build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железници (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 6061626364 69>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1221 Posted: 09-Jun-2018 at 09:17
ИНИЦИЈАТИВА ЗА ВОЗ ОД СКОПЈЕ И БИТОЛА ДО СОЛУН, ПЛАТАМОНА…

Македонски железници Транспорт АД Скопје им предлага на Грчките железници (TRAINOSE ) да се воведат возови на релација Скопје-Солун со можност во летниот период за продолжување до Платамона, како и за железничка врска Битола-Солун преку Лерин.

Тие проекти се претставени при минатонеделната посета што ја оствари менаџерски тим од МЖ Транспорт во Грчките железници, од каде, според директорот на патнички сообраќај во МЖ Транспорт ад Скопје, Сашa Јовановски, рекле дека за такво нешто ќе се разговара во февруари или март следната година кога би се доекипирале со машиновозачи, кои им се дефицитарни.

– Отидов со понуда во Грција да воведеме воз Скопје – Солун, со можност во летниот период да се продолжи до Платамона. Ако прифатат Грчките железници во тој случај би се поврзале со нашите туристички агенции и би понудиле цена по договор, изјави за МИА Јовановски.

Редовната цена за Солун е 1.200 денари со воз, а со автобус 1.600 денари на редовна линија, но со агенции таа стасува до 900 денари. Затоа, посочува Јовановски, замислата е со Грчките железници да најдеме некоја прифатлива цена која ќе биде конкурентна на друмот и да ја понудиме на туристичките агенции. Таму Железничката станица е на излезот од Катерини кон Паралија и Олимпик бич, од каде има редовни автобуски линии со времетраење од 10-ина минути и патниците би можеле да патуваат. Пругата минува и низ Лептокарија, вагонот може да отиде до Неипори. Може да се договориме по примерот на ад хок возовите од поранешна Југославија како што беше возот од Скопје за Сплит. Идејата беше да воведеме некој таков воз или можеби само вагон од Скопје за да се приклучи на возот што е во Грција, вели Јовановски, дополнувајќи дека проектот за зимските месеци го нарекле „На кафе во Солун“.

По информациите од Министерството за транспорт дека пругата Битола – Кременица ќе биде готова до крај на ноември, од МЖ Транспорт предложиле да се пушти локален воз на релација Битола-Лерин. Првично би го користеле грчките државјани кои се почесто од различни причини се во посета на тој дел од државава.

– Грците имаат воз од Лерин до Солун, а ние од Скопје до Битола. Значи, да седнеме и да се договориме да ги поврземе нашите локални возови, на пример ако нашиот воз во Битола стасува во 10:15 часот во 10:30 да тргнуваат за Лерин. Кога ќе стаса во Лерин, после отприлика 15 до 20 минути да тргне нивниот локален воз за Солун и така би имале железничка врска Битола – Солун преку Лерин, појасни Јовановски.

Се прават напори и да се најде решение за опстојување и во зимскиот период на возот на релацијата Солун – Белград кој транзитира низ Македонија и е единствено железничко поврзување со Европа. Во тек на зимата таа линија е нерентабилна и има малку патници поради долгото патување и старите вагони. Според сегашните предлози на Грчката и Српската железница, возот би сообраќал до 30 септември.

Македонската страна би ги актуелизирала повторно предлозите во октомври во Скопје, кога Македонски железници ќе биде домаќин на Регионалната средба за патнички сообраќај на Југоисточна Европа, со која претседавач ќе биде директорот за патнички сообраќај на Грчките железници. – Ќе се обидеме колку што можеме максимално овие проекти да заживеат, но тоа не зависи само од нас, укажува Јовановски.

Зголемени приходи и патници во првиот квартал

Податоците на МЖ Транспорт ад Скопје покажуваат дека во првиот квартал годинава железничкото претпријатие во внатрешниот сообраќај превезло 130.323 патника, а во истиот период лани тој број изнесувал 101.669. За првите три месеци оваа година бесплатно биле превезени 44.076 патници, а само во април тој број изнесувал 16.377. ид јануари до март лани бесплатно биле превезени 30.716 патници, а во април 13.030. Најчести патници на МЖ се студентите и пензионерите, како и вработените во Скопје кои живеат во Велес.

Приходите во патничкиот сообраќај во првото тримесечје од 2017 година изнесувале седум милиони денари, а во истиот квартал годинава 11,5 милиони денари, што е зголемување за 64 проценти. Во април годинава приходите изнесувале пет милиони денари. Заедно со 3,5 милиони денари добиени од Владата за субвенционирано патување на пензиониери секој втор викенд во месецот, на млади до 27 години секој прв и трет викенд во месецот, на студенти секој четврток и средношколци секоја среда,   приходот на патничкиот сообраќај во МЖ Транспорт ад Скопје во април изнесува 8,5 милиони денари.

Загуби од два милиони евра за 3,5 години со бесплатниот превоз за викенд

Во тек на мерката за бесплатни викенди, од воведувањето во јули 2014 годна до крајот на 2017 година , или за 3,5 години, МЖ Транспорт ад Скопје по основ на неостварен приход има изгубено околу 120 милиони денари.

Како што вели Јовановски, тој проблем е надминат со новата Влада со со која за разлика од претходно сега се одвојуваат месечно пари за субвенционирање. – Уште од почетокот на воведување на мерката патник во воз не може да влезе без билет. Оди на благајна, добива билет со нула цена, а софтверот во позадина пресметува колку треба да биде цената на релацијата за патување. Врз база на тие податоци секој месец доставуваме до Министерството за транспорт и врски колку патници патувале и колку тоа приход би се оствариле ако би се наплатило, и по тој основ тие пари ни се субвенционират, месечно во просек по околу 3,5 милиони денари, информира Јовановски.

За повеќе патници обнова на возниот парк и подобри пруги

Од МЖ Транспорт велат дека за да привлечат патници пред се, треба да исполнат неколку услови, првин времето на патување на возот да биде конкурентно на времето на патување на автобусот, а како второ удобоста и точноста на вовозите.

Времето на патување со воз на релацијата Битола – Скопје изнесува 3,5 часа, со брзиот воз на истата релација патувањето трае два часа и 45 минути, колку што трае и од Скопје до Гевгелија. На релацијата Скопје–Велес, пак, се патува 50 минути.

– Времето на патување не зависи од нас, туку од инфраструктурата, односно пругата. Новите возови кои ни се во оптек можат да возат со брзина од 140 километри на час, но пругата тоа не го дозволува. Има делници кои можат 120 километри некаде 100 километри на час, така што времето на патување во догледно време тешко ќе можеме да го намалиме. Удобноста и точноста со новите возови се на повисоко ниво и ги задоволуваат сите европски стандарди, бучноста внатре е многу мала, има климатизација, нови се и не се расипуваат често како старите, појаснува Јовановски.

Од аспект на патничкиот сообраќај, дополнува, проблемите со доцнење во изминатите месеци се минимални од 10-ина минути. Проблемот настанува затоа што имаме и многу стари локомотиви и вагони, пругата ни е едноколосечна секаде и често се случува да се расипе локомотива што влече товарен воз на некој дел, и патничкиот воз чека. Тогаш мора да дојде нова локомотива и да го извлече товарниот воз, што може да трае и повеќе од час.

– Затоа имаме барање до Владата и се надеваме дека ќе имаме разбирање за вложување финансиски средства во репарација на старите локомотиви и набавка на нови. До крајот на годинава треба да пристигнат четири нови електролокомотиви наменети за товарен сообраќај, ситуацијата во товарниот сообраќај ќе се подобри околу сигурноста на локомотивите, така што и патничкиот сообраќај ќе има помалку проблеми, вели Јовановски.

Проблемот делумно би се надминал и доколку МЖ Транспорт добие дел од возниот парк во европските држави што е во исправна и добра состојба, но од технолошки аспект е застарен и веќе не се користи.

Со помош на претседателот на Европската заедница за железници Либор Лохман кој минатиот месец беше во Скопје се остварени контакти со менаџери од железници од европските држави за добивање патнички гарнитури, вагони и локомотиви кои се во одлична состојба, но од технолошка гледна точка кај нив се застарени и не ги употребуваат. Испратиле писмо со барање за средба до железниците во Германија, Италија и Чешка, но уште нема повратен одговор.

Според Јовановски, за да може сегашниот возен ред да функционира по сите европски правила МЖ Транспорт во патничкиот сообраќај треба да располага со 20 патнички гарнитури, а има само шест.

– Имаме барање до Владата да се земе кредит за набавка на нови пет воза, со кои значително би ги подобриле речиси сите релации каде има патнички возови со што сметаме дека условот за удобност и точност би ги зголемиле и би привлекле повеќе патници. Набавените нови шест воза се во функција и покриваат 70 проценти од релациите. Ја покриваат цела битолска пруга со четири пара возови, како и релациите Скопје-Велес, Скопје-Гевгелија и Скопје-Кочани. Скопје – Куманово и Скопје-Кичево не се покриени со нови возови, информира Јовановски.

Од МЖ Транспорт имаат долгорочни планови за овој проект, за што сакаат во Министерството за образование да иницираат да стане задолжителен во програмата за сообраќај. Сега во програмата на основните училишта темата сообраќај е предвидена за мај и самоиницијативно на наставничките имало по едно до три патувања на децата со воз.

– Размислувавме како долгорочно да придобиеме патници. Aко децата на најмала возраст ги научиме, им стекнеме култура и понудиме едукација како е возењето со воз, сметаме дека кога ќе пораснат повеќе ќе ги користат услугите. Сакаме да стапиме во контакт со министерот за образование овој проект да стане задолжителен во програмата за сообраќај, не само во мај, туку и во септември, октомври, април мај и јуни за да имаме повеќе можности, вели Јовановски. Недоволниот возен парк засега е кочница за вклучување во проектот на деца од останатите делови на државата.

Побарувања за товарен транспорт, проблем возниот парк

Недоволниот функционален возен парк го попречува и развојот на товарниот сообраќај.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првиот квартал годинава во однос на истиот кавратл лани, количеството на превезена стока во железничкиот превоз е зголемено за 40,6 проценти, а во однос на последниот квартал од минатата година бележи намалување за 1,4 проценти.

Снежана Омерович, директор за маркетинг и продажба во МЖ Транспорт, вели дека со постојниот возен парк се трудат максимално да одговорат на побарувањата во товарниот превоз каде, посочува, веќе се чувствува раздвижувањето на домашната економија.

– Во товарниот превоз имаме мал број локомотиви, но и покрај лошата состојба на локомотивите и малиот број вагони со кои располагаме се трудиме максимално да го зголемиме товарниот сообраќа. Зголемувањето на товарниот сообраќај во однос на ланската се должи на тоа што македонското стопанство се раздвижи. Почнаа да разменуваат стоки надворешно и внатрешно, се зголеми транзитот, проработе пристаништето во Пиреја, има доста возови за комнитентите, вели за МИА Омерович.

Како што појаснува, преземени се активности за повторно враќање на изгубените коминтенти.

– Поради тоа што изгубија навика да возат со воз се потрудивме да ги привлечем назад коминтентите со нудење нови пакети. Ги посетивме оние кои претходно возеле со нас, но сега малку недостатокот на локомотиви не прави можеби малку поспори во превозот. Од почетокот на годинава имаме неколку нови превози кои го зголемија товарниот сообраќај. Би имале уште поголем товарен сообраќај, но влечните и влечените средства ни се во катастрофална состојба. Ги очекуваме кинеските возови и сметаме дека во тој случај би имале подобар резултат. Странките се заинтересирани за транспорт, наведува Омерович.

МЖ Транспорт моментно има склучено договори за превоз со 15 домашни и 16 странски коминтенти. Нивен повторен соработник е Цементарница УЈСЕ, а како што вели Омерович добро е што почна да работи повторно ФЕНИ од Кавадарци со кои имаат одлична соработка. Очекуваат да почне да работи и Тајмиште. Нивни најголеми коминтенти се и Макстил, Макпетрол, Фершпед, Навико шипинг, Шенкер, Карго Логистик, …

За потребите на коминтентите во употреба 562 од расположивите 1.170 товарни вагони.

– Работиме со постоечките ломотиви кои се многу стари. Настојуваме да ги поправиме колку што можеме, но потребен е ремонт или замена со нови, укажува Омерович.

Од вкупно 30 дизел и електролокомотиви заведени во инвентарскиот парк во возна состојба се само десет, а во функција се пет од расположивите 12 маневарски локомотиви. Во просек дневно се работи со осум до десет локомотиви за сообраќај и пет за маневри. Состојбата треба да ја промени пристигнувањето на набавените четири нови електролокомотиви кои се очекува да пристигнат до крајот на годинава, откако ќе бидат завршени потребните тестирања и доделување сертификати. Набавката на четирите електролокомитиви, кои ги произведува кинеската ЦРРЦ -Џуџоу чини осум милиони евра и дел од кредитната линија обезбедена од ЕБОР во износ од 150 милиони евра со која беа купени и шест патнички воза и 150 товарни вагони.

Izvor: MIA, https://lokalno.mk/initsijativa-za-voz-od-skopje-i-bitola-do-solun-platamona/
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2646
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1222 Posted: 09-Jun-2018 at 10:22
Originally posted by BOJAN

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ВОЗ ОД СКОПЈЕ И БИТОЛА ДО СОЛУН, ПЛАТАМОНА…

– Грците имаат воз од Лерин до Солун, а ние од Скопје до Битола. Значи, да седнеме и да се договориме да ги поврземе нашите локални возови, на пример ако нашиот воз во Битола стасува во 10:15 часот во 10:30 да тргнуваат за Лерин. Кога ќе стаса во Лерин, после отприлика 15 до 20 минути да тргне нивниот локален воз за Солун и така би имале железничка врска Битола – Солун преку Лерин, појасни Јовановски.



Oва би значело дека возот од Лерин за Солун секогаш ќе тргнува во различно време и секогаш ќе доцни.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1223 Posted: 20-Jun-2018 at 08:33
Пред некој ден попладнето патував со воз накај Велес. И се мислам за тоа зошто Македонски железници имаат загуба од 80 милиони евра. Брзиот воз за Приштина оди попладнето со еден вагон и дизел локомотива до Блаце. На враќање наредниот ден, истата локомотива оди да го земе од Блаце возот со еден вагон.

И од ова се прашувам, зошто побогу не искористат еден од новите моторни гарнитури за релацијата Скопје/Блаце/Скопје. На тој начин, сабајле би имале воз кон Приштина, кој ќе оди да ги земе и врати патниците од косовскиот воз, додека попладне истата таа гарнитура би ги земала и враќала патниците од граница. 25 минути возење до граница и назад.

Резултат: Наместо 1 воз, ќе има 2 воза дневно кон Приштина, помалку средства за гориво бидејќи дизел локомотивите трошат екстра многу гориво.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1224 Posted: 29-Jul-2018 at 21:13
Патници чекаа речиси еден час кај Велес да се оладат моторите на возот

Откако му откажаа моторите на возот на Македонски Железници кој од Скопје тргна за Кочани во 16.40, 20-тина патници приле принудени да чекаат еден час да се оладат моторите, па да продолжи патувањето.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15002
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1225 Posted: 03-Oct-2018 at 08:29
Македонија и Србија ќе градат заедничка гранична железничка станица

Македонија и Србија први во регионот постигнаа договор за олеснување на сите постапки за пренос на стока и патници на граничните премини, изјавија македонскиот вицепремиер задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и српската вицепремиерка и министерка за градежништво, инфраструктура и сообраќај Зорана Михајловиќ по денешната средба во Белград на која присуствуваше и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, јави дописникот на МИА.

Најдовме разбирање во рамките на нашата соработка да воспоставиме една царинска испостава на граничниот железнички премин Табановце и таквата станица да ја финасираме заеднички и да побараме средстава од Фондот за инвестиции за Западен Балкан, за што е веќе разговарано. Се договривме таквиот проект да го почнеме што порано и мислиме дека во 2019 година ќе можеме да почнеме со градење, изјави Анѓушев.

Разговарано е и за инфраструктурните проекти што ги поврзуваат двете земји, при што Анѓушев посочи дека изградбата на Коридорот 10 веќе е завршена во делот на железницата, а кон крајот на април ќе биде пуштена и последната делница од Демир Капија до Смоквица.

И Белград е подготвен наместо во 2020 година според плановите на ЕУ, изградбата на заедничкиот премин да започне во текот на идната година, изјави вицепремиерката Михајловиќ и додаде дека и во Србија се довршува изградбата на автопатот преку Грделичка Клисура на Коридорот 10.

До туристичката сезона ќе може да се помине преку Грделичка Клисура. Автопатот донекаде ќе биде изграден и треба да одлучиме дали така ќе го отвориме или ќе почекаме месец-два до есен додека не биде комплетно изграден, изјави Михајловиќ.

Проценетата вредност е околу 4,5 милиони евра, а проектот за изградба ќе биде презентиран денеска во ЕУ инфо центарот во Скопје.

На настанот најавено е обраќање на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

https://inovativnost.mk/2018/10/03/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B8-%D1%81%D1%80%D0%B1%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%9C%D0%B5-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82-%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D1%87/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15002
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1226 Posted: 03-Oct-2018 at 09:43
Попуштил мост на железничката линија Велес – Гевгелија, возовите ќе сообраќаат само до Велес

За сè има вторпат
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1227 Posted: 03-Oct-2018 at 14:09

Многу оптимистички звучи дека може да се оправи за 15-20 дена. Веројатно ќе бидеме железнички отсечени од пристаниште многу подолго, овој пат по наша вина. И транзитниот сообраќај оди во бестрага.

Во ваква ситуација пругата Битола - Кременица може да биде каква-таква алтернатива за товарниот сообраќај, барем неа нека ја завршат на време. Како стоиме во моментов со дизел локомотиви?

Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1228 Posted: 03-Oct-2018 at 17:34
Што мислите за идејата да се даде патничкиот сообраќај под концесија? Може повеќе од еден концесионер да има. Субвенции слично како авионски сообраќај, услов да отвори нови линии, како и да не се откажува од некои што можеби денес се нерентабилни. Ако има потреба да си донесе свои гарнитури. Вака очигледно не иде.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1229 Posted: 03-Oct-2018 at 23:23


Мислам дека таков пристап би бил нешто најдобро што можеме да направиме за патничкиот сообраќај во догледна иднина (можеби без субвенциите, или во најмала мерка да се осетно помалку од тоа што евентуално МЖ-транспорт го добива во ваква или онаква форма од буџетот).

Иако колку што ми е мене познато, приватизациски шеми во патничкиот железнички сообраќај генерално се покажаа многу лошо по јавниот интерес (споредете ја Велика Бритнија каде цените значително порснаа а квалитетот на услугата падна од многу аспекти, со земји како Германија, Франција или Шпанија, каде системот одлично функционира за патниците, DB, SNCF, RENFE прват профит, а државите преку овиее компании имаат непосредна алатка за спроведување на стратегии и политики од областа на транспортот но и други области.)

Но ситуацијата кај нас е поинаква, ние немаме што да расипеме, кај нас веќе е тотална хаварија, па може евентуално само нешто да добиеме. Железницата од многу аспекти е попожелна како форма на транспорт во однос на меѓуградскиот автобуски превоз, а може да биде ите како конкурентна, па и на чисто пазарни основи. Приватни концесионери на сите или на некои линии секако многу пожестоко ќе се борат за дел од патниците кои сега користат меѓуградски автобуси, а таа бројка на патници е знчителна и дефинитивно има простор железницата да привлече доволно патници за возниот ред да биде далеку позбиен и покорисен, што од друга страна би дало дополнителен позитивен фидбек.

Но потребна би била силна политичка волја, затоа што извесно е дека би имало и жесток отпор:

- Дел од автобуските превозници мислам дека не би пружиле само политички отпор, туку и на терен би играле прљаво.

- Кај МЖ-транспорт претпоставувам проблем би бил затоа што тешко дека концесионери би ги апсорбирале сите вработени што на овој начин би станале вишок во таа фирма. А и ретко кој сака да менува работа во државна фирма со работа кај приватен газда...

- Кај самите партии на власт, затоа што нарушувањето на статус-квото краткорочно би им одлеало гласови, а и би требало да се простат од една фирма која претпоставувам одлично апсорбира секаков партиски „кадар“, почнувајќи од хигиеничарки, па до раководни лица.



Но ти добро кажа, вака како до сега очигледно не иде...
Нешто треба да се смени и тоа да не биде само шминка!



Edited by Cloverstack - 03-Oct-2018 at 23:33
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1230 Posted: 04-Oct-2018 at 11:23
Не сум сигурен дека субвенција ќе скрпи нешто од оваа појдовна точка. Мислам дека е потребно сериозна државна интервенција со спремност на огромни загуби на среден рок.

сум пишувал за ова порано. Јас би приоретизирал неколку линии на кои фреквенцијата би требало да биде 1/2-1 час. Тетово, Велес и Куманово ги имам пред се на ум.

За неколку подалечни линии исто би појачал фреквенција.

За да се создаде навика кај луѓето да користат воз, мора да се научат да сметаат во него. Вака како што е денеска не врши никаква работа.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1231 Posted: 04-Oct-2018 at 14:05

концесионер ќе го биде ако свртиме на железнички рикши или желенички пумпарици/лостарици илити уште поубо железнички дресини, шала на страна но убо ќе беше бар и во овој аспект да сме избалансирани бидејќи посреди секогаш е полесно, и во однос споредбава, но и во однос моделите за инвестиции налик ниту концесионер ниту државна железница ами јавно-приватно партнерство PPP модел кој тука само кинезите би имале супер брз интерес да го истераат со лесно ...
но еве да срочам во однос овие претпоставки мое скромно разбирање

1. концесионер дури и денес да влеземе во еу со овие цени на карти за овој стандард исплатливост од транспортен мод ќе има само ако влета како геополитички инвеститор во кој случај саботажи вакви или онакви не ни гинат, бизнисмен пак на вакво нешто самостојно би се нафатил само ако забраниме авто мод, а единствен друг би бил македонски филантрап ко Џорџе Атанасовски со оглед дека не успеавме ко македонец да го освестиме ни Мајк Илиевски а не пак негоите деца или внуци та да фрлат некоја милијарда од 300-те што ги имаат во портфолио

2. јавно-приватно партнерство повторно е возможно со Кина во форта бесплатно им отстапиме траса за брза хајдспидка а старата им ја отстапиме бесплатно за карго транспорт, додека за возврат да ни ја докомплетираат локална ж.инфраструктура на долго и широко и да не појачуваат долгорочно со лрт композиции, во спротивно кој и бизнисмен да дојде само време ќе ни губи, а дека во еу ќе влеземе утре тоа и да е случај пак и по оваа основа поврат на инвестиција со вакви цени тнка работа, вештачки пак дигање стандард ним би им донело повеќе ќар но тоа не значи дека и услугата ќе биде сервисирана во тек, пак ќе си биде муабетот тргни застани а атрактивноста така на овој транс.мод 0+

3. државата пак да биде инвеститор во вакви околности каде атрактивност за воз имаат само извозени тоа е 0-, но доколку желеницата се искомбинира како транспортен мод со ЈСП-ата во однос економски кост-бенефит и еколошки јавен-бенефит во исто време правејќи го цел постоен јавен транспорт бесплатен, посекако атрактивноста ќе замине 70+ и за вработени и за викендаши и за туристи, така и големи средства би доаѓале по линија на маркетинг, но пред се би се инвестирало во однос атраактивност за квалитет на Живот та ако не поинаку вака да се задржат млади да им се даде шанса да се раздвижат без калкулации за чекори и меѓучекори и во однос екологија и во однос економија но и во однос здравје, не само што ќе се исплати државата да инвестира него тогаш ќе посакаат и PPP концесионери да се закачат на ваквата мрежа откако Народ се навлече на железнички и јсп сообраќај ...
е сега ние ниту пола Чоек не можеме да шитнеме а не пак цел, Слава Богу инаку ако останеме без Чоеци ќе нема ни кој да шитка, проблемот е штомоние што до сега шиткаа а сега пак сакаат да шиткаат бидејќи само за шитка знаат немаат мир та бар малку ето ко проевропски настроени да сочекаат на еу фондои, туку и нив индиректно на комшиите ги шитнаа бидејќи заради нив им се брзало, доколку беше обратно и за нас се тревожеа ќе одеа натенане и ги искалкулираа озбилно сите ризици него со копи пасте дилои без никакви премерувања на прва фрлаат реше(тк)нија!

нема да кршам клечки на оваа тема понатака простете за упадов и што нема на долго и ширико да ги доцртувам моиве абери, но ќе речам видете деками земји со големи стандарди немаат есап за ж.транспорт ко приватен, на страна што приватник никогаш нема да инвестира во инфраструктура ни со лесно ни со тешко, проблемот кај нас е што ни од Изворна Музика не знаеме да видиме аир а не пак на изворен транспорт кој достигнал своја класичност ко железница да се израдуваме, којзнае може хиперлуп-санка-тјубови или пак дрон-ховер-автобуси ќе ни легнат во иднина на срце, во вториот случај ниту инфраструктура ќе треба та и футуристички автобусите пак ќе бидат поатрактивна локална меѓуградска алтернатива ...

туку еу споредбите https://www.bcg.com/publications/2017/transportation-travel-tourism-2017-european-railway-performance-index.aspx

аферим бугарите би можеле да јанфатат К8 доколку се спојат Тирана виа Скопје со Ссофија но брзините да се 200км/ч за да исплатливоста вади на пруга постојано здрави ако не нови композиции како би имале сите убава вожња, штомреално натака е тргнато, само што сега нели тро sds подзаглавија озбилно со оваа маршута посреди сета шутка од реше(тк)нија

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1232 Posted: 04-Oct-2018 at 14:16
Не мислам дека некоја компанија ќе изрази интерес за мала држава како нашава и уште помала железница. Со оглед на должината на пругата, а моментално и бројот на патници не е возможно да работи профитабилно таква фирма. Ќе треба цела држава да се вози со воз за да ја вратат инвестицијата во догледно време. Во Германија голем број на приватни железнички фирми работат профитабилно, бидејќи државата редовно инвестира големи суми во развој на железничата инфраструктура, а истовремено е голем пазар. Нема село што не е поврзано, а кај нас сеуште градови и турстички места како Охрид, Ресен, Дојран се неповрзани. Таа фирма ќе биде закочена во развојот (па можеби и би пропаднала) ако на некоја идна влада и текне како на таа до 2017 да инвестира само 15 милиони евра во 11 години власт.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15002
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1233 Posted: 17-Oct-2018 at 08:59
Итна санација на железничкиот мост кај Стоби

Владата на денешната редовна седница ја усвои информацијата за потреба од итна санација на армирано-бетонски мост на пругата Велес – Гевгелија во близина на античкиот локалитет Стоби.

Владата ги задолжи министерствата за финансии и за транспорт и врски да предложат можни решенија за изнаоѓање финансиски средства потребни за санацијата на мостот, а ЈП Македонски железници Инфратруктура да почне итна постапката за реализација на санацијата на носечките столбови на мостот над Црна Река на вливот во Вардар во близина на Стоби.

Еден од столбовите на железничкиот мост помеѓу станицата Градско и крстосницата Кукуречани беше оштетен на почетокот на месецов поради надојдените води на Црна Река, по што целосно беше забранет железничкиот сообраќај на Коридорот 10 на потегот од Велес кон Гевгелија.

https://plusinfo.mk/%D0%B8%D1%82%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B6%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BC%D0%BE%D1%81%D1%82-%D0%BA/
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1234 Posted: 21-Oct-2018 at 16:08
Живко Јанев студира во Москва и на 21 година веќе има пет научни труда за железничкиот сообраќај

- Довербата на луѓето може да се врати само во случај доколку менаџирањето од страна на раководството на „МЖ АД – Транспорт“ ги осознае сите црни точки и проблеми во нивната транспортна мрежа, сервисот за опслужување на патничкиот сообраќај, оптималното изготвување на графичкиот и теоретскиот дел на возен ред и графикон на движење на возовите, воведување меѓународен превоз, подобрување на состојбата на паркот на влечни и влечени возила кои се во сопственост на компанијата „МЖ – Транспорт АД“, своевремено спроведување редовни и контролни поправки, како и капитални ремонти на подвижните влечни и влечени единици кои се во сопственост на веќе именуваната компанија... Железничкиот сообраќај е единствен спас за екологијата на нашата планета при негова правилна експлоатација – вели Јанев.

https://www.fakulteti.mk/news/18-01-08/zhivko_janev_studira_vo_moskva_i_na_21_godina_vekje_ima_pet_nauchni_truda_za_zheleznichkiot_soobrakjaj
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1235 Posted: 07-Nov-2018 at 16:55

Мостот кај Градско е саниран, железничкиот сообраќај пуштен во употреба

Бетонскиот мост на железничката пруга кој се наоѓа меѓу станицата Градско и крстосница Кукуричани, поради кој железничкиот сообраќај на Kоридорот 10 беше во прекин, е комплетно саниран и од вечерва сообраќајот на овој дел ќе биде пуштен во употреба, информираа од МЖ „Инфраструктура“.

„Пред пуштање на мостот за сообраќај, санацијата е извршена во специфични услови при што се извршени специјални прегледи и испитувања со пробно товарење согласно на член 27 од Правилникот за начинот на одржување, начинот на водење на евиденцијаи користењето на податоците од евиденцијата на долниот строј на пругите, се вели во соопштението на претпријатието.

https://meta.mk/mostot-kaj-gradsko-e-saniran-zheleznichkiot-soobrakaj-pushten-vo-upotreba/

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1236 Posted: 15-Dec-2018 at 20:00

Извадок од интервју со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески

По пропаѓањето на мостот на Црна на железничкиот Коридор 10, се отвори прашањето за безбедноста на пругите. Кога последен пат е направена инспекција, особено на мостовите?

-Ве уверувам дека во ниту еден случај не е во прашање доведена безбедноста во железничкиот сообраќај. ЈП Железници - Инфраструктура на дневна основа врши проверка на железничката инфраструктура и онаму каде што е потребно се интервенира. Последниот случај со оптоварувањето на мостот е дополнителен поттик да се фокусираме токму кон модернизација на Железницата и верувајте дека тоа го правиме. За следната година обезбедивме над три милијарди денари за модернизација на железничката инфраструктура.

https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/12/112413/

Back to Top
Blagh View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 41
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #1237 Posted: 22-Dec-2018 at 15:18

Ципрас: Првиот договор со новото име на соседот да биде за брза пруга со Грција и Србија


Белград, 21 декември, 2018 - 16:11 (META) 

Грчкиот премиер Алексис Ципрас од Белград, каде е на официјална посета и средба со српскиот државен врв, твитна дека со претседателот на Србија, Александар Вучиќ разговарале за тространа соработка со Македонија во полињата на транспортот, енергетиката, трговијата, како и за полициска соработка.

Меѓу другото, тој најави и изградба на брза железница меѓу Атина и Будимпешта.

Тој потоа на заедничката прес-конференција со Вучиќ, по втората средба на Грчко-српскиот совет за соработка на високо ниво, порача дека Грција ќе продолжи да биде витален помагач на Балканот.

– Преземаме дипломатски иницијативи за да ги претвориме симпатиите на двата народи (грчкиот и српскиот) во дела. Мора да дадеме позитивна перспектива и да се запрашаме дали политиката на интертност може да создадат перспективи. Напротив, мултидимензионалната надворешна политика може да донесе перспектива. За нас Балканот е економски витален, а Грција е витална за останатите балкански земји. Јас верувам во визијата за интербалканска соработка и се радувам на можност за отклучување на големиот потенцијал на нашиот регион. По ратификацијата на Договорот од Преспа од парламентите на двете земји (Грција и Македонија), ќе продолжиме со тристрана соработка за да ги унапредиме Пиреја, Солун, Белград, како транзитни центри и потоа ќе пристапиме кон пакт за економска соработка меѓу Грција и Србија – рече Ципрас.

Тој посочи дека со Преспанскиот договор, Македонија наместо ѕид, ќе стане  мост меѓу двете земји.

Најави и железничка пруга за големи брзини што ќе ги зближи трите земји.

– Грција е земја што игра најстабилизирачка улога вво регионот. Таа го докажува тоа со Преспанскиот договор по повеќе од 30 години конфликт со нашата соседна земја, нашата,  на Грција и Србија заедничка сосетка и нема да биде претерување да се каже дека имаше една земја што беше како еден сив појас меѓу нас. Сега немаме ѕид меѓу двете земји, туку мост. Преспанскиот договор ќе помогне на Грција и Србија да се приближат повеќе и да ја доразвиваат економската соработка, преку инвестиции и планови што ќе ја засилат меѓусебната поврзаност и ќе овозможат граѓаните и стоките да патуваат побрзо. Нашата цел е првиот меѓународен договор што нашата соседна земја ќе го потпише со новото име да биде меѓу Грција, Србија и Северна Македонија за брза железничка пруга што ќе ги спојува Атина, Солун, Скопје, Белград, а потоа и до Будимпешта, што ќе ги приближи дополнителнно Грција и Србија и ќе има крајно поволни последици за трговијата, туризмот, но и за стабилноста на Балканот – рече Ципрас.

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1238 Posted: 12-Feb-2019 at 21:56
МЖ Транспорт тоне во долгови, а на работа прими нови 120 лица

Зошто загубар како Макеоднски железници транспоерт е атрактивен за вработување? Во декември компанијата имала распишано оглас за 118 нови вработувања на неопределено време, во моментов е активен огласот за вработување на ушет 5 лица. Со новите вработувања, бројот на работници во компанијата ќе порасне на 1000.

Фирмата вработува во услови кога постојано бележи пад на работата и зголемување на загубите. Според последните статистички податоци за тртиот квартал лани, превозот на стока за три месеци се намалил за 16%, а кај патниците за 1,6%.

Независната ревизија во компанијата за 2017 година констсатирала акумулиурани загуби во висина од над 54 милиони евра.  Само во таа 2017 била направена нова загуба од над 8 милиони евра.

МЖ важи за еден д најголемите должници во државата, а ревзизорот имал проблем и во дефинирањето на долговите и обврските по креидти.

Во континуитет МЖ транспорт има проблем и со исплата на платите за вработените заради што често машиновозачите стапуваат во штрајк кој создава дополнителни загуби од по околу 30.000 евра дневно. Неодамна, МЖ транспорт познајми 700.000 евра од ЕЛЕМ и МЕПСО за да исплати плата и да спречи нов штрајк.

Сител од вчера се обидува да стапи во контакт со директорот на МЖ транспорт. Одговорот е дела е на службен пат во Турција.

https://sitel.com.mk/mzh-transport-tone-vo-dolgovi-na-rabota-primi-novi-120-lica
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 550
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #1239 Posted: 22-Feb-2019 at 14:19
fala bogu da im tekne konecno da pregovaraat za voz na relacija Skopje-Nis ...

Skopje-Thessaloniki-Istanbul ?!?

http://meta.mk/na-kafe-vo-solun-nov-proekt-na-makedonskite-i-grchkite-zheleznitsi/



Скопје, 21 февруари, 2019 - 12:03 (META)

Македонски железници – Транспорт е во преговори со грчкото железничко претпријатие TrainOSE за воведување на нови поаѓања од Скопје за Солун, за туристичките центри Лептокарија и Неи Пори, но и за директна врска од Скопје до Истанбул.

Проектот „На кафе во Солун“ ќе овозможи секојдневно железничко поврзување меѓу Скопје и омилената дестинација за шопинг на Македонците. Од МЖ-Транспорт велат дека во летните месеци овој воз би сообраќал до Неи Пори, при што нашата железница би се поврзала со туристичките агенции за превоз на групи до неколку крајбрежни дестинации на северот на Грција.

Од МЖ-Транспорт посочуваат дека се водат разговори за воведување во сообраќај на воз Битола – Лерин по пругата која што беше целосно реконструирана на крајот од минатата година. Локални прекугранични возови се предвидени и со Србија, за што се водат преговори и со тамошните државни железници.

-Локалниот воз Скопје – Табановци, да се поврзе преку возните редови, со локалниот воз Прешево – Ниш. На овој начин патниците би се превезувале со веќе постоечките возови и со тоа не би се правеле дополнителни трошоци – велат за „Мета“ од МЖ-Транспорт.

Доколку успеат преговорите со „Србија Воз“, експресниот воз „Хелас експрес“ кон Белград и кон Солун би сообраќал подолго време, а не само во периодот од 15 јуни до 16 септември.

Од Македонски железници – Транспорт информираат дека се направени првични разговори со турските железници за можно воведување на директен воз Скопје – Солун – Истанбул.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1240 Posted: 22-Feb-2019 at 19:03

Уште да спомнеле дека покрај преговориве, дали веќе можеби знаат и како би ги реализирале испреговараниве линии, бидејќи дури и тој еден единствен експресен воз за Битола не сообраќа, бидејќи најмизерното претпријатие во МК нема капацитет да ги спроведе.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 6061626364 69>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.283 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.