build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железнички станици

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2425262728 41>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #501 Posted: 21-Oct-2014 at 14:04
Ова стварно масивно делува и скапо за одржување.Мислам дека треба да се размислува полека за дислокација на станицава и нејзино лоцирање поблиску до градот.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #502 Posted: 21-Oct-2014 at 14:25
Да, тоа навистина е проблем, скоро сите железнички станици во земјава се наоѓаат на излезите од градовите, навистина не знам зашто тоа го правеле, кога во цела Европа, железничките, особено во поголемите градови се правеле во самиот центар на тој град. Па така, и денес, во време на развиен авионски сообраќај, помеѓу Париз и Лондон е побрзо да отидеш со воз отколку со авион (сметајќи го времето да дојдеш до центарот на градот).

Освен скопската, јас не знам за уште една железничка која би била во центарот, дури и во селата станиците се оддалечени по 2-3 километри од нив.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #503 Posted: 21-Oct-2014 at 17:59
Originally posted by ehrlich

Да, тоа навистина е проблем, скоро сите железнички станици во земјава се наоѓаат на излезите од градовите, навистина не знам зашто тоа го правеле, кога во цела Европа, железничките, особено во поголемите градови се правеле во самиот центар на тој град. Па така, и денес, во време на развиен авионски сообраќај, помеѓу Париз и Лондон е побрзо да отидеш со воз отколку со авион (сметајќи го времето да дојдеш до центарот на градот).

Освен скопската, јас не знам за уште една железничка која би била во центарот, дури и во селата станиците се оддалечени по 2-3 километри од нив.
железничките станици е подобро да бидат подалеку од центарот поради тоа што пругата би ја попречувала инфраструктурата во густиот центар и би предизвикала дополнителен сообраќај
железничката станица во Скопје кога прв пат била изградена била далеку од било кој урбан состав на градот, ама потоа градот почнал да се развива накај неа
железничките станици во светов се соочуваат со големи проблеми, немаат простор за ширење и завршуваат како ќор сокак
треба да сме благодарни што сме имале таква железничка како старата и што и новата е урбанистички проектирана со усул и со елевација на столбови

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #504 Posted: 21-Oct-2014 at 20:52
Не би се согласил со тебе, колку и да предизвикуваат проблеми во видот со пристап до самиот град, сепак аргументот дека железничката кога се наоѓа во центарот, овозможува и повеќе патници да се одлучат да го користат возот како средство за патување, бидејќи не е исто да се симнеш во центарот на градот и со тоа да не мислиш комбинации како да стигнеш до центарот.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #505 Posted: 21-Oct-2014 at 22:47
Originally posted by ehrlich

Не би се согласил со тебе, колку и да предизвикуваат проблеми во видот со пристап до самиот град, сепак аргументот дека железничката кога се наоѓа во центарот, овозможува и повеќе патници да се одлучат да го користат возот како средство за патување, бидејќи не е исто да се симнеш во центарот на градот и со тоа да не мислиш комбинации како да стигнеш до центарот.
значи не збориме и за тоа железничката станица да биде во некое приградско село, туку на периферија од централното подрачје
најголем дел од градовиве во светот имаат сосема солиден јавен превоз кој овозможува брзо да се движиш низ просторот и сите патнички терминали (пристанишни, железнички и аеродромски) се поврзани со ЛРТ систем, автобуски и такси сервиси
кај нас не е ни потребно такво нешто затоа што дури и најголемите градов во македонија после Скопје, се изодуваат пеш за 5 до 15 минути
во Скопје, транспортниот центар е дизајниран со слична умисла, да биде транспортен јазол на градот, што значи дека кај и да е, ќе биде поврзан со се... и тој се наоѓа на периферијата на централното подрачје иако и за тој простор бил предвиден развој на ново градско јадро
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2648
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #506 Posted: 21-Oct-2014 at 23:07
Originally posted by zabegan


значи не збориме и за тоа железничката станица да биде во некое приградско село, туку на периферија од централното подрачје најголем дел од градовиве во светот имаат сосема солиден јавен превоз кој овозможува брзо да се движиш низ просторот и сите патнички терминали (пристанишни, железнички и аеродромски) се поврзани со ЛРТ систем, автобуски и такси сервисикај нас не е ни потребно такво нешто затоа што дури и најголемите градов во македонија после Скопје, се изодуваат пеш за 5 до 15 минути


Се изодуваат, но си се запрашал ли како? Во Куманово, ако појдеш од железничката станица треба да одиш 1400 метри додека не стигнеш до тротоар кој започнува од пред Искра. Првите 300 метри и вака и така додека не излезеш на регионалниот пат Скопје-Куманово на кој нема тротоари, а на многу голем дел од неговата должина не можеш да се тргнеш ни настрана зашто теренот е таков што нема место, а сообраќај околу тебе колку сакаш и сите цепат стотка. Од Искра до центарот на Куманово имаш уште 2000 метри.
Па ти види дали би се нафатил да ја одиш оваа траса пешки.
Среќа што железничката станица во Куманово е поврзана со три градски линии па нема потреба од ваква авантура опасна по живот.


Edited by phenomenon - 21-Oct-2014 at 23:21
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #507 Posted: 22-Oct-2014 at 16:53
Originally posted by phenomenon

Originally posted by zabegan


значи не збориме и за тоа железничката станица да биде во некое приградско село, туку на периферија од централното подрачје најголем дел од градовиве во светот имаат сосема солиден јавен превоз кој овозможува брзо да се движиш низ просторот и сите патнички терминали (пристанишни, железнички и аеродромски) се поврзани со ЛРТ систем, автобуски и такси сервисикај нас не е ни потребно такво нешто затоа што дури и најголемите градов во македонија после Скопје, се изодуваат пеш за 5 до 15 минути


Се изодуваат, но си се запрашал ли како? Во Куманово, ако појдеш од железничката станица треба да одиш 1400 метри додека не стигнеш до тротоар кој започнува од пред Искра. Првите 300 метри и вака и така додека не излезеш на регионалниот пат Скопје-Куманово на кој нема тротоари, а на многу голем дел од неговата должина не можеш да се тргнеш ни настрана зашто теренот е таков што нема место, а сообраќај околу тебе колку сакаш и сите цепат стотка. Од Искра до центарот на Куманово имаш уште 2000 метри.
Па ти види дали би се нафатил да ја одиш оваа траса пешки.
Среќа што железничката станица во Куманово е поврзана со три градски линии па нема потреба од ваква авантура опасна по живот.
тоа е веќе друг проблем неповрзан со позицијата на станицата... технички гледано, Куманово е град кој има невидени кршови во сред центар, а не па по периферијата... ништо немаше да менува тука дури и станицата да беше во сред град
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #508 Posted: 03-Nov-2014 at 00:28
Градени во турско, сега ќе добијат европски лик

2 ноември 2014 - 14:48
Започна реализацијата на проектот за рехабилитација, надградба и реконструкција на железничките станици Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино - Вардар. Реконструкцијата на скопската железничка станица е во тек


Осамени патници стојат на запуштените железнички станици долж македонските пруги кон Велешко, Прилеп, Штип, Гевгелија е секојдневие кое го гледа патникот намерник кој патува со воз на Македонски железници.

Повеќето од станиците што се меѓу поголемите градови личат на места како таму одамна да не зачекорила човечка нога, отколку на објект каде што треба да го почекаат возот што ќе ги качи и ќе ги однесе на посакуваната дестинација.

Жителите кои гравитираат кон овие станици (ако може така да се наречат) бараат да им се направат услови, објектите да се обноват бидејќи наликуваат на едно дамнешно време од пред сто години, а железничарите, пак, велат дека нема економска оправданост да се инвестира во нивна обнова за толку малку патници.

За разлика од овие патници, повеќе среќа ќе имаат жителите на десет градови во земјава што се долж пругите од Коридорот 10 и кракот 10-Д.



Започна реализацијата на проектот за рехабилитација, надградба и реконструкција на железничките станици: Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино - Вардар.

По објавениот оглас на интернет-страницата на Европската комисија на кој се бараа компании кои директно ќе го имплементираат проектот, до крајниот рок за поднесување на понудите се пријавија вкупно 9 компании.

Во тек е постапката за евалуација на пристигнатите понуди.

Согласно динамиката на реализација на проектот се очекува евалуацијата да се заврши до крајот на годината и веднаш потоа да се избере компанијата која ќе го имплементира проектот.

Градени во турско време

Во каква состојба во моментов се станиците во овие градови. Се забележува дека поголемиот број од нив се со сличен изглед, односно оние што се градени во турско може да се каже се исти.

Такви станици има доста и низ Србија, а низ Хрватска се некако слични меѓу себе, но се во австроунгарски стил, што покажува дека во тие тогашни империи дефинитивно имало некоја стандардизација на изгледот на железничките станици.

Најголемиот број станици се правени од неколку проектанти со мали измени и проширувања, со неколку исклучоци.



На пример, во Македонија таква е втората станица во Скопје и можеби најубавата станица на овој дел од Европа, станицата Градско, и двете на некој начин се уникатни.

Затоа, оваа репортажа за некои од десетте станици што ќе се обноват ја започнуваме од Градско. Има само долг перон со мала табла на која напишано името и толку.

Со ништо не може да се претпостави дека на десетина метри од станицата се наоѓа една од поголемите станици во Македонија.

Станицата Градско е изградена на крајот од 19. век, била многу современа - имала подземни премини за доаѓање до пероните. Функционирале се до средината на минатиот век, а сега премините се покриени со лимени плочи.

Железничката станица Велес е најфреквентна во Македонија со илјада патници дневно и се наоѓа пред Скопје и Прилеп. Таа е лоцирана на железничкиот сообраќаен јазол од магистралната пруга Табановце – Скопје – Велес - Гевгелија, пругата Велес – Прилеп - Битола и пругата Велес - Штип - Кочани и е станица со 10 колосеци. Патниците имаат забелешки на условите во железничката станица.



- Видете на кое дереџе е станицава. Погледнете ја само чекалнава. На се личи, само не на чекална. Зиме студи, на лето е неподносливо топло. Просторијата за мајки со деца одамна не постои. Нема ништо, а и хигиената е на најниско ниво - вели еден редовен патник.
Откако е изградена, не е реновирана. Се распаѓа. Со години е така. Вработените се услужливи. Немаме замерка за нив, ама за станицава жално е да се гледа во каква состојба е - велат патниците.

Велес, како град во кој првпат пристигнал воз, заслужува да има убава железничка станица. Освен станицата, ќе се реновираат и железничките постојки изградени пред повеќе од 50 години, а хортикултурно ќе биде уредена и околината на станицата.

Битолската железничка станица е една од најстарите во земјава, изградена е пред 120 години. Таа кон крајот на 19. и почетокот на 20. век била главен поврзувач со Солун. Султанот Мехмет Петти во 1911 година преку оваа пруга од Солун пристигнал во Битола.

Реконструкцијата на железничката станица ќе опфати реновирање на водоводната и електричната инсталација - вклучувајќи ги и внатрешното и надворешното осветлување, санитариите, инсталацијата на системи за греење и ладење, системи за противпожарна заштита, патнички информативен систем, како и подобрување на пристапноста за товарен транспорт и достапност и поврзување со патниот транспорт.

Исто така, целосно ќе се замени покривот, подовите, фасадите и внатрешните ѕидови, а ќе биде поставена нова термичка изолација, нови тоалети, како и рампи за подобрување на пристапноста за лицата со намалена подвижност.



Железничките станици ги паметат говорите на Тито од неговиот "Син воз"

Железничките станици за време на Титова Југославија беа места каде што беше пречекуван маршалот Јосип Броз Тито.



На 6 јуни 1954 година по посетата на Грција, каде што главно разговара за безбедноста на Балканот, Тито држи говор во Гевгелија, потоа ги поздравува и граѓаните на Тиквешијата, кои го дочекуваат истиот ден на железничката станица во Неготино.

По ова "Синиот воз" со кој патува Тито преноќува на отворена пруга ноќта меѓу 6 и 7 јуни. Во раните утрински часови на 7 јуни Тито пристигнува во Велес, каде што го пречекуваат илјадници граѓани на Велес и Велешко, пред кои исто така држи пригоден говор.

Истиот ден Тито и "Синиот воз" се во Скопје на железничката станица. Тука пред 200.000 граѓани Тито држи говор. По говорот и краткиот престој во кафе-ресторанот на железничката станица, Тито заминува за Белград.

Пет години подоцна, поточно на 6 март 1959 година "Синиот воз" со Тито минува низ Гевгелија, Неготино и Велес и во сите три града држи поздравни говори во кои главно ги истакнува резултатите од посетите на Индија, Бурма, Индонезија, Египет и другите земји каде што е пречекан величествено.

По ова допатува во Скопје, каде што преноќева. Од "Синиот воз" маршалот Тито најчесто ги држи говорите ширум градовите и селата на Македонија низ кои минува враќајќи се од Грција.



Се реновира делото на Кензо Танге, станицата Скопје

- Новата Скопска железничка станица, која е во рамките на Транспортниот центар, беше пуштена во употреба пред 33 години и во тоа време претставуваше најмодерен сообраќаен центар во Македонија, но и пошироко на Балканот. Низ неа дневно поминуваа по 70 возови и околу 7.000 патници. Со својот специфичен изглед и градба претставуваше врв на архитектурата за тоа време. Оттогаш немало ниту еден поголем инвестициски зафат, а сегашните активности ќе придонесат за враќање на нејзиниот сјај - вели директорот на "МЖ - Транспорт", Ирфан Асани.


Од идеја до градба на скопската железничка станица требало да поминат 15 години. Урбанистичкиот план за центарот на градот, дело на познатиот архитект Кензо Танге, бил усвоен во март 1966 година, а градежните работи почнале во 1971 година од страна на градежните фирми "Бетон", "Маврово" и "Пелагонија".

Во објектот се ставени 70.000 кубни метри бетон, што е приближно колку што собира во колона од десет километри камиони-мешалки до крајот на булеварот "Партизански одреди" и назад. Вградија и 11.000 тони железо, што е за околу 1.500 тони повеќе отколку на Ајфеловата кула во Париз.

Повозрасните архитекти се сеќаваат на изградбата на станицата и на нејзиното значење за градот и од архитектонски и од функционален аспект.



Тие велат дека станува збор за функционален и одлично организиран простор за да овозможи максимална безбедност и удобност во секој поглед.

Други сметаат дека објектот е скапо решение и се практикува во земји каде што има развиен железнички собраќај, како во Јапонија.

Малиот број патници е главната причина за пропаѓањето. Порано имало по 70 воза дневно и 70.000 патници, а денес одвај по 50 воза, чиј број е енигма поради превозот на диво.

Златното време на нашиот шински патен сообраќај заврши во 1990-тите, кога се прекинаа многу редовни линии кон поранешна Југославија.

После три децении започнати се градежни работи предвидени со проектот „Надградба и рехабилитација на железничка станица Скопје според ИПА фондовите".



Во моментов изведени се некаде околу 40% од предвидените работи. Станицата треба да ја добие потребната функционалност: ќе има два ново предвидени лифтови и ескалатор како што предвидел Кензо Танге со цел полесно искачување на пероните.

Ќе бидат поставени електронски екрани и дисплеи исто како и во соседната меѓуградска автобуска станица, стара седум години. Ќе се реновира и билетарницата.

Реновирањето би требало да заврши до крајот на 2014 или на почетокот на 2015 година.


Светлана БЛАЖЕВСКА





http://vecer.mk/ekonomija/gradeni-vo-tursko-sega-kje-dobijat-evropski-lik
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15054
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #509 Posted: 03-Nov-2014 at 10:03
Реконструкцијата на скопската железничка станица е во полн ек

Подигнување на нивото на пероните, реконструкција на внатрешноста, поставување на лифтови, нови информативни табли и инсталирање на фотонапонски панели на покривот – ова се најважните сегменти на проектот за реконструкција на главната железничка станица во Скопје, кој треба да заврши до 15 април наредната година. Најголем дел, односно 85% од потребните 2,5 милиони евра се обезбедени од европските ИПА фондови, додека преостанатите 15% ќе ги покрие државниот буџет. Проектот го изработи холандски „Гронтмеј“ (Grontmij), изведувачи на градежните работи се домашните „Инком Инженеринг“, „Бонор Инженеринг“ и „Глобоцки“, а надзорот го врши италијанската „АРС Проџети“ (ARS Progetti SpA).

























http://www.build.mk/?p=40315
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #510 Posted: 03-Nov-2014 at 18:59
гледам конечно ја срушиле глупавата доградена играчница што беше над билетарите Thumbs%20Up
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #511 Posted: 04-Nov-2014 at 17:44
според снимките на google earth се гледа дека 3 перони се реконструираат. Прашање; ќе се реконструираат сите перони по цела должина или само тие 150метри (како во сликата)
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #512 Posted: 04-Nov-2014 at 18:53
Previous
за сега, само тие 150 метри ќе се реконструираат, останатата должина од пероните и онака никој не ја користи и дури и според мене е попаметно тие делови да ја дочекаат целосната реконструкција на станицата, вклучувајќи го и покривот

инаку, три перони се реконструираат затоа што само тие се функционални и во употреба, а на останатите нема ни шини, ни излези на пероните


Edited by zabegan - 04-Nov-2014 at 18:53
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #513 Posted: 05-Nov-2014 at 01:24
Колку пари толку музика.

Целава "реконструкција" не дека не е добредојдена, но е само кречење на станицата, ништо повеќе.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #514 Posted: 05-Nov-2014 at 03:37
Originally posted by zabegan

гледам конечно ја срушиле глупавата доградена играчница што беше над билетарите Thumbs%20Up

 
Колкави профити остваруваше Инсомниа, тоа не може да се нарече глупава играчница.
 
А кога сме кај самиот начин на кој функционираше и самата организација на играчницата, да, од таа гледна точка може да се нарече глупава.
 
Со само 2.5 милиони евра добар молерај направија на железничкава станица, не целосен и дефинитивно не баш најзадоволителен, но со оглед на фактот дека за толку пари се отстранија некои дупки, односно дефекти кај станицава, наспроти безбројните глупости на кои се фрлаат стотици милиони евра низ Скопјево - пред се на споменици и на административни згради - за жалење е фактот дека политичарите ќе го искористуваат овој молерај за политички поени, иако молерајот е финансиран со странски пари, а не со пари од буџетот на Македонски Железници или од буџетот на Република Македонија.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #515 Posted: 05-Nov-2014 at 20:12
Previous
како и да е, не и беше местото таму, исто како што не им е местото на кафаните, дискотеките, кладилниците и казината таму
се е во ред да има забавни содржини на една станица, ама поради нив најмногу станицата не личи на станица и е затворена во мрачни депресивни ходници

...за другото си во право, за жал
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #516 Posted: 08-Nov-2014 at 11:17
Originally posted by zabegan


Previousза сега, само тие 150 метри ќе се реконструираат, останатата должина од пероните и онака никој не ја користи и дури и според мене е попаметно тие делови да ја дочекаат целосната реконструкција на станицата, вклучувајќи го и покривотинаку, три перони се реконструираат затоа што само тие се функционални и во употреба, а на останатите нема ни шини, ни излези на пероните



Сега разбрав што значи нешто темелно да се реновира.. реклама без крај а на терем ниту 1/3 не се реновирал..
Иначе фала ти

Edited by my Macedonia - 08-Nov-2014 at 11:39
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #517 Posted: 09-Nov-2014 at 22:27
Originally posted by my Macedonia

Originally posted by zabegan


Previousза сега, само тие 150 метри ќе се реконструираат, останатата должина од пероните и онака никој не ја користи и дури и според мене е попаметно тие делови да ја дочекаат целосната реконструкција на станицата, вклучувајќи го и покривотинаку, три перони се реконструираат затоа што само тие се функционални и во употреба, а на останатите нема ни шини, ни излези на пероните



Сега разбрав што значи нешто темелно да се реновира.. реклама без крај а на терем ниту 1/3 не се реновирал..
Иначе фала ти
на форумов уште од старт, само според предвидените средства, знаевме што ќе се направи со железничката и дека не е потполна реконструкција
сега засега, јас сум задоволен и од ова што се прави, а и не би бил за тоа да се трошат повеќе средства на станицата, кога имаме толку заостаната и неискористена железница... ма да, се разбира дека за тоа би бил многу повеќе ентузијастичен отколку за тоа што се случува во центаров сега

не треба да ги читаш само бомбастичните наслови, види што има под нив Big%20smile
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #518 Posted: 18-Nov-2014 at 16:09
Една ретро


Alex

Edited by jyvation - 18-Nov-2014 at 16:09
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #519 Posted: 18-Nov-2014 at 16:10
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15054
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #520 Posted: 24-Dec-2014 at 16:02
Реконструкцијата тече многу бавно. На пероните само се подигнати платформите за 10-20 см, бетонирани, уште ни плочки не се ставени. Внатре нема некои поголеми промени.

DSC06775 by george k. 1981, on Flickr

DSC06777 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2425262728 41>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.