build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Скопје
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

"Старо Скопје" денеска

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: "Старо Скопје" денеска
    Posted: 07-Feb-2009 at 02:29
Идејата на нишкава не е да постираме стари слики од Скопје туку да разгледаме низ слики и разговор кои објекти од пред втората светска војна успеале да преживеат до денеска и во која состојба се наоѓаат. Пред се на ум ги имам објектите изградени во периодот помеѓу отварањето на железницата до Солун 1873 па се до почетокот на војната 1941 година.

Објектите од средновековно Скопје, Турската чаршија, Калето имаат посебни нишки така да не би ги мешал овдека.

Секој податок околу историја на објектите чии слики ќе ги постираме би бил добредојден. Во најмала рака да се обидеме да лоцираме кога се точно изградени. Мене барем во тој дел ми недостасуваат информации и однапред се извинувам ако по грешка постирам некоја зграда изградена 1945-1963.

Cheers
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 07-Feb-2009 at 02:30
Ќе почнам со Вакуфските згради на ул. Ленинградска за кои дискутиравме пред неколку недели.

Еве краток извадок од статијата од Вест која е постирана на горниот линк.

...На истата страна имаше, некогаш, четири вакувски згради, на кат, со две идеални половини и два влеза, пространи и естетско успешно обликувани. За жал, на едната има исто така доправки- доизграден е кат со железни елементи во вид на мансарда. Нивната хармонија е нарушена и со тоа што скоро сите имаат по една половина реновирана и една остарена зашто откако се направени не се одржувале редовно. Пред земјотресот беа четири...


Навистина ме интересира кога се точно градени овие згради. Од чаршиски муабет сум разбрал дека се уште од времето на турско но тоа е малку веројатно со оглед на тоа што делот на ул. Ленинградска каде се наоѓаат датира после Првата светска војна.

Нивната состојба денеска е навистина очајна. Како што се гледа на сликите подоле секоја си е приказна за себе. Првата зграда на сликите #2-#6 е во најавтентична форма но е и најруинирана. Сепак во реновираниот дел (половината која е варосана) газдата ладно си вградил алуминиумски прозорци Ohno. Но тоа не е ништо во споредба со втората зграда на сликите #7-#9. Мислам дека нема потреба од дополнителен коментар сликите говорат се Wallbash. Можам комотно да ги постирам и во нишката Урбано дивјаштво. Во третата зграда се наоѓа градинката Корчагин (#10-#13). Ако се занемари лимениот кров и местимичните клима уреди сепак се наоѓа во најзавидна положба. 

1 Трите куќи во линија од страната на Кјуби

2 Гледано од влезот на паркингот на Кјуби

3

4 Гледано од паркингот на Кјуби

5

6 Гледано од страната на ул. Ленинградска

7 Гледано од паркингот на Кјуби

8

9

10 Гледано од паркингот на Кјуби

11 Гледано од страната на ул. Ленинградска

12

13



Edited by pbanks - 07-Feb-2009 at 02:30
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 07-Feb-2009 at 02:47
Знае ли некој што значи „вакуфски“?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 07-Feb-2009 at 05:37
Има една планина Вакуф колку што ми е познато! Ама ќе да не е тоа!
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 07-Feb-2009 at 10:43
Originally posted by lslcrew

Има една планина Вакуф колку што ми е познато! Ама ќе да не е тоа!

Има и град во Босна - Доњи Вакуф

Иначе коренот највероватно е

Vakuf označava dobro koje neka osoba (vakif) svojevoljno izdvoji iz svoje imovine

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 07-Feb-2009 at 12:13
Vakuf so drugi zborovi se oznacuvalo zemjata pod cij osvojuvac spagalo vo tursko vreme, a deneska zemjata na IVZ se oznacuva kako VAKUF.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 07-Feb-2009 at 13:15

па не е баш тоа тоа, вакуф или вакиф кај нас употребуван како вакаф (вакавско место) е поточно (ќе се изразам модерно) средновековен религиозен фонд, односно кај нас познат како Црковно  завештание дар, разликата е само во тоа што кај муслиманите била и е сеуште "обврска" за секој верник да дарува, додека кај нас е обврска по милост - кој колку милува! обично најмногу дарувале  Царевите и земјопоседниците, а неретко и сиромасите со тоа што оделе како момоци да помагаат по Црквите и Манастирите за општо добро.

буквалниот превод е од vakif: кај муслиманите: имот завештан за верски и хуманитарни цели (да подига и издржува џамии, училишта, јавни библиотеки, болници, водоводи и сл.)  овој данок станал дел од средновековното исламско банкарство  кое и ден денес функционира во исламскиот свет.

ние народно сме почнале да го користиме зборот вакав како турцизам за да означиме некој Црковен имот на кој не треба да се гради или сади без одобрение односно Благослов, инаку луѓето се заветувале дека ќе  поклонат имот на Црквата за општо добро, а потоа Црквата односно свештенството одлучувало на кого ќе го отстапи тој посед во трајно или привремено владеење, обично неретко се случувало и некој богат да земе одредено вакавско парче земја за кое ќе плаќа закуп,  пример:

Со формирањето на еврејската општина (заедница) битолските Eвреи се оградиле од другото население во градот. Нивната насеба и синагогата се наоѓала на вакафски имот за што тие плаќале годишен закуп, за кое сведочат повеќе турски документи.
патем пола Чаир и Скопје Север се изградени на вакавски имот.          

е сега за овие куќи  на ленинградска претпоставувам дека имотот бил под владение на Црквата Свети Константин и Елена со оглед дека таа и била најблиску, а дали куќите биле изградени врз основа на наем за земјата или имотот им бил даден во владение на станарите, тоа незнам треба да се провери. инаку градинката сега Корчагин, порано се викаше Весели Цветови.  

Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 07-Feb-2009 at 13:40
Da de, togasnata Islamska Verska Zaednica im davala zemja na siromasnite za da izgradat kuka, ili imot ili dukjan vo carsija, posto i skoro 200 prodavnici vo stara carsija spagaat pod IVZ VAKUF
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 07-Feb-2009 at 13:55

добро тоа е тоа, но не е земјата под чиј освојувач спаѓала во турско време Smile единствено што турците освоеното можеби им го доделиле на исламското свештенство кое подоцна од таа земја направила сопствена економија односно помагала на сиромави или во градење училишта,  можеби џамии (иако мислам дека исламските верски објекти претежно биле финансирани од султаните, беговите и пашите) итн.       

вакаф, мн. вакафи

Имот добиен со завештание во верски и хуманитарни цели на џамија или црква; таков вид на верско задолжување. (ова стои и во лексиконот на идивиди т.е. магнум софт)

 

A waqf is an inalienable religious endowment in Islam, typically denoting a building or plot of land for Muslim religious or charitable purposes. It is conceptually similar to the common law trust.

 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 07-Feb-2009 at 15:04
Значи тогаш и хотелот Изгрев е вакуфски имот, така?! LOL
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 07-Feb-2009 at 22:15

офтопик: негледам што е смешно, донекаде тоа дека хотелот е на вакавски имот тоа е точно, само што е изграден без никој да ја праша Црквата, па сега со денационализацијата, Црквата во 2000та го доби имотот  во владение. сепак хотелот беше во сопственост на пропаднатите Интекс и Хемтекс кој во стечајната постапка кимико брадерс го купија целосно, а подоцна на Црквата и отстапија на "поклон" дел од хотелот мислам 1/3,  најверојатно за да немаат проблеми  (кирии, откупи) околу имотот на кој се наоѓа хотелот кој е посед односно метох на Манастирот  во Калишта (посветен на Пресвета Богородица во кој има и неколку пештерни Цркви).

патем сега кога ќе размислам поубаво Црковен посед се вика Метох, Метоси, од таму Метохија, но народ си е народ па турцизмот изгледа им звучел помелозвучно затоа и преовладејала народната форма.  

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 07-Feb-2009 at 22:49
Оваа сите ја знаете на ул. Македонија/Луј Пастер. Пеко на приземјето и рекламата на Бато и Дивајн се едни од најдолговечните во Скопје барем од кога сум јас жив . Дефинитивно е потребно реновирање на фасадата и одстранување на клима уредите.

Инаку немам никакви информации за зградава. Чиво дело е и од која година е

1

2

3

4


Веднаш до нејзе се наоѓа и ова мало зградиче кое е во добра форма. Повторно немам точна претстава кога точно е ова изградено.





Edited by pbanks - 07-Feb-2009 at 22:50
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 07-Feb-2009 at 23:24
мислам дека е од пред земјотресот, има високи плафони, мислам 4 или 4,5 метри колку што можам да се сетам, исто и прозорите се некако ситни а високи,  малку смешно но чувството таму е навистина некако клаустрофобично, она не многу широки соби но многу високи, нешто како магацин во тесно Smile знам имаат поглед во двориште одзади, но сепак се е некако чудно баш како да си во триесетите од минатиот век, само во современо уреден простор.  
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 08-Feb-2009 at 11:10
... На истата страна, во зграда што и денес постои, беше познатата пред и по војната, па и некоја година по ослободувањето, "Бата" - продавница за гумени чевли и производи. Таа потоа се нарече "Комбинат" и на крајот, и денес "Борово"...

Ристо Ќортошев

И потоа „Пеко“


Edited by Vladimir P - 08-Feb-2009 at 11:11
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 09-Feb-2009 at 02:41


Еве слика од 1963 и тогаш е Пеко



Импресивен континуитет за скопски стандарди


Edited by pbanks - 09-Feb-2009 at 04:03
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 09-Feb-2009 at 03:58
Тука на сликава една зграда посебно ми фаќа око, онаа што тука на сликава доаѓа на средина. Таа со церадите доле. Мислам дека денеска тука има некаков ресторан комбинација од кафич со мексикански ресторант.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7013
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 09-Feb-2009 at 12:02
мене посебно ме нервира таа сосем бетонската зграда до хотел Москва Wallbash
добро бе кој дозволи да се градат такви згради на улица Македонија?

инаку pbanks убаво што ти текна на зградава, за жал има многу вакви низ градов, ама се засенети и никој не ги ни погледнува
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 09-Feb-2009 at 12:29
Originally posted by zabegan

мене посебно ме нервира таа сосем бетонската зграда до хотел Москва Wallbash
добро бе кој дозволи да се градат такви згради на улица Македонија?

инаку pbanks убаво што ти текна на зградава, за жал има многу вакви низ градов, ама се засенети и никој не ги ни погледнува


Кој е тој хотел Москва? Dunno
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 09-Feb-2009 at 12:52
Добра идеа за тема пбанкс.

Нели оваа зграда со куполата се уште стој?


И денеска, до Читкушеви

(усфари не ми личат исти..)



Edited by dejan - 09-Feb-2009 at 12:55
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 09-Feb-2009 at 13:29
Previous
Тоа е „Крангова палата“ која е срушена - тоа денеска е почеток на пешачката зона на ул „Македонија“
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.