build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Македонски градови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кратово

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 11-Jan-2012 at 11:13
http://daily.mk/cluster3/06e39b36469296480ae79bb54fa859b6/1088153/srednovekovni-kuli-i-mostovi-kratovo
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 23-Apr-2014 at 07:50









За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 23-Apr-2014 at 07:51










За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 23-Apr-2014 at 07:51






За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 23-Apr-2014 at 07:55












За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 23-Apr-2014 at 07:56












За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 23-Apr-2014 at 08:00












За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 23-Apr-2014 at 08:03






За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 23-Apr-2014 at 13:13
Кратово ми е омилен град, град полн со историја и најстариот град на Балканот. Ако некој го интересира повеќе за историјата за кратово и околината ви препорачувам да се обратите во Центарот за Карпеста уметност кој се наоѓа во центарот и е раководен од господинот Стевче Доневски.  
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 13-May-2014 at 20:54


Владо Крстевски
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 22-Jun-2014 at 15:11
Фотката е од Фејс мислам дека е Кратово не сум 100% сигурен.


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 01-Jul-2014 at 07:46
Од Кратово е, проверив



извор: Кратово Низ Слики и Видео
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 01-Jul-2014 at 07:55


извор: Кратово Низ Слики и Видео
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 02-Aug-2014 at 10:00
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 05-Aug-2014 at 23:43
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 05-Aug-2014 at 23:43




Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 05-Aug-2014 at 23:47
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 05-Aug-2014 at 23:48
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 05-Aug-2014 at 23:48

Боровите во кратовската Карши бавча заштитени од УНЕСКО

Патувања | 10.03.2014 11:48

Легендата вели дека најзначајната природна реткост што и денес постои во паркот во центарот на Кратово, во 1354 година ги засадиле Сасите, германско племе што во тој крај дошло да бара злато

Од Скопје преку Велес и Пробиштип до Кратово има 140 километри. Кога ќе го поминете Грофчанскиот мост веќе сте во Кратово. Влегувате некако одеднаш. Од пат буквално кон тесни чаршиски камени сокаци. Кратово е најстар град на Балканот. Тоа го докажуваат големиот број артефакти пронајдени тука. Во околината на Кратово и на Кратовско се пронајдени повеќе монети од времето на пајонскиот крал Адалјон, а во непосредна близина на селото Шлегово се наоѓа рудник, за кој професор Стеван Симиќ во 1910 година направил систематско истражување на сето тоа што можело да се види од античкото рударство.

Кратово има илјада и една приказна. Ако сакате да ги слушнете, ниедна нема да ве успие. Лично за мене највпечатлива беше приказната за петте бора и за двата костена. Ви се верува ли дека има два бора од 14 век? Живи и здрави, поврзани со своите гранки како едно. Приказната вели дека во 13 век, кога од Шлезија цели семејства се селеле во овие краишта сакајќи да го означат почетокот на едно постојано и плодно живеење, секое семејство засадило по едно дрво. Пет бора и два костена. Боровите (четири) биле засадени во делот во кој денес се наоѓа градскиот парк. Зачувани се два. Едниот се запалил во 1918 година, најверојатно од гром. Старите раскажуваат дека дрвото горело десет дена, толку било големо. Вториот бор е урнат некаде во 1951 година, кога се правел овој дел од патот. Некои велат – намерно, за да не бидат три бора, туку два… едниот машки, а другиот женски. Ни боровите не сакаат „трета страна“. Интересно е што во нив населението ја гледало својата иднина. На некој фигуративен и божествен начин, ги чувале и им се радувале. Го обрежале машкиот бор, од кој тече бело злато – смола, а на женскиот е направена вдлабнатина со исконски одблесок на оплодување. Но најубав е погледот кон небото. Боровите, иако се разделени повеќе од десет метри, во своите гранки се преплетени.

Reportaza78-Kratovo-Bor-2

Боровите во центарот на Кратово се посадени во 1354 година. Легендата вели дека најзначајната природна рет­кост што и денес постои во паркот во центарот на Кратово, ја засадиле Сасите, германско племе, кое во тој крај дошло да бара злато. Здружението за независни граѓански иницијативи работи на проект за заштита на двата стари бора во градскиот парк Карши бавча. Членовите велат дека имаат намера да ги заградат боровите и околу нив да направата мала ботаничка градина.

- Идејата потекнува уште од 1971 година од тогашното Собрание на Општина Кратово, кога двата бора биле заштитени од УНЕСКО – велат оттаму.

Според кажувањата на старите кратовци, тука се случувале првите љубови, матинеа, прослави, игранки и други настани.

Дојди куде три бора, да ти кажу три збора, е прочуената порака со која кратовци ги канеле девојките на љубовен состанок во познатата Карши бавча, кај високите борови стари шест и пол века. Таму се раѓала љубов, се пееле серенади, се одржувале матинеа, се славеле празниците… И денес младите се собираат под џиновските гранки на преостанатите два бора испреплетени во љубовна врска, кои сведочат за многубројните спомени, за првите бакнежи, градската историја, традицијата…

Паркот на боровите во Карши бавча денес е и туристичка атракција за многу домашни и странски туристи, кои за спомен се фотографираат под раскошните стебла и ги слушаат преданијата за нив.

Reportaza78-Kratovo-Bor-3

Собирачот на преданија, легенди и на вистинити случки од историјата и културата на најстариот град на Балканот, кратовецот Стевче Доневски, ја раскажува приказната за прочуените борови, кои ги проучува 27 години. Стручни податоци има и во научниот труд за долговечноста на дендрофлората во Кратовско на шумарскиот инженер Благе Митевски.

Доневски своите сознанија ги добил од интервјуа со 44 постари лица, објавени и необјавени записи, репортажи и од научни податоци за двата бора.

- Германскиот фотограф и сликар Курт Хиеслер во книгата „Непозната Југославија“ наведува дека неговите предци, седум рудари Саси, при доаѓањето во Кратово донеле пет бора и два костена, кои ги засадиле во новото печалбарско место. Лично од Музејот во Кемниц, Германија, ми ја пратија фотографијата на четирите бора во Карши бавча од 1926 година, направена од Хиеслер. Денес се останати само два бора, високи 25 и 23 метри, а нивните стебла се толкави што одвај ги опфаќаат четворица – вели Доневски.

Стариот кратовец Никола Ефремов – Бата, кој тогаш бил дете, се сеќава на борот што горел повеќе денови.

Петтиот бор, пак, бил засаден кај денешниот Противпожарен дом, но подоцна е исечен при проширувањето на градската чаршија. Но, во болното сеќавање на кратовци најзапаметен е настанот од уништувањето на третиот бор во Карши бавча, исечен при изградбата на патот Пробиштип – Кратово во 50-тите години од минатиот век. Дрвото го исекле дрвосечачи паланчани, а Градскиот одбор донел одлука од него да се направи таванот во црквата „Св. Јован Опсечен“, разбој за килимарницата и за други државни објекти.

- Кратово плачеше кога го сечеа борот. Боровите за нас беа свето место – вели 80-годишниот кратовец Тоде Ефремов. Тој за тажниот настан напишал и песна во која пее „Еј, три бора, многу убави бете, скинаа ве душманите ете“. Ефремов раскажува и за периодот кога градскиот живот се одвивал под боровите во Карши бавча.

- Се дружевме, се собиравме за Проч­ка, Велигден, цело Кратово беше таму за празникот на градот – Тодорица. Неизбежни беа тамбурашите, се пееја песни, а таму ја запознав и мојата сопруга – се сеќава Ефремов.

Кај народот постоело и верување дека смолата од боровите лекува.

- Аптекар од Злетово ги обрежувал боровите од кои истекувала смола, која децата ја голтале за лекување на стомачни заболувања. Најмногу смола истекувала меѓу Голема и Мала Богородица, а таа се носела во некоја фармацевтска куќа во Виена – вели Доневски.

Reportaza78-Kratovo-Bor-4

Денес се останати само два бора, високи 25 и 23 метри, а нивните стебла се толкави што одвај ги опфаќаат четворица

Туристички раритет се и двата костена за кои се претпоставува дека се уште постари од боровите. Едниот се наоѓа кај Радин мост, а другиот кај Стара Мусала и е во сопственост на семејството Ивановски.

- Имотот сосе костенот го купил дедо ми во 1927 година од Турчинката Емине Едризовиќ. Тој е висок 15 метри, а обемот на стеблото му е 6,3 метри и се смета за второ дрво според староста во Македонија, по охридскиот чинар. Од него сѐ уште собираме по 20-30 килограми костени, кои се исклучително крупни и вкусни. Од него имаме посадено уште едно стебло, кое е старо 50 години. Порано кај костенот доаѓале жителите бидејќи постоело верување дека ако се протне капа или марама на некое дете тоа ќе биде заштитено од колера и од други заразни болести што тогаш биле раширени – раскажува сопственикот Крсто Ивановски.

Долгогодишни стручни истражувања за древните стебла во Кратовско, но и пошироко во осоговскиот регион, врши шумарскиот инженер Благе Митевски, кој е посветен на заштитата на овие ретки прастари стебла.

- Истражувањата што ги направивме во соработка со Шумарскиот факултет од Скопје покажуваат дека костените се стари 640 и 650 години, со дијаметар на стеблото од 170 сантиметри и сѐ уште се во жива и витална состојба и плодоносни. Од старите видови во овој регион уште се издвојува една бука во селото Кнежево, стара 590 години, која се разликува по големината и виталноста од другите стебла, а во Страцин има четири бреста, од кои најстариот има 625 години, но овие дрвја се во лоша состојба и им се заканува исушување. Во селото Трновац, пак, се наоѓа даб стар дури 950 години, кој се смета за најстар во Македонија. Древни стебла открив и во реонот на Кривопаланечко, но тие допрва треба да бидат истражени – објаснува Митевски.

Тој како посебен куриозитет за Осоговските Планини го издвојува единственото прастаро стебло на бел бор, кое се смета за сведок дека на овој планински масив пред околу 6 века имал шума од бел бор.

(Пишува: Невена Поповска
http://republika.mk/?p=215037
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 05-Aug-2014 at 23:48
Невидов ни една слика од камените кугли за кои зборуваше Домагој Николиќ
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.