15:36
Реална е, гледаш веќе оствариле контакти, а и на саем ќе идат. За година дена скијаме во Вевчани.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 30-Oct-2021 at 17:42
За Караџица изгледа мислат на земјениот пат до планинарскиот дом како соодветна инфраструктура
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 14-Nov-2021 at 15:19
РЕАКЦИИ ЗА ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈАТА ЗА ИЗГРАДБА НА ЛУКСУЗЕН СКИ ЦЕНТАР НА ЈАБЛАНИЦА



Најавата за изградба на ски центар на Јабланица со десет хотели ги разгоре ставовите меѓу властите и граѓанските активисти во Струга. Градоначалникот Мерко вели ова е многу значаен проект за Струга и регионот.

„Се започнува процедурата за изградба на скијачки центар на Јабланица. Оваа е важен процес за нашата општина затоа како градоначалник во следните чекори ќе ги консултираме невладините организации, месните заедници, бизнис секторот и сите други засегнати страни" - вели градоначалникот Мерко.

Но, граѓанските активисти од старт се на ставот дека изградбата на ваков голем комплекс ќе биде штетен за планината и природата.

Информацијата е дека вкупната инвестиција за Јабланица би била околу 320 милиони евра. Должината на скијачките патеки е предвидено да биде 85 километри, 21 километар скијачки лифтови и два резервоари каде ќе се произведува снег. Предвидено е изградба на 10 хотели, од кои шест би биле со четири ѕвезди, а другите по пет.

И претходно низ годините имаше најави за ваков проект на Јабланица но досега не се имплементира.

https://24.mk/details/reakcii-za-fizibiliti-studijata-za-izgradba-na-luksuzen-ski-centar-na-jablanica
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 24-Nov-2022 at 18:35
ЗА ПОПОВА ШАПКА СЕ ПОТРЕБНИ МНОГУ ПАРИ, АМА И ПОДОБАР ПЛАН Експерт ги открива слабостите на Мастер планот и предлага решенија (АНАЛИЗА)

Само првата фаза од реализирањето на бизнис-проектот за развој на скијачкиот центар Попова Шапка ќе чини повеќе од 55 милиони евра, вели за Плусинфо Агим Авзиу, директор на „Елемтурс“, откако пред некој ден министерот за животна средина Насер Нуредини најави дека странски инвеститор ќе вложи 50 милиони евра во скијачкиот центар како стратешки партнер.

Најавено беше и дека инвеститорот ќе биде познат за неколку дена. Плусинфо се обиде да дознае за кого станува збор. Се што можеше да ни каже висок владин функционер е ова – голем европски конзорциум.

„Инвеститорот е сериозен, ама уште не смееме да кажеме кој е“

Судејќи според изјавата на Авзиу, инвестицијата ќе биде повисока од спомнатите 50 милиони евра, бидејќи се предвидени 6 фази.

„Инвеститорот е сериозен и моментално сме до процесот на негово прогласување за стратешки инвеститор, по што ќе биде претставен на јавноста“. Но, освен оваа изјава на Нуредини и денешната на директорот на „Елемтурс“, одговорните институции досега не кажуваат ништо повеќе за големиот инвеститор.

Авзиу тврди дека многу брзо ќе се обелодени името на приватниот партнер на државата за преобразбата на Попова Шапка во светски ски-центар, но тој не може да го каже, ниту пак може да каже од која земја потекнува. Тврди дека станува збор за сигурен партнер за реализација на проектот, кој во моментов управува со повеќе европски ски-центри.

– Во првата фаза ќе има најмногу вложувања, бидејќи во неа е целата инфраструктура на центарот, сите жичарници, хотелите, патеките, како и изградбата на сите потребни објекти, кои ќе му дадат изглед на светски ски-центар. Дополнително се разговара за останатите фази, кои ќе го зголемат вложувањето – вели Авзиу.

Тој појаснува дека во разговорите со идниот инвеститор е ставено и прашањето за гондолата која го поврзува овој ски-центар со Тетово.

– И таа е дел од преговорите. Верувам ќе биде обновена, како и целата инфраструктура на жичарници и ски-лифтови – додава тој.

Што предвидува Мастер планот од 2010 година?

Продажбата на Ски-центарот Попова Шапка ја најави поранешниот премиер Зоран Заев, уште пред две години, бидејќи според него државата потфрлила во управувањето со овој туристички центар, затоа што, како што рече, „државата е лош менаџер и не ги знае сите аспекти на туристичката понуда“.

Беше нарачана и физибилити студија што ја подготви компанијата PWC, по налог на „Елемтурс“. Но, јавноста скоро и да не доби информација што предвидува таа, бидејќи јавната расправа беше речиси затворена за јавност. Од целата студија јавноста дозна дека се предлагаат три можности за продажба на ски-центарот. Во изминатите години, во изјавите на премиерите и на министрите, најчесто, како и сега, се споменуваше странски партнер кој е познат во Европа и управува со неколку европски ски-центри.

За оваа студија од иницијативата Да ја спасиме Попова Шапка се тврдеше дека не нуди конкретно решение, туку само опции и дека со овие решенија е опфатена само една третина од целиот комплекс, односно делот со кој стопанисува ЕСМ. Свој план за развој на Попова Шапка имаше и владата на ВМРО-ДПМНЕ уште во 2010 година, кога беше подготвен и Мастер план, кој требаше да почне да се реализира во периодот од 2011 до 2015 година.

Оваа илустрација најверојатно е дел од тој Мастер план.



Како што може да се види, проектот вклучува унапредување на скијачката инфраструктура, патеки и ски-лифтови, а планирана е и инсталација за вештачки снег, со што ќе се обезбеди поквалитетна и подолга скијачка сезона. Се планира изградба на нови, современи жичарници и ски-лифтови, кои ќе бидат со голем капацитет и поголема брзина и ќе ги задоволат потребите на скијачите. Планот предвидуваше и изградба на нов хотел со четири или пет ѕвезди, поголем паркинг-простор и реконструкција на постојните и изградба на нови сместувачки капацитети. Покрај тоа, беше предвидена и изградба на ресторани од типот на т.н. бачила, блиску до скијачките патеки.

Со реализацијата на овој значаен проект, Попова Шапка треба да прерасне во атрактивен планински ресорт и мегапопуларен спортско-рекреативен центар кој ќе им биде конкурентен на познатите европски скијачки центри. Но за разлика од сегашниот план ВМРО-ДПМНЕ планираше парите за вложување во овој проект да ги обезбеди АД ЕЛЕМ како сопственик на дел од објектите и приватни домашни и странски инвеститори.

Експерт за Плусинфо: Мастер планот од 2010 година веднаш да се стопира!

За Мастер планот и за идеите како Попова Шапка да прерасне во модерен ски-центар Плусинфо побара рецензија од Жарко Трпковски, претседател на ски-клубот Љуботен и долгогодишен директор на Шарпланинскиот куп, од 1994 до 2009 година. Тој е човек со големи познавања и многу контакти со експерти за проектирање и изградба на ски-центри.

– Ако е вистинита, убава и за поздравување е веста дека постои сериозен странски инвеститор спремен да вложи во развојот на Попова Шапка. Но, итно треба да се стопира натамошната реализација на Матер планот Ekosign Mounting Phasing Plan од 2010 година. Би препорачал инвеститорот да ангажира професионален, искусен проектант, кој во консултација со локалните експерти ќе направи вистинска работа за развојот на Попова Шапка. Ако тоа го можеше Копаоник, со свој ум, знаење и со свои пари, можеме и ние. Јахорина бележи уште побрз, дури експресен развој и со 80 милиони евра инвестирани за последниве 4 години, сега е ски-центар кој прв ја отвора сезоната и има 135 скијачки денови, 80% технички оснежени патеки и пораст на приходите за 12 пати. Треба и ние добро да размислиме каде ќе тераме – вели Трпковски.

При дефинирање на траекториите на жичарниците и на ски-лифтовите не е почитуван принципот на компактна целина, кој ќе обезбеди лесно преминување од било која точка (патека) на било која друга патека од скијалиштето. Не се дефинирани клучните коти (врвови, сртови), кои треба да се „освојуваат“ со жичарниците. На пример, за да се качите на Син врв (Церипашина), треба да одите со сега постоечкиот шестосед, па да се спуштите до платото над Мал Јелак, па да одите со жичарницата до Син врв. Дополнително, како ќе се качуваат посетителите нескијачи или скијачите со пониско ниво на знаење до Син врв? Како ќе се качуваат до Попова Шапка нескијачите од паркингот во Сидол? Како ќе се враќаат од Попова Шапка скијачите и нескијачите кон Сидол и кон приодниот паркинг? Преку Церипашина? Или преку жичарницата до сртот на Јелак, па пешки до горната станица на жичарницата Сидол – Срт Јелак? Како ќе се враќаат скијачите од Попова Шапка во викендиците на викенд населбата?

Мора да се бега од јужно ориентирани локации и да се оди повисоко

Ова се спорните теми поврзани со Мастер планот, за кој Трпковски вели дека мора да се напушти.

– Предвидено е во зоната од локацијата Аеродром кон релејот да се направи јазол, каде што ќе има паркинзи (бр.8 и бр.9 на мапата на илустрацијата) и од таму со 2 жичарници да ги искачува скијачите и туристите до Аеродром. Ова решение е целосно неприфатливо, од следниве причини. Прво, тоа би бил најјужен дел од скијалиштето, југоисточно ориентиран, кој никогаш досега не се користел за ништо, па дури ни за фрирајд. Прилично рамен е и неатрактивен терен. До него треба да пристига новата транспортна гондола од Тетово. Но, таа локација е целосно на периферијата на ски-центарот, најдалеку од викенд населбата и од сите други објекти, хотели, полиција, медицинска амбуланта итн. Секако, покрај жичарата траба да се направи и крак на магистралниот пат од Тетово, од месноста Голгота, кој треба да преминува преку долот на реката, претпоставувам со мост. Едноставно, ова е фрлање пари, кога имате алтернативни локации – Сидол, Шипковачки Бачила, Јелак. Тоа се извонредно атрактивни локации, со природен снег од 6 месеци, од ноември до април, до кои многу поедноставно би се изградил крак на патот. Таму всушност и постојат патишта кои се користат од мештаните за потребите во овој дел – објаснува Трпковски.

Од 1974 година наваму, проектантите и реализаторите на тогашниот развој на Попова Шапка повеќе пати правеле катастрофални грешки, со нереализираните проекти за активирање на Јелак и на другите повисоки локации, „преместувајќи“ ги предвидените ски лифтови во најјужните делови, токму на зоната околу и под локацијата Аеродром. Последниот двосед, „Св. Илија“, поставен во 1990-тите години појужно од на локацијата од најјужниот ски-лифт, е целосно промашување.

– Мора да се следат светските трендови. Во светот веќе се демонтираат ски-лифти и жичарници под 1.600 метри надморска височина и на јужна ориентација. Мора да се исправат пропустите од минатото, со освојување на повисоките падини кон Баубинова стена, Церипашина, најприоритетно Јелак и кон северните падини кон Сидол и Шипковачки бачила – категоричен е Трпковски, човек кој има големи познавања и контакти со луѓе кои проектираат ски-центри во регионот.

Најголемиот македонски туристички потенцијал заслужува повеќе

Студијата од ОЕЦД од Парис, изработена од проектантската куќа AKAU, Geneve, за скијалиштето Попова Шапка – Јелак, со ски патеки со вкупна висинска разлика од 11.000 метри, е за најмалку 18.000 скијачи. Имајте предвид дека од 1974 до денес потенцијалот е 3 до 5 пати поголем. Според пресметката во оваа студија, тоа е една третина од Цермат, локација си практично неограничена можност за развој, во сегментот ограничен со реките Пена и Боговињска река и понатаму низ цела Шар Планина.

Во 1980-тите години Попова Шапка ја посетуваа повеќе од 100.000 гости во сезона. Тоа е еден од најстар и најголем ски-центар во Македонија, кој датира уште од 1947 година. Сместен на надморска висина од 1.800 метри, се одликува со голем број сончеви денови и со снежна покривка погодна за квалитетно скијање од крајот на ноември до април. На овој потег има голем број врвови со над 2.500 метри надморска висина.

Зимско-рекреативниот центар е оддалечен 18 километри од Тетово и 53 километри од Скопје. Од Тетово води асфалтиран пат кој поминува низ попатните шарпланински села. До Попова Шапка порано можеше да се стигне и со гондолата долга околу 7 километри. Но, сето тоа веќе му припаѓа на минатиот век. Да се надеваме дека новиот инвеститор ќе донесе не само пари, туку и многу знаење и дека во консултација со локалните експерти ќе се направат вистинските потези за ски-центарот којшто претставува најголем потенцијал на македонскиот туризам воопшто.

https://plusinfo.mk/za-popova-shapka-se-potrebni-mnogu-pari-ama-i-podobar-plan-ekspert-gi-otkriva-slabostite-na-master-planot-i-predlaga-resheni-a-analiza/
Carpe diem
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 28-Nov-2022 at 20:17
kradat pari so crtanje crtezi so zaebano ime MASTER plaan
za site ovie planovi sto si davaat=zemaat u dzep od mozea bare dvokatna garaza da napravat so moznost za nadgradba za uste dva kata ponataka...

Edited by Portal - 28-Nov-2022 at 20:22
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1127
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 28-Nov-2022 at 20:54
Избран стратешки инвеститор за Ски-центарот „Попова Шапка“

25.11.2022 15:13

Италијанската компанија „ТехноАлпин“ е избран за стратешки инвеститор за Ски-центарот „Попова Шапка“. Нивниот план за развој и модернизација на постоечките скијачки терени и подобрување на примарната инфраструктура доби зелено светло на денешната владина седница.

Инвестицијата со вкупна вредност од 186 милиони евра треба да се реализира почнувајќи од 2023 година во 6 инвестициски фази.

Би имала инвестиции во два нови хотели, нови ски стази за скијање, од горната станица лево на двоседот Свети Илија предвидени се нови паркинкг места и нови пристапни патишта, исто така реновирање на хотелот Славија. Инвестиција во нов систем за вештачки снег, кој во првата фаза би ги покривал стазите Аеродром, Св. Илија, ГЕ и Тетекс, информираше Адем Авзиу.

За почеток на активностите на терен најпрво треба договорот со компанијата да помине и во Собранието.

После ова следуваат преговорите околу разјаснување на сите точки и дообјаснување на договорот со стратешкиот партнер и нашата Влада, што треба да помине во Собрание на Република Северна Македонија, вели Авзиу.

Инаку понудата доаѓа од компанија производител на системи за правење снег од Јужен Тирол, Италија. На нивната интернет страница стои дека работи од 1990 година, а има 16 подружници низ светот и повеќе од 600 вработени.

Произвеле повеќе од 120.000 снежни топови, но и други компоненти, како што се пумпните станици и софтверот, а имаат понуда на гардероба и други додатоци.

Телма

Значи на компанија за правење снег ќе и дадат еден од двата најголеми ски-центри во државата. Ако веќе не можеле во 4 очи да договорат некој ски оператор со искуство, можеа барем некој конкурс/повик да распишат кај што ќе наведат кои се минимум услови и минимум планирани инвестиции.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1127
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 01-Dec-2022 at 10:19
Ново претпријатие „Ски центар Попова Шапка“ пред да оди кај странски инвеститор

АД ЕСМ го одвои имотот на фирмата-ќерка ЕЛЕМ Турс со формирање на две нови претпријатија, од кои едното ќе го носи името Ски центар Попова Шапка Дооел Тетово, кое понатаму ќе треба да биде превземено од стратешкиот инвеститор ТехноАлпин, најавен изминатите денови од Владата.

Второто претпријатие е ЕСМ Молика, под чија сопственост е истоимениот хотел на Пелистер, чија судбина засега не е позната. И на двете претпријатија сопственик е Електрани на Северна Македонија. На Ски центар Попова Шапка за директор е назначен досегашниот прв човек на Елем Турс, Адем Авзиу, додека на ЕСМ Молика ќе биде извесен Миле Вељановски.

Авзиу за „Фактор“ вели дека очекува новоформираното претпријатие да го предаде својот имот на стратешкиот инвеститор до летото следната година, но не преку продажба, туку преку договор за концесионирање.

- Постапката на издвојување од ЕЛЕМ Турс е завршена. Следната фаза е преговарање со стратешкиот инвеститор по сите предлози. На крај, ќе се потпише договор кој потоа ќе треба да биде одобрен од Собранието. Во меѓувреме ќе работи стручниот тим на Владата, а колку што знам, имотот ќе оди на користење кај инвеститорот како концесија, ни изјави Авзиу.

Италијанската компанија „ТехноАлпин“ од Јужен Тирол е заинтересирана за инвестиции во скијачкиот центар Попова Шапка. Понудата на компанијата доби зелено светло и од Владата. „ТехноАлпин“ е најавен од Владата како лидер во производство и инсталирање на системи за вештачки снег, признат експерт за дизајн на скијачки терени и скијачки зони и со 30-годишно искуство, 16 зависни друштва низ светот и 600 вработени.

Се работи за проект тежок 186 милиони евра и истиот вклучува реновирање на постојните капацитети, поставување на систем за правење снег, проширување на постојната скијачка зона со нови објекти и патеки, реновирање и проширување на хотелите, изградба на нови хотелски капацитети, изградба на асфалтни паркиралишта, велосипедски патеки и креирање на други рекреативни активности, со што овој центар ќе доби можност да се вброи во најмодерните европски зимски центри.

Фактор
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1127
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 01-Dec-2022 at 10:25
Споменато е само реновирање на Славија, што е со Попова Шапка?

Инаку еве цени за следна сезона. Во споредба со Маврово доста ефтино, ама којзнае во каква состојба се хотеливе.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15132
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 19-Dec-2022 at 10:39
Убава анализа за потенцијалите на ски центар Попова Шапка
------------------------------------

ЌЕ ГО ОТКОПАМЕ ЛИ ЌУПОТ ЗЛАТО НА ПОПОВА ШАПКА? Скијачкиот рај ни е пред носот, само треба да го видиме

Вистинското богатство на Попова Шапка – Јелак е откриено пред половина век. Истражен е потенцијалот, испроектирани се најубавите патеки на северните падини, каде што има квалитетен снег и сезоната може да трае најдолго. Ако ја следи логиката на профитот, инвеститорот Техно Алпин ќе го „освои“ најубавото што го нуди нашата снежна убавица Шара. Оваа анализа ја објавуваме со цел да помогне за остварување на таа цел.

Какви се плановите за развој на Попова Шапка, сега откако стана познато дека италијанската компанија Техно Алпин ќе биде стратешкиот инвеститор, од кого се очекува во првата фаза на проектот да вложи повеќе од 50 милиони евра, а до крајот уште 130 милиони евра? Дали Македонија избра најдобрата стратегија за разговор со Италијанците? Какви се плановите на компанијата „Елемтурс“, која сега стопанисува со нашиот најпознат ски-центар? Може ли Попова Шапка да се модернизира и да го искористи своите огромни потенцијали?

Што сакаме ние – скијачки или излетнички центар?

За да се дојде до вистинските одговори на овие прашања и за да не страдаме пак од болката од која страда нашиот најголем летен туристички центар Охрид – фатално отсуство на развојна стратегија – клучната дилема што мора да се расчисти во главите на тие што ќе одлучуваат е што може и што сакаме ние да биде Попова Шапка. Во неколку написи, но и во неформални разговори со луѓе од владата, автoрот на овој текст има кажано дека Попова Шапка е нашиот најголем развоен туристички потенцијал и дека на оваа неверојатна планина е закопан еден ќуп од злато што чека да биде откопан. Но, ќе го откопаат само тие што навистина знаат што е зимски туризам.

Првото прашање, на кое треба да се понуди јасен и прецизен одговор, е дали сакаме Попова Шапка да ја развиваме како скијачки или како излетнички центар. Според мислењето на експерти со кои Плусинфо се консултира веќе подолго време, предност мора да имаат скијачите и ски-туризмот. Зошто? Затоа што тие се најпосакуваните гости, тие коишто трошат најмногу пари. Не случајно Австрија, земја без излез на море, е европска туристичка велесила.

Скијачот сака да има добар и лесен пристап со своето возило до скијачките терени (за тоа е спремен да плати паркинг по цена од 5 до 10 евра дневно), сака квалитетни и со вештачки снег заснежени патеки (за тоа плаќа меѓу 30 и 50 евра дневен ски-билет), сака пристоен хотел по можност со лифт до кој не мора да патува со автомобил или со хотелски шатл (сите хотели во зимските центри во овој период од годината интензивно се букираат, а за цена во принцип и не се прашува многу) и сака бачила, ресторани и забава. Излетникот, пак, којшто доаѓа на чист воздух, на сончање и евентуално на санкање, може да го помине денот и со 10 евра. Скијачот без размислување ќе потроши најмалку 50 евра и ако денот се погоди, ќе биде среќен и задоволен и ќе посака пак да дојде.

Погледнете ја ситуацијава во овој момент во ски-центрите во регионов. Во бугарските центри Боровец, Банско и Пампорово ски-сезоната сѐ уште не отворена, поради недостиг на снег и поради високите температури за овој период од годината. Високите ски-зони во Боровец (Јастребец и Маркуџик) најверојатно ќе бидат отворени за десетина дена, а домаќините се надеваат дека сите патеки и лифтови ќе бидат во функција некаде пред Нова година. Слична е ситуацијата и во Банско. Копаоник во Србија отвори минатиот викенд, но со многу ограничен капацитет. За квалитетно и безбедно заснежување на патеките со вештачки снег се неопходни извесно количество природен снег и поволни, ниски температури. А тоа сега никаде го нема.

Никаде, освен…

Кога во овој момент би имале скијачка инфраструктура на најповолната северна страна на Попова Шапка – Јелак, каде што потенцијалот е 6 патеки за смук над 1.500 метри надморска височина, во вкупна должина од неверојатни 47 километри, ние во би биле единственото место на Балканот каде што во овој момент би се скијало. Снег има, а температурите се релативно поволни. Дури и со половина од овој проектиран потенцијал, еден модерен центар Попова Шапка – Јелак во овој момент би можел да прими до 10.000 скијачи дневно (сега капацитетот е 2.000 дневно), а домаќините би млателе тешка пара. Сезоната би завршила најверојатно кон средината на април, како и во сите други модерни скијачки меки во регионот.

Гондола и „напад“ на јужната падина – погрешна стратегија!

Што значи оваа приказна, за која знае секој љубител на скијањето и од Македонија и од регионот?

Апсолутен приоритет на стратешкиот инвеститор Техно Алпин и на неговите домаќини мора да биде развојот на скијачкиот туризам. За тоа е потребно да се обезбеди комотен пристап до скијалиштата и да се „освојат“ највисоките коти и најповолните ски-патеки на северната страна (погледнато од Попова Шапка кон гребенот Церипашина, тоа се падините десно над Јелак). Тука, покрај Церипашина (2.525 метри надморска височина), стратешки важна кота е блискиот Син Врв (2.531 мнв), познат и под името Антени (на самиот врв има железни столбови и антени, од таму и второто име).

Овие патеки се испроектирани уште пред половина век. Инвеститорот, претпоставувам, ќе сака веднаш по почетните вложувања во првата фаза да почне да заработува пари, за да вложува понатаму. Тоа е логиката на профитот, а само следењето на таа логика гарантира успех во еден ваков грандиозен проект.

Но, судејќи по последниот јавен настап на Адем Авзиу, директор на „Елемтурс“, Македонија во преговорите со Техно Алпин има намера да настапи со една поинаква стратегија, форсирајќи ја реализацијата на Мастер планот подготвен во 2010 година од Ekosign. Авзиу намерите на „Елемтурс“ ги објасни во емисијата „Економски магазин“ на Алсат-М.

За жал, во спомнатото интервју за Алсат-М, директорот на „Елемтурс“ вели дека според нивните планови, приоритет за првата фаза ќе биде санација на постоечките ски-лифтови и посебно на сегашниот двосед „Св. Илија“ (на чие место ќе се подигне шестосед), две нови ски-патеки на левата страна од „Св. Илија“ кон месноста Репетитори, нови паркинзи и пристапни патишта до нив, заснежување на сите постоечки патеки со вештачки снег, два нови хотела и реновирање на хотелот „Славија“, а по можност и гондола од Тетово до Попова Шапка.

Што се однесува до гондолата, јасно е дека со инвеститорите ќе се водат многу тешки преговори, бидејќи тоа ќе биде скапа инвестиција што нема многу да им значи на скијачите. Од Тетово до Попова Шапка и сега води пристоен пат, кој во зимски услови треба добро да се одржува. Клучниот проблем на стратегијата на „Елемтурс“ е форсирањето на јужната страна на падината, од Аеродром до Репетитори, која може да биде идеална за изградба на хотелски капацитети, но не е погодна за скијање. Котите се ниски (околу 1.300 мнв), страната е јужна, а тоа значи задоцнет старт на сезоната, помалку скијачки денови, потешко заснежување на патеките со вештачки снег и поскапо одржување на патеките.

Тој концепт е целосно спротивен на трендовите за „освојување“ што повисоки коти (над 1.500 мнв) и кога за тоа постои можност, за ориентирање кон северните страни на падините, кои секогаш „држат“ поквалитетен снег до доцна во сезоната. Природата, за среќа, нашата снежна убавица Шара ја обдарила токму со такви предности. И тие предности се увидени во една студија за развој на зимскиот туризам на Попова Шапка – Јелак од 1974 година, подготвено од Студиото Акау од Женева. Во таа студија се испроектирани сите поважни патеки во овој дел од планината. Во меѓувреме, во овие безмалку 50 години, техниката драстично напредуваше, но планината не е променета. Го замоливме нашиот експерт Трпковски да ги објасни наодите во оваа студија и неговата анализа ја објавуваме на крајот на овој напис.

Што знаат фри-рајдерите, а не знаат нашите „стратези“?

Во овој момент овој ски-центар не можете ни да го најдете на мапите на познатите центри во регионот. Но, за една ретка категорија скијачи, Попова Шапка е познато име. Токму поради изобилието на квалитетен снег на високите северни падини. Тоа се фри-рајдерите, скијачите кои до највисоките коти пристапуваат со специјални возила (ратраци) или дури и пешки и потоа скијаат по необработени патеки. Најубавите патеки за фри-рајд се наоѓаат токму на овој потег, на падините од Син Врв и Церипашина кон Јелак и кон сегашното јадро на Попова Шапка.

И тука доаѓаме до најважната поента – дали е можно да се „нападне“ северната страна и тоа да се „помири“ со идеите на „Елемтурс“?Да, можно е. И тоа уште во првата фаза на проектот. После толку многу написи за Попова Шапка, врз основа на разговори со разни експерти (пред се со Жарко Трпкоски, кој и мене ми ја промени перспективата) и после многу истражување, си земам слобода да презентирам еден можен план за вин-вин решение во 5 точки:

1. Добра е идејата за оснежување на сите постоечки патеки со вештачки снег, за реконструкција на сите постоечки лифтови, па дури и за изградба на нов шестосед на местото на сегашниот двосед „Св. Илија“ на јужната падина, вклучувајќи и изградба на голем паркинг на оваа локација и пристапен пат до него. Иако, за волја на вистината, тој нов шестосед би „освоил“ кота која веќе е освоена од постоечкиот шестосед, чија изградба беше приказна за себе. Доколку инвеститорот има желба да стартува со два нови хотела, јужната падина веројатно е вистинското место за нив.

2. Еден голем централен паркинг во месноста Сидол (која се наоѓа практично на патот кон Попова Шапка, над Лисец), треба да биде почетната точка од која скијачите ќе ја освојуваат северната падина во ски-зоната Јелак. На оваа локација и сега постои мал импровизиран паркинг, од каде што во екот на сезоната, кога патот нагоре кон Попова Шапка се затвора поради преголем метеж, комбиња ги преземаат скијачите и го носат до терените. На оваа локација постои голем рамен простор, на кој може и треба да се изгради еден голем паркинг, покриен со гранулиран камен а не со асфалт (поевтино и попрактично)

3. Од паркингот Сидол еден лифт (шестосед) треба да води до превојот Попова Шапка – Јелак. Ова е втората клучна кота што мора да се освои. Од тука води патека удолу кон домот Јелак на север и удолу на југ кон сегашното централно јадро на Попова Шапка. Ова е идеално место за бачила и за друга инфраструктира за одмор на скијачите, кои потоа од тука ќе се враќаат до Сидол, скијајќи низ еден прекрасен предел.

4. Од домот Јелак кон Син Врв (врвот позади Церипашина, погледнато кон север) треба да се подигне шестосед. Оваа ски-зона треба да добие посебно име, нормално Јелак. И така како што Боровец има три зони (Ситњаково, Јастребец и Маркуџик на над 2.300 мнв), така и нашиот центар, за почеток, ќе има две зони – Попова Шапка и Јелак. Тука, од Син Врв и Церипашина кон Јелак и кон Попова Шапка, всушност, е вистинскиот скијачкиот рај што треба да се открие. Тука се најубавите патеки, од кои поголем дел ги исполнуваат критериуми и за почетници скијачи.

5. Со ваква организација, добар дел од скијачите ќе го напуштат патот од Тетово кон Попова Шапка и ќе се паркираат кај Сидол над Лисец. Помал дел ќе се упатуваат кон паркингот на јужната падина кај стартот на „Св. Илија“. Патот во продолжение, како и сега, ќе води до викенд-населбата и до почетокот на сегашниот шестосед и до седешницата кон Церипашина. Сепак, за целосно поврзување на сите патеки и лифтови, еден шестосед може да се подигне од кривината кај Воениот дом до превојот Попова Шапка – Јелак.

Во продолжение, анализата на Жарко Трпкоски на испроектираните ски-патеки и на нивните карактеристики:

Преглед на патеките за смук во ски доменот Попова Шапка – Јелаk

Патеките за смук во ски-доменот Попова Шапка – Јелак се идентификувани во „Студијата за развој на зимскиот туризам на Попова Шапка- Јелак“ (1974 година), од г-ѓа Надин и г-н Жан Итен, архитекти-урбанисти од студиото за архитектура и урбанизам Акау, Женева, на која ѝ претходи студијата „Развој на зимскиот туризам во Југославија“ (1968 година), нарачана од ОЕЦД, Париз, изработена од истата проектантска куќа, од архитектите-урбанисти г-н Е. Мишел Ре и г-н Жан Итен.

Архитектите-урбанисти од Акау, во периодот пред 1968 година, а посебно од 1970 до 1974 година, повеќе пати ги извидувале терените на Попова Шапка – Јелак, во различни периоди од годината, сами или во придружба на познавачи на масивот Шар Планина, пешки, со скии и со помош на општинските власти, со џип и со гасеничар. Овие различни извидувања и дискусиите со компетентни личности, познавачи на Шар Планина, биле основа за составување на студијата.

Потенцијалот на ски доменот Попова Шапка – Јелак е дефиниран со ски патеките со вкупна висинска разлика од околу 11.000 метри, од кои 6 патеки за смук со денивелација од близу 1.000 метри, кои ги задоволуваат критериумите на ФИС. Потенцијалот на доменот Попова Шапка – Јелак се споредува со потенцијалот на светски познатиот туристички центар Цермат, еден од нajзначајните на Алпите, чии патеки имаат вкупна денивелација 32.500 метри, од кои 11 патеки со денивелација поголема од 1.000 метри. Патеките на Попова Шапка – Јелак се една третина од Цермат, додека потенцијалот на цела Шар Планина, пак, со 100.000 метри вкупна денивелација на патеките, од кои 80 патеки со денивелација над 1.000 метри, е три пати поголем од тој на масивот Цермат.

Од горната табела може да се види дека капацитетот на патеките на Јелак учествува со скоро 60 % според висинската разлика во вкупниот потенцијал на доменот Попова Шапка – Јелак. Но, она што е уште поважно е дека патеките на Јелак се извонредни, со северозападна до североисточна ориентација, која обезбедува долготрајна снежна покривка и снег со најдобар квалитет. Долниот дел на патеките се наоѓаат во пошумени зони и се посебно пријатни во идеалните сончеви денови, но и во магловитите „бели“ денови.

Во ски доменот Попова Шапка – Јелак идентификувани се 6 патеки за смук коишто ги задоволуваат критериумите на ФИС со денивелација од 800 до 1.100 метри.

Пет патеки се во доменот Јелак и една во скијачкиот домен Попова Шапка. Стартот на 4 патеки е под Син Врв на 2.470 мнв и 2 патеки од Церипащина на 2.530 мнв. Целта на Јелашките патеки се во две заравнини, една на 1.500 и другата на 1.600 мнв.

Патеката Баубинува, која тргнува од Церипашина и се спушта до главниот истек на Попова Шапка на 1.700 мнв, е истата патека на првиот Шарпланински смук од 1947 година, со што започнува големата меѓународна репутација и традиција на Шарпланинскиот куп.

Важно е да се напомене дека во моментот кога е правена студијата, 1974 година, во тогашна Југославија немало хомологизирана патека за смук, се до Сарајево ЗОИ ’84, кога се хомологизирани 2 патеки и толку, така е до ден денешен. Во тој контекст, може да се оцени колкав потенцијал лежи во доменот Попова Шапка – Јелак. Со хомологизирање барем на една патека за спуст и една за супер џи, со врвни карактеристики, туристичкиот ски центар Попова Шапка – Јелак ќе може да организира и натпревари од меѓународна класа во сите четири алпски дисциплини.

https://plusinfo.mk/e-go-otkopame-li-upot-zlato-na-popova-shapka-ski-achkiot-ra-ni-e-pred-nosot-samo-treba-da-go-vidime/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 19-Dec-2022 at 14:29
Што предвидува планот за Попова Шапка: нови 16 скијачки патеки, сезона од над 100 денови…



Скијачки патеки, системи за вештачки снег, сместувачки капацитети, паркинзи, ски-лифтови, жичари, угостителски објекти, како и планинарски домови, предвидува планот за разој на ски-центарот Попова Шапка, што денеска на прес-конференција го претстави компанијата „ТехноАлпин“, а е одобрен од Владата. Станува збор за инвестиција вредна над 180 милиони евра.

Инвестицијата треба да се реализира почнувајќи од 2023 година и ќе се спроведува во шест инвестициски фази, од кои првата изнесува речиси 55 милиони евра.

Претставникот на компанијата „ТехноАлпин“ Немања Џого истакна нивната цел е да привлечат повеќе туристи на Попова Шапка.

Тој посочи дека планираат да направат нови 16 скијачки патеки.

– Ако се развиваат нови ски патеки тогаш мора да да имаме и нови ски лифтови и нови жичари.
Вкупно сакаме да изградиме девет нови жичари, а на почетокот би направиле две од нив.
Во правата фаза би ги изградиле системите за вештачки снег, тие се навистина многу важни, сакаме тие да бидат целосно автоматизирани и да бидат поврзани со нашиот софтвер. Тоа е многу важно за ски-центрите затоа што планираме да работиме повеќе од 100 дена на Попова Шапка, а ако сакаме да го направиме тоа тогаш ни требаат системи за правање на вештачки снег за да можеме да гарантираме отворање на сезоната на почетокот на декември и затворање на крајот на март, истакна Џого.



Тој додаде дека исто така е потребна и набавка на ратраци. Во рамки на цела инвестиција се планирани седум нови ратраци, а во првата фаза планирана е набавка на два.

– За да правиме снег потребни ни се резервоари за вода, би инвестирале во два резервоари и за зимската сезона би ги користиеле за правање вештачки снег, а во летото ќе ги користиме како летни атракции, рече претставникот на „ТехноАлпин“.



Тој нагласи дека сакаат да инвестираат и во крос-кантри скијање и дека планираат да изградат 15 километри нови стази за крос-кантри.

– Важно е на клиентите да им се дадат повеќе можности за искористување на планината. Во првата фаза сакаме да изградиме два нови спа-хотели со четири ѕвезди, а вкупно да бидат четири во целиот проект, а сакаме да ги искористиме и постојните хотели. Исто така би имале и викендици, важно е за нас да ги имаме овие викендици и тие да бидат блиску до ски-центарот, сакаме да ги имаме тие стази за почетници коишто ќе бидат блиску до овие викендици. Исто така сакаме и два планинарски домови со 160 места. Би имале и пицерија, но изградба и на ресторан каде што ќе може да се зема храна за носење. Предвидени се и паркиниг места коишто сега ги има недоволно. Планираме три нови паркинзи како и улици коишто ќе водат до новите хотели, информираше Џого.

Тој додаде дека важно е тоа туристичко место освен во зимската сезона, да се користи и во летната, па поради тоа планираат да инвеситираат и во изградба на алпски жичарници кои што ќе бидат блиску до езерата како и во нови велосипедски патеки.

Првата фаза е могу важна за нас, планираме да го изведеме тоа во периодот од 2023-2028 година, а потоа имаме уште шест фази, со што вкупно се седум фази за да се реновира целиот ски-центар Попова Шапка. Ќе имаме поврат на средствата само ако можеме да гарантираме повеќе од 100 денови за скијање, ако не ја достигнеме таа бројка тогаш може да го заборавиме повратот, тоа нема да функционира, нагласи Џого.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на прес-конференцијата во Влада наведе дека Попова Шапка е туристички центар во Република Северна Македонија што е лоциран на 1700 метри надморска височина, каде што постои можност за уживање во скијање и други зимски спортови на отворено за време на постудената сезона, како и уживање во класични летни планински спортови, благодарение на голем број патеки и планински патишта.

– Станува збор за прилично стар ски-ентар, каде првите основи започнале да се градат во текот на 50-те години од минатиот век, додека помеѓу 1970-тите и 1980-тите е изградена ски-зоната со ски-лифтови и патеки, како и првите хотели. За жал, повеќе од две децении не се инвестираше во модернизирањето на постоечките капацитети или проширување на сегашните, па поради истото, локалитетот во денешно време е застарен и заостанат, постојните ски-лифтови се застарени, нема систем за правење снег и последователно скијачката сезона е условена од временските прилики, односно, се скија само кога има обилни врнежи на снег, а скијачките патеки главно се поврзуваат без каква било адаптација на теренот, потенцираше Нуредини.

Министерот нагласи дека жичарата со градот Тетово повеќе не е употреблива и оти пристапот до ски-центарот сега е можен само со користење на возило.

Нуредини истакна дека поголемиот дел од хотелските капацитети се застарени, додека услугите поврзани со локалите за храна и пијалоци се малку достапни, а во високите планински делови нема планинарски домови.

Тој заклучи дека генерално туризмот на нашите планини, иако доживува позитивен тренд, има силна потреба од масовна преадаптација и реновирање на постоечките капацитети за да ги исполнат тековните стандарди за квалитет што ги бара пазарот, бидејќи, како што нагласи, без да го сторат тоа им прети опасност од исчезнување.

– Тргнувајќи од овие факти инициравме физибилити студија за проект за реновирање на ски-центарот Попова Шапка. Попова Шапка во едно минато време беше предизвик за врвни имиња на зимските спортови, но за жал долгогодишното неинвестирање доведе до сериозно заостанување и неискористеност на бројните можности и капацитети за развој на туризмот што го нуди овој планинарски локалитет високо вреднуван и на европско и на светско ниво. Големо задоволство беше што успеавме да добиеме сериозна понуда од страна на реномирана европска компанија од Јужен Тирол, „ТехноАлпин“ којашто е светски лидер во производство и инсталирање на системи за вештачки снег, признат експерт за дизајн на скијачки терени и скијачки зони, посочи Нуредини.

https://nezavisen.mk/shto-predviduva-planot-za-popova-shapka-novi-16-skijachki-pateki-sezona-od-nad-100-denovi/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 05-Feb-2023 at 11:28
Carpe diem
Back to Top
пеперутка16 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 02-Feb-2023
Online Status: Offline
Posts: 19
  Quote пеперутка16 Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 06-Feb-2023 at 11:45
Back to Top
bob39 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Feb-2011
Location: Amsterdam
Online Status: Offline
Posts: 51
  Quote bob39 Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 11-Feb-2023 at 11:06
Како бре не се најде еден човек со визија за Шапка!? Само со новиот шестосед оживеа целиот центар. Уште два такви, една жичара и голем паркинг би се направил огромен одскок од мизеријата во која се наоѓа центарот! Од тн. Мастерплан ништо не ми е јасно. Секако би почнал со отпуштање на цела таа багра вработена која нема врска ниту со скијање ниту со работење туку едвај чека да дојде 14:45 за да затвори!


Edited by bob39 - 11-Feb-2023 at 11:08
Трговски центри= убиство на Скопје
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 13-Feb-2023 at 20:51
ti samo sto bi pomislis da gi otpustis, oni tebe bi te otpustilee slednoto utro kade be batko pa site partisJski klanovi si imaat svoja teritorijaa ti ke si otpustaal :P
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 876
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 24-Feb-2023 at 00:06
СИСТЕМ ЗА ВЕШТАЧКИ СНЕГ ЌЕ СЕ ПОСТАВУВА НА ПЕЛИСТЕР, СКИЈАЧКАТА СЕЗОНА СЕГА ТРАЕ ЕДВАЈ ДВЕ-ТРИ НЕДЕЛИ

Глобалното затоплување со години ја загрозува и скратува скијачката сезона на Пелистер. Ако до пред неколку децении сезоната траеше по два до три месеци, последните години премија е ако има снег на ски-терените две до три недели. Од јавното претпријатие „Стрежево“, кое стопанисува со ски центарот „Ниже Поле“, велат дека ги чувствуваат последиците од климатските промени.

„Изминатите години снегот го нема и често се топи многу побрзо од вообичаеното. Во месец декември и јануари имаше релативно ниски температури речиси без врнежи. ‘Стрежево’ врши постојана проспекција на теренот и работи на санирање на последиците од овој природен феномен“, вели директорот Менде Граматковски.

Како чекор за ефикасно справување со климатските промени преку примена на еколошки иновативни решенија и технологии, претпријатието планира да набави систем за вештачки снег. Битолчани знаат дека и претходно постоеле иницијативи за вештачки снег, била започната и студија, но на терен досега не беа преземени никакви поконкретни мерки за оставрување на овој проект.

Сега ЈП „Стрежево“ започна постапка за добивање градежна дозвола за поставување систем за заснежување на ски-патеките.

„Ја завршивме процедурата за изработка на физибилити студија која даде одговор на сите прашања и ни даде конкретни насоки како да ја реализираме оваа на­ша децениска желба. Преку јавна набавка обезбедивме основен проект за систем за обезбедување на вештачки снег на скијачката патека. Со проектот за вештачки снег се дефинира ски патека во должина од 900 до 950 метри и ширина на појасот од 60 до 65 метри, со висина на снежна покривка од 30 сантиметри. Површината на патеката која ќе се покрие со вештачки снег изнесува 5.760 метри квадратни. Во моментов сме во фаза на добивање градежна дозвола. Следна фаза е јавна набавка за реализација на проектот и конечно сонот за вештачки снег на Ниже Поле од мечта да стане реалност“, вели Граматковски.

Изведбата на проектот чини 30 милиони денари (околу пола милион евра). Средствата допрва ќе се обезбедуваат. Но, менаџментот планира дел од парите за инсталација да ги обезбеди од сопствени извори, а остатокот преку Владата и нејзините институции или со користење на средства од европските фондови. Ја повикуваат и локалната самоуправа да партиципира во реализацијата на овој значаен проект за битолчани.

Позитивен аспект кој влијае врз цената на чинење на проектот за вештачки снег е фактот што „Стрежево“ располага со солидна инфрастуктурна опременост и уреденост на просторот. Ски-центарот е модернизиран, уреден, опремен со ски-лифтови со вкупна должина од 2.150 метри и капацитет од 3.000 патници на час. Посебно кога има снег, а и кога времето е сончево посетеноста е голема, се организираат и ноќни скијања и настапи на бендови.

„Во близина на ски-патеките се наоѓаат природни извори на вода, кои го задоволуваат дотокот на вода кој е потребен за поставување на систем за вештачки снег, а снабдувањето со вода на базените за производство на вештачки снег ќе биде гравитационо“, велат од „Стрежево“.

Ж. ЗДРАВКОВСКА


https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/sistem-za-veshtachki-sneg-ke-se-postavuva-na-pelister-skijachkata-sezona-sega-trae-edvaj-dve-tri-nedeli/

Edited by hcitrS - 24-Feb-2023 at 00:08
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 10-Dec-2023 at 18:42
Ќе се гради модерен ски центар на Царев врв

Истокот ќе добие модерен ски центар. Во срцето на Осоговските планини, на надморска височина од 2085 метри токму на Царев Врв, ќе се гради модерен ски-центар, кој ќе биде еден од петте најголеми ски центри на Балканот, најави министерот за замјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

За реализација на овој проект подготвена е предфизибилити студија, која идентификува развој на поширокиот дел на Царев Врв.

За 6 месеци треба да биде завршена целосната документација за изградбата на ски центарот на Царев Врв на Пониква, велат од Центарот за развој на Источниот плански регион.

Инаку, за изградба на целокупната инфраструктура првично беа наменети 120 милиони евра, но оваа пресметка повеќе не е доволна за целосна реализација на овој проект и затоа потребните средства ќе бидат повисоки од првичната пресметка, додаваат од Центарот за развој на Источниот плански регион, од каде исто така очекуваат овој проект да отвори нова шанса за развој на регионот, развој на планинскиот ски туризам, како и отворање на нови работни места, хотели и угостителски објекти.

https://24.mk/details/kje-se-gradi-moderen-ski-centar-na-carev-vrv
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 6789>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.143 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.