build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железнички станици

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3536373839>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1517
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #721 Posted: 21-Jan-2017 at 11:56
Originally posted by Џоле

Пред некој ден бев на скопската железничка станица и забележав две вакви машини за издавање возни билети. Едната е до влезот/излезот кон автобуската станица, а другата на сосем спротивниот крај лево. Фотографирав со мобилен, затоа простете за квалитетот на сликата. Исто така, забележав дека на неколку места протекуваше вода од таванот и беа паднати плочи од плафонот.



не се паднати, туку извадени уште пред „официјалното“ пуштање кога кажаа дека завршила првата фаза од реконструкцијата пред околу 2 години и од тогаш до ден денешен не е санирано тоа, мизерии!
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11755
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #722 Posted: 21-Jan-2017 at 15:49


Не, јас кога бев пред некој ден имаше паднати парчиња од плочките на плафонот, откршени парчиња.
За сè има вторпат
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1517
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #723 Posted: 21-Jan-2017 at 16:50
Originally posted by Џоле



Не, јас кога бев пред некој ден имаше паднати парчиња од плочките на плафонот, откршени парчиња.

Значи продолжила агонијата.... Мизерии е овој невиден аматеризам, овие аматерски и примитивни „реконструкции“ се страшни а не барокот
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #724 Posted: 21-Jan-2017 at 17:54
Тоа сум го зборувал и порано неможе а да се нема надзор на работа, контрола и гаранција за квалитет. Неможе единствен услов да биде најмала цена а гаранција да има додека не си заминат работниците а некогаш и порано.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #725 Posted: 22-Jan-2017 at 11:12
Originally posted by kultuzin

Тоа сум го зборувал и порано неможе а да се нема надзор на работа, контрола и гаранција за квалитет. Неможе единствен услов да биде најмала цена а гаранција да има додека не си заминат работниците а некогаш и порано.
што си платиле, тоа ќе добијат... не можеш да ангажираш некоја третокласна фирма за евтина пара и да очекуваш дека ќе ти работат како јапонци, а уште помалку дека ќе ти гарантираат квалитет на долго време
не сакам да звучам политички пристрасен, ама вината тука е кај нарачателите на прокетот, кои како прво, не се заангажираа за целосна, темелна реконструкција и реорганизација на станицата, туку крпење и гланцање на тоа што не било одржувано
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Online
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #726 Posted: 22-Jan-2017 at 12:32
Originally posted by zabegan

што си платиле, тоа ќе добијат... не можеш да ангажираш некоја третокласна фирма за евтина пара и да очекуваш дека ќе ти работат како јапонци, а уште помалку дека ќе ти гарантираат квалитет на долго време
не сакам да звучам политички пристрасен, ама вината тука е кај нарачателите на прокетот, кои како прво, не се заангажираа за целосна, темелна реконструкција и реорганизација на станицата, туку крпење и гланцање на тоа што не било одржувано


Издвоената сума од 2.5 милиони евра го руши секој концепт за целосна, темелна реконструкција и реорганизација на станицата уште во самиот старт.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 542
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #727 Posted: 22-Jan-2017 at 13:21
Автоматите се таму со сигурност пола година, ама мислам и подолго. Арно ама до последно шо бев на железничка, не беа во функција. Не знам за лифтовите, ако пробал некој нека каже дали функционират, оти јас со самото влегување во железничката бев обесхрабрен и да се обидам. Единствено плочникот на пероните би го пофалил, убаво изведено по прописи, со граница за слепи, жолта линија, и идеална висина, буквално само 4-5 цм хоризонтална разлика има од возот до платформата.

Останатиот дел од „реновирањето“ го доживувам како навреда, толку е никакво и лицемерно да се нарече реновирање.

Патем, мислам дека имам прашано но не се сеќавам, колкав дел од инвестицијата се наши буџетскит пари? Бидејќи според некоја логика и овие би требало да се само европски пари, како и за другите станици на линијата.

Инаку, @zabegan, мислам дека во моментов нема насушна потреба од подземни премини. Премногу скапа работа е, а нема толку промет на станиците... ете можда на велешката само, како разгранувачка. А за другите, пример Прилеп или Битола, засега нема потреба од толкаво трошење. Макар што задолжително треба да се постават рампи пред патеките кои преминуваат преку шините за да означуваат доаѓање на воз. И секако најважното, некаква проклета настрешница на самиот перон.

Edited by hcitrS - 22-Jan-2017 at 13:23
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11755
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #728 Posted: 28-Jan-2017 at 18:17
За сè има вторпат
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1051
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #729 Posted: 06-Feb-2017 at 22:59
Битола







Ама среде зима карти се купувале надвор.



Ќе ја пуштеле во употреба во Март.Баш се чудам зошто

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11755
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #730 Posted: 07-Feb-2017 at 11:43
Чекаат да се стопи снегот Се шегувам, можно е да треба да се досредат некои работи, а можно е да се чекаат и локалните избори (во април беа, ако не се лажам)...

Мал историјат на железничката станица:

Железничката станица „Битола“ во Битола има нова фасада, внатрешно е уредена, а наскоро ќе биде извршено и свечено пуштање во употреба на реконструираниот објект.

Со реконструктивниот зафат на новиот лик на фасадата задржана е спомен-плочата од 1960 година која потсетува на големиот генерален штрајк на железничарите од 1920 година, заменет е покривот, подовите, внатрешните ѕидови, а поставена е и нова термичка изолација.

Железничката станица во Битола е градена кон крајот на 19 век како дел од линијата Битола - Солун, за да ги поврзе двата најголеми градови во европскиот дел на османлиската империја. Во 1911 година со воз од Солун преку Воден, на железничката станица во Битола пристигнал султанот Мехмед V. Подоцна е изградена и линијата кон Прилеп и Велес, забележале битолските хроничари. Железничката линијата кон Солун е затворена за сообраќај во 1984 година.


http://utrinski.mk/default.asp?ItemID=D5EE6590AE7ACC4DA9E0B2713841B49A
За сè има вторпат
Back to Top
geny View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Mar-2013
Location: Bulgarya
Online Status: Offline
Posts: 297
  Quote geny Quote  Post ReplyReply #731 Posted: 07-Feb-2017 at 12:00
Браво! А с пругата до Гърция докаде стигнахте!!!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11755
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #732 Posted: 22-Feb-2017 at 18:14
Меѓу Прилеп и Битола



извор https://twitter.com/Miki_RealM/status/827801109771251712/photo/1
За сè има вторпат
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 483
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #733 Posted: 22-Feb-2017 at 18:53
Џоле а зошто не е во функција дали знаеш ? нема ли потреба од станицава или што е проблемот што е вака запрепастена ?
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3400
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #734 Posted: 22-Feb-2017 at 19:14
Станува збор за станицата „Бакарно Гумно“, која на времето претставувала важен железнички објект. Од оваа станица се одвојува крак кон Демир Хисар и рудникот „Сапотница“. Оваа пруга била активна во периодот на поранешна СФР Југославија за патнички и за товарен железнички сообраќај, но е надвор од функција повеќе од две децении.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 483
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #735 Posted: 23-Feb-2017 at 00:09
Аха , не сум знаел за ова , па и мислам дека има доста вакви објекти низ државата кој што се многу одамна..
Back to Top
FiLo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 26-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 41
  Quote FiLo Quote  Post ReplyReply #736 Posted: 23-Feb-2017 at 01:10
Originally posted by Џоле

Меѓу Прилеп и Битола



извор https://twitter.com/Miki_RealM/status/827801109771251712/photo/1


Жалосно. Мојата мајка е по потекло од село Загорани, и како мал (до крај на 90-ти години) редовно одевме со воз и се симнувавме на станицава.
Воопшто не застанува воз на станицава ?
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 483
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #737 Posted: 23-Feb-2017 at 15:49
Па штом не била во функција 2 денеции не застанува воз тука , а и што коа ке застане , тука може сеа хорор филм да се снима , друга функција нема местово ..
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3400
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #738 Posted: 23-Feb-2017 at 16:31
Треба да се спомене овде дека Македонски железници, таму некаде 2005/2006 година, објави интерен повик до сите заинтересирани железничари за преземање на објектите (жел.станици) под нивна ингеренција. Тоа значи дека тие би добиле дом на горните спратови, додека долниот да функционира како железничка станица. Многу од овие објекти опстоија токму поради покажаниот интерес од железничарите. Секој оној објект за кој не се најде никој да го преземе си пропадна. Тоа е веројатно и причината поради која пропаднала станицата „Бакарно Гумно“. За жал, ние имаме архитектонски „бисери“, како што е ж.с. „Рајко Жинзифов“, кои кај и да е ќе се срушат од неодржување!
Back to Top
FiLo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 26-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 41
  Quote FiLo Quote  Post ReplyReply #739 Posted: 23-Feb-2017 at 18:57
Originally posted by WolfLeader

Па штом не била во функција 2 денеции не застанува воз тука , а и што коа ке застане , тука може сеа хорор филм да се снима , друга функција нема местово ..


Загорани, Веселчани, Пашино Рувци, Обршани и Боротино се во близина на оваа железничка станица, сеуште има жители во овие села.
Не сум се возел со воз на оваа релација одамна, затоа и незнам дали застанува или не.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 483
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #740 Posted: 23-Feb-2017 at 21:11
Originally posted by FiLo

Originally posted by WolfLeader

Па штом не била во функција 2 денеции не застанува воз тука , а и што коа ке застане , тука може сеа хорор филм да се снима , друга функција нема местово ..


Загорани, Веселчани, Пашино Рувци, Обршани и Боротино се во близина на оваа железничка станица, сеуште има жители во овие села.
Не сум се возел со воз на оваа релација одамна, затоа и незнам дали застанува или не.


Таман си е , има доста места за кој што сигурно би им служела станицава ама ....
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3536373839>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.