build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железнички станици

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 394041
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #801 Posted: 30-Jul-2021 at 09:54
Originally posted by гитардемон

Имав и јас некакви слични идеи пред некое време, но со оглед на брзината на пругата, едноставно е неисплатливо. Порано, возот застанувал низ селата, кои патем не ни имале друмски пристап до Велес/Штип/Скопје (оти или немале кола, или патот бил крш). Сега, тие села скоро немаат жители, а има прескап автопат кој те носи до Скопје за 40 минути. Едноставно возот нема смисла ако не е експресен. А за да биде експресен, треба да е многу побрз и поскап - па се враќаме на она другото, нелегален таксист за 200 денари ќе те однесе од Штип до Скопје, што ќе ти е воз?


Нека бидат експресни - з'ш да не.Никој не би имал против од Куманово до Битола/Гевгелија да е 2:45 -3 саати (автобус околу 4 - 4:30) или Кочани - Кичево 4:15 (значи само главните станици и со моменталните времиња на патување, нормално под претпоставка да е се ок).
Со префрлање во Велес од Битола до Гевгелија 3:15-20, Гевгелија - Кочани 2:50, Кочани - Битола 3:30 (автобус 4).
Скоро во сите случаи предност со време пред автобускиот превоз, за автомобилски смешно е за споредби.

Зато напишав "во нормална држава"

Имам впечаток дека на властите досега
(било која) им е во прилог хаосот поради разни причини, да не отворам дополнителни теми.
Еве сличен пример, моментално линијата од Охрид кон Свети Наум ја возат мал милион "превозници" и никој од одговорните со прст не мрднал иако една од постојките е на 3 минути од општинската зграда.

Досегашниот превозник ги откажа и ги предаде линиите (Трпејца и Св. Наум), општината наводно имаше некаков тендер за оваа линија па наводно ја доби Ина (Пупе) Компани или Мики Компани, зависно на кое возило читате и сега и тие и уште еден куп без дозвола возат по принцип - `да се наполнит и тргвиме`.***** возен ред...Ќе видиме во октомври дали ќе бидат стабилизирани.

Edited by Тркало - 30-Jul-2021 at 09:55
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15260
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #802 Posted: 24-Oct-2022 at 11:13
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #803 Posted: 03-Dec-2022 at 18:14
Железничката станица во Скопје „плаче“ за реновирање, патниците се жалат дека условите се очајни







Платформи, чекална, ескалатор, тоалет. Оваа табла со патоказ ќе ве пречека на самиот влез од централната Железничка станица во Скопје, но иако убаво напишано и означено со стрелки, ништо од ова не функционира. Ходниците кои се студени и делумно осветлени како ги изело времето, а чекалната која едно време беше полна со патници сега е затворена. Само еден, до два шалтера работат од билетарата, на која пред години и години се чекаше и ред и по 15 минути за да се купи билет. Ликот на една држава е железничкиот сообраќај, но тој во Македонија како да е заборавен во минатото. Граѓаните се жалат дека ова на ништо не личи, и државата мора да покаже сериозност и да ги подобри условите.

Условите кои ги нуди железничкиот сообраќај не се за поздравување, зашто времето ги изело добрите услови кои треба да ги има една држава. Ова е катастрофа. Ако вака продолжат возот ќе го изгубиме на некоја пруга, велат патници во изјава за Алфа.
Дека возовите доцнат и по 10 часа, алармираат патниците па така патничкиот воз кој од Скопје пред само два дена тргнал во 14:30, во Битола пристигна синоќа 30 минути по полноќ. Патувал и повеќе од 10 часа, бидејќи бил запрен на железничката станица во Богомила. Според надлежните, причина била расипана локомотива на товарен воз во близина на Слепче, и пругата била блокирана.

Последна реконструкција беше извршена кон крајот од мај 2018 година, каде покрај главната во Скопје, беа реновирани станиците во Битола, Гевгелија, Демир Капија, Градско, Велес, Чашка, Прилеп, Неготино, Табановце и Богомила, со средства од ЕУ.

Железничката станица во Скопје беше реконструирана со 2,6 милиони евра преку ИПА програмата, а со дополнителни 2,5 милиони евра беа модернизирани останатите објекти на Македонски железници.

https://alfa.mk/железничката-станица-во-скопје-плач/
Carpe diem
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 879
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #804 Posted: 03-Dec-2022 at 19:39
„Платформи“


За почеток, една инвестиција од невероватни 5000 ден (85 евра) за чистење и менвање сијалици одма ќе ја подобри ситуацијата.
Ама со кое лице некој би се дрзнал на оштети некој кутар директор за половина вечера...


П.С. Моментално не сум во СК да би орагнизирал, ама една волонтерска герила акција од неколку часа за чистење и крпење на Железничката би била добро буцкање за по медиуми

Edited by hcitrS - 03-Dec-2022 at 19:41
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #805 Posted: 23-Oct-2023 at 11:53
Пропаѓа Железничката станица во Скопје – надлежните незаинтересирани



https://kanal5.com.mk/propagja-zheleznichkata-stanica-vo-skopje-nadlezhnite-nezainteresirani/a607213
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15260
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #806 Posted: 20-Jun-2024 at 11:25
Една вест од 20 март што помина речиси незабележано:

СТАРАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО СТОБИ ЌЕ СЕ ПРЕУРЕДИ ВО ЦЕНТАР ЗА ПОСЕТИТЕЛИ

Започна да се обновува старата железничка станица во Стоби, која ќе биде пренамената во центар за посетители. Со ова се реализира проектот за конзерваторско-реставраторски работи и конструктивно зајакнување на објектот на старата железничка станица и нејзина адаптација. Проектот се финансира од ЕУ преку ИПА фондовите за меѓу гранична соработка со Грција. По завршувањето на градежните работи и уредувањето на објектот, конечно ќе има простор каде ќе се изложи пронајденото движно наследство од локалитетот.

„Во изминатите години се покажуваше неопходност од потреба за центар за посетители, имајќи предвид дека движниот културолошки слој нашите посетители немаат прилика да го видат. За постојниот објект стара железничка станица, од основањето на Националната установа ‘Стоби’ бил изготвен проект и план за ставање во функција како центар за посетители, аплициран повеќе пати во соодветни владини програми за финансирање на проекти од национален интерес во културата односно капитални проекти. Средства не биле одобрувани сè до донацијата од Европската Комисија преку телото за управување и развој на ИПА прекуграничната програма со Грција. Стручниот тим на ‘Стоби’ работи на креирање поставка“, рече Спасе Перовски, директор на „Стоби“.

Центарот за посетители ќе ја збогати туристичката презентација на археолошкиот локалитет Стоби, ќе придонесе во зголемувањето на сопствените приходи на установата. Бројните посетители немаат можност да ги видат досега пронајдените предмети и артефакти на локалитетот. Назив на проектот е „Еуропос Платино Стоби – Европското минато иднина и културни вредности“.


https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/starata-zheleznichka-stanitsa-vo-stobi-ke-se-preuredi-vo-tsentar-za-posetiteli/

ПРЕД



ПОТОА

(за жал, нема фотка без муцки на политичари)





Edited by Џоле - 20-Jun-2024 at 11:25
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15260
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #807 Posted: 03-Sep-2024 at 22:41
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15260
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #808 Posted: 03-Sep-2024 at 22:43
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2667
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #809 Posted: 03-Nov-2024 at 11:37
Не знам дали ова е најсоодветна тема, но вреди да го разгледаме случајов за поука:

https://faktor.mk/ova-e-prichinata-za-urivanje-na-natstreshnicata--gradezen-inzener-detalno-objasni-zoshto-padnaa-potpornite-stolbovi
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 740
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #810 Posted: 04-Nov-2024 at 08:57
Malku poveke za taa stanice - remek delo na socijalističkiot period.

https://www.solis-nekretnine.com/blognekretnine/Zeleznicka-stanica-u-Novom-Sadu-71.html



Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2031
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #811 Posted: 05-Nov-2024 at 17:59
Абе какво ремек дело. >>>> Изводел некој "архитект", како што им се дозволувало да се спрдачат со народни пари некое време. И сега тие "уметнички" хирови ќе земаат жртви. Како до толку да морало стреата да виси така конзолно, до толку ли неможело да има по некој минимален столб некаде испод стреата?! Мора ли да се комплицира толку статиката.

]]]]]]
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 879
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #812 Posted: 08-Nov-2024 at 12:56
Не можам да проценам дали си ироничен, ама добар?
Можи па не е до архитектот од СФРЈ, ами до трулиот транзициски систем во кои некадарни партиски дудлачи добиваат тендери за сенешто?
Ама не проблем, српскиот Чифлиганец ќе ктиторира некоја црква и сите гревови ќе бидат простени.
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 638
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #813 Posted: 09-Nov-2024 at 08:32
Не е точно. Во текот на реконструкцијата и изведба наннова кровна хидроизолација, се пресечени котвите на кровот од затегите кои ја носат натсрешницата.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 394041

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.