build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Моделарство, макетарство и колекционерство

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 80>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Моделарство, макетарство и колекционерство
    Posted: 03-Jan-2009 at 14:35
Eve i za Vladimir neshto!!! Se raboti za germanski igracki od firmata Merklin. Igrackite se samo za modeli na zeleznici!

http://en.wikipedia.org/wiki/M%C3%A4rklin

falku e oftopik ova za zelznici, ama nema smisla u MZ da go postiram!


Edited by lslcrew - 03-Jan-2009 at 14:35
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 03-Jan-2009 at 14:55
Previous
И двете фирми сеуште ги чувам-имам Big%20smile

И нешто само помеѓу нас,
усте многу, многу се навоѓа во мојата работилницата, од тоа време но и од денешно, ОТП-јско  Thumbs%20Up

И само ко инфо, МЕХАНОТЕХНИКА отиде во неповрат, ако не се најде некој купувач



Edited by Vladimir P - 03-Jan-2009 at 15:02
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 03-Jan-2009 at 15:45

lsl па вие ептен современи муабети сте имале по отп, во мое врме се одеше со лим, шперплоча, иверица, лесонит и охо лепак, се беше DIY освен  што имаше упаство-шема но и електропионир беа екстра појава elektropionir.net , но кај нас се одеше по  комплетно DIY систем обично  снаоѓајки се сами, добро со помош на нашите татковци, изгледа поентата беше продлабочување на семејните врски преку заеднички труд!

сега најдов на нет дека ОТП го укинале како посебен предмет и го фузирале со информатика т.е. не по врат по шија и логично сигурно во контекст на автоматика! Информатика и техничко задолжителни, албански и природните науки по желба - Вечер - 05.09.2006

инаку приватно сите имавме вовчиња од mehanotehnika дури и денес се наоѓа по нешто за купит на нет, налетав сега на еден оглас барајќи го сајтот на словенците(значи не се заминати во неповрат) www.mehano.si/?PID=31 треба да си нарачам долен строј за неколку вагони и две осовини за локомотива од HO серијата доколку сеуште имаат некаква залиха... 

еве го огласот pazar3.com.mk/ViewItem.aspx?itemId=157506

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 03-Jan-2009 at 17:44
Ми отворивте стари и нови пасии Ohno правење на макети и модели

Иначе за набавка на возови само кажете, има на тони, а има и во МК доста колекционери.
Еве една макета на еден мој приател Томо, па узивајте во 3D но стварно не виртуелно Smile




Edited by Vladimir P - 03-Jan-2009 at 17:47
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 03-Jan-2009 at 18:16

а набавка на делови од и за возови има таква шанса  Smile како што реков ми фалат неколку комбинации, кажи можеби има форум за моделарство кај нас?! на авијација има секција но таму се муабети само за авиони! ова со возовиве е интересно мојата композиција е во аут, треба тие неколку работи да ги оправам и ми фалат некои додатоци за платформата со рампи односно ја имам платформата ми фалат рампите и скретничарската колиба... ова информацијава ме куртули се спремам веќе некое време да нарачам од словенија ако имаат нешто залиха од порано!

патем  екстра платформава на Томо она во позадина ми изгледа како Динара да е Smile гледано од Книн само што малку железничкиот мост треба да е полево во продолжение на железничката станица Big%20smile

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 03-Jan-2009 at 18:26
Неколку форуми од екс-ЈУ за транге франге и помош за ж. модели

http://www.railserbia.net/forum/viewforum.php?f=36 Србија
http://zeljeznice.net/forum/viewforum.php?f=15 Хрватска
http://www.vlaki.info/forum/index.php?c=3 Словенија

П.С. Иначе ја имам ж. модели од N скала (големина 1:160)
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 03-Jan-2009 at 18:38

Благодарам за линквите Владимир! екстра, сега уште нешто транге-франге да имаше и во близина и ептен да не морам да му се замарам Smile со оглед дека ми фалат ситни работи! 

пред некое време го критикувавме Трифун дека бил како мало дете, е ова е да бидеш како мало дете но во креативна смила на зборот, хоби за секое годишно време!

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 03-Jan-2009 at 18:46
добив цена од огласот,  изгледа ќе ја купам композиција од големите, па поефтино ќе поминам отколку да се замарам со нарачки и склепувања, вака мислам има резервни тркала во комплетот како би ја оправил босата локомотива и плус ќе имам два воза, па може да се фрлам на оправање поголема макета пролетва, некоја оригами комбинација како на ММ од голем ринг Smile
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 01-Feb-2009 at 11:36
Еве нешто додуше од друга бранша, но кaкo може да се примени племенитиот месинг во изработка на модели.
Но со илјадници сати стрплива работа




Изработил Велимир од Ровињ
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 01-Feb-2009 at 11:46
Макета на железничка станица овојпат изработена од дрво !
Иначе скалата е 1:87




Изрработено од Markez i GANZ

Edited by Vladimir P - 01-Feb-2009 at 11:50
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 05-Feb-2009 at 22:11

Железничко моделарство - mk.wikipedia.org/wiki/Железничко_моделарство

Возот наречен желба

Томо Леов ги изработува макетите на возовите за шест месеци, а за најголемата потрошил 2.000 евра

Скопјанецот Томо Леов веќе дваесетина години изработува необични макети на железници. Досега направил повеќе од десет "гигантски" макети. Вели дека љубовта кон возовите ја наследил од дедо му, кој работел како железничар. Тој ужива да ги гледа железничките станици, а љубовта кон возовите му помогнала да ја избере и животна професија - вонредно да ги полага испитите за машиновозач.

Леов вели дека негово најголемо достигање е железницата по која се движат четири воза, а може да ги контролира еден човек. Таа е долга околу два метра и широка 70 сантиметри. За изработката на и таа железница Леов потрошил најмалку шест месеци и околу 2.000 евра.

- Во омилената макета вложив многу време. Вистинска реткост е што покрај железничките пруги низ макетата минува и импровизирана река низ која тече вода, за разлика од другите макети во кои коритото на реките е обоено. На макетата поставив и канделабри, кои "вистински" светат и го осветлуваат патот на возовите - вели Леов.

Тој во мај лани изработил макета по нарачка за потребите на Железничкиот училиштен центар во Скопје. Таа макета е голема девет квадрати и возовите се движат на четири нивоа. Тој објаснува дека на неа не внимавал многу на естетиката туку на техниката, бидејќи била наменета за едукација на учениците.

Поради високата цена на материјалите што се потребни да се изработи една макета, Леов вообичаено "урива" една макета за да изработи нова. Досега не срушил само две макети - омилената и таа за во Железничкиот училиштен центар.

За изработка на една макета му се потребни најмалку шест месеци. Пред да почне да ја работи макетата прво го одредува просторот и ја бележи патеката низ која ќе поминуваат пругите. Потоа ги поставува подлогата, која е направена од дрво, пругите и електронската мрежа. Последна фаза при изработката на макетите е "шминката" и додавањето на деталите, како и поставување на возовите, кои ги купува.

- Прв чекор за разубавување на макетата е изработката на гипсениот релјеф. Потоа се нанесуваат трева и дрвја, кои ги правам од гумирани и од сунѓерести материјали. Една од тајните при изработувањето на релјефот околу макетите се боите, кои се направени на природна база - објаснува Леов.

Тој своите макети ги изложил и на саемот "Технома 2001".

- На "Технома" сфатив дека Македонците немаат сериозен пристап за макетарството. Тие се уште мислат дека макета на железница е играчка за деца. Во странство, за вљубениците во ова хоби постојат посебни клубови и макетарството е развиено на поголемо ниво - вели Томе.

Макетарот Леов планира да изработи макета на Старата железничка станица во Скопје од пред земјотресот и да ја постави на пригодно место во Новата станица.

Дневник - Андријана Андова - 11.02.2004

макетата од ЖУЦ ... http://vladotasevskiad.schools.edu.mk/Sliki/Skolo%20073.jpg [1][2][3][4][5]

vladotasevskiad.schools.edu.mk/Sliki/slide.swf

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 05-Feb-2009 at 22:33

Владимир ова е другарти  така www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=509&PID=26338#26338

навистина добро ги изработува макетиве, се гледа дека се вградил себе си во нив, туку ме зачуди она што редовно ги расклопува за да состави нови, малку му доаѓа работата како лего ги имаш деловите само си играш со различни комбинации... интересно дали пробал да работи нешто специјални ефекти за филм со макетиве со оглед дека навистина се реалистични! е да се реши некој да направи ваква макета на МКД ќе биде навистина оригинално, односно треба рељефен калап кој би се штанцал натака... 

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 05-Feb-2009 at 23:10
Originally posted by beTon

... туку ме зачуди она што редовно ги расклопува за да состави нови, малку му доаѓа работата како лего ги имаш деловите само си играш со различни комбинации... 

Сигурно не би ги растурал старите кога би имал пари да набави нови делови за новата макета, виде и од текстот, сумата сега е далеку поголема за една макета, а средства се знае - нема.

За разлика од некој кој има и пари и простор Smile





Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 06-Feb-2009 at 14:41

мислам дека доколку се преориентира на комерцијални  мотиви ова со инвестициите нема да му биде проблем, комотно може да ги продава макетите на фирми или институции, кои би ги користеле истите наменски било тоа да е заради маркетинг или нешто друго, или подобро речено склопи една која мислиш дека ќе ги заинтересира, а ако не расклопија и итн.  добро фактор е и складирањето  и одржувањето на макетите, но по секако не е лесно да излезе на крај се подмачкано.    

сега како стојат работите со моделарствово, веќе сите одат (бар запад) од образование до индустрија на 3д принтерите како најбрзо и најлесно склепување статична макета, која после само ја составуваат  и шминкаат,  односно дообработуваат, па затоа е и дискутабилно колку денес од оваа перспектива денешното постојно моделарство ќе се одржи комерцијално.     

инаку навистина она клипот односно другата макета што ја има зачувано [1] сега вака кога ќе подразмислам поубаво во однос со она цената од 2000 евра многу повеќе ми делува напорно за работа. кажи дали знаеш колку го чинела само рељефната макетата без инфраструктурата и композициите?  



Edited by beTon - 06-Feb-2009 at 14:41
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 06-Feb-2009 at 18:32
Vladimir може би ти знаеш оваа локомотивна на кој оригинал е макета!? Ова е дел од една детска играчка набавена од САД пред некои 15-тина години па уште ова е останато и го чувам како украс!










Edited by lslcrew - 06-Feb-2009 at 18:37
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 06-Feb-2009 at 18:35
Рељефот не чини много пари но затоа зема огромно време, сето тоа да се измоделира а потоа најтешкото да се испатинира и ја добие реалноста.
Мада денеска постојат много помошни начини за побрза работа, како статички „садење“ трева



Или со помош на Terra Forma правење на рељеф



И секако, „коњско“ трпение со желба
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 06-Feb-2009 at 18:56
Originally posted by lslcrew

Vladimir може би ти знаеш оваа локомотивна на кој оригинал е макета!? Ова е дел од една детска играчка набавена од САД пред некои 15-тина години па уште ова е останато и го чувам како украс!

Не би знаел, бидејќи тоа е украсна макета, направена да изгледа „убаво“ а не да е копија на некој оргинал т.е. модел во некој однос  1:87; 1:160; ...
Можеш од прва да видиш дека звоното е много поголемо него што треба и е и држачите на котелот кој се предебели исто и одвртачот на котелот.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 06-Feb-2009 at 19:26

па излезе дека не е само украсна, истата е прецизна реплика, а најверојатно е онаа што се користела во ловот на бизоните т.е. во финалното истребување на индијанците.

pro.corbis.com/images/F10393.jpg?size=67&uid=%7B6C36100D-AA44-488A-8D7E-B9C361E82CA9%7D[1]1867

[2]1872 



Edited by beTon - 06-Feb-2009 at 19:32
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 06-Feb-2009 at 20:51
beTon, погледај подобро и ќе видиш страотни разлики кој кај моделите ни случајно не можат да пројдат

Еве како изгледа модел и тоа во однос 1:160 и погледај ги деталите, и уште се функционира и трча по шини.





А да, и една езотерија овие лок модели ги правеше американски АТЛАС т.е најголемиот дел или целосно се произведуваа во Механотехника - екс-ЈУ

И оргиналот Smile




Edited by Vladimir P - 06-Feb-2009 at 20:58
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 06-Feb-2009 at 21:21

па добро фенерот кај онаа на лсл е малку поинаков а и се изоставени и држачите за истиот, а се друго ми е идентично со фотката освен што деталите на плуговите и кај двата модели се различни од оригиналот на фотката, добро патем лсл спомна дека станува збор за играчка, па претпоставувам затоа има и мали отстапувања, а можеби станува збор и за различни серии, на оваа што ти ја посочуваш ѕвоното и е напред а на онаа на лсл исто како и кај сликата ѕвоното е во средина помеѓу куполите за песок и пареја...

како и да е ја лоциравме локомотивата но не еве и линк каде што е опишан моделот идентичен со овој кој посочи ти но од 1881 заразлика од оној што го има лсл кој е од според првата слика од 1867 се разликуваат во неколку работи меѓу кои највпечатлива е местоположбата на ѕвоното www.catskillarchive.com/rrextra/plepa075.Html

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 80>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.