build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Графити и мурали

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 27-Mar-2020 at 23:26
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 19-Jun-2020 at 18:19

повеќе дебел него ребел, но ти посекако не си Патрик Стујард, арт па ич, можеби каша попара!? од каде оваа волја за спамирање само незнам, но ај да речеме во нишкава си дговара колку да видат Млади Надежни Сили како изгледа кога некој се трудел нешто да скрпи некој друг на фора да му го ништи, токму графитите може да се разберат како урбан сеир за свежо бојосаните фасади, Зато и не треба многу паника, мислам која поента да му се инаетиш на некое тенеќе’мен, така ќе ојди цела нишка ут спам одговори, додека не се најдит Модератор во континуитет да запазуе форумскио правилник, кизнај може зад маската да се криет и некој од Админи па нек се сликаат Модератори

туку фино би било законски да е дозволено бар проЏЕКшн-мапинг и Лајт-Графити да фрчат урбано, и тоа уредно најавени, иако штом стане тренд фората посекако МНС ќе ја користат анархистички по Јавни Објекти пр. сигурно ќе се досетат и на Верски вака да фрлаат чалам, заради што треба со време здрава регулација за некоја навијачка група тоа не го злоупотреби дрско а сетне тоа во општество да остаи траен дрзок жиг врз Соживото, чунки за соодветни испади би фрчеле затворски казни заради колективна провокација со несогледливи последици на долг рок, во спротивно толку им сече на Деца та ќе ви пуштат малџиските хорор спинои, а сетне одете вие приберете се со памето како општество, доволно и една склет карикатура така да влета и ето не само внатрешна нетрпеливост туку и магнет за туѓа од понадвор за кога би се одважиле утре туристички некои изреволтирани да наминат да ви потпалат со лесно тука касапана! Зато и Треба Поозбилен Оптествен Дијалог како да се зауздаат ризици од верска етничка и културна нетрпеливост, мислам јас комотно можам вака на субкултурна основа посреди нечија металска журка да проектирам кгбт поздрави и честитки донив и тоа со извичник дека Поздраво е од Монотеист, мислам каде со тој памет, зато и би требало за вакви испади големи казни, но вакво што може да се прави и арпаџик со веење знамиња виа дронови, и ајде тоа било нагости, но подома ем сред Мултикулти Општество тоа би било премногу!

https://www.instructables.com/id/PROJECTION-BOMBING/


    

Edited by Zelenikovo - 20-Jun-2020 at 05:05
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 489
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 20-Jul-2020 at 21:05
Една идеја за градските и општински власти. Знаеме дека графити се проблем да се исчистат, а во Скопје има многу матерјал за чистење. Затоа, мислам дека е паметно Град Скопје да набави еден ваков апарат и да го стави на располагање на Комунална Хигиена и да обучи неколку работници. Се работи за апарат за отворено пескарење во мешавина со вода или затворено во комора без вода. Темелно ги отстранува графитите и ги враќа основните бои на материјалите употребени за фасади. Кај што гледаме грди слики со партиски шкрабаници, па уште ги гледаме и погрдите "решенија" кога со кофа бела боја ќе се префарба кремаста фасада и тоа на ништо не личи. Идејата немора да е само за комунална хигиена, него и специјализирани фирми како Серта, секјуриом, Техночист и сличи да почнат да нудат вакви услуги на куќни совети. Да ја зголемиме и хигиената во градот и подобриме јавната слика.

   

   

Edited by user8642 - 20-Jul-2020 at 21:06
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 16-Aug-2020 at 10:23
Скопје доби нов мурал - дело на белградскиот уметник и архитект Андреј Јосифовски.

Насловен како,,Луѓето се важни" (,,People matter" ), муралот е изработен за четири дена.







од твитер

Патем не видов никаде нишка мурали па затоа на оваа нишка додадов Графити и мурали ако имало некаде претходно отворена корегирајте.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 17-Aug-2020 at 12:56
Нов мурал на белградскиот уличен артист „Пијанист“ до скопската гимназија „Јосип Броз Тито“





Нов уметнички мурал, насликан од познатиот архитект и уличен артист од Белград, Андреј Јосифовски, познат под псевдонимот „Пијанист“ од неодамна е нацртан на зградата веднаш до гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје.

Муралот е поставен по нарачка на Халкбанк, а пораката зад делото е „Важни се луѓето“, која истовремено е и корпоративниот слоган на банката. Како што велат од Халкбанк, со овој потег банката наместо да вложува во класично надворешно рекламирање, се потруди на креативен начин да придонесе за вистинско разубавување на градот, но и да им оддаде почит на луѓето од заедницата и на вистинските вредности што треба да се негуваат.

Цртежот е долг вкупно 15 метри, широк 10 метри и зафаќа површина од околу 150 метри квадратни. За негова изведба биле потребни вкупно 5 дена, а „Пијанист“ работел сосем сам како артист за муралот.

https://meta.mk/nov-mural-na-belgradskiot-ulichen-artist-pijanist-do-skopskata-gimnazija-josip-broz-tito/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 28-Aug-2020 at 17:42
Рударска приказна“ симболичен мурал за историјата на рударска Македонска Каменица



На Денот на рударите, 28 август, кој е и празник на градот, Македонска Каменица доби мурал, еден од најголемите во Македонија. Муралот е своевидна историја на малото рударско градче и го краси ѕидот спроти зградата на Општината. Делото на четворица македонски автори е исцртано на површина од речиси 300 квадратни метри, во должина од 75 метри. Највисоката точка на муралот е на 4 и пол метри.

На промоцијата на делото, градоначалничката Соња Стаменкова, рече дека муралот е историја на градот, кој е релативно нова населба, испреплетена со историјата на првиот печатар на Балканот, кој живеел овде.

-Македонска Каменица има постара историја, но градот, населбата, е нова, има нова историја и целата таа приказна е во тој контекст. Во таа современа рударска приказна, на муралот на крај, го има Часословот на Јаков од Камена Река и завршува со еден негов цитат. Јаков е роден во камена Река и тој е првиот печатар на Балканот. Неговиот цитат е дека е роден тука, неговото семејство живеело овде и дека ја напуштил Македонија и заминал некаде во Венеција. Тоа е еден преубав завршеток на муралот и симболика дека имаме и стара историја – изјави Стаменкова.

Муралот е активност на манифестацијата „Каменичко културно лето 2020“, кое оваа година, поради пандемијата, претрпи измени во планираната програма. Делото е и дел од серијата мурали кои треба да бидат изработени ова лето, во соработка со Центарот за современа ликовна уметност. Координатор на проектот е Јана Јанеска Ристески, а автори на муралот се академските уметници Александар Џинго, Сања Јездиќ, Ферди Булут и Александар и Хари Дудески.

Муралот останува да живее на отворено пред очите на каменичани, но и на сите патници намерници и тие што транзитираат на пат кон соседна Бугарија.

https://meta.mk/rudarska-prikazna-simbolichen-mural-za-istorijata-na-rudarska-makedonska-kamenicza/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 18-Sep-2020 at 16:51
Близу гимназија Јосип Броз Тито во Центар(od fb)

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 28-Sep-2020 at 12:50
Во рамки на проектот Велоштад кај Транспортен Центар
Викендов го работеа еве како испаднало...






Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.