build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Моделарство, макетарство и колекционерство
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Моделарство, макетарство и колекционерство

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 87>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 621
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Моделарство, макетарство и колекционерство
    Posted: 13-Jan-2019 at 20:01
Еве уште еден можен состав на композиција во Н0 (1:87) врз основ на старите фотографии од Велес.

Тешко е со сигурност да се препознаат типовите на вагоните на фотографијата меѓутоа и покрај тоа моделите кои ги назначив би можеле добро да ја одиграат улогата и да ја претстават композицијата со оглед на тоа да некои се веќе видени и препознаени како модели на вагони кои сообраќале низ Македонија.
Времето на 1920-30-те ни дава слобода за одабир на модели со или без кочничарска куќичка зашто таа епоха обилува и со едните и со другите.

Се разбира, постојат модели и на другите производители кои би можеле да се употребат.

Потешкотии прави последниот вагон во композицијата кој највероватно е пивски вагон-ладилиник со висок дупли плафон за кој немаме соодветен модел. ТRIX моделите се каква-таква замена со оглед на тоа дека се наменети за превоз на пиво а и имаат дупли плафон.

Уште едне вагон за кој не можам да бидам сигурн е оној веднаш зад локомотивата. Можеби станува збор за патнички вагон меѓутоа приметната разлика во висината на покривот дава дојам дека сепак станува збор за службен вагон.
Бидејќи единствен тип на службен вагон за кој сме сигурни дека сообраќал кај нас е Dt врз основа на Pg/Pwg јас се одлучив него да го поставам на позиција зад локомотивата.

Исто, соодветен модел за локомотива немаме.
Како глумици можеме да ги употребиме моделите на Liliput и TRIX кои можеме да го преработиме (домовите и пескарите) а со исфлање на нивните оригинални тендери и додавање на тендер на пр. на германската BR 38 ќе добиеме поблизок изглед до нашата локомотива од серијата 20.
[/IMG]
ПС: сите наведени модели се наменети за возење на шини напојувани со еднонасочна струја (DC).
.

Edited by mon - 13-Jan-2019 at 21:12
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
sase View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Apr-2015
Location: makedonija
Online Status: Offline
Posts: 301
  Quote sase Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 09-Jan-2019 at 21:10
milco честито за новите модели, toser е прекрасен човек за соработка било кога се купува или се заменува нешто. Thumbs%20Up
Back to Top
milco View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 05-Apr-2015
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 69
  Quote milco Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 08-Jan-2019 at 16:08
Со toser направивме замена на комплети HO за N скала
kjhyfrdwertyuik
Back to Top
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 621
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 08-Jan-2019 at 09:35
Originally posted by katani

... макета си, който от повече от пет години беше разглобен и буквално забравен. ..

Интересен начин како да се чува расклопена макета.

Originally posted by sase

..одлично испадна ја теститав во движење глатко вози и многу е тивка...

Браво sase, покрај Ѓоле, ти си уште еден кој е вооружен со мирни раце и стрпливост.

Originally posted by milco

Прва вожња на новите модели....

Честитки milco, од каде ги набави?
.
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
milco View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 05-Apr-2015
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 69
  Quote milco Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 07-Jan-2019 at 23:12
Прва вожња на новите модели



kjhyfrdwertyuik
Back to Top
sase View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Apr-2015
Location: makedonija
Online Status: Offline
Posts: 301
  Quote sase Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 03-Jan-2019 at 16:13
Originally posted by sase

Генерален ремонт, има доста работа но се надевам дека добро ќе испадне Yes





Локомотивата е готова, да кажам одлично испадна ја теститав во движење глатко вози и многу е тивка еве некоја слика.




Back to Top
katani View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Jan-2013
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote katani Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 02-Jan-2019 at 07:59
Честита Нова година! Здраве, щастие, късмет и успехи да ви съпътстват през цялата година!

Отскоро се върнах към хобито и тъй като ми предложиха да участвам с макета си в Международната среща на жп моделистите 2019, която ще се проведе май месец в София, се заех да върна към живот макета си, който от повече от пет години беше разглобен и буквално забравен. Ето едно кратко видео от първия влак по трасето:

Макетът

Повече за макета ми: ТУК

Следва продължение...

Back to Top
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 621
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 01-Jan-2019 at 09:27
Originally posted by MIKI1

Екипа.
нека ни е среќно ова лето Господово, имајте живот и здравје во истото па искористете го за набавка на нови модели во Вашите збирки...Cheers

Се придружувам кон честиткава, весела нека ни е Новава 2019 со многу убави нови модели! !
https://www.youtube.com/watch?v=3ga3zCG0cTE
.
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
MIKI1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 288
  Quote MIKI1 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 01-Jan-2019 at 00:57
Екипа.

нека ни е среќно ова лето Господово, имајте живот и здравје во истото па искористете го за набавка на нови модели во Вашите збирки...Cheers
Back to Top
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 621
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 30-Dec-2018 at 22:29
Originally posted by MIKI1

...Моделите кои ги споменав, а кои се продаваат на германскиот „И-бај„, имаат цени од 35Е па нагоре. ..

Да, многу зависи од тоа кој модел го бараме, на кој производител, кога и во колку примероци е произведен, дали го купуваме по продажна цена или на аукција итн, итн...
Кога веќе го спомнуваме Росо: јас на еВау-аукција имам купено потполно нов Росо „Н0„ штука-вагон за само 5 евра, цената на нов беше околу 40-45.
Некогаш цената зависи и од среќата во тој момент.



Originally posted by MIKI1

....На тоа, доаѓа и соодветна поштарина па цената соодветно расте. Жива среќа е ако не бидат царинети.....

Јас преку еВау најмногу купувам од Германија па ги замолувам продавачите да ми го пратат пакетчето како регистрирана пратка на Deutsche Post Вrief пошто таа е најевтина опција кога е праќање од Германија во прашање, поштарината се движи 8-10 евра.

Од праќањето на пратки од ЕУ кон Македонија сум приметил дека доколку испраќачот од ЕУ на пратката има залепено царинска декларација, македонската царина скоро секогаш ја отвара пратката и ја проверува содржината, па можно е и да оцарини.
Доколку пратката е без таа царинска декларација тогаш пратките ретко запираат на царина, скоро веднаш се доставуваат до поштата и понатака до примачот.
Овде станува збор за пратки со не толку голем габарит, за пратка со еден до два модели внатре.
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
MIKI1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 288
  Quote MIKI1 Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 30-Dec-2018 at 21:30
Ш*т...

Патничките вагончиња од „Роко„, кои ми запнаа за око, навистина се „N„ размер...Моја грешка.

Моделите кои ги споменав, а кои се продаваат на германскиот „И-бај„, имаат цени од 35Е па нагоре. На тоа, доаѓа и соодветна поштарина па цената соодветно расте. Жива среќа е ако не бидат царинети...

Понудувачите на „И-бај„ често веќе имаат свои дуќани за продажба на моделите кои се на понуда преку „Нет„-ов.


Edited by MIKI1 - 30-Dec-2018 at 21:31
Back to Top
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 621
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 30-Dec-2018 at 20:44
Originally posted by MIKI1

...Колку можам да забележам, цените од вагончињата се во ред, така што цена од цца 19Е за патничко вагонче е повеќе од добра. На германскиот „И беј„ нивната цена е најмалку двојна!
Цените од локомотивите пак...боле глава...Nuts

Моделите на патничките вагони од фотографииве на marfimk се во "N" големината (1:160) МIKI1 a цените им се намалени, претпоставувам поради празнициве.
"Н0" (1:87) моделите сигурно cе/би биле поскапи па дури и со намалени цени.

Моделите кои јас ги имам набавено преку еВау беа во понуда со наддавање односно на аукција така да сите ги имам купено по поповолни цени отколку да ги купив во некоја продавница.

Интересно е дека сум приметил дека многу продавници продаваат и преку еВау со исти/слични цени како на нивните web-продавници.

.
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
MIKI1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 288
  Quote MIKI1 Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 30-Dec-2018 at 18:15
Originally posted by mon

Originally posted by marfimk

Мала презентација на цените во продавницата... Денес бев во друга продавница, цените беа подостапни...

Токму поради превисоките цени јас имам заборавено кога последен пат сум купил некој модел од продавница, претежно набавувам преку еВау.
Originally posted by marfimk

... Железничкото моделарство е на многу високо ниво, има и побарувачка а и избор. Од Americana речиси ништо...

Мислам дека во последниве 10-тина години се забележува се поголема настроеност кон домашното (без разлика дали се работи за модели или за макети/диорами)па можеби затоа генерално понудата на американски модели е послаба за разлика од порано.
.


Колку можам да забележам, цените од вагончињата се во ред, така што цена од цца 19Е за патничко вагонче е повеќе од добра. На германскиот „И беј„ нивната цена е најмалку двојна!

Цените од локомотивите пак...боле глава...Nuts
Back to Top
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 621
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 27-Dec-2018 at 18:19
Да sase, и јас мислам дека визуелно Liliput-овиот модел одговара повеќе.
Trix моделот го напоменав поради неговата неколкупати пониска цена за разлика од моделот на Liliput.

На списокот за можни модели за преработување во нашата ЈЖ20 би можеле да се додадат и моделите на SNCF 3.15/ex BR37 (на пр.: Fleischmann 413702) како и BR24 (Roco 62210) со тоа што со нивна преработка во зависност од тоа колку успешна таа би била ќе добиеме модел со визуелна сличност додека димензиите не би одговарале на вистинската локомотива намалена во сразмерот 1:87.
Мене лично не би ми сметал модел кој би бил неколку милиметри пократок или подолг доколку визуелно би наликувал на нашата локомотива.


ПС: да напоменам само дека со преработка на било кој од горе наведените модели би добиле само локомотива. Тендерот би било најдобро да го замениме, можеби најдобро решение е да се замени со тендер од BR38 (на пр.: Fleischmann 4160).

.
.
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
sase View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Apr-2015
Location: makedonija
Online Status: Offline
Posts: 301
  Quote sase Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 27-Dec-2018 at 16:34
mon мислам дека оваа локомотива на Liliput повеќе одговара со онаа од фотографијата.
Back to Top
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 621
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 26-Dec-2018 at 11:47
Фотографијата „Велес во 30-тите„ која ја постави Џоле во темата „Македонски железници низ слика и видео„ ми даде повод да се обидам да ја составам композицијата која се гледа на неа од постоечките Н0 модели (1:87).

За вагоните не беше тешко да се пронајдат соодветни модели, ги изработуваат повеќето производители.
Модел на локомотивата меѓутоа, останува енигма. Како што е случај со повеќето локомотиви кои влечеле низ Македонија, модел на локомотива од серијата 20 (на фотографијата) не постои па доколку сепак би сакале да ја составиме оваа композиција би биле присилени да употребиме модели на странските компании/управи кои повеќе или помалце (не)личат на нашата локомотива од фотографијата.



Edited by mon - 26-Dec-2018 at 19:10
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 621
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 23-Dec-2018 at 09:42
Originally posted by marfimk

Мала презентација на цените во продавницата... Денес бев во друга продавница, цените беа подостапни...

Токму поради превисоките цени јас имам заборавено кога последен пат сум купил некој модел од продавница, претежно набавувам преку еВау.
Originally posted by marfimk

... Железничкото моделарство е на многу високо ниво, има и побарувачка а и избор. Од Americana речиси ништо...

Мислам дека во последниве 10-тина години се забележува се поголема настроеност кон домашното (без разлика дали се работи за модели или за макети/диорами)па можеби затоа генерално понудата на американски модели е послаба за разлика од порано.
.
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
marfimk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Feb-2012
Online Status: Offline
Posts: 102
  Quote marfimk Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 18-Dec-2018 at 22:49
Денес бев во друга продавница, цените беа подостапни. Сопствениците не дозволуваа многу сликање, не знам од која причина.
Она што е интересно е што во продавницата доаѓаа луѓе кои одбираа подарок за некој кој е навлезен во ова хоби, па заедно со сопственикот и вработениот (доста детално според епохата) одбираа вагони, возила, сигнали, рампи, мостови... Железничкото моделарство е на многу високо ниво, има и побарувачка а и избор. Од Americana речиси ништо.
Квалитетот на сликите не е најдобар, бидејќи се смалувани за да не бидат огромни на форумов.









Back to Top
marfimk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Feb-2012
Online Status: Offline
Posts: 102
  Quote marfimk Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 17-Dec-2018 at 22:30
Мала презентација на цените во продавницата:




Измена и во возниот парк на макетата на железничката станица, дел од претходните локомотиви не возеа:



Back to Top
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 621
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 13-Dec-2018 at 23:44
Originally posted by marfimk

...Планирам да посетам уште 1-2 продавници за модели, па ќе поставам и слики.

Одлично, ќе има со што да оплакнеме очи!   
.
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 87>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.406 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.