build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Надземни и подземни пешачки премини

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 21>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7368
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 13-Sep-2009 at 22:28
Originally posted by Дуле

И друга работа. Ете и да се направи мост, кој ми гарантира мене дека нема некоја фрустрирана будала да се фрли од тој мост и ете ти се возиш и ти паѓа некој на хауба и после опаа го утепа човекот!!!
е ама сценарија правиш, ако сака екој под тркала ќе ти се фрли и од тротоар LOL
инаку со постот за Бисер се согласувам бидејќи јас се симнувам од автобус таму секој ден и ја преминувам улицата за да стигнам на другата страна и знам како се ствараат гужви


Edited by zabegan - 13-Sep-2009 at 22:31
Back to Top
Дуле View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 17-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Дуле Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 14-Sep-2009 at 16:29
Ама стварно гужва е ненормална, тука ми е најстраф коа возам, секогаш кочам со 10 на саат шо се вика возам да не ми претрча некој да не го удриш. Иначе мост е друга работа по гломазно вака одоздола си идеш и крај. Ама коа ќе видиш и вака со веќе постоечкиот пешачки ајде некој проага поред него, некој ги мрзи па на сред улица ти трча, ама коа полицијата не се замара да ги казнува таквите ( му земаш лична карта, доага у станица му ја даваш заедно со една убава казничка па тек тогаш ќе се стекне некоја навика) а иначе според мене преминов би бил много убаа работа
Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 14-Sep-2009 at 16:47
Originally posted by Дуле

И друга работа. Ете и да се направи мост, кој ми гарантира мене дека нема некоја фрустрирана будала да се фрли од тој мост и ете ти се возиш и ти паѓа некој на хауба и после опаа го утепа човекот!!!


Pa ako e taka daj da ne gradime ic mostovi, i tie sto gi imame da gi srusime.Crazy Koja ti e taa logika na razmisluvanje stvarno ne mozam da razberam.

P.S. Na taa isfrustrirana budala ne i treba most za da ti se frli pod kola.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 14-Sep-2009 at 17:30

О Дуле фрлаш контра дилема Smile попрво прашај колку е тоа безбедно решение за пешаците и како може да се направи истото уште побезбедно! пример на мостови врз пруга неретко сум сретнал низ свет мрежа или решетка... а за тука во случај да е преминот отворен, незнам што би било прикладно, можеби плексиглас панели!? 

за момент интересна дилема, но како што вели Кире неможеш се' да осигураш технички! но од горе паѓа пешак само доколку решил да се нурне во нов свет, што обично ретко се случува од вакви јавни премини, бидејќи на вакви места секогаш има некој кој би го спречил во ваквиот потфат, а и за ваква решителност сепак треба подолго време со оглед дека се до последниот момент, духовната борба на силите во душата трае непрестајно, односно земено лекарски - двобојот помеѓу емоциите во свеста кај биполарната личност го колеба човека во намерите до последен здив... 



Edited by Max - 14-Sep-2009 at 17:40
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 22-Sep-2009 at 12:19

Почнува изградбата на пешачкиот мост кај Бит-пазар





 

Од општината Чаир велат дека е најдобро прво да почнат ископувањата за да се утврди дали ќе се прават отстапки на темелите на натпатникот за половина до еден метар или ќе треба да се поместуваат подземните инсталации

 
 
%20  
Изградбата на натпатникот на булеварот Крсте Петков-Мисирков, кој ќе го поврзува Бит-пазар со поликлиниката, конечно ќе започне в среда, соопштуваат од општината Чаир. Оттаму велат дека треба да се прецизира поставеноста на електричните кабли и на водоводните и фекалните цевки и да почне копањето од страна на грнчарската продавница наспроти пазарот.

- Задоволни сме што конечно успеавме да се договориме со фирмата „Акцент медиа“ и фабриката „Карпош“. Инвеститорот за возврат следните 15 години на натпатникот ќе може да поставува рекламни табли, а ќе биде надлежен и за неговото одржување, како и за лифтовите. Мостот ќе биде затворен и направен од бетонска и железна конструкција, а од страните ќе има лифтови, со кои ќе им се овозможи на постарите и болните полесно да се качат на него. На средината на булеварот ќе биде поставен централен столб, а сегашниот земен премин ќе биде затворен со жардиниери, со цел граѓаните да се насочат кон надземниот премин. Градежните работи во зависност од временските услови и подземните инсталации да завршат за два до три месеци - објаснија надлежните од секторот за урбанизам во општината Чаир.

Тие додаваат дека најдобро е прво да почнат ископувањата за да се утврди дали ќе се прават отстапки на темелите на натпатникот за половина до еден метар или ќе треба да се поместуваат подземните инсталации.

Според информации од Чаир, за проектот инвеститорот обезбедил 11 милиони денари, а дополнителните трошоци ќе бидат покриени од општината.

Сé уште е неизвесно дали со изградбата на мостот ќе биде потребно да се отстрануваат трафиките што се наоѓаат спроти поликлиниката.

Од градската управа велат дека уште пред една година било одобрено сообраќајното решение за изградба на натпатникот кај Бит-пазар.

Од фабриката „Карпош“ и од фирмата „Акцент медиа“, која го инвестира целиот проект, се воздржаа од секаков коментар сé додека не почнат градежните работи.

Иако функционира клучката кај Бит-пазар и таа кај хотелот „Континентал“, сепак булеварот Крсте Петков-Мисирков е еден од најфреквентните во градот, каде што постојано има застој и се случуваат голем број сообраќајни несреќи. Граѓаните се надеваат дека со изградбата на натпатникот ќе се решат проблемите и ќе можат безбедно да поминуваат од едната на другата страна.
 
   
Автор: Р.З.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92291020558&id=14&prilog=0&setIzdanie=21793
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3886
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 05-Oct-2009 at 15:26
Previousznam sega kade se naoga
 42° 0'8.59"N
 21°26'39.96"E
ako pomine nekoj slucajno tamu neka slika ako mozeBig%20smileCool
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 05-Oct-2009 at 15:40


Тој премин одамна постои, а овој треба допрва да се изгради:

42° 0'12.03"N  21°26'24.20"E  овде некаде во оваа близина
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3886
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 07-Oct-2009 at 15:01

Се испитуваат подземните инсталации за пешачкиот мост на Бит-пазар

Кога и како ќе се гради надземниот пешачки премин преку булеварот Крсте Петков Мисирков кај Бит-пазар ќе зависи од податоците за поставеноста на водоводните цевки, електричните кабли и на другите подземни инсталации, кои се собираат деновиве. Мостот треба да ги поврзе пазарот и поликлиниката и конечно да го реши проблемот со загрозената безбедност на пешаците што сега ги користат зебрите на коловозот на овој многу прометен булевар. Од општината Чаир велат дека наскоро треба да се утврди дали ќе се прават отстапки во поставеноста на темелите на натпатникот за половина до еден метар или ќе треба да се поместува подземната инсталација.

- На теренот се вршат ископувања, а наскоро очекуваме и повратна информација од надзорните органи. Од компаниите ЕВН и „Топлификација“, како и од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, ни доставија список со познатите инсталации што се сместени под булеварот. Но мораме да имаме во предвид дека градот не е покриен со подземен катастар. Тоа може да ни направи проблем, дури и да ја направи неизвесна самата изградба на мостот. Сепак треба да ги почекаме податоците што се собираат пред да можеме со сигурност да кажеме што било - вели Изет Меџити, градоначалникот на Чаир.

Тој додава дека ако има потреба од повеќе простор, ќе се отстрануваат и трафиките до пазарот, кои се привремени објекти и може да стојат таму до реализацијата на деталниот урбанистички план. Иако не постои единствена евиденција за тоа што сé има под земја во Скопје, досегашното искуство покажува дека под булеварите обично се наоѓаат главни електрични водови или водоводни цевки, па затоа изградбата на овој мост може да биде отежната.

Според проектот, предвидено е мостот да биде од затворен тип, а од страните да има скали и лифтови за лицата со посебни потреби. Ќе биде направен од бетонска и од железна конструкција, а на средината на булеварот ќе се постави централен столб, со што сегашниот површински премин ќе се затвори со жардиниери и преку него нема да може да се одвива сообраќај. Инвеститор на објектот ќе биде фирмата за рекламни паноа „Акцент медиа“, која ќе стопанисува со него 15 години, односно ќе може таму да поставува билборди и да издава рекламен простор, а со дел од парите да го одржува во исправна состојба, пред се лифтовите. Градежните работи ќе ги изведува фабриката „Карпош“, а во зависност од временските услови и од состојбата со инсталациите, тие би требало да траат од два до три месеци


Edited by my Macedonia - 07-Oct-2009 at 15:02
Back to Top
YuGa View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 25-Sep-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote YuGa Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 10-Nov-2009 at 13:52
Срање невидено како и сите надземни премини никој нема да ги користи...прво коштаат а не се исплатливи, а второ јас барем во големи метрополи па и помали градови никаде не сум сретнал надземен премин секаде се подземни а и се попрактични и не се замараат со изгледот...

Софија за пример од комшилук со подземните премини си го има решено проблемот уште пред 50 години и никој сега не поминува на улица.... Е сеа кај нив има и обезбедвање таму доле, а кај нас не знам кој би ги плаќал тие луѓе па може да е вечерно време и несигурно како оној кај континетал...


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 11-Nov-2009 at 01:52

Мост за пешаците на Бит-пазар

Според градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, изградбата на пешачкиот мост ќе почне откако ќе се помести подземната инфраструктура

Изградбата на пешачкиот мост на Бит-пазар заглави на подземната инфраструктура. Според градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, градењето ќе почне откако ќе се поместат водоводната, електричната и другите инсталации, односно сета подземна инфраструктура на локацијата.

- Откако ќе се поместат инсталациите, предвидено е мостот да се заврши за три месеци - изјави Меџити, но не прецизира колку време ќе биде потребно за подземните инфраструктурни зафати.

Пешачкиот мост ќе се гради кај Бит-пазар и ќе го поврзе пазарот со амбулантата од другата страна на булеварот Крсте Мисирков. Со неговата изградба се очекува да се реши проблемот со минувањето на пешаците на оваа фреквентна сообраќајница. Со години булеварот Крсте Мисирков кај Бит-пазар наликува на огромен пешачки премин каде што пешаците недисциплинирано поминуваат кога и каде што сакаат и предизвикуваат застој во сообраќајот и нервоза кај возачите.

Деновиве ќе бидат познати сите детали за текот на изградбата, откако ќе се одржи состанок со сите вклучени страни во проектот. Досега на теренот се вршеа ископувања, за да се добие очекуваната повратна информација за инсталациите од страна на ЕВН и од „Топлификација“, како и од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Според градоначалникот Меџити, мостот ќе биде со комбинирана бетонска и челична конструкција. Тој ќе биде од затворен тип, односно покриен, а од двете страни ќе има лифтови за лица со посебни потребни и скали. На средината на булеварот ќе се постави централен столб, со што сегашниот површински пешачки премин ќе се затвори со жардинијери.

Инвеститор на објектот е фирмата „Акцент медија“, а изведувач е фабриката „Карпош“.

- За возврат на „Акцент медија“ ќе и' биде отстапен рекламен простор на мостот на период од 10 до 15 години. Фирмата ќе може да поставува билборди и да издава рекламен простор, а со дел од парите ќе го одржува мостот во исправна состојба, пред се' лифтовите - вели Меџити.

Од „Акцент медија“ велат дека по завршувањето на изградбата на надземниот пешачки премин, тој ќе остане во сопственост на општината Чаир.

- „Акцент медија“ со посебен договор ќе го користи просторот за пропагандни намени и ќе биде одговорна за негово одржување. Фирмата за проектот обезбеди 11 милиони денари, односно 180.000 евра, а евентуалните дополнителни трошоци ќе бидат покриени од општината - вели Небојша Маслинко, директор на „Акцент медија“.

Според Меџити, изградбата на мостот ќе чини 200.000 евра.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A8A998C818A3F54E92B1737FB6BF3023
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 30-Dec-2009 at 12:24
Над­воз­ник на бу­ле­вар Алек­сан­дар Ма­ке­дон­ски

Пре­ми­нот на бу­ле­ва­рот ќе се гра­ди кај фаб­ри­ка­та "Ал­ка­ло­ид"

Оп­шти­на Га­зи Ба­ба ќе гра­ди над­воз­ник на бу­ле­вар Алек­сан­дар Ма­ке­дон­ски во на­сел­ба­та Ав­то­ко­ман­да. Гра­до­на­чал­ни­кот То­ни Трај­ков­ски од­лу­чил со­об­ра­ќа­јот на бу­ле­ва­рот да го ре­гу­ли­ра со над­воз­ник за да ги заш­ти­ти пе­ша­ци­те кои, ка­ко што ве­лат, за да по­ми­нат под ед­на­та на дру­га­та стра­на на на­сел­ба­та мно­гу чес­то че­ка­ле и по де­сет­ти­на ми­ну­ти.
Над­воз­ни­кот, спо­ред пр­вич­ни­те нај­а­ви на оп­шти­на­та, тре­ба да се гра­ди след­на­та го­ди­на кај фаб­ри­ка­та "Ал­ка­ло­ид".
" Единс­тве­но ре­ше­ние за ре­гу­ли­ра­ње на со­об­ра­ќај­ни­от ха­ос на бу­ле­ва­рот е да се из­гра­ди над­во­зен пре­мин. По­ба­рав­ме сог­лас­ност од Гра­дот за гра­де­ње. До­кол­ку ни доз­во­лат вед­наш ќе за­поч­не­ме ак­тив­нос­ти за из­град­ба. Пла­ни­ра­ме да го гра­ди­ме со јав­но-при­ват­но пар­тнер­ство и тоа ни е еден од при­о­ри­те­ти­те за след­на­та го­ди­на", ве­лат од Га­зи Ба­ба.
Од Гра­дот ве­лат де­ка пос­тап­ка­та за из­град­ба на пре­мин во Га­зи Ба­ба е во тек.
"Де­но­ви­ве ја ана­ли­зи­ра­ме и ис­пи­ту­ва­ме сос­тој­ба­та со ин­фрас­трук­ту­ра­та во Ав­то­ко­ман­да. Ко­га ќе ут­вр­ди­ме де­ка пос­то­јат ус­ло­ви за из­град­ба на пре­мин, би­ло над­во­зен или под­зе­мен пла­ни­ра­ме во со­ра­бот­ка со оп­шти­на­та да поч­не­ме да гра­ди­ме", ве­лат од Гра­дот.

http://vest.com.mk/?ItemID=0E2842F05E07E14FB65D74B8ABB3F911
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 30-Dec-2009 at 16:45
bravo
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 31-Dec-2009 at 01:50
Апсолутна подршка за преминот кај Алкалоид. Според мене тој е најургентен премин во цел град (поради типот на сообраќајницата)

Но за целосен погодок потребна е и клучка кај кулата во автокоманда. На ова со преминот и клучката се осврнав пред повеќе од година:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=33&PID=22169#22169
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 18-Jan-2010 at 00:03
Премините на стравот и урината!


Поради темницата тие се претворени во јавни вециња и наркомански дувла. Смреда се шири од нив и ги прави невозможни за користење дури и преку ден кога дневната светлина барем малку ги осветлува


За подземните премини во Скопје, покрај тоа што имаат запоставена примарна употреба, граѓаните велат дека се грдотија за градот. Ова го говори и самата нивна моментна состојба и слика. Двата подземни пешачки премини на булеварот Александар Македонски" се или во полутемница или во апсолутен мрак. Едниот, кај хотелот Континентал" е осветлен и единствниот што е бојосан пред десетина години и не мириса толку многу на свежа урина. Светло нема на влезовите, а уште помалку во средината на премините. Поради темницата тие се претворени во јавни вециња и наркомански дувла. Смреда се шири од нив и ги прави невозможни за користење дури и преку ден кога дневната светлина барем малку ги осветлува. Другиот таканаречен премин, во близина на средните училишта АСУЦ и ЕТУЦ, е ноќна мора. Студентите и учениците што се движат во тој дел од градот велат дека редовно ги користат, но морници им поминуваат кога, ноќе по втората смена, мораат да влезат во темницата. Има два начина да го се преминеме булеварот - над земја, преку оградата, и да не собере, не дај боже, некој автомобил или да влеземе под земја во темница и смрдеа. Јас лично редовно ја одбирам втората варијанта, па затнувам нос и си светам со телефонот за да го поминам преминот", вели студент сместен во домот Стив Наумов". Третиот премин, што е еден од најзачуваните и што е одржуван, е оној кај трговскиот центар Скопјанка во населбата Аеродром. Тоа е единствениот осветлен. Иако е најзачуван, ретко кој го користи, зашто на граѓаните им се морничави празните дуќани во него и неонките полни со фекална вода. За четвртиот, и последен, малкумина знаат, а е на Јужниот булевар зад Старата железничка станица. Изграден е пред повеќе од половина век и служел како подземен премин на тогашната железничка станица. Истиот е заграден и не во функција повеќе од 15 години.

Градските власти велат дека ја евидентирале лошата состојба на подземните премини и најавуваат интервенции од типот на осветлување и вонредно нивно чистење.
- Подземните премини ги одржува ЈП Комунална хигиена и тоа го прави од
средствата наменети за оддржување на јавната хигиена, велат од Одделението за односи со јавност во Градот. Искуствата покажуваат дека подземните премини каде што има продавници, се во активна употреба и со нив нема проблем со одржувањето на хигиената,
безбедноста на минувачите и неовластеното отуѓување на имотот.

Подземните премини што беа примарни капитални инвестиции во програмата на градоначалникот Коце Трајановски се во постапка со која годинава треба да се добие конечен одговор на прашањето дали се технички изводливи и финансиски издржани инвестициите за изградба на истите, велат од Град Скопје.

http://vecer.com.mk/?ItemID=B7797063B2AE9E43A368C3FE1FC62D22

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 23-Jan-2010 at 21:38

Ќе се испитува можноста да се преместуваат станици поради „Влајко“

Со поместувањето на една автобуска станица на 50 метри пред натпатникот и на друга на 100 метри пред границата со Ѓорче Петров, општината Карпош смета дека ќе заживее објектот


Градските власти во наредниов период ќе ги испитаат можностите да премести автобуската станица кај „Влајко“ за да се овозможи овој натпатник да се користи почесто. Општината Карпош неодамна поднесе вакво барање со кое треба да се постават две наместо една станица во близина на натпатникот, од кои едната ќе биде на 50 метри пред него, а другата на 100 метри пред раскрсницата на границата со општината Ѓорче Петров. Од градот велат дека стручните служби ќе излезат на теренот за да увидат дали законски било возможно да се исполни ова барање на општинарите.

- Го добивме барањето на Карпош за да се помести една станица и да се постави уште една. Но пред да се изјасниме дали тоа е прифатливо или не, треба прво да се увидат сообраќајниот режим на оваа локација, сообраќајно-техничките и безбедносните аспекти на тие промени, влијанието врз животната средина и слично. На крајот од постапката, ако издадеме позитивно решение за барањето, треба да се добие согласност и од сообраќајната полиција за станиците да може да се преместат - објаснуваат од градската управа.

Идејата на овој начин да се натераат луѓето почесто да го користат „Влајко“ ја изнесе Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош, во чиј прв мандат почна да се гради овој натпатник. Но многу граѓани сметаат дека дури и да се поместат станиците, тоа нема многу да влијае за да заживее објектот.

- Луѓето немаат навика да го преминуваат булеварот Партизански одреди преку „Влајко“. Полесно е да поминеме на место каде што тоа ќе ни одземе најмалку време - вели Лидија Ивановска од населбата Влае.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=123101025423&id=14&prilog=0&setIzdanie=21891
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 23-Jan-2010 at 21:44
Ептен ги измешале овие лончињата од општината. Како прво треба надпатниците да се постават тамо каде што има потреба и напатниците да бидат тие што ќе ги почитуваат потребите на граќаните, а не тотално обратно да треба граѓаните да се прилагодуваат кон личните хирови и кон триповите на однародена општинска управа. Сега вака ќе го субвенционираат со глупости. Еве ај да не усложнувам повеќе, да поставиме едно основно прашање. Што е сега целта на Влајко?! 1. Да служи на граѓаните како премин и да ја зголеми безбедноста, или 2. Да покаже пред јавноста дека не е утнат проектот и градоначалникот да докажува дека проектот му е успешен, а гледа дека и на цртан филм го цртаат со Влајко како иронија на неуспешен проект. Па добро толку ли е тешко да се има грам доблест и да се признае утнат проект?! Ај па малку е тоа, ја става во залог целата општина и го преуредувава веќе уредениот проект за да му дава вештачко дишење на побацен фетус и сака да биде дете од него. Не иде, епа не иде!

Edited by lslcrew - 23-Jan-2010 at 21:53
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 23-Jan-2010 at 21:57
Previous Одлично срочено ЛсЛ!

Треба да се стаи едно (epic) Fail знакче меѓу самјлињава, ептен затребува после вакви статии
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 23-Jan-2010 at 21:58
Originally posted by ArchiTechTone

Previous Одлично срочено ЛсЛ!

Треба да се стаи едно (epic) Fail знакче меѓу самјлињава, ептен затребува после вакви статии


Дај ми линкче до такво смајли во Меана и ќе го вметнам
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 24-Jan-2010 at 12:47

-------Третиот премин, што е еден од најзачуваните и што е одржуван, е оној кај трговскиот центар Скопјанка во населбата Аеродром. Тоа е единствениот осветлен. Иако е најзачуван, ретко кој го користи, зашто на граѓаните им се морничави празните дуќани во него и неонките полни со фекална вода. -------

Ова одма за демант. Живеам позади скопјанка и секогаш го користам преминот кај скопјанка. Таму нема празни и морничави дукани сите си имаат свои фукции, повекето се книговотствени канцеларии, адвокатски, текстилна за венчаница и sexy shop, и училиште за странски јазици и една агенција за привремено вработување. А фекалии во неонките... ај ке го сватам како преголема фантазија на новинарот, и се молат новинарите кога ке прават некој натпис дали ке биде за некоја локација или настан нека станат од пред компјутер и проверат на лице место пред да пишуваат!!!!!!!!!
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 24-Jan-2010 at 12:51
Не треба да се поместува станицата за влајко да биде поискористен!!! Треба да се помести раскрсницата со пешачкиот премин кој се наоѓа на само неколку метри од негоBig%20smile. Многу погрешна локација многу погрешна.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 21>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.