build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Железници (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железници (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 596061
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 402
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1201 Posted: 03-Feb-2017 at 13:12
http://kurir.mk/makedonija/vesti/foto-shestiot-voz-od-investitsijata-vredna-25-milioni-evra-pristignuva-vo-makedonija-slednata-nedela/ Не баш денес-утре , отприлика за една недела ќе биде стигната дома
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1316
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #1202 Posted: 08-Feb-2017 at 13:37
Ете го бидна и тоа, стаса и последниот комад!

http://kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pristigna-i-posledniot-voz-investitsija-vredna-25-milioni-evra/
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10945
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1203 Posted: 08-Feb-2017 at 14:56






фото: миа.мк

За сè има вторпат
Back to Top
geny View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Mar-2013
Location: Bulgarya
Online Status: Offline
Posts: 290
  Quote geny Quote  Post ReplyReply #1204 Posted: 08-Feb-2017 at 20:44
Честито!!!!
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1205 Posted: 17-Mar-2017 at 19:53
Дали некој од медиумиве ќе искаже за состојбата на Железници по двонеделниот штрајк и прекин на сообраќајот, не сообраќањето на новите гарнитури поради расипани тркала (ронење на челикот), постојаните дефекти на веќе постојните возови, неодржувањето на и така скудниот возен ред?

Еве во 2017 г. кај нас е право чудо еден воз да помине 200 километри без минимум пола саат доцнење и со 1-2 дефекти, а ако стигне на време може и лента ќе се сече. Како беше тоа, најголеми инвестиции во железницата
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3211
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1206 Posted: 17-Mar-2017 at 20:11
Ништо не е чудно. Но наместо реална дебата, на твоите информации ќе добиеш пропаганден одговор. Купени се нови возови, како никогаш повеќе се инвестира во железницата итн. итн.

Реалната состојба на терен може да се види од статистичките податоци за тоа како пропаѓа железничкиот сообраќај. Да потсетиме, највредната компанија во земјава (1 милијарда евра-Транспорт и Инфраструктура). Па потоа ќе слушнеме дека Руските државни железници сакале да влезат на Балканот, па Кинезите дека сакале да градат брзи пруги.

Дека постојната власт е неспособна да управува со систем ми е јасно. Но, дека до толку ненамерно ја уништуваат железницата, во тоа не можам да верувам. Се ми се чини дека се спрема некоја приватизацијата на транспортот по моделот од 90-ти години... обезвреднување на имотот и намерно уништување на финансиската положба на фирмата.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3211
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1207 Posted: 17-Mar-2017 at 20:13
А во однос на НЕКВАЛИТЕТОТ на новите кинески возови, молим лепо, швајцарски Штадлер го исфрлиме од конкуренција затоа што доставила 100.000 евра поскапа понуда. ЕЕЕЕЈ. А можам да набројам барем 20-тина земји од Европа кои имаат гарнитури од овој производител.

Edited by BOJAN - 17-Mar-2017 at 20:13
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3211
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1208 Posted: 25-May-2017 at 23:26
Честитки до Македонски железници за поевтинувањето на меѓународните билети до Белград, Загреб и Љубљана за десетици проценти. Картите се сега поприлично поевтини од автобус за овие релации:

Белград (повратна) 1.709 денари

Загреб (повратна) 3.653 денари

Љубљана (повратна) 4643 денари

Мене многу ме радува оваа понуда за хрватската метропола, до степен што сум убеден дека ќе ја испробам летово .

Не знам само дали со оваа понуда продолжува важи и СитиСтар, т.е. за групни патувања кога секој следен патник на билетот плаќа половина карта
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 234
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1209 Posted: 24-Oct-2017 at 17:13

она Шилегов што го предлага за скопскиот железнички прстен ко ЛРТ, дали шпанците ќе ги стокмат за ова, дали таа траса е електрифицирана може ќе пуштат и нешто половно од Бугарија илити вишок од европа, пример ко што беа набавени хрватските нагибни ко вишок серија

зошто секогаш политичарите односно политичките партии се истрчуваат пред експертите со недоносени ветувања навистина не ми е јасно!?

белким ќе изненадат пријатно ако спотераат некоја лиценца од Кончар та во Колска да извадат нешто домашно, колку да можат утре ефтино да го сервисираат ...

Edited by Zelenikovo - 24-Oct-2017 at 17:17
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3211
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1210 Posted: 24-Oct-2017 at 17:28
Да очекуваме од Македонија да произведува возови во „Колска“ е многу, а не помалку нереално во моментов. Хрватски „Кончар“ произведува возови, но тоа го прави уште од времето на Југославија, на времето по лиценца од други светски произведувачи. Ние можеме да говориме за отворање на странски инвестиции на овој план, т.е. за производство на делови за возови. Фабриката на МЗТ во Скопје ми се чини дека и во моментов произведува кочници за возови. Сепак, едно е производство на делови, а нешто друго е производство на возови.

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 234
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1211 Posted: 24-Oct-2017 at 21:31

во денешно време можеби е многу нуклеарка во Мариво, па пак имавме капацитет за физибилити студија ... нема да боли за ова да се почне дебата за ова меѓу Машински МЖ и Колска со посредство на власта, која на крај би требало само да обезбеди свои но и европски средства за да се инвестира во ваква екскурзија, но на ЕУ и не треба да се надеваме многу освен ако не ги фатиме на сентимент како милостина заради еколошки аршин ...

можна комбинација би било шасија во МЗТ, каросерија во Колска, а само мотор од Кончар ...

има ли некој оквирно абер колку би не ченеле три дупли гарнитури наше ЛРТ во однос на европско или кинеско, дали и колку е скапо сеевисирањето и одржувањето на увозни кочии, и дали домашен државен ноу-хау би можел утре да испорачува ефтино композиции и за останатите поголеми градови ...


Back to Top
sase View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Apr-2015
Location: makedonija
Online Status: Offline
Posts: 233
  Quote sase Quote  Post ReplyReply #1212 Posted: 13-Nov-2017 at 16:23

„Кенеди“ оди на топење: Железница продава локомотиви и возови по цена од 15 денари за килограм!

Македонски железници Транспорт“ дава 11 „кенедиевци“ и возови за најмалку 53.700 евра.

„Македонски железници Транспорт“ продава 7 дизел-локомотиви и 4 моторни дизел-возови на јавно надавање, кое е закажано за идниот петок, официјално потврди државната компанија за железнички транспорт. Почетната цена на аукцијата што ќе се одржи на 7 декември за секоја од локомотивите е 250 евра за тон, односно 15 денари за килограм. Вкупно од сите возови и локомотиви компанијата очекува прилив од 53.700 евра.

На понуда се 7 локомотиви од кои најстарата е 54 години (произведена е 1959 година), а воедно таа е и со највисока почетна цена заради тоа што е најтешка и тежи 30 тони. Уште 3 локомотиви се од 1964 година и нивните почетни цени се: 4.500, 4.600 и 5.500 евра. Во понудата се уште три локомотиви, од кои едната произведена 1967 година е 27 тони и се нуди по стартна цена од 6.800 евра, а другите две од 1971 и 1972 година се со почетна цена од 6.400 и 6.300 евра.

Наспроти локомотивите вредноста на моторните дизел-возови е проценета на 12.100 евра за 4 возови од кои два се стари по 37 години со почетна цена од по 2.800 евра, еден е 1977 година со почетна цена од 2.800 евра и најмладиот од 1979 година поради тоа што е најтежок е со почетна цена од 3.700 евра.

Според достапни, но неофицијални податоци возниот парк на „Македонски железници Транспорт“ е со просечна старост од 30 години. Поради тоа што со години железничкиот транспорт не бил приоритет немало значајни инвестициски вложувања во превозни средства ниту пак во железничката инфраструктура. За да се ублажи тековната состојба Владата предложи, а Собранието усвои Закон за државна гаранција за кредит од 50 милиони евра од Европската банка за обнова и развој за модернизација на возниот парк на железничарската компанија. Владата најави дека најмногу за две години ќе пристигнат нови 6 патнички гарнитури и 150 товарни вагони, а ќе се ремонтираат и 5 до 6 локомотиви. Државата го гарантира кредитот од 50 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Парите ќе се враќаат 15 години со 3,5 години грејс период и каматна стапка од шестмесечен еулибор кој во моментов изнесува 1,44%. Просечната старост на возовите сега е 30 до 40 години. Голем дел од нив не се во возна состојба, во депото на железница има вагони дури од 1908-та.

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3656
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #1213 Posted: 13-Nov-2017 at 16:29
Uste 6 novi vozovi super!
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 234
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1214 Posted: 13-Nov-2017 at 16:31

ова сдсм одлепиле та ќе полнат буџет ис вакви испади, или во МЖ од поодмна им прегореле бушоните .. зар немаме ни два грама памет да стокмиме железнички музеј, хм нека го стават главен кустос Грујо за да дотераме и до регионален, за оваа цена мислам дека греота е да се стопи дел од нашата транспортна историја, само по железничка да ги паркираат во некој детски парк па поубаво ќе сторат него да дрско да ги литросаат ...

во најмала рака нека објават аукција, наместо ваков гилиптерски испад .. чиниш до толку им е стемнето во влада да ни кон своите поблиски предци немаат почит .. мислам време е Владимир да организира протест на оваа тема, а ние од билд да му дадеме безрезервна подршка .. блокирање на колосек по три часа на ден

15 ден кг. Трамп би рекол дебакл свамп резидју ...
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2278
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1215 Posted: 13-Nov-2017 at 20:00
Види логиика. Првин ќе ги продадат старите дизел-локомотиви и дизел-возови за старо железо, а дури по две години ќе добијат 6 нови возови. А што ако не ги добијат?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 402
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1216 Posted: 14-Nov-2017 at 13:41
Што ќе сменат тие 50.000 евра ?? ај да се милиони у прашање држи вода некако , не ми е јасно колку ќе помогнат овие пари , плати на вработени да покријат ...А можеби па и нивното одржување чини многу повеќе од тоа што вредат овие возови или грешам , па едноставно владата решила дека тоа е подобриот начин како да се ослободат од нив.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3211
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1217 Posted: 14-Nov-2017 at 14:13
Објавената вест нема никаков линк. Ми се чини дека е стара неколку години, и тоа пред да се купат шесте нови гарнитури од Кина, заедно со товарните вагони преку кредит од ЕБОР. Оној што ја објавил да ја провери или да вметне линк до медиум.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 411
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1218 Posted: 14-Nov-2017 at 14:19
МКД
Саше спинува. Но звучи како реформски потег
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #1219 Posted: 14-Nov-2017 at 17:19
Малку била стара веста дури 5години.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 596061

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.