build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Македонски градови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Кратово
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кратово

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
dars View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 29-Jan-2009
Location: kratovo
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote dars Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Кратово
    Posted: 29-Jan-2009 at 20:35
Got no chains around my hand but, I'm not free
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 29-Jan-2009 at 20:39
Добредојде dars Smile

Ако може направи селекција на поубавите фотографии и постирај ги. Така ќе може и да се коментираат фотографиите и темата да заживее. Сепак ова е суб-форум за фотографии и не бива да го сведеме само на линкови.

Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 17-Apr-2009 at 16:42
Еве јас неколку да пратам:

Кратово Јули 2007








Ногу убав град, голема штета шо пропаѓа така, има голем потенциал ѕа туризам, но ке требе да капне некоја пара, или пак да го успособат Силекс да работи, ке има уште слики. Тој Ѕ.типот не мислил ногу на Кратово.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 18-Apr-2009 at 03:36
Кратово град на мостови, кули, подземни тунели...


Транопира, Коритос, Кратер, Кратис Кора, како што низ векови бил нарекуван овој стар македонски град, годишно го посетуваат од 3.500 до 4.200 домашни и странски туристи, а годинава од мај до ноември се очекуват нови тури на гости од Италија, Германија, Данска и Велика Британија


Кратово градот на мостовите, кулите, подземните тунели, старите борови од мај до ноември годинава се очекува да биде посетен од повеќе странски туристи. Закупени се речиси сите еднодневни аражмани на италијанските, германските, дански и англиските тур-оператори за посета на Кратово и неговата околина. Транопира, Коритос, Кратер, Кратис Кора, како што низ векови бил нарекуван овој интересен и стар македонски град, годишно го посетуваат од 3.500 до 4.200 домашни и странски туристи. Соработката со домашните и странските туристичките агенции се реализира преку Здружението на граѓани од Центарот за карпеста уметност во Кратово, чиј основач е кратовчанецот Стевче Донев.

Според Донев, во кратовскиот крај има што да се види, оти изобилува со цркви и ретки и живописни фрески, но и археолошки наоѓалишта како што е праисториското живеалиште Цоцев Камен и импресивниот археолошки локалитет Куклица, популарно наречен кај мештаните Веселата свадба со 148 грандиозни камени кукли.

Од град којшто во 17 век бил во подем и важел за еден од најголемите рударски региони на Балканот со околу 50.000 жители, Кратово денес едвај има 7.000 жители. Причина за тоа е што последниве години многу малку странски инвестиции се влезени во стопанството, поради што младиот и образовен кадар заминува на работа во Скопје или во околните балкански земји.

За Донев токму туризмот може да го воскресне Кратово, оти навистина има што да му се понуди на посетителот. Но за тоа, како што нагласува Донев, потребно е помош и од локалната власт и од Министерството за економија, односно секторот за туризам.
- Има услови за развој на алтернативен туризам, селски, верски туризам, како и архиолошки туризам. Нашиот Центарот за карпеста уметност којшто е прв од ваков вид во Југоисточна Европа, веќе побара од локалната власт да реставрира една од старите кули и таму да се продаваат сувенири, да се изложат старите артефакти и гравири - вели Донев. Тој објаснува дека за туристите се интересни и старите занаети кои во градот порано ги имало во изобилство. Голем хендикеп за туризмот е што во Кратово нема капацитети за преноќување, поради што туристите посетите ги реализираат само на еден ден.
- Околу триесетина куќи стари и по 120 години со интересна и автентична архитектура ќе бидат доволно да се реставрираат и да се направат како мини хотелчиња каде ќе се служи македонската храна по бабините рецепти. За ова веќе неколку пати пративме абер до Министерството за економија и секторот за туризам. За да се реализира еден ваков проект, а објектите да ги задоволат потребите на современите туристи е потребно околу 1,5 милиони евра, вели Донев. Тој нагласи дека досега како регионална канцеларија и информативнотуристичко биро се потпомогнати од Германската Влада -ГТЗ. Донев најавува дека имаат потреба од нови вработувања на преведувачи, изработувачи на сувенири и уметнички слики.

Според него, ако овој проект се реализира тоа ќе биде вистинска туристичка револуција за Кратово.

Проектот може да биде готов до 2011 година ако локалната власт помогне во изработката на физибилити студија, но и да овозможи навреме да се ангажира квалитетна фирма што може да ја релизира реставрацијата на куќите.
- Јас веќе имам подготвено една стратегија за развој на туризмот од 2008 до 2012 година, за која што првично беа одвоени 17.000 евра за праисториското живеалиште Цоцев Камен, но парите се уште не се пристигнати - вели Донев. Тој се се пожали дека гостите кога шетат по Кратово се разочарани од нехигиената околу кулите и мостовите. Донев апелира до локалната власт да се одвојат средства кои ќе бидат вложени во континуирано расчистување на сметот, но апелира и кон кратовчани да не го фрлаат ѓубрето каде што ќе стасаат.

Кули и подземни тунели
Кратово е град и голем број на средновековни кули, од нив 12 се лоцирани на левата страна од градот, а 5 на десната. Во моменот како што објаснува Донев само 6 од нив се очувани, додека другите се поприлично оштетени и неопходна е нивна реставрација. Најголем дел од кулите настрадале за време на Карпошовото востание.

Најстара и најбогата кула е Златкова кула, додека пак од познатата Сарај кула под Кратово се протегат подземни ходници (подземни тунели) коишто се раширени дури до Радин мост. Ходниците биле направени за да се кријат монетите коишто биле ковани во Кулата, што едновремено била и ковачница и менувачница.

Град со најмногу мостови и реки
Кратово е и град на околу 17 мостови, иако денеска сите не се во функција. Најпрочуениот мост е Радин мост, за коишто е исплетена потресна легенда дека во темелите жива е заѕидана Рада. Според приказната мостот го граделе 9 браќа, но тој постојано паѓал и за да го зацврстат одлучиле најмладата снаа жива да ја заѕидаат. Таа имала машко дете доенче и плачејќи побарала да и ја остават слободна десната града, за да може да го надои чедото.

Со својата убавина пленуваат и другите кратовски мостови, како што е Гровчанскиот мост, Чаршиски мост, Јокширскиот како и Гореномалски мост. Но Кратово е град низ коишто течат повеќе реки. Манцева Река, Баба Карина Река и Табачка Река се спојуват во ценатарот на Кратово и ја формират Кратовска Река.

Кратово е познато и по горостасните борови кои датират од 14 век. Тие се високи над 25 метри, а врвовите на дрвјата им се подгорени од гром. Најстарата фотографија на која се гледат боровите датира од 1927 година.

Исцелителна фреска на Исус Христос со сребрена рака
Црквата Свети Јован опсечен, којашто датира од 15 век, во 1689 година за време на Карпошовото востание била опожарена, по што повторно е обновена од страна на прочуениот мајстор Андреј Дамјанов.

Црквата меѓу верниците е позната по фреските на Исус Христос, Богородица и Свети Јован опсечен, коишто имаат сребрена рака. Тие се изработени од прочуениот мајстор Захарие Досев - Самоковец.

Според верувањето на верниците сребрената рака изработена од среброто на кратовските рудници е со исцелителна моќ. Токму затоа за претстојните Велигденски празници се очекува во оваа Црквата да пристигнат голем број на верници, за да ги следи среќа, здравје и радост преку целата година. Црквата секоја година е посетена од гости од Словачка, Хрватска, Германија, а специјален гостин бил и амбасадорот на Украина во земјава.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=0BE252737EE20246B514D37FE29B82F5
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7057
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 18-Apr-2009 at 12:09
со неколку зборови можам да кажам дека Кратово ми е еден од омилените градови во земјава, навистина многу историја, легенди и шарм, штета што е запуштено, во него може да се развие туризмот, само да се реставрира целиот град и малку повеќе да се рекламира, тоа е потребно
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 23-May-2010 at 06:37


Кратово
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 02-Nov-2010 at 23:02
Некоја слика од Кратово,направени со мобилен телефон.
Според мене град со неискористен потенцијал за туризам.

























build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 02-Nov-2010 at 23:08






















build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 02-Nov-2010 at 23:11














и ај после влези во чаршијава






build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 02-Nov-2010 at 23:31
ovaj_s, ова лично си прошетал до Кратово? 
Ако да, сподели импресии. Јас никогаш не сум бил, а одамна се оштрам, дефинитивно вреди ова да се почуствува во живо.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 02-Nov-2010 at 23:53
Специјално за сликиве ми ги испратија.
Инаку сум го прошетал Кратово,навистина интересно,една единствена едносмерна улица поминува низ цел град и од неа се делат стрмни пешачки сокачиња кон куќите,кулите и мостовите даваат посебен шмек,како од македонски народни приказни
препорака:пробај пастрмајлија со суво месо
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4407
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 03-Nov-2010 at 12:00
Дур е жив поранешниот претседател на ФСМ, не го бива Кратово, и нема да го биде. Ама му се гледа и нему крајот...

Туку, кој не го гледал серијалот „Истражи ја Македонија“, нека ги види клипчињата на YouTube, максимум десет се. Еве што има за Кратово (мислам не е постирано тука):

Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 03-Nov-2010 at 21:32
Јас мислам дека треба да се направи истиот модел како со Крушево.
Би било добро прво да се отпочне со реставрација на најзначајните објекти, а понатака и со другите , да се создаде истиот Етно-град по примерот на Крушево! Би било непроценлива штета ако се дозволи тоа така да си пропаѓа.
Исто така како што гледам и на средновековните мостови им треба барем мала санација , не само на кулите.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7057
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 04-Nov-2010 at 00:13
Originally posted by leonid23

Јас мислам дека треба да се направи истиот модел како со Крушево.
Би било добро прво да се отпочне со реставрација на најзначајните објекти, а понатака и со другите , да се создаде истиот Етно-град по примерот на Крушево! Би било непроценлива штета ако се дозволи тоа така да си пропаѓа.
Исто така како што гледам и на средновековните мостови им треба барем мала санација , не само на кулите.
јас пак не гледам потреба од одржување посебни церемонии за Кратово, градот има туристички потенцијал и без тоа, се штое е потребно е да се среди целиот град, да се нашминка малку и да се реновира и реставрира, да се елиминира се што штрчи на куќите од домашниот живот, а за туристите да има место за престој, и да им се понуди туристичка програма за градот
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 11-Nov-2010 at 16:19
Ovaa recenica od pogorniot tekst mi ostavi vpecatok:

За да се реализира еден ваков проект, а објектите да ги задоволат потребите на современите туристи е потребно околу 1,5 милиони евра, вели Донев.

Pa dobro luge do tolku li ne sme sposobni...Osobeno zatoa sto mnogu se investira vo turizmot, a Kratovo ima neverojaten potencijal...Sum bil vo gradot i slobodno mozam da kazam deka ima izvonreden sarm (mostcinja, kaldrmi,stari kuki,borovite i tn)koj ve vraka vo minatoto a toa vo denesno vreme e mnogu barano osobeno kaj turistite od porazvienite zemji.Gotovo sum ubeden deka sekoja investicija vo gradot povekekratno ke se isplati a i ke mu donese na domasnoto naselenie neophodni prihodi, zatoa sto gradot poleka izumira, kako dokaz za toa e mnogumaliot broj na zapisani prvoodelencinja...
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 24-Jun-2011 at 00:39
Ревитализација на културното богатство на Кратово

Од Цоцев Камен преку Шопско Рударе, па низ тајните тунелите кои минуваат под секоја кула, ќе стигнете во центарот на Кратово. Овие места како од бајка, сами ја раскажуваат сопствената приказна. На вас останува истата само да ја доживеете.



- Тунелите се една мистерија уште од средниот век, кои се многу интересни и за кои треба да се направи поголемо истражување, пред да се пуштат во употреба. Цоцев Камен е место кое ние го викаме камен град и е многу богат локалитет. Тоа е едно од ретките места кое предизвикува големо внимание кај туристите. Но куклите се нешто најубаво во овој регион на земјава за мене и претставуваат чиста поезија - вели Паско Кузман, Директор на Управата за заштита на културното наследство.

Оставените историски артефакти на забот на времето, сега ќе бидат заштитени. Со заеднички сили надлежните институции, ќе се обидат да му дадат нов сјај на градот кој сите го нарекуваат музеј на отворено.

- Кратово е раритетен град, по сето она културно наследство со кое изобилува, тунелите, мостовите како и кулите кои наиде ги нема. Досега помогнавме овие споменици да се ревитализираа и да се стават во функција за културен туризам, а пред се за промоција на културното наследство - изјави Елизабета Канческа Милевска, министер за култура.

- Заедно ги посетивме сите културни места, видовме во каква состојба се и што им недостасува. Со заеднички сили да ги оспособиме и да ги ставиме во функција - изјави Мите Андоновски, градоначалник на општина Кратово.

Она што туристите секогаш патот ги навраќа во Кратово, покрај културното наследство со кое изобилува градот, според Андоновски се и пастрмајлиите, питите и зелниците за кои надалеку се слуша.

Инаку, во изминатиот четиригодишен период, министерството за култура целосно ги ревитализираше Музејот и Домот на културата во Кратово.

А за наредниот период ветија адаптација и ревитализација на Кино салата во мулти – медијален простор, обнова на повеќе фасади како и донесување на закон за прогласување на старото градско јадро на Кратово за културно наследство од особено значење.


http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/revitalizacija-na-kulturnoto-bogatstvo-na-kratovo
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 24-Jun-2011 at 03:12
Многу убав град.

Мора да се реставрираат објектите од голема значајност.
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 24-Jun-2011 at 16:35
Батали реновирање ако тоа треба да подразбира дека треба да ги налепиме со травертин.  
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7057
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 24-Jun-2011 at 17:38
не ми е јасно зошто ваквите градови во Македонија се остравени на забот од времето... со ваква архитектура и целосен амбиент на градот, слободно можеме да му парираме на шармот на старите медитерански градовии градтчиња...и онака имаме зачувано голем дел оригинална стара архитектура која треба само да се поддржи
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 25-Jun-2011 at 03:16
Колку да тежи реставрација (само за lslcrew без травертин ) и рехабилитација на најважните објекти + да се средат улици, сокаци, тротоари и зеленило?

Дали некој може да претпостави?
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.