build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Железници (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железници (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 64>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pavche View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 433
  Quote pavche Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 25-Feb-2010 at 09:58
Еве тука една долга статиjа от некоj професор за Либерализацијата на товарниот железнички пазар во ЕУ и во Бугарија. На бугарски е, но мислам има некоj полезни податоци и данни по темава. 
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 25-Feb-2010 at 10:21
Еве уште две новости:

Од први Јануари 2010 година комплетно е ливерализиран интернационалниот пазар на железнички услуги во ЕУ (не знам дали важи за новите членки).

http://www.raileurope.com/about-us/for-journalists/press-release/2009/deregulations-european-rail-north-american-travelers.html
http://www.euractiv.com/en/transport/eu-agrees-liberalise-rail-2010/article-164880


Приватизацијата на ДојчеБан е одложена заради слабите понуди и пазарни околности... ех не можам сега да го најдам линкот... во секој случај продолжуваат обидите да се приватизира дел, но со поспоро темпо.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 25-Feb-2010 at 10:34
Originally posted by krale

pbanks... пак ти со железници што се во сопственост на државите. Кој тоа го спори?


Па ти, бидејќи ме нападна дека моделот на државни железници бил отфрлен пред децении а јас не сум бил информиран.


Тоа што не се разбираме цело време е дека железничкиот пазар е либарлизиран. Не со закон на секоја држава посебно туку со правилниците на Комисијата на ЕУ. Што значи не постои држава во која не е либерализиран пазарот или не се движи во таква насока.


Зарем не го напишав и јас ова? Јас се побунив против нудењето на "инстант решенија", особено што веќе сме ги виделе на дело во други сегменти на нашето живеење. Либерализација, ДА, но после создавање на предуслови за истата.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 25-Feb-2010 at 13:21
Се мисли на концепт исклучиво државни железници е отфрлен.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 08-Mar-2010 at 18:46
Знае некој нешто повеќе за фирмава? Пред се со каков возен парк стартуваат и чив е капиталот?

Железница го изгуби монополот

Се либерализира железничкиот сообраќај во Македонија. Железница го изгуби монополот. Делта Реил Карго е новата транспортна компанија што ќе оперира по македонските пруги. Со 100 % домашен капитал, новите сопственици најавуваат конкуренција во транспортот. На почеток само превоз на стока, потоа планираат и превоз на патници. 

Иван Илиевски- косопственик на Делта Реил Карго вели: Засега почнуваме само во транспортниот сообраќај, но не запираме. Тука ја гледаме конкуренцијата, се надеваме дека ќе понудиме пониски цени и ќе конкуриреме не само на железница туку и на камионскиот сообраќај. 

Инвестицијата е околу 500 илјади евра, очекуваат да почнат со работа од идниот месец. Најавуваат дека на почетокот ќе работат само за потребите за клиентите па потоа да закупат и траси со редовни линии. 

Иван Илевски-косопственик на Делта Реил Карго тврди дека пругите се мали и без капацитет да прими повеќе приватни компании. Колку повеќе приватни возови толку помалку профит, вели Илиевски. 

Во меѓувреме се формира и Агенција за регулирање на железничкиот сообраќај. Таа во иднина ќе ги контролира сите транспортни компании кои со приватни возови ќе возат по македонските пруги. 


Кире Коцевски
08.03.2010, 17:47

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=58362
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 08-Mar-2010 at 21:40
Originally posted by Cloverstack

... Инвестицијата е околу 500 илјади евра, очекуваат да почнат со работа од идниот месец. ...

Многу чудна сума за локомотива и некој вагон !!!???
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1163
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 08-Mar-2010 at 21:49
Која е таа инвестиција за железница од 500 илјади евра. Тоа е капка во море, знаете што значи железница тоа е инфраструктура на државата. Незнам дали железницата ќе се приватизируе затоа што таа се уште е државна. Ова ми личи пушти рибче фати крапче. Некој да приватизира железница за 500 илјади евра незнам коа е логиката дали после ќе се продава на парчиња или делови а секое парче да кошта по неколку милиони евра а купци да бидат странски инвеститори оваа фирма што горе е напишана засега ми личи на некаков посредник како што беше Моше Баун во СВЕД МИЛК. Незнам но стварно не ми е многу јасно.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 08-Mar-2010 at 22:14
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 09-Mar-2010 at 00:11
Originally posted by Dragan

Која е таа инвестиција за железница од 500 илјади евра. Тоа е капка во море, знаете што значи железница тоа е инфраструктура на државата. Незнам дали железницата ќе се приватизируе затоа што таа се уште е државна. Ова ми личи пушти рибче фати крапче. Некој да приватизира железница за 500 илјади евра незнам коа е логиката дали после ќе се продава на парчиња или делови а секое парче да кошта по неколку милиони евра а купци да бидат странски инвеститори оваа фирма што горе е напишана засега ми личи на некаков посредник како што беше Моше Баун во СВЕД МИЛК. Незнам но стварно не ми е многу јасно.

Ти ова озбилно?

Не се работи за никаква приватизација на МЖ-транспорт за 500000 евра. Толку ли е проблем да се свати дека нема веќе МЖ-Т да биде единствениот репрезент на она што се вика железнички транспорт во Македонија. Ова е втор оператор, а споменатата сума е почетен капитал со кој стартува компанијата. Ни мене не ми е јасна до крај сумата, ама мсилам дека за почеток би биле насочени кон рентање локомотиви и вагони дали од МЖ-Т или од странство одколку директно да влезат со сопствен возен парк. А сигурен сум дека во моделот на либерализација е вклучена можноста да има влечни оператори и оператори со приклучни елементи како вагони за патници, за стока, цистерни и слично. Ако стварно се работи за либерализација во вистинска смисла на поимот логично би било да има и вакви можности што само дополнително придонесуваат и помали компании да можат рамноправно да учествуваат макар и со еден изнајмен вагон, да речеме некое средно претпријатие што има некој извоз и проценил дека железнички највеќе му се исплати да врши превоз.

Пре некој ден споменав дека сакам да се обидам да презентирам поопширно како ја замислувам целосно либерализацијава, но ете на ваква можност тогаш не ни се сетив дека тоа што е локомотива и тоа што е вагон може да бидат различни фирми. Ете го надградив спектарот на идеи што ги поддржувам и застапувам. Така да незнам како би презентирал нешто дополнително што досега го немам кажано, освен ако не ми налета вака некоја финта плус преку некој текст.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 09-Mar-2010 at 04:37

а смеат или можат ли да рентаат композиции од надвор приватниците, кои би ги превземала наша локомотива на граница, претпоставувам либерализација значи целосно слободен пазар или!?!

ме интересира исто како ова сега би се одразило на меѓународниот сообраќај и обврската да се пријават една година однапред турите! дали приватниците можат да тераат и по меѓународни линии со свои композиции!?!

исто колку е минимум почетен капитал потребен како гаранција за да се отвори ваква фирма! дали и колку е некој обрваз на почитување на транспортниот ред и какви пенали би плаќал доколку го наруши истиот!? уште побитно кој и како ќе ја контролира амортизацијата на композициите!?! 

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 09-Mar-2010 at 12:09
Originally posted by Max

а смеат или можат ли да рентаат композиции од надвор приватниците, кои би ги превземала наша локомотива на граница, претпоставувам либерализација значи целосно слободен пазар или!?!

Да, можат да се изнајмуват вагони од други превозници (домашни или страни) но по стандарди како UIC - International Union of Railways, домашните правила, ревизии, ....

Originally posted by Max

... ме интересира исто како ова сега би се одразило на меѓународниот сообраќај и обврската да се пријават една година однапред турите! дали приватниците можат да тераат и по меѓународни линии со свои композиции!?!

Обврската за пријавување е за патничкиот сообраќај за негово уведување во тајмингот.
Додека за товарниот не е потребно годишно пријавување, него негово најавување и се додека се држат до приавениот распоред нема проблем во домашен и меѓународен сообраќај.

Originally posted by Max

... исто колку е минимум почетен капитал потребен како гаранција за да се отвори ваква фирма! дали и колку е некој обрваз на почитување на транспортниот ред и какви пенали би плаќал доколку го наруши истиот!? уште побитно кој и како ќе ја контролира амортизацијата на композициите!?!

Во правилникот на Агенцијата за развој на железницата не најдов некој оваков член за почетен капитал !
Секое каснење се плаќаат пенали.
А што се однесува за задолжителната ревизијата на вагоните може да се врши било каде во овластени за тоа предпријатија.

П.С. Страни локомотиви неможат да се изнајмат за транспорт на домашни пруги доколку не се регистрираат како домицилни. Освен како мегудржавен договор (случај со Германија и Франција и нивните ICE i TGV патнички возови)

Edited by Vladimir P - 09-Mar-2010 at 12:14
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 09-Mar-2010 at 12:34
А зашто воопшто би требало почетен капитал. Па не се отвара менувачница или кладилница каде што парите се ресурс и продукт, овдека се работи за фирма се работи за превоз. Не гледам причина да има зацртано почетен капитал.

А во законот има ли можност за вонреден превоз чартери. Да речеме на пример некој студентски сојуз се реши да склопи апсолвентска екскурзија со воз. Има ли шанси за по некој "натрапник" во возниот ред?

За регистрација и технички преглед ваљда нешто слично ќе иде како патнички возила, нешто технички прегледи машински факултет и слични комбинации. А за регистрацијата на локомотиви очигледно ниту ЕУ го нема докрај решено ова прашање па сега се импровизира со меќусебни договори. А треба што побрзо да се реши што особено ќе биде битно за нас како мали држави да не мора да ги балканизираме и овие бизнис протоци туку да имаме некој готов производ по којшто ќе може да се усогласува меѓу себе, а воедно и со останата Европа.

Edited by lslcrew - 09-Mar-2010 at 12:36
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 09-Mar-2010 at 13:53
Originally posted by lslcrew

А зашто воопшто би требало почетен капитал. Па не се отвара менувачница или кладилница каде што парите се ресурс и продукт, овдека се работи за фирма се работи за превоз. Не гледам причина да има зацртано почетен капитал.

Почетен капитал во смисла за набавка - изнајмување на вагони, или евентуално локомотиви (иначе негде по постовите може да видите колку кошта обнова на стар вагон - локомотива).
Верификација на овија средства секако е потребна ако се работи за домашен возен парк.
Друга ставка ако предходните се задоволени секако е изнајмување - излагање на инфрастуктурата, за која треба да се плати.

Originally posted by lslcrew

А во законот има ли можност за вонреден превоз чартери. Да речеме на пример некој студентски сојуз се реши да склопи апсолвентска екскурзија со воз. Има ли шанси за по некој "натрапник" во возниот ред?

Има можност ако се усогласи-влезе со постојниот возен ред и секако за тоа плати. (Србија тоа веќе одавна го практикува со нејзините два воза Романтика и Плави воз, кој можат да се изнајмат, за жал ние такви езотерични возови немаме кој носат пари)

Originally posted by lslcrew

За регистрација и технички преглед ваљда нешто слично ќе иде како патнички возила, нешто технички прегледи машински факултет и слични комбинации. А за регистрацијата на локомотиви очигледно ниту ЕУ го нема докрај решено ова прашање па сега се импровизира со меќусебни договори. А треба што побрзо да се реши што особено ќе биде битно за нас како мали држави да не мора да ги балканизираме и овие бизнис протоци туку да имаме некој готов производ по којшто ќе може да се усогласува меѓу себе, а воедно и со останата Европа.

Сепак не е ова автомобил за Машински факултет го одобри, Тој преглед и нарочно ревизија може да го направи МЗ-Транспорт со својот одел и фабриката за шински возила „Велес“ (Колска - Велес) кај нас или во такви претпријатија надвор.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 09-Mar-2010 at 14:22
Главна дејност на фирмата не е обрт на средства од кои ќе зема провизија и да ствара профит на овој начин. Не е кредитно биро, не е штедилница, кладилница, лото, менувачница, заложувачница, банка, казино и слично. Незнам за каква верификација мислиш, ама во однос на некаква банкарска гаранција се сложувам комплетно дека е потребна чисто превентивно да не се нарушува ликвидноста на кооперантите во случај на стечај, доцнење со исплата или слично. Јас повеќе би применил модел на долна и горна граница каде што долна граница на средства е онаа гаранција во банка што не смее да се премине и е фиксна, а горна граница да не смее да се премина повеќе од три месеци или сличен период. Односно тој бафер да служи како динамично салдо за принудно раздолжување кон кооперанти (додека фирмата се наоѓа во овој режим значи дека е со нарушена ливидност и се става под ревизија на државен орган во овој случај агенцијата додека не се врати над горна граница), а не како стечајна маса или сличен тип на мртов капитал. Можеби зборуваме за иста работа само што ја некои ја викаат почетен капитал, а всушност мислат на банкарски гаранции па не се разбираме поради погрешната терминологија. Но сепак преминуваме во финансиски прашања кои немаат некоја суштинска битност во дискусијава.

За втората ставка секако дека треба да се плати инраструктурата, не го заборавам тоа, многу нормално.

За овие чартер турите, мислев на тура за организиран превоз на патници, школски факултетски екскурзии и слично, не за вакви спектакуларни завозувања. НЕмора да биде тоа некој репрезентативен церемонијален воз, него нека биде и обичен, ако има некој потреба да си го изнајми.

А за регистрација и технички преглед на локомотиви мислам дека суштински не се разбираме во целава дискусија околу моделот на либерализација. Неможе еден превозен субјект на пазарот да држи монополска позиција и да треба да се контролира себе и притоа другите кои му се конкуренција. Таков модел уште на хартија е осуден на пропаст. Слична грешка што се прави со МТВ и приватните тв-а. Неможе регулативата да си остане дел од една компанија на слободниот пазар. Владимир фала што го начнавме прашањево, еве денеска уште за една гранка на либерализацијата на железницата ги проширив идеите. Затоа регистрација, хомологација и технички прегледи нема да ја врши ни еден од превозниците туку ќе иде на посебни фирми или институции кои имаат стандарди да обават вакви контроли, а притоа ќе си бидат одвоени од превозниците. Уште еден домен каде фирми можат да најдат интерес. Во однос на сервисирањето, ова е па уште една гранка од либерализацијата. Колска ќе си биде сега посебен субјект на пазарот кој ќе нуди сервис на сите превозници што имаат потреба од таква услуга. Нормално ако сака некој може да направи и втор ваков сервис, пазарот треба да го нуди како можност.

Еве да речеме друг столб би можеле да бидат ланци на ресторани, кои би изразиле желба да си купат по еден вагон ресторан и да си го прикачуваат на линиите каде што сметаат дека ќе направат профит. Има милијарда домени каде милијарда фирми може да си го најдат интересот. Ако сака некој нека стави и џакузи вагон, ако мисли дека ќе има профит, пазарот мора тоа да го нуди. Секој што сака нека прикачи, притоа за тоа соодветно си плаќа на фирмата локомотива, она пак на фирмата инфраструктура и така со ред се врти парата.

Она што агенцијата треба да го прави е да пази да нема окрупнување на фирми и случаеви каде што една фирма навлегува во два домени од железница, особено кај спроводниците на регулативата односно техничките прегледи. Меѓусебни договори да пожелни се нормално, но конкантенации не. Пак примерот со медиумите, каде што концентрација на медиуми на запад се третира, а кај и да е и кај нас, како недозволена состојба.

Мислам дека суштествено е да се разбере што по дефиниција значи поимот либерализација и како тоа треба да изгледа, после тоа идеите сами се редат, па може да се увиди и некој добар простор за бизнис како ова со рестораните или кафуле.


Edited by lslcrew - 09-Mar-2010 at 14:46
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 09-Mar-2010 at 14:49
Се сложувам скоро во целост, со мали назнаки;

Чартер тура можеш и ќе можеш да изнајмиш, но тоа не се случило и нема да се случи зашто е прескапо за нас, па затоа се иде на езо-тури каде има голем број страни поклоници - возолубители
(Владе Дивац плати 60.000 ЕУР за еднодневна тура по Србија со возот Романтика)

За некој нов да отвори фабрика за шински возила со сите атесте за овие простори е потполна финансиска лудост кога и постојните „пропагаат“.

Во контекст на делот на нешто ново имав одавна дадено до Министерставата еден проект (јас за ова пари немам)

СИМПЛОН МАКЕДОНИЈА

Во првичните замисли станува збор за реконструкција и ресторација на една парна локомитива и композиција од соодветни патнички вагони кои ќе бидат прилагодени за посебни историски патувања во минотото на Македонија, земајќи ги предвид близината на многуте ископини покрај самата железничка линија како Скупи, Стоби, Хераклеја, Вардарски рид ...
Во возот е планирана постојана историска постановка за железниците во Македонија, како и културното наследство во Македонија. Во посебни прилики за странски гости или пак училишни образовни програми во салонот на еден од вагоните ќе се зборува и презентира историски содржини и културното наследство на Македонија.

Исходот за жал е познат

Edited by Vladimir P - 09-Mar-2010 at 14:52
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 09-Mar-2010 at 15:03
Лани имаше една успешна приказна со вагонот за Кочо Рацин. Сега колку можеме да се расфрламе со вакви епитети е малку претерано, ама се одлепивме со еден вагон барем. Сега можоста за вакви идеи како твоите е инсталирана во системот, треба да се најде некој релизатор, а поготово за вакви езо-патувања треба да има нешто повисока субвенција од владата (освен од транспорт што е редовна субвенција за патнички сообраќај, дополнително од култура за промоција на културата за ваквата содржина на композицијата, нормално со предходно приложена и одобрена програмска содржина од министерство).

А во однос на првата работа посебно овој дел.
За некој нов да отвори фабрика за шински возила со сите атесте за овие простори е потполна финансиска лудост кога и постојните „пропагаат“.
Многу суптилно некако го кажа. Токму затоа се менува системот. Сега колку што можам да заклучам се заложуваш државата да ја бејбиситува ваквата фирма и она да генерира загуби по повеќе основи и да биде бубреже во монополски лој, само за да можеме да кажеме дека ете имаме фирма што го работи тоа и да најдеме некоја лажна лична сатисфакција, а економската и правната логика е дијаметрално од она што може да се нарече сатисфакција. Затоа треба да се вовоеде дополнително систем да може ваквата фирма или да биде дел од ланец на корпорации што вршат вакви услуги, или да биде трансформирана во акционерско друштво кое за среќа ќе има неколку години фазла да застане на нозе пред да му дојде конкуренцијата, па здравје да фати и некој тендер од страна. Како што ние праќавме локомотиви во Кончар, така да може друг да прати во Колска и така фирмата да си го најде своето место во регионалниот пазар, а не да чека владата да и фрли коска со три вагона годишно. Некако ме асоцира како пациент болен од срце да го жалиме што ќе треба да биде пресечен со скалпер, а притоа се санира многу поголем проблем.


Edited by lslcrew - 09-Mar-2010 at 15:06
Back to Top
Korsis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 09-Feb-2010
Location: Бугарија
Online Status: Offline
Posts: 102
  Quote Korsis Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 09-Mar-2010 at 15:18
Originally posted by krale

Фактот дека линијата кон Софија е нерентабилна е дека не е изградена - односно соодносот инвестција-поврат на инвестиција, е многу слаб. Инаку да имаше профитабилност ќе се најдеа компании што одма ќе ја направеа. Друго е стратешкиот интерес, за кој се сложувам, линијата е многу важна.

Што се однесува до констатацијата дека товарниот сообраќај е профитабилниот дел - мислам не треба коментар. Се гледа колку е профитабилен вака ако се продолжи да се потпира железницата само на тоа.

Линиите околу Скопје, и особено линијата Приштина-Солун може да биде многу попрофитабилна бидејќи односот инвестција-поврат е многу подобар, а исто така протокот на луѓе на оваа релација е многу поголем (барем засега).


Податоци за трговската размена на Република Македония. Врската кон Бугариjа е исто така и врска кон Русиjа, Турциjа, Романиjа.


Земји со најголем обем на размена со Република Македонија, јануари-декември 2009

Земја / Обем во 000 САД $

ВКУПНО 7 734 643

Германија 967 879
Србија 734 646
Грција 729 181
Италија 579 685
Русија 517 553
Бугарија 459 588
Косово 324 200
Кина 292 653
Турција 291 510
Хрватска 271 061
Словенија 225 147
Свајцарија 140 533
Босна и Херцеговина 133 174
Холандија 131 957
Романија 127 813
САД 120 220
Австрија 119 382
Албанија 108 048
Велика Британија 105 402
Франција 104 007


Извор: Република Македониjа, Државен завод за статистика, 08.02.2010, година XLVIII, No: 7.1.10.02, стр. 4.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 09-Mar-2010 at 15:18
Во никој случај на јасли на државата, но дека нова да се отвори како што реков е лудост.
Врочем ќе останат оние како Кончар кој го сватиле новото време и на време исцицале од државата и се приватизирале, но да се разбереме МК е премала за да и овие опстануват а за од надвор да се добие работа без современа технологија и техника - читај инвестиција НЕМОЖНО
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 09-Mar-2010 at 16:14
Па затоа постојат кредити. Ако се сериозна компанија ќе земат кредит за нова опрема, обуки. Ќе си ја реформираат и работната сила, вишак вработени, млади инженери и слично. Ако сакаат како инјекција може да биде и влез на странски капитал во одреден процент. Тоа што Кончар заловиле нешто во матно е сосема друга работа. Барем тоа е најнепосакуваниот начин да се дојде до капитал во нормални држави, за разлика од нас кај што е еден од поценетите начини за доаѓање до капитал како последица на лошо искуство. Затоа што ова е еден од позастапените начини кај нас, затоа и многу луѓе сметаат дека тој е единствениот начин, па одтаму тезата дека времето е пројдено и сега неможе ништо да се направи. Тоа што еден будала ќе расипе, сто паметни сто години неможат да го опраат, затоа и такво мислење владее. На народов му е нанесено сраотно лошо искуство и сега има проблем да го свати новото време, а воедно од што се плаши потсвесно го почитува ваквиот начин на доаќање до капитал. Модуси во денешно време има милион. А тоа што Македонија е мала не е воопшто битно ако фирмата е сериозна и има намера да цели кон регионален пазар. Всушност и тоа е ЕУ, регионализација наспроти држави, односно државни пазари. Е сега ако менаџерите на компанијава ги лаже паметот да мислат заглавени во стариот систем и сакаат да си се учипат на државата како доенче, тогаш ништо не прават, а ако се сериозни и имаат намера да водат сериозна компанија ќе размислат добро. Затоа никогаш не е доцна за нова компанија. А конкретно Колска нема да остане така баталена, пазарот ќе го направи своето. Ако не се реформираат ќе пропаднат и на крај објектот и опремата ќе ги купи некој друг што има намера да води ваква сервисна компанија, така да празен нема да остане, прашање е само колку време ќе паузира со работа.

Edited by lslcrew - 09-Mar-2010 at 16:15
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 09-Mar-2010 at 16:21

малку и ја ќе се вмешам со оглед дека и ја почнав, па ред е и да посочам од каде моите недоумици!

значи со основачкиот влог го подразбирам како бонитет на компанијата која влегува на пзарот, а со цел осигурување од разноразни шпекуланти, осигурување од банкрот врз основа на кој влог потоа државата би си ги наплатила своите побарувања итн. истото е и со авио компаниите, неможе кому се му се сонило со никаков капитал да влета на пазар под изговор дека ќе изнајми авион итн.

друга работа која се наметнува дали и колку ќе има агенција која ќе издава атестирани лиценци, како што е случај со сите видови на транспорт каде има овластено државно тело кое врши ревизија на сите процедури вклучително и сервисите, пример кај нас во авио сообраќајот што е АЦВ (Агенцијата за цивилно воздухопловство) која заради неадекватен сервис на матовиот боинг во белград им го приземји авионот и лани а потоа заради немамирени обврски кон државата мат е со скршени крила та се очекува стечај месецов

друго споредбата за некаков монопол на пазарот не е соодветна што ја направи лсл, споредбата во случајов ти е демек ако концесионер на пат(пруга) има своја транспортна компанија(композиција) дека тој не смее да излезе и да вози по својот пат(својата пруга), мислам доволно е воочливо дека споредби со медиумскиот простор не се потребни а особено што мтв ги перцепираш како совет за радиодифузија, не СРД е исто што и АЦВ во воздухопловството, или утре друго државно регулаторно тело т.е. агенција задолжена за спроведување на одредбите во железничкиот сообраќај... претпоставувам за ова кај железницата ќе биде одговорна http://www.arpz.mk/ но допрва ќе треба да се види што, кој, каде и како ќе може како приватник по нашите пруги!

а за приватниците велите кој им е ќарот, па само во товарниот транспорт колку ќе имаат можност да бркаат евтини понуди, сетне и патничкиот ветува, но мора прво да се среди инфраструктурата, во тој случај верувам дека ќе се распали квалитетно по пругите т.е. современи композиции, а со што и ќе омасови употребата на железницата, само К8 да ја среди поскоро власта па ќе рипне нагло патничкиот транспорт во железницата! 

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 64>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.344 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.