build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железницата низ историјата

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 17>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 27-Jul-2009 at 12:21
Старата железничка станица ја изградила Банската управа

Денешната стара железничка станица во Скопје почнала да се гради во 1937 година. Пред тоа на ова место се наоѓала железничката станица која била изградена уште во 1873 година, кога и бил воведен железничкиот сообраќај во Македонија. За унапредување на железничкиот сообраќај, Банската управа решила да изгради нова железничка станица во Скопје. Камен-темелите биле поставени во 1937 година, а изградбата траела 3 години. Железничката станица била пуштена во работа во 1940 година и била најубава на Балканот во тоа време. Пред изградбата на оваа станица имало само една станица во Градско со подземни премини која по својата убавина се издвојувала од другите, но со новоизградената станица во Скопје ниедна друга не можела да конкурира.
Главниот влез на новоизградената железничка станица бил на улицата Крал Петар, а таа излегувала и на улицата Принц Ѓорѓе. Лево и десно имало станични скверови кон кои биле поставени влезови за становите на службениците. Големиот станичен хол кој бил врска со главниот влез и излез, зафаќал простор од 1.000 метри квадратни. На првиот кат се наоѓал ресторан, а на вториот службени соби и хотел за железничките чиновници. Во крилата на зградата биле сместени канцелариите. На перонот, поплочен со најубави романски плочки, застанувале и продолжувале возовите кон Европа, а тука минувал и прочуениот "Ориент експрес".
Во скопската Железничка станица, за 24 часа влегувале и од неа излегувале 24 возови. Просечно дневно пристигнувале 1.000 патници.
Железничката станица, како главна сообраќајна установа на еден град, станала центар на изградбата на ново Скопје, во кое таа била столб околу кој се движел животот на градот. За потребите на железничарите, во 1920 година била изградена дрвена барака на улицата Водњанска, а подоцна била изградена и Железничката колонија составена од 30 куќи, југозападно од станицата, во Дебар маало.
На 26 јули 1963 година, за време на катастрофалниот земјотрес што го зафати Скопје, беше разурната и железничката станица.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=D5973EA5F13D1E4EAE03C6F4D5AF6651
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 27-Jul-2009 at 18:28
дали знае некој што се има слушено со тие подземни премини?
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 27-Jul-2009 at 19:25
Originally posted by zabegan

дали знае некој што се има слушено со тие подземни премини?

И ден денес стојат, служат ко складишта за музејот на град скопје

Иначе еден излез може да се види и ден денес - секако изменет


фото: pbanks
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 23-Sep-2009 at 18:49
Железничката станица ПРИЛЕП од 600 mm-та пруга, некогаш и сега







Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12022
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 23-Sep-2009 at 19:31
Владимир, дали располагаш со инфо околу точната намена на секој од објектите посебно?
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 23-Sep-2009 at 21:41
1. Железничка станица.
2. Управна зграда.
3. Не сум сигурен, дали била на шефот на станицата или нешто слично (но знам кој човек живеел таму, па од наследниците ќе се дознае)
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 07-Feb-2010 at 17:12
Владимир ако може да ја постираш сликата од железничката станица во Прилеп без оние бројкине одозгора. Јас сум од Прилеп и учам во училиштето одма до железничката и првпат ја гледам сликава.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 10-Feb-2010 at 01:54


Владимир кога е ова одприлика сликано? Што значат ознаките на вагоните?


Edited by lslcrew - 10-Feb-2010 at 02:12
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 10-Feb-2010 at 02:11
СДЖ - Српски Државни Железници. Прет ова е бројот на вагонот

Јасно во кое време е сликата
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 10-Feb-2010 at 02:15
Па затоа и прашав, незнам од кое време е. Претпоставив дека се српски железници, ама не бев сигурен. А ова е во почеток на српско владеење или некаде при крајот. Прво ми падна на памет втора светска војна, ама војниците не ми личеа како бугарски или германски. 
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 10-Feb-2010 at 08:51
Највероватно сликата е од Прва балканска војна од таканареченото „Ослободување на Скопје“ после 26 октомври 1912 година
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 690
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 17-Feb-2010 at 15:00

Арна си беше железницата додека бевме во СФР Југославија, се градеше,  а сега...? ништо.

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 09-Apr-2010 at 13:26
1873 - Од Солун во Велес пристигна првиот воз.
Поради тоа, 9 април е прогласен за Ден на македонските железничари.



ПА ЖЕЛЕЗНИЧАРИ - СРЕЌЕН ВИ - НИ ПРАЗНИК
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 655
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 16-May-2010 at 15:07
Nesfatlivo e toa kolku malku fotografii na makedonskiot del na JZ (kompozicii, lokomotivi i vagoni i sl.)  mozat da se najdat, kako da zeleznicata ne postpoela vo MKD vo vremeto na ex-federacijata!
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 16-May-2010 at 16:52
Originally posted by mon

Nesfatlivo e toa kolku malku fotografii na makedonskiot del na JZ (kompozicii, lokomotivi i vagoni i sl.)  mozat da se najdat, kako da zeleznicata ne postpoela vo MKD vo vremeto na ex-federacijata!

mon, ме удри во наслабата точка !

Потполно истата ситуација е и сега, погледај на форумот и ќе сватиш колку македонија-македонците се грижи да нешто документира, зачува, пропагира.

И друга потврда на таа теза е МАКЕДОНИЈА НЕМА МУЗЕЈ НА ЖЕЛЕЗНИЦА или бар технички музеј.

Ниедна влада до сега не се погрижи да створи технички кадри,кај нас се е во „правото“ и „економијата“.

(Не сме ние Косово па меѓу другото направиме и железнички музеј)
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9032
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 16-May-2010 at 17:07
Па слична е состојбата со другите теми кои ги дискутираме на форумот. Освен 10на монографии во кои се вртат слични слики некаде од почетокот на 70те, многу тешко може да се најдат материјали за изградбата во Скопје. 
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 16-May-2010 at 18:16
pbanks, има само треба време и многи средства.
Еве да не избегаме од темата на нишкава а да ја опфатиме и твојата констатација едеа слика-документ од 1928 година

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9032
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 16-May-2010 at 18:28
Владимир, не викам дека е без ич, но многу многу полесно пронаоѓам материјали за многу други градови (ете од бивша Југославија), особено доколку зборуваме за дигитален формат.

И монографиите кои ги имам за други градови се доста поразновидни со материјали.

ОК, завршувам со офтопик
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 16-May-2010 at 18:36
Еве уште нешто од време на I Светска Војна за Македонија, овакви има многу но треба некој да ги собере т.е. да плати за да се добијат. Јас успеав еден дел да набавам од овакви књиги, фотографии, брошури кој постојат низ свет .... но не се постига


Цигарите не се реклама
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 16-May-2010 at 18:41

ова админов со тешка професионална мана, панкс ич не си офтопик, и јас сметам дека слабо работиме на архивирање и промовирање на железничката историја кај нас, но ние сме тапа на општо историски план а не па ова! во основа материјали има, само во мтв колку снимки и фотки можат да се најдат, но некој треба да седне тоа доброволно да го сработи, во спротивно се додека чекаме државата зад се да стави рака, мислам ќе треба подолго да причекаме! не дека државата не е заинтересирана, туку нема кој да натера, затоа што граѓански воопшто и не сме здружени повеќе од комуникација на нет, да имаше пример невладина па и поединци на крајот на краиштата кои со проекти ќе конкурираат од овој аспект пример до мин. за култура, уверен сум дека државата би финансирала и монографии и документарци и архиви, ако се чека исклучиво на нејзина иницијатива ќе тапкаме и понатака во место, бидејќи нејзината иницијатива треба да ја покрене некој инволвиран во институциите, а тие кутрите неможат да излезат на крај со постојните обврски а не па да си бараат дополнително работа! 

Владимир музеј сигурен сум дека ќе добиеме, но мора некој да притиска, со еден два дописа не ја бива, мој предлог формирај здружение на пензионирани железничари, и затрупувајте ги институциите со барање за простор и средства за активирање на една ваква идеја!

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 17>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.