build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Надземни и подземни пешачки премини

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 21>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Надземни и подземни пешачки премини
    Posted: 05-Oct-2007 at 23:13
...

Edited by pbanks - 29-May-2008 at 14:55
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 05-Oct-2007 at 23:13
eve da pocneme i so ova
 

„Акцент медија“ ќе го финансира преминот кај „Лептокарија“

Ќе се гради обичен, но функционален премин, со скали и лифтови

Фирмата „Акцент медија“ ќе го финансира надземниот премин што општина Карпош уште пред две години најави дека ќе го гради во близина на ТЦ „Лептокарија“. Пешачкиот премин, кој од неодамна е предвиден со ДУП, ќе има скали и лифтови, ќе биде функционален и ни малку сличен на „Влајко“.Општината и инвеститорот допрва ќе го одберат идејното решение. Тие, при неодамнешното договарање на зделката дефинирале локалната власт само да учествува во обезбедување на потребната документација, а на товар на „Акцент медија“ да бидат финансиите потребни за изградба на преминот и неговото понатамошно одржување. Согласно со договорот, на инвеститорот на неопределено време за возврат ќе му биде отстапен рекламниот простор на преминот. Петар Ивановски, раководител на Секторот за комунални работи во Општина Карпош, вели дека засега не се утврдени роковите за почеток на изградбата на преминот, зашто се' уште не е избрано идејното решение.

„Имаме во опција две решенија, а и инвеститорот понуди едно по примерот на премини што веќе ги има финансирано и се изградени во државава. Наскоро ќе одлучиме како ќе го одбереме решението“, објасни Ивановски. Инаку, неодамна од Карпош информираа дека една од опциите е преминот да биде висечки, фиксиран на сајли врзани за столбови поставени од двете страни на булеварот. Истовремено, не беше отфрлена и можноста преминот да личи на неодамна поставениот кај ТЦ „Чаирчанка“. (Дс.Т.)

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 15-Nov-2007 at 00:48
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6436547F7DC5724FB407AC204A92B595

Во Карпош, дефинитивно, ќе се гради нов натпатник

Изградбата ќе ја финансира „Акцент медија“, а веќе е избран и идејниот проект

Општина Карпош, дефинитивно, ќе гради нов надземен премин на булеварот „Партизански одреди“, најави вчера градоначалникот Андреј Петров. Тој информираше дека 93 отсто од жителите на Тафталиџе 1 и Карпош 3 се изјасниле позитивно во анкетата, која имаше цел да ја испита волјата на граѓаните за идејата на Општината.

Заинтересираните можеа своето мислење да го остават и на општинската веб-страница на која резултатите посочуваат дека жителите се согласуваат со проектот. Петров вели дека Општината веќе договорила изградбата на преминот целосно да биде финансирана од „Акцент медија“, која за возврат ќе добие бесплатен рекламен простор на натпатникот.

„Финансиерите веќе ја започнаа процедурата за добивање градежна дозвола, односно, им дадовме извадок од урбанистичкиот план. Проценивме дека голема е веројатноста градежните работи да започнат пред Нова година, а крајниот рок за изградба ќе се дефинира допрва и во зависност од изведувачот“, изјави Петров и рече дека Општината наскоро ќе ја одбере и дефинитивната локација на натпатникот, кој според важечкиот урбанистички план е предвиден кај општинските бараки.

Инаку, општинарите веќе одлучиле натпатникот да се гради по идејниот проект на Доминика Бошкова и Владимир Петровски, кој во 2004 година учествувал на Биеналето на македонските архитекти. Начелно, новиот надземен премин ќе биде едноставен, но функционален. (Дс.Т.)


Значи прво решаваш дека ќе градиш надземен премин, па бираш идеен прект, а дури на крај решаваш за локацијата... интересен концепт Nuts
Исто така не е битно каков е постоечкиот урбанистички план, ако треба ќе си го смениме - бар тоа е лесно кај нас Bash




Edited by Cloverstack - 15-Nov-2007 at 00:50
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 15-Jan-2008 at 00:11
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=145BBA665803E140B886214E865E20B8

На Бит-пазар ќе се гради надземен пешачки премин

Преминот ќе има цилиндрична форма и ќе се изгради од лесна метална конструкција

Надземен пешачки премин ќе ги спојува Здравствениот дом „Бит пазар“ и новиот плоштад што ќе се изгради спроти аптеката „Зегин“. Надлежните од Општина Чаир го чекаат главниот проект, чие идејно решение веќе е изработено и се добиени локациските услови. Преминот ќе има цилиндрична форма и ќе се изгради од лесна метална конструкција, што ќе лежи на тврда градба која завршува со скали. Предвидени се и коси рампи за хендикепирани лица и лифтови за пренос на стоки.

„Со лифтовите од отворен тип ќе управуваат вработени лица. Под надвозникот на просторот каде што сега се наоѓа булеварската ограда ќе се изгради жардиниера со зеленило. На тој начин ќе се спречи дивото преминување на пешаците и ќе се користи преминот“, вели Изет Меџити, градоначалник на Чаир.

Во главниот проект ќе биде вклучено и осветлението на преминот, но и поплочувањето на тротоарите со павер-елементи од двете страни на булеварот „Крсте Мисирков“. Надлежните од Чаир засега не кажуваат колку ќе ги чини изградбата на надвозникот, а не го откриваат ниту инвеститорот, кој ќе менаџира со просторот што ќе се користи за поставување реклами. (Сн.К.)


Мој омилен дел:
ќе се изгради жардиниера со зеленило. На тој начин ќе се спречи дивото преминување на пешаците и ќе се користи преминот“, вели Изет Меџити, градоначалник на Чаир

Изет Меџити единствено заборави да ни каже дали мрморецот ја виткал чоколадата во фолија.



Edited by Cloverstack - 15-Jan-2008 at 00:12
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 15-Jan-2008 at 00:17
мене ми се свиѓа Thumbs%20Up. А ко за промена ми се свиѓа и идејата да се направи средишна жардинериа на тој булевар, таму навистина има потреба. Може пак ќе рипаат луѓе, ама барем нема да има толку диви премини со коли ниту пак паркирани коли и точаци со приколку во средишниот дел како што е сега.

Edited by pbanks - 15-Jan-2008 at 00:21
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 15-Jan-2008 at 00:33
    Од кај сега ова? Надвозникот на рендерот изгледа изненадувачки убаво и модерно, а фино да им текне дека постојат и хендикепирани лица во државава. А прв пат слушам за некаков плоштад кај Зегин, кој ќе биде поплочен со семоќните павер елементи.

    Ако ви текнува имаше најави за реновирање на фасадите на тие комиблоковите кај битпазар - маркетинг агенции би го финансирале тоа, а за возврат, а за возврат на неколку години на користење ќе им беше отстапен дел од зградата за рекламно пано. Не ме импресионираше идејата, ама е напредок.

( Јас само би предложил бодликава жица наместо жардиниера, навистина е единствен начин да се спречи оноа дивјаштво)
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 15-Jan-2008 at 00:41


Ла Линеа, изглеа си го утнал ова чим не знаеш за плоштадот... Или па не си го прочитал како што треба.

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=13&PID=3230#3230
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 15-Jan-2008 at 00:47
Originally posted by pbanks

мене ми се свиѓа Thumbs%20Up. А ко за промена ми се свиѓа и идејата да се направи средишна жардинериа на тој булевар, таму навистина има потреба. Може пак ќе рипаат луѓе, ама барем нема да има толку диви премини со коли ниту пак паркирани коли и точаци со приколку во средишниот дел како што е сега.


Абе и мене ми се свиѓа и сигурно ќе го користат луѓе преминот. Ама прашање е колку ќе се намалат тие што би рипале, затоа што нема да треба многу време додека се уништи препреката (зеленилото). Па после 100% ќе се постават некои даски, картони и сл. за да не се оди по земја... И така може на крај сето тоа пак да изгледа катастрофално.

Originally posted by La Linea


( Јас само би предложил бодликава жица наместо жардиниера, навистина е единствен начин да се спречи оноа дивјаштво)


За жал во право си. Плус ова важи за цело Скопје. Кај Бит-Пазар навистина владее најголемо безредие, ама воопшто сликата на целиот град на ова поле не е ни малку розова. Највеќе ме иритира намерно упорно отварање на дупки во металните огради, за да се направат вакви премини. Кога ќе ги поправат, не издржуваат ни еден ден. Веќе другот пак некој ја уништил оградата и направил премин. Bash
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 15-Jan-2008 at 00:52


па затоа и реков дека проблемот би се намалил а не би се сузбил. Сепак е тоа ствар на култура, и канал да ископаш и со крокодили да го наполниш луѓе пак ќе рипаат, тоа им е во крв. Сепак некои работи кои веќе ги набројав трајно би биле решени.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 15-Jan-2008 at 00:55
Извинете малце оф-топик, ама морав да направам споредба
Се надевам дека ќе има уште пријатни изненадувања во иднина.

Влајко: Шит



Безимениот надземен премин : Thumbs%20Up



+ Филхармонијата + Зелс зградата(поради колекторите)
             Ова ми се малкуте светли точки, морам да ги напоменам за да не паднам во тешка депресија како вчера со Кнез Михајлова и плоштадот. Извинете ме Smile


Edited by La Linea - 15-Jan-2008 at 00:57
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 15-Jan-2008 at 00:56
Влајко го сметаш за добра инвестиција?
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 15-Jan-2008 at 00:58
Previous Сум закаснил со едитот Big%20smile
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 15-Jan-2008 at 01:01
LOL


Него само да нагласам дека воопшто не навлегував во изгледот на Влајко. Мене тука ме иритира фактот што е изграден надземен пешачки премин на обична крстосница, што не оди многу едно со друго. Големината на инвестицијата е дополнителен проблем.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 15-Jan-2008 at 01:07
    Влајко беше изграден како реакција на смртните случаи на тој дел од улицата - за тоа е оправдано, не беше поради некави провидни предизборни трикови.

Ама неговиот катастрофален изглед + непрегледноста што ја нуди во летни денови кога има одблесок од стаклата, тежината на инвестицијата и како тоа сега ја оптоварува Општина Карпош која сеуште го исплаќа овој израсток - ЦРН БУМБАР Thumbs%20Down
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 15-Jan-2008 at 01:10
Џабе премин, го има подоле на јајапаша, па никој не го користи. Повеќе пректикуваат прескакање како зајци преку улица!!!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 15-Jan-2008 at 01:18
Originally posted by La Linea

    Влајко беше изграден како реакција на смртните случаи на тој дел од улицата - за тоа е оправдано, не беше поради некави провидни предизборни трикови.

Ама неговиот катастрофален изглед + непрегледноста што ја нуди во летни денови кога има одблесок од стаклата, тежината на инвестицијата и како тоа сега ја оптоварува Општина Карпош која сеуште го исплаќа овој израсток - ЦРН БУМБАР Thumbs%20Down



Памтам кој беше мотивот и како се почна со Влајко. Ама не ми е јасно како настанале тие смртни случаи... Луѓе поминувале на црвено? Возила или пешаци?

Треба да се работи на сообраќајната култура и дисциплина. Не може тие проблеми да се решаваат со премини каде што не им е местото... На семафоризирана крстосница едноставно не е баш логично да се прават надземни премини. Ај да речеме дека во градов беа прво решени сите локации каде што треба логично и реално да има надземен/подземен премин (а има еден тон такво кои што плачат за такво решавање). Тогаш можеби и ќе имаше простор да се размислува дали треба или не треба да се гради Влајко.

Ама јебига. Веќе е изграден и сега нека гледаат барем да функционира како што треба. На пример проблемот што го спомнуваш со одблесокот не смее да остане нерешен. Тоа е очигледно е грешка на архитекто. Мислам дека тоа беше нашиот „омилен“ Јован Стефановски-Жан.
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 15-Jan-2008 at 17:48
Не сум во тек со сите топици ... ако некаде е почнато со оваа тема - пренасочета ја дискусијата таму ...

Во еден од коментарите на мојот блог во врска со оваа тема дадов и едно вакво мислење:

Од ваков надвозник или подвозник - секако има потреба на тоа место ... Незнам зошто не се оди со подвозници за вакви случаи ... Подвозниците би требало да се побизнис решение каде би имало и простор за дуќани ... Во Скопје имаме само еден таков подвозник оној кај Континетал ... дуќанте таму функционираат ...

Шетајки по светот бројни се примерите каде подвозниците одлично функционираат - комбинирани со дуќани ... а да, го заборавив подвозникот кај Скопјанка ... кој функционира а и дуќаните до некаде работат ...

Сметам дека подвозниците се вистинското решение за Скопските френкфентни пешачки премини ... Или некој планира подземна железница Smiling.

волан
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 15-Jan-2008 at 17:56
Originally posted by волан

Во Скопје имаме само еден таков подвозник оној кај Континетал ... дуќанте таму функционираат ...


Има два подземни премини. Другиот е кај клучката Естекада, кај Сенич. Тој премин изгледа е ко создаден за во најмала рака да те ограбат ако пробаш да го користиш... Додуша одамна не сум го видел, можеби го средиле и осветлиле. Ама не би се кладел во таква опција.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 15-Jan-2008 at 18:30
Додека не сме се одалечиле премногу од муабетот за жардињерата, да ви кажам дека на Бул. ВМРО, кај Т-mobile, приметив некаква мрежа над некои од засадените растенијата. Веројатно се работи за обид да се спречат кражбите... Се надевам дека навистина ќе функционира. Без мрежа ќе беше подобро, ама кога во градов има толку многу никаквеци и никаквици, веројатно ќе треба и да се радуваме на вакви мерки. Во секој случај мрежата не е премногу нападна и не изгледа многу лошо. Подобро мрежа одколку опустошени жардињери. Roll%20eyes

Edited by Cloverstack - 15-Jan-2008 at 18:31
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 29-Jan-2008 at 21:16
За Влајко стварно немам коментар. Еве ми сега шанса да се изјаснам. Мислам за толку пари стварно овој проект беше непотребен.
Прво на 5 метри од Влајко има раскрсница со пешачки премин
второ за тие пари и времето потрошено можеа да направат нешто многу покорисно
и трето навистина овој проект не е исплатлив со три дуканчиња во него...
На Скопје му се потребни многу повеќе надземни и подземни премини посебно во делот кај Лептокарија.
Исто така не е лоша идејата од порано кај рекорд да се направи подземен премин.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 21>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.