build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Известувања

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4567>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 20-Jun-2011 at 10:29
OdlicnoCheersKonecno im tekna na nekomu Sega treba samo poddrska od Opstinite i Privatni Firmi(Paricna Poddrska za realiziranje na proektot)
Inace toa so Vagonite izgleda interesno no nekako ne razbiram sto navistina sakaat da pravat so tie...
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3609
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 16-Jul-2011 at 22:30


спомнато беше дека излегло ново еснафско списание, после Порта мислам ова и е второ на комората!? го качиле на нет првиот број, ајде третиот сега излезе, но зошто вториот не го качуваат, ќе биде штета ако нема и за ова портал ако веќе не ги качуваат на нет броевите... 

http://www.comoraoai.com.mk/Presing1.pdf


edit:

качиле броевите но на новиот сајт http://www.komoraoai.mk/mk/spisanie

еве нешто броеви од порта, овие како постари изданија мислам одеа на последниот саем 3 за 100 http://issuu.com/porta3/docs ... http://issuu.com/davitkov/docs?start=20 

 


нешто бонуси од Порта се делат кај Игориус http://architect.mk/component/rsform/?formId=2


Edited by Max - 16-Mar-2012 at 21:16
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3609
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 21-Jul-2011 at 23:27

СПИСАНИЕ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО И ТРАНСПОРТ GT - http://www.g-t.com.mk/



Edited by Max - 16-Mar-2012 at 21:12
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 22-Jul-2011 at 00:07
Пресинг е многу поакадемско од Порта 3, барем мене така ми изгледа, составено е од парцијални или комплетни научни трудови од архитекти и градежници од земјава и од странство. Порта 3 пак е комбинација на новинарски теми и пократки стручни текстови од архитекти и инжинери.

Ама да се разбереме, Билд е најдобар [}] !

Edited by BOJAN - 22-Jul-2011 at 00:08
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 22-Jul-2011 at 12:49
Поголем крш од сајт од тој на комората тешко да се најде некаде...со годишен буџет од неколку милиони евра овие работи, како што се вебсајт, магазин исл. треба да бидат на светско ниво, ама ете тоа е - важно слики од Алијанц арена и Маглев, а зошто, Господ само знае...мејлот им е на hotmail - што да се каже повеќе...

Мене Пресинг ме изненади затоа што има добри текстови, повеќето од професори на факултетите на УКИМ, не е којзнае колку полно со содржини, поточно големо по обем, ама како за почеток на едно вакво стручно списание веројатно е солидно ниво...изненадувањето е затоа што комората до сега само се занимава со собирање на „солена“ членарина од своите членови и толку, ништо друго не работи...

Инаку вториот број мене и не ми го пратија по пошта, така да којзнае што е причината, ама од кого е, ништо не изненадува...

Edited by Dave Gahan - 22-Jul-2011 at 12:50
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 25-Jul-2011 at 11:32
Заврши јубилејната „Меѓународна летна школа за архитектура 2011“

Со завршната изложба на делата на архитектите во Центарот за култура, денес во Крива Паланка се затвори јубилејната 20-та Меѓународна летна школа за архитектура. Манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ беше локацијата каде изминатава недела твореа 50 учесници на овогодинешното издание на школата на тема „Невидливи лавиринти“. Архитектонските работилници и предавања ги водеше реномираниот руски архитект Александар Бродски.

На летната школа за архитектура во изминативе 20 години учествуваа стотици студенти и архитекти, со што истата прерасна во една од најеминентните манифестации од овој вид во Македонија. Како и до сега, организатор на Меѓународната летна школа беше Архитектонскиот факултет од Скопје, во соработка со Министерството за образование и наука, општина Крива Паланка и манастирот „Св. Јоаким Осоговски“.


Бојан Блажевски
http://www.build.mk/?p=8757
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 06-Oct-2011 at 13:04
Почитувани,

Во организација на Швајцарската федерација и Архитектонскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје,
се организира предавање на светски познатиот архитект Марио Бота од Швајцарија.
Предавањето ќе се одржи на 10-ти октомври (понеделник) од 09:00 – 11:00 часот во големата сала на хотелот „Холидеј Ин“ – Скопје.
Ова предавање е во рамките на циклусот на континуираното образование,
кое го спроведува комората на овластени архитекти и овластени инженери, а за кое Вие,
со Вашето евидентирано присуство ќе се стекнете со соодветен број на кредити/поени.

Со почит,

Д-р Страхиња Трпевски
Претседател на КОАИ
Комора на овластени архитекти и

овластени инженери
За предавањево слушнав од поодамна, ама немав нешто црно на бело, освен Ивентот од фејсбук, па место тоа, еве од мејл ќе пренесам, затоа што се работи за отворен настан и може да дојде кого го интересира...
Се работи за Марио Бота, швајцарски архитект, веројатно најпознатиот во поново време...
Ќе стаам линкови да се запознаете со неговите трудови (ако ве интересира)...јас лично не можам да кажам дека сум најголем фан и не можам да издвојам некој омилен проект, но тоа што го ценам во пристапот е „неспектакуларноста„ на неговите објекти (типично швајцарски), односно не е во редицата на „супер-стар“ архитектите од последнава деценија-две кои се продадоа скапо за разноразни „Лас Вегас“-проекти (Дубаи, вештачки острови, километарски кули исл.)...

Mario Botta - Wiki
Официјална страна
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 31-Oct-2011 at 21:10
Асоцијацијата на архитекти во петок ќе ја додeли наградата „Андреја Дамјанов“

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија, организира доделување на наградата за животно дело и особени достигања од областа на архитектурата и градителството, „Андреја Дамјанов“. Добитник на наградата за 2011 година е Мимоза Несторова Томиќ д.и.а. Доделувањето ќе се одржи на 4 Ноември (петок) со почеток во 19:30 часот, во црквата Пресвета Богородица  во Скопје, објект кој е дело на Дамјанов. Со добивањето на наградата, лауреатот станува академик при Архитектонската Академија на ААМ.

 

Андреја Дамјанов (1813-1878) е голем македонски архитект и градител кој во XIX век работел на проектирање и изградба на преку 40 црковни и профани објекти во Македонија и други земји.

http://www.build.mk/?p=10325
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 04-Nov-2011 at 23:58
ААМ ја додели овогодинешната награда за животно дело


Мимоза%20Несторова%20Томиќ%20им%20се%20обраќа%20на%20присутните%20на%20доделувањето%20на%20наградата



Вечерва во црквата Пресвета Богородица во Скопје, Асоцијацијата на архитекти на Македонија ја додели дваесет и втората по ред награда „Андреја Дамјанов“ за животно дело и особени достигнувања од областа на архитектурата и градителството. Добитник годинава е Мимоза Несторова Томиќ д.и.а. која со овој чин воедно станува и член на Архитектонската Академија на ААМ. Лауреатот истакна дека наградата ја прима со силни емоции и дека особено и значи што помладите генерации на ваков начин ја вреднувале нејзината работа.

 

Според образложението на комисијата (составена од архитектите Викторија Еремеева, претседател, Вера Ќосевска, Гоце Аџи-Митревски, Марјан Шокуроски и Кристијан Јорданов), творештвото на Мимоза Несторова Томиќ е обемно и комплексно и опфаќа проекти и реализации од сите области на архитектонската пракса. Таа успеала да ја постави архитектурата како значаен и влијателен феномен кој учествува во креирањето на општиот културен амбиент. Во опсегот на работа на добитничката се открива не само програмска повеќеслојност туку и аргументирана интердисциплинарност на пристапи и методологии. Ваквиот значаен опус составен од урбанистички планови и студии, проекти и конкурси, реализации, ентериери, реконструкции, реставрации и публикации говори за комплетна професионална личност чиј развоен пат паралелно го исцртува историскиот развој на современата македонска архитектура. Умешноста да ги спои локалните традиционални култури со западните влијанија и интернационалниот стил резултира во автентични моќни градби кои ја толкуваат современоста преку близок и разбирлив јазик и стил.

 

 

Мимоза Несторова Томиќ е родена во Струга во 1929г. Дипломирала на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград. По дипломирањето се вработува во Институтот за народна архитектура во Скопје. Потоа работи како асистент кај проф. Јован Ранковиќ. По скопскиот земјотрес во 1963г се приклучува во тимот за изработка на основен урбанистички план на градот. Во 1965г дефинитивно се вработува во Градскиот завод за урбанизам и архитектура на градот Скопје, со звање самостоен проектант и раководител на атељето. Во периодот од 1986г па до пензионирањето во 1989г извршува функција на директор на Заводот за урбанизам.

 

 

Учествува во многубројни архитектонски конкурси, а дел од наградените се:

 

1953 – Идејно решение за старски дом во Скопје, во соработка со проф. Љ. Томиќ, 1-ва награда

1957 – Комплекс на станбени кули покрај Вардар, во соработка со проф. Б. Чипан, 3-та награда

1960 – Идејно архитектонско-урбанистичко решение за комплексот на техничките факултети, во соработка со проф. Љ. Томиќ, 1-ва награда

1974 – Конкурс за покриен пазар на „Бит-пазар“, во соработка со проф. Љ. Томиќ, награден

1983 – Детален урбанистички план за населба Капиштец, тимски труд, 1-ва награда

 

 

Изработка на урбанистички планови и студии, самостојно или тимски, од кои најзначајни се:

 

1963 – Генерален урбанистички план за град Скопје (тимски труд)

1964 – Детален урбанистички план за Старата скопска чаршија (тимски труд)

1968 – Реституција на просторот – комплексот дуќани на улица Казанџиска, Стара скопска чаршија

1975 – Детален урбанистички план за старата чаршија во Струга, по кој план истата е реализирана

1985 – Програма за детален урбанистички план за централното градско подрачје на град Скопје (раководител на тимот)

 

 

Дел од архитектонските проекти, ентериери и реконструкции:

 

1968 – Реконструкција и ревитализација на срушениот „Сули Ан“ во Старата скопска чаршија

1970 – Нов угостителски објект „Менада“ во Старата скопска чаршија

1977 – Стоковна куќа „Беко“, сега „ТЦЦ Плаца“, со комплетно внатрешно уредување

1978 – Идеен, главен проект и реализација на Музеите на Македонија во Старата скопска чаршија, во соработка со Кирил Муратовски. За овој проект авторите добиле награда „13 Ноември“

1978 – Станбени згради во населбата Капиштец во Скопје

1983 – Внатрешно уредување на Музеите на Македонија во одделите етнологија и археологија

1985 – Реконструкција, адаптација и акустика на Универзалната сала во Скопје

 

Особен печат во нејзиното обемно творештво се учествата на огромен број конгреси и симпозиуми, со комплексни реферати коишто се однесуваат особено на заштитата и ревитализацијата на урбаните јадра.



#
Објавено на 04.11.2011 во категорија Вести. 

Тагови: ААМ, Награда „Андреја Дамјанов“, Скопје, Случувања

Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 16-Nov-2011 at 12:47

По 13-ти пат одржана манифестацијата АСК-Архитектура Скопје 2011

Вторник, 15 Ноември 2011 14:52

Вчера вечер, во Музејот на град Скопје, свечено беше отворена традиционалната Манифестација АСК-АРХИТЕКТУРА СКОПЈЕ 2011, во чиишто рамки беше доделена и главната Награда за Архитектура на Град Скопје, како и две дополнителни признанија.

Проектот САН МАРКО Бизниц Центар на архитектот Ѓорѓи Мојсов во соработка со Оливија Мојсова од проектантското биро „ГМС Скопје“ е годинешниот добитник на главната Награда за Архитектура на Град Скопје. Авторите на уште два проекта, вчера вечер добија пофалници за сработеното: Мишо и Снежана Арсова од „Инженеринг импекс СА-Скопје“ заедно со соработникот Игор Димов за проектот „Технички преглед со салон за моторни возила и севис“ и Бетим Зеќири и Бекир Адеми за реализацијата на Градска Плажа.

- Современото живеење во Скопје, наметнува потреба за нови, ултра модерни архитектонски одговори на сложените скопски потреби за подобар, поефикасен и подинамичен градски живот, токму затоа Град Скопје пред тринаесеттина години ја конструираше Манифестацијата АСК – АРХИТЕКТУРА, преку која се обидуваме да ги изнајдеме најсоодветните решенија за вообличување на ликот и имиџот на градот, но и архитектонски проекти што ќе ја оптимализираат функционалноста на Скопје како вистинска метропола, истакна Аљоша Шопар, заменик раководител на Секторот за планирање и уредување на просторот на Град Скопје.  

Големата награда на архитектура АСК 2011 има една цел, да оддава почит на сите оние, коишто со својата работа оставаат специфичен белег и даваат посебен придонес ова Скопје да го добие лицето на СКОПЈЕ-вистинска метропола.

На конкурсот што беше распишан по повод Манифестација АСК 2011, скопските архитекти  понудија 50 проекти и реализации, а селекторската комисија одлучи 47  да влезат во конкуренција за Наградата за Архитектура на Град Скопје за 2011 година.

Манифестацијата АСК-Архитектура  Скопје 2011 е 13-та по ред, се одржува под покровителство на Град Скопје и традиционално се реализира по повод 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје

http://sky.mk/republika/6888-%D0%9F%D0%BE-13-%D1%82%D0%B8-%D0%BF%D0%B0%D1%82-%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%84%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%90%D0%A1%D0%9A-%D0%90%D1%80%D1%85%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BA%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0-%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-2011.html

Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 18-Nov-2011 at 11:15
mnogu pozitivni vpecatoci imam od izlozbata, iako primetiv niti na forumot niti vo mediumite (ocigledno sekoja vest treba debelo da se plati od toj sto ima interes od nea) ne predizvika skoro nikakvo vnimanie.... postepeno, so sekoja naredna izlozba, se poveke ima interesni sovremeni proekti i se pomalku tranziciona arhitektura koja sto go preplavuvase prostorot do pred nekoja godina... isto taka i 3d vizuelizacijata e na mnogu povisoko nivo... cestitki za pobednickiot proekt i ostanatite koi mi predizvikaa golemo vnimanie.... bravo

Edited by Cloverstack - 18-Nov-2011 at 12:13
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 18-Nov-2011 at 11:41


Да не ти промакнала веста на порталот објавена на 15.11?

http://www.build.mk/?p=10655
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 18-Nov-2011 at 12:19
ne, ja vidov vesta, megutoa ne vidov nikakva diskusija niti objava na nekoj medium osven telma i sky, pa zatoa pisav
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 23-Nov-2011 at 17:01
ИНТЕРВЈУ: Повеќе внимание да се посвети на урбаната оска Стара железничка станица – Бит пазар


Мимоза%20Несторова%20Томиќ


Овогодинешната добитничка на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, архитектката Мимоза Несторова Томиќ во интервју за интернет – порталот „Билд“ говори за врвните достигнувања во својата богата професионална кариера, за Генералниот урбанистички план на Скопје по земјотресот, за проектот „Скопје 2014“, за ревитализацијата на Старата скопска чаршија и за идеите за идниот развиток на македонската метропола.

 

 

Комисијата за доделување на овогодинешната награда „Андреја Дамјанов“ одлучи високото признание да ви го додели Вам. Како ја доживувате добиената награда за животно дело?

 

Станбени%20згради%20во%20скопски%20Капиштец


Морам да признаам дека ја примив со големи емоции. Драга ми е, бидејќи ми е доделена по предлог на млади колеги архитекти. Напросто дојде како освежување во моите години да ја добијам наградата, особено поради тоа што вредностите кои се дело на мојот долгогодишен труд се маркирани од друга помлада генерација. Самата награда е голема затоа што Андреја Дамјанов оставил големи дела не само во Македонија, туку е баран архитектор (како што го викале) и во Сараево, Мостар, Ниш, Смедерево, Самоков и Сливен. Во литературата е забележан дека градел по целата територија на Румелија, како милувале да ја викаат Османлиите, а тоа е источното Римско царство – Византија.

 

 

Вашето богато професионално портфолио води кон прашањето кој архитектонски проект, ентериер или реконструкција го сметате за врвно достигнување во вашата повеќедецениска кариера, колку и да звучи тоа неблагодарно?

 

Од областа на заштита на старите историски урбани јадра го издвојувам Деталниот Урбанистички План (ДУП) за Скопската чаршија и ДУП за чаршијата на град Струга. Изработката на ДУП-от е тимски труд каде учесници бевме архитектите Т. Арсовски, А. Банчотоски и М. Несторова Томиќ преку Заводот за урбанизам и архитектура на град Скопје. Во изработката на документационата основа учествуваше и Градскиот завод за заштита на историските споменици на град Скопје со авторите арх. Н. Ничота и арх. А. Танева и советникот, турколог и историчар Л. Богоевиќ. Етнолошката студија беше изработена од Историскиот музеј на град Скопје. Чаршијата беше оштетена, имаше дилема за нејзиниот опстанок бидејќи навистина сликата беше депресивна. Победи екипата која и во таква состојба се избори да ја сочува и успеа да најде разбирање кај градските авторитети да се стави во програмата за ревитализација, по која се постапи. Програмата за ревитализација ги опфати сите параметри и тоа: комплетна инфраструктура – водовод, канализација, топлификација, телефонија и осветлување. Во Деталниот план првата фаза беше изградба на инфраструктурата, втората е планот за архитектонска ревитализација: санација на оштетените дуќани и санација на оштетените монументални споменици. Во оваа фаза се пристапи кон реконструкција на срушените објекти: Сули ан и Капан ан. Третата фаза беше реализација на планската документација од меѓународниот конкурс за централното градско подрачје, а тоа се Музеите на Македонија. Локацијата за музеите беше консултирана со директорите на музеите. Бидејќи во Куршумли ан беше времено сместен Археолошкиот музеј, логиката беше анот, како монументално најстар објект, да соработува со новата зграда, а анот е погоден за функцијата лапидариум.


Сули%20ан  Сули%20ан  Сули%20ан

 

Од областа на реконструкција на монументални објекти го издвојувам Сули ан, бидејќи е издигнат од руина, со многу малку елементи за реконструкција, презентиран на Светскиот симпозиум на тема „Реконструкција на сеизмички подрачја“. Публикуван е како успешна реконструкција во италијанското списание „Edilizia Populare“.

 

Од областа на реституција на просторот ги издвојувам угостителскиот објект „Менада“ и комплексот дуќани на улицата Казанџиска.

 

Од областа на јавните згради би ја издвоила стоковната куќа „Скопјанка“, која е со специфична конструкција – носечкиот систем е со помош на кубусите за лифтови и инсталации, како и јадрата за скалишен простор со периферно поставени столбови. Така ентериерот е ослободен од столбови. Објектот е публикуван во јапонско списание за сеизмика од страна на јапонски соработник во ИЗИИС.


„Менада“  Комплекс%20дуќани%20на%20ул.%20Казанџиска  Стоковна%20куќа%20„Скопјанка“

 

Кај Музеите на Македонија (автори Мимоза Несторова Томиќ и Кирил Муратовски) сметам дека ги задоволивме просторните, програмските параметри а постигнавме динамика на објектот, повторно со добро конципиран конструктивен систем. Во тренд беше примената на натур – бетонот, го искористивме во приземјето а катовите ги обликувавме со природен материјал – мермерни плочки и се доби рустичната фасада. Наш проект е и ентериерот на Етнолошкиот музеј, одделот за народните носии, како и витрините за севкупната поставка.

 

Со задоволство можам да го спомнам ентериерот на Универзалната сала, каде се осигурува најпрво аудиториумот, кој беше од дрвена конструкција и опасен за таков број на публика и е заменет со бетонска конструкција – систем Тисен. Поставени се комплетно нови седишта и направени се интервенции во сценскиот простор. Со помош на превртените сферни елементи успешно е осигурана акустиката. Таа е единствена сала каде партерот на гледалиштето се трансформира во сценски простор со помош на практикабли.


Музеј%20на%20Македонија  Ентериер%20на%20Етнолошкиот%20музеј  Ентериер%20на%20Универзална%20сала

 

 

Како архитект сте учествувале во реконструкцијата и ревитализацијата на срушениот Сули ан, изградбата на објектот Менада, идејниот, главниот проект и реализацијата на Музеите  на Македонија. Доколку денес властите се одлучат да ве изберат за главен архитект при реконструкција, ревитализација или проширување на чаршијата, кои предлози, идеи или проекти би ги понудиле за овој сегмент од Скопје?

 

Како прво, непристојно би било јас да се прифатам за таква функција, бидејќи има млади талентирани архитекти кои можат да ја совладаат оваа проблематика. Тоа не значи дека со задоволство и безрезервно не би го пренела моето искуство. Урбаната реконструкција е процес, нашата екипа направила толку колку што била подржана финансиски од државата. Многу од нашите проекти останаа нереализирани, има работа на тој простор за голем број проектанти и изведувачи. Зацртаните простори за реституција се потенцијални архитектонски задачи. Дисциплинирањето на просторот кај Бит  пазар е потенцијален предизвик. Едно од маалата кои останале во состав на старо Скопје е Дуќанџик маалото кое се поставува како составен дел на чаршијата и Саат – кулата како неминовен придружен простор.

 

 

Кое е вашето размислување за денешниот развој на Старата скопска чаршија преку бројните реконструкции и пренамени на занаетчиските објекти, во правилна насока ли се движи денешниот развој на чаршијата?

 

Просторот е еден од константните вредности, архитектонските објекти се апликативната објективна вредност. Содржините во тој простор генерално се историски наменети со познатите содржини: занаетчиски, трговски, угостителски. Ановите биле со денешен јазик мотели, амамите – колективни простори за хигиена и уживање, џамиите – храмови за молитва. Просторот и архитектурата го надживуваат времето, содржините се променлива категорија. Токму монументалните објекти доживуваат големи трансформации, не само кај нас туку во целиот свет, програмата за ревитализација е програма на ОН, на УНЕСКО кој е универзален. Потребна е потрага по нови содржини во објектите без да ја навреди вредноста на архитектонскиот објект. Таа програма ја следевме така што го сочувавме интегритетот на монументалните објекти со новите содржини од културата. Што се однесува до останатите функции, занаетите претрпеа големи трансформации, некои се изгубија, други пак со голем напор опстанаа. Содржински трансформациите се големи, зависно од побарувачката на пазарот. Што се однесува до фините занаети, се чувствува тренд на интерес како сувенирски производи. Конкретно, чаршијата е хетерогена содржина и најмалку сувенирски дуќани се отвораат во тој простор. Угостителството пак е приказна за себе каде треба да се бара трансформација, збогатување и програмирање во однос на перспективите за туристичките програми. Приказната ја имаме, треба најквалитетно да се искористи во трендот на туристичката побарувачка и понуда.

 

 

Зградата на Музејот на Македонија се наоѓа во незавидна состојба поради прокиснувањето на покривот. Еден од раководителите на оваа културна установа за медиумите изјави: „Не ми е јасно таквото решение, па дури и да е во име на некаква архитектура. Ако нема покрив, се знае дека кога – тогаш ќе почне да прокиснува“. Каде лежи проблемот со објектот на нашата најзначајна музејска установа?

 

Зградата на музеите не е без покрив. Дел од површината на кровот е реализирана како рамен кров. Рамните кровови се користат насекаде низ светот. Проблематични се кај нас бидејќи бараат контрола и негување. Петнаесет години кровот не прокисна, но ако еднаш се занемари неговото одржување, постанува како рак рана на објектот. Има лек и за тоа – средствата за изолација денес се квалитетни и има голем избор. Постои уште еден проблем – сите јавни објекти бараат инвестиции за добро одржување, а и добра фирма која ќе ги сервисира и ќе ги отстрани настанатите дефекти. Музеите се изградени во 1972 година, а секој објект бара одржување или иновација, како климатизација и санациони зафати.

 

 

Како еден од учесниците во изработката на Генералниот урбанистички план за Град Скопје по катастрофалниот земјотрес, како гледате на тогашниот тимски труд од денешен аспект?

 

Урбанизмот е интердисциплинарна наука, потребата од тимска работа сама по себе се наметнува, секоја од гранките дава информации за конечната верзија на планот. Тимската работа бара дисциплина, динамика, а урбанистите се екипата кои ја прават финалната верзија. Пред финалната верзија како контрола на движењето на проектот имаше консултативно тело кое беше составено од повеќе профили на стручен кадар, кој е задолжен во тек на изработката на проектот навреме да се откријат недостатоците. Таа методологија е универзална и правилна. За жал, се повеќе се упростува методологијата и ја сведуваме на нашите сфаќања, страв од критика и наметнување на финален проект. Уште при изработката на урбанистичката програма треба да се посвети големо внимание. Презентацијата и ревизијата на истата да се темелни и добро елаборирани преку квалитетна дискусија.

 

ГУП – от на постземјотресно Скопје беше одраз на севкупната ситуација во градот. Солидарноста и помошта од Обединетите нации беше голема. Големи фирми работеа на секторските студии заедно со тимовите, а Заводот за урбанизам и архитектура на град Скопје беше носител на целиот товар на менаџирањето. Треба да се нагласи дека работеа повеќе експертски фирми: Доксијадис – Грција, Полсервис – Полска, Вилборт и Смит – САД. Тие дадоа голем придонес, а беше по нормативи на ОН. Да не се заборави дека на плановите се работеше во услови кога земјиштето беше национализирано и се припаѓаше на Македонија. Денеска комплетно условите се изменети во однос на сопственоста, многу урбанисти беа затечени, тоа се рефлектираше со извесни несакани дејствија врз просторот. Просторот стана предмет на шпекулативни дејствија.


 



Edited by build.mk - 23-Nov-2011 at 17:03
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 23-Nov-2011 at 17:04

плодолжеток:

 

ГУП – от за постземјотресно Скопје и проектот „Скопје 2014“ оставаат неизбришлива трага во современото битисување на метрополата. Каква споредба би направиле во однос на двата проекта од нивната основна замисла до финалната реализација?

 

Разликите се големи во однос на пристапот за решавањето на централното подрачје. Во 1965 година центарот на Скопје беше предмет на конкурс со посебна одлука на ОН. Дотогаш таков проект не беше финансиран од ОН и главниот менаџер архитект Вајсман. Четири меѓународни експерти беа поканети да учествуваат на конкурсот од четири различни земји и тоа: САД – арх. М. Ротивал, Холандија – арх. Ван Де Брук и арх. Бакема, Италија – арх. Л. Пичинато и Јапонија – арх. К. Танге и четири домашни фирми од поранешните југословенски простори: Македонија – проектант Брезовски, Србија – институт за урбанизам, Хрватска – институт за урбанизам и Словенија – професор Равникар. Оценувачката комисија ја сочинуваа четири експерти делегирани преку архитектонските и урбанистичките асоцијации од странство и четири од југословенските простори преку домашните асоцијации. Првонаграден беше едногласно проектот на К. Танге.

 

За тој проект ќе набројам неколку карактеристики: 1) почитување на водата како медиум – богатството на градот е токму тука, целата визуелна и животна енергија на тој простор е реката Вардар, 2) интеграцијата на левиот и десниот брег, 3) формирање на функционални урбани структури, 4) користење на антички урбани елементи како агора, пијаци и пијацети, поврзани со урбани мини структури преку пасарели. Авторот се користи со симболи. Приодот од тимот е метаболистички, теоретски и филозофски приод кон градот и градското јадро како единствена функционална целина. Применет е системот на структурирање на функционалните композиции. Естетските вредности се во корелација со просторот, амфитеатрално приближувајќи се до водата. Локални инспиративни елементи се од средновековната тврдина, како ѕидови и кули. Старата чаршија е како инспиративен елемент за Бизнис центарот. Чаршијата се развива по хоризонтала, бизнис центарот со динамично структурирање поставен е по вертикала. Ова е краткиот опис на еден проект кој немаше среќа до крај достоинствено да се реализира. Се менуваа авторитетите и нивните сфаќања и планот изгуби на динамика, но не и од актуелноста, што значи дека урбанизмот е проектиран со футуристичка визија. Секој план треба и мора да се преиспита во времето во кое се твори и да се изврши негова евалуација. Нема идеални планови, како ни идеални реализации.

 

„Скопје 2014“ е донесен скоро со декрет, со презентација на интегралната визија. Програмскиот зафат е голем, со хетерогени содржини. Проектот заслужуваше поопстојна презентација пред стручната јавност. Визијата е концентрирана на приобалието, просторно е ограничена, што прави потешкотии при комплексното претставување на објектите. Така се сведува на фронтална панорамска урбана презентација. Презентирано филозофски, секоја акција е продукт на причините и затекнатите услови. Факт е дека централното подрачје подолг период е неизградено. Се отвори голем фронт за градба на станбената населба Аеродром, кој проект напросто ја одзема финансиската моќ на градот. Планот од 1996 година пак предолго се бранеше, се блокираше било каква реализација. Така, „Скопје 2014“ треба да се разгледува и како реакција. Мора да се признае дека Владата е голем мецена. Динамиката на изградба е со завидно темпо, резултатите допрва ќе се оценуваат. За жал има доста импортирани објекти и елементи кои не припаѓаат на ендемската архитектонска корелација.

 

 

Кој објект од проектот „Скопје 2014“ го сметате за најрепрезентативно здание, а кое здание би го оквалификувале како недостојно за централното градско подрачје?

 

Стариот театар, иако со зголемен габарит, ќе ги исполни очекувањата. Како архитектонско – естетски, така и преку ентериерот. Се надевам и програмски ќе ги исполни очекувањата на старите Скопјани и ќе ги ослободи од носталгијата. Плоштадот се збогати со фонтаната, фонтаните се благодарен урбан елемент. Репер е тоа што жителите ја прифатија и се гледа раздвиженост токму околу тој простор.

 

 

Што би вцртале во ГУП – от на македонската метропола во функција на идниот развој на градот?

 

Како прво, треба да се знае состојбата во однос на популацијата, квалификационата структура и други состојби на параметрите – примарните, секундарните и терцијалните дејности. Ќе го парафразирам арх. урбанист Доксијадис кој вели дека треба да има: 1) програмска визија, 2) проекција 2012 – 2032, 3) дилеми: технолошки развиен град, 4) информатички град, 5) децентрализиран град со концепт за рамноправен развиток на градовите во државата. Главните градови вообичаено се нападнати од разни структури, миграцијата е постојана закана. Единствен начин за правилен развиток на градот е да се воспостави контрола над целиот град во рамките на неговите потесни и пошироки урбани граници. Градот Скопје во груба урбана слика во однос на Република Македонија е црна точка. Таа слика може да се поправи исклучиво во развивање на индустриски капацитети во целата држава зацртани во просторниот план на републиката. Над сите планови најважен е просторниот план на Р. Македонија. Таму се проекциите за макроурбаната политика и програма за развиток. Тој е базата за комплексниот урбан развиток.

 

Денес големите градови се ослободуваат и ја ограничуваат изградбата на индустриски капацитети, се ориентираат кон современите движења на информатичкиот град. Информатичкиот град е тесно врзан со концептот на рамноправен развиток на градовите во државата, користејќи ги природните ресурси и потенцијали на опкружување на регионот. За наши услови интересна е комбинацијата на информатичкиот град и рамноправниот развиток на останатите градови во Македонија. Да се посвети внимание на руралните средини, како мали приградски производни населби, како и развивање на постојните приградски населби за да ја добијат вистинската урбана содржина. Градот ќе се децентрализира и по пат на сегрегација на класната структура. Зоните на високото вредно индивидуално домување ќе се засилат, затоа е важно да се согледаат сите елементи при планирањето.

 

Втората димензија е дизајнирање на градот, со филозофски речник тоа би значело функционално – естетски прерогативи. Структурирањето на урбаните и архитектонските функции – чисто теоретски со извесни насоки. Специфичностите на структурите од хуманата скала, како и релација помеѓу урбаните простори кон архитектонско – комуникациските простори. Повеќе внимание да се посвети на целиот урбан простор со функционалните, комуникациските простори и др. Како пример ќе го земам следното: Стара железничка станица – Бит  пазар. Таа историска урбана оска е историја на градот и нужно е да и се посвети подеднакво внимание. Улица Македонија завршува со објектот на Старата железничка станица која уште е руина. Еден професор од Берлин ме праша дали сме сентиментално врзани за оваа руина. Таа е добра завршница на ул. Македонија и ги поседува сите елементи за реконструкција или пак како што современата теорија за реконструкција промовира идеја: сочувај ги автентичните елементи, гради современо.

 

Важноста на просторот е подеднаква за еден град, затоа постои и предметот на валоризација. Подеднакво е важен централниот простор, дали се работи за Малиот ринг или Големиот прстен. Потребата од рамноправен однос кон севкупниот простор е неопходна.

 

 

Бојан Блажевски



#
Објавено на 23.11.2011 во категоријаВести.

Тагови:ГУП Скопје,Мал Ринг,Музеи,Награда „Андреја Дамјанов“,Национален театар,Скопје,Скопје 2014,Споменик на Александар Македонски,Стара скопска чаршија,Струга,Универзална Сала

http://www.build.mk/?p=10730



Edited by build.mk - 23-Nov-2011 at 17:05
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 23-Nov-2011 at 18:42
Одлично интервју
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 16-Mar-2012 at 00:42
Денови на Орис по трет пат во Белград

Во организација на „Архитекст“, издавачот на реномираното списание за архитектура „Орис“ и здружението „Орис – куќа на архитектурата“, на 23 март во Белград ќе се одржи меѓународната конференција за архитектура „Белградски денови на Орис 3“. Настанот е замислен како низа предавања од архитекти избрани според релевантноста на нивните остварувања, кои преку презентација на сопствената работа ќе ја претстават својата пракса, град и земја. Концепцијата ја продолжува традицијата на меѓународниот конгрес „Денови на Орис“. Овогодинешни предавачи се: Boris Podrecca од Австрија, Alberto Campo Baeza од Шпанија, Srdjan Jovanović Weiss од Србија, како и Tomislav Ćurković и Zoran Zidarić од хрватското архитектонско биро „Два архитекта“.

 

 

 






#
Објавено на 15.03.2012 во категорија Вести.

Тагови: Случувања


http://www.build.mk/?p=13367
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 30-Mar-2012 at 20:01


Во недела, 1 април во 14ч. се собираме Кај жабарот, позади Влада и одиме на прошетка низ модерно Скопје. Ќе фотографираме, ќе документираме и ќе разговараме за модерните згради и јавните простори во центарот на нашиот град. Ве покануваме да го понесете својот фотоапарат и да ни се придружите во прошетката.

Во оваа прилика ќе разгледаме дел од значајните модерни објекти во центарот на градот:

-Влада на Република Македонија

-Градски Ѕид

-Централна пошта и Телекомуникациски Центар

-Метропол и City Gallery (НА-МА)

-Градски Трговски Центар

-ЕВН

-Македонска Опера и Балет.

__________________________________________________

1 АПРИЛ 2012 / 14.00 часот

Збирно место на кеј позади Влада (до Кафаната Кај Жабарот)
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 15-May-2012 at 01:35
Големата награда за архитектура на БИМАС 2012 му припадна на проектот „Селски двор“


„Селски%20Двор“

Архитектите и универзитетски професори Минас Бакалчев и Митко Хаџи – Пуља се добитници на Големата награда за реализиран архитектонски проект на 16-тото по ред Биенале на македонска архитектура (БИМАС). Признанието од стручната жири – комисија во состав: Трајко Димитров, Гоце Аџи – Митревски, Никола Павловски, Петар Ѓорѓевиќ, Круме Евроски, Кристијан Јорданов и Слободан Велевски им беше доделено за делото „Селски двор“, проектирано во 2011 година и реализирано во с. Велмеј, општина Дебарца. „Создадената архитектура покажува извонредна чувствителност кон местото и кон пејсажот. Интервенцијата следи употребен архетипски образец за дефинирање на територијата и притоа се интегрира во пејсажот и истата го редефинира местото во ново мало соседство. Со изборот на оваа творба, комисијата одбра да редефинира навраќање кон вредностите како што се заедништвото и пејсажот во секојдневното живеење, како заборавени културни обрасци“, истакна претседателот на жири – комисијата, Гоце Аџи – Митревски на вечерашното свечено доделување на наградите, кое поради технички проблеми, наместо во Музејот на град Скопје како што беше предвидено со програмата, се одржа во Домот на АРМ.

 

„City%20Center“

Наградата за проект од областа на архитектурата им беше врачена на авторите Мартин Пановски и Душица Диновска од „Студио 2000“ за бизнис центарот „City Centеr“ во Прилеп, составен од деловен и трговски простор, како и катна гаража. Жири – комисијата оцени дека специфичниот квалитет на овој проект лежи во обидот да се препрочита организацијата, на инаку робусната програма на трговски центар, на еден нов начин. Имено, со одвојување на паркирањето на највисоките катови од објектот се отвораат нови можности за користење на приземјето и комуникацијата на истото со непосредниот контекст. Напливот од свежина што објектот го нуди е и поради фасадната обвивка, која излегува од вообичаената матрица за обликување на ваков вид објекти и се карактеризира со прилично застаклени површини.

 

„Куќа%20Г“

Стручната комисија ја соопшти и специјалната награда на БИМАС 2012. Таа му беше доделена на проектот за станбен објект „Куќа Г“ во Скопје, изработен од авторите Елена Икономов, Емил Јегени, Бојан Тасев, Веле Богоевски и Јасна Милојковиќ. Образложението на стручната комисија е дека победничкото решение нуди симултано промовирање на современ начин на градско живеење, во истовремено пејсажен контекст. Внатрешниот и надворешниот простор се симбиоза, токму поради специфичниот волумен на објектот кој се развива во два споени сегменти во отворен агол, притоа јасно дефинирајќи го приватниот дел на дворот.

 

Едукативни%20просторни%20инсталации

Кога станува збор за реализиран индустриски дизајн во изминатиот период, комисијата се одлучи наградата да им припадне на архитектите Ивана Топаловска и Ристо Аврамовски за проектот „Едукативни просторни инсталации“, составен од шест различни содржини кои го красат Градскиот парк во Скопје. Проектот е реализиран во 2011 година, под покровителство на Град Скопје. Стручната комисија се одлучила за ваквиот избор поради тоа што тој контекстуално е меко и ненаметливо вклопен во постојниот пејсаж. Самата негова материјализација е погодна за мултипликација и производство на елементите, при што е можна и реупотреба на истрошените или оштетени делови од инсталацијата.

 

Постојаната%20поставка%20во%20Меморијалниот%20центар%20на%20холокаустот

Наградата за реализирана внатрешна архитектура – ентериер, ја доби „Постојаната изложбена поставка во Меморијалниот центар на холокаусот на Евреите од Македонија“, дело на авторите Мајкл Беренбаум (Michael Berenbaum), Едвард Џејкобс (Edward Jacobs) и Јован Ивановски. Проектот е изготвен во 2010 година, а неговата имплементација е остварена во текот на 2011 година. „Оваа реализација за внатрешна архитектура јасно се издвојува со својата појавност преку две нејзини клучни карактеристики: моќно семантичко искуство на доживување кое се памети и дефинирање на просторна целовитост и јасност како елемент исклучително битен за трајни изложбени поставки“, нагласи Гоце Аџи – Митревски.

 

Поради квантитативен и квалитативен недостаток на трудови од областа на урбанизмот, жири – комисијата одлучи да не ја додели наградата за урбанистички план и проект на овогодинешното 16-то издание на БИМАС.

 

Препораката на овогодинешното жири е да се изнајде форма преку која ќе се оддаде достојна почит за придонесот во афирмацијата на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) на неодамна починатиот архитект и професор Борис Чипан. На централната изложба во рамките на БИМАС 2012, која се одржа во Музејот на град Скопје, беа презентирани вкупно 136 трудови создадени во текот на изминативе две години.



#
Објавено на 14.05.2012 во категорија Вести.

Тагови: City Center Prilep, ААМ, Архитектри, БИМАС, Велмеј, Изложби, Куќа Г, Меморијален центар на Холокаустот, Прилеп, СКАрС, Скопје, Случувања, Студио 2000

http://www.build.mk/?p=15053
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 29-May-2012 at 13:12




УРА!!!
„Урбана работна акција“ е самоорганизирана неформална група која работи на создавање на нови културни модели за грижа и заштита на јавни простори кои се во распаѓање. Нашата идеја е преку спонтани работни акции, напуштените јавни простори, кои зјаат насекаде низ градот, да ги пополниме со содржини кои му недостасуват на локалното население. Целта е секој граѓанин да добие можност за себереализација и дијалог со другиот, а културните работници да добијат простор за работа. Добредојдени се сите оние кои сакаат да ја поддржат оваа јасна цел и идеја. Бујрум со заедничко „УРА“ да го култивираме градот!
Започнуваме од поранешната Месна заедница „Тафталиџе“


16:00
- Креативни работилници за деца (ликовно и драмско катче)

- Food not bombs - Храна, не оружје (бесплатна вегетаријанска кујна)

17:00
- Зелената Арка - Живот во хармонија со природата

18:00
- Таи Чи Чуан - Движечка медитација

19:00
- Beyond Parkour Skopje - Уметност на движење

20:00
- Аргентинско Танго - Чекориме во прегратка









http://www.facebook.com/events/340191526054648/340280016045799
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4567>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.164 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.